АРМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arm/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 19:13:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АРМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arm/ 32 32 Мисајловски на Криволак: „Волците“ ги демонстрираа вештините, министерот им честита https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-na-krivolak-voltsite-gi-demonstriraa-veshtinite-ministerot-im-chestita/ Thu, 14 Nov 2024 19:13:02 +0000 https://republika.mk/?p=837838

Денеска на армискиот полигон „Криволак“ беа демонстрирани вештините на припадниците на Баталјонот за специјални сили „Волци” кои заедно со своите колеги од шест сојузнички земји и една земја-партнер од Балканот ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“, информира министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Министерот упати честитки за над 120-те учесници на вежбата кои покажаа високо ниво на вештини и способности.

-Тие ја постигнаа својата цел во развојот на интероперабилноста и дадоа свој придонес кон јакнењето на регионалната соработка која е клучна во зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на Балканот, посочи Мисајловски.

The post Мисајловски на Криволак: „Волците“ ги демонстрираа вештините, министерот им честита appeared first on Република.

]]>

Денеска на армискиот полигон „Криволак“ беа демонстрирани вештините на припадниците на Баталјонот за специјални сили „Волци” кои заедно со своите колеги од шест сојузнички земји и една земја-партнер од Балканот ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“, информира министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Министерот упати честитки за над 120-те учесници на вежбата кои покажаа високо ниво на вештини и способности.
-Тие ја постигнаа својата цел во развојот на интероперабилноста и дадоа свој придонес кон јакнењето на регионалната соработка која е клучна во зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на Балканот, посочи Мисајловски.

The post Мисајловски на Криволак: „Волците“ ги демонстрираа вештините, министерот им честита appeared first on Република.

]]>
Мисајловски и Тошковски на показна алпинистичка вежба на припадниците на Баталјонот на специјални сили и Единицата за брзо распоредување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-i-toshkovski-na-pokazna-alpinistichka-vezhba-na-pripadnitsite-na-bataljonot-na-spetsijalni-sili-i-edinitsata-za-brzo-rasporeduvane/ Sat, 12 Oct 2024 06:20:15 +0000 https://republika.mk/?p=825728

Министрите за одбрана и за внатрешни работи, Владо Мисајловски и Панче Тошковски, денеска ќе ги посетат припадниците на Баталјонот за специјални сили и Единицата за брзо распоредување кои заеднички изведуваат алпинистичка обука во реонот на Демир Капија.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, со Мисајловски и Тошковски ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот, генерал-мајот Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

The post Мисајловски и Тошковски на показна алпинистичка вежба на припадниците на Баталјонот на специјални сили и Единицата за брзо распоредување appeared first on Република.

]]>

Министрите за одбрана и за внатрешни работи, Владо Мисајловски и Панче Тошковски, денеска ќе ги посетат припадниците на Баталјонот за специјални сили и Единицата за брзо распоредување кои заеднички изведуваат алпинистичка обука во реонот на Демир Капија. Како што соопштија од Министерството за одбрана, со Мисајловски и Тошковски ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот, генерал-мајот Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

The post Мисајловски и Тошковски на показна алпинистичка вежба на припадниците на Баталјонот на специјални сили и Единицата за брзо распоредување appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: За 7 отсто повеќе средства за модернизација на Армијата во 2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-za-7-otsto-poveke-sredstva-za-modernizatsija-na-armijata-vo-2025-godina/ Wed, 09 Oct 2024 11:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=824641

Во 2025 година планираме зголемен буџетот на Министерството за одбрана и 37 проценти од овие средства или околу 8,5 милијарди денари да бидат насочени кон модернизација и опремување на Армијата што е за три милијарди денари повеќе од годинава, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Предлог Буџетот за Министерството за одбрана за 2025 година, како што кажа, треба да биде 2,4 проценти од БДП од кои 37 проценти ќе одат за модернизација на Армијата или 7 проценти повеќе од досега.

-Зголемен буџет значи поголеми инвестиции во одбранбените капацитети и инвестиции во нова модерна опрема компатибилна со НАТО стандардите, рече Мисајловски на отчетот за 100 дена Влада и додаде дека реализацијата на буџетот на Министерството за одбрана за годинава е 73 проценти заклучно со 1 октомври

Во моментов, додаде, повеќе проекти за модернизација се во фаза на реализација согласно предвидената динамика. Како што кажа, согласно побарувањата на Армијата во моментов во процес на набавка се лесни оклопни возила, оклопни транспортери, опреама за противвоздушна одбрана, хеликоптери, инженериски машини и опрема за останатите единици.

-Пред две недели добивме пакет помош од 13 милиони евра од ЕУ кој ќе се финансира во рамките на Европскиот мировен форум. Оваа помош опфаќа технологии поврзани со разузнавање, набљудување, извидување и електронско војување и комуникациско разузнавање, логистика и инженерска опрема, комуникации и информациски системи, како и обука за потребниот персонал, рече Мисајловски.

Од ноември, како што кажа, ќе бидат оперативни и двата хеликоптера Ми 8/17 кои беа на ремонт.

За време на кризната состојба со пожарите, како што посочи, во приправност беа преку 300 припадници на Армијата со два воздухоплови кои ќе бидат соодветно наградени со пренамена на средства. Со реалокација на средства, додаде, веќе се дел од структурите на Армијата 120-те лица кои биле упатени на стручно усовршување за офицери и подофицери и од нив се промовираа нови 28 поручници.

The post Мисајловски: За 7 отсто повеќе средства за модернизација на Армијата во 2025 година appeared first on Република.

