аријанит џафери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arijanit-dzaferi/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Jun 2023 09:25:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аријанит џафери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arijanit-dzaferi/ 32 32 „ДУИНГ“ бизнис : Братот на Груби си купи дуќан на улица „Македонија“, внукот на Ахмети трговски центар, синот работи со струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/duing-biznis-bratot-na-grubi-si-kupi-dukan-na-ulitsa-makedonija-vnukot-na-ahmeti-trgovski-tsentar-sinot-raboti-so-struja/ Thu, 22 Jun 2023 09:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=653924

ДУИ дил ориентед“ вака слободно може да се нарече партијата од Мала Речица. Речиси и да нема истакнат член на раководстовото на партијата што не се занимава со бизнис во слободно време.Но, немојте да помислите дека тие држат тезга на пазар или дека товараат зелки на Кванташки. Не, не, тие се фрлија на многу попрофитабилни бизниси како што е струја и недвижности.

Најсвеж пример е внукот од брат на лидерот на партијата Ахмети. Дрин заедно со партнер од Албанија го купија деловно-трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. На Дрин не му оди само бизнисот со недвижнини, туку и рударството. Тој е  косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-ahmeti-zaedno-so-poraneshen-stranski-sovetnik-vo-vladata-na-vmro-dpmne-dui-otvorija-firma-za-struja/

Не е само внукот на Ахмети по бизнисите, тука е и неговиот син Шкумбин Ахмети кој заеднички со „СЕЕ Повер ДОО Скопје“ основаа   компанија под името „Мега Повер ДОО Скопје“, чија дејност е производство на струја. Седиштето на партнерската компанија е регистрирана во скопската населба Бардовци.

Аријанит Џафери, син на Муса Џафери е сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У пауер“. Аријанит дури и го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски откако му ја одзее лиценцата.

Бизнис има и братот на еден од најблиските соработници на Али Ахмети, Артан Груби. Ветон Груби купи дуќа на улица „Македонија“ за „џабалк“, односно 127 метри квадратни за половина милион евра.

Кого го бива за сѐ го бива.

The post „ДУИНГ“ бизнис : Братот на Груби си купи дуќан на улица „Македонија“, внукот на Ахмети трговски центар, синот работи со струја appeared first on Република.

]]>

ДУИ дил ориентед“ вака слободно може да се нарече партијата од Мала Речица. Речиси и да нема истакнат член на раководстовото на партијата што не се занимава со бизнис во слободно време.Но, немојте да помислите дека тие држат тезга на пазар или дека товараат зелки на Кванташки. Не, не, тие се фрлија на многу попрофитабилни бизниси како што е струја и недвижности. Најсвеж пример е внукот од брат на лидерот на партијата Ахмети. Дрин заедно со партнер од Албанија го купија деловно-трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. На Дрин не му оди само бизнисот со недвижнини, туку и рударството. Тој е  косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. https://republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-ahmeti-zaedno-so-poraneshen-stranski-sovetnik-vo-vladata-na-vmro-dpmne-dui-otvorija-firma-za-struja/ Не е само внукот на Ахмети по бизнисите, тука е и неговиот син Шкумбин Ахмети кој заеднички со „СЕЕ Повер ДОО Скопје“ основаа   компанија под името „Мега Повер ДОО Скопје“, чија дејност е производство на струја. Седиштето на партнерската компанија е регистрирана во скопската населба Бардовци. Аријанит Џафери, син на Муса Џафери е сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У пауер“. Аријанит дури и го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски откако му ја одзее лиценцата. Бизнис има и братот на еден од најблиските соработници на Али Ахмети, Артан Груби. Ветон Груби купи дуќа на улица „Македонија“ за „џабалк“, односно 127 метри квадратни за половина милион евра. Кого го бива за сѐ го бива.  

The post „ДУИНГ“ бизнис : Братот на Груби си купи дуќан на улица „Македонија“, внукот на Ахмети трговски центар, синот работи со струја appeared first on Република.

]]>
Синот на Муса Џафери доби обвинителен предлог за нападот врз Бислимовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-musa-dzaferi-dobi-obvinitelen-predlog-za-napadot-vrz-bislimovski/ Sun, 20 Mar 2022 19:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=475839

Скопското обвинителство до кривичниот суд поднесе обвинителен предлог против синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери за нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Тој се гони за кривично дело насилство.

Причина за нападот беше тоа што неговата фирма „У- повер“ се најде на списокот на РКЕ за одземање лиценци, бидејќи не испорачувала доволно струја колку што им била потребна на потрошувачите со кои имала склучено договори.

Од регулаторното тело брифираат дека постапката сѐ уште трае и досега РКЕ сѐ уште ѝ ја нема земено лиценцата на компанијата.

Од таму потенцираат дека се работи за долга постапка и дека нејзината цел е да се коригира поведението на снабдувачите со струја, а не да им се одземе лиценцата, со цел да не се наруши енергетскиот систем, во услови кога владее голема економска криза.

Според последните информации од таму, компанијата воопшто не ни набавува повеќе струја.

