архиепископот Јеронимос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arhiepiskopot-jeronimos/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jan 2024 16:39:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png архиепископот Јеронимос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arhiepiskopot-jeronimos/ 32 32 Јеронимос предлага референдум за истополовите бракови во Грција, владата ја отфрла таквата можност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jeronimos-predlaga-referendum-za-istopolovite-brakovi-vo-grtsija-vladata-ja-otfrla-takvata-mozhnost/ Fri, 19 Jan 2024 16:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=734749

А зошто да не распишеме референдум за народот директно да каже?, се запраша поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос во однос на истополовите бракови во Грција, потенцирајќи дека тоа не е негов предлог, по што следеше одговор од владиниот портпарол Павлос Маринакис кој порача дека „прашањата поврзани со правата не се решаваат со референдуми“, јави дописничката на МИА од Атина.

Поглаварот на ГПЦ објасни дека неговиот предлог е „логично и правилно да одлучиме какво семејство сакаме во иднина“, потсети дека во вторник Светиот Синод ќе одржи вонреден состанок за конкретното прашање и како што рече, тогаш официјално ќе се слушне ставот на црквата.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, утрово, во интервју за „Блумберг“ најави забрзување на процедурите за предлог-законот за истополовите бракови, откривајќи дека следната седмица ќе биде презентиран на владина седница, потоа ќе биде ставен на јавна консултација, по што ќе биде доставен во Парламентот.

-Многу сум оптимист дека во првите две седмици од февруари ќе биде изгласан закон, рече Мицотакис.

The post Јеронимос предлага референдум за истополовите бракови во Грција, владата ја отфрла таквата можност appeared first on Република.

]]>

А зошто да не распишеме референдум за народот директно да каже?, се запраша поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос во однос на истополовите бракови во Грција, потенцирајќи дека тоа не е негов предлог, по што следеше одговор од владиниот портпарол Павлос Маринакис кој порача дека „прашањата поврзани со правата не се решаваат со референдуми“, јави дописничката на МИА од Атина. Поглаварот на ГПЦ објасни дека неговиот предлог е „логично и правилно да одлучиме какво семејство сакаме во иднина“, потсети дека во вторник Светиот Синод ќе одржи вонреден состанок за конкретното прашање и како што рече, тогаш официјално ќе се слушне ставот на црквата. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, утрово, во интервју за „Блумберг“ најави забрзување на процедурите за предлог-законот за истополовите бракови, откривајќи дека следната седмица ќе биде презентиран на владина седница, потоа ќе биде ставен на јавна консултација, по што ќе биде доставен во Парламентот. -Многу сум оптимист дека во првите две седмици од февруари ќе биде изгласан закон, рече Мицотакис.

The post Јеронимос предлага референдум за истополовите бракови во Грција, владата ја отфрла таквата можност appeared first on Република.

]]>