археологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arheologija/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 20:43:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png археологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arheologija/ 32 32 Значаен археолошки локалитет откриен во Волино: Пронајдена златна маска на приватен имот во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/znachaen-arheoloshki-lokalitet-otkrien-vo-volino-pronajdena-zlatna-maska-na-privaten-imot-vo-ohrid/ Thu, 07 Nov 2024 20:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=835215

Археолошки локалитет пронајден е во Охрид Волино. Во моментов местото кое е приватен имот е целосно затворен и видни археолози од земјава се на терен, пишува порталот Охрид 1.

Извори за Охрид 1 кажуваат дека е пронајдена златна маска, златници и ред други значајни пронајдоци. Археолозите се сомневаат дека кога ќе се истражи целиот потег ќе се пронајдат многу значајни предмети и се сомневаат дека има „Цел град“ под земјата.

The post Значаен археолошки локалитет откриен во Волино: Пронајдена златна маска на приватен имот во Охрид appeared first on Република.

]]>

Археолошки локалитет пронајден е во Охрид Волино. Во моментов местото кое е приватен имот е целосно затворен и видни археолози од земјава се на терен, пишува порталот Охрид 1. Извори за Охрид 1 кажуваат дека е пронајдена златна маска, златници и ред други значајни пронајдоци. Археолозите се сомневаат дека кога ќе се истражи целиот потег ќе се пронајдат многу значајни предмети и се сомневаат дека има „Цел град“ под земјата.

The post Значаен археолошки локалитет откриен во Волино: Пронајдена златна маска на приватен имот во Охрид appeared first on Република.

]]>
Реликвија украдена од Кина пред 40 години вратена од САД https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/relikvija-ukradena-od-kina-pred-40-godini-vratena-od-sad/ Sat, 24 Feb 2024 18:40:38 +0000 https://republika.mk/?p=747570

Културна реликвија украдена и однесена од Кина е вратена во земјата по 40 години потрага.

Артефактот бил украден во ноември 1984 година, илегално билк изнесен од земјата и исчезнал некаде во странство.

Во јануари 2023 година, одделот на кинеските власти коишто се занимава со потрага на исчезнарти артефакти, добил информација дека украдената реликвија се наоѓа во Њујорк, САД.

The post Реликвија украдена од Кина пред 40 години вратена од САД appeared first on Република.

]]>

Културна реликвија украдена и однесена од Кина е вратена во земјата по 40 години потрага. Артефактот бил украден во ноември 1984 година, илегално билк изнесен од земјата и исчезнал некаде во странство. Во јануари 2023 година, одделот на кинеските власти коишто се занимава со потрага на исчезнарти артефакти, добил информација дека украдената реликвија се наоѓа во Њујорк, САД.

The post Реликвија украдена од Кина пред 40 години вратена од САД appeared first on Република.

]]>
Во Сибир откриена најдревната тврдина позната на човештвото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-sibir-otkriena-najdrevnata-tvrdina-poznata-na-choveshtvoto/ Fri, 12 Jan 2024 16:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=732373

Археолошки испитувања во тајгата на западен Сибир довеле до откритие на остатоци од најраната позната тврдина во светот.

Првичните испитување на наоѓалиштето покажуваат дека Зданијата се изградени од неолитски ловци-собирачи околу 6000 п.н.е.,  што е илјадници години пред она што претходно се сметаше за најстарите утврдени населби датирани од околу 1000 п.н.е.

Целата статијатана следниот ЛИНК..

The post Во Сибир откриена најдревната тврдина позната на човештвото appeared first on Република.

]]>

Археолошки испитувања во тајгата на западен Сибир довеле до откритие на остатоци од најраната позната тврдина во светот. Првичните испитување на наоѓалиштето покажуваат дека Зданијата се изградени од неолитски ловци-собирачи околу 6000 п.н.е.,  што е илјадници години пред она што претходно се сметаше за најстарите утврдени населби датирани од околу 1000 п.н.е. Целата статијатана следниот ЛИНК..

The post Во Сибир откриена најдревната тврдина позната на човештвото appeared first on Република.

]]>
Во Саудиска Арабија откриено огромно праисториско ликовно дело изрезбано во карпа https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-saudiska-arabija-otkrieno-ogromno-praistorisko-likovno-delo-izrezbano-vo-karpa/ Sat, 07 Oct 2023 08:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=688734

Група археолози документирале низа резби во облик на камили, на карпа што се издига на самиот југ на пустината Нафуд во северот на Саудиска Арабија.

Монументалното уметничко дело прикажува десетина диви камили во природна големина - инаку веќе изумрен вид што некогаш се движел по овој дел од пустината на Арапскиот Полуостров пред илјадници години, но никогаш не добил научно име, се вели во напис во списанието „Аркиолоџикал рисрч“ (Archaeological Research).

Иако наоѓалиштето, наречено Сахут, е препознаено претходно, ова е првпат некој официјално да го документира овој цртеж со камили.

Дознавме за ова место од друг труд, но беше тешко да се најде плочата, бидејќи дадената местоположа не беше прецизна и ова не е лесен терен за навигација, вели Марија Гуањин, постдокторски соработник во Институтот „Макс Планк“ за геоантропологија во Германија и одговорна за новиот научен потфат.

Таа ги објави сликите од новите наоди на својот интернет-простор. Kaкo што пренесува „Лајв сајенс“ (Live Science), изнаоѓањето на оваа древна уметност зад песочните дини не било единствениот предизвик. Резбите имаат и понови гравури коишто се преклопуваат со камилите, па тоа отвора нови мистерии за и околу тоа - која култура и кога ги создала ликовните дела?

Исто така, повеќето од резбите се направени внатре во пукнатините, што го отежнува Ц-14 датирањето. Сепак, испитувањето на две наоѓалишта во близина укажува дека оваа област била населена повеќепати некаде меѓу плеистоценот и средината на холоценот, т.е. пред околу 12.000 до пред 5.000 години.

Исто така, (тогаш) дивите камили сѐ уште имале зимско крзно. Не постои познат извор на вода, па можеби нешто друго ги довело луѓето овде. Можеби тоа било добра точка за застанување на пат до друго место. Мора да било важна локација, но во мигов не сме сигурни зошто е тоа така, појаснува Гуањин.

Сахут не е единственото место во Саудиска Арабија каде што се пронајдени резби со камили во природна големина. Во 2018 година, археолозите открија низа такви ликовни дела од пред 2.000 години и во областа Ал-Џуф во северозападната саудиска пустина.

The post Во Саудиска Арабија откриено огромно праисториско ликовно дело изрезбано во карпа appeared first on Република.

]]>

Група археолози документирале низа резби во облик на камили, на карпа што се издига на самиот југ на пустината Нафуд во северот на Саудиска Арабија. Монументалното уметничко дело прикажува десетина диви камили во природна големина - инаку веќе изумрен вид што некогаш се движел по овој дел од пустината на Арапскиот Полуостров пред илјадници години, но никогаш не добил научно име, се вели во напис во списанието „Аркиолоџикал рисрч“ (Archaeological Research). Иако наоѓалиштето, наречено Сахут, е препознаено претходно, ова е првпат некој официјално да го документира овој цртеж со камили.
Дознавме за ова место од друг труд, но беше тешко да се најде плочата, бидејќи дадената местоположа не беше прецизна и ова не е лесен терен за навигација, вели Марија Гуањин, постдокторски соработник во Институтот „Макс Планк“ за геоантропологија во Германија и одговорна за новиот научен потфат.
Таа ги објави сликите од новите наоди на својот интернет-простор. Kaкo што пренесува „Лајв сајенс“ (Live Science), изнаоѓањето на оваа древна уметност зад песочните дини не било единствениот предизвик. Резбите имаат и понови гравури коишто се преклопуваат со камилите, па тоа отвора нови мистерии за и околу тоа - која култура и кога ги создала ликовните дела? Исто така, повеќето од резбите се направени внатре во пукнатините, што го отежнува Ц-14 датирањето. Сепак, испитувањето на две наоѓалишта во близина укажува дека оваа област била населена повеќепати некаде меѓу плеистоценот и средината на холоценот, т.е. пред околу 12.000 до пред 5.000 години.
Исто така, (тогаш) дивите камили сѐ уште имале зимско крзно. Не постои познат извор на вода, па можеби нешто друго ги довело луѓето овде. Можеби тоа било добра точка за застанување на пат до друго место. Мора да било важна локација, но во мигов не сме сигурни зошто е тоа така, појаснува Гуањин.
Сахут не е единственото место во Саудиска Арабија каде што се пронајдени резби со камили во природна големина. Во 2018 година, археолозите открија низа такви ликовни дела од пред 2.000 години и во областа Ал-Џуф во северозападната саудиска пустина.

The post Во Саудиска Арабија откриено огромно праисториско ликовно дело изрезбано во карпа appeared first on Република.

]]>
Археолозите дојдоа до величенствено откритие: Во потонатиот град во Египет пронајдени нови богатства и тајни https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/arheolozite-dojdoa-do-velichenstveno-otkritie-vo-potonatiot-grad-vo-egipet-pronajdeni-novi-bogatstva-i-tajni/ Fri, 22 Sep 2023 20:03:56 +0000 https://republika.mk/?p=684187

Европскиот институт за подводна археологија (ИЕАСМ) објави дека археолози на подрачјето на потонатиот храм во близина на египетскиот брег на Средоземно Море откриле нови богатства и тајни. Францускиот поморски археолог Франк Годио и неговите колеги дошле до нови откритија на местото каде што се наоѓал храмот на богот Амон во древниот пристанишен град Тонис-Ираклеон во заливот Абукир.

Тимот го истражувал јужниот канал на градот, каде што големи камени блокови од древниот храм се урнале за време на катаклизмичен настан кој се случил кон средината на вториот век пред нашата ера. Институтот наведува дека во храмот на богот Амон фараоните „ги примале своите титули на моќ кои ги стекнувале како кралеви од врховниот бог на староегипетскиот пантеон“.

Археолозите нашле драгоцени предмети од ризницата на храмот, како сребрени ритуални инструменти, златен накит и садови од алабастер во кои чувале парфеми или масла. Овие наоди сведочат за богатството на овој храм и побожноста на некогашните жители на пристанишниот град“, наведуваат од ИЕАСМ.

Во текот на истражувањето, кое го спроведуваат тимот на Годои и Одделот за подводна археологија на министерството за туризам и антиквитети на Египет, откриени се подземни структури со добро зачувани древни столбови и греди кои датираат од 5. век пред нашата ера. Источно од храмот на Амон, археолозите нашле античко светилиште посветено на Афродита со бронзени и керамички предмети.

Тоа покажува дека Хелените, кои за време на фараоните од династијата Саите (664-525 година пне.) смееле да се населуваат и тргуваат во градот, имале храмови посветени на своите богови“, се додава во соопштението.

Остатоците на Тонис-Ираклеон сега се потопени во морето, на седум километри од сегашниот брег на Египет. Градот со векови бил најголемото египетско пристаниште на Медитеранот пред Александар Македонски да ја формира Александрија.

Поради кревањето на нивото на морето и земјотресите со големи бранови потопен бил дел од делтата на Нил од 110 квадратни километри, заедно со Тонис-Ираклион. ИЕАСМ овој величествен древен град под морето го откри во 2000 година.

https://www.youtube.com/watch?v=TONCetqukA0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Археолозите дојдоа до величенствено откритие: Во потонатиот град во Египет пронајдени нови богатства и тајни appeared first on Република.