-Ве информираме дека У Повер на 31 јануари оваа година ја извести РКЕ по имејл дека не постојат потрошувачи што ги снабдува со електрична енергија во месец февруари 2022 и од тие причини нема набавено енергија, ни одговорија од РКЕ.

Извор: Фокус

The post Синот на Муса Џафери доби обвинителен предлог за нападот врз Бислимовски appeared first on Република.

]]>

Скопското обвинителство до кривичниот суд поднесе обвинителен предлог против синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери за нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Тој се гони за кривично дело насилство. Причина за нападот беше тоа што неговата фирма „У- повер“ се најде на списокот на РКЕ за одземање лиценци, бидејќи не испорачувала доволно струја колку што им била потребна на потрошувачите со кои имала склучено договори. Од регулаторното тело брифираат дека постапката сѐ уште трае и досега РКЕ сѐ уште ѝ ја нема земено лиценцата на компанијата. Од таму потенцираат дека се работи за долга постапка и дека нејзината цел е да се коригира поведението на снабдувачите со струја, а не да им се одземе лиценцата, со цел да не се наруши енергетскиот систем, во услови кога владее голема економска криза. Според последните информации од таму, компанијата воопшто не ни набавува повеќе струја.
-Ве информираме дека У Повер на 31 јануари оваа година ја извести РКЕ по имејл дека не постојат потрошувачи што ги снабдува со електрична енергија во месец февруари 2022 и од тие причини нема набавено енергија, ни одговорија од РКЕ.
Извор: Фокус

The post Синот на Муса Џафери доби обвинителен предлог за нападот врз Бислимовски appeared first on Република.

]]>
Услови за трговија со електрична енергија во Македонија исполнуваат син му на Муса Џафери и синот на Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uslovi-za-trgovija-so-elektrichna-energija-vo-makedonija-ispolnuvaat-sin-mu-na-musa-dzaferi-i-sinot-na-zaev/ Thu, 03 Mar 2022 20:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=467400

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека тоа што народот го иритира многу е што Пендаровски, Ковачевски, Заев и останатите имаат став за светската политика, но немаат став за домашите проблеми.

-Немаат став како е возможно, не го слушнав вчера Пендаровски да каже дали се согласува со тоа 18-годишниот син на Заев да има фирма за трговија со електрична енергија на која што лиценца треба да и даде Регулаторната комисија за енергетика којашто е државно тело или не го слушнав вчера Пендаровски да каже како е возможно да се прави притисок врз големи фирми во Македонија да не учествуваат на повикот на Владата за субвенционирање, односно, задавање повластени цени за фотоволтаици и прв победник на тие повластени суми за фотоволтаици да биде фирма од Желино, а втор да биде фирма од Гевгелија и Свети Николе, сосем случајно вака поделбата на власта во моментов во Македонија, вели Николоски.

Тој рече дека тоа е тоа што го иритира народот, што за тие работи немаат став, што заеднички СДСМ и ДУИ си крадат, а за светските прашања имаат став и ,додаде,дека се обидуваат да внесат клин меѓу народот, но нема да успеат во таа работа.

На прашањето зошто синот на Заев не може да има фирма за фотоволтации, Николоски одговори:

-Зошто има 18 години и затоа што има услови, татко му може да му даде пари да си отвори бутик или кафуле и за тоа не вклучена државата, но за трговија со електрична енергија, апсолутно е вклучена државата, затоа што Регулаторната комисија за енергетика дава лиценца, односно дозвола, на фирма којашто прави трговија со електрична енергија и таа треба да исполнува услови и во Македонија услови исполнуваат фирмата на син му на Муса Џафери и фирмата на син му на Зоран Заев. 

Николоски додава дека очигледно само за децата кои се функционери во Македонија, не гледаме дека за децата на работниците, не гледаме дека децата на чуварите, на полицајците, не гледаме дека децата на оние коишто работат во железара или децата на оние кои се текстилни работнички отвораат фирма за електрична енергија.

The post Услови за трговија со електрична енергија во Македонија исполнуваат син му на Муса Џафери и синот на Заев appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека тоа што народот го иритира многу е што Пендаровски, Ковачевски, Заев и останатите имаат став за светската политика, но немаат став за домашите проблеми.
-Немаат став како е возможно, не го слушнав вчера Пендаровски да каже дали се согласува со тоа 18-годишниот син на Заев да има фирма за трговија со електрична енергија на која што лиценца треба да и даде Регулаторната комисија за енергетика којашто е државно тело или не го слушнав вчера Пендаровски да каже како е возможно да се прави притисок врз големи фирми во Македонија да не учествуваат на повикот на Владата за субвенционирање, односно, задавање повластени цени за фотоволтаици и прв победник на тие повластени суми за фотоволтаици да биде фирма од Желино, а втор да биде фирма од Гевгелија и Свети Николе, сосем случајно вака поделбата на власта во моментов во Македонија, вели Николоски.
Тој рече дека тоа е тоа што го иритира народот, што за тие работи немаат став, што заеднички СДСМ и ДУИ си крадат, а за светските прашања имаат став и ,додаде,дека се обидуваат да внесат клин меѓу народот, но нема да успеат во таа работа. На прашањето зошто синот на Заев не може да има фирма за фотоволтации, Николоски одговори: