Арсовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arsovska/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 10:12:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Арсовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arsovska/ 32 32 Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kirkov-nesposobnata-arsovska-beshe-na-prag-da-predizvika-epidemija-od-ptichji-grip/ Sun, 20 Oct 2024 10:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=829054

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип. Данела Арсовска заедно со коалицијата СДС, ДУИ и Левица со кои ги тера сите матни зделки се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град. Арсовска, поддржана од СДС, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено требаше да направи е само да назначи професионалец, изјави Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје.

https://www.youtube.com/watch?v=Wn6A3ParI80&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип appeared first on Република.

]]>

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип. Данела Арсовска заедно со коалицијата СДС, ДУИ и Левица со кои ги тера сите матни зделки се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град. Арсовска, поддржана од СДС, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено требаше да направи е само да назначи професионалец, изјави Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=Wn6A3ParI80&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ги замолувам советниците на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите, но ништо нема да се смени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-gi-zamoluvam-sovetnitsite-na-slednata-sednitsa-na-sovetot-na-grad-skopje-da-gi-izglasaat-programite-no-nishto-nema-da-se-smeni/ Thu, 22 Aug 2024 13:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=809131

Па видете, за Арсовска мислам дека премногу периодов се кажа сé, би кажал дека е единица мерка на личност која што создава непријатели наместо да создава пријатели и тоа не е добро, мислам доколку и значи мојот совет“, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на Арсовска дека Советот не ги гласа програмите.

Премиерот Мицкоски рече дека Арсовска обвинува дека состојбите во градот се катастрофални затоа што не се гласале програмите, и ги повика на следната седница на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат, иако како што рече и покрај тоа лошата состојба повторно нема да се промени.

Ги слушнав тие пораки, не се гласале програмите, па не знам кочеле овие, кочеле тие. Еве јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замолам советниците коишто доаѓаат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш на следната седница да ги изгласаат тие програми, истакна Мицкоски.

Ако е до програмите, но не е до програмите. Еве ќе видите веднаш, мислам дека добив информација дека на 29-ти има седница, еве ќе ги замолам советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата тие програми кои што таа вели дека не и се гласаат да и ги изгласаме и еве ќе видите дека ништо нема да се смени. Еве да знаете дека буквално ништо нема да се смени, додава тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не кочи и дека ќе ги изгласаат програмите.

Тоа што е до нас ќе го направиме и еве да не биде и тоа повторно причина да речат ете ВМРО-ДМПНЕ кочи. Не кочиме, еве ќе ги изгласаме тие програми, ќе ги замолам да ги изгласаат, истакна премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Ги замолувам советниците на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите, но ништо нема да се смени appeared first on Република.

]]>

Па видете, за Арсовска мислам дека премногу периодов се кажа сé, би кажал дека е единица мерка на личност која што создава непријатели наместо да создава пријатели и тоа не е добро, мислам доколку и значи мојот совет“, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на Арсовска дека Советот не ги гласа програмите.
Премиерот Мицкоски рече дека Арсовска обвинува дека состојбите во градот се катастрофални затоа што не се гласале програмите, и ги повика на следната седница на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат, иако како што рече и покрај тоа лошата состојба повторно нема да се промени.
Ги слушнав тие пораки, не се гласале програмите, па не знам кочеле овие, кочеле тие. Еве јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замолам советниците коишто доаѓаат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш на следната седница да ги изгласаат тие програми, истакна Мицкоски. Ако е до програмите, но не е до програмите. Еве ќе видите веднаш, мислам дека добив информација дека на 29-ти има седница, еве ќе ги замолам советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата тие програми кои што таа вели дека не и се гласаат да и ги изгласаме и еве ќе видите дека ништо нема да се смени. Еве да знаете дека буквално ништо нема да се смени, додава тој.
Премиерот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не кочи и дека ќе ги изгласаат програмите.
Тоа што е до нас ќе го направиме и еве да не биде и тоа повторно причина да речат ете ВМРО-ДМПНЕ кочи. Не кочиме, еве ќе ги изгласаме тие програми, ќе ги замолам да ги изгласаат, истакна премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Ги замолувам советниците на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите, но ништо нема да се смени appeared first on Република.

]]>
Денеска средба Мицкоски – Арсовска поради проблемот со сметот во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-sredba-mitskoski-arsovska-poradi-problemot-so-smetot-vo-skopje/ Mon, 19 Aug 2024 07:43:51 +0000 https://republika.mk/?p=807830

Денес во 15.30 часот во Владата ќе се оддржи средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Средбата доаѓа по бројните реакции на скопските општини и ЗЕЛС и министерот за локална самоуорава Перински дека градот има акутен проблем со хигиената и складирањето на сметот.

Бараме одземање на надлежностите и ингеренциите, назначување на владин повереник и започнување на процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предвање на надлежностите но и обрвските на секоја од скопските општини, изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓоргиевски.

Градот ќе заличи на нешто ако ние ги преземеме ингеренциите на Комунална хигиена и Паркови и зеленило, ветуваа скопските градоначалници и бараат овие јавни претпријатија да се расформираат. Тие забележуваат дека немаат комуникација со Градот.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински јавно ги повика надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на скопјани.

Според Перински, недозволиво и опасно е по скопските улици да има неподигнат и расфрлан смет на секој чекор и тоа на енормно високи температури. Срамни и опасни се, смета министерот, неискосените тревни површини на јавните простори под градска надлежност, каде се рекреираат скопјани и играат најмладите. Истовремено, не постои соодветен збор за нередовниот и небезбеден јавен превоз, кој е единствен транспорт на илјадници граѓани.

Од друга страна премиерот Мицкоски прашан за коментар во врска со предлогот од Град Скопје кој понуди да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата за решавање на проблемите во Скопје, Мицкоски одговори дека прифаќа сѐ што е во интерес на скопјани. Затоа што, рече, „градот мора да функционира нормално“, посочувајќи дека претстои и почеток на нова учебна година и граѓаните веќе се враќаат од годишните одмори.

Сѐ што е потребно ќе направам, и ќе се сретнам, и ќе формираме тим, сѐ што е потребно во интерес на скопјани, само проблемот да се реши. Не може вака, ние сега функционираме во ненормални услови, кои не личат на главен град на земја. За секое решение сум подготвен и доколку гледаме дека нема прогрес, тогаш мора да одиме радикално или, да се изразам со докторски речник – да не влегуваме ептен инвазивно во прикаската, па и во здравото да влеземе. Да се обидеме да го санираме тоа што може да се санира со разговор, со политика, со дипломатија. Доколку видиме дека тука нема прогрес, тогаш ќе мора инвазивно да влеземе во решавање на проблемот, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.Арсовска побара помош од Градот за проблемот со сметот. „Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата”, стоеше во дописот на Градот.

The post Денеска средба Мицкоски – Арсовска поради проблемот со сметот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Денес во 15.30 часот во Владата ќе се оддржи средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Средбата доаѓа по бројните реакции на скопските општини и ЗЕЛС и министерот за локална самоуорава Перински дека градот има акутен проблем со хигиената и складирањето на сметот.
Бараме одземање на надлежностите и ингеренциите, назначување на владин повереник и започнување на процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предвање на надлежностите но и обрвските на секоја од скопските општини, изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓоргиевски.
Градот ќе заличи на нешто ако ние ги преземеме ингеренциите на Комунална хигиена и Паркови и зеленило, ветуваа скопските градоначалници и бараат овие јавни претпријатија да се расформираат. Тие забележуваат дека немаат комуникација со Градот. Министерот за локална самоуправа Златко Перински јавно ги повика надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на скопјани. Според Перински, недозволиво и опасно е по скопските улици да има неподигнат и расфрлан смет на секој чекор и тоа на енормно високи температури. Срамни и опасни се, смета министерот, неискосените тревни површини на јавните простори под градска надлежност, каде се рекреираат скопјани и играат најмладите. Истовремено, не постои соодветен збор за нередовниот и небезбеден јавен превоз, кој е единствен транспорт на илјадници граѓани. Од друга страна премиерот Мицкоски прашан за коментар во врска со предлогот од Град Скопје кој понуди да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата за решавање на проблемите во Скопје, Мицкоски одговори дека прифаќа сѐ што е во интерес на скопјани. Затоа што, рече, „градот мора да функционира нормално“, посочувајќи дека претстои и почеток на нова учебна година и граѓаните веќе се враќаат од годишните одмори.
Сѐ што е потребно ќе направам, и ќе се сретнам, и ќе формираме тим, сѐ што е потребно во интерес на скопјани, само проблемот да се реши. Не може вака, ние сега функционираме во ненормални услови, кои не личат на главен град на земја. За секое решение сум подготвен и доколку гледаме дека нема прогрес, тогаш мора да одиме радикално или, да се изразам со докторски речник – да не влегуваме ептен инвазивно во прикаската, па и во здравото да влеземе. Да се обидеме да го санираме тоа што може да се санира со разговор, со политика, со дипломатија. Доколку видиме дека тука нема прогрес, тогаш ќе мора инвазивно да влеземе во решавање на проблемот, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.Арсовска побара помош од Градот за проблемот со сметот. „Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата”, стоеше во дописот на Градот.