]]>

Европскиот институт за подводна археологија (ИЕАСМ) објави дека археолози на подрачјето на потонатиот храм во близина на египетскиот брег на Средоземно Море откриле нови богатства и тајни. Францускиот поморски археолог Франк Годио и неговите колеги дошле до нови откритија на местото каде што се наоѓал храмот на богот Амон во древниот пристанишен град Тонис-Ираклеон во заливот Абукир. Тимот го истражувал јужниот канал на градот, каде што големи камени блокови од древниот храм се урнале за време на катаклизмичен настан кој се случил кон средината на вториот век пред нашата ера. Институтот наведува дека во храмот на богот Амон фараоните „ги примале своите титули на моќ кои ги стекнувале како кралеви од врховниот бог на староегипетскиот пантеон“.
Археолозите нашле драгоцени предмети од ризницата на храмот, како сребрени ритуални инструменти, златен накит и садови од алабастер во кои чувале парфеми или масла. Овие наоди сведочат за богатството на овој храм и побожноста на некогашните жители на пристанишниот град“, наведуваат од ИЕАСМ.
Во текот на истражувањето, кое го спроведуваат тимот на Годои и Одделот за подводна археологија на министерството за туризам и антиквитети на Египет, откриени се подземни структури со добро зачувани древни столбови и греди кои датираат од 5. век пред нашата ера. Источно од храмот на Амон, археолозите нашле античко светилиште посветено на Афродита со бронзени и керамички предмети.
Тоа покажува дека Хелените, кои за време на фараоните од династијата Саите (664-525 година пне.) смееле да се населуваат и тргуваат во градот, имале храмови посветени на своите богови“, се додава во соопштението.
Остатоците на Тонис-Ираклеон сега се потопени во морето, на седум километри од сегашниот брег на Египет. Градот со векови бил најголемото египетско пристаниште на Медитеранот пред Александар Македонски да ја формира Александрија. Поради кревањето на нивото на морето и земјотресите со големи бранови потопен бил дел од делтата на Нил од 110 квадратни километри, заедно со Тонис-Ираклион. ИЕАСМ овој величествен древен град под морето го откри во 2000 година. https://www.youtube.com/watch?v=TONCetqukA0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Археолозите дојдоа до величенствено откритие: Во потонатиот град во Египет пронајдени нови богатства и тајни appeared first on Република.

]]>
Откриено прво погребување од неолитот во Пелагониско https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otkrieno-prvo-pogrebuvane-od-neolitot-vo-pelagonisko/ Sat, 26 Aug 2023 15:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=676048

Остатоци од погребано новороденче како прва потврда за погребување од неолитот пред 8.100 години, бројни амбари за складирање жито и постаро датирање на археолошкиот неолитски локалитет Врбјанска ќука во Прилепско. Ова се дел од ексклузивните наоди на археолозите во осмата сезона на ископувања на археолошкиот локалитет.

Професор д-р Гоце Наумов, археолог од Центарот за истражување на праисторијата од Скопје, раководител на проектот кој се одвива во соработка со меѓународен тим од Србија и Германија, за МИА потврдува дека е откриено првото погребување од неолитот во Пелагониско.

-Првпат во Пелагонија, во неолитска градба откриваме погребување и тоа е детско погребување, на новороденче, во рамките на темелот на една од подоцнежните куќи. Тоа е импресивно и неочекувано сознание од огромно значење. Во Пелагонија се откриени 15-тина тумби од неолитот и досега не е најдено ниту едно погребување. Тоа дава назнаки за одредени социјални моменти во нивното живеење и за обредните традиции. Новороденчето е пронајдено во фетусна положба, изјави Наумов.

Локалитетот е уникатен, сметаат археолозите. Првпат наоѓаат дури осум амбари за складирање жито што значи колективна грижа за заедницата.

-Се концентриравме на нова градба која ја откривме. Главниот фокус беше на таканаречената градба 4 и тоа што го пронајдовме многу пријатно нѐ изненади. Пројадовме голем број амбари со големи димензии, како и неколку сандаци до нив. Досега се регистрирани осум амбари, и може да се каже дека е нова и уникатна појава на Балканот и во Европа. Во ваков голем број воопшто и не постојат. Се наоѓаат веднаш до ѕидовите, но, за жал, се оштетени од средновековните јами вкопани за луѓето од средниот век да чуваат жито, објаснува Наумов.

Овие амбари, додава, укажуваат на интересен социјален пристап во рамките на оваа населба.

-По се изгледа дека луѓето во неолитот имале колективни стопански простори каде повеќе заедници заедно го собирале житото кое го одгледувале. Новите откритија укажуваат дека неолитските популации во ова неолитско село имале колективен простор за собирање на житото и докажува дека населението од пред 8.100 години колективно го чувале произведеното и пронајдениот жртвеник пронајден во 80-тите години од минатиот век, а е во археолошката поставка на Прилепскиот музеј, што е ретко во Европа, укажуваат дека неолитското население градело колективни амбари и чувало големи количества жито. Во големиот број, седум до осум амбари сигурно се чувале повеќе од еден тон жито кое хранело поголема популација и досега не е откриена во неолитски локалитет овде и на Балканот. Тоа потврдува дека луѓето имале некакво заедништво, прецизира Наумов.

Освен тоа, како што вели, пронајдените делови од фигурина се најголеми од неолитското време.

-Најдовме делови од една фигурина, поделена на половина и е со многу поголеми димензии од досега откриените наоди од неолитот во Пелагонија. Ги има обележјата на неолитските фигурини- корпулентни, истакнати бедра со големи димензии и е намерно кршена бидејќи во неолитот имало обред на намерно ферментирање на фигурините кога намерно им се кршат бутините и главите на фигурините поради одредени обредни практики. Откривме и други уникатни наоди како врвови на стрели досега непознати за Пелагонија, стопански структури, како авани, секири од првпат откриени типови. Со други зборови, иако пристапивме скромно кон годинашниве истражувања, добивме многу богати наоди и резултати кои не ги очекувавме, а кои во голема мера кои нѐ мотивираат да ги продолжиме истражувањата и да ги разбереме потемелно неолитските луѓе и да пристапиме поодговорно во истражувањата и сознанијата, смета археологот Гоце Наумов.

Житарки пронајдени на Врбјанска ќука досега на анализа се испратени во Цирих, Швајцарија, на Електротехничкиот факултет. Таму лабораторијата потврди дека има нова дата за Врбјанска ќука и е за речиси еден век постаро археолошко наоѓалиште од тоа што се сметаше досега.

-Ако претходно сметавме дека локалитетот датира 6.000 години пред новата ера, сега датирањето е 6.100 години пред новата ера, или до денес е пред 8.100 години. Сега може да се рече дека заедницата од Врбјанска ќука е една од првите земјоделски заедници која доаѓа во Пелагонија и која уште од почетокот го имплементира земјоделството како редовна стопанска пракса и која некаде пред околу 6.100 години пред новата ера, започнува една нова форма на живеење која не била позната претходно во Пелагонија и во поширокиот простор и тој наплив на популација која доаѓа од Анадолија, брзо стигнува и во Македонија. Врбјанска ќука е еден од тие примери на рано населување на земјоделски заедници на овој простор, потврдува Наумов.

Амалија Сабанов од лабораторијата за биоархеологија од Белград, Србија вели дека одгледувањето житарки мешункасти растенија укажуваат на некои од најстарите во Европа.

-Анализата на археобиолошките остатоци ни покажуваат на почетокот на земјоделството на овие простори. Прво, пред неолитот, луѓето само ги собирале растенијата и ги конзумирале и не се занимавале со земјоделство. Тоа е многу битен пресврт во човековата историја. Во неолитот тоа е вообичаено. Ние ги истражуваме најраните такви облици. Одгледувањето житарки и мешункасти растенија укажуваат на некои од најстарите во Европа. Овде работиме со колегите од германскиот археолошки институт, објаснува Сабанов.

Директорот на прилепскиот Завод и музеј, Горан Цветкоски потврдува дека Врбјанска ќука ќе добие назив за значајно културно наследство.

-Поднесен е акт за валоризација на археолошкото наоѓалиште „Врбјанска ќука“ за да добие назив за значајно културно наследство. Управата за заштита на културното наследство ни излезе во пресрет и тој акт за брзо ќе го добиеме со што ќе го заштитиме овој значаен археолошки локалитет за да ги зачуваме сите овие археолошки и значајни културни вредности од нашата праисторија, вели Цветкоски.

The post Откриено прво погребување од неолитот во Пелагониско appeared first on Република.

]]>

Остатоци од погребано новороденче како прва потврда за погребување од неолитот пред 8.100 години, бројни амбари за складирање жито и постаро датирање на археолошкиот неолитски локалитет Врбјанска ќука во Прилепско. Ова се дел од ексклузивните наоди на археолозите во осмата сезона на ископувања на археолошкиот локалитет. Професор д-р Гоце Наумов, археолог од Центарот за истражување на праисторијата од Скопје, раководител на проектот кој се одвива во соработка со меѓународен тим од Србија и Германија, за МИА потврдува дека е откриено првото погребување од неолитот во Пелагониско. -Првпат во Пелагонија, во неолитска градба откриваме погребување и тоа е детско погребување, на новороденче, во рамките на темелот на една од подоцнежните куќи. Тоа е импресивно и неочекувано сознание од огромно значење. Во Пелагонија се откриени 15-тина тумби од неолитот и досега не е најдено ниту едно погребување. Тоа дава назнаки за одредени социјални моменти во нивното живеење и за обредните традиции. Новороденчето е пронајдено во фетусна положба, изјави Наумов. Локалитетот е уникатен, сметаат археолозите. Првпат наоѓаат дури осум амбари за складирање жито што значи колективна грижа за заедницата. -Се концентриравме на нова градба која ја откривме. Главниот фокус беше на таканаречената градба 4 и тоа што го пронајдовме многу пријатно нѐ изненади. Пројадовме голем број амбари со големи димензии, како и неколку сандаци до нив. Досега се регистрирани осум амбари, и може да се каже дека е нова и уникатна појава на Балканот и во Европа. Во ваков голем број воопшто и не постојат. Се наоѓаат веднаш до ѕидовите, но, за жал, се оштетени од средновековните јами вкопани за луѓето од средниот век да чуваат жито, објаснува Наумов. Овие амбари, додава, укажуваат на интересен социјален пристап во рамките на оваа населба. -По се изгледа дека луѓето во неолитот имале колективни стопански простори каде повеќе заедници заедно го собирале житото кое го одгледувале. Новите откритија укажуваат дека неолитските популации во ова неолитско село имале колективен простор за собирање на житото и докажува дека населението од пред 8.100 години колективно го чувале произведеното и пронајдениот жртвеник пронајден во 80-тите години од минатиот век, а е во археолошката поставка на Прилепскиот музеј, што е ретко во Европа, укажуваат дека неолитското население градело колективни амбари и чувало големи количества жито. Во големиот број, седум до осум амбари сигурно се чувале повеќе од еден тон жито кое хранело поголема популација и досега не е откриена во неолитски локалитет овде и на Балканот. Тоа потврдува дека луѓето имале некакво заедништво, прецизира Наумов. Освен тоа, како што вели, пронајдените делови од фигурина се најголеми од неолитското време. -Најдовме делови од една фигурина, поделена на половина и е со многу поголеми димензии од досега откриените наоди од неолитот во Пелагонија. Ги има обележјата на неолитските фигурини- корпулентни, истакнати бедра со големи димензии и е намерно кршена бидејќи во неолитот имало обред на намерно ферментирање на фигурините кога намерно им се кршат бутините и главите на фигурините поради одредени обредни практики. Откривме и други уникатни наоди како врвови на стрели досега непознати за Пелагонија, стопански структури, како авани, секири од првпат откриени типови. Со други зборови, иако пристапивме скромно кон годинашниве истражувања, добивме многу богати наоди и резултати кои не ги очекувавме, а кои во голема мера кои нѐ мотивираат да ги продолжиме истражувањата и да ги разбереме потемелно неолитските луѓе и да пристапиме поодговорно во истражувањата и сознанијата, смета археологот Гоце Наумов. Житарки пронајдени на Врбјанска ќука досега на анализа се испратени во Цирих, Швајцарија, на Електротехничкиот факултет. Таму лабораторијата потврди дека има нова дата за Врбјанска ќука и е за речиси еден век постаро археолошко наоѓалиште од тоа што се сметаше досега. -Ако претходно сметавме дека локалитетот датира 6.000 години пред новата ера, сега датирањето е 6.100 години пред новата ера, или до денес е пред 8.100 години. Сега може да се рече дека заедницата од Врбјанска ќука е една од првите земјоделски заедници која доаѓа во Пелагонија и која уште од почетокот го имплементира земјоделството како редовна стопанска пракса и која некаде пред околу 6.100 години пред новата ера, започнува една нова форма на живеење која не била позната претходно во Пелагонија и во поширокиот простор и тој наплив на популација која доаѓа од Анадолија, брзо стигнува и во Македонија. Врбјанска ќука е еден од тие примери на рано населување на земјоделски заедници на овој простор, потврдува Наумов. Амалија Сабанов од лабораторијата за биоархеологија од Белград, Србија вели дека одгледувањето житарки мешункасти растенија укажуваат на некои од најстарите во Европа. -Анализата на археобиолошките остатоци ни покажуваат на почетокот на земјоделството на овие простори. Прво, пред неолитот, луѓето само ги собирале растенијата и ги конзумирале и не се занимавале со земјоделство. Тоа е многу битен пресврт во човековата историја. Во неолитот тоа е вообичаено. Ние ги истражуваме најраните такви облици. Одгледувањето житарки и мешункасти растенија укажуваат на некои од најстарите во Европа. Овде работиме со колегите од германскиот археолошки институт, објаснува Сабанов. Директорот на прилепскиот Завод и музеј, Горан Цветкоски потврдува дека Врбјанска ќука ќе добие назив за значајно културно наследство. -Поднесен е акт за валоризација на археолошкото наоѓалиште „Врбјанска ќука“ за да добие назив за значајно културно наследство. Управата за заштита на културното наследство ни излезе во пресрет и тој акт за брзо ќе го добиеме со што ќе го заштитиме овој значаен археолошки локалитет за да ги зачуваме сите овие археолошки и значајни културни вредности од нашата праисторија, вели Цветкоски.

