Арно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arno/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 12:03:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Арно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arno/ 32 32 АРНО ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/arno-gi-proglasi-pobednitsite-od-desettoto-izdanie-na-natprevarot-zeleni-idei/ Sat, 01 Jun 2024 12:03:22 +0000 https://republika.mk/?p=783852

„АРНО“ ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ кои продолжуваат со натпреварување на регионално ниво во септември во Сараево, БиХ. Жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „ Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување “ на Снежана Јаќовска -Интеллигент Индоор Фарм ДООЕЛ Скопје и „BIOHIDE – One SCOBY at a time “ на Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде , додека за ембрионска победничка идеја беше избрана идејата на Трајче Рушев „Mobi Stove, мобилен шпорет за готвење во природа “. Годинава, во победничките идеи доминира зелената димензија за зачувување на ресурсите и животната средина, и видливиот степен на иновација.

Жирито кое ги оценуваше пристигнатите апликации беше во состав на експертите: Марија Ѓошева-Ковачевиќ од „Земјоделски Институт – Скопје”, Бесиана Мустафа од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, Робертина Брајаноска од Македонско еколошко друштво (МЕД), Велимир Лав Илиќ од ФИТР, Сања Лазаревска од ASPIRE Аccelerator и Бојана Киселовски од „Македонија 2025“. За националните победници партнерите повторно обезбедија поддршка: бесплатна регистрација на платформата Connect2MK и менторски услуги од „Македонија 2025“, бесплатно двегодишно членство во Стопанска комора на Северо-западна Македонија. софтверски кредити од Амазон, во вредност од 5000 долари, во траење од 2 години доделни од Aspire Accelerator. И годинава, на трите национални победници, АРНО им додели промотивни пакети од еко садливи картички изработени од македонскиот зелени бизнис Визарт-поранешен победник на натпреварот.

„ Годинава малку бевме загрижени за содржината на апликациите кога ги читавме, но сите кои презентираа денес беа одлични- презентациите беа со добра естетика, со одличен тек, со лични приказни, самото жири беше изненадено. Ќе размислиме за следна година, за нов формат на апликацијата, изгледа досадно е веќе текстуален формулар. Тематски во 2024-та забележуваме доста силна зелена компонента, има некоја свест изградена повеќе. Секако, сите идеи имаа и социјална димензија и бизнис модел. Ние како организација сакаме да порачаме да се става акцент и на социјалното претприемништво, на работна интеграција, на локалната заедница. Толку малку луѓе останавме во земјата, што сите приказни се веќе лични, и тоа треба повеќе да се раскажува“ - изјави Ирина Јаневска од АРНО.

„Го започнуваме процесот на производство со култивирање комбуха, која произведува целулоза како природен нус-производ. Оваа целулоза потоа се преработува во материјал сличен на кожа, со истата луксузна текстура и сила како традиционалната кожа. Нашата био-кожа нуди одржливо решение за еколошките и етичките проблеми поврзани со традиционалното производство на кожа, со значително помал јаглероден отпечаток и без присуство на отпадна на вода.“- изјави Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде.

 

„Зголемувањето на побарувачката на храна и намалувањето на производството на земјоделски произведена храна, поради недостаток на обработлива земја, ги наведоа производителите да користат производство на земјоделски култури во затворени простории. Намалувањето на земјоделско производство главно се должи на намалување на плодно земјиште, неповолните климатски услови и ограничувањата на користење на природните ресурси. Одгледувањето на микрозелени и микробилки со аеропонски систем во контејнер е нов производ на македонскиот пазар“-изјави Снежана Јаќовска од Интелигент Индоор Фарм

„ Мобилниот шпорет Mobi Stove е наменет и дизајниран за готвење во природа. Како гориво користи отпадна биомаса, која се наоѓа секаде во природата. Тежок е само еден килограм и склоплив, што го прави многу едноставен и лесен за транспорт. Дизајнот дозволува и регулација на температурата, односно на оганот, со осум различни степени од најслаб до најсилен, изјави Трајче Рушев.

 

The post АРНО ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ appeared first on Република.

