армија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/armija/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 09:48:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png армија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/armija/ 32 32 Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-go-potpisha-zakonot-za-konfiskatsija-na-imot-za-lazhni-vesti-za-armijata/ Wed, 14 Feb 2024 09:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=743970

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Федералниот закон за конфискација на имот за лажни вести за армијата, кој беше објавен на официјалната веб-страница со правни документи.

Во тек се измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, пренесуваат руските медиуми.

На 7 февруари, Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, усвои Закон со кој се конфискува имотот на осудените за ширење лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација и повикување на активности насочени кон поткопување на интегритетот и безбедноста на Русија.

Во образложението се наведува дека во документот се воведува механизам за конфискација на пари, вредни предмети и друг имот за ширење лажни вести за руската армија, како и ако тој имот се користи за финансирање на криминал и какви било други активности насочени против државната безбедност.

Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, го усвои овој Закон на 31 јануари.

Според руските закони донесени минатиот март, дискредитирањето на вооружените сили или ширењето лажни информации за војската се казнува со долги затворски казни.

Извор: МИА

The post Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Федералниот закон за конфискација на имот за лажни вести за армијата, кој беше објавен на официјалната веб-страница со правни документи. Во тек се измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, пренесуваат руските медиуми. На 7 февруари, Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, усвои Закон со кој се конфискува имотот на осудените за ширење лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација и повикување на активности насочени кон поткопување на интегритетот и безбедноста на Русија. Во образложението се наведува дека во документот се воведува механизам за конфискација на пари, вредни предмети и друг имот за ширење лажни вести за руската армија, како и ако тој имот се користи за финансирање на криминал и какви било други активности насочени против државната безбедност. Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, го усвои овој Закон на 31 јануари. Според руските закони донесени минатиот март, дискредитирањето на вооружените сили или ширењето лажни информации за војската се казнува со долги затворски казни. Извор: МИА

The post Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата appeared first on Република.

]]>
Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/armijata-ke-dobie-devet-milioni-evra-vo-oprema-od-evropskiot-miroven-fond/ Wed, 10 Jan 2024 13:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=731601

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, Томаж Ловренчич денеска потпишаа Меморандум за разбирање за првиот билатерален проект помеѓу земјава и Европскиот мировен фонд. Со тоа почнуваат активностите за реализација на поддршката во опрема за пешадиската баталјонска група на нашата Армија во вредност од девет милиони евра.

Овие средства ќе бидат искористени за набавка на логистичка опрема, медицинска опрема, комуникациски-информатички системи, разузнавачки капацитети, инженерска опрема и опрема за изведување обуки - информира Петровска на прес-конференција по потпишувањето на Меморандумот.

Согласно Меморандумот, при набавката на опремата која ќе ја реализира ИТФ консултиран е Генералштабот на Армијата, а во согласност со потребите на земјава, но и највисоките НАТО стандарди.

Оваа поддршка, како што нагласи Петровска, ја потврдува стратешката цел на државата, односно членството на земјава во Европската Унија. Таа исто така потенцираше дека и Европската Комисија констатираше добро ниво на подготвеност и добар напредок во однос на усогласувањето на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, коешто, како што истакна, беше потврдено и со билатералниот скрининг за ова поглавје.

Европскиот амбасадор, Дејвид Гир, истакна дека со овој проект во рамки на одбранбениот сектор, при Европскиот мировен фонд, Европската Унија посветува девет милиони евра за поддршка на Армијата.

Сметам дека ова е еден од првите придонеси од страна на Европскиот мировен фонд покрај нашата поддршка на Украина. При унапредување на несмртносната опрема којашто е достапна на листата на пешадиска баталјонска група ќе помогнеме на Армијата да стане поагилна и на тој начин ќе дадеме придонес во зголемување на нејзиното учество во мировните операции во рамките на заедничката и надворешната одбранбена политика - рече Гир.

Додаде дека ова се прави поради тоа што земјава се докажа во нејзината посветеност на заедничките цели со ЕУ и нејзината усогласеност со Европската заедничка безбедносна политика.

Директорот на ИТФ, Томаж Ловренчич, посочи дека со нетрпение се очекува соработката од партнерството со Министерството за одбрана во рамки на имплементацијата на оваа донација согласно планираните активности.

Активностите веќе започнаа и во последните неколку месеци, следната година и половина ќе го видиме заклучувањето на процесите за набавка и испораката на опремата и сметам дека тоа ќе биде видлив приказ на посветеноста на ЕУ и нејзината политика на пристапување, како и надворешната политика во поглед на зајакнатото партнерство со Македонија - изјави Ловренчич, кој додаде дека овој нов инструмент прв пат е претставен на овој регион и ќе биде пример за да го следат и другите.

На прашањето колку има постигнато Министерството за одбрана во последниот период во врска со ваквите соработки како и пристапната помош од ЕУ во однос на реформите но и воопшто на целата држава и сите институции со оглед на честите критики, Гир одговори дека во редовниот извештај којшто го изработува ЕК објавен во ноември минатата година се истакнува дека има добар напредок во поглед на заедничката безбедносна надворешна политика.

Сметам дека тоа беше еден од најпозитивните аспекти од извештајот за земјата, што значи дека ние продолжуваме да бидеме посветени во давањето на поддршка на реформите во оваа област. Оваа поддршка којашто денеска ја истакнавме не е еднократна, туку ја гледаме како еден долгорочен однос во поглед на градењето на капацитетите на земјата во рамките на одбраната како клучен партнер во рамките на ЕУ, а се разбира и како НАТО партнер - посочи Гир.

Петровска во однос на ова прашање укажа дека извештајот на ЕК минатата година го нотираше напредокот кој е постигнат во одбранбената политика, односно реформите кои се спроведуваат во Министерството за одбрана и во Армијата генерално.

Таа образложи две важни работи за да биде одбраната на потребното ниво, доброто планирање коешто, како што рече, е направено со долгорочните стратешки планови за развој на одбранбените капацитети на македонската армија и на одбраната, како и стабилното и навремено финансирање.

Тие се два клучни елементи кои гарантираат дека во годините коишто престојат она што е зацртано како план за модернизација и за поттикнување на капацитетите, а тоа претставува своевидна реформа, дека всушност ќе биде имплементирано - рече Петровска.

Очекува месецов пред Владата да се презентира планот за реформа на системот за управување со кризи – цивилна заштита, додека законот за критична инфраструктура што првпат ќе се носи во државава е во завршна фаза на консултации. Ова, посочи министерката, се само дел од реформите што се спроведуваат.