The post Откриено прво погребување од неолитот во Пелагониско appeared first on Република.

]]>
Пица стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликан познатиот италијански специјалитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pitsa-stara-2-000-godini-vo-pompeja-e-otkriena-freska-na-koja-e-naslikan-poznatiot-italijanski-spetsijalitet/ Mon, 03 Jul 2023 09:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=657613

Археолозите претпоставуваат дека на една впечатлива фреска, пронајдена меѓу урнатините на римскиот град Помпеја, најверојатно е насликан првиот приказ на пица, пишува „Гардијан“.

Тие забележале дека, на ова добро познато италијанско јадење му недостасуваат двете основни состојки - доматен сос и моцарела, а вклучува една работа која наликува на ананас.

Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico

Фреската датира од пред 2.000 години, а е откриена за време на ископувањата на просторот Реџо IX на археолошкиот локалитет во Помпеја, блиску до Неапол, родното место на пицата.

Археолозите претпоставуваат дека оваа фреска била насликана на ѕид од ходникот на една куќа во која имало и пекара. На неа се прикажани тркалезен леб - фокача, на сребрен послужавник како и разни овошја, меѓу кои калинка и урма. Се претпоставува дека лебот бил зачинет, намачкан со намаз од сирење и тревки, познат деликатес што старите Римјани постојано го јаделе.

Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico

Ваквите фрески биле широко распространети во домовите на античка Помпеја и соседниот Херкуланум, кои биле уништени во 79 година н.е, од катастрофалната ерупција на вулканот Везув.

Директорот на археолошкиот парк Помпеја, Габриел Цухтригел, вели дека фреската го одразува контрастот помеѓу „штедливиот и едноставен оброк“ и „префинетоста и луксузот“, во времето на Римјаните.

Како што е познато, Неапол е домот на маргаритата, традиционална пица која се состои од едноставна мешавина од домати, моцарела, свеж босилек и екстра девствено маслиново масло.

Свое мислење дал и Џино Сорбило, сопственик на една од најстарите пицерии во Неапол, кој е убеден дека се работи за веродостоен приказ на италијанска пица.

Во античка Помпеја е познато дека постоеле облици на рамно лепче, направено со зрна, вода, сол и можеби пиво наместо квасец. Тогаш, на тестото за древната форма на пица му додавале зеленчук или риба“, рекол тој.

The post Пица стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликан познатиот италијански специјалитет appeared first on Република.

]]>

Археолозите претпоставуваат дека на една впечатлива фреска, пронајдена меѓу урнатините на римскиот град Помпеја, најверојатно е насликан првиот приказ на пица, пишува „Гардијан“. Тие забележале дека, на ова добро познато италијанско јадење му недостасуваат двете основни состојки - доматен сос и моцарела, а вклучува една работа која наликува на ананас. Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico Фреската датира од пред 2.000 години, а е откриена за време на ископувањата на просторот Реџо IX на археолошкиот локалитет во Помпеја, блиску до Неапол, родното место на пицата. Археолозите претпоставуваат дека оваа фреска била насликана на ѕид од ходникот на една куќа во која имало и пекара. На неа се прикажани тркалезен леб - фокача, на сребрен послужавник како и разни овошја, меѓу кои калинка и урма. Се претпоставува дека лебот бил зачинет, намачкан со намаз од сирење и тревки, познат деликатес што старите Римјани постојано го јаделе. Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico Ваквите фрески биле широко распространети во домовите на античка Помпеја и соседниот Херкуланум, кои биле уништени во 79 година н.е, од катастрофалната ерупција на вулканот Везув. Директорот на археолошкиот парк Помпеја, Габриел Цухтригел, вели дека фреската го одразува контрастот помеѓу „штедливиот и едноставен оброк“ и „префинетоста и луксузот“, во времето на Римјаните. Како што е познато, Неапол е домот на маргаритата, традиционална пица која се состои од едноставна мешавина од домати, моцарела, свеж босилек и екстра девствено маслиново масло. Свое мислење дал и Џино Сорбило, сопственик на една од најстарите пицерии во Неапол, кој е убеден дека се работи за веродостоен приказ на италијанска пица.
Во античка Помпеја е познато дека постоеле облици на рамно лепче, направено со зрна, вода, сол и можеби пиво наместо квасец. Тогаш, на тестото за древната форма на пица му додавале зеленчук или риба“, рекол тој.

The post Пица стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликан познатиот италијански специјалитет appeared first on Република.

]]>
Архитектура на градби скоро иста со богатите куќи од Олинт и Пела: Уникатни археолошки откритија на локалитетот Градиште, Младо Нагоричане https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/arhitektura-na-gradbi-skoro-ista-so-bogatite-kuki-od-olint-i-pela-unikatni-arheoloshki-otkritija-na-lokalitetot-gradishte-mlado-nagorichane/ Sun, 02 Jul 2023 09:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=657362

Наодите од археолошкиот локалитет Градиште (Младо Нагоричане) укажуваат дека и далеку на север постоела палата од 4-3 пр.н.е од време на кралството Античка Македонија. Археолозите од кумановскиот музеј ќе го истражуваат локалитетот и во иднина. Дел од наодите се наоѓаат и во постојаната поставка на кумановскиот музеј и се достапни за јавноста.

Значајни археолошки откритија на локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, пронајде тимот археолози од Националната установа Музеј Куманово. На локалитетот кој е истражуван последниве неколку години, пронајдени се уникатни археолошки содржини, некои првпат откриени во државава, карактеристични за античкото кралство Македонија. Наодите укажуваат на тесна поврзаност на кумановскиот регион со медитеранските цивилизациски центри и укажуваат дека на овој рид пред околу 2.300 години постоел значаен антички град со непознато име, кој имал свои владетели блиски и поврзани со македонското кралство на југ.

Во 2023 ископувањата беа насочени на највисокиот дел на ридот, со што продолжи откривањето на градбата од 2014-та година.

Значењето на овој локалитет за музејската збирка на Музеј Куманово е огромно, затоа што претставува единствен истражуван локалитет од периодот непосредно по смртта на Александар Македонски (323 г. пр.н.е). Наодите од овој локалитет скоро стопроцентно ја сочинуваат хеленистичката збирка на музејот, која претходно беше составена од само неколку предмети. Што е уште поважно, дел од наодите претставуваат уникати, и засега, се единствени по музејските збирки во државава, што е изненадување, знаејќи ја местоположбата на кумановските регион и оддалеченоста од македонските центри – Вергина, Пела и Олинт, вели археолог, Дејан Ѓорѓиевски, раководител на истражувањето.

Локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, се ископува од 2014 година. Првите ископувања беа иницирани од Управата за заштита на културното наследство и финансирани како капитален владин проект, благодарејќи на големото откритие на депо од пајонски монети (13 сребрени монети на кралот Аудолеон – две тетрадрахми, една дидрахма, десет драхми). Во периодот од 2014 до 2017 ископувањата беа изведувани во партнерство со Филозофскиот Факултет Скопје, под раководство на професор Марјан Јованов. Во тој период е работено на највисокиот дел од локалитетот, каде што е пронајдена поголема градба со бројни движни наоди.

Од 2018 година, археолозите од Куманово, самостојно ги ископуваат локалитетот, но работено е на други сектори на локалитетот – Средна и Долна тераса. Таму се пронајдени внатрешни одбранбени ѕидови, како и интервенции во карпа кои веројатно зборуваат за постоење на светилиште во кое се изведувани ритуали. Паралелно со ископувањата, Музеј Куманово е и пионер во реализирање на геофизички истражувања на локацијата, каде што, во соработка со Археолошки музеј, се скенирани најважните површини кои следните години ќе бидат од интерес за ископување.

Со последните истражувања е отворен северниот дел од објектот на акрополата, со цел да се утврди дали е тоа, повеќе објекти или нешто поголемо. Со откривањето на неговите северни граници, можеме да заклучиме дека целиот највисок дел на ридот бил искористен за градење на само еден голем објект, кој според својата форма, бил од резиденцијален тип, односно палата. Градбата ја карактеризираат неколку уникатни содржини. Имено, тука се пронајдени целосно сочувани јонски капители и бази од предримски период, односно од 4-3 в. пр.е., кои, за сега, се единствени од ваков тип во државава. Градбата има и просторија во која била складирана вода, градена со под од малтер, и со тоа асоцира на бања, каква што има на Вардарски Рид (македонски град Гортинија), но и во кралските палати во Вергина и Пела, појаснува Ѓорѓиевски.

Архитектура на градбата е скоро иста со богатите куќи од Олинт и Пела, има атриум со перистил, пропилон како влезен дел и помали простории кои гравитираат кон отворениот двор. Она што ја издвојува градбата од останатите од овој период е постоење на боен малтер на ѕидовите.

На тој начин, заедно со откриените ѕидови во владетелската палата на Кнежје, објектот на Теќе – Отовица и т.н. „стоа“ на Вардарски Рид, новите наоди ги побиваат тезите дека малтерните ѕидови кај нас се јавуваат првпат со доаѓањето на Римјаните. И не само тоа, најблиските аналогии ги наоѓаме во т.н. ѕидарски (masonry) стил во хеленистичкото сликарство, најмногу со богатите куќи од македонската престолнина Пела. Скоро идентичен распоред на бои, техника и стил, кој подоцна ќе го адаптираат Римјаните и ќе биде наречен како „прв помпејански стил“ се јавуваат на ѕидовите од објектот на Нагоричинe. Сличности со Пела се забележуваат и во системот на транспорт и филтрирање на вода. Како најдобар показател за тесната поврзаност на овој објект со македонското кралство на југ се секако овогодишните наоди од аплики за врата. Покрај стандардните, кружни аплики кои се среќаваат на поширока територија, откриени се и неколку со издаден и профилиран врв. Идентични такви наоди има на вратите од гробницата во Агиа Параскеви кај Солун и Лангаза прецизно датирани кон крајот на 4-поч.на 3 век пр. н. е., додава Ѓорѓиевски.

Досегашните показатели водат до заклучок дека целиот дел од врвот на локалитетот е искористен за градење на голем објект. Покрај многуте движни наоди кои укажуваат на поврзаност со античката македонска култура, а кои можат да се протолкуваат како трговски врски, постојат архитектонски елементи кои посочуваат на континуитет во знаењето при градењето на слични вакви објекти во централните македонски градови на југ.

Засега, можеме само да претпоставиме дека општествените услови по смртта на Александар Македонски и големата акумулација на богатство во кралството, овозможиле развој на локални, богати поединци кои биле добро запознаени со античката македонска култура и направиле напор  да ја внесат и развијат и во северните делови на денешна Македонија. Овие наши сознанија во голема мера ги менуваат досегашните официјални истории за изолираност на регионот во културните достигања на хеленистичкиот период, и уште повеќе, преку некои наоди, овој локалитет се издигнува како еден од најзначајните истражувани досега, додава Ѓорѓиевски.

Наодите можат да се видат во музејската поставка во Куманово. Достапни се и на официјалната страница на НУ Музеј Куманово.

Од големо значење за нас и за македонската археологија ќе биде да продолжиме со сондажните ископувања, преку кои имаме единствена можност да го проучуваме процесот на формирање на првите градови во регионот и автохтониот развој на цивилизациските текови, пред овие области да бидат освоени од Римјаните и целосно да бидат вклучени со античката римска култура, вели в.д. Марија Миљуш Божурска.

Кумановскиот музеј веќе ја поднесе нацрт годишната програма за наредната 2024-та година и во програмата е предвидено продолжеток на истражување на овој значаен локалитет. Надлежните и стручните очекуваат поголеми финансиски средства за да се доистражи локалитетот од кој значење има македонската и кумановската археологија.

The post Архитектура на градби скоро иста со богатите куќи од Олинт и Пела: Уникатни археолошки откритија на локалитетот Градиште, Младо Нагоричане appeared first on Република.

]]>

Наодите од археолошкиот локалитет Градиште (Младо Нагоричане) укажуваат дека и далеку на север постоела палата од 4-3 пр.н.е од време на кралството Античка Македонија. Археолозите од кумановскиот музеј ќе го истражуваат локалитетот и во иднина. Дел од наодите се наоѓаат и во постојаната поставка на кумановскиот музеј и се достапни за јавноста. Значајни археолошки откритија на локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, пронајде тимот археолози од Националната установа Музеј Куманово. На локалитетот кој е истражуван последниве неколку години, пронајдени се уникатни археолошки содржини, некои првпат откриени во државава, карактеристични за античкото кралство Македонија. Наодите укажуваат на тесна поврзаност на кумановскиот регион со медитеранските цивилизациски центри и укажуваат дека на овој рид пред околу 2.300 години постоел значаен антички град со непознато име, кој имал свои владетели блиски и поврзани со македонското кралство на југ. Во 2023 ископувањата беа насочени на највисокиот дел на ридот, со што продолжи откривањето на градбата од 2014-та година.
Значењето на овој локалитет за музејската збирка на Музеј Куманово е огромно, затоа што претставува единствен истражуван локалитет од периодот непосредно по смртта на Александар Македонски (323 г. пр.н.е). Наодите од овој локалитет скоро стопроцентно ја сочинуваат хеленистичката збирка на музејот, која претходно беше составена од само неколку предмети. Што е уште поважно, дел од наодите претставуваат уникати, и засега, се единствени по музејските збирки во државава, што е изненадување, знаејќи ја местоположбата на кумановските регион и оддалеченоста од македонските центри – Вергина, Пела и Олинт, вели археолог, Дејан Ѓорѓиевски, раководител на истражувањето.
Локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, се ископува од 2014 година. Првите ископувања беа иницирани од Управата за заштита на културното наследство и финансирани како капитален владин проект, благодарејќи на големото откритие на депо од пајонски монети (13 сребрени монети на кралот Аудолеон – две тетрадрахми, една дидрахма, десет драхми). Во периодот од 2014 до 2017 ископувањата беа изведувани во партнерство со Филозофскиот Факултет Скопје, под раководство на професор Марјан Јованов. Во тој период е работено на највисокиот дел од локалитетот, каде што е пронајдена поголема градба со бројни движни наоди. Од 2018 година, археолозите од Куманово, самостојно ги ископуваат локалитетот, но работено е на други сектори на локалитетот – Средна и Долна тераса. Таму се пронајдени внатрешни одбранбени ѕидови, како и интервенции во карпа кои веројатно зборуваат за постоење на светилиште во кое се изведувани ритуали. Паралелно со ископувањата, Музеј Куманово е и пионер во реализирање на геофизички истражувања на локацијата, каде што, во соработка со Археолошки музеј, се скенирани најважните површини кои следните години ќе бидат од интерес за ископување.
Со последните истражувања е отворен северниот дел од објектот на акрополата, со цел да се утврди дали е тоа, повеќе објекти или нешто поголемо. Со откривањето на неговите северни граници, можеме да заклучиме дека целиот највисок дел на ридот бил искористен за градење на само еден голем објект, кој според својата форма, бил од резиденцијален тип, односно палата. Градбата ја карактеризираат неколку уникатни содржини. Имено, тука се пронајдени целосно сочувани јонски капители и бази од предримски период, односно од 4-3 в. пр.е., кои, за сега, се единствени од ваков тип во државава. Градбата има и просторија во која била складирана вода, градена со под од малтер, и со тоа асоцира на бања, каква што има на Вардарски Рид (македонски град Гортинија), но и во кралските палати во Вергина и Пела, појаснува Ѓорѓиевски.
Архитектура на градбата е скоро иста со богатите куќи од Олинт и Пела, има атриум со перистил, пропилон како влезен дел и помали простории кои гравитираат кон отворениот двор. Она што ја издвојува градбата од останатите од овој период е постоење на боен малтер на ѕидовите.
На тој начин, заедно со откриените ѕидови во владетелската палата на Кнежје, објектот на Теќе – Отовица и т.н. „стоа“ на Вардарски Рид, новите наоди ги побиваат тезите дека малтерните ѕидови кај нас се јавуваат првпат со доаѓањето на Римјаните. И не само тоа, најблиските аналогии ги наоѓаме во т.н. ѕидарски (masonry) стил во хеленистичкото сликарство, најмногу со богатите куќи од македонската престолнина Пела. Скоро идентичен распоред на бои, техника и стил, кој подоцна ќе го адаптираат Римјаните и ќе биде наречен како „прв помпејански стил“ се јавуваат на ѕидовите од објектот на Нагоричинe. Сличности со Пела се забележуваат и во системот на транспорт и филтрирање на вода. Како најдобар показател за тесната поврзаност на овој објект со македонското кралство на југ се секако овогодишните наоди од аплики за врата. Покрај стандардните, кружни аплики кои се среќаваат на поширока територија, откриени се и неколку со издаден и профилиран врв. Идентични такви наоди има на вратите од гробницата во Агиа Параскеви кај Солун и Лангаза прецизно датирани кон крајот на 4-поч.на 3 век пр. н. е., додава Ѓорѓиевски.
Досегашните показатели водат до заклучок дека целиот дел од врвот на локалитетот е искористен за градење на голем објект. Покрај многуте движни наоди кои укажуваат на поврзаност со античката македонска култура, а кои можат да се протолкуваат како трговски врски, постојат архитектонски елементи кои посочуваат на континуитет во знаењето при градењето на слични вакви објекти во централните македонски градови на југ.
Засега, можеме само да претпоставиме дека општествените услови по смртта на Александар Македонски и големата акумулација на богатство во кралството, овозможиле развој на локални, богати поединци кои биле добро запознаени со античката македонска култура и направиле напор  да ја внесат и развијат и во северните делови на денешна Македонија. Овие наши сознанија во голема мера ги менуваат досегашните официјални истории за изолираност на регионот во културните достигања на хеленистичкиот период, и уште повеќе, преку некои наоди, овој локалитет се издигнува како еден од најзначајните истражувани досега, додава Ѓорѓиевски.
Наодите можат да се видат во музејската поставка во Куманово. Достапни се и на официјалната страница на НУ Музеј Куманово.
Од големо значење за нас и за македонската археологија ќе биде да продолжиме со сондажните ископувања, преку кои имаме единствена можност да го проучуваме процесот на формирање на првите градови во регионот и автохтониот развој на цивилизациските текови, пред овие области да бидат освоени од Римјаните и целосно да бидат вклучени со античката римска култура, вели в.д. Марија Миљуш Божурска.
Кумановскиот музеј веќе ја поднесе нацрт годишната програма за наредната 2024-та година и во програмата е предвидено продолжеток на истражување на овој значаен локалитет. Надлежните и стручните очекуваат поголеми финансиски средства за да се доистражи локалитетот од кој значење има македонската и кумановската археологија.

The post Архитектура на градби скоро иста со богатите куќи од Олинт и Пела: Уникатни археолошки откритија на локалитетот Градиште, Младо Нагоричане appeared first on Република.

]]>
Сочувани скелети од двајца мажи загинати во ерупцијата на Везув пронајдени под урнатините на Помпеја https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/sochuvani-skeleti-od-dvajtsa-mazhi-zaginati-vo-eruptsijata-na-vezuv-pronajdeni-pod-urnatinite-na-pompeja/ Sat, 20 May 2023 07:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=642892

Остатоци од две лица се пронајдени во урнатините на Помпеја, античкиот римски град кој исчезнал во ерупција на вулканот Везув пред 2.000 години. Како што соопшти италијанското Министерство за култура, скелетите се пронајдени во Куќата на чесните љубовници и најверојатно се на двајца мажи на возраст од 50 години кои загинале во земјотресот што ја придружувал ерупцијата.

Директорот на Археолошкиот парк Габриел Цухтригел изјави дека тие не загинале од вулканска пепел, туку од уривање на ѕидовите, чии фрагменти биле пронајдени меѓу нивните згмечени коски.

Современите техники на ископување ни помагаат подобро да го разбереме пеколот што ја уништи Помпеја за два дена, убивајќи ги жителите“, вели германскиот археолог.

Околу 13.000 луѓе живееле во Помпеја, околу 23 километри југоисточно од Неапол, до 79-та година, кога вулканот еруптирал со сила еднаква на многу атомски бомби. Најмалку 15 до 20 проценти од населението загинале. Во последните два и пол века, археолозите пронајдоа останки на повеќе од 1.300 жртви.

Локалитетот Помпеја е откриен дури во 16 век и денес е место на големи археолошки активности во обид да се запрат годините на запоставување и распаѓање, што е можно благодарение на финансискиот проект од 105 милиони евра од Европската Унија.

Италијанскиот министер за култура Џенаро Санџулијано изјави дека конзерваторските работи и понатамошните истражувања продолжуваат.

Откривањето на овие два скелета ни покажува дека имаме уште многу да истражуваме, да спроведеме уште многу ископувања и да пронајдеме уште многу остатоци од огромното богатство за истражување“, изјави Санџулијано .

Помпеја е впишана на листата на светско наследство на УНЕСКО и е втора најпосетувана туристичка дестинација во Италија по Колосеумот во Рим.

The post Сочувани скелети од двајца мажи загинати во ерупцијата на Везув пронајдени под урнатините на Помпеја appeared first on Република.