The post Денеска средба Мицкоски – Арсовска поради проблемот со сметот во Скопје appeared first on Република.

]]>
Перински ги повикува институциите да проверат зошто Арсовска не постапува според надлежностите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/perinski-gi-povikuva-institutsiite-da-proverat-zoshto-arsovska-ne-postapuva-spored-nadlezhnostite/ Fri, 16 Aug 2024 11:35:51 +0000 https://republika.mk/?p=807208

Барањето на скопските градоначалници за одземање на ингеренциите на Град Скопје во областа на комуналната сфера е резултат на секојдневниот притисок од граѓаните, коишто со право се незадоволни од услугите, коишто се во надлежност на Град Скопје. Извесно е дека за актуелното прашање ќе се разговара на следната владина седница, со цел да се најде решение за состојбите во град Скопје, коишто секојдневно предизвикуваат нови и нови проблеми на коишто граѓаните реагираат.

– Ги разбирам барањата на градоначалниците и во целост се согласувам со нивниот став дека скопјани, за жал, поради една личност, која го окупира градот, живеат во супстандардни услови. Чекорот преземен од градоначалниците е сублимат од гневот на граѓаните, кои секојдневно се обраќаат до нив. Предлогот од страна на ЗЕЛС претпоставувам ќе се разгледува на следна седница на Влада, каде што ние ќе ги кажеме своите ставови врз основа на законските механизми и сум убеден дека ќе се донесе најдоброто решение за граѓаните на град Скопје. Суштината е дека секое непостапување, согласно со надлежностите, кои се утврдени со закон и за којшто зема плата од скопјани, само по себе е прекршување на законот, коешто може да се третира и како злоупотреба на службена положба и овластување, вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Тој јавно ги повикува надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на скопјани.

Според Перински, недозволиво и опасно е по скопските улици да има неподигнат и расфрлан смет на секој чекор и тоа на енормно високи температури. Срамни и опасни се, смета министерот, неискосените тревни површини на јавните простори под градска надлежност, каде се рекреираат скопјани и играат најмладите. Истовремено, не постои соодветен збор за нередовниот и небезбеден јавен превоз, кој е единствен транспорт на илјадници граѓани.

Впрочем и скопјани секојдневно сведочат за состојбата по улиците, а социјалните мрежи се преплавени со фотографии од јавните површини. Тоа само по себе говори дека несомнено проблемот треба да се реши под итно, во согласност со закон и секој фактор да делува во рамки на своите надлежности и ингеренции.

The post Перински ги повикува институциите да проверат зошто Арсовска не постапува според надлежностите appeared first on Република.

]]>

Барањето на скопските градоначалници за одземање на ингеренциите на Град Скопје во областа на комуналната сфера е резултат на секојдневниот притисок од граѓаните, коишто со право се незадоволни од услугите, коишто се во надлежност на Град Скопје. Извесно е дека за актуелното прашање ќе се разговара на следната владина седница, со цел да се најде решение за состојбите во град Скопје, коишто секојдневно предизвикуваат нови и нови проблеми на коишто граѓаните реагираат. – Ги разбирам барањата на градоначалниците и во целост се согласувам со нивниот став дека скопјани, за жал, поради една личност, која го окупира градот, живеат во супстандардни услови. Чекорот преземен од градоначалниците е сублимат од гневот на граѓаните, кои секојдневно се обраќаат до нив. Предлогот од страна на ЗЕЛС претпоставувам ќе се разгледува на следна седница на Влада, каде што ние ќе ги кажеме своите ставови врз основа на законските механизми и сум убеден дека ќе се донесе најдоброто решение за граѓаните на град Скопје. Суштината е дека секое непостапување, согласно со надлежностите, кои се утврдени со закон и за којшто зема плата од скопјани, само по себе е прекршување на законот, коешто може да се третира и како злоупотреба на службена положба и овластување, вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински. Тој јавно ги повикува надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на скопјани. Според Перински, недозволиво и опасно е по скопските улици да има неподигнат и расфрлан смет на секој чекор и тоа на енормно високи температури. Срамни и опасни се, смета министерот, неискосените тревни површини на јавните простори под градска надлежност, каде се рекреираат скопјани и играат најмладите. Истовремено, не постои соодветен збор за нередовниот и небезбеден јавен превоз, кој е единствен транспорт на илјадници граѓани. Впрочем и скопјани секојдневно сведочат за состојбата по улиците, а социјалните мрежи се преплавени со фотографии од јавните површини. Тоа само по себе говори дека несомнено проблемот треба да се реши под итно, во согласност со закон и секој фактор да делува во рамки на своите надлежности и ингеренции.

The post Перински ги повикува институциите да проверат зошто Арсовска не постапува според надлежностите appeared first on Република.

]]>
Опожарен мерцедесот на Драган Митковски, најблискиот соработник на Арсовска https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/opozharen-mertsedesot-na-dragan-mitkovski-najbliskiot-sorabotnik-na-arsovska/ Fri, 09 Aug 2024 11:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=804930

чера во скопската населба Ѓорче Петров бил запален автомобилот на Драган Митковски, еден од најблиските соработници на Данела Арсовски и носител на листа на „Нова алтернатива“ во Изборна единица 2 на парламентарните избори.

„На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило ‘мерцедес а класа’ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило ‘хјундаи’ и ‘сузуки свифт’ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

 

 

The post Опожарен мерцедесот на Драган Митковски, најблискиот соработник на Арсовска appeared first on Република.

]]>

чера во скопската населба Ѓорче Петров бил запален автомобилот на Драган Митковски, еден од најблиските соработници на Данела Арсовски и носител на листа на „Нова алтернатива“ во Изборна единица 2 на парламентарните избори.
„На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило ‘мерцедес а класа’ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило ‘хјундаи’ и ‘сузуки свифт’ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
 
 

The post Опожарен мерцедесот на Драган Митковски, најблискиот соработник на Арсовска appeared first on Република.

]]>
Беќаровски до Данела Арсовска: Градоначалничке, ако и Вие како и јас немате друг резервен град за живеење, ќе Ве замолам повлечете се https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/bekarovski-do-danela-arsovska-gradonachalnichke-ako-i-vie-kako-i-jas-nemate-drug-rezerven-grad-za-zhiveene-ke-ve-zamolam-povlechete-se/ Thu, 08 Aug 2024 19:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=804721

Докторот Нико Беќаровски и се обрати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во кое побара таа да се повлече од градоначалничката функција.

„На моето Скопје

 

На моето Скопје му треба нов в.д. градоначалник УШТЕ ДЕНЕС, УТРЕ Е ПРЕДОЦНА !!!!

Некој/ја кој/а ќе има поддршка од сите советнички групи И УШТЕ ПОВАЖНО ДОВЕРБА МЕЃУ СКОПЈАНИ.

На моето Скопје му треба нов Закон за локална самоуправа со кој ќе стане една функционална градска целина, а не десет нефункционални општини и без вештачки вметнатите приградски општини Сарај и Арачиново. Само така нема да има постојано префрлање на надлежностите на релација град-општина.

