Архив Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arhiv/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jul 2023 16:40:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Архив Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arhiv/ 32 32 Промовирана мапа со над сто објекти од недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promovirana-mapa-so-nad-sto-objekti-od-nedvizhnoto-kulturno-nasledstvo-na-bitola-od-osmanliskiot-period/ Fri, 28 Jul 2023 16:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=666364

Македонската јавност денеска прв пат се информира за недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период кое располага со над 100 мекогашни и сегашни објекти во градот.

Проектот го презентираше тим предводен од Виктор Трајановски, доцент на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ на УКИМ-Скопје.

The post Промовирана мапа со над сто објекти од недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период appeared first on Република.

]]>

Државниот архив ќе добие Центар за дигитализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drzavniot-arhiv-kje-dobie-centar-za-digitalizacija-2/ Mon, 03 Oct 2022 07:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=556708

Во Државниот архив со Скопје денеска свечено ќе биде отворен Центарот за дигитализација во рамки на Одделението за средување и обработка на архивски материјал.

Во Државниот архив со Скопје денеска свечено ќе биде отворен Центарот за дигитализација во рамки на Одделението за средување и обработка на архивски материјал – османлиски период, чие опремување е донација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

На свеченоста по повод донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Турција во земјава, Хасан Мемет Секизќок, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик и програмскиот директор на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, кои ќе одржат и работна средба со директорот на Државниот архив, Емил Крстески.

The post Државниот архив ќе добие Центар за дигитализација appeared first on Република.

]]>

Во Државниот архив со Скопје денеска свечено ќе биде отворен Центарот за дигитализација во рамки на Одделението за средување и обработка на архивски материјал.

Во Државниот архив со Скопје денеска свечено ќе биде отворен Центарот за дигитализација во рамки на Одделението за средување и обработка на архивски материјал – османлиски период, чие опремување е донација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). На свеченоста по повод донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Турција во земјава, Хасан Мемет Секизќок, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик и програмскиот директор на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, кои ќе одржат и работна средба со директорот на Државниот архив, Емил Крстески.

The post Државниот архив ќе добие Центар за дигитализација appeared first on Република.

]]>
Крстески: Архивот е отворен за сите, но вистински треба да се отворат досиејата на тајните служби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krsteski-arhivot-e-otvoren-za-site-no-vistinski-treba-da-se-otvorat-dosiejata-na-tajnite-sluzbi/ Mon, 25 Jul 2022 17:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=533059

Потпишаниот протокол со Бугарија ги отвора и историските дилеми, дали навистина имало прогон на Бугарите во Македонија, дали комунистичкиот режим бил репресивен кон нив?

Директорот на Државниот архив Емил Крстески вели дека архивот е отворен за сите, но вистински треба да се отворат досиејата на тајните служби.

https://www.youtube.com/watch?v=r4g0XvzEOvE

The post Крстески: Архивот е отворен за сите, но вистински треба да се отворат досиејата на тајните служби appeared first on Република.

]]>

Потпишаниот протокол со Бугарија ги отвора и историските дилеми, дали навистина имало прогон на Бугарите во Македонија, дали комунистичкиот режим бил репресивен кон нив? Директорот на Државниот архив Емил Крстески вели дека архивот е отворен за сите, но вистински треба да се отворат досиејата на тајните служби. https://www.youtube.com/watch?v=r4g0XvzEOvE

The post Крстески: Архивот е отворен за сите, но вистински треба да се отворат досиејата на тајните служби appeared first on Република.

]]>
Архивска приказна низ фотографии и документи на „Локум фест“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/arhivska-prikazna-niz-fotografii-i-dokumenti-na-lokum-fest/ Fri, 22 Jul 2022 10:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=532112

Архивска приказна низ фотографии и документи во рамките на Локум фест.

Сабота во 20 часот „Раскошот и проклетството на Данабаш низ архивскиот материјал" во Стара Битолска чаршија.

The post Архивска приказна низ фотографии и документи на „Локум фест“ appeared first on Република.

]]>

Архивска приказна низ фотографии и документи во рамките на Локум фест. Сабота во 20 часот „Раскошот и проклетството на Данабаш низ архивскиот материјал" во Стара Битолска чаршија.    

The post Архивска приказна низ фотографии и документи на „Локум фест“ appeared first on Република.