]]>

„АРНО“ ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ кои продолжуваат со натпреварување на регионално ниво во септември во Сараево, БиХ. Жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „ Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување “ на Снежана Јаќовска -Интеллигент Индоор Фарм ДООЕЛ Скопје и „BIOHIDE – One SCOBY at a time “ на Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде , додека за ембрионска победничка идеја беше избрана идејата на Трајче Рушев „Mobi Stove, мобилен шпорет за готвење во природа “. Годинава, во победничките идеи доминира зелената димензија за зачувување на ресурсите и животната средина, и видливиот степен на иновација. Жирито кое ги оценуваше пристигнатите апликации беше во состав на експертите: Марија Ѓошева-Ковачевиќ од „Земјоделски Институт – Скопје”, Бесиана Мустафа од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, Робертина Брајаноска од Македонско еколошко друштво (МЕД), Велимир Лав Илиќ од ФИТР, Сања Лазаревска од ASPIRE Аccelerator и Бојана Киселовски од „Македонија 2025“. За националните победници партнерите повторно обезбедија поддршка: бесплатна регистрација на платформата Connect2MK и менторски услуги од „Македонија 2025“, бесплатно двегодишно членство во Стопанска комора на Северо-западна Македонија. софтверски кредити од Амазон, во вредност од 5000 долари, во траење од 2 години доделни од Aspire Accelerator. И годинава, на трите национални победници, АРНО им додели промотивни пакети од еко садливи картички изработени од македонскиот зелени бизнис Визарт-поранешен победник на натпреварот.
„ Годинава малку бевме загрижени за содржината на апликациите кога ги читавме, но сите кои презентираа денес беа одлични- презентациите беа со добра естетика, со одличен тек, со лични приказни, самото жири беше изненадено. Ќе размислиме за следна година, за нов формат на апликацијата, изгледа досадно е веќе текстуален формулар. Тематски во 2024-та забележуваме доста силна зелена компонента, има некоја свест изградена повеќе. Секако, сите идеи имаа и социјална димензија и бизнис модел. Ние како организација сакаме да порачаме да се става акцент и на социјалното претприемништво, на работна интеграција, на локалната заедница. Толку малку луѓе останавме во земјата, што сите приказни се веќе лични, и тоа треба повеќе да се раскажува“ - изјави Ирина Јаневска од АРНО.
„Го започнуваме процесот на производство со култивирање комбуха, која произведува целулоза како природен нус-производ. Оваа целулоза потоа се преработува во материјал сличен на кожа, со истата луксузна текстура и сила како традиционалната кожа. Нашата био-кожа нуди одржливо решение за еколошките и етичките проблеми поврзани со традиционалното производство на кожа, со значително помал јаглероден отпечаток и без присуство на отпадна на вода.“- изјави Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде.   „Зголемувањето на побарувачката на храна и намалувањето на производството на земјоделски произведена храна, поради недостаток на обработлива земја, ги наведоа производителите да користат производство на земјоделски култури во затворени простории. Намалувањето на земјоделско производство главно се должи на намалување на плодно земјиште, неповолните климатски услови и ограничувањата на користење на природните ресурси. Одгледувањето на микрозелени и микробилки со аеропонски систем во контејнер е нов производ на македонскиот пазар“-изјави Снежана Јаќовска од Интелигент Индоор Фарм „ Мобилниот шпорет Mobi Stove е наменет и дизајниран за готвење во природа. Како гориво користи отпадна биомаса, која се наоѓа секаде во природата. Тежок е само еден килограм и склоплив, што го прави многу едноставен и лесен за транспорт. Дизајнот дозволува и регулација на температурата, односно на оганот, со осум различни степени од најслаб до најсилен, изјави Трајче Рушев.  

The post АРНО ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ appeared first on Република.

]]>
Да не ја земаме почвата здраво за готово! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-ne-ja-zemame-pochvata-zdravo-za-gotovo/ Tue, 16 May 2023 16:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=641494

Во „Јуроп хаус“  Скопје се одржа настанот NATI00NS „Здрава почва+зелени бизниси = инвестиции во нашата иднина“ кој ја стави и Македонија на мапата на 43 држави каде се спроведува овој проект. NATI00NS е европски проект финансиран во рамките на програмата HORIZON, координиран од Универзитетот Архус од Данска. Главната цел на NATI00NS е да допре до и да ги подготви регионалните и националните чинители од Европа да аплицираат и да имплементираат т.н Живи лаборатории (Living Labs), придонесувајќи за мисијата на ЕУ „Договор за почвата во Европа“.