The post Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, Томаж Ловренчич денеска потпишаа Меморандум за разбирање за првиот билатерален проект помеѓу земјава и Европскиот мировен фонд. Со тоа почнуваат активностите за реализација на поддршката во опрема за пешадиската баталјонска група на нашата Армија во вредност од девет милиони евра.
Овие средства ќе бидат искористени за набавка на логистичка опрема, медицинска опрема, комуникациски-информатички системи, разузнавачки капацитети, инженерска опрема и опрема за изведување обуки - информира Петровска на прес-конференција по потпишувањето на Меморандумот.
Согласно Меморандумот, при набавката на опремата која ќе ја реализира ИТФ консултиран е Генералштабот на Армијата, а во согласност со потребите на земјава, но и највисоките НАТО стандарди. Оваа поддршка, како што нагласи Петровска, ја потврдува стратешката цел на државата, односно членството на земјава во Европската Унија. Таа исто така потенцираше дека и Европската Комисија констатираше добро ниво на подготвеност и добар напредок во однос на усогласувањето на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, коешто, како што истакна, беше потврдено и со билатералниот скрининг за ова поглавје. Европскиот амбасадор, Дејвид Гир, истакна дека со овој проект во рамки на одбранбениот сектор, при Европскиот мировен фонд, Европската Унија посветува девет милиони евра за поддршка на Армијата.
Сметам дека ова е еден од првите придонеси од страна на Европскиот мировен фонд покрај нашата поддршка на Украина. При унапредување на несмртносната опрема којашто е достапна на листата на пешадиска баталјонска група ќе помогнеме на Армијата да стане поагилна и на тој начин ќе дадеме придонес во зголемување на нејзиното учество во мировните операции во рамките на заедничката и надворешната одбранбена политика - рече Гир.
Додаде дека ова се прави поради тоа што земјава се докажа во нејзината посветеност на заедничките цели со ЕУ и нејзината усогласеност со Европската заедничка безбедносна политика. Директорот на ИТФ, Томаж Ловренчич, посочи дека со нетрпение се очекува соработката од партнерството со Министерството за одбрана во рамки на имплементацијата на оваа донација согласно планираните активности.
Активностите веќе започнаа и во последните неколку месеци, следната година и половина ќе го видиме заклучувањето на процесите за набавка и испораката на опремата и сметам дека тоа ќе биде видлив приказ на посветеноста на ЕУ и нејзината политика на пристапување, како и надворешната политика во поглед на зајакнатото партнерство со Македонија - изјави Ловренчич, кој додаде дека овој нов инструмент прв пат е претставен на овој регион и ќе биде пример за да го следат и другите.
На прашањето колку има постигнато Министерството за одбрана во последниот период во врска со ваквите соработки како и пристапната помош од ЕУ во однос на реформите но и воопшто на целата држава и сите институции со оглед на честите критики, Гир одговори дека во редовниот извештај којшто го изработува ЕК објавен во ноември минатата година се истакнува дека има добар напредок во поглед на заедничката безбедносна надворешна политика.
Сметам дека тоа беше еден од најпозитивните аспекти од извештајот за земјата, што значи дека ние продолжуваме да бидеме посветени во давањето на поддршка на реформите во оваа област. Оваа поддршка којашто денеска ја истакнавме не е еднократна, туку ја гледаме како еден долгорочен однос во поглед на градењето на капацитетите на земјата во рамките на одбраната како клучен партнер во рамките на ЕУ, а се разбира и како НАТО партнер - посочи Гир.
Петровска во однос на ова прашање укажа дека извештајот на ЕК минатата година го нотираше напредокот кој е постигнат во одбранбената политика, односно реформите кои се спроведуваат во Министерството за одбрана и во Армијата генерално. Таа образложи две важни работи за да биде одбраната на потребното ниво, доброто планирање коешто, како што рече, е направено со долгорочните стратешки планови за развој на одбранбените капацитети на македонската армија и на одбраната, како и стабилното и навремено финансирање.
Тие се два клучни елементи кои гарантираат дека во годините коишто престојат она што е зацртано како план за модернизација и за поттикнување на капацитетите, а тоа претставува своевидна реформа, дека всушност ќе биде имплементирано - рече Петровска.
Очекува месецов пред Владата да се презентира планот за реформа на системот за управување со кризи – цивилна заштита, додека законот за критична инфраструктура што првпат ќе се носи во државава е во завршна фаза на консултации. Ова, посочи министерката, се само дел од реформите што се спроведуваат.

The post Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд appeared first on Република.

]]>
Новогодишна еуфорија насекаде: Армискиот Дедо Мраз пристигна со хеликоптер на аеродромот во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novogodishna-euforija-nasekade-armiskiot-dedo-mraz-pristigna-so-helikopter-na-aerodromot-vo-skopje/ Sat, 23 Dec 2023 12:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=725924

Армискиот Дедо Мраз пристигна на Меѓународниот аеродром - Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ со воен транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ.

Густата магла што ја имаше претпладнево на воениот дел од аеродромот не го спречи да слета и да израдува околу 400 деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан.

По краткиот прелет со транспортен воен хеликоптер од составот на вВИНГ, армискиот Дедо Мраз додели новогодишни пакетчиња. Потоа децата, придружувани од најблиските, имаа можност да се згреат со топол војнички чај, да се фотографираат со најомилената новогодишна личност и да разгледаат дел од хеликоптерите, соопшти Министерството за одбрана.

Традиционалната манифестација која повеќе години се реализира во организација на оваа воздухопловна единица на Армијата и оваа година предизвика огромен интерес кај децата на припадници на Армијата и Министерството за одбрана, но и на сите останати кои присуствуваа на настанот.

The post Новогодишна еуфорија насекаде: Армискиот Дедо Мраз пристигна со хеликоптер на аеродромот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Армискиот Дедо Мраз пристигна на Меѓународниот аеродром - Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ со воен транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ. Густата магла што ја имаше претпладнево на воениот дел од аеродромот не го спречи да слета и да израдува околу 400 деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан. По краткиот прелет со транспортен воен хеликоптер од составот на вВИНГ, армискиот Дедо Мраз додели новогодишни пакетчиња. Потоа децата, придружувани од најблиските, имаа можност да се згреат со топол војнички чај, да се фотографираат со најомилената новогодишна личност и да разгледаат дел од хеликоптерите, соопшти Министерството за одбрана. Традиционалната манифестација која повеќе години се реализира во организација на оваа воздухопловна единица на Армијата и оваа година предизвика огромен интерес кај децата на припадници на Армијата и Министерството за одбрана, но и на сите останати кои присуствуваа на настанот.

The post Новогодишна еуфорија насекаде: Армискиот Дедо Мраз пристигна со хеликоптер на аеродромот во Скопје appeared first on Република.

]]>
Петровска ги посети припадниците на Армијата дел од силите на НАТО во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-gi-poseti-pripadnitsite-na-armijata-del-od-silite-na-nato-vo-bugarija/ Sat, 30 Sep 2023 14:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=686625

Припадниците на Армијата на Република Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата, мотивирани, посветени и исклучително професионални во остварувањето на единствената заедничка цел – да бидат гарант за безбедноста на секоја педа сојузничка територија, рече министерката Славјанка Петровска по посетата на армискиот вод кој е дел од силите на НАТО во Бугарија.

Посетата, како што соопшти Министерството за правда, е во рамки на активностите на зголемена будност на Алијансата, воведени на вонредниот Самит на НАТО во Брисел во март 2022 година, по руската агресија во Украина. Целта на мисијата е гаранција на безбедноста на целата територија на Алијансата.

Во базата во Ново Село, министерката Петровска им се заблагодари на македонските, но и на бугарските и сите припадници на сојузничките армии кои се дел од мултинационалната група на НАТО во Бугарија за нивниот придонес кон безбедноста на НАТО.

-Чест и задоволство ми е што денеска заедно со мојот колега дојдовме тука да ги посетиме војниците од оваа група, меѓутоа исто така да им обрнеме особено внимание на нашите, на македонските и на бугарските војници. Особено ме радува и информацијата од брифингот кој го имавме од командантот, од успесите кои се забележани, од начинот на којшто двете армии во состав на оваа мултинационална сила заедно функционираат, заедно работат и се разбира заедно ги бранат интересите на НАТО алијансата, рече министерката Петровска.

Министерката посочи дека сите политички одлуки кои беа донесени во рамките на Алијансата, во однос на безбедноста на НАТО алијансата, денеска војниците го спроведуваат тоа на дело.

-Уште повеќе ме радува што сите оние политички одлуки кои изминатиот период ги носевме во рамките на НАТО алијансата и како гаранција за мирот, безбедноста на секоја педа територија на земјите членки на Алијансата, војниците овде се подготвени тоа да го спроведат на дело. Секое едно вложување и инвестирање во нив значи инвестирање во нашата иднина и во нашата безбедност и затоа ја заслужуваат нашата поддршка, подвлече министерката.

Бугарскиот министер за одбрана, Тагарев посочи дека во Ново Село со министерката Петровска беа сведоци на реалната примена на концептот за зголемена будност на НАТО и изградбата на мултинационалните борбени групи кои се елементи на капацитетот за одвраќање и одбрана на источното крило на НАТО.

-Овде, придонесуваат со војници седум земји, водечка земја е Италија со многу сериозен капацитет, но секој придонес на наш сојузник кон заштитата на НАТО и нашата територија е ценет, вклучително и на воените лица од Македонија. Јас сум многу благодарен што имам можност заедно со министерката Петровска да присуствуваме овде. Видовте воени лица од двете страни во еден строј, со знамињата, со почит еден кон друг, рече бугарскиот министер.

Министерот Тагарев посочи дека војниците од двата контингенти одржуваат дневни контакти со кои се гради соработката и капацитетот заедно да ја гарантираме сигурноста на сојузот, посочуваат од македонското Министерство за одбрана.