На моето Скопје му требаат нови 100.000 дрва, место нови 100.000 доселеници, 1000 нови корпи, место 100 нови солитери, 10 нови паркови, место 10 нови молови, што повеќе културни оази, што помалку обложувачки бази и еден интегриран функционален мултивалентен ЈАВЕН ПРЕВОЗ.

Р.Ѕ. Skopje in North Macedonia holds the title for European's least visited capital city.

P.P.S. Градоначалничке, ако и Вие како и јас немате друг резервен град за живеење,ќе Ве замолам повлечете се. Ѕидот стана превисок за да се урне со глава“, напиша тој на фејсбук.

 

The post Беќаровски до Данела Арсовска: Градоначалничке, ако и Вие како и јас немате друг резервен град за живеење, ќе Ве замолам повлечете се appeared first on Република.

]]>

Докторот Нико Беќаровски и се обрати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во кое побара таа да се повлече од градоначалничката функција. „На моето Скопје   На моето Скопје му треба нов в.д. градоначалник УШТЕ ДЕНЕС, УТРЕ Е ПРЕДОЦНА !!!! Некој/ја кој/а ќе има поддршка од сите советнички групи И УШТЕ ПОВАЖНО ДОВЕРБА МЕЃУ СКОПЈАНИ. На моето Скопје му треба нов Закон за локална самоуправа со кој ќе стане една функционална градска целина, а не десет нефункционални општини и без вештачки вметнатите приградски општини Сарај и Арачиново. Само така нема да има постојано префрлање на надлежностите на релација град-општина. На моето Скопје му требаат нови 100.000 дрва, место нови 100.000 доселеници, 1000 нови корпи, место 100 нови солитери, 10 нови паркови, место 10 нови молови, што повеќе културни оази, што помалку обложувачки бази и еден интегриран функционален мултивалентен ЈАВЕН ПРЕВОЗ. Р.Ѕ. Skopje in North Macedonia holds the title for European's least visited capital city.
P.P.S. Градоначалничке, ако и Вие како и јас немате друг резервен град за живеење,ќе Ве замолам повлечете се. Ѕидот стана превисок за да се урне со глава“, напиша тој на фејсбук.  

The post Беќаровски до Данела Арсовска: Градоначалничке, ако и Вие како и јас немате друг резервен град за живеење, ќе Ве замолам повлечете се appeared first on Република.

]]>
По шест месеци разрешен директорот на „Водовод“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/po-shest-mesetsi-razreshen-direktorot-na-vodovod/ Tue, 06 Aug 2024 13:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=803928

Виктор Панчевски, досегашниот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ е разрешен по половина година на оваа функција.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нов директор го именува Тони Миновски кој досега беше вработен во претпријатието.

Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.

Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска.

The post По шест месеци разрешен директорот на „Водовод“ appeared first on Република.

]]>

Виктор Панчевски, досегашниот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ е разрешен по половина година на оваа функција. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нов директор го именува Тони Миновски кој досега беше вработен во претпријатието.
Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“. Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска.

The post По шест месеци разрешен директорот на „Водовод“ appeared first on Република.

]]>
Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/slaveski-vo-predvideniot-rebalans-na-budhet-nema-predvideno-sredstva-za-nabavka-na-novi-avtobusi-vo-grad-skopje-shokantno-e-tvrdeneto-na-arsovska-deka-ima-predvideno-tsel-eden-denar/ Tue, 16 Jul 2024 17:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=797420

„3-4 месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување за набавка на еко автобуси, таа изјави дека во Буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на еко автобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во Буџетот за 2024 година останавме повторно на тие предлози“,истакна претседателот на Совет на Град Скопје Трајко Славески на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Тој продолжи и додаде:

„Прашањето е дали има средства предвидени во буџетот за таа намена затоа што вчера имавме комисија за ребалансот на буџетот и не беше известено дека има во ребалансот некоја промена која оди кон одвојување на средства за набавка на автобуси“, вели Славески.

Славески запраша дали има средства во буџетот предвидени за почнување на постапката за набавка на автобуси во Град Скопје, на што градоначалничката Данела Арсовска му одговори дека да, цел еден денар има за да се отпочне.

The post Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар appeared first on Република.

]]>

„3-4 месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување за набавка на еко автобуси, таа изјави дека во Буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на еко автобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во Буџетот за 2024 година останавме повторно на тие предлози“,истакна претседателот на Совет на Град Скопје Трајко Славески на денешната седница на Советот на Град Скопје. Тој продолжи и додаде: „Прашањето е дали има средства предвидени во буџетот за таа намена затоа што вчера имавме комисија за ребалансот на буџетот и не беше известено дека има во ребалансот некоја промена која оди кон одвојување на средства за набавка на автобуси“, вели Славески. Славески запраша дали има средства во буџетот предвидени за почнување на постапката за набавка на автобуси во Град Скопје, на што градоначалничката Данела Арсовска му одговори дека да, цел еден денар има за да се отпочне.

The post Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар appeared first on Република.

]]>
ЛДП: Главниот град се гуши во смет, дали Скопје има градоначалник? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ldp-glavniot-grad-se-gushi-vo-smet-dali-skopje-ima-gradonachalnik/ Tue, 16 Jul 2024 10:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=797326

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради високите температури, се шири неподнослива миризба.

Ужаснати сме од глетката со сметот во главниот град. Контејнерите се преполни, а улиците се многу валкани. Оваа состојба, покрај тоа што ја уништува сликата за Скопје, предизвикува и штети врз животната средина, како и врз здравјето на луѓето, потенцираат во писмениот допис од ЛДП.

Од партијата изразија огромна загриженост за проблемот и апелира одговорните институции веднаш да преземат чекори во насока на решавање на истиот.

Навистина е време да се работи во интерес на граѓаните и секој да си ги исполнува своите одговорности. Дали овој Град има надлежни институции кои работат соодветно под директива на градоначалникот? Дали Скопје воопшто има градоначалник кој ги исполнува своите надлежности?, наведоа од ЛДП.

Либерал-демократите нагласија дека крајно време е да се посвети внимание на унапредување на хигиената и на создавање на чисто и подобро Скопје.

Ги повикуваме граѓаните гласно да говорат за овој сериозен проблем и сите обединети да се спротивставиме на нечистотијата. Упатуваме апел до градоначалничката Арсовска да ја разбере сериозноста на проблемот и да преземе дејствија, согласно законите, заклучија од ЛДП.

The post ЛДП: Главниот град се гуши во смет, дали Скопје има градоначалник? appeared first on Република.

]]>

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради високите температури, се шири неподнослива миризба.
Ужаснати сме од глетката со сметот во главниот град. Контејнерите се преполни, а улиците се многу валкани. Оваа состојба, покрај тоа што ја уништува сликата за Скопје, предизвикува и штети врз животната средина, како и врз здравјето на луѓето, потенцираат во писмениот допис од ЛДП.
Од партијата изразија огромна загриженост за проблемот и апелира одговорните институции веднаш да преземат чекори во насока на решавање на истиот.
Навистина е време да се работи во интерес на граѓаните и секој да си ги исполнува своите одговорности. Дали овој Град има надлежни институции кои работат соодветно под директива на градоначалникот? Дали Скопје воопшто има градоначалник кој ги исполнува своите надлежности?, наведоа од ЛДП.
Либерал-демократите нагласија дека крајно време е да се посвети внимание на унапредување на хигиената и на создавање на чисто и подобро Скопје.
Ги повикуваме граѓаните гласно да говорат за овој сериозен проблем и сите обединети да се спротивставиме на нечистотијата. Упатуваме апел до градоначалничката Арсовска да ја разбере сериозноста на проблемот и да преземе дејствија, согласно законите, заклучија од ЛДП.

The post ЛДП: Главниот град се гуши во смет, дали Скопје има градоначалник? appeared first on Република.