]]>
Зошто на наследниците на македонските комунисти од СДСМ им требаа 16 години за да признаат дека по војната имало репресии врз основа на етно-политичко самоопределување?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-na-naslednicite-na-makedonskite-komunisti-od-sdsm-im-trebaa-16-godini-za-da-priznaat-deka-po-vojnata-imalo-represii-vrz-osnova-na-etno-politichko-samoopredeluvanje/ Thu, 21 Jul 2022 10:48:26 +0000 https://republika.mk/?p=531767

Една од обврските, што ги презема Република Македонија со потпишувањето на вториот Протокол од работата на меѓувладината македонско-бугарска комисија, е реафирмација на Декларацијата за извинување на жртвите од репресиите од режимот во периодот 1945-1990 година, што беше усвоена од страна на Собранието на РМ во 2006 година.

Според содржината на објаснувањето, Владата презела обврски за создавање правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државна безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. И оваа сеопфатна правна рамка треба да создаде јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално проучување и заштита на соодветните документи.

Но, читајќи го внимателно текстот на овој дел од Протоколот, што предвидува и извесен реципроцитет со користењето и на бугарските архиви, се наметнува едно основно прашање, а тоа е зошто на наследниците на македонските комунисти од носителите на актуелната власт СДСМ им требаа цели 16 години за да признаат дека по Втората светска војна, репресивниот апарат на тоталитарниот режим делувал и против граѓани врз основа на нивното етно-политичко самоопределување? Зашто, во усвоената Декларација од 2006 година не само што не се споменува комунизмот како термин, туку нема ниту збор за вакво нешто!

А, да биде апсурдот уште поголем, власта на наследниците на „шумкарите“, како што Бугарите ги именувале партизаните од НОБ, вината за таквите постапки ја префрла на југословенските, а не на македонските комунисти!? Како македонските да не биле дел од југословенските комунисти, што со други зборови значи и дека членовите на КПМ не биле дел од КПЈ, дека Лазар Колишевски бил југословенски, а не македонски лидер, дека неговите најблиски соработници, меѓу кои и Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, исто така биле југословенски, а не македонски комунисти!? Па, поголема перверзија од ова-здравје!

И ова е само едната страна од медалот. Другата е не во некакво прашање или дилема, туку во признанието на наследниците на „шумкарите“ од СДСМ за постоење репресија врз граѓаните врз етно-политичка припадност, што, пак, има повеќедимензионално значење. Значи, неистомислениците на комунистите не биле гонети и репресирани само заради нивните идеолошки разлики, туку и поради нивната етничка припадност, што ќе рече затоа што биле „големи Македонци“, Бугари, Албанци, Турци, Власи, Срби, Црногорци...!

Ваквото признание на наследниците на македонските комунисти, сега конвертирани во ликот и делото на СДСМ, фактички во целост ги прифаќа и реализира тврдењата содржани во Тиранската платформа за геноцид извршен врз Албанците во Македонија од една, и врз Бугарите од друга страна.

Згора на ова, СДСМ вулгаризирано признава и тврди дека сите припадници на партизанските единици, не само што идеолошки биле комунисти, туку и дека припаѓале на македонскиот етнос, а сите припадници на ВМРО априори биле Бугари! Со ова, практично, се врши целосна елиминација на постоењето на автентичен македонски антикомунизам и делумно се прифаќа бугарската теза дека во Македонија немало антифашистичка, туку постоела само идеолошка војна!

Од чисто практична гледна точка, каква и да е идејата за реафирмација на жртвите на „претходниот режим“, мора да се напоменат неколку работи. Споменатите архиви, не само што се детално прочистувани, туку не се и целосно предадени во Државниот архив. Голем дел од досиејата, полициските и на некогашната УДБ-а, можеби најважните, се уште се во АНБ и нивното предавање не смее да се дозволи со претходно нивно прочистување, а уште помалку без евидентирање на секоја страница.

Каде се и како ќе се обезбеди предавање и пристап до документите на воените разузнавачки и контраразузнавачки служби е сосема трето прашање.

Но, за ефикасност на целата постапка мора да се обезбеди и судската документација од поствоените судења и над се, партиската архива на некогашната КПМ/СКМ. Зашто, репресивниот апарат од сите провиниенции работел под директни директиви на партијата. А, токму овие две документации, случајно или не, не се содржани во Протоколот.

Македонската лустрација „не чинеше“, сега да видиме дали ќе чини бугарската, особено од аспект на вистинска декомунизација на општеството.

The post Зошто на наследниците на македонските комунисти од СДСМ им требаа 16 години за да признаат дека по војната имало репресии врз основа на етно-политичко самоопределување?! appeared first on Република.

]]>

Една од обврските, што ги презема Република Македонија со потпишувањето на вториот Протокол од работата на меѓувладината македонско-бугарска комисија, е реафирмација на Декларацијата за извинување на жртвите од репресиите од режимот во периодот 1945-1990 година, што беше усвоена од страна на Собранието на РМ во 2006 година. Според содржината на објаснувањето, Владата презела обврски за создавање правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државна безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. И оваа сеопфатна правна рамка треба да создаде јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално проучување и заштита на соодветните документи. Но, читајќи го внимателно текстот на овој дел од Протоколот, што предвидува и извесен реципроцитет со користењето и на бугарските архиви, се наметнува едно основно прашање, а тоа е зошто на наследниците на македонските комунисти од носителите на актуелната власт СДСМ им требаа цели 16 години за да признаат дека по Втората светска војна, репресивниот апарат на тоталитарниот режим делувал и против граѓани врз основа на нивното етно-политичко самоопределување? Зашто, во усвоената Декларација од 2006 година не само што не се споменува комунизмот како термин, туку нема ниту збор за вакво нешто! А, да биде апсурдот уште поголем, власта на наследниците на „шумкарите“, како што Бугарите ги именувале партизаните од НОБ, вината за таквите постапки ја префрла на југословенските, а не на македонските комунисти!? Како македонските да не биле дел од југословенските комунисти, што со други зборови значи и дека членовите на КПМ не биле дел од КПЈ, дека Лазар Колишевски бил југословенски, а не македонски лидер, дека неговите најблиски соработници, меѓу кои и Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, исто така биле југословенски, а не македонски комунисти!? Па, поголема перверзија од ова-здравје! И ова е само едната страна од медалот. Другата е не во некакво прашање или дилема, туку во признанието на наследниците на „шумкарите“ од СДСМ за постоење репресија врз граѓаните врз етно-политичка припадност, што, пак, има повеќедимензионално значење. Значи, неистомислениците на комунистите не биле гонети и репресирани само заради нивните идеолошки разлики, туку и поради нивната етничка припадност, што ќе рече затоа што биле „големи Македонци“, Бугари, Албанци, Турци, Власи, Срби, Црногорци...! Ваквото признание на наследниците на македонските комунисти, сега конвертирани во ликот и делото на СДСМ, фактички во целост ги прифаќа и реализира тврдењата содржани во Тиранската платформа за геноцид извршен врз Албанците во Македонија од една, и врз Бугарите од друга страна. Згора на ова, СДСМ вулгаризирано признава и тврди дека сите припадници на партизанските единици, не само што идеолошки биле комунисти, туку и дека припаѓале на македонскиот етнос, а сите припадници на ВМРО априори биле Бугари! Со ова, практично, се врши целосна елиминација на постоењето на автентичен македонски антикомунизам и делумно се прифаќа бугарската теза дека во Македонија немало антифашистичка, туку постоела само идеолошка војна! Од чисто практична гледна точка, каква и да е идејата за реафирмација на жртвите на „претходниот режим“, мора да се напоменат неколку работи. Споменатите архиви, не само што се детално прочистувани, туку не се и целосно предадени во Државниот архив. Голем дел од досиејата, полициските и на некогашната УДБ-а, можеби најважните, се уште се во АНБ и нивното предавање не смее да се дозволи со претходно нивно прочистување, а уште помалку без евидентирање на секоја страница. Каде се и како ќе се обезбеди предавање и пристап до документите на воените разузнавачки и контраразузнавачки служби е сосема трето прашање. Но, за ефикасност на целата постапка мора да се обезбеди и судската документација од поствоените судења и над се, партиската архива на некогашната КПМ/СКМ. Зашто, репресивниот апарат од сите провиниенции работел под директни директиви на партијата. А, токму овие две документации, случајно или не, не се содржани во Протоколот. Македонската лустрација „не чинеше“, сега да видиме дали ќе чини бугарската, особено од аспект на вистинска декомунизација на општеството.

The post Зошто на наследниците на македонските комунисти од СДСМ им требаа 16 години за да признаат дека по војната имало репресии врз основа на етно-политичко самоопределување?! appeared first on Република.