]]>

Остатоци од две лица се пронајдени во урнатините на Помпеја, античкиот римски град кој исчезнал во ерупција на вулканот Везув пред 2.000 години. Како што соопшти италијанското Министерство за култура, скелетите се пронајдени во Куќата на чесните љубовници и најверојатно се на двајца мажи на возраст од 50 години кои загинале во земјотресот што ја придружувал ерупцијата. Директорот на Археолошкиот парк Габриел Цухтригел изјави дека тие не загинале од вулканска пепел, туку од уривање на ѕидовите, чии фрагменти биле пронајдени меѓу нивните згмечени коски.
Современите техники на ископување ни помагаат подобро да го разбереме пеколот што ја уништи Помпеја за два дена, убивајќи ги жителите“, вели германскиот археолог.
Околу 13.000 луѓе живееле во Помпеја, околу 23 километри југоисточно од Неапол, до 79-та година, кога вулканот еруптирал со сила еднаква на многу атомски бомби. Најмалку 15 до 20 проценти од населението загинале. Во последните два и пол века, археолозите пронајдоа останки на повеќе од 1.300 жртви. Локалитетот Помпеја е откриен дури во 16 век и денес е место на големи археолошки активности во обид да се запрат годините на запоставување и распаѓање, што е можно благодарение на финансискиот проект од 105 милиони евра од Европската Унија. Италијанскиот министер за култура Џенаро Санџулијано изјави дека конзерваторските работи и понатамошните истражувања продолжуваат.
Откривањето на овие два скелета ни покажува дека имаме уште многу да истражуваме, да спроведеме уште многу ископувања и да пронајдеме уште многу остатоци од огромното богатство за истражување“, изјави Санџулијано .
Помпеја е впишана на листата на светско наследство на УНЕСКО и е втора најпосетувана туристичка дестинација во Италија по Колосеумот во Рим.

The post Сочувани скелети од двајца мажи загинати во ерупцијата на Везув пронајдени под урнатините на Помпеја appeared first on Република.

]]>
Ликот на Один пронајден на златен диск: Митолошкиот бог се славел барем 150 години порано од укажувањата на досегашните наоди https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/likot-na-odin-pronajden-na-zlaten-disk-mitoloshkiot-bog-se-slavel-barem-150-godini-porano-od-ukazhuvanata-na-dosegashnite-naodi/ Sun, 12 Mar 2023 10:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=618702

Скандинавски археолози и научници го откриле досега можеби најстариот познат натпис којшто се однесува на норманскиот бог Один. Митолошкиот лик се наоѓа на дел од златен диск ископан во западна Данска. Один бил еден од главните богови во норманската митологија и се поврзувал со војната, но и поезијата...

Лизбет Имер, рунолог во Националниот музеј во Копенхаген, смета дека натписот е прилично цврст доказ дека богот Один се славел уште во 5. век во ова подрачје - барем 150 години порано од укажувањата на претходните наоди, т.е. брош најден во јужна Германија. Дискот откриен во Данска бил дел од склад со околу килограм злато, вклучувајќи тука медалјони, римски монети и накит. Сѐ тоа е најдено кај селото Винделев, средишен Јитланд.

Ова е еден од најдобро изведените рунски натписи што некогаш сум ги видела!, вели Имер.

Руните биле знаци за пишување што ги користеле древните племиња во Северна Европа. Кристер Васшус, стручњак за антички јазици, истакна дека рунските натписи се ретки, па секој ваков наод е од витално значење за нашето разбирање на минатото.

Во ерата на викинзите, 793 - 1066 година, Норманите презеле големи походи, освојувања, колонизација низ цела Европа, а потоа и во Северна Америка. Имале многу богови, со различни одлики, својства, слабости и предности. Врз основа на сагите и некои нови натписи со руни, се појавија сознанија дека скандинавските богови поседуваат и многу човечки особини и се однесуваат како луѓе...

Таков вид митологија може да не одведе натаму и да нѐ натера повторно да ги истражиме сите други 200 брактеатни натписи што ни се познати, вели Имер.

Брактеат е рамен, тенок, едностран златен медал којшто се носел накит и се произведувал во Северна Европа, претежно во германското железно време. Стручњаците веруваат дека ова богатство било закопано пред 1.500 години - или за да се скрие од непријателите, или како почит за помирување со боговите. На овој новопронајден златен брактеат, натписот вели: „Тој е човек на Один“, па веројатно укажува на засега непознат нормански владетел.

The post Ликот на Один пронајден на златен диск: Митолошкиот бог се славел барем 150 години порано од укажувањата на досегашните наоди appeared first on Република.

]]>

Скандинавски археолози и научници го откриле досега можеби најстариот познат натпис којшто се однесува на норманскиот бог Один. Митолошкиот лик се наоѓа на дел од златен диск ископан во западна Данска. Один бил еден од главните богови во норманската митологија и се поврзувал со војната, но и поезијата... Лизбет Имер, рунолог во Националниот музеј во Копенхаген, смета дека натписот е прилично цврст доказ дека богот Один се славел уште во 5. век во ова подрачје - барем 150 години порано од укажувањата на претходните наоди, т.е. брош најден во јужна Германија. Дискот откриен во Данска бил дел од склад со околу килограм злато, вклучувајќи тука медалјони, римски монети и накит. Сѐ тоа е најдено кај селото Винделев, средишен Јитланд.
Ова е еден од најдобро изведените рунски натписи што некогаш сум ги видела!, вели Имер.
Руните биле знаци за пишување што ги користеле древните племиња во Северна Европа. Кристер Васшус, стручњак за антички јазици, истакна дека рунските натписи се ретки, па секој ваков наод е од витално значење за нашето разбирање на минатото. Во ерата на викинзите, 793 - 1066 година, Норманите презеле големи походи, освојувања, колонизација низ цела Европа, а потоа и во Северна Америка. Имале многу богови, со различни одлики, својства, слабости и предности. Врз основа на сагите и некои нови натписи со руни, се појавија сознанија дека скандинавските богови поседуваат и многу човечки особини и се однесуваат како луѓе...
Таков вид митологија може да не одведе натаму и да нѐ натера повторно да ги истражиме сите други 200 брактеатни натписи што ни се познати, вели Имер.
Брактеат е рамен, тенок, едностран златен медал којшто се носел накит и се произведувал во Северна Европа, претежно во германското железно време. Стручњаците веруваат дека ова богатство било закопано пред 1.500 години - или за да се скрие од непријателите, или како почит за помирување со боговите. На овој новопронајден златен брактеат, натписот вели: „Тој е човек на Один“, па веројатно укажува на засега непознат нормански владетел.

The post Ликот на Один пронајден на златен диск: Митолошкиот бог се славел барем 150 години порано од укажувањата на досегашните наоди appeared first on Република.

]]>
Во Египет откриена мала „насмеана“ сфинга, се смета дека го претставува славниот римски император https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-egipet-otkriena-mala-nasmeana-sfinga-se-smeta-deka-go-pretstavuva-slavniot-rimski-imperator/ Sun, 12 Mar 2023 09:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=618666

Египетското Министерство за туризам и антиквитети соопшти дека во јужен Египет, археолози откриле мала сфинга „со насмеано лице и две дупчиња на образите“, за којашто се вели дека го претставува римскиот император Клавдиј. Пронајдени се и остатоци од олтар изработен од варовник.

Овие два предмети се најдени во гробница на две нивоа во храмот „Дендера“, којшто се наоѓа 450 километри јужно од главниот град на Египет - Каиро. Покрај сфингата, имало и камена плоча од римската ера, со натписи испишани со демотичко писмо и хиероглифи.

Според наводите, египетската Влада сака со овие откритија да привлече повеќе посетители и да ѝ вдахне нов живот на туристичката индустрија во земјата, инаку тешко погодена од економската криза.

The post Во Египет откриена мала „насмеана“ сфинга, се смета дека го претставува славниот римски император appeared first on Република.

]]>

Египетското Министерство за туризам и антиквитети соопшти дека во јужен Египет, археолози откриле мала сфинга „со насмеано лице и две дупчиња на образите“, за којашто се вели дека го претставува римскиот император Клавдиј. Пронајдени се и остатоци од олтар изработен од варовник. Овие два предмети се најдени во гробница на две нивоа во храмот „Дендера“, којшто се наоѓа 450 километри јужно од главниот град на Египет - Каиро. Покрај сфингата, имало и камена плоча од римската ера, со натписи испишани со демотичко писмо и хиероглифи. Според наводите, египетската Влада сака со овие откритија да привлече повеќе посетители и да ѝ вдахне нов живот на туристичката индустрија во земјата, инаку тешко погодена од економската криза.

The post Во Египет откриена мала „насмеана“ сфинга, се смета дека го претставува славниот римски император appeared first on Република.

]]>
Античка статуа на Херкулес пронајдена во канализацијата во Рим https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/antichka-statua-na-herkules-pronajdena-vo-kanalizatsijata-vo-rim/ Sun, 29 Jan 2023 14:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=602258

Античка статуа на грчкиот митолошки херој Херкулес е откриена при поправка на канализационата мрежа во Рим.

Статуаата е пронајдена во канализацијата под паркот, пренесува „Гардијан“.

Оваа област имаше големо изненадување: мермерна статуа со човечка големина за која може да се каже дека го претставува Херкулес“, се вели во соопштението на Античка Апијаска партија.

Ова откритие е направено при реконструкција на канализационата мрежа што се урна предизвикувајќи одрони.

Ископувањата се вршени на длабочина до 20 метри и, како што често се случува во Рим, во присуство на археолози.

Статуата датира од римскиот империјален период, а работниците ја забележале статуата кога дел од неа ѕиркала од земјата на околу три километри од почетокот на Апискиот пат.

The post Античка статуа на Херкулес пронајдена во канализацијата во Рим appeared first on Република.

]]>

Античка статуа на грчкиот митолошки херој Херкулес е откриена при поправка на канализационата мрежа во Рим. Статуаата е пронајдена во канализацијата под паркот, пренесува „Гардијан“.
Оваа област имаше големо изненадување: мермерна статуа со човечка големина за која може да се каже дека го претставува Херкулес“, се вели во соопштението на Античка Апијаска партија.
Ова откритие е направено при реконструкција на канализационата мрежа што се урна предизвикувајќи одрони. Ископувањата се вршени на длабочина до 20 метри и, како што често се случува во Рим, во присуство на археолози. Статуата датира од римскиот империјален период, а работниците ја забележале статуата кога дел од неа ѕиркала од земјата на околу три километри од почетокот на Апискиот пат.

The post Античка статуа на Херкулес пронајдена во канализацијата во Рим appeared first on Република.

]]>
Археолошка сензација во Сплит: Пронајдени скриени столбови во Диоклецијановата палата, закопани под бетон и малтер https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/arheoloshka-senzacija-vo-split-pronajdeni-skrieni-stolbovi-vo-dioklecijanovata-palata-zakopani-pod-beton-i-malter/ Sat, 17 Dec 2022 21:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=587042

Археолошка сензација во Сплит. Древните столбови од времето на римскиот император Диоклецијан, кои со векови биле скриени од очите на јавноста и кои биле скриени во тони камен и малтер, како дел од потоа додадените ѕидови, ја здогледаа светлината на денот.

Упатените велат дека тоа е вистинска археолошка сензација. Откако ќе заврши работата на оваа локација, ќе се отстрани целиот ѕид, а ќе биде отстранет и подот, за да се даде сосема нов поглед на палатата на Диоклецијан,

Тие се слични на оние на кои денес им се восхитуваме, а на јавноста ќе и бидат претставени како дел од Градскиот музеј, објави Курир.рс.

Реконструираната античка тераса е само дел од реновирањето на југоисточниот квадрант на палатата Диоклецијан, кое почна по децениски напорни подготовки.

За сплиќаните тоа е всушност Сплитската епископија од седмиот век, тоа е извадок од матичната книга на родените на градот. И секако седиштето на првиот император Диоклецијан, неговиот најинтимен простор“, вели Радослав Бужанчиќ, од Одделот за конзервација на Сплит.

Истражувањата биле прекинати пред половина век поради проблеми со статиката на зградите над Подрумот. Дел од тој проблем сега е решен.