]]>
Град Скопје за пожарот: МВР итно да ги истражи причините, две години кажуваме дека проектот е погрешен https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-za-pozharot-mvr-itno-da-gi-istrazhi-prichinite-dve-godini-kazhuvame-deka-proektot-e-pogreshen/ Tue, 09 Apr 2024 09:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=764150

Од Град Скопје бараат МВР итно да истражи кои се причините за пожарот во Универзална сала и доколку се работи за човечки фактор и како што велат, мотивирано од погрешната и небезбедна градба, институциите да покренат соодветни постапки за одговорност.

Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзална сала кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа ни може да се продолжи ни може да се гради. Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборуваме!

 

Две години укажувавме дека додека не се обезбеди нов проект и сериозна ревизија на градбата која е спротивна на проектот, дека нема шанси никој од Градот да потпише градба и продолжи било каква реализација.

 

Советниците во Советот на Град Скопје на седница во јули 2023 година одлучија Министерството за култура да ја превземе Универзална сала и нејзината реконструкција. По неколку месеци мистериозно гори Универзална сала, наместо да се РЕВИДИРА што правел изведувачот“ велат од Град Скопје.

 

Универзална сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да заташка што правел, за што јавно говоревме 2 години и бевме напаѓани за истото од центрите на моќ и кеш. Ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си го покриете делото и срамот, порачаа од Град Скопје.

The post Град Скопје за пожарот: МВР итно да ги истражи причините, две години кажуваме дека проектот е погрешен appeared first on Република.

]]>

Од Град Скопје бараат МВР итно да истражи кои се причините за пожарот во Универзална сала и доколку се работи за човечки фактор и како што велат, мотивирано од погрешната и небезбедна градба, институциите да покренат соодветни постапки за одговорност.
Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзална сала кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа ни може да се продолжи ни може да се гради. Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборуваме!   Две години укажувавме дека додека не се обезбеди нов проект и сериозна ревизија на градбата која е спротивна на проектот, дека нема шанси никој од Градот да потпише градба и продолжи било каква реализација.   Советниците во Советот на Град Скопје на седница во јули 2023 година одлучија Министерството за култура да ја превземе Универзална сала и нејзината реконструкција. По неколку месеци мистериозно гори Универзална сала, наместо да се РЕВИДИРА што правел изведувачот“ велат од Град Скопје.   Универзална сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да заташка што правел, за што јавно говоревме 2 години и бевме напаѓани за истото од центрите на моќ и кеш. Ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си го покриете делото и срамот, порачаа од Град Скопје.

The post Град Скопје за пожарот: МВР итно да ги истражи причините, две години кажуваме дека проектот е погрешен appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Арсовска блокираше градба на две градинки, две училишта и спортска сала поради тоа што се градат од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stoilkovski-arsovska-blokirashe-gradba-na-dve-gradinki-dve-uchilishta-i-sportska-sala-poradi-toa-shto-se-gradat-od-gradonachalnitsi-na-vmro-dpmne/ Sat, 23 Mar 2024 13:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=757785

Омилениот приврзок на СДС и ДУИ Данела Арсовска донесе скандалозна одлука против својот народ, против скопјани и против градоначалниците и општините кои се борат за градба градинки, училишта и спортски објекти.

Имено продолжената рака на СДС и ДУИ Арсовска донесе скандалозни решенија за запирање на процесот на градба преку ослободување на плаќање на надоместок на две градинки, две основни училишта и еден спортски објект.

Иако советот на Град Скопје донесе одлука за ослободување, приврзокот на СДС И ДУИ, Арсовска донесе одлука за поништување на одлуката за надоместок за градбата на две основни училишта, две градинки и спортски комплекс.

Јавноста треба да знае дека градоначалникот со партија поклонете од СДС и Зечевиќ донесе одлука за поништување на одлуките за:

Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на ОУ Крсте Мисирков во Гази Баба

Ослободување од плаќање на надоместок за доградба на ОУ Блаже Коневски во Аеродром

Ослободување од плаќање на надоместок за доградба на градинката Весели Цветови во Кисела Вода

Ослободување од плаќање на надоместок за доградба и надградба на градинката Изворче во Аеродром.

Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на затворено спортско игралиште во Пинтија Кисела Вода.

Причината за ова ја гледаме во политичкиот мотив на Арсовска да ја продолжи праксата на менторите од СДС на блокада на општините, овој пат на Општините Гази Баба Боби Стефковски, Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и Аеродром Тимчо Муцунски.

Скопјани мора да знаат дека нема да имаат градинки и училишта затоа што Арсовска, која делува како продолжена рака на СДС и ДУИ ги казнува скопјани поради политички причини.

Арсовска врати:
Единствена причина поради која се блокира градба на две градинки, две училишта и спортска сала е неписменоста на советниците на ДПМНЕ во Град Скопје. Жалиме што неписменоста на ДПМНЕ се рефлектира континуирано врз секојдневниот живот на граѓаните на градот Скопје, кои нема да добијат нови училишта и градинки бидејќи советниците на ДПМНЕ во Град Скопје се уште не знаат да напишат предлог-одлука која ќе биде спроведлива и во согласност со Законот.

Градот Скопје апелира до ДПМНЕ да престанат да се бламираат во јавност. Доволно е што веќе јавноста е жртва на нивната неписменост и некомпетентност.

Училиштата и градинките кои се финансирани од Владата на Р.Македонија ќе се градат кога за тоа Советот ќе донесе законски и спроведливи одлуки кои нема да бидат во спротивност со член 50 став (1) точка 6, член 62 став (3) од Законот за локалната самоуправа, член 59 од Законот за градење и член 114 од Деловникот на Советот на Град Скопје.

The post Стоилковски: Арсовска блокираше градба на две градинки, две училишта и спортска сала поради тоа што се градат од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Омилениот приврзок на СДС и ДУИ Данела Арсовска донесе скандалозна одлука против својот народ, против скопјани и против градоначалниците и општините кои се борат за градба градинки, училишта и спортски објекти. Имено продолжената рака на СДС и ДУИ Арсовска донесе скандалозни решенија за запирање на процесот на градба преку ослободување на плаќање на надоместок на две градинки, две основни училишта и еден спортски објект. Иако советот на Град Скопје донесе одлука за ослободување, приврзокот на СДС И ДУИ, Арсовска донесе одлука за поништување на одлуката за надоместок за градбата на две основни училишта, две градинки и спортски комплекс. Јавноста треба да знае дека градоначалникот со партија поклонете од СДС и Зечевиќ донесе одлука за поништување на одлуките за: Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на ОУ Крсте Мисирков во Гази Баба Ослободување од плаќање на надоместок за доградба на ОУ Блаже Коневски во Аеродром Ослободување од плаќање на надоместок за доградба на градинката Весели Цветови во Кисела Вода Ослободување од плаќање на надоместок за доградба и надградба на градинката Изворче во Аеродром. Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на затворено спортско игралиште во Пинтија Кисела Вода. Причината за ова ја гледаме во политичкиот мотив на Арсовска да ја продолжи праксата на менторите од СДС на блокада на општините, овој пат на Општините Гази Баба Боби Стефковски, Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и Аеродром Тимчо Муцунски. Скопјани мора да знаат дека нема да имаат градинки и училишта затоа што Арсовска, која делува како продолжена рака на СДС и ДУИ ги казнува скопјани поради политички причини. Арсовска врати: Единствена причина поради која се блокира градба на две градинки, две училишта и спортска сала е неписменоста на советниците на ДПМНЕ во Град Скопје. Жалиме што неписменоста на ДПМНЕ се рефлектира континуирано врз секојдневниот живот на граѓаните на градот Скопје, кои нема да добијат нови училишта и градинки бидејќи советниците на ДПМНЕ во Град Скопје се уште не знаат да напишат предлог-одлука која ќе биде спроведлива и во согласност со Законот. Градот Скопје апелира до ДПМНЕ да престанат да се бламираат во јавност. Доволно е што веќе јавноста е жртва на нивната неписменост и некомпетентност. Училиштата и градинките кои се финансирани од Владата на Р.Македонија ќе се градат кога за тоа Советот ќе донесе законски и спроведливи одлуки кои нема да бидат во спротивност со член 50 став (1) точка 6, член 62 став (3) од Законот за локалната самоуправа, член 59 од Законот за градење и член 114 од Деловникот на Советот на Град Скопје.

The post Стоилковски: Арсовска блокираше градба на две градинки, две училишта и спортска сала поради тоа што се градат од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Министерство за транспорт и врски: Арсовска нека не не вовлекува во евтин политички фолклор, 72 дена не одговорила на бараното мислење https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ministerstvo-za-transport-i-vrski-arsovska-neka-ne-ne-vovlekuva-vo-evtin-politichki-folklor-72-dena-ne-odgovorila-na-baranoto-mislene/ Mon, 19 Feb 2024 19:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=745833

Министерството за транспорт реагира на прес-конференцијата на градоначалничката Арсовска.

Сакаме да ја информираме јавноста дека ги отфрламе паушалните и лажни обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која уште еднаш покажа дека од Градот Скопје направи нефукционална институција. Данела Арсовска да ги води политичките игри и пресметки на друго место и на други теми и да не го вовлекува Министерството за транспорт и врски во креирањето на урбанистичките планови кои согласно закон се во изворна надлежност на општините“, велат од транспорт.

Министерството за транспорт и врски не е институција која носи урбанистички планови, ниту пак се меша во просторниот развој на општните. Ако Данела Арсовска не го знае ова, нека се информира подобро од професионалци кои се занимаваат со оваа дејност. Според увидот што го направи Министерството за транспорт и врски во системот на е-урбанизам, јасно се гледа дека Град Скопје дури 72 дена не одговара на бараното мислење во однос на предметниот ДУП. Согласно член 36 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, Град Скопје е должен да одговори во рок од пет работни дена од приемот на барањето во електорнска форма на системот на е-урбанизам. Доколку не одговори, тогаш се смета дека Град Скопје нема забелешки и дека е дадено позитивно мислење. Потенцираме, цели 72 дена, односно 51 работен ден Град Скопје не одговорил на барањето. Ако од Град Скопје сметале дека планот не треба да биде донесен, имале законска можност дури пет пати и 72 дена да се произнесат негативно. Исто така сакаме да информираме дека во текот на постапката, Општината дури четири пати го доставила овој план до Минисерството за транспорт и врски, од кои три пати министерството даде известување со недостатоци, додека четвртиот пат општината ги корегира сите зададени забелешки. Согласно ваквиот тек на настаните, Комисијата за урбанизам при министерството за транспорт и врски водејќи се од одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање како и од Законот за урбанистичко планирање даде согласност на ДУП-от. На крај би потенцирале дека донесувањето на Урбаниситичките планови не е постапка која ја води Министерството за транспорт и врски, туку согласно домашната легислатива носењето е во надлежност на Советот на општината, односно советниците се тие кои го гласаат или не го гласаат урабнистичкиот план. Министертвото за транспорт и врски ќе продолжи да работи согласно законите во Македонија и нема да дозволиме поединци да го вовлекуваат во евтин политички фолклор“, се додава во реакцијата на министерството за транспорт испратеа до медиумите.

Според градските власти, пак, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со денешната реакција дополнително го потврдил сомнежот дека зад ДУП-от во општина Ѓорче Петров се кријат коруптивни и криминални интереси

Во Македонија ниту владее ниту, пак, има изгледи правото да завладее во догледна иднина, велат од Град Скопје како одговор на реакцијата на Министерството за транспорт и врски.

Иако се повикува на закон, Бочварски како министер за транспорт и врски би требало да знае дека за да стави параф на согласност на ДУП во Градот Скопје мора, односно е неопходно да добие и согласност на конечен предлог-ДУП од страна на град Скопје“, се вели во реакцијата од Град Скопје испратена вечерва.

Дополнително, додаваат оттаму, Бочварски треба да одговори зошто при барање за одобрување на ДУП-ови од страна на други општини во Град Скопје, Министерството ги препраќа да достават два, три или повеќе пати согласност од градот Скопје и не им издал одобрение, но истото не го направил и за овој ДУП од Ѓорче Петров?

Бочварски треба да одговори и зошто не постапил согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој во член 36 став 1 децидно вели дека согласност од Град Скопје е неопходно да биде обезбедена пред Министерството да ја даде својата согласност? Бочварски, исто така, треба да одговори зошто се повикува на непостоечка одредба за наводни рокови, во обид да ги оправда своите постапки и лажно да ги претстави како исправни, а зошто во случаи со ДУП-ови од други општини каде што неговите диригенти Заев и Мицкоски немаат интерес, не постапил на истиот начин“, стои во соопштението.

Откако денеска градоначалничката Данела Арсовска на прес-конференција рече дека Советот на Општина Ѓорче Петров, без согласност од Град Скопје, викендов на седница изгласал измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) со кој дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“ се драстично зголемени од пет ката плус поткровје, на 20 ката плус поткровје, попладнево со реакција излегоа од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму рекоа дека се „паушални и лажни“ обвинувањата на скопската градоначалничка и додаваат дека, според увидот што го направиле во системот на е-урбанизам, јасно се гледа дека Град Скопје дури 72 дена не одговара на бараното мислење во однос на предметниот ДУП.

 

The post Министерство за транспорт и врски: Арсовска нека не не вовлекува во евтин политички фолклор, 72 дена не одговорила на бараното мислење appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт реагира на прес-конференцијата на градоначалничката Арсовска.
Сакаме да ја информираме јавноста дека ги отфрламе паушалните и лажни обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која уште еднаш покажа дека од Градот Скопје направи нефукционална институција. Данела Арсовска да ги води политичките игри и пресметки на друго место и на други теми и да не го вовлекува Министерството за транспорт и врски во креирањето на урбанистичките планови кои согласно закон се во изворна надлежност на општините“, велат од транспорт. Министерството за транспорт и врски не е институција која носи урбанистички планови, ниту пак се меша во просторниот развој на општните. Ако Данела Арсовска не го знае ова, нека се информира подобро од професионалци кои се занимаваат со оваа дејност. Според увидот што го направи Министерството за транспорт и врски во системот на е-урбанизам, јасно се гледа дека Град Скопје дури 72 дена не одговара на бараното мислење во однос на предметниот ДУП. Согласно член 36 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, Град Скопје е должен да одговори во рок од пет работни дена од приемот на барањето во електорнска форма на системот на е-урбанизам. Доколку не одговори, тогаш се смета дека Град Скопје нема забелешки и дека е дадено позитивно мислење. Потенцираме, цели 72 дена, односно 51 работен ден Град Скопје не одговорил на барањето. Ако од Град Скопје сметале дека планот не треба да биде донесен, имале законска можност дури пет пати и 72 дена да се произнесат негативно. Исто така сакаме да информираме дека во текот на постапката, Општината дури четири пати го доставила овој план до Минисерството за транспорт и врски, од кои три пати министерството даде известување со недостатоци, додека четвртиот пат општината ги корегира сите зададени забелешки. Согласно ваквиот тек на настаните, Комисијата за урбанизам при министерството за транспорт и врски водејќи се од одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање како и од Законот за урбанистичко планирање даде согласност на ДУП-от. На крај би потенцирале дека донесувањето на Урбаниситичките планови не е постапка која ја води Министерството за транспорт и врски, туку согласно домашната легислатива носењето е во надлежност на Советот на општината, односно советниците се тие кои го гласаат или не го гласаат урабнистичкиот план. Министертвото за транспорт и врски ќе продолжи да работи согласно законите во Македонија и нема да дозволиме поединци да го вовлекуваат во евтин политички фолклор“, се додава во реакцијата на министерството за транспорт испратеа до медиумите.
Според градските власти, пак, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со денешната реакција дополнително го потврдил сомнежот дека зад ДУП-от во општина Ѓорче Петров се кријат коруптивни и криминални интереси
Во Македонија ниту владее ниту, пак, има изгледи правото да завладее во догледна иднина, велат од Град Скопје како одговор на реакцијата на Министерството за транспорт и врски.
Иако се повикува на закон, Бочварски како министер за транспорт и врски би требало да знае дека за да стави параф на согласност на ДУП во Градот Скопје мора, односно е неопходно да добие и согласност на конечен предлог-ДУП од страна на град Скопје“, се вели во реакцијата од Град Скопје испратена вечерва. Дополнително, додаваат оттаму, Бочварски треба да одговори зошто при барање за одобрување на ДУП-ови од страна на други општини во Град Скопје, Министерството ги препраќа да достават два, три или повеќе пати согласност од градот Скопје и не им издал одобрение, но истото не го направил и за овој ДУП од Ѓорче Петров?
Бочварски треба да одговори и зошто не постапил согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој во член 36 став 1 децидно вели дека согласност од Град Скопје е неопходно да биде обезбедена пред Министерството да ја даде својата согласност? Бочварски, исто така, треба да одговори зошто се повикува на непостоечка одредба за наводни рокови, во обид да ги оправда своите постапки и лажно да ги претстави како исправни, а зошто во случаи со ДУП-ови од други општини каде што неговите диригенти Заев и Мицкоски немаат интерес, не постапил на истиот начин“, стои во соопштението.
Откако денеска градоначалничката Данела Арсовска на прес-конференција рече дека Советот на Општина Ѓорче Петров, без согласност од Град Скопје, викендов на седница изгласал измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) со кој дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“ се драстично зголемени од пет ката плус поткровје, на 20 ката плус поткровје, попладнево со реакција излегоа од Министерството за транспорт и врски. Оттаму рекоа дека се „паушални и лажни“ обвинувањата на скопската градоначалничка и додаваат дека, според увидот што го направиле во системот на е-урбанизам, јасно се гледа дека Град Скопје дури 72 дена не одговара на бараното мислење во однос на предметниот ДУП.
 

The post Министерство за транспорт и врски: Арсовска нека не не вовлекува во евтин политички фолклор, 72 дена не одговорила на бараното мислење appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: 1.5 милиони денари затезни камати и судски трошоци ќе плаќа ЈСП затоа што Данела Арсовска не го признаваше долгот кон приватните превозници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-1-5-milioni-denari-zatezni-kamati-i-sudski-troshotsi-ke-plaka-jsp-zatoa-shto-danela-arsovska-ne-go-priznavashe-dolgot-kon-privatnite-prevoznitsi/ Thu, 30 Nov 2023 11:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=717978

Заради ненавремени исплати и заради негирање на постоечки долг од 1.5 милиони евра од страна на Данела Арсовска, 1.5 милиони денари ќе треба да се исплати од страна на ЈСП кон приватните превозници, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со одлука на суд, спротивно на тврдењата на Арсовска дека нема долг на ЈСП кон приватниците, сега ЈСП кое и онака е во колапс, ќе треба да исплати високи затезни камати за долг од 1.5 милиони евра.

Математиката покажува еден милион и 200 илјади денари за затезни камати зголемени за 10% и околу 300 илјади за судски трошоци и надоместоци, вкупно 1.5 милиони денари!

За потсетување Арсовска лани негираше дека има долг кон приватните превозници од 1.5 милиони евра, кои почнаа со штрајк и блокади, за потоа во март годинава Арсовска да направи договор со приватните превозници за исплата на долгот од 1.5 милиони евра, но и да го сокрие договорот за исплата на долгот.

Прашањето на коешто Арсовска сега треба да одговори е дали дополнителната исплата на камати од 1.5 милиони денари можеше да биде спречена доколку се исплатеше побаруваниот долг кога приватниците ги побараа?

Но и дали постои таен договор, на овој начин да се исплаќаат дополнителни камати за неисплатените фактури кон приватните превозници, со што се оштетува буџетот на Град Скопје?

1.5 милиони денари за казни кога се бара спас и постојани финансиски инјекции за ЈСП, а граѓаните не добиваат подобри, или пак никакви услуги?

Со вакви неразумни зафати и со бегање од вистината, Данела Арсовска системски го уништува ЈСП.

И наместо „Модерно Скопје“, Данела Арсовска ги уништува јавните претпријатија со туркање во долгови и со креирање ситуации за казни, затезни камати, за тужби и судски трошоци, додава Стоилковски.

https://www.youtube.com/watch?v=D6b0X7gHCsA

The post Стоилковски: 1.5 милиони денари затезни камати и судски трошоци ќе плаќа ЈСП затоа што Данела Арсовска не го признаваше долгот кон приватните превозници appeared first on Република.

]]>

Заради ненавремени исплати и заради негирање на постоечки долг од 1.5 милиони евра од страна на Данела Арсовска, 1.5 милиони денари ќе треба да се исплати од страна на ЈСП кон приватните превозници, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Со одлука на суд, спротивно на тврдењата на Арсовска дека нема долг на ЈСП кон приватниците, сега ЈСП кое и онака е во колапс, ќе треба да исплати високи затезни камати за долг од 1.5 милиони евра. Математиката покажува еден милион и 200 илјади денари за затезни камати зголемени за 10% и околу 300 илјади за судски трошоци и надоместоци, вкупно 1.5 милиони денари! За потсетување Арсовска лани негираше дека има долг кон приватните превозници од 1.5 милиони евра, кои почнаа со штрајк и блокади, за потоа во март годинава Арсовска да направи договор со приватните превозници за исплата на долгот од 1.5 милиони евра, но и да го сокрие договорот за исплата на долгот. Прашањето на коешто Арсовска сега треба да одговори е дали дополнителната исплата на камати од 1.5 милиони денари можеше да биде спречена доколку се исплатеше побаруваниот долг кога приватниците ги побараа? Но и дали постои таен договор, на овој начин да се исплаќаат дополнителни камати за неисплатените фактури кон приватните превозници, со што се оштетува буџетот на Град Скопје? 1.5 милиони денари за казни кога се бара спас и постојани финансиски инјекции за ЈСП, а граѓаните не добиваат подобри, или пак никакви услуги? Со вакви неразумни зафати и со бегање од вистината, Данела Арсовска системски го уништува ЈСП. И наместо „Модерно Скопје“, Данела Арсовска ги уништува јавните претпријатија со туркање во долгови и со креирање ситуации за казни, затезни камати, за тужби и судски трошоци, додава Стоилковски. https://www.youtube.com/watch?v=D6b0X7gHCsA

The post Стоилковски: 1.5 милиони денари затезни камати и судски трошоци ќе плаќа ЈСП затоа што Данела Арсовска не го признаваше долгот кон приватните превозници appeared first on Република.

]]>
За Арсовска ДКСК се занимава со тривијалности https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/za-arsovska-dksk-se-zanimava-so-trivijalnosti/ Wed, 19 Jul 2023 19:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=663285

Жалиме што Државната комисија за спречување на корупција наместо да се занимава со она што е нивна надлежност и да констатира корупција, тие се занимаваат со тривијалности и исполнување на политички агенди.

Секако, за барање на корупција онаму каде што навистина постои сомнеж треба и храброст. Одлика, која за жал не ги краси членовите на Антикорупциската комисија.

Добро е сепак што ДКСК поднеле кривична пријава за која воопшто Град Скопје не е известен, а дознаваме од медиумите, за еднаш да се расчисти маглата која ја сеат разни политиканти.

Секако, членовите на ДКСК ќе мора да ја докажат и сопствената надлежност во постапувањето по овој „предмет“ пред соодветна судска инстанца, се вели во реакцијата на Град Скопје на ДКСК.

The post За Арсовска ДКСК се занимава со тривијалности appeared first on Република.

]]>

Жалиме што Државната комисија за спречување на корупција наместо да се занимава со она што е нивна надлежност и да констатира корупција, тие се занимаваат со тривијалности и исполнување на политички агенди. Секако, за барање на корупција онаму каде што навистина постои сомнеж треба и храброст. Одлика, која за жал не ги краси членовите на Антикорупциската комисија. Добро е сепак што ДКСК поднеле кривична пријава за која воопшто Град Скопје не е известен, а дознаваме од медиумите, за еднаш да се расчисти маглата која ја сеат разни политиканти. Секако, членовите на ДКСК ќе мора да ја докажат и сопствената надлежност во постапувањето по овој „предмет“ пред соодветна судска инстанца, се вели во реакцијата на Град Скопје на ДКСК.

The post За Арсовска ДКСК се занимава со тривијалности appeared first on Република.