]]>
Државниот архив во соработка со ,,Британската библиотека” ќе го дигитализира целокупниот материјал и заоставштина на браќата Манаки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drzavniot-arhiv-vo-sorabotka-so-britanskata-biblioteka-kje-go-digitalizira-celokupniot-materijal-i-zaostavshtina-na-brakjata-manaki/ Mon, 18 Jul 2022 10:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=530602

Државниот архив во соработка со ,,Британската библиотека”, во наредните две години ќе го дигитализира целокупниот материјал и заоставштина на браќата Манаки. Проектот за соработка со ,,Бритиш лајбрери” од Лондон и за дигитализација на целокупното творештво на браќата Манаки веќе е потпишан од страна на директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, а, разбирливо, овој проект главно ќе го води екипа на Државниот архив - одделение Битола, предводена од раководителот, Гоце Стојановски.

Во Договорот, меѓу другото, се потенцира дека главна цел е комплетната дигитализација на документите и фотографиите на првите филмаџии на Балканот, Јанаки и Милтон Манаки. Материјалите се наоѓаат во Државниот архив - одделение Битола, кое главно ќе ја спроведе целосната дигитализација.

Во Државниот архив имаме над 7.000 стаклени негативни плочки, над 3.000 ролни филмска лента и над 10.000 оригинални фотографии од крајот на 19-от век, па се до смртта на Милтон во 1964 година. Оваа наша збирка на фотографии и филмски материјали е една од најзначајните на Балканот и затоа треба и натаму добро и професионално да ја заштитиме и да ја чуваме“ - изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

The post Државниот архив во соработка со ,,Британската библиотека” ќе го дигитализира целокупниот материјал и заоставштина на браќата Манаки appeared first on Република.

Архивот во Битола содржи материјални показатели за филмскиот опус и приватните аспекти од животот на доајените на  филмската уметност на Балканoт https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/arhivot-vo-bitola-sodrzi-materijalni-pokazateli-za-filmskiot-opus-i-privatnite-aspekti-od-zivotot-na-doajenite-na-filmskata-umetnost-na-balkanot/ Mon, 16 May 2022 08:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=502771

Широкиот спектар на материјални показатели содржан во фондот на браќата Манаки, а во сопственост на Архивот, претставува солидна основа за да се пристапи кон нивно содветно вреднување, презентација и промоција во согласност со актуелната правна регулатива, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска при денешната работна посета на Архивот на Македонија, Подрачно одделение Битола.

Министерката Костадиновска-Стојчевска, придружувана од директорот на Државниот архив на Македонија Емил Крстески и директорот на Кинотеката Владо Ангелов, во рамките на посетата на Подрачното одделение во Битола се запозна со Фондот 580: „Браќа Манаки – Битола 1853 – 1964“, за кој во согласност со Законот за архивско работење и Законот за заштита на културното наследство, како прва фаза, неопходно е да биде изработен елаборат за негова  валоризација.

Во оваа смисла, содржината на фондот претставува солидна основа за тој, со акт за валоризација, да биде прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, односно национално богатство.

Министерката Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека фондот депониран во оваа установа содржи материјални показатели кои се од непроценливо значење за филмскиот опус и приватните аспекти од животот на доајените на  филмската уметност на Балканoт.

The post Архивот во Битола содржи материјални показатели за филмскиот опус и приватните аспекти од животот на доајените на  филмската уметност на Балканoт appeared first on Република.

Пендаровски: Полето за културен натпревар се стеснува и од време на време станува арена во која важи синтагмата дека човек на човека му е волк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-poleto-za-kulturen-natprevar-se-stesnuva-i-od-vreme-na-vreme-stanuva-arena-vo-koja-vazi-sintagmata-deka-chovek-na-choveka-mu-e-volk/ Fri, 04 Feb 2022 13:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=454231

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872 – 2022)“ во која се опфатени оригинални документи, писма, фотографии, како и написи од весници и други архивски материјали поврзани со неговиот живот и револуционерната активност. Изложбата поставена од Државниот Архив се реализира под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Денес одбележуваме еден навистина значен јубилеј - 150 години од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење – Ѓорѓи Николов Делчев, меѓу народот познат како Гоце Делчев. Изложбата поставена од Државниот Архив на Република Македонија, во која се опфатени оригинални документи, писма и фотографии, како и написи од весници и други архивски материјали поврзани со неговиот живот и револуционерната активност, несомнено е централниот настан во одбележувањето на овој јубилеј. Особено е важно што на изложбата се презентирани материјали на Државниот архив кои нашата јавност може да ги види за прв пат.