]]>

Во 2025 година планираме зголемен буџетот на Министерството за одбрана и 37 проценти од овие средства или околу 8,5 милијарди денари да бидат насочени кон модернизација и опремување на Армијата што е за три милијарди денари повеќе од годинава, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. Предлог Буџетот за Министерството за одбрана за 2025 година, како што кажа, треба да биде 2,4 проценти од БДП од кои 37 проценти ќе одат за модернизација на Армијата или 7 проценти повеќе од досега.
-Зголемен буџет значи поголеми инвестиции во одбранбените капацитети и инвестиции во нова модерна опрема компатибилна со НАТО стандардите, рече Мисајловски на отчетот за 100 дена Влада и додаде дека реализацијата на буџетот на Министерството за одбрана за годинава е 73 проценти заклучно со 1 октомври
Во моментов, додаде, повеќе проекти за модернизација се во фаза на реализација согласно предвидената динамика. Како што кажа, согласно побарувањата на Армијата во моментов во процес на набавка се лесни оклопни возила, оклопни транспортери, опреама за противвоздушна одбрана, хеликоптери, инженериски машини и опрема за останатите единици.
-Пред две недели добивме пакет помош од 13 милиони евра од ЕУ кој ќе се финансира во рамките на Европскиот мировен форум. Оваа помош опфаќа технологии поврзани со разузнавање, набљудување, извидување и електронско војување и комуникациско разузнавање, логистика и инженерска опрема, комуникации и информациски системи, како и обука за потребниот персонал, рече Мисајловски.
Од ноември, како што кажа, ќе бидат оперативни и двата хеликоптера Ми 8/17 кои беа на ремонт. За време на кризната состојба со пожарите, како што посочи, во приправност беа преку 300 припадници на Армијата со два воздухоплови кои ќе бидат соодветно наградени со пренамена на средства. Со реалокација на средства, додаде, веќе се дел од структурите на Армијата 120-те лица кои биле упатени на стручно усовршување за офицери и подофицери и од нив се промовираа нови 28 поручници.

The post Мисајловски: За 7 отсто повеќе средства за модернизација на Армијата во 2025 година appeared first on Република.

]]>
ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-odobri-13-milioni-evra-pomosh-za-armijata/ Wed, 25 Sep 2024 16:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=819612

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Република Македонија (АРМ).

Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Македонија за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и другите меѓународни мисии, соопшти Советот на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението се нагласува дека оваа одлука дополнително ја илустрира зголемената поврзаноста на ЕУ со земјава во областа на безбедноста и одбраната.

Таа ја одразува доследната посветеност на партнерите за унапредување на нивната соработка во оваа политичка област, имајќи ја предвид целосната усогласеност на Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се додава во соопштението.

Согласно одлуката, ЕПФ за АРМ ќе обезбеди технологии наменети за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, потоа логистичка и инженерска опрема, како и комуникациски и информациски системи, а ќе обезбеди и техничка обука за користење на опремата.

Европскиот мировен фонд е основан во март 2021 година за финансирање на активности во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ насочени кон спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност.

Преку ЕПФ, ЕУ финансира активности наменети за зајакнување на капацитетите на трети држави и регионални и меѓународни организации поврзани со воени и одбранбени прашања.

The post ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата appeared first on Република.

]]>

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Република Македонија (АРМ). Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Македонија за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и другите меѓународни мисии, соопшти Советот на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението се нагласува дека оваа одлука дополнително ја илустрира зголемената поврзаноста на ЕУ со земјава во областа на безбедноста и одбраната. Таа ја одразува доследната посветеност на партнерите за унапредување на нивната соработка во оваа политичка област, имајќи ја предвид целосната усогласеност на Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се додава во соопштението. Согласно одлуката, ЕПФ за АРМ ќе обезбеди технологии наменети за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, потоа логистичка и инженерска опрема, како и комуникациски и информациски системи, а ќе обезбеди и техничка обука за користење на опремата. Европскиот мировен фонд е основан во март 2021 година за финансирање на активности во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ насочени кон спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност. Преку ЕПФ, ЕУ финансира активности наменети за зајакнување на капацитетите на трети држави и регионални и меѓународни организации поврзани со воени и одбранбени прашања.

The post ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата appeared first on Република.

]]>
АРМ со почесна артилериска стрелба по повод Денот на Независноста на Република Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arm-so-pochesna-artileriska-strelba-po-povod-denot-na-nezavisnosta-na-republika-makedonija-2/ Sun, 08 Sep 2024 06:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=814243

Вечерашната почесна артилериска стрелба со 10 плотуни кои ги истрелаа припадниците од артилерискиот баталјон, го означи почетокот на свечените активности по повод Денот на независноста-8ми септември, соопштија од Армијата на Република Македонија.

The post АРМ со почесна артилериска стрелба по повод Денот на Независноста на Република Македонија appeared first on Република.

Армијата одбележува 32 години постоење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/armijata-odbelezhuva-32-godini-postoene/ Sun, 18 Aug 2024 06:44:19 +0000 https://republika.mk/?p=807596

Во Центарот за обука на вода во Охрид, денеска со почеток во 10.00 часот, во присуство на највисокиот воен и државен врв ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 32 години од нејзиното формирање.

На присутните ќе им се обратат претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

На свеченоста ќе се изврши и церемонија на примопредавање на должност началник на генералштабот на Армијата како и обраќања на досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и новопоставениот началник на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, соопштија од Министерството за одбрана.

На свеченоста се поканети премиерот Христијан Мицкоски, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, високи гости од повеќе институции во Републиката, командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, дипломатскиот кор во Република Македонија...

Одбележување на 18 август - Денот на македонската Армија почна во петокот (16 август) со традиционален свечен собир на вработените во Генералштабот и Министерството на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот, а со воени церемонии празникот се одбележа и во командите и единиците на Армијата во сите касарни во Републиката.

По повод Денот на Армијата синоќа во скопската касарна „Илинден“ беше извршена почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев", кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска Армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

Македонската Армија денес е составен дел од најголемиот колективен безбедносен систем откако Република  Македонија во март 2020 година стана 30 полноправна членка на НАТО.

Македонија во државниот Буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП на земјата, се посочува во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки.

Согласно дефинициите на НАТО, како трошоци за одбраната се сметаат исплатите направени од страна на националните влади за потребите на своите вооружени сили, на сојузниците или на Алијансата. Во расходите за одбрана, меѓу останатите, се вклучени и трошоците за други сили финансирани преку буџетите на други министерства, покрај оние од Министерството за одбрана, како и средствата директно исплатени од државата за пензии на воените лица и цивилите што биле вработени во воените структури, за мировни и хуманитарни операции, за уништување на оружје, опрема и муниција и за истражување и развој.

