арт хаб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/art-hab/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 08:44:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png арт хаб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/art-hab/ 32 32 Вечерва се отвора првата самостојна изложба на Гордана Јаневска во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-se-otvora-prvata-samostojna-izlozhba-na-gordana-janevska-vo-umetnichkiot-tsentar-art-hab/ Wed, 05 Jun 2024 08:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=784857

Уметничкиот Центар АРТ ХАБ вечерва ја отвора самостојната изложба на слики насловена „Допир“ од Гордана Јаневска. Изложбата ќе се отвори на 05.06.2024 год. (среда) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306 , со почеток во 20 часот.

Ова е прва самостојна изложба на Јаневска во Македонија, но во нејзината биографија се забележани нејзините претставувања во Истанбул, Бодрум, Белград, Лондон, Форли.

На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 слики изработени во техниката акрил на платно. Во кратката рецензија за сликарството на Јаневска кураторката Маја Крстевска ќе напише:

Откривање на говорот на топлата лирика и емпатија во сликарскиот изблик на Гордана Јаневска и јасноста на тоналитетот е карактеристика која возбудува и ескалира во жарот на потезите.Таа преку своите творби повеќето на темна основа со фигуративен приказ на портретот,фигурата на коњот или пак мртвата природа ни дава впечаток на рефлекс на фаќање на сенката и преклопување на фигурата од двете страни во едно.Во полна снага е чувството на фаталност во прикажаните сензации,каде Јаневска се ангажира живо и во суштината на видливото. Помеѓу светлото и темното,делото се конфронтира и станува сцена на која може да се дефинира публиката како актер што е и поентата на човековиот квалитет.Јаневска ги спојува на своите платна средиштето со логичен след и директно влегува во светлото и темното, свесно ги отелотворува во освојување на прикажаниот препознатлив мотив.

Изложбата ќе трае до 18.06.2024 година.

The post Вечерва се отвора првата самостојна изложба на Гордана Јаневска во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ appeared first on Република.

]]>

Уметничкиот Центар АРТ ХАБ вечерва ја отвора самостојната изложба на слики насловена „Допир“ од Гордана Јаневска. Изложбата ќе се отвори на 05.06.2024 год. (среда) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306 , со почеток во 20 часот. Ова е прва самостојна изложба на Јаневска во Македонија, но во нејзината биографија се забележани нејзините претставувања во Истанбул, Бодрум, Белград, Лондон, Форли. На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 слики изработени во техниката акрил на платно. Во кратката рецензија за сликарството на Јаневска кураторката Маја Крстевска ќе напише: