археолошки локалитет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arheoloshki-lokalitet/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 13:50:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png археолошки локалитет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arheoloshki-lokalitet/ 32 32 Во близина на карбинското село Радање откриена ѕидана гробница од крајот на вториот и почетокот на третиот век https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-blizina-na-karbinskoto-selo-radane-otkriena-zidana-grobnitsa-od-krajot-na-vtoriot-i-pochetokot-na-tretiot-vek/ Thu, 28 Nov 2024 13:50:10 +0000 https://republika.mk/?p=842803

Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип на локалитетот „Беш тепе“ кај карбинското село Радање во изминатите 30 дена открија ѕидана гробница која датира кон крајот на вториот и почетокот на третиот век.

Митко Штерјов, раководител на археолошките истражувања, вели дека во самата гробница откриени се повеќе наоди од керамика и монети.

Се работи за една индивидуа, кој бил голем великодостојник, кој владеел во овој простор. Инаку на овие простори откриени се околу десеттина могили. На овој локалитет биле пет, една е откриена во 1941 година, втора е уништена со правење на земјоделските комбинати, две успеавме да сработиме јас и колегата Ване Секулов од Заводот и Музеј од Струмица. Останува уште една на овој локалитет, изјави денеска Штерјов.

Археологот Секулов вели уникатноста на гробницата е во нејзината структура. Досегашните искуства на могилите на овие простори се прикриени само со земјена обвивка, но оваа е ѕидана и по тоа се разликува.

Овде на ова место и во 2013 година кога се работеше, претходната могила, исто така се откри ѕидана, односно конструкција од реден речен камен, којашто беше со помали димензии од годинашната. Оваа се разликува од претходната што е многу поголема по димензии 16 на 12 метри, висока скора четири метри и особено се издвојува по тоа што кон врвот на могилата водат четри скали, кои се исто така направени од камен, вели Секулов.

Тој истакна дека на врвот на могилата пак бил направен посебен простор со редни камени, со правоаголна форма, каде што била поставена последната жртва на покојникот.

- Сакам да напоменам дека во оваа могила се погребани три индивидуи. Значи централниот гроб, заради кој се подигнала оваа могила и врз која е подигната камената конструкција. Се работи за голем гроб, димензиите му се 3,30 на 2,30 метри, длабок е половина метар и се разликува по тоа што во него не пронајдовме остатоци од кремација. Трите гроба се кремација, односно покојниците биле спалувани. Но овде е запазен ритуалот, односно гробната јама пред положувањето на покојникот била горена за да се исчисти од злите духови и во централниот дел од гробната јама е ископано посебно лежиште, каде била поставена урната, рече Секулов.

Археолиозите Секулов и Штерјов велат дека централниот гроб на оваа могила бил ограбен уште во времето на антиката, многу брзо после погребувањето. Штерјов најави дека по откриевањето на ваквите ретки наоди ќе достават проект до Министерството за култура и туризам, со цел да се конзервираат двете гробници и да се добие уште една туристичка понуда во Општина Карбинци, покрај археолошкиот локалитет „Баргала“.

The post Во близина на карбинското село Радање откриена ѕидана гробница од крајот на вториот и почетокот на третиот век appeared first on Република.

]]>

Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип на локалитетот „Беш тепе“ кај карбинското село Радање во изминатите 30 дена открија ѕидана гробница која датира кон крајот на вториот и почетокот на третиот век. Митко Штерјов, раководител на археолошките истражувања, вели дека во самата гробница откриени се повеќе наоди од керамика и монети.
Се работи за една индивидуа, кој бил голем великодостојник, кој владеел во овој простор. Инаку на овие простори откриени се околу десеттина могили. На овој локалитет биле пет, една е откриена во 1941 година, втора е уништена со правење на земјоделските комбинати, две успеавме да сработиме јас и колегата Ване Секулов од Заводот и Музеј од Струмица. Останува уште една на овој локалитет, изјави денеска Штерјов.
Археологот Секулов вели уникатноста на гробницата е во нејзината структура. Досегашните искуства на могилите на овие простори се прикриени само со земјена обвивка, но оваа е ѕидана и по тоа се разликува.
Овде на ова место и во 2013 година кога се работеше, претходната могила, исто така се откри ѕидана, односно конструкција од реден речен камен, којашто беше со помали димензии од годинашната. Оваа се разликува од претходната што е многу поголема по димензии 16 на 12 метри, висока скора четири метри и особено се издвојува по тоа што кон врвот на могилата водат четри скали, кои се исто така направени од камен, вели Секулов.
Тој истакна дека на врвот на могилата пак бил направен посебен простор со редни камени, со правоаголна форма, каде што била поставена последната жртва на покојникот. - Сакам да напоменам дека во оваа могила се погребани три индивидуи. Значи централниот гроб, заради кој се подигнала оваа могила и врз која е подигната камената конструкција. Се работи за голем гроб, димензиите му се 3,30 на 2,30 метри, длабок е половина метар и се разликува по тоа што во него не пронајдовме остатоци од кремација. Трите гроба се кремација, односно покојниците биле спалувани. Но овде е запазен ритуалот, односно гробната јама пред положувањето на покојникот била горена за да се исчисти од злите духови и во централниот дел од гробната јама е ископано посебно лежиште, каде била поставена урната, рече Секулов. Археолиозите Секулов и Штерјов велат дека централниот гроб на оваа могила бил ограбен уште во времето на антиката, многу брзо после погребувањето. Штерјов најави дека по откриевањето на ваквите ретки наоди ќе достават проект до Министерството за култура и туризам, со цел да се конзервираат двете гробници и да се добие уште една туристичка понуда во Општина Карбинци, покрај археолошкиот локалитет „Баргала“.

The post Во близина на карбинското село Радање откриена ѕидана гробница од крајот на вториот и почетокот на третиот век appeared first on Република.

]]>
Истрага за уништување на археолошкиот локалитет во Живојно https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/istraga-za-unishtuvane-na-arheoloshkiot-lokalitet-vo-zhivojno/ Mon, 06 Mar 2023 17:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=616534

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик.

Во периодот од ноември 2022 година до 03.03.2023, во селото Живојно, општина Новаци, првопријавениот како одговорно лице во правното лице презел дејствија со кои ја уништил источната периферија на археолошкото наоѓалиште Влаху во селото Живојно. Локалитетот претставува регистрирано недвижно добро – дел од арехолошката мапа на Македонија и се наоѓа во опфатот на концесиското поле определено со Одлуката на Владата на РСМ за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – јаглен на осомниченото правно лице.

Иако првопријавениот знаел дека во рамките на концесиското поле се наоѓа археолошкото наоѓалиште во кое не смее да се врши експлоатација, сепак во горенаведениот период, без да ги почитува одредбите од член 13 од Договорот за концесија и насоките дадени од претставниците на НУ Завод и Музеј Битола и Управата за заштита на културно наследство, ангажирал подизведувач на кого му дал насоки да започне со експлоатација на минерална суровина – јаглен.

Како резултат на тие активности во целост е уништена источната периферија на археолошкото наоѓалиште, што е констатирано на лице место од овластени службени лица од Управата за заштита на културно наследство и од НУ Завод и музеј Битола.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изрекување мерка за обезбедување спрема правното лице – забрана за вршење дејност вадење на камен јаглен. Ваквата забрана е побарана бидејќи понатамошното ископување на земја од подрачјето може да доведе до целосно оштетување на целиот археолошки локалитет Влаху. Имено, Основното јавно обвинителство Битола во поднесениот предлог му укажа на Судот дека заради исклучително длабокиот укоп кој веќе е направен и со кој е уништена источната периферија на локалитетот, возможно е еродирање на археолошките содржини и дополнително уништување на други делови од археолошкиот локалитет.

Дополнително, во рамките на истото концесиско поле има уште два локалитети кои подлежат под истиот режим на заштита. Со оглед на тоа што концесионерот, со своето однесување покажа дека нема намера да ги почитува законските и договорните обврски за заштита на културното наследство, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност и овие други локалитети да бидат неповратно уништени доколку ископот не се забрани.​

The post Истрага за уништување на археолошкиот локалитет во Живојно appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик. Во периодот од ноември 2022 година до 03.03.2023, во селото Живојно, општина Новаци, првопријавениот како одговорно лице во правното лице презел дејствија со кои ја уништил источната периферија на археолошкото наоѓалиште Влаху во селото Живојно. Локалитетот претставува регистрирано недвижно добро – дел од арехолошката мапа на Македонија и се наоѓа во опфатот на концесиското поле определено со Одлуката на Владата на РСМ за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – јаглен на осомниченото правно лице. Иако првопријавениот знаел дека во рамките на концесиското поле се наоѓа археолошкото наоѓалиште во кое не смее да се врши експлоатација, сепак во горенаведениот период, без да ги почитува одредбите од член 13 од Договорот за концесија и насоките дадени од претставниците на НУ Завод и Музеј Битола и Управата за заштита на културно наследство, ангажирал подизведувач на кого му дал насоки да започне со експлоатација на минерална суровина – јаглен. Како резултат на тие активности во целост е уништена источната периферија на археолошкото наоѓалиште, што е констатирано на лице место од овластени службени лица од Управата за заштита на културно наследство и од НУ Завод и музеј Битола. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изрекување мерка за обезбедување спрема правното лице – забрана за вршење дејност вадење на камен јаглен. Ваквата забрана е побарана бидејќи понатамошното ископување на земја од подрачјето може да доведе до целосно оштетување на целиот археолошки локалитет Влаху. Имено, Основното јавно обвинителство Битола во поднесениот предлог му укажа на Судот дека заради исклучително длабокиот укоп кој веќе е направен и со кој е уништена источната периферија на локалитетот, возможно е еродирање на археолошките содржини и дополнително уништување на други делови од археолошкиот локалитет. Дополнително, во рамките на истото концесиско поле има уште два локалитети кои подлежат под истиот режим на заштита. Со оглед на тоа што концесионерот, со своето однесување покажа дека нема намера да ги почитува законските и договорните обврски за заштита на културното наследство, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност и овие други локалитети да бидат неповратно уништени доколку ископот не се забрани.​

The post Истрага за уништување на археолошкиот локалитет во Живојно appeared first on Република.

]]>