Македонскиот контингент во мултинационалните сили во Бугарија е во големина на еден вод. Во овие сили има над 1.000 припадници од сојузниците Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија

The post Петровска ги посети припадниците на Армијата дел од силите на НАТО во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Припадниците на Армијата на Република Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата, мотивирани, посветени и исклучително професионални во остварувањето на единствената заедничка цел – да бидат гарант за безбедноста на секоја педа сојузничка територија, рече министерката Славјанка Петровска по посетата на армискиот вод кој е дел од силите на НАТО во Бугарија. Посетата, како што соопшти Министерството за правда, е во рамки на активностите на зголемена будност на Алијансата, воведени на вонредниот Самит на НАТО во Брисел во март 2022 година, по руската агресија во Украина. Целта на мисијата е гаранција на безбедноста на целата територија на Алијансата. Во базата во Ново Село, министерката Петровска им се заблагодари на македонските, но и на бугарските и сите припадници на сојузничките армии кои се дел од мултинационалната група на НАТО во Бугарија за нивниот придонес кон безбедноста на НАТО. -Чест и задоволство ми е што денеска заедно со мојот колега дојдовме тука да ги посетиме војниците од оваа група, меѓутоа исто така да им обрнеме особено внимание на нашите, на македонските и на бугарските војници. Особено ме радува и информацијата од брифингот кој го имавме од командантот, од успесите кои се забележани, од начинот на којшто двете армии во состав на оваа мултинационална сила заедно функционираат, заедно работат и се разбира заедно ги бранат интересите на НАТО алијансата, рече министерката Петровска. Министерката посочи дека сите политички одлуки кои беа донесени во рамките на Алијансата, во однос на безбедноста на НАТО алијансата, денеска војниците го спроведуваат тоа на дело. -Уште повеќе ме радува што сите оние политички одлуки кои изминатиот период ги носевме во рамките на НАТО алијансата и како гаранција за мирот, безбедноста на секоја педа територија на земјите членки на Алијансата, војниците овде се подготвени тоа да го спроведат на дело. Секое едно вложување и инвестирање во нив значи инвестирање во нашата иднина и во нашата безбедност и затоа ја заслужуваат нашата поддршка, подвлече министерката. Бугарскиот министер за одбрана, Тагарев посочи дека во Ново Село со министерката Петровска беа сведоци на реалната примена на концептот за зголемена будност на НАТО и изградбата на мултинационалните борбени групи кои се елементи на капацитетот за одвраќање и одбрана на источното крило на НАТО. -Овде, придонесуваат со војници седум земји, водечка земја е Италија со многу сериозен капацитет, но секој придонес на наш сојузник кон заштитата на НАТО и нашата територија е ценет, вклучително и на воените лица од Македонија. Јас сум многу благодарен што имам можност заедно со министерката Петровска да присуствуваме овде. Видовте воени лица од двете страни во еден строј, со знамињата, со почит еден кон друг, рече бугарскиот министер. Министерот Тагарев посочи дека војниците од двата контингенти одржуваат дневни контакти со кои се гради соработката и капацитетот заедно да ја гарантираме сигурноста на сојузот, посочуваат од македонското Министерство за одбрана. Македонскиот контингент во мултинационалните сили во Бугарија е во големина на еден вод. Во овие сили има над 1.000 припадници од сојузниците Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија

The post Петровска ги посети припадниците на Армијата дел од силите на НАТО во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Армијата е нашата гордост, гарант на мирот и безбедноста во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-armijata-e-nashata-gordost-garant-na-mirot-i-bezbednosta-vo-severna-makedonija/ Fri, 18 Aug 2023 10:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=673296

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 август–Денот на Армијата на Република Македонија.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Ковачевски:

Ми претставува особена чест што денеска сум заедно со вас на одбележувањето на 31 година од формирањето на Армијата на нашата татковина. Вооружените сили носат две важни нишки во нашето постоење, првата е што отворија мирен пат за наша независност и суверенитет, втората што децении беа најголем амбасадор на нашата држава на меѓународен план се до остварување на нашата прва стратешка цел-членството во НАТО.

Вашата работа и професионалност се препознава и цени, затоа денес, стоејќи овде пред вас припадниците и припадничките на македонската Армија сакам да ви се заблагодарам за се што правите за татковината. Да ви се заблагодарам и како Претседател на Владата, но првенствено како граѓанин на Македонија.

Армијата е гордост на нашиот народ, вие сте припадници на моќна и почитувана армија, гарант на мирот и безбедноста на Македонија.

Како членка на НАТО денес Армијата на Македонија придонесува во операциите на мисиите за поддршка на мирот. Ги промовирате заедничките вредности во Алијансата, придонесувате за заедничката надворешна и безбедносна политика, истовремено развивајќи ги капацитетите на нашата Армија.

Владата е посветена на сите ваши активности и даваме поддршка на она што го прави Армијата на Македонија. Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери во изминативе години направи видливи резултати и огромни чекори без разлика дали станува збор за законодавна рамка, стратегија или организациски сегмент во работењето на Армијата.

Големи напори вложивме во враќањето на достоинството на војниците, подобрување на нивниот статус и материјална положба.

Со измените на Законот за служба во Армијата ги зголемивме платите, месечниот надоместок за станарина кој сериозно ги надополнува домашните буџети на припадниците на Армијата како и можноста за отпремнина на професионалните војници по навршување на 45-тата година старост во висина од 20.000 до 25.000 евра.

Вложувањето во одбраната е вложување во безбедноста на граѓаните и националната безбедност. Како премиер, поставив јасна цел нашата Армија да ја направиме уште поефикасна и поквалитетна, да го подигнеме нивото на одбранбена способност и да го подигнеме нејзиниот меѓународен углед. Ги зголемивме средствата за опремување и модернизација на Армијата, издвојувајќи 33% од одбранбениот буџет. Годинава буџетот за одбраната е 1,85% од БДП и е поголем од буџетот за 2022 година за 24,45 проценти. Со ова покажавме дека ги почитуваме обврските и стандардите кои заедно со сојузниците ги дефиниравме на последниот НАТО Самит. Продолжуваме со динамиката на зголемување, а во 2024 година ќе го реализираме она што го презедовме како обврска, издвојувањето за одбраната да изнесува 2% од БДП.

Воедно, на последниот Самит на Алијансата, донесовме и одлука да ги усвоиме новите регионални планови за колективна одбрана и брз одговор на заканите преку копно, вода и воздух. Ова е генерациска трансформација што долгорочно ќе го зајакне НАТО, а со тоа и нашата одбрана и Армијата како таква.

Прашањето за глобална безбедност, безбедноста на европскиот континент е едно од капиталните прашања за денешницата, независно дали станува збор за конвенционални или хибридни закани.

Да се биде припадник на Армијата на Македонија, бара посветеност, знаење и подготвеност. Благодарение на вашата одговорна работа и исполнување на задачите на највисоко професионално ниво, ја стекнавте огромната поддршка и доверба од граѓаните.

Во бројни специфични ситуации како големите пожари, поплави, епидемијата, Армијата беше тука и за цивилното население и за помош на локалните самоуправи. Како држава покажавме дека системот на домашната безбедност е активен и ефикасен и влијанијата на овие кризи беа сведени на минимум.

Нашата Армија даде огромен придонес и во помош за време на природните катастрофи од кои беа погодени нашите партнерски земји, земјотресите во Турција, поплавите во Словенија.

Граѓаните ја гледаат оваа пожртвуваност. Затоа Армијата ужива највисока доверба кај граѓаните.

Силната поврзаност и меѓусебната доверба, почитта кон Армијата на Македонија од граѓаните кои живеат во оваа земја нѐ охрабрува, но ни дава и задача во иднина како Влада да направиме се Армијата да го има сето она што и е потребно за да продолжи силно да се развива.

Државата е пред сè и над сè. За да имаме силна, суверена, безбедна држава за нас и нашите поколенија, мора да останеме цврсти и посветени на вложувањето во секој општествен сегмент во државата, вклучувајќи ја и одбраната. Интеграцијата во европските структури е во врвот на приоритетите. Пред нас е остварување на уште една стратешка цел-членство во Европската Унија. Како премиер, поставив јасни цели и мерки и со одлучноста што ја имаме, а Владата предводена од СДСМ заедно со коалиционите партнери, секогаш ја покажувала, ќе продолжиме да носиме храбри одлуки. Никој нема право да бега од одлуки и обврски за остварување на демократска, социјално праведна и економски силна Македонија.

Да, знам, сите ние сме свесни дека нашата држава има тежок пат, споредено со која било друга членка на Европската Унија или НАТО. Но, безбедниот и квалитетен живот на нацијата, на поединецот во Македонија е нашиот фокус. Нема ништо поважно од тоа ние политичарите да бидеме посветени, да се вложуваме и работиме за доброто на нашите граѓани. Во фокусот да ни биде подобро утре, а не политичките кариери. Денес е денот кога доаѓа крајот на лагата и денес ќе се види кој е за ЕУ, а кој е за блокирање на патот на државата во ЕУ. Додека јас сум премиер, Владата ќе работи на интеграција на државата во ЕУ затоа што граѓаните тоа го заслужуваат.

Со државништво и дипломатски вештини низ годините создадовме соживот, добрососедство, меѓународен имиџ. Денес е време да создадеме европска иднина!

Да живее Европска Македонија!

Да живее македонската Армија!“

The post Ковачевски: Армијата е нашата гордост, гарант на мирот и безбедноста во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 август–Денот на Армијата на Република Македонија. Во продолжение ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Ковачевски: Ми претставува особена чест што денеска сум заедно со вас на одбележувањето на 31 година од формирањето на Армијата на нашата татковина. Вооружените сили носат две важни нишки во нашето постоење, првата е што отворија мирен пат за наша независност и суверенитет, втората што децении беа најголем амбасадор на нашата држава на меѓународен план се до остварување на нашата прва стратешка цел-членството во НАТО. Вашата работа и професионалност се препознава и цени, затоа денес, стоејќи овде пред вас припадниците и припадничките на македонската Армија сакам да ви се заблагодарам за се што правите за татковината. Да ви се заблагодарам и како Претседател на Владата, но првенствено како граѓанин на Македонија. Армијата е гордост на нашиот народ, вие сте припадници на моќна и почитувана армија, гарант на мирот и безбедноста на Македонија. Како членка на НАТО денес Армијата на Македонија придонесува во операциите на мисиите за поддршка на мирот. Ги промовирате заедничките вредности во Алијансата, придонесувате за заедничката надворешна и безбедносна политика, истовремено развивајќи ги капацитетите на нашата Армија. Владата е посветена на сите ваши активности и даваме поддршка на она што го прави Армијата на Македонија. Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери во изминативе години направи видливи резултати и огромни чекори без разлика дали станува збор за законодавна рамка, стратегија или организациски сегмент во работењето на Армијата. Големи напори вложивме во враќањето на достоинството на војниците, подобрување на нивниот статус и материјална положба. Со измените на Законот за служба во Армијата ги зголемивме платите, месечниот надоместок за станарина кој сериозно ги надополнува домашните буџети на припадниците на Армијата како и можноста за отпремнина на професионалните војници по навршување на 45-тата година старост во висина од 20.000 до 25.000 евра. Вложувањето во одбраната е вложување во безбедноста на граѓаните и националната безбедност. Како премиер, поставив јасна цел нашата Армија да ја направиме уште поефикасна и поквалитетна, да го подигнеме нивото на одбранбена способност и да го подигнеме нејзиниот меѓународен углед. Ги зголемивме средствата за опремување и модернизација на Армијата, издвојувајќи 33% од одбранбениот буџет. Годинава буџетот за одбраната е 1,85% од БДП и е поголем од буџетот за 2022 година за 24,45 проценти. Со ова покажавме дека ги почитуваме обврските и стандардите кои заедно со сојузниците ги дефиниравме на последниот НАТО Самит. Продолжуваме со динамиката на зголемување, а во 2024 година ќе го реализираме она што го презедовме како обврска, издвојувањето за одбраната да изнесува 2% од БДП. Воедно, на последниот Самит на Алијансата, донесовме и одлука да ги усвоиме новите регионални планови за колективна одбрана и брз одговор на заканите преку копно, вода и воздух. Ова е генерациска трансформација што долгорочно ќе го зајакне НАТО, а со тоа и нашата одбрана и Армијата како таква. Прашањето за глобална безбедност, безбедноста на европскиот континент е едно од капиталните прашања за денешницата, независно дали станува збор за конвенционални или хибридни закани. Да се биде припадник на Армијата на Македонија, бара посветеност, знаење и подготвеност. Благодарение на вашата одговорна работа и исполнување на задачите на највисоко професионално ниво, ја стекнавте огромната поддршка и доверба од граѓаните. Во бројни специфични ситуации како големите пожари, поплави, епидемијата, Армијата беше тука и за цивилното население и за помош на локалните самоуправи. Како држава покажавме дека системот на домашната безбедност е активен и ефикасен и влијанијата на овие кризи беа сведени на минимум. Нашата Армија даде огромен придонес и во помош за време на природните катастрофи од кои беа погодени нашите партнерски земји, земјотресите во Турција, поплавите во Словенија. Граѓаните ја гледаат оваа пожртвуваност. Затоа Армијата ужива највисока доверба кај граѓаните. Силната поврзаност и меѓусебната доверба, почитта кон Армијата на Македонија од граѓаните кои живеат во оваа земја нѐ охрабрува, но ни дава и задача во иднина како Влада да направиме се Армијата да го има сето она што и е потребно за да продолжи силно да се развива. Државата е пред сè и над сè. За да имаме силна, суверена, безбедна држава за нас и нашите поколенија, мора да останеме цврсти и посветени на вложувањето во секој општествен сегмент во државата, вклучувајќи ја и одбраната. Интеграцијата во европските структури е во врвот на приоритетите. Пред нас е остварување на уште една стратешка цел-членство во Европската Унија. Како премиер, поставив јасни цели и мерки и со одлучноста што ја имаме, а Владата предводена од СДСМ заедно со коалиционите партнери, секогаш ја покажувала, ќе продолжиме да носиме храбри одлуки. Никој нема право да бега од одлуки и обврски за остварување на демократска, социјално праведна и економски силна Македонија. Да, знам, сите ние сме свесни дека нашата држава има тежок пат, споредено со која било друга членка на Европската Унија или НАТО. Но, безбедниот и квалитетен живот на нацијата, на поединецот во Македонија е нашиот фокус. Нема ништо поважно од тоа ние политичарите да бидеме посветени, да се вложуваме и работиме за доброто на нашите граѓани. Во фокусот да ни биде подобро утре, а не политичките кариери. Денес е денот кога доаѓа крајот на лагата и денес ќе се види кој е за ЕУ, а кој е за блокирање на патот на државата во ЕУ. Додека јас сум премиер, Владата ќе работи на интеграција на државата во ЕУ затоа што граѓаните тоа го заслужуваат. Со државништво и дипломатски вештини низ годините создадовме соживот, добрососедство, меѓународен имиџ. Денес е време да создадеме европска иднина! Да живее Европска Македонија! Да живее македонската Армија!“

The post Ковачевски: Армијата е нашата гордост, гарант на мирот и безбедноста во Македонија appeared first on Република.

]]>
Барала 3.000 евра поткуп од кандидат пријавен на оглас: Приведена припадничка на Армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/barala-3-000-evra-potkup-od-kandidat-prijaven-na-oglas-privedena-pripadnichka-na-armijata/ Sat, 20 May 2023 09:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=642937

Во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство, привеле припадничка на Армијата поради вршење на кривично дело поткуп.

Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да и даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници. Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!, напиша министерката за одбрана, Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.

The post Барала 3.000 евра поткуп од кандидат пријавен на оглас: Приведена припадничка на Армијата appeared first on Република.

Синот на претседателот на Уганда: Нарекувајте ме путинист, ќе испратиме армија да ја брани Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sinot-na-pretsedatelot-na-uganda-narekuvajte-me-putinist-ke-ispratime-armija-da-ja-brani-moskva/ Thu, 06 Apr 2023 08:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=627817

Синот на претседателот на Уганда, Мухози Кајнеругаба, рече дека ќе испрати војници да ја бранат Москва во случај на „империјалистичка“ закана.

„Наречете ме „путинист“ ако сакате, но Уганда треба да испрати војници да ја бранат Москва доколку империјалистите некогаш и се закануваат. Западот си го губи времето со бескорисна проукраинска пропаганда“, напиша на Твитер синот на претседателот, жесток поддржувач на Владимир Путин.

Сепак, тој го избриша тој твит, според медиумите.

