архива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arhiva/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jun 2024 07:57:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png архива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arhiva/ 32 32 Архивата на „Охридско лето“ првпат ќе биде предадена во Охридскиот Архив https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/arhivata-na-ohridsko-leto-prvpat-ke-bide-predadena-vo-ohridskiot-arhiv/ Thu, 20 Jun 2024 07:57:24 +0000 https://republika.mk/?p=789216

Архивската документација на НУ Охридско лето, значајна за зачувувањето на документарното богато наследство, првпат ќе биде предадена во Охридскиот Архив.

Согласно Меморандумот за соработка помеѓи НУ „Охридско лето“ и Државниот Архив како и меѓусебниот договор помеѓу двете институции, архивската документација на НУ „Охридско лето“, од нејзиното создавање до денес, беше во целосна процедура на средување и обработка.
Тимот на Охридскиот Архив низ неколку месечни активности успеа во целост да ги изврши архивските процедури со што дел од трајната документација во законските рамки ќе биде предадена на трајно чување во Архивот- Охрид.

Свесни за значењето на богатата историја на „Охридско лето“ пристапивме кон еден, за нас голем чекор, со кој трајно ќе ги сочуваме сведоштвата на сѐ она што генерации пред нас макотрпно го создавале. Сакаме да оставиме неизбришлив траг за идните генерации градејќи цврсти темели со кои Фестивалот „Охридско лето“ создава вековна отвореност кон културите и размената на светските добра. Посакувам и верувам дека нашата соработка ќе продолжи и следните години со што заедно ќе ја градиме богатата културна традиција на „Охридско лето“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Поповиќ изрази огромна благодарност за поддршката што ја дава Охридскиот Архив која, како што вели таа, дава уште поголем мотив да се негува уметноста но и да се гради патот кон поголем културен развој.

Културното пишано богаство на манифестацијата „Охридско лето“ претставува ризница од која можеме да црпиме културен благодет, велат од Архивот во Охрид.

Архивот ќе се погрижи преку преземањето на средената документација во целост да се чува во соодветни услови и да се презентира пред поширокиот аудиториум во научни цели. Знаејќи го значењето на документацијата, исто така, пред нас постои цел за целосно дигитализирање на истата , впрочем како што Архивот направи со документацијата од „Струшки вечери на поезијата", вели раководителот на Подрачното одделение на Државниот Архив во Охрид, Никола Митровиќ-Бабе.

Тој изрази благодарност до сите вработени во Архивот и НУ „Охридско лето“ што несебично и сложно работеа кон средување на целокупната документација.

Се разбира и огромна благодарност за директорката Наташа Поповиќ која покажа интерес за важноста на документацијата од институцијата со која раководи“, вели раководителот Митровиќ- Бабе.

 

The post Архивата на „Охридско лето“ првпат ќе биде предадена во Охридскиот Архив appeared first on Република.

]]>

Архивската документација на НУ Охридско лето, значајна за зачувувањето на документарното богато наследство, првпат ќе биде предадена во Охридскиот Архив. Согласно Меморандумот за соработка помеѓи НУ „Охридско лето“ и Државниот Архив како и меѓусебниот договор помеѓу двете институции, архивската документација на НУ „Охридско лето“, од нејзиното создавање до денес, беше во целосна процедура на средување и обработка. Тимот на Охридскиот Архив низ неколку месечни активности успеа во целост да ги изврши архивските процедури со што дел од трајната документација во законските рамки ќе биде предадена на трајно чување во Архивот- Охрид.
Свесни за значењето на богатата историја на „Охридско лето“ пристапивме кон еден, за нас голем чекор, со кој трајно ќе ги сочуваме сведоштвата на сѐ она што генерации пред нас макотрпно го создавале. Сакаме да оставиме неизбришлив траг за идните генерации градејќи цврсти темели со кои Фестивалот „Охридско лето“ создава вековна отвореност кон културите и размената на светските добра. Посакувам и верувам дека нашата соработка ќе продолжи и следните години со што заедно ќе ја градиме богатата културна традиција на „Охридско лето“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.
Поповиќ изрази огромна благодарност за поддршката што ја дава Охридскиот Архив која, како што вели таа, дава уште поголем мотив да се негува уметноста но и да се гради патот кон поголем културен развој. Културното пишано богаство на манифестацијата „Охридско лето“ претставува ризница од која можеме да црпиме културен благодет, велат од Архивот во Охрид.
Архивот ќе се погрижи преку преземањето на средената документација во целост да се чува во соодветни услови и да се презентира пред поширокиот аудиториум во научни цели. Знаејќи го значењето на документацијата, исто така, пред нас постои цел за целосно дигитализирање на истата , впрочем како што Архивот направи со документацијата од „Струшки вечери на поезијата", вели раководителот на Подрачното одделение на Државниот Архив во Охрид, Никола Митровиќ-Бабе.
Тој изрази благодарност до сите вработени во Архивот и НУ „Охридско лето“ што несебично и сложно работеа кон средување на целокупната документација.
Се разбира и огромна благодарност за директорката Наташа Поповиќ која покажа интерес за важноста на документацијата од институцијата со која раководи“, вели раководителот Митровиќ- Бабе.
 