Ова е бездруго ретка можност да се направи пресек на архивскиот материјал за Делчев собиран низ годините, но и да се поттикне научниот интерес за понатамошно истражување, особено во архивите на Република Турција, како и во дел од соседните држави. Познато е дека за Гоце Делчев како една од нашите најзначајни историски личности постои прилично обемен научно–историски и книжевен опус. Во еден дел станува збор за естетизиран, белетристички пристап со присутен романтичарски патос, а забележливо е и честото споменување на неговото име во нашето фолклорно творештво. 

Сепак, неговиот лик и дело заслужуваат и нови истражувања, нови студии и научни собири и преведување на новите наоди на светските јазици. Се разбира, при тоа е битно историската наука да се држи понастрана од дневната политика, да го задржи објективниот пристап, ослободен од стегите на зададените идеолошки и национални наративи. Во овој контекст, она што како граѓа е досега собрано во нашиот архив има непроценлива вредност. Затоа, Државниот архив, со право го сметаме за чувар на меморијата за нашето минато, историја и култура.

Освен во историските читанки и во нашата литература, Делчев е присутен и во музичката уметност, во сликарството, во радио драмите, во телевизиските филмски проекти.  Се надевам дека и нашите современи уметници, творејќи на различни полиња и во различни медиуми ќе најдат предизвик и инспирација во биографијата на Делчев, во неговите мисли и идеи и ќе ни понудат нови авторски перспективи, за што, се надевам поттик ќе биде и изложбата која денес ќе биде отворена.

Гоце Делчев бил визионер, идеолог и предводник на македонското националноослободително дело од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век и клучните дострели на македонската илинденска генерација несомнено го носат неговиот печат. Тој својот живот го подари на највисоката кауза за национална и социјална слобода и со право за македонскиот народ претставува стожер врз кој ја градиме нашата државност и самобитност. Благодарение на својата преданост на делото, Делчев го има трајно обезбедено своето место во колективното паметење на македонскиот народ. 

Неговите идеи и космополитизам, кои беа далеку пред времето во кое живееше, лесно ги надминуваат националните и регионалните рамки. Станува збор за револуционер чија мисла и дело ги крепат најзначајните општочовечки концепти за слобода, правда и рамноправност. Нè прави горди што неговите идеали ги споделуваме со сите слободољубиви народи во светот, особено со нашите први соседи.

Светот во кој живееше Делчев и оној во кој ние денес живееме, се сосема различни. Македонскиот народ за чија слобода се бореше, неа ја извојува и формираше своја држава за да може еднаков со сите останати да се натпреварува во светот разбран како поле за културен натпревар меѓу народите.

Сепак, неговите идеали не се целосно остварени. Сведоци сме дека и модерниот свет не е имун на конфликти, тензии и кризи од најразличен карактер. Полето за културен натпревар се стеснува и од време на време станува арена во која важи синтагмата дека човек на човека му е волк.

Нашата главна битка денес е да направиме сè во рамките на нашите можности -  како држава, како поединци, како луѓе пред сè и да се натпреваруваме само во културните, во цивилизациските битки и во натпреварот на идеи. Да ја негуваме солидарноста и да ги живееме идеалите на Делчев за да покажеме дека тие можат и денес да бидат еднакво актуелни и прогресивни, како и пред повеќе од еден век кога за прв пат беа родени, рече Пендаровски.

The post Пендаровски: Полето за културен натпревар се стеснува и од време на време станува арена во која важи синтагмата дека човек на човека му е волк appeared first on Република.

Државниот архив и Музеј на македонската борба потпишаа Протокол за соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drzavniot-arhiv-i-muzej-na-makedonskata-borba-potpishaa-protokol-za-sorabotka/ Tue, 18 Jan 2022 09:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=446210

Директорите на Државниот архив и на НУ Музеј на македонската борба, д-р Емил Крстески и Даниела Николова, денеска потпишаа Протокол за соработка меѓу овие две институции.

Со потпишувањето на овој протокол, всушност, се проширува соработката во областа на историјата, културата, науката и образованието преку заеднички проекти и програми организирање изложби, промоции, советувања и конференции за афирмација на нашата историја” - изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески по потпишувањето на овој Протокол.

The post Државниот архив и Музеј на македонската борба потпишаа Протокол за соработка appeared first on Република.