]]>
ДКСК: Арсовска незаконски го именувала Драган Илиевски за в.д директор на Зоолошката градина https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dksk-arsovska-nezakonski-go-imenuvala-dragan-ilievski-za-v-d-direktor-na-zooloshkata-gradina/ Wed, 19 Jul 2023 14:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=663214

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска постапила спротивно на законот, при именување на Драган Илиевски за нов в.д директорот во скопската Зоолошка градина, утврди ДКСК.

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 89 седница утврди дека Илиевски бил именуван за директор, иако тој не го исполнувал условот претходно да биде вработен во самиот објект.

Како што информираа од ДКСК, извршен бил вонреден инсекциски надзор и според записникот од надзорот бил утврдена неправилност по што инспекторот упатил укажување напомена за отстранување на констатираната неправилност согласно предвидениот законски рок, со напомена дека за сторената повреда на член 34 од Закоот за култура не е определена ниту пропишана прекршочна санкција.

Инспекторатот утврдил дека претходниот директор Кристијан Стаменов бил разрешен од функцијата, додека две недели подоцна е именуван Драган Илиевски. ДКСК констатира дека пријавата и документите ги содржат потребните акти со кои се утврдува наведената постапка, ваквото постапување на градоначалникот на Град Скопје упатува на преземени активности за именување на лице за вршител на должност на јавна установа спротивно на членот 34 став 1 од Законот за култура што претставува основ за сомневање за сторено кривично дело а тоа е злоупотреба на службената положба и овластување, појасни претседателката на Комисијата Билјана Ивановска.

Од Комисијата соопштија дека од нивна страна ќе биде поведена иницијатива до ОЈО за поведување постапка кривично гонење, поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Данела Арсовска. Воедно Комисијата ќе достави иницијатива за поведување кривично гонење и за в.д директорот Драган Илиевски, како и препорака до Инспекцискиот совет во врска со непостапувањето на Инспекторот кој извршил надзор.

The post ДКСК: Арсовска незаконски го именувала Драган Илиевски за в.д директор на Зоолошката градина appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска постапила спротивно на законот, при именување на Драган Илиевски за нов в.д директорот во скопската Зоолошка градина, утврди ДКСК. Државната комисија за спречување на корупција на денешната 89 седница утврди дека Илиевски бил именуван за директор, иако тој не го исполнувал условот претходно да биде вработен во самиот објект. Како што информираа од ДКСК, извршен бил вонреден инсекциски надзор и според записникот од надзорот бил утврдена неправилност по што инспекторот упатил укажување напомена за отстранување на констатираната неправилност согласно предвидениот законски рок, со напомена дека за сторената повреда на член 34 од Закоот за култура не е определена ниту пропишана прекршочна санкција.
Инспекторатот утврдил дека претходниот директор Кристијан Стаменов бил разрешен од функцијата, додека две недели подоцна е именуван Драган Илиевски. ДКСК констатира дека пријавата и документите ги содржат потребните акти со кои се утврдува наведената постапка, ваквото постапување на градоначалникот на Град Скопје упатува на преземени активности за именување на лице за вршител на должност на јавна установа спротивно на членот 34 став 1 од Законот за култура што претставува основ за сомневање за сторено кривично дело а тоа е злоупотреба на службената положба и овластување, појасни претседателката на Комисијата Билјана Ивановска.
Од Комисијата соопштија дека од нивна страна ќе биде поведена иницијатива до ОЈО за поведување постапка кривично гонење, поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Данела Арсовска. Воедно Комисијата ќе достави иницијатива за поведување кривично гонење и за в.д директорот Драган Илиевски, како и препорака до Инспекцискиот совет во врска со непостапувањето на Инспекторот кој извршил надзор.

The post ДКСК: Арсовска незаконски го именувала Драган Илиевски за в.д директор на Зоолошката градина appeared first on Република.

]]>
Арсовска: Пожарот на мостот „Беласица“ е предизвикан од човечки фактор, не знаеме колку ќе биде затворен https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-pozharot-na-mostot-belasitsa-e-predizvikan-od-chovechki-faktor-ne-znaeme-kolku-ke-bide-zatvoren/ Mon, 15 May 2023 20:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=641170

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека пожарот на мостот „Беласица“ е предизвикан од несовесни граѓани.

-Прелиминарната истрага покажа дека се работи за фактор човек, имаме несовесни граѓани кои за жал, не размислуваат кои се штетите кои може да настанат, не само по јавното добро , туку и по животот на нашите сограѓани. и тоа е нешто апелиравме и се надеваме дека МВР и ЦУК ќе ги преземат соодветните мерки да бидат елиминирани последици и да се најдат сторителите и за истото да бидат санкционирани, рече Арсовски во вечерашното гостување во емисија на ТВ21.

Таа потенцира дека Градот Скопје ќе ги чека анализите и извештаите од МВР и ЦУК за да почне да постапува.

Одговорајаќи на прашањето колку би потраел периодот на затворање на мостот за сообраќај, Арсовска рече дека тоа не зависи од нив.

-Се додека не е 100 процентно безбеден и сигурен за премин од страна на граѓаните и на возилата, не смее да биде пуштен сообраќајот. Пред да бидеме сигурни дека издржливоста и статиката на мостот и да се испита дали е безбеден за премин, не можеме да дадеме одговор, рече Арсовска.

Во петок, Градот Скопје донесе одлука да се затвори сообраќајот за сите моторни возила и за движење на пешаци на мостот што ги поврзува Железничката станица и Ист гејт мол, се додека не се утврдат точните штети од пожарот кај мостот „Беласица“

The post Арсовска: Пожарот на мостот „Беласица“ е предизвикан од човечки фактор, не знаеме колку ќе биде затворен appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека пожарот на мостот „Беласица“ е предизвикан од несовесни граѓани. -Прелиминарната истрага покажа дека се работи за фактор човек, имаме несовесни граѓани кои за жал, не размислуваат кои се штетите кои може да настанат, не само по јавното добро , туку и по животот на нашите сограѓани. и тоа е нешто апелиравме и се надеваме дека МВР и ЦУК ќе ги преземат соодветните мерки да бидат елиминирани последици и да се најдат сторителите и за истото да бидат санкционирани, рече Арсовски во вечерашното гостување во емисија на ТВ21. Таа потенцира дека Градот Скопје ќе ги чека анализите и извештаите од МВР и ЦУК за да почне да постапува. Одговорајаќи на прашањето колку би потраел периодот на затворање на мостот за сообраќај, Арсовска рече дека тоа не зависи од нив. -Се додека не е 100 процентно безбеден и сигурен за премин од страна на граѓаните и на возилата, не смее да биде пуштен сообраќајот. Пред да бидеме сигурни дека издржливоста и статиката на мостот и да се испита дали е безбеден за премин, не можеме да дадеме одговор, рече Арсовска. Во петок, Градот Скопје донесе одлука да се затвори сообраќајот за сите моторни возила и за движење на пешаци на мостот што ги поврзува Железничката станица и Ист гејт мол, се додека не се утврдат точните штети од пожарот кај мостот „Беласица“

The post Арсовска: Пожарот на мостот „Беласица“ е предизвикан од човечки фактор, не знаеме колку ќе биде затворен appeared first on Република.

]]>
Петти месец како скопјани имаат проблем со јавниот превоз кој е во тотален хаос https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/petti-mesets-kako-skopjani-imaat-problem-so-javniot-prevoz-koj-e-vo-totalen-haos/ Sun, 26 Feb 2023 16:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=613405

Почнува петти месец како скопјани имаат проблем со јавниот превоз кој е во тотален хаос бидејќи приватните превозници не сообраќаат, а ЈСП нема доволно автобуси, а и тие кои ги има се полусиправни.

Во овие пет месеци е голем предизвик да се стигне на работа, во училиште, на лекар или пак да се заврши некоја потреба. Апликацијата за возен ред не работи, автобусите доаѓаат некогаш на секои 40 минути, некогаш на еден час, а и кога ќе дојдат се распуваат по само две поминати станици. Возачите се нервозни, без одговор на нервозата на патниците на кои животот им се претвори во вежбање трпение за чекање.