The post Архивата на „Охридско лето“ првпат ќе биде предадена во Охридскиот Архив appeared first on Република.

]]>
Кабинетот на Џафери тврди дека архивата на Собранието е тука, а системот е надграден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kabinetot-na-dhaferi-tvrdi-deka-arhivata-na-sobranieto-e-tuka-a-sistemot-e-nadgraden/ Mon, 15 May 2023 16:56:30 +0000 https://republika.mk/?p=641118

Паушални и неточни се наводите на поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во отвореното писмо до јавноста. Наспроти неговите тенденциозни обвинувања, ова раководство на Собранието, во изминатите шест години, презема низа мерки и проекти во функција на поголема транспарентност и отчетност на законодавната власт кон граѓаните и јавноста, се вели во одговорот од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери на отвореното писмо од Вељаноски.

Кабинетот нформира дека Собранието извршило комплетна надградба на веб-страницата и ја поврзало со новиот систем за е-Парламент и новиот систем за електронско гласање.

– Надградбата на новата платформа имаше за цел подобрување на транспарентноста на Собранието во процесот на објавување на сите информации и документи кои произлегуваат од работата на Собранието на автоматски начин, во реално време од внатрешниот систем на веб страницата на Собранието. Дополнително, потребата за надградба и подигнување на технолошкото ниво на системите од кои некои беа постари повеќе од 14 години со нови современи софтверски решенија во Собранието беше зголемена со речиси секојдневните кибернапади на веб страницата на Собранието, се појаснува во одговорот од Кабинетот на Џафери.

Во информацијата се додава дека по успешната надградба на системите, во тек е миграцијата на податоците од стариот систем за е-Парламент во нов. Процесот на миграција на содржините од претходниот систем е завршен за тековниот пратенички состав 2020-2024, а во тек е валидацијата на мигрираните содржини за претходните пратенички состави наназад.

– Впрочем, на веб страницата на Собранието, преку дополнителниот линк – Историја, веќе се достапни дел од мигрираните податоци и за претходните пратенички состави од 1991 година до денес, како што се:

– Пратеници со нивни биографии и политички партии од 1991 година;

– Собраниско раководство (Претседатели на Собранието, Потпретседатели на Собранието и Генерални секретари) од 1991 година;

– Работни тела од 1998 година;

– Пратенички групи за соработка од 2002 година;

– Делегации од 2002 година, стои во пишаниот одговор од Кабинетот на Претседателот на Собранието на Република Македонија.

Модернизацијата на веб страницата подразбира лесна навигација, логичка поврзаност на содржините, напредно пребарување, високо ниво на прилагодување, целосна интеграција со е-Парламент и со новиот систем за говорење и гласање. Заменета е застарената хардверска основа и сега двата системи се поставени на нови сервери и сториџ-систем, со многу поголема брзина и поголем капацитет.

Во однос на видеоархивата, информираат од Кабинетот, во тек е набавка на медиа сервер, со што, по негово поставување и конвертирање на материјалите во формат кој сега е стандард, ќе биде достапна на сајтот.

