архитектонска изложба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arhitektonska-izlozba/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Mar 2023 10:00:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png архитектонска изложба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arhitektonska-izlozba/ 32 32 Во МКЦ се отвора архитектонската изложба „Скопје: Нови индустрии на стари локации“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-mkts-se-otvora-arhitektonskata-izlozhba-skopje-novi-industrii-na-stari-lokatsii/ Fri, 17 Mar 2023 09:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=620625

Во петок, на 17 март во 20 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори архитектонската изложба насловена „Скопје: нови индустрии на стари локации“.

Архитектонската изложба „Скопје: нови индустрии на стари локации“ е резултат на едногодишен научноистражувачки проект насочен кон мапирање, проучување, вреднување и промоција на напуштениот индустриски простор, како можност за иден економски, просторен и програмски развој на градот Скопје. Проектот го истражува и претставува процесот на ре-индустријализација во градот Скопје, кој иако има позитивна улога во регенерацијата и рационалното искористување на урбаниот простор, се случува во сенка на процесите на деиндустријализација и пренамена на индустриските локации за други неиндустриски намени кои имаат многу повидливо влијание на просторот. Целта на проектот е да го афирмира пристапот на обнова и повторно користење на овие локации за нови производни незагадувачки индустрии, во прилог на јавното добро и во корист на жителите на градот Скопје.

Учесници во научноистражувачкиот проект се: вонр. проф. д-р Горан Мицковски, раководител на проектот, вонр. проф. д-р Ана Ивановска Дескова, вонр. проф. д-р Јован Ивановски, асс. м-р Димитар Крстески, асс. м-р Теа Дамјановска, асс. м-р Mихајло Стојановски и Мила Гавриловска. Научноистражувачкиот проект е финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во реализација на Архитектонскиот факултет.

Изложбата ќе трае до 30 март, 2023 година.

 

The post Во МКЦ се отвора архитектонската изложба „Скопје: Нови индустрии на стари локации“ appeared first on Република.

]]>

Во петок, на 17 март во 20 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори архитектонската изложба насловена „Скопје: нови индустрии на стари локации“. Архитектонската изложба „Скопје: нови индустрии на стари локации“ е резултат на едногодишен научноистражувачки проект насочен кон мапирање, проучување, вреднување и промоција на напуштениот индустриски простор, како можност за иден економски, просторен и програмски развој на градот Скопје. Проектот го истражува и претставува процесот на ре-индустријализација во градот Скопје, кој иако има позитивна улога во регенерацијата и рационалното искористување на урбаниот простор, се случува во сенка на процесите на деиндустријализација и пренамена на индустриските локации за други неиндустриски намени кои имаат многу повидливо влијание на просторот. Целта на проектот е да го афирмира пристапот на обнова и повторно користење на овие локации за нови производни незагадувачки индустрии, во прилог на јавното добро и во корист на жителите на градот Скопје. Учесници во научноистражувачкиот проект се: вонр. проф. д-р Горан Мицковски, раководител на проектот, вонр. проф. д-р Ана Ивановска Дескова, вонр. проф. д-р Јован Ивановски, асс. м-р Димитар Крстески, асс. м-р Теа Дамјановска, асс. м-р Mихајло Стојановски и Мила Гавриловска. Научноистражувачкиот проект е финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во реализација на Архитектонскиот факултет. Изложбата ќе трае до 30 март, 2023 година.  

The post Во МКЦ се отвора архитектонската изложба „Скопје: Нови индустрии на стари локации“ appeared first on Република.

]]>