Настанот во Скопје беше во организација на АРНО и Земјоделски институт - Скопје, со поддршка на БиоСенс Институт од Србија. Со поздравен говор на присутните се обратија Трајко Димковски од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ирина Јаневска од АРНО и Марија Ѓошева Ковачевиќ од Земјоделски Институт - Скопје. По поздравните говори, преставничката од Институтот BioSense од Србија го престави проектот Nati00Ns и со тоа се даде поширок контекст како и зошто се случува иницијативата во вкупно 43 држави. Присутните се информираа за концептите на живи лаборатории и светилници на знаење и грантовите поддршки наменети за нивно функционирање.

„Живите лаборатории се иницијативи за соработка за заедничко градење на знаење и иновации. Тие се дефинираат како трансдисциплинарни екосистеми за истражување и иновации фокусирани на корисникот, и вклучуваат повеќе релевантни партнери “ изјави Дајана Вујаклија од БиоСенс Институт.

Во делот на можности за поддршка се споделија информации за тековниот натпревар за зелени идеи на АРНО, отворен до 21-ви мај, како и информации за тековниот повик за поддршка на фондацијата Преда плус.

Локализација на темата се даде преку панел-дискусијата во моја учествуваа претставници од академската заедница (Душко Мукаетов од Земјоделскиот институт - Скопје и Кирил Сотировски од Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“), претставничка од Македонско еколошко друштво (Робертина Брајановска), Димитар Самарџиев - говорник од здружението „Зелената Арка“ и општествената градина „Бостание“ и Дејан Стојановиќ од социјалното претпријатие „ИнВиво“, кој зборуваше за биохумусот и вработувањето на лица со помалку можности.

Настанот заврши со заклучоци дека почвата како природен ресурс има природни, економски и општествени вредности и најважната порака која се упати е дека управувањето и грижата за почвите треба да е одговорност на научните, образовните институции, земјоделците, владините, невладините, граѓаните, и сите останати засегнати страни.

NATI00NS е еден од деветте нови проекти избрани за подготовка на теренот за транзиција кон здрави почви до 2030 година од страна на Европската истражувачка агенција. NATI00NS ќе дејствува како гласник на мисијата, подигајќи ја свеста кај националните и регионалните засегнати страни, обезбедувајќи пристап до материјали и информации за градење капацитети, поттикнувајќи дискусии за најдобрo поставување на т.н живи лаборатории (Living Labs) и спојување на партнери во силни кластери.

Преку 9 годишната имплементација на натпреварот „Зелени идеи“ АРНО стана чинител кој е препознаен по промоцијата на зелена социјална економија. Низ годините, македонските граѓани аплицираат со зелени бизнис идеи за одржливи земјоделски практики, производство на храна, кои во голема мера се потпираат на здрави почви, и искористување на други видови земјишта.
Земјоделскиот институт-Скопје е водечка истражувачка институција со богато знаење и експертиза за здравјето на почвата и одржливите земјоделски практики.

Партнерството помеѓу АРНО и Земјоделскиот институт-Скопје се заснова на заеднички заложби за промовирање одржливи зелени бизниси, заложби за важноста на здрави почви и заложби за едуцирање на граѓаните, особено младите. Партнерството на овие два ентитета e важно за пораката на настанот, која е градење на екосистеми, од долу нагоре.

Факти за почвата

● Иако ја земаме здраво за готово, почвата е кревок, необновлив ресурс, во нашиот животен век кој треба да се чува за идните генерации и со кој треба внимателно да се управува.
● За да се формира еден сантиметар почва требаат стотици години, но треба и многу малку за да се изгуби (една дождовна бура или индустриски инцидент)
● Се проценува дека помеѓу 60 и 70% од почвите во ЕУ не се здрави
● Поради самите наши постапки, ја губиме почвата побрзо отколку што природата може да
ја создаде. Како што населението постојано расте, ние созаваме урбани области поплочувајќи некои од најпродуктивните обработливи површини.
● Една третина од светската почва веќе е оштетена од ерозија на вода и ветер, уништување на шумите, трошењето на хранливи материи и загадување.

The post Да не ја земаме почвата здраво за готово! appeared first on Република.