Покрај ова, во тек е реализацијата на други процеси во насока на понатамошно унапредување на системот: се подготвува регистар за невладини организации; во тек е набавка на систем за разрешување на инциденти, се поставува корпоративна ви-фи мрежа и се подобрува гостинската ви-фи мрежа.

– Наместо неаргументирано да критикува и да пишува отворени писма до јавноста, Вељаноски треба да биде малку самокритичен и да се запраша какво беше нивото на отвореност на Собранието кон јавноста во негово време, а како е сега, се наведува во одговорот од Кабинетот на Џафери на отвореното писмо од Вељаноски.

The post Кабинетот на Џафери тврди дека архивата на Собранието е тука, а системот е надграден appeared first on Република.

]]>

Паушални и неточни се наводите на поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во отвореното писмо до јавноста. Наспроти неговите тенденциозни обвинувања, ова раководство на Собранието, во изминатите шест години, презема низа мерки и проекти во функција на поголема транспарентност и отчетност на законодавната власт кон граѓаните и јавноста, се вели во одговорот од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери на отвореното писмо од Вељаноски. Кабинетот нформира дека Собранието извршило комплетна надградба на веб-страницата и ја поврзало со новиот систем за е-Парламент и новиот систем за електронско гласање. – Надградбата на новата платформа имаше за цел подобрување на транспарентноста на Собранието во процесот на објавување на сите информации и документи кои произлегуваат од работата на Собранието на автоматски начин, во реално време од внатрешниот систем на веб страницата на Собранието. Дополнително, потребата за надградба и подигнување на технолошкото ниво на системите од кои некои беа постари повеќе од 14 години со нови современи софтверски решенија во Собранието беше зголемена со речиси секојдневните кибернапади на веб страницата на Собранието, се појаснува во одговорот од Кабинетот на Џафери. Во информацијата се додава дека по успешната надградба на системите, во тек е миграцијата на податоците од стариот систем за е-Парламент во нов. Процесот на миграција на содржините од претходниот систем е завршен за тековниот пратенички состав 2020-2024, а во тек е валидацијата на мигрираните содржини за претходните пратенички состави наназад. – Впрочем, на веб страницата на Собранието, преку дополнителниот линк – Историја, веќе се достапни дел од мигрираните податоци и за претходните пратенички состави од 1991 година до денес, како што се: – Пратеници со нивни биографии и политички партии од 1991 година; – Собраниско раководство (Претседатели на Собранието, Потпретседатели на Собранието и Генерални секретари) од 1991 година; – Работни тела од 1998 година; – Пратенички групи за соработка од 2002 година; – Делегации од 2002 година, стои во пишаниот одговор од Кабинетот на Претседателот на Собранието на Република Македонија. Модернизацијата на веб страницата подразбира лесна навигација, логичка поврзаност на содржините, напредно пребарување, високо ниво на прилагодување, целосна интеграција со е-Парламент и со новиот систем за говорење и гласање. Заменета е застарената хардверска основа и сега двата системи се поставени на нови сервери и сториџ-систем, со многу поголема брзина и поголем капацитет. Во однос на видеоархивата, информираат од Кабинетот, во тек е набавка на медиа сервер, со што, по негово поставување и конвертирање на материјалите во формат кој сега е стандард, ќе биде достапна на сајтот. Покрај ова, во тек е реализацијата на други процеси во насока на понатамошно унапредување на системот: се подготвува регистар за невладини организации; во тек е набавка на систем за разрешување на инциденти, се поставува корпоративна ви-фи мрежа и се подобрува гостинската ви-фи мрежа. – Наместо неаргументирано да критикува и да пишува отворени писма до јавноста, Вељаноски треба да биде малку самокритичен и да се запраша какво беше нивото на отвореност на Собранието кон јавноста во негово време, а како е сега, се наведува во одговорот од Кабинетот на Џафери на отвореното писмо од Вељаноски.

The post Кабинетот на Џафери тврди дека архивата на Собранието е тука, а системот е надграден appeared first on Република.

]]>