Уганда се воздржа од гласањето на ОН за украинскиот конфликт, вклучително и она во февруари на првата годишнина од руската инвазија на Украина, кога ја повика Москва да ги повлече своите трупи од земјата, пишува African News.

Во јули, за време на турнејата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров низ Африка, Кајнеругаба, мислејќи на Русија, рече: „Како можеме да бидеме против некој што никогаш не нè повредил?“, пренесува медиумот.

The post Синот на претседателот на Уганда: Нарекувајте ме путинист, ќе испратиме армија да ја брани Москва appeared first on Република.

]]>

Синот на претседателот на Уганда, Мухози Кајнеругаба, рече дека ќе испрати војници да ја бранат Москва во случај на „империјалистичка“ закана. „Наречете ме „путинист“ ако сакате, но Уганда треба да испрати војници да ја бранат Москва доколку империјалистите некогаш и се закануваат. Западот си го губи времето со бескорисна проукраинска пропаганда“, напиша на Твитер синот на претседателот, жесток поддржувач на Владимир Путин. Сепак, тој го избриша тој твит, според медиумите. Уганда се воздржа од гласањето на ОН за украинскиот конфликт, вклучително и она во февруари на првата годишнина од руската инвазија на Украина, кога ја повика Москва да ги повлече своите трупи од земјата, пишува African News. Во јули, за време на турнејата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров низ Африка, Кајнеругаба, мислејќи на Русија, рече: „Како можеме да бидеме против некој што никогаш не нè повредил?“, пренесува медиумот.

The post Синот на претседателот на Уганда: Нарекувајте ме путинист, ќе испратиме армија да ја брани Москва appeared first on Република.

]]>
Војниците ќе добијат по уште една просечна плата, покрај редовната, во знак на благодарност за помошта на турскиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vojnitsite-ke-dobijat-po-ushte-edna-prosechna-plata-pokraj-redovnata-vo-znak-na-blagodarnost-za-pomoshta-na-turskiot-narod/ Mon, 20 Feb 2023 11:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=611023

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се заблагодари на македонската Армија за пожртвуваноста и помошта која ја пружиле на турскиот народ. Кажа дека сите војници ќе добијат по уште една просечна плата, покрај редовната, во знак на благодарност.

Одлучивме дека треба да ги испратиме најобучените за справување со ваква тешка задача, извлекување на она што можеше да се спаси. Ви благодариме што го спасивте малиот Сулејман и му дадовте шанса. Одлучивме дополнително и покрај се што правиме, да ве наградиме и со дополнителна исплата на една просечна плата. Знам дека тоа не ви е достигнување и она што го имате во срцата не се купува. И затоа во секоја наредна мисија нѐ правите се поголеми“, кажа Петровска.

Таа им честиташе за напорот кој го вложија.

The post Војниците ќе добијат по уште една просечна плата, покрај редовната, во знак на благодарност за помошта на турскиот народ appeared first on Република.

Поради војната во Украина, Македонија ги испраќа своите советски хеликоптери на ремонт во Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poradi-vojnata-vo-ukraina-makedonija-gi-ispraka-svoite-sovetski-helikopteri-na-remont-vo-cheshka/ Wed, 15 Feb 2023 10:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=609233

Војната во Украина предизвика повеќето армии во НАТО меѓу кои и АРСМ кои поседуваат авиони но и други летала од советско или руско потекло да се соочуваат со потешкотии за нивно редовно сервисирање но и набавка на резервни делови и ремонти. Главна причина за потешкотиите се секако санкциите кон Русија кои ги прекинаа механизмите за редовна поддршка при набавка на резервни делови и ремонт.

Во тој контекст среде војна во Украина и неможност да се обави ремонт на македонските летала, два хеликоптера Ми-8МТ од руско потекло кои се во редовите на македонската армија поради истек на временскиот ресурс за летање заминуваат на ремонт во чешкиот завод ЛОМ во Прага, наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“.

По долго задоцнување, потпишан е меѓудржавен договор според кој во рок од 13 месеци ќе се вратат во употреба два Ми-8МТ, регистарски броеви 305 и 306, со временски ресурс од осум години. Цената на работите е блиску до шест милиони евра, се додава во текстот.

Порталот наведува дека контроверзното прашање околу ремонтот на тие хеликоптери од 1985 година е набавката на резервни делови кои ги прави само руската авијација и до кои Македонија, како членка на НАТО, не може да пристапи поради војната во Украина.

Во таа конотација некаде пред крајот на минатата година министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу владите на двете земји. Договорот, кој е по принципот „Влада со Влада“, како што соопштија тогаш од Министерството за одбрана, е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци.

Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор „Влада со Влада“ (Г2Г) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците – информираа во соопштението од МО.

Инаку, Македонија претходно главно се потпираше на украинската поддршка за ремонт, од каде ги набави сите Ми-8 и Ми-17, како и борбените Ми-24В што ги има во својот инвентар. Сега има по два Ми-17, Ми-8МТ и Ми-24В, за кои се вели дека се „во ресурс“ и ќе можат да летаат до средината на оваа деценија, во зависност од времето на завршување на последниот ремонт.

Во исто време, двата Ми-24В ремонтирани во Украина во 2018 година ќе летаат до 2025 година. Двата Ми-17 за македонската воена авијација се набавени во 1994 година од Украина, а се произведени во фабриката во Казан, Русија. И двата беа ремонтирани во Литванија и вратени во март 2017 година и на нив се смета до 2024 година.

Македонски воени ознаки носат четири примероци на Ми-8МТ, од кои три се произведени во 1985 година, а еден во 1986 година. Првично летаа во советската авијација, а во 1992 година, по поделбата на државата и имотот, ѝ припаднаа на Украина. Тие беа испратени во базата „Бондстил“ на Косово како дел од украинскиот контингент во КФОР, а во 2001 година Македонија ги купи од Украина за да ги користи во војната со ОНА.

Според планот за развој на вооружените сили на Македонија за периодот од 2019 до 2028 година, планиран е ремонт на два Ми-8МТ, кои сега ќе се реализира, како и набавка на нови летала. Според тој документ, тоа е програма што треба да биде покрената во 2024 година. Предвидениот буџет е 216 милиони евра, наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“.

The post Поради војната во Украина, Македонија ги испраќа своите советски хеликоптери на ремонт во Чешка appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина предизвика повеќето армии во НАТО меѓу кои и АРСМ кои поседуваат авиони но и други летала од советско или руско потекло да се соочуваат со потешкотии за нивно редовно сервисирање но и набавка на резервни делови и ремонти. Главна причина за потешкотиите се секако санкциите кон Русија кои ги прекинаа механизмите за редовна поддршка при набавка на резервни делови и ремонт. Во тој контекст среде војна во Украина и неможност да се обави ремонт на македонските летала, два хеликоптера Ми-8МТ од руско потекло кои се во редовите на македонската армија поради истек на временскиот ресурс за летање заминуваат на ремонт во чешкиот завод ЛОМ во Прага, наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“. По долго задоцнување, потпишан е меѓудржавен договор според кој во рок од 13 месеци ќе се вратат во употреба два Ми-8МТ, регистарски броеви 305 и 306, со временски ресурс од осум години. Цената на работите е блиску до шест милиони евра, се додава во текстот. Порталот наведува дека контроверзното прашање околу ремонтот на тие хеликоптери од 1985 година е набавката на резервни делови кои ги прави само руската авијација и до кои Македонија, како членка на НАТО, не може да пристапи поради војната во Украина. Во таа конотација некаде пред крајот на минатата година министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу владите на двете земји. Договорот, кој е по принципот „Влада со Влада“, како што соопштија тогаш од Министерството за одбрана, е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци. Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор „Влада со Влада“ (Г2Г) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците – информираа во соопштението од МО. Инаку, Македонија претходно главно се потпираше на украинската поддршка за ремонт, од каде ги набави сите Ми-8 и Ми-17, како и борбените Ми-24В што ги има во својот инвентар. Сега има по два Ми-17, Ми-8МТ и Ми-24В, за кои се вели дека се „во ресурс“ и ќе можат да летаат до средината на оваа деценија, во зависност од времето на завршување на последниот ремонт. Во исто време, двата Ми-24В ремонтирани во Украина во 2018 година ќе летаат до 2025 година. Двата Ми-17 за македонската воена авијација се набавени во 1994 година од Украина, а се произведени во фабриката во Казан, Русија. И двата беа ремонтирани во Литванија и вратени во март 2017 година и на нив се смета до 2024 година. Македонски воени ознаки носат четири примероци на Ми-8МТ, од кои три се произведени во 1985 година, а еден во 1986 година. Првично летаа во советската авијација, а во 1992 година, по поделбата на државата и имотот, ѝ припаднаа на Украина. Тие беа испратени во базата „Бондстил“ на Косово како дел од украинскиот контингент во КФОР, а во 2001 година Македонија ги купи од Украина за да ги користи во војната со ОНА. Според планот за развој на вооружените сили на Македонија за периодот од 2019 до 2028 година, планиран е ремонт на два Ми-8МТ, кои сега ќе се реализира, како и набавка на нови летала. Според тој документ, тоа е програма што треба да биде покрената во 2024 година. Предвидениот буџет е 216 милиони евра, наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“.

