армија на рм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/armija-na-rm/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Aug 2023 10:04:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png армија на рм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/armija-na-rm/ 32 32 Припадници на АРМ учествуваа во изградбата на привремен мост во Межица, Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pripadnitsi-na-arm-uchestvuvaa-vo-izgradbata-na-privremen-most-vo-mezhitsa-slovenija/ Mon, 14 Aug 2023 15:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=672085

Припадниците на македонската Армија, кои учествуваат во хуманитарните операции во Словенија за санирање на штетите од катастрофалните поплави, заедно со припадниците на Словенечката војска изградија привремен мост во општината Межица во северниот дел на земјата, кој денеска беше пуштен во употреба.

На отворањето на мостот во оваа општина во корушкиот регион, присустуваше словенечкиот министерот за одбрана Марјан Шарец.

Словенечката војска набрзо пристапи кон изградба на овој привремен мост. Благодарност до инженерите. Мостот денес стои. Навистина ни требаше, тој е важен за локалното население и економијата. Драго ни е што беше поставен за толку кратко време, рече министерот Шарец.

Началникот на Генералштабот на Словенечката војска, генерал-потполковник Роберт Главаш, на пуштањето во употреба на мостот истакна дека мостот е изграден заедно со војниците на АРМ.

Словенечката армија од самиот почеток соработува за отстранување на последиците од поплавите. Помага каде што можеме. Мислам дека помошта е огромна. Овој мост го изградивме заедно со членовите на македонската армија за четири или пет дена, рече генерал-потполковник Главаш.

Во Словенија се наоѓаат 100 припадници на АРМ кои помагаат во санирањето на штетите што ги предизвикаа поплавите, како последица на поројните дождови во првата недела од месецов. Помошта беше побарана од страна на Словенија преку механизамот NATO EADRCC.

Припадниците на Армијата, согласно владината одлука, ќе останат во Словенија 30 дена, каде се вклучени во хуманитарната операција за санирање на штетите од невремето во поплавените подрачја.

Во најлошите поплави што ја зафатија Словенија од нејзината независност во 1991 година, загинаа шест лица, а беше предизвикана штета која се проценува на неколку милијарди евра.

The post Припадници на АРМ учествуваа во изградбата на привремен мост во Межица, Словенија appeared first on Република.

]]>

Припадниците на македонската Армија, кои учествуваат во хуманитарните операции во Словенија за санирање на штетите од катастрофалните поплави, заедно со припадниците на Словенечката војска изградија привремен мост во општината Межица во северниот дел на земјата, кој денеска беше пуштен во употреба. На отворањето на мостот во оваа општина во корушкиот регион, присустуваше словенечкиот министерот за одбрана Марјан Шарец.
Словенечката војска набрзо пристапи кон изградба на овој привремен мост. Благодарност до инженерите. Мостот денес стои. Навистина ни требаше, тој е важен за локалното население и економијата. Драго ни е што беше поставен за толку кратко време, рече министерот Шарец.
Началникот на Генералштабот на Словенечката војска, генерал-потполковник Роберт Главаш, на пуштањето во употреба на мостот истакна дека мостот е изграден заедно со војниците на АРМ.
Словенечката армија од самиот почеток соработува за отстранување на последиците од поплавите. Помага каде што можеме. Мислам дека помошта е огромна. Овој мост го изградивме заедно со членовите на македонската армија за четири или пет дена, рече генерал-потполковник Главаш.
Во Словенија се наоѓаат 100 припадници на АРМ кои помагаат во санирањето на штетите што ги предизвикаа поплавите, како последица на поројните дождови во првата недела од месецов. Помошта беше побарана од страна на Словенија преку механизамот NATO EADRCC. Припадниците на Армијата, согласно владината одлука, ќе останат во Словенија 30 дена, каде се вклучени во хуманитарната операција за санирање на штетите од невремето во поплавените подрачја. Во најлошите поплави што ја зафатија Словенија од нејзината независност во 1991 година, загинаа шест лица, а беше предизвикана штета која се проценува на неколку милијарди евра.

The post Припадници на АРМ учествуваа во изградбата на привремен мост во Межица, Словенија appeared first on Република.

]]>
Петровска: Буџетот за одбрана постојано расте, следната година ќе достигнеме 2 проценти од БДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-budhetot-za-odbrana-postojano-raste-slednata-godina-ke-dostigneme-2-protsenti-od-bdp/ Sat, 15 Jul 2023 09:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=661592

Развојот на технологијата и порастот на неконвенционалните безбедносни предизвици наложуваат државите да ги зголемат инвестициите во одбраната и безбедноста на своите граѓани, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-Заложбата на сите земји членки е дека веќе 2 проценти, согласно претходните заложби, максимумот којашто треба да ја постигне секоја членка до 2024 година, сега ќе биде долната граница којашто секоја земја ќе треба да го постигне, рече министерката Петровска во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 зборувајќи околу заклучоците од Самитот на НАТО во Вилнус.

Петровска нагласи дека Буџетот на Министерството за одбрана расте постојано, а оваа година тој е 1,85 проценти од БДП, односно 274 милиони евра, дополнувајќи дека станува збор за доволно средства за реализација на започнатите и новите проекти за модернизација на Армијата.

-Извесно е дека следната година ќе го достигнеме минимумот од 2 проценти од БДП за одбрана. Она што е важно е и начинот на кој ги трошиме тие средства. Во НАТО Алијансата се почитува принципот најмалку 20 проценти од буџетот за одбрана да биде наменет за модернизација и опремување и Република Македонија тоа го прави. Минатата година беа 30 проценти, оваа година се испланирани 33 проценти од буџетот, рече Петровска, соопштуваат од прес-службата на Министерството за одбрана.

Министерката Петровска за полигонот Криволак истакна дека како држава треба да ни биде гордост што имаме таков капацитет.

-Полигонот Криволак прераснува во сериозен национален капацитет, но и во капацитет на НАТО Алијансата. Се почесто и почесто многу од нашите сојузници бараат да го користат Криволак и за изведување на вежбовни активност, а многу често го користиме и за изведување на мултинационални вежби, посочи Петровска.

The post Петровска: Буџетот за одбрана постојано расте, следната година ќе достигнеме 2 проценти од БДП appeared first on Република.