Од вкупните трошоци на Македонија за одбраната најголем процент или 43,9 отсто се наменети за плати на воениот персонал, по што следуваат 29,3 проценти за набавка на опрема, истражување и развој, 23 отсто за операции и одржување и други расходи и 3,8 проценти за инфраструктура. Сличен сооднос на распределбата на средствата има кај повеќето членки на НАТО, со исклучок на Португалија, Бугарија, Хрватска и Белгија, каде над 50 проценти од трошоците се наменети за воениот персонал, Полска, Унгарија, Финска и Луксембург каде над 40 отсто се за опрема, истражување и развој и Шведска, САД и Данска кои над 40 отсто од средствата ги предвиделе за операции и одржување.

Во периодот 2014-2024 година, земјава бележи раст на трошоците за одбрана за 148,87 отсто од 106 милиони долари во 2014 на 263 милиони долари годинава. Во 2014 година трошоците за одбрана изнесувале 1,09 отсто од БДП, за сега да достигнат до 2,22 проценти.

Претставничка на САД во Алијансата, Џулијан Смит во интервју за МИА изрази благодарност на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Навистина да ѝ се заблагодарам на  Македонија. Ова е земја што донесе навистина тешки одлуки за да го достигне прагот од два проценти од БДП за одбраната. Македонија е сега над прагот, над два процента и ги поздравуваме тие напори и сите земји што го направија тоа, нагласи Смит.

Таа најави дека веројатно следната седмица НАТО ќе објави нов извештај за споделување на товарот, кој ќе покаже дека околу две третини од членките на Алијансата сега трошат над два проценти од БДП за одбрана, што според неа, е важно бидејќи значи дека сојузниците можат да ги исполнат своите обврски.

The post Армијата одбележува 32 години постоење appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за обука на вода во Охрид, денеска со почеток во 10.00 часот, во присуство на највисокиот воен и државен врв ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 32 години од нејзиното формирање. На присутните ќе им се обратат претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот за одбрана Владо Мисајловски. На свеченоста ќе се изврши и церемонија на примопредавање на должност началник на генералштабот на Армијата како и обраќања на досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и новопоставениот началник на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, соопштија од Министерството за одбрана. На свеченоста се поканети премиерот Христијан Мицкоски, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, високи гости од повеќе институции во Републиката, командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, дипломатскиот кор во Република Македонија... Одбележување на 18 август - Денот на македонската Армија почна во петокот (16 август) со традиционален свечен собир на вработените во Генералштабот и Министерството на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот, а со воени церемонии празникот се одбележа и во командите и единиците на Армијата во сите касарни во Републиката. По повод Денот на Армијата синоќа во скопската касарна „Илинден“ беше извршена почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата. За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев", кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска Армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија. Македонската Армија денес е составен дел од најголемиот колективен безбедносен систем откако Република  Македонија во март 2020 година стана 30 полноправна членка на НАТО. Македонија во државниот Буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП на земјата, се посочува во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки. Согласно дефинициите на НАТО, како трошоци за одбраната се сметаат исплатите направени од страна на националните влади за потребите на своите вооружени сили, на сојузниците или на Алијансата. Во расходите за одбрана, меѓу останатите, се вклучени и трошоците за други сили финансирани преку буџетите на други министерства, покрај оние од Министерството за одбрана, како и средствата директно исплатени од државата за пензии на воените лица и цивилите што биле вработени во воените структури, за мировни и хуманитарни операции, за уништување на оружје, опрема и муниција и за истражување и развој. Од вкупните трошоци на Македонија за одбраната најголем процент или 43,9 отсто се наменети за плати на воениот персонал, по што следуваат 29,3 проценти за набавка на опрема, истражување и развој, 23 отсто за операции и одржување и други расходи и 3,8 проценти за инфраструктура. Сличен сооднос на распределбата на средствата има кај повеќето членки на НАТО, со исклучок на Португалија, Бугарија, Хрватска и Белгија, каде над 50 проценти од трошоците се наменети за воениот персонал, Полска, Унгарија, Финска и Луксембург каде над 40 отсто се за опрема, истражување и развој и Шведска, САД и Данска кои над 40 отсто од средствата ги предвиделе за операции и одржување. Во периодот 2014-2024 година, земјава бележи раст на трошоците за одбрана за 148,87 отсто од 106 милиони долари во 2014 на 263 милиони долари годинава. Во 2014 година трошоците за одбрана изнесувале 1,09 отсто од БДП, за сега да достигнат до 2,22 проценти. Претставничка на САД во Алијансата, Џулијан Смит во интервју за МИА изрази благодарност на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната Навистина да ѝ се заблагодарам на  Македонија. Ова е земја што донесе навистина тешки одлуки за да го достигне прагот од два проценти од БДП за одбраната. Македонија е сега над прагот, над два процента и ги поздравуваме тие напори и сите земји што го направија тоа, нагласи Смит. Таа најави дека веројатно следната седмица НАТО ќе објави нов извештај за споделување на товарот, кој ќе покаже дека околу две третини од членките на Алијансата сега трошат над два проценти од БДП за одбрана, што според неа, е важно бидејќи значи дека сојузниците можат да ги исполнат своите обврски.

The post Армијата одбележува 32 години постоење appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со кризната состојба поради пожарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-donese-odluka-za-angazhirane-na-armijata-vo-spravuvaneto-so-kriznata-sostojba-poradi-pozharite/ Thu, 15 Aug 2024 16:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=806835

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.

Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува Генералштабот на армијата во согласност со побарувањата од Центарот за управување со кризи и состојбата на теренот.

The post Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со кризната состојба поради пожарите appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата. Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува Генералштабот на армијата во согласност со побарувањата од Центарот за управување со кризи и состојбата на теренот.

The post Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со кризната состојба поради пожарите appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со кризната состојба поради пожарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-donese-odluka-za-angazhirane-na-armijata-vo-spravuvaneto-so-kriznata-sostojba-poradi-pozharite/ Thu, 15 Aug 2024 11:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=806834

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.

 Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува Генералштабот на армијата во согласност со побарувањата од Центарот за управување со кризи и состојбата на теренот.

The post Претседателката Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со кризната состојба поради пожарите appeared first on Република.

Сиљановска Давкова на свечената промоција на офицери и подофицери на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“: Да се биде офицер, подофицер, војник во македонската армија било, е, и треба да биде чест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-na-svechenata-promotsija-na-ofitseri-i-podofitseri-na-voenata-akademija-general-mihailo-apostolski-da-se-bide-ofitser-podofitser-vojnik-vo-makedonskata-armija-bilo-e-i-treba-da-bide/ Tue, 13 Aug 2024 10:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=806082

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје се обрати на свечената промоција на 24. класа  на питомци во прв офицерски чин - потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин – поручник и слушателите на основниот курс за подофицери во прв подофицерски чин - водник.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова пред питомците истакна дека тие стануваат офицери во период на глобална неизвесност, на геополитички тензии, на воени конфликти и дека како офицери на НАТО- армија, од нив се очекува да ги исполнуваат највисоките професионални стандарди и врвни критериуми.

Претседателката изрази уверување дека тие активно ќе учествуваат во справувањето со традиционалните и новите асиметрични и хибридни закани во физичкиот и сајбер-просторот и дека ќе треба да придонесуваат за колективната безбедност и одбрана преку учество во мировни мисии и операции, да ја одржуваат борбената кондиција на меѓународните воени вежби со нашите сојузници и стратешки партнери.

Во рамки на свечената промоција, претседателката Сиљановска Давкова на потпоручник Милица Перишиќ од Црна Гора и додели плакета за најдобар успех во 24. класа питомци на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова.

Горда сум на питомците, горда сум и на вас. Особено сум горда што најдобрите питомки се жени. Како врховна командантка на вооружените сили, навистина ми е особена чест да учествувам на оваа промоција во офицерски чин на питомците и студентите на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Ви честитам вам, на вашите професори, и веќе реков, на вашите најблиски. Нема поголема инвестиција од онаа во знаењето.

Но, како учителка, но и како жена ви препорачувам да преферирате авторитет наместо моќ.

Многу пати сум рекла, но повторно ќе кажам - ве поздравувам како партизанска ќерка, како ќерка на некој кому командант му бил Михаило Апостолски. Оваа држава ја ослободиле млади луѓе, оваа држава ја ослободиле луѓе посветени на татковината. Затоа и јас никогаш нема да заборавам дека мојот татко бил во Првата македонско-косовска ударна бригада.

Особено сум горда на академијата кога слушам дека првенката е од Црна Гора. Има ли поголем доказ од тоа за квалитетот на академијата и за објективноста на професорите.

Зошто споделив дел од мојата лична приказна со вас? Бидејќи како Врховна командантка на вооружените сили ми стана јасно дека многу често децата, ќерките и синовите на веќе ангажираните во Армијата и во академијата како да сакаат да се натпреваруваат со своите родители. И тогаш е успехот навистина голем. Среќна сум  што овде во прочитаните чув имиња од различна етничка, верска, јазична и друга припадност. Оваа школа е не само школа за знаење, оваа школа, како што чувме од прворангираната, е и животна школа, школа на солидарност, школа на хуманост, школа на разбирање. Вашите животи знам дека се различни. Но, денеска овде и за време на студиите се спојуваат. Животот е еден трнлив, незапирлив марш кон слобода, кон знаење, кон успеси. Никогаш не заборавајте дека тој пат го изоделе и го отвориле илинденците, партизаните, асномците, а потоа и вие.

Армијата, е всушност, едно семејство од лични приказни, меѓутоа не е само обичен збир на припадници. Има нешто заедничко -  сите вие овде, на кои јас сум горда, офицери, подофицери, војници, сте обврзани со нешто свето, со свечената заклетва, да ја браните слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на нашата македонска татковина. Се разбира, војската бара дисциплина, не само посветеност. Затоа и вие дисциплинирано, совесно и одговорно, како што студиравте, како што учевте, така и да ги извршувате обврските и должностите како бранители на слободата и честа на татковината.

Вие станувате офицери во период на глобална неизвесност, на геополитички тензии, на воени конфликти. Како офицери на НАТО- армија, од вас се очекува да ги исполнувате највисоките професионални стандарди и врвни критериуми. Сигурна сум дека вие активно ќе учествувате во справувањето со традиционалните, меѓутоа и новите асиметрични и хибридни закани во физичкиот и сајбер-просторот. Вие ќе треба да придонесувате за колективната безбедност и одбрана преку учество во мировни мисии и операции, да ја одржувате борбената кондиција на меѓународните воени вежби со нашите сојузници и стратешки партнери.

Но, ве молам, никогаш не заборавајте од каде доаѓате. Никогаш не заборавајте ја вашата заклетва, дека сте тука пред сè и над сè за македонските граѓани и за одбраната на македонската република.

Со вашата одговорност и дисциплина, со вашиот патриотизам и професионализам, вие треба да бидете пример и гордост за македонското општество. Да се биде офицер, подофицер, војник во македонската армија било, е, и треба да биде чест. И во добро и во лошо, државата и граѓаните можеле и можат да се потпрат на вас, на армијата, не само во справувањето со елементарните непогоди и кризните состојби, туку и во справувањето со конфликтите. Секогаш тоа го правевте професионално и пожртвувано. Впрочем и затоа Армијата континуирано ужива највисока доверба меѓу македонските граѓани.

Тоа ме прави горда на вас. Тоа ги прави вашите семејства, и на овие жештини, вашите пријатели, но и сите сограѓани, горди на вас. Денешнава промоција ќе биде настан број еден.

Моја, наша, ваша должност е да помогнете достоинствено да се врши оваа задача. Посакувам да продолжиме да вложуваме во модернизацијата и опремувањето на Армијата, иако не посакувам војни во светот. Се срамам што во 21 век се соочуваме со воени конфликти. Ве молам, да имате разбирање, како што имавте разбирање сега за колешката, за родова еднаквост и за кариерен напредок во сите области и на сите нивоа.

Името на оваа армија, името на оваа воена академија што персонифицира знаење и посветеност е големо, името на генералот Михаило Апостолски. Тука, на ова место, се образуваат и се обучуваат сегашните и идните воени лидери на македонската армија, чуварите на честа и достоинството на државата. Затоа со гордост ја употребувам придавката почитувани војници и офицери, почитувани професори.

Оваа академија е отворена и за питомци од НАТО и од партнерските држави, а мене регионалниот развој ми е многу важен. Со нив ги споделуваме знаењата и учествуваме во градењето на колективната одбрана и безбедност.

На крајот, почитувани присутни, почитувани питомци, почитувани офицери, подофицери,

Уште еднаш, од срце ви благодарам што го одбравте овој пат. Ви честитам за постигнувањата и ви посакувам голем успех во извршувањето на вашата одговорна задача. Ваша сум.

The post Сиљановска Давкова на свечената промоција на офицери и подофицери на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“: Да се биде офицер, подофицер, војник во македонската армија било, е, и треба да биде чест appeared first on Република.

Промовирање офицери и подофицери на Воената академија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/promovirane-ofitseri-i-podofitseri-na-voenata-akademija/ Tue, 13 Aug 2024 05:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=805976

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска на свеченост ќе бидат промовирани офицери и подофицери во Армијата.

На свеченоста ќе бидат промовирани 24-та класа питомци во чин потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник, соопшти Министерството за одбрана.

Како што најави, обраќања на настанот ќе имаат претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски.

На свеченоста ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, министерот за спорт Борко Ристовски, претставници на воено-дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора и други високи гости од Министерството и Армијата.

The post Промовирање офицери и подофицери на Воената академија appeared first on Република.

]]>

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска на свеченост ќе бидат промовирани офицери и подофицери во Армијата.
На свеченоста ќе бидат промовирани 24-та класа питомци во чин потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник, соопшти Министерството за одбрана.
Како што најави, обраќања на настанот ќе имаат претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски. На свеченоста ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, министерот за спорт Борко Ристовски, претставници на воено-дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора и други високи гости од Министерството и Армијата.

The post Промовирање офицери и подофицери на Воената академија appeared first on Република.

]]>
„Никогаш да не се повтори“: 23 години од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ кај Карпалак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikogash-da-ne-se-povtori-23-godini-od-zaginuvaneto-na-10-pripadnitsi-na-rezervniot-sostav-na-arm-kaj-karpalak/ Wed, 07 Aug 2024 19:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=804369

Со почит пред спомен обележјето и пораката „Никогаш да не се повтори“, во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вечерва почнаа чествувањата на 23-годишнината од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ. На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Пред спомен обележјето се поклонија претставници на Армијата, на семејствата на загинатите, од здруженијата на учесниците во воениот конфликт, од прилепската локална самоуправа, од подрачната единица на Министерството за одбрана во Прилеп и граѓани.

Обраќајќи им се на присутните, потполковник Славчо Кузманоски, командант на касарната, рече дека денешниот и утрешниот ден треба да бидат денови на сеќавања и оддавање достојна почит на бранителите.

-Поминаа 23 години без нашите соборци и другари: Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко. Денес, ние, нивните најблиски, колеги, роднини, пријатели, сограѓани се поклонуваме пред паметникот кој е подигнат во нивна чест, одбележувајќи 23 години од нивното загинување, со ветување дека никогаш нема да бидат заборавени. Денес се сеќаваме и евоцираме спомени, а дел од непосредните учесници во тогашните случувања, преку нивните сведочења ја пишуваат историјата која не треба да биде заборавена. Дел и од нивните преживеани другари, учесници во настаните денес се, за жал, починати, рече потполковник Кузманоски.

Тагата и болката остануваат, особено кај најблиските, но, додаде, останува и длабоко втемелената гордост што беа дел од единицата на Касарната.

-Останува обврската, наша и на идните поколенија и генерации, споменот на 10-те загинати прилепски и македонски херои да го чуваме, да се сеќаваме на 2001 година и никогаш да не дозволиме да се повтори, рече командантот на прилепската касарна, потполковник Славчо Кузманоски.

Вечерва во манастирот „Света Петка “ во прилепското село Лениште ќе се одржи богослужба во спомен на загинатите.

Утре на денот на годишнината централното чествување е пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп од 13 часот. Изутрината делегации ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, а ќе бидат посетени и вечните почивалишта на загинатите на прилепските градски гробишта и во населените места.

The post „Никогаш да не се повтори“: 23 години од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ кај Карпалак appeared first on Република.

]]>

Со почит пред спомен обележјето и пораката „Никогаш да не се повтори“, во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вечерва почнаа чествувањата на 23-годишнината од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ. На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Пред спомен обележјето се поклонија претставници на Армијата, на семејствата на загинатите, од здруженијата на учесниците во воениот конфликт, од прилепската локална самоуправа, од подрачната единица на Министерството за одбрана во Прилеп и граѓани. Обраќајќи им се на присутните, потполковник Славчо Кузманоски, командант на касарната, рече дека денешниот и утрешниот ден треба да бидат денови на сеќавања и оддавање достојна почит на бранителите. -Поминаа 23 години без нашите соборци и другари: Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко. Денес, ние, нивните најблиски, колеги, роднини, пријатели, сограѓани се поклонуваме пред паметникот кој е подигнат во нивна чест, одбележувајќи 23 години од нивното загинување, со ветување дека никогаш нема да бидат заборавени. Денес се сеќаваме и евоцираме спомени, а дел од непосредните учесници во тогашните случувања, преку нивните сведочења ја пишуваат историјата која не треба да биде заборавена. Дел и од нивните преживеани другари, учесници во настаните денес се, за жал, починати, рече потполковник Кузманоски. Тагата и болката остануваат, особено кај најблиските, но, додаде, останува и длабоко втемелената гордост што беа дел од единицата на Касарната. -Останува обврската, наша и на идните поколенија и генерации, споменот на 10-те загинати прилепски и македонски херои да го чуваме, да се сеќаваме на 2001 година и никогаш да не дозволиме да се повтори, рече командантот на прилепската касарна, потполковник Славчо Кузманоски. Вечерва во манастирот „Света Петка “ во прилепското село Лениште ќе се одржи богослужба во спомен на загинатите. Утре на денот на годишнината централното чествување е пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп од 13 часот. Изутрината делегации ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, а ќе бидат посетени и вечните почивалишта на загинатите на прилепските градски гробишта и во населените места.

The post „Никогаш да не се повтори“: 23 години од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ кај Карпалак appeared first on Република.

]]>
Припадници на АРМ на терен, гаснат пожари во Македонски Брод, Свети Николе, Кратово, Пехчево и Пробиштип https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pripadnitsi-na-arm-na-teren-gasnat-pozhari-vo-makedonski-brod-sveti-nikole-kratovo-pehchevo-i-probishtip/ Thu, 01 Aug 2024 14:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=802411

Припадниците на Армијата, од гарнизоните Кичево, Штип и Тетово, согласно укажаната потреба продолжуваат и понатаму да учествуваат во гасењето на пожарите.

Ангажирани се во гаснењето во реоните на општините Македонски Брод, Свети Николе, Кратово, Пехчево и Пробиштип.

На терен се над 150 армиски припадници кои гаснат од земја, а активирани се и армиските хеликоптери кои гаснат од воздух.

The post Припадници на АРМ на терен, гаснат пожари во Македонски Брод, Свети Николе, Кратово, Пехчево и Пробиштип appeared first on Република.

]]>

Припадниците на Армијата, од гарнизоните Кичево, Штип и Тетово, согласно укажаната потреба продолжуваат и понатаму да учествуваат во гасењето на пожарите. Ангажирани се во гаснењето во реоните на општините Македонски Брод, Свети Николе, Кратово, Пехчево и Пробиштип. На терен се над 150 армиски припадници кои гаснат од земја, а активирани се и армиските хеликоптери кои гаснат од воздух.

The post Припадници на АРМ на терен, гаснат пожари во Македонски Брод, Свети Николе, Кратово, Пехчево и Пробиштип appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: Припадниците на АРМ остануваат на терен во борба со пожарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-pripadnitsite-na-arm-ostanuvaat-na-teren-vo-borba-so-pozharite/ Tue, 16 Jul 2024 18:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=797499

Претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили Гордана Силјановска-Давкова попладнево била информирана од Генералштабот на Армијата за активностите на војската во справувањето со пожарите откако е прогласена кризна состојба.

Од Кабинетот на претседателката информираат дека припадници на Армијата во координација со сите инволвирани државни субјекти се ангажирани на неколку локации - пред сѐ на планината Серта, а една екипа попладнево е упатена кон Радовиш и една во реонот на селата Драгоево и Штркалево кон Криволак.

Армијата во досегашниот период дејствува со 100 припадници од Вториот пешадиски баталјон и со два армиски хеликоптери МИ-8/17 кои се ангажираат на локации по насоки на Центарот за управување со кризи. Притоа, во првиот ден од активностите на Армијата, исфрлени се 44 тони вода, вчера 17 лета со 34 тони вода и денес до овој момент, 28 лета и исфрлени 52 тони вода. Македонските сили во овој реон дејствуваат со помош од воздухопловите на Турција, Србија и Црна Гора, се посочува во соопштението.

Се додава дека при ангажирањето на припадниците на Армијата се почитуваат сите процедури и мерки за безбедност и лична заштита пропишани согласно противпожарната обука, што сите припадници ја имаат поминуваат како дел од редовната обука.

The post Сиљановска Давкова: Припадниците на АРМ остануваат на терен во борба со пожарите appeared first on Република.

]]>

Претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили Гордана Силјановска-Давкова попладнево била информирана од Генералштабот на Армијата за активностите на војската во справувањето со пожарите откако е прогласена кризна состојба. Од Кабинетот на претседателката информираат дека припадници на Армијата во координација со сите инволвирани државни субјекти се ангажирани на неколку локации - пред сѐ на планината Серта, а една екипа попладнево е упатена кон Радовиш и една во реонот на селата Драгоево и Штркалево кон Криволак. Армијата во досегашниот период дејствува со 100 припадници од Вториот пешадиски баталјон и со два армиски хеликоптери МИ-8/17 кои се ангажираат на локации по насоки на Центарот за управување со кризи. Притоа, во првиот ден од активностите на Армијата, исфрлени се 44 тони вода, вчера 17 лета со 34 тони вода и денес до овој момент, 28 лета и исфрлени 52 тони вода. Македонските сили во овој реон дејствуваат со помош од воздухопловите на Турција, Србија и Црна Гора, се посочува во соопштението. Се додава дека при ангажирањето на припадниците на Армијата се почитуваат сите процедури и мерки за безбедност и лична заштита пропишани согласно противпожарната обука, што сите припадници ја имаат поминуваат како дел од редовната обука.

The post Сиљановска Давкова: Припадниците на АРМ остануваат на терен во борба со пожарите appeared first on Република.

]]>
Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот во Неготинско https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/armiski-helikopter-se-vkluchi-vo-gasneneto-na-pozharot-vo-negotinsko/ Thu, 11 Jul 2024 15:10:56 +0000 https://republika.mk/?p=795889

Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот во Неготинско, потврди за МИА, Фанка Мингова Јанчева, овластено лице во Дирекција за заштита и спасување на Подрачно одделение Неготино и заменик командант на неготинскиот Штаб за заштита и спасување, која и самата е на терен.

- Во моментов се гасне околу село Пештерница кое нема жители, на терен се пожарникари од Неготино и Кавадарци, луѓе од неготинското комунално претпријатие. Дирекција за заштита и спасување учествува во гаснење со два тима, еден од Валандово и еден од Свети Николе со четири возила, појасни Мингова Јанчева.

Пожарот избувна вчера околу 10.30 часот.

The post Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот во Неготинско appeared first on Република.

Мисајловски до припадниците на АРМ: Во мене имате сојузник на кој може да се потпрете https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-do-pripadnitsite-na-arm-vo-mene-imate-sojuznik-na-koj-mozhe-da-se-potprete/ Wed, 26 Jun 2024 12:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=791017

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска беше во посета на Командата на операции во Касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде оствари средба со командантот, бригадниот генерал Бесник Емини, началникот на штабот бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и најодговорните офицери во командата, соопштија од министерството за одбрана.

Од кабинетот на министерот велат дека за време на денешната посета министерот Мисајловски беше брифиран за мисијата и задачите кои ги остварува оваа команда, главниот двигател на Армијата во чиј состав се најголемиот број на армиски единици од сите родови и служби кои заеднички придонесуваат за заштитата на територијалниот интегритет и суверенитет на државата и во операции за поддршка на мирот и безбедноста предводени од НАТО, Обединетите нации и Европската Унија.

Министерот Мисајловски на денешниот брифинг упати огромна благодарност до сите припадници на командата за сето она што го направиле досега и порача максимално ќе ги поддржи сите активности и потреби кои ги има оваа Команда и единиците од нејзиниот состав.

Сакам да ги запознам нашите припадници, чувари на мирот и безбедноста од блиску, да се запознам со вашите потреби и состојби и да направиме се што е потребно вашата работа да ја извршувате беспрекорно. Во мене имате сојузник на кој можете да се потпрете, порача министерот Мисајловски.

На денешниот брифинг министерот Мисајловски беше брифиран за идните чекори на Командата за операции, опремување и модернизација, обуката и вежбите и прифаќањето и имплементацијата на НАТО стандардите.

The post Мисајловски до припадниците на АРМ: Во мене имате сојузник на кој може да се потпрете appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска беше во посета на Командата на операции во Касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде оствари средба со командантот, бригадниот генерал Бесник Емини, началникот на штабот бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и најодговорните офицери во командата, соопштија од министерството за одбрана. Од кабинетот на министерот велат дека за време на денешната посета министерот Мисајловски беше брифиран за мисијата и задачите кои ги остварува оваа команда, главниот двигател на Армијата во чиј состав се најголемиот број на армиски единици од сите родови и служби кои заеднички придонесуваат за заштитата на територијалниот интегритет и суверенитет на државата и во операции за поддршка на мирот и безбедноста предводени од НАТО, Обединетите нации и Европската Унија. Министерот Мисајловски на денешниот брифинг упати огромна благодарност до сите припадници на командата за сето она што го направиле досега и порача максимално ќе ги поддржи сите активности и потреби кои ги има оваа Команда и единиците од нејзиниот состав.
Сакам да ги запознам нашите припадници, чувари на мирот и безбедноста од блиску, да се запознам со вашите потреби и состојби и да направиме се што е потребно вашата работа да ја извршувате беспрекорно. Во мене имате сојузник на кој можете да се потпрете, порача министерот Мисајловски.
На денешниот брифинг министерот Мисајловски беше брифиран за идните чекори на Командата за операции, опремување и модернизација, обуката и вежбите и прифаќањето и имплементацијата на НАТО стандардите.  

The post Мисајловски до припадниците на АРМ: Во мене имате сојузник на кој може да се потпрете appeared first on Република.

]]>
Mу се слошило на Криволак: Почина припадник на АРМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mu-se-sloshilo-na-krivolak-pochiina-pripadnik-na-arm/ Thu, 20 Jun 2024 06:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=789190

Професионалниот војник А.Ј. (25) починал синоќа околу 23:15 часот во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, соопшти утрово Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Професионалниот војник бил еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на Армискиот Полигон „Криволак“.

Како што наведуваат од ГШ, на самиот завршеток на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци, на професионалниот војник моментално му се слошило по што паднал во безсознание.

Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, по што веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон Клиниката-Карил во Скопје, каде по пристигнувањето од страна на персоналот е пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време е констатирана смрт.

Насоки за понатамошна постапка и утврдување на околностите под кои настанал несреќниот случај во текот на ноќните часови се дадени од страна на јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната истражна постапка.

Официјалниот извештај за причините поради кои настанала смртта кај армискиот припадник ќе бидат соопштени по извршена обдукција од страна на Институтот за судска медицина во Скопје, по што јавноста ќе биде благовремено информирана.

Починатиот армиски припадник, го почнал 24 дневниот селективен курс во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност. за цело време на предвидените активности на курсот, нагалсуваат од ГШ на Армијата

The post Mу се слошило на Криволак: Почина припадник на АРМ appeared first on Република.

]]>

Професионалниот војник А.Ј. (25) починал синоќа околу 23:15 часот во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, соопшти утрово Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Професионалниот војник бил еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на Армискиот Полигон „Криволак“. Како што наведуваат од ГШ, на самиот завршеток на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци, на професионалниот војник моментално му се слошило по што паднал во безсознание. Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, по што веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон Клиниката-Карил во Скопје, каде по пристигнувањето од страна на персоналот е пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време е констатирана смрт. Насоки за понатамошна постапка и утврдување на околностите под кои настанал несреќниот случај во текот на ноќните часови се дадени од страна на јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната истражна постапка. Официјалниот извештај за причините поради кои настанала смртта кај армискиот припадник ќе бидат соопштени по извршена обдукција од страна на Институтот за судска медицина во Скопје, по што јавноста ќе биде благовремено информирана. Починатиот армиски припадник, го почнал 24 дневниот селективен курс во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност. за цело време на предвидените активности на курсот, нагалсуваат од ГШ на Армијата

The post Mу се слошило на Криволак: Почина припадник на АРМ appeared first on Република.

]]>
Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kralstvoto-norveshka-donira-76-vozila-za-armijata-na-makedonija/ Thu, 25 Apr 2024 07:46:22 +0000 https://republika.mk/?p=770790

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде предадена донација од 76 моторни возила од Кралството Норвешка.

Седумдесет и шесте моторни возила, од кои триесет и шест се лесни пешадиски моторни возила од типот Мерцедес бенз- 290ГД, Мулти 2 и четириесет товарни моторни возила камиони Сканија-П3, се последен од досегашните многубројни проекти на континуирано одличната соработка во полето на одбраната помеѓу Република Македонија и Кралството Норвешка, велат од Министерството за одбрана.

На настанот ќе се обратат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Кралството Норвешка за Македонија, Кристин Мелсом и бригадниот генерал Андрес Јернберг, командант на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка.

На чинот на официјалното предавање ќе присуствува и раководството од Министерството за одбрана и Генералштабот, генерали во Армијата и команданти од единици.

The post Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Македонија appeared first on Република.

]]>

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде предадена донација од 76 моторни возила од Кралството Норвешка. Седумдесет и шесте моторни возила, од кои триесет и шест се лесни пешадиски моторни возила од типот Мерцедес бенз- 290ГД, Мулти 2 и четириесет товарни моторни возила камиони Сканија-П3, се последен од досегашните многубројни проекти на континуирано одличната соработка во полето на одбраната помеѓу Република Македонија и Кралството Норвешка, велат од Министерството за одбрана. На настанот ќе се обратат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Кралството Норвешка за Македонија, Кристин Мелсом и бригадниот генерал Андрес Јернберг, командант на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка. На чинот на официјалното предавање ќе присуствува и раководството од Министерството за одбрана и Генералштабот, генерали во Армијата и команданти од единици.

The post Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Македонија appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучува повеќе жени! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-ke-se-zalagam-arm-sekogash-da-gi-ispolnuva-nato-standardite-i-da-vkluchuva-poveke-zheni/ Mon, 15 Apr 2024 20:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=766493

Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во војската мора да има ред! Во војската мора да има хиерархија! Во војската мора да има стандарди! Особено мора да ги почитуваме НАТО стандардите бидјеќи сме членка на сојузот!

Ова го истакна кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова од митингот во Прилеп.

Меѓутоа ако и таму има политизација и партизација, ако нема доволни жени на клучни позиции, тогаш мислам дека прашалникот е голем. Зошто жени? Бидејќи и јас како и сите жени, сум горда и знам дека во сите области можеме да внесеме нешто ново. А важно е бидејќи главните жртви во сите војни се жените и децата. Кога има жени во Армијата и на клучни фукции, на клучните позиции во државата, тогаш има поголеми гаранции за мир!

https://www.youtube.com/live/w5U7H9SpTUM?si=l-5vFSL3N1IOEfjX

The post Силјановска Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучува повеќе жени! appeared first on Република.

]]>

Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во војската мора да има ред! Во војската мора да има хиерархија! Во војската мора да има стандарди! Особено мора да ги почитуваме НАТО стандардите бидјеќи сме членка на сојузот! Ова го истакна кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова од митингот во Прилеп.
Меѓутоа ако и таму има политизација и партизација, ако нема доволни жени на клучни позиции, тогаш мислам дека прашалникот е голем. Зошто жени? Бидејќи и јас како и сите жени, сум горда и знам дека во сите области можеме да внесеме нешто ново. А важно е бидејќи главните жртви во сите војни се жените и децата. Кога има жени во Армијата и на клучни фукции, на клучните позиции во државата, тогаш има поголеми гаранции за мир!
https://www.youtube.com/live/w5U7H9SpTUM?si=l-5vFSL3N1IOEfjX

The post Силјановска Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучува повеќе жени! appeared first on Република.

]]>
Припадниците на Армијата ќе учествуваат во меѓународни вежби во Германија и Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pripadnitsite-na-armijata-ke-uchestvuvaat-vo-megunarodni-vezhbi-vo-germanija-i-polska/ Wed, 03 Apr 2024 19:10:56 +0000 https://republika.mk/?p=761869

Владата на 13-та владина седница на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество на вежбата „Saber Strike 24“ во Сојузна Република Германија и во Република Полска.

Вежбата „Saber Strike 24“ е во организација на Европската команда од вооружените сили на САД, на којашто покрај припадници од вооружените сили на САД, учество е предвидено да земат и претставници од Обединетото Кралство, Германија, Полска, Хрватска, Холандија, Италија, Литванија, Белгија, Шпанија и Чешка. Вежбата, според ресорното министерство, ќе придонесе за обновување на стекнатите знаења и стекнување со дополнителни знаења на персоналот на Армијата, за подготовка на единици за извршување на здружени мултинационални операции.

The post Припадниците на Армијата ќе учествуваат во меѓународни вежби во Германија и Полска appeared first on Република.

]]>

Владата на 13-та владина седница на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество на вежбата „Saber Strike 24“ во Сојузна Република Германија и во Република Полска. Вежбата „Saber Strike 24“ е во организација на Европската команда од вооружените сили на САД, на којашто покрај припадници од вооружените сили на САД, учество е предвидено да земат и претставници од Обединетото Кралство, Германија, Полска, Хрватска, Холандија, Италија, Литванија, Белгија, Шпанија и Чешка. Вежбата, според ресорното министерство, ќе придонесе за обновување на стекнатите знаења и стекнување со дополнителни знаења на персоналот на Армијата, за подготовка на единици за извршување на здружени мултинационални операции.

The post Припадниците на Армијата ќе учествуваат во меѓународни вежби во Германија и Полска appeared first on Република.

]]>
АРМ со изложба на воена техника во Охрид ќе одбележи 75 години формирање на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arm-so-izlozhba-na-voena-tehnika-vo-ohrid-ke-odbelezhi-75-godini-formirane-na-nato/ Fri, 22 Mar 2024 10:19:07 +0000 https://republika.mk/?p=757360

Утре од 09 до 18 часот, на градскиот плоштад во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички збор односно изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила.

Во рамките на оваа активност, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, ќе изведат показна вежба-препад на пловен објект.

Во вежбата ќе се вклучи и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата. Сите активности во рамките на тактичко-техничкиот збор и показната вежба, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска полиција).

Со оваа активност, Армијата на РСМ ја одбележува 75 годишнината од формирањето на НАТО Алијансата и 4 годишнината од членството на РСМ во НАТО сојузот.

СВР Охрид апелира до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.

The post АРМ со изложба на воена техника во Охрид ќе одбележи 75 години формирање на НАТО appeared first on Република.

]]>

Утре од 09 до 18 часот, на градскиот плоштад во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички збор односно изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила. Во рамките на оваа активност, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, ќе изведат показна вежба-препад на пловен објект.
Во вежбата ќе се вклучи и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата. Сите активности во рамките на тактичко-техничкиот збор и показната вежба, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска полиција). Со оваа активност, Армијата на РСМ ја одбележува 75 годишнината од формирањето на НАТО Алијансата и 4 годишнината од членството на РСМ во НАТО сојузот. СВР Охрид апелира до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.

The post АРМ со изложба на воена техника во Охрид ќе одбележи 75 години формирање на НАТО appeared first on Република.

]]>