The post Поради војната во Украина, Македонија ги испраќа своите советски хеликоптери на ремонт во Чешка appeared first on Република.

]]>
Ова се припадниците на нашата Армија кои помогнаа во спасувањето на малиот Сулејман https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ova-se-pripadnitsite-na-nashata-armija-koi-pomognaa-vo-spasuvaneto-na-maliot-sulejman/ Fri, 10 Feb 2023 10:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=607306

Претседателот на државата Стево Пендаровски објави фотографија од македонските војници кои учествуваа во спасувањето петгодишното дете од урнатините во турскиот град Кахраманмараш.

Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција, напиша Перндаровски на Фејсбук.

Од Генералштабот на Армијата синоќа информираа дека македонскиот армиски тим кој е ангажиран во градот Кахраманмараш помогна во успешната акција за извлекување на петодишно дете од урнатините.

По шестчасовно расчистување на урнатините и дополнителни четири часа тие успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман.

The post Ова се припадниците на нашата Армија кои помогнаа во спасувањето на малиот Сулејман appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски објави фотографија од македонските војници кои учествуваа во спасувањето петгодишното дете од урнатините во турскиот град Кахраманмараш.
Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција, напиша Перндаровски на Фејсбук.
Од Генералштабот на Армијата синоќа информираа дека македонскиот армиски тим кој е ангажиран во градот Кахраманмараш помогна во успешната акција за извлекување на петодишно дете од урнатините. По шестчасовно расчистување на урнатините и дополнителни четири часа тие успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман.  

The post Ова се припадниците на нашата Армија кои помогнаа во спасувањето на малиот Сулејман appeared first on Република.

]]>
Во Армијата примени 200 професионални војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-armijata-primeni-200-profesionalni-vojnitsi/ Wed, 28 Dec 2022 11:14:18 +0000 https://republika.mk/?p=590895

Во Армијата на Република Македонија денеска се приклучија 200 нови професионални војници на кои решенијата за работа им ги додели министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена церемонија во касарната „Илинден“ во Скопје.

Министерката упати честитки и изрази задоволство што младите војници одлучиле да и служат на татковината.

Бидете горди затоа што станувате дел од институција која е најпочитувана, најценета институција која својот углед го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани, силна опремена модернизирана армија способна да одговори на сите предизвици, тоа е армијата на РСМ. Денес е институција која ужива најголема доверба кај граѓаните и тоа е огромна чест а и обврска за сите да нас. За да успеете во таа цел не сте сами, Министерството за одбрана и Генералштабот се со вас. Нашата задача е да бидете добро опремени да работите во одлични услови, да имате ново и модерно вооружување, да имате плати кои одговараат на вашиот труд, енергија и знаење - порача Петровска.

Новопримените војници, нагласи таа, сега се дел од НАТО семејството.

Денеска вие станувате дел од нешто што е поголемо од сите нас, денеска вие сте дел од НАТО Алијансата која е безбедносен чадор за повеќе од една милијарда луѓе во светот. Вие сте сега НАТО војници, ќе имате прилика да учествувате во НАТО обуките, да бидете дел од различни НАТО мисии и да ја покажете истата вештина и истото знање како и вашите колеги - изјави министерката.

Информира дека Буџетот за одбраната за 2023 година изнесува 274 милиони евра.

Тоа се средства кои по различни основи се наменети за континуирано покачување на платите, надомест за станарина од првиот месец на стапување на должност, набавка на нова софистицирана опрема, надоместоци за зголемено учество на мисии, поддршка за вежби - појасни министерката.

Викторија Јовановска, која е една од новопримените војниците истакна дека и е чест и задоволство да ја носи униформата и да им служи на граѓаните.

Чест и задоволство е да се носи оваа униформа, голема мотивација ми беше во 2019 да служам добролволно воен рок. Ги мотивирам сите млади да дојат да служат и да се вработат поради тоа што оваа униформа е чест и заедно сме за сите граѓани понатака. Огромна чест е и не секој може да ја носи оваа униформа. Тука сме да служиме на граѓаните и на државата - изјави Јовановска.

Јавниот оглас за прием на новите професионални војници на служба во Армијата беше објавен во септември годинава. Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување договор ќе земаат почетна плата над 25.000 денари со дополнителни над 9.000 денари – средства за станбено обезбедување од 1 јануари 2023 година.

The post Во Армијата примени 200 професионални војници appeared first on Република.

]]>

Во Армијата на Република Македонија денеска се приклучија 200 нови професионални војници на кои решенијата за работа им ги додели министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена церемонија во касарната „Илинден“ во Скопје. Министерката упати честитки и изрази задоволство што младите војници одлучиле да и служат на татковината.
Бидете горди затоа што станувате дел од институција која е најпочитувана, најценета институција која својот углед го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани, силна опремена модернизирана армија способна да одговори на сите предизвици, тоа е армијата на РСМ. Денес е институција која ужива најголема доверба кај граѓаните и тоа е огромна чест а и обврска за сите да нас. За да успеете во таа цел не сте сами, Министерството за одбрана и Генералштабот се со вас. Нашата задача е да бидете добро опремени да работите во одлични услови, да имате ново и модерно вооружување, да имате плати кои одговараат на вашиот труд, енергија и знаење - порача Петровска.
Новопримените војници, нагласи таа, сега се дел од НАТО семејството.
Денеска вие станувате дел од нешто што е поголемо од сите нас, денеска вие сте дел од НАТО Алијансата која е безбедносен чадор за повеќе од една милијарда луѓе во светот. Вие сте сега НАТО војници, ќе имате прилика да учествувате во НАТО обуките, да бидете дел од различни НАТО мисии и да ја покажете истата вештина и истото знање како и вашите колеги - изјави министерката.
Информира дека Буџетот за одбраната за 2023 година изнесува 274 милиони евра.
Тоа се средства кои по различни основи се наменети за континуирано покачување на платите, надомест за станарина од првиот месец на стапување на должност, набавка на нова софистицирана опрема, надоместоци за зголемено учество на мисии, поддршка за вежби - појасни министерката.
Викторија Јовановска, која е една од новопримените војниците истакна дека и е чест и задоволство да ја носи униформата и да им служи на граѓаните.
Чест и задоволство е да се носи оваа униформа, голема мотивација ми беше во 2019 да служам добролволно воен рок. Ги мотивирам сите млади да дојат да служат и да се вработат поради тоа што оваа униформа е чест и заедно сме за сите граѓани понатака. Огромна чест е и не секој може да ја носи оваа униформа. Тука сме да служиме на граѓаните и на државата - изјави Јовановска.
Јавниот оглас за прием на новите професионални војници на служба во Армијата беше објавен во септември годинава. Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување договор ќе земаат почетна плата над 25.000 денари со дополнителни над 9.000 денари – средства за станбено обезбедување од 1 јануари 2023 година.

The post Во Армијата примени 200 професионални војници appeared first on Република.

]]>
Владата ќе испраќа македонски војници во неколку странски мисии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-kje-isprakja-makedonski-vojnici-vo-nekolku-stranski-misii/ Tue, 01 Nov 2022 17:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=568434

На владина седница, на предлог на Министерството за одбрана, се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на меѓународни мисии, соопшти владината прес-служба.

Припадници на Армијата ќе бидат испратени во НАТО мисијата „NATO Mission Iraq – NMI“ во Ирак, во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово, во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence – eFP ) во Летонија, како и во меѓународната операција на ОН, „УНИФИЛ“ во Либан.