Ќе поврземе повеќе простори во градот директно преку подрумот и ќе се отвориме повеќе кон градот токму преку овие простори, кои потоа се поврзуваат со средновековните за да стигнат до некои нови катови“, вели Бранка Брекало, в.д. директор на Музејот на град Сплит

Подрумите на Диоклецијановата палата опфаќаат педесет сали, вкупно над седум илјади квадратни метри. Иако истражувањето почнало во 1955 година, дваесет и пет проценти од тие сали се уште се закопани.

Ова е дел во кој е забележана генетската историја на Сплит од палатата на Диоклецијан до денес. Она што е најголемо богатство е тоа што ќе им овозможиме на генерации археолози слој по слој да ги донесат податоците за кои изворите и историјата молчат“, вели Бужанчиќ.

Притоа, нема сомнеж дека ќе наидат на бројни изненадувања кои Палатата ги крие седумнаесет века.

https://www.youtube.com/watch?v=2fHJTzdr0ik&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Археолошка сензација во Сплит: Пронајдени скриени столбови во Диоклецијановата палата, закопани под бетон и малтер appeared first on Република.

]]>

Археолошка сензација во Сплит. Древните столбови од времето на римскиот император Диоклецијан, кои со векови биле скриени од очите на јавноста и кои биле скриени во тони камен и малтер, како дел од потоа додадените ѕидови, ја здогледаа светлината на денот. Упатените велат дека тоа е вистинска археолошка сензација. Откако ќе заврши работата на оваа локација, ќе се отстрани целиот ѕид, а ќе биде отстранет и подот, за да се даде сосема нов поглед на палатата на Диоклецијан, Тие се слични на оние на кои денес им се восхитуваме, а на јавноста ќе и бидат претставени како дел од Градскиот музеј, објави Курир.рс. Реконструираната античка тераса е само дел од реновирањето на југоисточниот квадрант на палатата Диоклецијан, кое почна по децениски напорни подготовки.
За сплиќаните тоа е всушност Сплитската епископија од седмиот век, тоа е извадок од матичната книга на родените на градот. И секако седиштето на првиот император Диоклецијан, неговиот најинтимен простор“, вели Радослав Бужанчиќ, од Одделот за конзервација на Сплит.
Истражувањата биле прекинати пред половина век поради проблеми со статиката на зградите над Подрумот. Дел од тој проблем сега е решен.
Ќе поврземе повеќе простори во градот директно преку подрумот и ќе се отвориме повеќе кон градот токму преку овие простори, кои потоа се поврзуваат со средновековните за да стигнат до некои нови катови“, вели Бранка Брекало, в.д. директор на Музејот на град Сплит
Подрумите на Диоклецијановата палата опфаќаат педесет сали, вкупно над седум илјади квадратни метри. Иако истражувањето почнало во 1955 година, дваесет и пет проценти од тие сали се уште се закопани.
Ова е дел во кој е забележана генетската историја на Сплит од палатата на Диоклецијан до денес. Она што е најголемо богатство е тоа што ќе им овозможиме на генерации археолози слој по слој да ги донесат податоците за кои изворите и историјата молчат“, вели Бужанчиќ.
Притоа, нема сомнеж дека ќе наидат на бројни изненадувања кои Палатата ги крие седумнаесет века. https://www.youtube.com/watch?v=2fHJTzdr0ik&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Археолошка сензација во Сплит: Пронајдени скриени столбови во Диоклецијановата палата, закопани под бетон и малтер appeared first on Република.

]]>
Откриени нови 168 мистериозни геоглифи во Наска во Перу https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkrieni-novi-168-misteriozni-geoglifi-vo-naska-vo-peru/ Thu, 15 Dec 2022 19:47:38 +0000 https://republika.mk/?p=586172

Истражувачи од јапонскиот Универзитет Јамагата, со помош на дронови откриле 168 нови геоглифи во пустината Наска во Перу. Околу 50 од овие големи цртежи прикажуваат хуманоидни фигури, а другите се на птици, китови убијци, мачки и змии. Некои се само обични линии или трапезоидни цртежи.

Тешко е да се каже кога се создадени цртежите, но садовите од глина пронајдени покрај цртежите потекнуваат од периодот помеѓу 2 век п.н.е. и 2 век од нашата ера.

Со најновите додатоци откриени од јапонските истражувачи, официјалниот број на познатите цртежи од Наска сега изнесува 358. Многу од старите цртежи се на рамен терен, што ги прави тешко да бидат пронајдени. Со оглед на тоа што линиите се создадени со отстранување на камења и остатоци за да се открие контрастната обоена почва одоздола, ерозијата само го отежнува нивното откривање. Во таков случај се користат дронови.

Дроновите им овозможиле на експертите да ги видат линиите на Наска со поголема јасност од кога било досега. Некои од информациите што ги собираат истражувачите, дури се анализирани со програми за вештачка интелигенција кои можат да издвојат различни модели побрзо и посигурно од човечкото око.

Линиите на Наска се една од најинтригантните мистерии во историјата, а откривањето на повеќе од нив можеби ќе го доближи човештвото до сфаќање на нивната цел. Од некоја необјаснива причина, помеѓу 500 п.н.е. и 500 година заедниците во јужниот дел на Перу почнале да цртаат едноставни линии, форми и фигури во пејзажот, од кои многу може да се видат во целост само од птичја перспектива.

Линиите се толкуваа на многу начини во текот на децениите, но најчестото објаснување е дека тие биле наменети за боговите на небото кои гледаат одозгора на луѓето. Друга популарна теорија сугерира дека овие фигури и цртежи биле наменети за ритуални астрономски цели и некако ги рефлектирале ѕвездите.

The post Откриени нови 168 мистериозни геоглифи во Наска во Перу appeared first on Република.

]]>

Истражувачи од јапонскиот Универзитет Јамагата, со помош на дронови откриле 168 нови геоглифи во пустината Наска во Перу. Околу 50 од овие големи цртежи прикажуваат хуманоидни фигури, а другите се на птици, китови убијци, мачки и змии. Некои се само обични линии или трапезоидни цртежи. Тешко е да се каже кога се создадени цртежите, но садовите од глина пронајдени покрај цртежите потекнуваат од периодот помеѓу 2 век п.н.е. и 2 век од нашата ера. Со најновите додатоци откриени од јапонските истражувачи, официјалниот број на познатите цртежи од Наска сега изнесува 358. Многу од старите цртежи се на рамен терен, што ги прави тешко да бидат пронајдени. Со оглед на тоа што линиите се создадени со отстранување на камења и остатоци за да се открие контрастната обоена почва одоздола, ерозијата само го отежнува нивното откривање. Во таков случај се користат дронови. Дроновите им овозможиле на експертите да ги видат линиите на Наска со поголема јасност од кога било досега. Некои од информациите што ги собираат истражувачите, дури се анализирани со програми за вештачка интелигенција кои можат да издвојат различни модели побрзо и посигурно од човечкото око. Линиите на Наска се една од најинтригантните мистерии во историјата, а откривањето на повеќе од нив можеби ќе го доближи човештвото до сфаќање на нивната цел. Од некоја необјаснива причина, помеѓу 500 п.н.е. и 500 година заедниците во јужниот дел на Перу почнале да цртаат едноставни линии, форми и фигури во пејзажот, од кои многу може да се видат во целост само од птичја перспектива. Линиите се толкуваа на многу начини во текот на децениите, но најчестото објаснување е дека тие биле наменети за боговите на небото кои гледаат одозгора на луѓето. Друга популарна теорија сугерира дека овие фигури и цртежи биле наменети за ритуални астрономски цели и некако ги рефлектирале ѕвездите.

The post Откриени нови 168 мистериозни геоглифи во Наска во Перу appeared first on Република.

]]>
Неверојатно археолошко откритие во Сирија: Пронајден најважниот локалитет од почетокот на војната во 2011 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/neverojatno-arheoloshko-otkritie-vo-sirija-pronajden-najvazniot-lokalitet-od-pochetokot-na-vojnata-vo-2011-godina/ Fri, 14 Oct 2022 11:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=561099

Речиси недопрен мозаик стар 1.600 години е откриен во централна Сирија. Археолозите коишто учествувале во откривањето на овој значаен археолошки локалитет истакнуваат дека мозаикот е од периодот на антички Рим.

Мозаикот е пронајден под зграда во Растан во близина на Хомс, која бунтовниците ја држеа за време граѓанската војна до 2018 година.

Ова ремек дело прикажува митолошки сцени, вклучително и Тројанската и Амазонската војна, за кои се тврди дека се најретки.

Многу од археолошките богатства во Сирија се оштетени по повеќе од една деценија војна, но последното откритие се опишува како најважно археолошко откритие од почетокот на конфликтот во 2011 година.

Она што е пред нас е откритие кое е многу ретко на светско ниво - вели Хаман Сад, висок функционер на сириската Генерална дирекција за музеи и антиквитети.

Тој додава дека мозаикот е богат со детали, на кој се претставени римскиот бог на морето Нептун и неговите 40 љубовници, како и Херакле како ја убива амазонската кралица Хиполита.

Растан беше упориште на бунтовниците и место на интензивни борби се додека не беше заземен од сириските владини сили во 2018 година.

Сирија се смета за огромно богатство за археолозите, бидејќи е дом на некои од најдобро зачуваните реликвии на древните цивилизации, вклучувајќи ја џамијата Омајад во Дамаск и античкиот град Палмира.

The post Неверојатно археолошко откритие во Сирија: Пронајден најважниот локалитет од почетокот на војната во 2011 година appeared first on Република.

]]>

Речиси недопрен мозаик стар 1.600 години е откриен во централна Сирија. Археолозите коишто учествувале во откривањето на овој значаен археолошки локалитет истакнуваат дека мозаикот е од периодот на антички Рим. Мозаикот е пронајден под зграда во Растан во близина на Хомс, која бунтовниците ја држеа за време граѓанската војна до 2018 година. Ова ремек дело прикажува митолошки сцени, вклучително и Тројанската и Амазонската војна, за кои се тврди дека се најретки. Многу од археолошките богатства во Сирија се оштетени по повеќе од една деценија војна, но последното откритие се опишува како најважно археолошко откритие од почетокот на конфликтот во 2011 година.
Она што е пред нас е откритие кое е многу ретко на светско ниво - вели Хаман Сад, висок функционер на сириската Генерална дирекција за музеи и антиквитети.
Тој додава дека мозаикот е богат со детали, на кој се претставени римскиот бог на морето Нептун и неговите 40 љубовници, како и Херакле како ја убива амазонската кралица Хиполита. Растан беше упориште на бунтовниците и место на интензивни борби се додека не беше заземен од сириските владини сили во 2018 година. Сирија се смета за огромно богатство за археолозите, бидејќи е дом на некои од најдобро зачуваните реликвии на древните цивилизации, вклучувајќи ја џамијата Омајад во Дамаск и античкиот град Палмира.

The post Неверојатно археолошко откритие во Сирија: Пронајден најважниот локалитет од почетокот на војната во 2011 година appeared first on Република.

]]>
Според геологијата и археологијата , стариот дел на Охрид бил остров https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/spored-geologijata-i-arheologijata-stariot-del-na-ohrid-bil-ostrov/ Sun, 25 Sep 2022 13:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=554056

Стариот дел на Охрид или антички Линхидос бил остров во периодот од доцното бронзено време до доаѓањето на Римјаните. Тоа го покажуваат геолошките и археолошките истражувања направени во рамки на петгодишниот проект „Погранични студии, истражувања на идентитетите и културните контакти во пограничниот регион на Античка Македонија“.

Проектот го реализираа Археолошкиот музеј на Македонија и Институтот за класични студии од Карловиот универзитет од Прага, во партнерство со Германскиот археолошки институт, Геолошкиот институт од Прага и Универзитетот од Јужна Бохемија од Чешка, како и Заводот за заштита на културно наледство и музеј од Охрид.