Инаку градоначалничката Данела Арсовска откако го раскина договорот со приватните превозници, тврдејќи дека е штетен, преку јавен повик сакаше да обезбеди 100-тина возачи и 50 приватни автобуси но со лимитирани автобуски линии.

Приватните превозници чекаат Град Скопје повторно да распише оглас за доделување пакет-линии и за давање дозвола за линиски превоз на патници. Во комуникациите што ги имале со Арсовска добиле информација дека ќе биде распишан нов оглас, откако двата претходни пропаднаа, бидејќи на нив не се јави никој, а приватните превозници револтирани од тоа што Град Скопје, односно ЈСП не им го исплаќа долгот, ги бојкотираа.

извор:  ЦИВИЛ Медиа

The post Петти месец како скопјани имаат проблем со јавниот превоз кој е во тотален хаос appeared first on Република.

]]>

Почнува петти месец како скопјани имаат проблем со јавниот превоз кој е во тотален хаос бидејќи приватните превозници не сообраќаат, а ЈСП нема доволно автобуси, а и тие кои ги има се полусиправни. Во овие пет месеци е голем предизвик да се стигне на работа, во училиште, на лекар или пак да се заврши некоја потреба. Апликацијата за возен ред не работи, автобусите доаѓаат некогаш на секои 40 минути, некогаш на еден час, а и кога ќе дојдат се распуваат по само две поминати станици. Возачите се нервозни, без одговор на нервозата на патниците на кои животот им се претвори во вежбање трпение за чекање. Инаку градоначалничката Данела Арсовска откако го раскина договорот со приватните превозници, тврдејќи дека е штетен, преку јавен повик сакаше да обезбеди 100-тина возачи и 50 приватни автобуси но со лимитирани автобуски линии. Приватните превозници чекаат Град Скопје повторно да распише оглас за доделување пакет-линии и за давање дозвола за линиски превоз на патници. Во комуникациите што ги имале со Арсовска добиле информација дека ќе биде распишан нов оглас, откако двата претходни пропаднаа, бидејќи на нив не се јави никој, а приватните превозници револтирани од тоа што Град Скопје, односно ЈСП не им го исплаќа долгот, ги бојкотираа. извор:  ЦИВИЛ Медиа

The post Петти месец како скопјани имаат проблем со јавниот превоз кој е во тотален хаос appeared first on Република.

]]>
Заменикот на Арсовска со тешки навреди кон членови на спортски клуб https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zamenikot-na-arsovska-so-teshki-navredi-kon-chlenovi-na-sportski-klub/ Thu, 23 Feb 2023 21:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=612573

Тешка навреда се случи на седницата на Советот на Град Скопје, кога заменикот на градночалничката Данела Арсовска, Александар Трајановски од партијата ГРОМ, боксерски клуб го нарече тепачки чиишто членови наводно се во затвор.

На денешната седница се дискутираше по иницијативата на десетина спортски клубови кои ги користеа просториите на спортската сала на средното училиште „Кочо Рацин“ во скопската општина Ѓорче Петров, а кои на почетокот од месецов беа оставени на улица. Жителите на населбата чии деца спортуваа во салата посочуваат дека зад тоа стојат бизнис интереси на човек кој важи за близок до градоначалничката на Градот Скопје.

Сите спортски клубови коишто се регистрирани во општина Ѓорче Петров на почетокот од февраури испратија барање за користење на салата до градоначалникот на Град Скопје и секретарот на Град Скопје, но наместо позитивен одговор добија вонреден инспекциски надзор.

Погледнете го видеото овде.

The post Заменикот на Арсовска со тешки навреди кон членови на спортски клуб appeared first on Република.

]]>

Тешка навреда се случи на седницата на Советот на Град Скопје, кога заменикот на градночалничката Данела Арсовска, Александар Трајановски од партијата ГРОМ, боксерски клуб го нарече тепачки чиишто членови наводно се во затвор. На денешната седница се дискутираше по иницијативата на десетина спортски клубови кои ги користеа просториите на спортската сала на средното училиште „Кочо Рацин“ во скопската општина Ѓорче Петров, а кои на почетокот од месецов беа оставени на улица. Жителите на населбата чии деца спортуваа во салата посочуваат дека зад тоа стојат бизнис интереси на човек кој важи за близок до градоначалничката на Градот Скопје. Сите спортски клубови коишто се регистрирани во општина Ѓорче Петров на почетокот од февраури испратија барање за користење на салата до градоначалникот на Град Скопје и секретарот на Град Скопје, но наместо позитивен одговор добија вонреден инспекциски надзор. Погледнете го видеото овде.

The post Заменикот на Арсовска со тешки навреди кон членови на спортски клуб appeared first on Република.

]]>
Арсовска не го потпишува договорот за изградба на пречистителна станица, иако целиот проект е изработен без ниту една забелешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-ne-go-potpishuva-dogovorot-za-izgradba-na-prechistitelna-stanitsa-iako-tseliot-proekt-e-izraboten-bez-nitu-edna-zabeleshka/ Wed, 22 Feb 2023 10:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=611852

Целата постапка за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е завршена, но градоначалничката Данела Арсовска не сака да се потпише договорот, пишува СДК.мк.

Проектот за изградба на пречистителната станица чини 137 милиони евра кои се обезбедени преку кредит од Европската инвестициона банка. Ниту Арсовска, ниту новиот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ Драган Илиевски под чија надлежност е проектот, не кажуваат зошто тендерот не се потпишува и зошто го кочат овој важен проект за градот. Тие упорно со месеци ги игнорираат сите прашања поврзани со оваа тема од новинарите и од советниците во Советот на Град Скопје.

Целиот текст овде.

The post Арсовска не го потпишува договорот за изградба на пречистителна станица, иако целиот проект е изработен без ниту една забелешка appeared first on Република.

]]>

Целата постапка за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е завршена, но градоначалничката Данела Арсовска не сака да се потпише договорот, пишува СДК.мк. Проектот за изградба на пречистителната станица чини 137 милиони евра кои се обезбедени преку кредит од Европската инвестициона банка. Ниту Арсовска, ниту новиот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ Драган Илиевски под чија надлежност е проектот, не кажуваат зошто тендерот не се потпишува и зошто го кочат овој важен проект за градот. Тие упорно со месеци ги игнорираат сите прашања поврзани со оваа тема од новинарите и од советниците во Советот на Град Скопје. Целиот текст овде.

The post Арсовска не го потпишува договорот за изградба на пречистителна станица, иако целиот проект е изработен без ниту една забелешка appeared first on Република.

]]>
Приватните автобуски превозници на средба во Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatnite-avtobuski-prevoznitsi-na-sredba-vo-grad-skopje/ Mon, 06 Feb 2023 09:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=605327

Приватните автобуски превозници се примени на средба во Град Скопје откако вчера најавија дека добиле покана за средба од Градот за денеска во 9 часот. Тие минатиот понеделник откако не беа примени во Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, најавија дека повторно ќе почнат со протест преку блокади од денеска ако не бидат примени и не се најде решение за долгот којшто тврдат дека го има Град Скопје кон нив.

Град Скопје ги раскина договорите со приватните превозници кои пред Нова Година блокираа повеќе сообраќајници во центарот на Скопје со барање да им бидат исплатени парите, што пак градоначалничката Данела Арсовска негира дека Градот им е должник.

Средбата не се знае до кога ќе трае, но превозниците се надеваат на добар исход.

The post Приватните автобуски превозници на средба во Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Приватните автобуски превозници се примени на средба во Град Скопје откако вчера најавија дека добиле покана за средба од Градот за денеска во 9 часот. Тие минатиот понеделник откако не беа примени во Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, најавија дека повторно ќе почнат со протест преку блокади од денеска ако не бидат примени и не се најде решение за долгот којшто тврдат дека го има Град Скопје кон нив. Град Скопје ги раскина договорите со приватните превозници кои пред Нова Година блокираа повеќе сообраќајници во центарот на Скопје со барање да им бидат исплатени парите, што пак градоначалничката Данела Арсовска негира дека Градот им е должник. Средбата не се знае до кога ќе трае, но превозниците се надеваат на добар исход.

The post Приватните автобуски превозници на средба во Град Скопје appeared first on Република.

]]>