The post Владата ќе испраќа македонски војници во неколку странски мисии appeared first on Република.

]]>

На владина седница, на предлог на Министерството за одбрана, се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на меѓународни мисии, соопшти владината прес-служба. Припадници на Армијата ќе бидат испратени во НАТО мисијата „NATO Mission Iraq – NMI“ во Ирак, во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово, во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence – eFP ) во Летонија, како и во меѓународната операција на ОН, „УНИФИЛ“ во Либан.

The post Владата ќе испраќа македонски војници во неколку странски мисии appeared first on Република.

]]>
Кинеската армија почна со воени вежби, тајванската армија е подготвена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kineskata-armija-pochna-so-voeni-vezbi-tajvanskata-armija-e-podgotvena/ Thu, 04 Aug 2022 06:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=536590

Кинеската војска почна со воени вежби, кои се очекува да траат до пладне во недела, јавува Ројтерс, наведувајќи дека тие вклучуваат и пукање од живо во водите и воздушниот простор околу Тајван.

Вежбите на кинеската армија доаѓаат како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси. Тајван, пак, ја истакна состојбата на подготвеност, наведувајќи дека војската соодветно ќе одговори на непријателската ситуација.

– Сите сили на тајванската армија спроведуваат дневна обука како и обично – се наведува во соопштението на тајванското Министерство за одбрана.

Тајванските власти објавија дека се сомневаат дека над островот летале беспилотни летала, а цел на хакерски напади била веб-страницата на Министерството за одбрана на Тајван.

Генерал-мајор Чанг Зоне-сунг, од воената команда за одбрана Кинмен, рече дека беспилотните летала дошле во парови и двапати влегле во областа Кинмен. Тајванската војска потоа истрела ракети како предупредувачки знак.

– Влегоа во нашата забранета зона и затоа ги растеравме – рече тој.

Кина, која тврди дека Тајван е нејзина територија, во четвртокот рече дека нејзините спорови со островот се внатрешно прашање, пренесе Аваз.ба.

The post Кинеската армија почна со воени вежби, тајванската армија е подготвена appeared first on Република.

]]>

Кинеската војска почна со воени вежби, кои се очекува да траат до пладне во недела, јавува Ројтерс, наведувајќи дека тие вклучуваат и пукање од живо во водите и воздушниот простор околу Тајван. Вежбите на кинеската армија доаѓаат како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси. Тајван, пак, ја истакна состојбата на подготвеност, наведувајќи дека војската соодветно ќе одговори на непријателската ситуација. – Сите сили на тајванската армија спроведуваат дневна обука како и обично – се наведува во соопштението на тајванското Министерство за одбрана. Тајванските власти објавија дека се сомневаат дека над островот летале беспилотни летала, а цел на хакерски напади била веб-страницата на Министерството за одбрана на Тајван. Генерал-мајор Чанг Зоне-сунг, од воената команда за одбрана Кинмен, рече дека беспилотните летала дошле во парови и двапати влегле во областа Кинмен. Тајванската војска потоа истрела ракети како предупредувачки знак. – Влегоа во нашата забранета зона и затоа ги растеравме – рече тој. Кина, која тврди дека Тајван е нејзина територија, во четвртокот рече дека нејзините спорови со островот се внатрешно прашање, пренесе Аваз.ба.

The post Кинеската армија почна со воени вежби, тајванската армија е подготвена appeared first on Република.

]]>
Германија планира нова командна структура во армијата со два различни командни центри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-planira-nova-komandna-struktura-vo-armijata-so-dva-razlichni-komandni-centri/ Mon, 13 Jun 2022 18:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=514696

Плановите на германското Министерство за одбрана предвидуваат нова командна структура на армијата како дел од одговорот на Берлин на војната во Украинa.

Извори цитирани од агенцијата ДПА наведуваат дека Министерството им соопштило на водечките пратеници дека руската воена операција во Украина покажала дека командната структура на армијата треба да биде повеќе ориентирана кон барањата на националната одбрана и одбраната на германските сојузници.

Новата структура предвидува армијата да има два командни центри со различни задачи.

Генерал-мајор Карстен Брејер, кој го предводеше кризниот штаб на канцеларот за време на пандемијата на корона вирусот, ќе ја предводи изградбата на структурата на новиот систем и ќе биде првиот командант на новиот Команден центар за национална одбрана, што треба да стапи на сила во април следната година и ќе се занимава со важни задачи во германските вооружени сили.

Оперативната команда во Швиловзе, во близина на Потсдам, истовремено ќе продолжи да ги води странските мисии на германската армија

The post Германија планира нова командна структура во армијата со два различни командни центри appeared first on Република.

]]>

Плановите на германското Министерство за одбрана предвидуваат нова командна структура на армијата како дел од одговорот на Берлин на војната во Украинa. Извори цитирани од агенцијата ДПА наведуваат дека Министерството им соопштило на водечките пратеници дека руската воена операција во Украина покажала дека командната структура на армијата треба да биде повеќе ориентирана кон барањата на националната одбрана и одбраната на германските сојузници. Новата структура предвидува армијата да има два командни центри со различни задачи. Генерал-мајор Карстен Брејер, кој го предводеше кризниот штаб на канцеларот за време на пандемијата на корона вирусот, ќе ја предводи изградбата на структурата на новиот систем и ќе биде првиот командант на новиот Команден центар за национална одбрана, што треба да стапи на сила во април следната година и ќе се занимава со важни задачи во германските вооружени сили. Оперативната команда во Швиловзе, во близина на Потсдам, истовремено ќе продолжи да ги води странските мисии на германската армија

The post Германија планира нова командна структура во армијата со два различни командни центри appeared first on Република.

]]>
Руската армија ги повика жителите на Киев да се евакуираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskata-armija-gi-povika-zitelite-na-kiev-da-se-evakuiraat/ Tue, 01 Mar 2022 13:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=465963

Руската армија ги повика жителите на Киев кои живеат близу до инфраструктура во сопственост на разузнавачки агенции веднаш да се евакуираат.

The post Руската армија ги повика жителите на Киев да се евакуираат appeared first on Република.

Синдикатите на полицијата и Армијата со протест пред Владата побараа усогласување на платите со минималната https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sindikatite-na-policijata-i-armijata-so-protest-pred-vladata-pobaraa-usoglasuvanje-na-platite-so-minimalnata/ Sat, 26 Feb 2022 13:33:25 +0000 https://republika.mk/?p=464299

Синдикатите на полицијата и Армијата денеска преку протест пред Владата побараа итно усогласување на платите со минималната за работниците во Министерствата за внатрешни работи и одбрана. Побараа и распоредување на припадниците на војската низ институциите откако ќе наполнат 45 години како што е предвидено со Законот за служба во АРМ.

Тие најавија дека доколку не се исполнуваат нивните барање, по две недели пред Владата ќе постават шатори.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев истакна дека со овој протест пренесуваат дека оваа состојба веќе е неиздржлива во полицијата и очекуваат брз одговор и од премиерот и од вицепремиерот Фатмир Битиќ, министерот за внатрешни работи. Упати покана до Македонскиот полициски синдикат и Синдикатот на полицијата на Македонија да им се придружат на протести во наредниот период.

Ова кршење на законот, овој начин на пресметка кој е во моментот е во МВР е начин со кој ние денеска излегувајќи на предупредувачки протест пренесуваме и до министерот за внатрешни работи, но и до премиерот дека треба да го застанеме овој начин на изразување на револт и протест, начин кој ќе видиме понатаму како ќе го усогласиме, рече Делчев.

Претседателот на независниот синдикат на професионалните војници, Аднан Алити истакна дека овој протест е предупредување до Владата и министерот за внатрешни работи да го одржат ветувањето од 2019 година за дел од припадниците согласно законот кои ги исполнуваат условите да бидат префрлени во Гранична полиција. Тој посочи дека не бараат ништо повеќе, туку само да се испочитува Уставот и законите во нашата држава.