Раководителот на проектот Перо Арџанлиев од Археолошкиот музеј на Македонија во разговор за МИА појаснува дека со геолошките испитувања во рамнината, односно делот каде што се наоѓа денешниот модерен Охрид, откриле езерски седименти, со што докажале дека тој дел бил поплавен.

– И тоа не е случајно. Кога подоцна размисливме каде се сконцентрирани најголем дел од археолошките остатоци од доцното бронзено време до доаѓањето на римјаните, заклучивме дека тоа е на просторот од стариот дел на Охрид. Населбите и некрополите од античкиот период се наоѓаат баш на тој простор, бидејќи низината била поплавена, односно била дел од езерото. Согласно тоа, заклучивме дека населбите треба да ги бараме на првиот ред ридови во заднината на рамницата каде ги вршевме и ископувањата на локалитетите, истакна Арџанлиев.

Охридско-струшкиот регион имал бурно климатско минато

Во рамки на археолошките истражувања, додава Арџанлиев, годинава акцентот бил ставен на три локалитети во околината на Охрид: „Петкина нива“ и „Горица“ кај селото Лескоец и „Градиште“ кај Долно Лакочереј. На локалитетот „Петкина нива“ откриена е римска рурална вила, на „Градиште“ населба со хронологија од доцно бронзено време до хеленистички период и кај „Горица“ има хронологија од неолитот, па се до железното време.

Најголем дел од артефактите на сите локалитети се керамички наоди, кои според експертот, се добри за датирање.

– Проектот е мултидисциплинарен, имавме екипа археоботаничари, кои со посебна опрема вршат измивање на земјата и ги собираат сите археоботанички остатоци на земјата, семиња и разни други остатоци со чија помош се врши реконструкција на пејзажот, со што се хранеле луѓето, што одгледувале и слично. Со помош на јагленисани органски остатоци вршиме радиокарбонски анализи во референтни лабаратории каде што добиваме точни дати за секој од слоевите каде што откриваме и археолошки артефакти. Така наместо релативна добиваме аполутна хронологија, каде археолошките артефакти се во апсолутни дати, појасни Арџанлиев.

Целта, според него, е реконструирање на организацијата на населбите во минатото.

– Во рамки на проектот вршиме мултидициплинарни и геолошки итражувања, со чија помош увидовме дека овој крај езерски регион имал бурно, динамично климатско минато. Со реконструкција на тоа бурно минато можеме да ја реконструираме и организацијата на населбите и како луѓето се организирале во минатото да живеат околу езерото и во регионот, посочува соговорникот.

Почетоците на металургијата следен предизвик

Основните ресурси за исхрана сами ги произведувале, односно луѓето во тој период се занимавале со земјоделство и сточарство, но иден предизвик на археолозите е да истражат од кога почнала металургијата.

– Во иднина планираме акцент да ставиме и на истражувања кога почнала металургијата. Планираме тоа да го правиме мултидисциплинарно, со помош на напредни истражувања. Со помош на полен анализи ќе откриеме кога почнало да има загадувања во минатото и врз основа на тоа загадување тогаш специјалистите утврдуваат дека токму во тој период почнала металургијата, топењето на рудата и слично, информира Арџанлиев.

Со тоа, нагласува, сакаме да дадеме одговор за појавата на елитата во Охридскиот регион, што покажуваат и откритијата од Архајскиот период (6 век пр.н.е.) во гробовите во Требеништа и на Горна порта.

The post Според геологијата и археологијата , стариот дел на Охрид бил остров appeared first on Република.

]]>

Стариот дел на Охрид или антички Линхидос бил остров во периодот од доцното бронзено време до доаѓањето на Римјаните. Тоа го покажуваат геолошките и археолошките истражувања направени во рамки на петгодишниот проект „Погранични студии, истражувања на идентитетите и културните контакти во пограничниот регион на Античка Македонија“. Проектот го реализираа Археолошкиот музеј на Македонија и Институтот за класични студии од Карловиот универзитет од Прага, во партнерство со Германскиот археолошки институт, Геолошкиот институт од Прага и Универзитетот од Јужна Бохемија од Чешка, како и Заводот за заштита на културно наледство и музеј од Охрид. Раководителот на проектот Перо Арџанлиев од Археолошкиот музеј на Македонија во разговор за МИА појаснува дека со геолошките испитувања во рамнината, односно делот каде што се наоѓа денешниот модерен Охрид, откриле езерски седименти, со што докажале дека тој дел бил поплавен. – И тоа не е случајно. Кога подоцна размисливме каде се сконцентрирани најголем дел од археолошките остатоци од доцното бронзено време до доаѓањето на римјаните, заклучивме дека тоа е на просторот од стариот дел на Охрид. Населбите и некрополите од античкиот период се наоѓаат баш на тој простор, бидејќи низината била поплавена, односно била дел од езерото. Согласно тоа, заклучивме дека населбите треба да ги бараме на првиот ред ридови во заднината на рамницата каде ги вршевме и ископувањата на локалитетите, истакна Арџанлиев. Охридско-струшкиот регион имал бурно климатско минато Во рамки на археолошките истражувања, додава Арџанлиев, годинава акцентот бил ставен на три локалитети во околината на Охрид: „Петкина нива“ и „Горица“ кај селото Лескоец и „Градиште“ кај Долно Лакочереј. На локалитетот „Петкина нива“ откриена е римска рурална вила, на „Градиште“ населба со хронологија од доцно бронзено време до хеленистички период и кај „Горица“ има хронологија од неолитот, па се до железното време. Најголем дел од артефактите на сите локалитети се керамички наоди, кои според експертот, се добри за датирање. – Проектот е мултидисциплинарен, имавме екипа археоботаничари, кои со посебна опрема вршат измивање на земјата и ги собираат сите археоботанички остатоци на земјата, семиња и разни други остатоци со чија помош се врши реконструкција на пејзажот, со што се хранеле луѓето, што одгледувале и слично. Со помош на јагленисани органски остатоци вршиме радиокарбонски анализи во референтни лабаратории каде што добиваме точни дати за секој од слоевите каде што откриваме и археолошки артефакти. Така наместо релативна добиваме аполутна хронологија, каде археолошките артефакти се во апсолутни дати, појасни Арџанлиев. Целта, според него, е реконструирање на организацијата на населбите во минатото. – Во рамки на проектот вршиме мултидициплинарни и геолошки итражувања, со чија помош увидовме дека овој крај езерски регион имал бурно, динамично климатско минато. Со реконструкција на тоа бурно минато можеме да ја реконструираме и организацијата на населбите и како луѓето се организирале во минатото да живеат околу езерото и во регионот, посочува соговорникот. Почетоците на металургијата следен предизвик Основните ресурси за исхрана сами ги произведувале, односно луѓето во тој период се занимавале со земјоделство и сточарство, но иден предизвик на археолозите е да истражат од кога почнала металургијата. – Во иднина планираме акцент да ставиме и на истражувања кога почнала металургијата. Планираме тоа да го правиме мултидисциплинарно, со помош на напредни истражувања. Со помош на полен анализи ќе откриеме кога почнало да има загадувања во минатото и врз основа на тоа загадување тогаш специјалистите утврдуваат дека токму во тој период почнала металургијата, топењето на рудата и слично, информира Арџанлиев. Со тоа, нагласува, сакаме да дадеме одговор за појавата на елитата во Охридскиот регион, што покажуваат и откритијата од Архајскиот период (6 век пр.н.е.) во гробовите во Требеништа и на Горна порта.  

The post Според геологијата и археологијата , стариот дел на Охрид бил остров appeared first on Република.

]]>
Во БиХ откриени гробници стари 3.000 години полни со вредни предмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-bih-otkrieni-grobnici-stari-3-000-godini-polni-so-vredni-predmeti/ Thu, 23 Jun 2022 13:07:08 +0000 https://republika.mk/?p=518948

На подрачјето на Зеница во Босна и Херцеговина еоткриена населба и гробници стари 3.000 години, како и бројни вредни предмети.

На локалитетот Копило се пронајдени десетици скелети и повеќе од 25.000 керамички садови.

Не постои на територијата на БиХ, но и надвор од БиХ...не може да се најдат некои аналогии за овие гробни градби каде што во една гробна конструкција биле закопани три или четворица членови од потесното семејство. Тоа ќе го провериме со дополнителни анализи - вели за телевизијата „Н1“, археологот Марио Гаврановиќ.

Најстарата гробница датира од периодот 1.000 п.н.е., а пронајдена е гробница и од 500 г.п.н.е.

Тоа значи дека 10 генерации ги користеле овие гробишта - вели Гаврановиќ.

Во една гробница се пронајдени скелети од деца. Специфичноста на овие гробници е што еден сад секогаш бил поставен над главата на покојникот.

Во гробниците биле пронајдене и многу парчиња накит. Она што уште се знае за луѓето што живееле на овие простори е дека се занимавале со земјоделство и дека работеле со железо.

The post Во БиХ откриени гробници стари 3.000 години полни со вредни предмети appeared first on Република.

]]>

На подрачјето на Зеница во Босна и Херцеговина еоткриена населба и гробници стари 3.000 години, како и бројни вредни предмети. На локалитетот Копило се пронајдени десетици скелети и повеќе од 25.000 керамички садови.
Не постои на територијата на БиХ, но и надвор од БиХ...не може да се најдат некои аналогии за овие гробни градби каде што во една гробна конструкција биле закопани три или четворица членови од потесното семејство. Тоа ќе го провериме со дополнителни анализи - вели за телевизијата „Н1“, археологот Марио Гаврановиќ.
Најстарата гробница датира од периодот 1.000 п.н.е., а пронајдена е гробница и од 500 г.п.н.е.
Тоа значи дека 10 генерации ги користеле овие гробишта - вели Гаврановиќ.
Во една гробница се пронајдени скелети од деца. Специфичноста на овие гробници е што еден сад секогаш бил поставен над главата на покојникот. Во гробниците биле пронајдене и многу парчиња накит. Она што уште се знае за луѓето што живееле на овие простори е дека се занимавале со земјоделство и дека работеле со железо.

The post Во БиХ откриени гробници стари 3.000 години полни со вредни предмети appeared first on Република.

]]>
Во Египет откриени 150 бронзени статуи на древни египетски богови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-egipet-otkrieni-150-bronzeni-statui-na-drevni-egipetski-bogovi/ Tue, 31 May 2022 14:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=509330

Во некропола во Сакара, место во близина на Каиро се откриени 150 бронзени статуи, соопшти Министерството за туризам и антиквитети на Египет.

Тоа е прво и најголемо откритие на бронзени статуи од древниот Египет во областа, околу 28 километри јужно од Каиро.

Статуите ги прикажуваат старите египетски божества, како богот на задгробниот свет - Анубис, божицата на денот - Нефертим и богот на сонцето и воздухот - Амон.

https://www.youtube.com/watch?v=SRwuWJRX6T0

Археолозите пронашле и бронзени садови, за кои се верува дека се користени за време на молитвите на божицата на плодноста - Изида.

Пронајдени се и 250 насликани дрвени саркофази со добро сочувани мумии, дрвени статуи, маски, како и фигури на мачки.

Пронајден е и накит од ерата на Новото кралство, како што се бразлетни и обетки.

Ископувањето во областа на Сакара почна во 2018 година.

https://www.youtube.com/watch?v=TYhUfWGznE0

The post Во Египет откриени 150 бронзени статуи на древни египетски богови appeared first on Република.

]]>

Во некропола во Сакара, место во близина на Каиро се откриени 150 бронзени статуи, соопшти Министерството за туризам и антиквитети на Египет. Тоа е прво и најголемо откритие на бронзени статуи од древниот Египет во областа, околу 28 километри јужно од Каиро. Статуите ги прикажуваат старите египетски божества, како богот на задгробниот свет - Анубис, божицата на денот - Нефертим и богот на сонцето и воздухот - Амон. https://www.youtube.com/watch?v=SRwuWJRX6T0 Археолозите пронашле и бронзени садови, за кои се верува дека се користени за време на молитвите на божицата на плодноста - Изида. Пронајдени се и 250 насликани дрвени саркофази со добро сочувани мумии, дрвени статуи, маски, како и фигури на мачки. Пронајден е и накит од ерата на Новото кралство, како што се бразлетни и обетки. Ископувањето во областа на Сакара почна во 2018 година. https://www.youtube.com/watch?v=TYhUfWGznE0

The post Во Египет откриени 150 бронзени статуи на древни египетски богови appeared first on Република.