]]>

Во „Јуроп хаус“  Скопје се одржа настанот NATI00NS „Здрава почва+зелени бизниси = инвестиции во нашата иднина“ кој ја стави и Македонија на мапата на 43 држави каде се спроведува овој проект. NATI00NS е европски проект финансиран во рамките на програмата HORIZON, координиран од Универзитетот Архус од Данска. Главната цел на NATI00NS е да допре до и да ги подготви регионалните и националните чинители од Европа да аплицираат и да имплементираат т.н Живи лаборатории (Living Labs), придонесувајќи за мисијата на ЕУ „Договор за почвата во Европа“. Настанот во Скопје беше во организација на АРНО и Земјоделски институт - Скопје, со поддршка на БиоСенс Институт од Србија. Со поздравен говор на присутните се обратија Трајко Димковски од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ирина Јаневска од АРНО и Марија Ѓошева Ковачевиќ од Земјоделски Институт - Скопје. По поздравните говори, преставничката од Институтот BioSense од Србија го престави проектот Nati00Ns и со тоа се даде поширок контекст како и зошто се случува иницијативата во вкупно 43 држави. Присутните се информираа за концептите на живи лаборатории и светилници на знаење и грантовите поддршки наменети за нивно функционирање. „Живите лаборатории се иницијативи за соработка за заедничко градење на знаење и иновации. Тие се дефинираат како трансдисциплинарни екосистеми за истражување и иновации фокусирани на корисникот, и вклучуваат повеќе релевантни партнери “ изјави Дајана Вујаклија од БиоСенс Институт. Во делот на можности за поддршка се споделија информации за тековниот натпревар за зелени идеи на АРНО, отворен до 21-ви мај, како и информации за тековниот повик за поддршка на фондацијата Преда плус. Локализација на темата се даде преку панел-дискусијата во моја учествуваа претставници од академската заедница (Душко Мукаетов од Земјоделскиот институт - Скопје и Кирил Сотировски од Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“), претставничка од Македонско еколошко друштво (Робертина Брајановска), Димитар Самарџиев - говорник од здружението „Зелената Арка“ и општествената градина „Бостание“ и Дејан Стојановиќ од социјалното претпријатие „ИнВиво“, кој зборуваше за биохумусот и вработувањето на лица со помалку можности. Настанот заврши со заклучоци дека почвата како природен ресурс има природни, економски и општествени вредности и најважната порака која се упати е дека управувањето и грижата за почвите треба да е одговорност на научните, образовните институции, земјоделците, владините, невладините, граѓаните, и сите останати засегнати страни. NATI00NS е еден од деветте нови проекти избрани за подготовка на теренот за транзиција кон здрави почви до 2030 година од страна на Европската истражувачка агенција. NATI00NS ќе дејствува како гласник на мисијата, подигајќи ја свеста кај националните и регионалните засегнати страни, обезбедувајќи пристап до материјали и информации за градење капацитети, поттикнувајќи дискусии за најдобрo поставување на т.н живи лаборатории (Living Labs) и спојување на партнери во силни кластери. Преку 9 годишната имплементација на натпреварот „Зелени идеи“ АРНО стана чинител кој е препознаен по промоцијата на зелена социјална економија. Низ годините, македонските граѓани аплицираат со зелени бизнис идеи за одржливи земјоделски практики, производство на храна, кои во голема мера се потпираат на здрави почви, и искористување на други видови земјишта. Земјоделскиот институт-Скопје е водечка истражувачка институција со богато знаење и експертиза за здравјето на почвата и одржливите земјоделски практики. Партнерството помеѓу АРНО и Земјоделскиот институт-Скопје се заснова на заеднички заложби за промовирање одржливи зелени бизниси, заложби за важноста на здрави почви и заложби за едуцирање на граѓаните, особено младите. Партнерството на овие два ентитета e важно за пораката на настанот, која е градење на екосистеми, од долу нагоре. Факти за почвата ● Иако ја земаме здраво за готово, почвата е кревок, необновлив ресурс, во нашиот животен век кој треба да се чува за идните генерации и со кој треба внимателно да се управува. ● За да се формира еден сантиметар почва требаат стотици години, но треба и многу малку за да се изгуби (една дождовна бура или индустриски инцидент) ● Се проценува дека помеѓу 60 и 70% од почвите во ЕУ не се здрави ● Поради самите наши постапки, ја губиме почвата побрзо отколку што природата може да ја создаде. Како што населението постојано расте, ние созаваме урбани области поплочувајќи некои од најпродуктивните обработливи површини. ● Една третина од светската почва веќе е оштетена од ерозија на вода и ветер, уништување на шумите, трошењето на хранливи материи и загадување.