Срамота е во 21 век, демократска држава да ги остави Армијата и полицијата да излезат на улица. Дента кога ја соблековме цивилната облеа и ја облековме униформата и дадовме заклетва дека ќе се бориме за оваа држава, знаевме дека нема да бидеме како другите граѓани и оти за нас нема да има ниту сабота ниту недела, нема да има ниту Нова Година, Божиќ и Бајрам. Ние сме првите тие што секогаш сме на браникот на татковината, ние сме тие што ја чуваат границата, ние сме тие што секогаш сме тука кога има некоја елементарна непогода – поплави, пожари. Веќе неколку години, Независниот синдикат на професионални војници на Македонија континуирано во релација на Владата и Министерството за одбрана работи на решавање околу Законот за служба во АРМ член 40а каде што согласно законот е предвидено припадниците на Армијата после 45 години да бидат распоредени во други институции. Во 2018/2019 процесот почна добро, каде што дел се префрлија во затворска полиција, судска полиција, пожарна, и други институции. Но, две години нема скоро никакви активности за дел од припадниците, рече Алити.

The post Синдикатите на полицијата и Армијата со протест пред Владата побараа усогласување на платите со минималната appeared first on Република.

]]>

Синдикатите на полицијата и Армијата денеска преку протест пред Владата побараа итно усогласување на платите со минималната за работниците во Министерствата за внатрешни работи и одбрана. Побараа и распоредување на припадниците на војската низ институциите откако ќе наполнат 45 години како што е предвидено со Законот за служба во АРМ. Тие најавија дека доколку не се исполнуваат нивните барање, по две недели пред Владата ќе постават шатори. Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев истакна дека со овој протест пренесуваат дека оваа состојба веќе е неиздржлива во полицијата и очекуваат брз одговор и од премиерот и од вицепремиерот Фатмир Битиќ, министерот за внатрешни работи. Упати покана до Македонскиот полициски синдикат и Синдикатот на полицијата на Македонија да им се придружат на протести во наредниот период.
Ова кршење на законот, овој начин на пресметка кој е во моментот е во МВР е начин со кој ние денеска излегувајќи на предупредувачки протест пренесуваме и до министерот за внатрешни работи, но и до премиерот дека треба да го застанеме овој начин на изразување на револт и протест, начин кој ќе видиме понатаму како ќе го усогласиме, рече Делчев.
Претседателот на независниот синдикат на професионалните војници, Аднан Алити истакна дека овој протест е предупредување до Владата и министерот за внатрешни работи да го одржат ветувањето од 2019 година за дел од припадниците согласно законот кои ги исполнуваат условите да бидат префрлени во Гранична полиција. Тој посочи дека не бараат ништо повеќе, туку само да се испочитува Уставот и законите во нашата држава.
Срамота е во 21 век, демократска држава да ги остави Армијата и полицијата да излезат на улица. Дента кога ја соблековме цивилната облеа и ја облековме униформата и дадовме заклетва дека ќе се бориме за оваа држава, знаевме дека нема да бидеме како другите граѓани и оти за нас нема да има ниту сабота ниту недела, нема да има ниту Нова Година, Божиќ и Бајрам. Ние сме првите тие што секогаш сме на браникот на татковината, ние сме тие што ја чуваат границата, ние сме тие што секогаш сме тука кога има некоја елементарна непогода – поплави, пожари. Веќе неколку години, Независниот синдикат на професионални војници на Македонија континуирано во релација на Владата и Министерството за одбрана работи на решавање околу Законот за служба во АРМ член 40а каде што согласно законот е предвидено припадниците на Армијата после 45 години да бидат распоредени во други институции. Во 2018/2019 процесот почна добро, каде што дел се префрлија во затворска полиција, судска полиција, пожарна, и други институции. Но, две години нема скоро никакви активности за дел од припадниците, рече Алити.

The post Синдикатите на полицијата и Армијата со протест пред Владата побараа усогласување на платите со минималната appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Ковачевски и Славјанка Петровска ја оставија војската без леб, вода и превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-kovachevski-i-slavjanka-petrovska-ja-ostavija-vojskata-bez-leb-voda-i-prevoz/ Thu, 24 Feb 2022 09:16:41 +0000 https://republika.mk/?p=462919

Ковачевски и Славјанка Петровска ја оставија војската без леб, вода и превоз. Договорите за набавка на леб и вода за војската се истечени, а во меѓувреме нови не се склучени, обвинува Драган Ковачки.

Како ќе го надминат проблемот со недостаток на леб? Од МО прават обиди досегашниот доставувач на леб да продолжи да врши достава иако рокот во договорот е веќе е истечен (!?). Инаку, без организиран превоз останаа и војниците на релациите Скопје-Велес; Пробиштип-Скопје; Куманово-Штип; Битола-Прилеп-Велес; Струмица-Петровец; Делчево, Берово – Штип; но тоа веќе стана нормална состојба – the new normal. Министерот г-ѓа Славјанка Петровска е должна да и’ одговори на македонската јавност кој и зошто дозволил да се стигне до оваа состојба и зошто пред месец или два не склучени нови договори за леб, вода и превоз. Дали конечно некој ќе понесе одговорност? Овој однос кон војската е недозволив, порача Ковачки.

Тој посочува дека во 21 век да се гордеете дека сте членка на НАТО, а притоа да си ја оставите сопствената војска без леб и вода, не е ништо друго, туку негрижа и неспособност.

Ова е срамот, бедата и јадот по кој ќе биде запаметена оваа антидржавна нелегитимна гарнитура на власт, посочи Ковачки.

The post Ковачки: Ковачевски и Славјанка Петровска ја оставија војската без леб, вода и превоз appeared first on Република.

Армијата на САД ќе плаќа до 50.000 долари бонус за да најде нови регрути https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/armijata-na-sad-kje-plakja-do-50-000-dolari-bonus-za-da-najde-novi-regruti/ Thu, 13 Jan 2022 15:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=444213

Војската на САД го зголеми својот максимален бонус за пријава на нови регрути за 25 отсто со цел да привлече нови кандидати и да ги пополни клучните позиции.

Максималниот бонус е зголемен од 40.000 на 50.000 американски долари, а само обучените регрути кои се обврзуваат на шестгодишен период во одредени области имаат право на оваа максимална исплата.

Генерал-мајор Кевин Верин изјави дека заклучувањето ги наруши напорите за регрутирање во училиштата и другите јавни места, а војската се соочува со силна конкуренција кога станува збор за бонусите за новите вработени.

Сè уште ги чувствуваме ефектите од коронавирусот во 2020 година, кога училишните системи беа практично затворени. Изгубивме цела класа млади мажи и жени со кои немавме контакт лице в лице - изјави Верин.

Тој не прецизира работни места кои овозможуваат да се добие максималниот бонус.

Бонусите за воено регрутирање изнесуваа повеќе од 233 милиони долари во фискалната година што заврши на 30 септември, што е помалку од 485 милиони долари колку што беа во 2018 година, кога најголемиот огранок на американската армија не ги исполни целите за вработување. Минатогодишниот просек на бонуси за 16.500 нови вработени беше нешто повеќе од 14.000 долари.

The post Армијата на САД ќе плаќа до 50.000 долари бонус за да најде нови регрути appeared first on Република.

]]>

Војската на САД го зголеми својот максимален бонус за пријава на нови регрути за 25 отсто со цел да привлече нови кандидати и да ги пополни клучните позиции. Максималниот бонус е зголемен од 40.000 на 50.000 американски долари, а само обучените регрути кои се обврзуваат на шестгодишен период во одредени области имаат право на оваа максимална исплата. Генерал-мајор Кевин Верин изјави дека заклучувањето ги наруши напорите за регрутирање во училиштата и другите јавни места, а војската се соочува со силна конкуренција кога станува збор за бонусите за новите вработени.
Сè уште ги чувствуваме ефектите од коронавирусот во 2020 година, кога училишните системи беа практично затворени. Изгубивме цела класа млади мажи и жени со кои немавме контакт лице в лице - изјави Верин.
Тој не прецизира работни места кои овозможуваат да се добие максималниот бонус. Бонусите за воено регрутирање изнесуваа повеќе од 233 милиони долари во фискалната година што заврши на 30 септември, што е помалку од 485 милиони долари колку што беа во 2018 година, кога најголемиот огранок на американската армија не ги исполни целите за вработување. Минатогодишниот просек на бонуси за 16.500 нови вработени беше нешто повеќе од 14.000 долари.

The post Армијата на САД ќе плаќа до 50.000 долари бонус за да најде нови регрути appeared first on Република.

]]>