]]>
Пронајдена античка римска бања на локалитетот Долиште кај Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otkriena-antichka-rimska-banja-na-lokalitetot-dolishte-kaj-prilep/ Wed, 04 May 2022 15:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=497557

Со најновите археолошки ископувања на античкиот локалитет Долиште, меѓу прилепските села Прилепец и Волково, археолозите од прилепскиот музеј откриле остатоци од градба на римска бања, најверојатно јавна. Остатоците се од 3 и 4 век од римско време.

Според археологот од прилепскиот Завод и музеј, Душко Темелкоски, наодите се ексклузивни и укажуваат и на системот на загревање, а димензиите се 11 на 9 метри што укажува на голема градба и најверојатно јавна бања од римското време. На истражувањата на тој дел од локалитетот се одлучиле откако забележале диви, нелегални копања.

Со ископувањата увидовме дека има убаво сочувани ѕидови од градба. Во овие десетина дневни истражувања откривме градба од римско време, од тој град чие име сѐ уште не му го знаеме. Оваа градба има повеќе простории и ние имавме среќа да ја откриеме онаа каде била бањата. Римјаните во античкиот свет се изумители на бањите. Конкретно, системот за загревање, таканаречен хипокаустен систем кој се состои од две подни нивоа. На првото ниво се изѕидани керамички столбчиња од керамички тули, врз нив имало други керамички плочки за второто подно ниво. Меѓу двата пода во празниот простор струела топлата пареа и така се загревала просторијата од бањата - објаснува археологот Темелкоски.

Ова е втора бања откриена во Прилепскиот регион, но единствена која треба да продолжи да нуди ексклузивни наоди. Првата римска бања, која била на некој богат римјанин е истражувана во 1965 година на локалитетот Пештерица. Тоа биле заштитни истражувања, зашто таму сега е акумулацијата на Прилепското езеро.

На локалитетот Долиште, што до денес крие голем антички град кој егзистирал од 5-6 век пред нашата ера до 4-5 век од нашата ера, Музејот истражуваше на неколку пункта. Во 2016 година беа откриени погребувања на жителите, а наредната 2017 година и остатоци од стопански објект. Инаку, локалитетот Долиште е познат од 50-тите години на минатиот век кога се пронајдени над 200 сребрени монети на македонски и пејонски кралеви.

Темелкоски се надева дека со наредни истражувања ќе го откријат името на градот кој егзистирал 800 до 1000 години. Се надева дека тоа може да биде градот Пелагонија.

Се надеваме дека со следни истражувања ќе ја најдеме плочката со името на градот, зашто ако е јавна бања треба да пишува на кој град му припаѓа. Јас се надевам дека тоа ќе биде градот Пелагонија. Сѐ уште не е прецизирано каде градот се наоѓал. Нашиот сон, заеднички со колегите, е да го најдеме градот Пелагонија. Можеби е овде на локалитетот Долиште, а можеби на локалитетот Старо Бонче каде е монументалната, кралска гробница. Ќе покажат истражувањата - вели археологот.

Музејот ги завршува истражувањата за годинава на античкиот локалитет Долиште што е дел од програмата која ја финансира Министерството за култура.

The post Пронајдена античка римска бања на локалитетот Долиште кај Прилеп appeared first on Република.

]]>

Со најновите археолошки ископувања на античкиот локалитет Долиште, меѓу прилепските села Прилепец и Волково, археолозите од прилепскиот музеј откриле остатоци од градба на римска бања, најверојатно јавна. Остатоците се од 3 и 4 век од римско време. Според археологот од прилепскиот Завод и музеј, Душко Темелкоски, наодите се ексклузивни и укажуваат и на системот на загревање, а димензиите се 11 на 9 метри што укажува на голема градба и најверојатно јавна бања од римското време. На истражувањата на тој дел од локалитетот се одлучиле откако забележале диви, нелегални копања.
Со ископувањата увидовме дека има убаво сочувани ѕидови од градба. Во овие десетина дневни истражувања откривме градба од римско време, од тој град чие име сѐ уште не му го знаеме. Оваа градба има повеќе простории и ние имавме среќа да ја откриеме онаа каде била бањата. Римјаните во античкиот свет се изумители на бањите. Конкретно, системот за загревање, таканаречен хипокаустен систем кој се состои од две подни нивоа. На првото ниво се изѕидани керамички столбчиња од керамички тули, врз нив имало други керамички плочки за второто подно ниво. Меѓу двата пода во празниот простор струела топлата пареа и така се загревала просторијата од бањата - објаснува археологот Темелкоски.
Ова е втора бања откриена во Прилепскиот регион, но единствена која треба да продолжи да нуди ексклузивни наоди. Првата римска бања, која била на некој богат римјанин е истражувана во 1965 година на локалитетот Пештерица. Тоа биле заштитни истражувања, зашто таму сега е акумулацијата на Прилепското езеро. На локалитетот Долиште, што до денес крие голем антички град кој егзистирал од 5-6 век пред нашата ера до 4-5 век од нашата ера, Музејот истражуваше на неколку пункта. Во 2016 година беа откриени погребувања на жителите, а наредната 2017 година и остатоци од стопански објект. Инаку, локалитетот Долиште е познат од 50-тите години на минатиот век кога се пронајдени над 200 сребрени монети на македонски и пејонски кралеви. Темелкоски се надева дека со наредни истражувања ќе го откријат името на градот кој егзистирал 800 до 1000 години. Се надева дека тоа може да биде градот Пелагонија.
Се надеваме дека со следни истражувања ќе ја најдеме плочката со името на градот, зашто ако е јавна бања треба да пишува на кој град му припаѓа. Јас се надевам дека тоа ќе биде градот Пелагонија. Сѐ уште не е прецизирано каде градот се наоѓал. Нашиот сон, заеднички со колегите, е да го најдеме градот Пелагонија. Можеби е овде на локалитетот Долиште, а можеби на локалитетот Старо Бонче каде е монументалната, кралска гробница. Ќе покажат истражувањата - вели археологот.
Музејот ги завршува истражувањата за годинава на античкиот локалитет Долиште што е дел од програмата која ја финансира Министерството за култура.

The post Пронајдена античка римска бања на локалитетот Долиште кај Прилеп appeared first on Република.

]]>
Древен олтар пронајден на едно од најсветите место на христијанството во Ерусалим https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dreven-oltar-pronajden-na-edno-od-najsvetite-mesto-na-hristijanstvoto-vo-erusalim/ Fri, 15 Apr 2022 12:23:08 +0000 https://republika.mk/?p=488960

Притисната на ѕидот во задниот ходник на црквата на Воскресението Христово во Ерусалим, камената плоча сведочеше само за графитите врежани на неа од многу аџии низ вековите.

Но, каменот со димензии од 2,5 на 1,5 метри се покажа многу поскапоцен кога неговата друга страна беше откриена за време на неодамнешното реновирање на црквата, која според традицијата се смета за место на распнувањето и погребот на Исус и е позната и како црква на Светиот гроб.

Истражувачите веруваат дека сложените орнаменти во облик на јазолшто ги пронашле на долго скриениот дел од плочата укажуваат на тоа дека тоа некогаш бил украсениот преден дел на средновековен олтар кој гордо стоел на едно од најсветите места во христијанството со векови.

Не можете да го видите сега, но првично имаше вметнати парчиња скапоцен мермер, стакло, мал, ситно изработен мермер. Тоа блесна и беше навистина неверојатен артефакт - вели за „Ројтерс“, Амит Рим, регионален археолог во Ерусалим од израелската управа за антиквитети.

Рим, го предводел истражувањето заедно со Илја Берковиќ од Австриската академија на науките.

Тие идентификуваа уникатен метод на украсување кој ги комбинира класичната, византиската и раната исламска уметност, во која фино исечените шарени мермерни плочки се користат за пополнување на кружни гравури на камен.

Стоеше на врвот, на светилиштето на Црквата (на Светиот гроб), Сите погледи на верниците, аџиите, беа свртени кон оваа зграда. А, веднаш над него и околу него литургија служеа сите првосвештеници, свештеници и монаси на црквата, токму овде на трпезата на овој олтар - вели Рим

https://www.youtube.com/watch?v=M-BYUKR169g&feature=emb_title

Истражувачите велат дека слично украсени олтари биле пронајдени во црквите од 12 и 13 век во Рим.

Експертите веруваат дека реликвијата во Ерусалим одговара на претходните археолошки наоди и извештаи на аџии за осветувањето на црквата од страна на крстоносците и подигањето на нејзиниот главен олтар во 1149 година.

Олтарот го користело католичкото свештенство за миса додека крстоносците не го напуштиле Ерусалим. Подоцна бил користен од Грчката православна црква додека не бил оштетен во пожар во 1808 година, фрлен и заборавен до неодамнешното реновирање - вели Рим.

Константинополскиот архиепископ Аристарх, главен секретар на Грчката православна патријаршија во Ерусалим, ги поздрави ваквите истражувања во црквата.

Делата на луѓето од уметноста, луѓето од археологијата, придонесуваат за нас, придонесуваат за верувањето на црквата, уверувањето на црквата дека ова е местото... каде што беше распнат Исус Христос... погребан и од каде што тој воскресна - вели тој за „Ројтерс“.

Се очекува израелското истражувачко друштво да ги објави наодите на истражувачите до крајот на годината.

The post Древен олтар пронајден на едно од најсветите место на христијанството во Ерусалим appeared first on Република.

]]>

Притисната на ѕидот во задниот ходник на црквата на Воскресението Христово во Ерусалим, камената плоча сведочеше само за графитите врежани на неа од многу аџии низ вековите. Но, каменот со димензии од 2,5 на 1,5 метри се покажа многу поскапоцен кога неговата друга страна беше откриена за време на неодамнешното реновирање на црквата, која според традицијата се смета за место на распнувањето и погребот на Исус и е позната и како црква на Светиот гроб. Истражувачите веруваат дека сложените орнаменти во облик на јазолшто ги пронашле на долго скриениот дел од плочата укажуваат на тоа дека тоа некогаш бил украсениот преден дел на средновековен олтар кој гордо стоел на едно од најсветите места во христијанството со векови.
Не можете да го видите сега, но првично имаше вметнати парчиња скапоцен мермер, стакло, мал, ситно изработен мермер. Тоа блесна и беше навистина неверојатен артефакт - вели за „Ројтерс“, Амит Рим, регионален археолог во Ерусалим од израелската управа за антиквитети.
Рим, го предводел истражувањето заедно со Илја Берковиќ од Австриската академија на науките. Тие идентификуваа уникатен метод на украсување кој ги комбинира класичната, византиската и раната исламска уметност, во која фино исечените шарени мермерни плочки се користат за пополнување на кружни гравури на камен.
Стоеше на врвот, на светилиштето на Црквата (на Светиот гроб), Сите погледи на верниците, аџиите, беа свртени кон оваа зграда. А, веднаш над него и околу него литургија служеа сите првосвештеници, свештеници и монаси на црквата, токму овде на трпезата на овој олтар - вели Рим
https://www.youtube.com/watch?v=M-BYUKR169g&feature=emb_title Истражувачите велат дека слично украсени олтари биле пронајдени во црквите од 12 и 13 век во Рим. Експертите веруваат дека реликвијата во Ерусалим одговара на претходните археолошки наоди и извештаи на аџии за осветувањето на црквата од страна на крстоносците и подигањето на нејзиниот главен олтар во 1149 година.