The post Да не ја земаме почвата здраво за готово! appeared first on Република.

]]>
Уште 10 дена до крајот на натпреварот Зелени идеи 2023 https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ushte-10-dena-do-krajot-na-natprevarot-zeleni-idei-2023/ Thu, 11 May 2023 13:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=639765

АРНО ја потсетува јавноста дека остануваат уште 10 дена до крајниот рок на натпреварот Зелени идеи 2023. На натпреварот можат да аплицираат индивидуалци, здруженија, мали компании, земјоделци, занаетчии, задруги со идеи или почнати зелени бизниси. Тој трае до 21 мај.

Оваа година се надеваме повторно на солидни зелени бизнис идеи и апелираме сите заинтересирани да аплицираат, па макар и тоа да им е само едно искуство. Не знаеме како посилно да нагласиме дека зеленото социјално претприемништво е тренд и патоказ за економијата, ќе има уште повици и поддршки. Мора да сме проактивни и цело време да го набљудуваме пазарот и да се инспирираме. Правењето добро и за природата и за луѓето треба да се водечки принципи, изјави Ирина Јаневска од АРНО.

„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој 11 години поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи кај нас и во Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат во две категории за награди во висина од 5.000 или 10.000 долари за реализација на нивните идеи во своите земји.

Здружението за социјални иновации „АРНО“, деветта година по ред, го администрира националниот натпревар „Зелени идеи“ и досега земјата има девет регионални победници: Првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“ (2015 год.), иницијативата за репарирање на стар мебел-„СПИН“ (2016 год.), платформата за продажба на евтини оброци „Храна за сите“ (2017 година), едукација преку илузионистички еко-пораки „Грин меџик продакшн“ (2017 год), „Био смарт ориз“ производство на ориз на одржлив начин (2019), „Challenger“ мобилна апликација која ги наградува граѓаните за сите зелени километри поминати со пешачење (2019), „Вајс адитив“-прехранбен адитив со преработка на комиње (2020) „О-круг“ – производство на ароматизери и масла од отпадни кори од портокал (2021) и Пилот инсект соба на Ве Дог Фуд од Прилеп (2022).

 

The post Уште 10 дена до крајот на натпреварот Зелени идеи 2023 appeared first on Република.

]]>

АРНО ја потсетува јавноста дека остануваат уште 10 дена до крајниот рок на натпреварот Зелени идеи 2023. На натпреварот можат да аплицираат индивидуалци, здруженија, мали компании, земјоделци, занаетчии, задруги со идеи или почнати зелени бизниси. Тој трае до 21 мај.
Оваа година се надеваме повторно на солидни зелени бизнис идеи и апелираме сите заинтересирани да аплицираат, па макар и тоа да им е само едно искуство. Не знаеме како посилно да нагласиме дека зеленото социјално претприемништво е тренд и патоказ за економијата, ќе има уште повици и поддршки. Мора да сме проактивни и цело време да го набљудуваме пазарот и да се инспирираме. Правењето добро и за природата и за луѓето треба да се водечки принципи, изјави Ирина Јаневска од АРНО.
„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој 11 години поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи кај нас и во Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат во две категории за награди во висина од 5.000 или 10.000 долари за реализација на нивните идеи во своите земји. Здружението за социјални иновации „АРНО“, деветта година по ред, го администрира националниот натпревар „Зелени идеи“ и досега земјата има девет регионални победници: Првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“ (2015 год.), иницијативата за репарирање на стар мебел-„СПИН“ (2016 год.), платформата за продажба на евтини оброци „Храна за сите“ (2017 година), едукација преку илузионистички еко-пораки „Грин меџик продакшн“ (2017 год), „Био смарт ориз“ производство на ориз на одржлив начин (2019), „Challenger“ мобилна апликација која ги наградува граѓаните за сите зелени километри поминати со пешачење (2019), „Вајс адитив“-прехранбен адитив со преработка на комиње (2020) „О-круг“ – производство на ароматизери и масла од отпадни кори од портокал (2021) и Пилот инсект соба на Ве Дог Фуд од Прилеп (2022).  

The post Уште 10 дена до крајот на натпреварот Зелени идеи 2023 appeared first on Република.

]]>