Аргнетина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/argnetina/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Aug 2023 16:03:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Аргнетина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/argnetina/ 32 32 Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтер ја погоди северна Аргентина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjotres-so-intenzitet-od-5-8-stepeni-spored-rihter-ja-pogodi-severna-argentina/ Wed, 23 Aug 2023 16:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=675056

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Аргентина.

Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) објави дека земјата се тресела во провинцијата Сантијаго дел Естеро.

ГФЗ соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 575 километри.

The post Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтер ја погоди северна Аргентина appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Аргентина. Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) објави дека земјата се тресела во провинцијата Сантијаго дел Естеро. ГФЗ соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 575 километри.

The post Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтер ја погоди северна Аргентина appeared first on Република.

]]>
Силен земјотрес ја погоди Аргентина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/silen-zemjotres-ja-pogodi-argentina/ Mon, 17 Jul 2023 11:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=662262

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди аргентинската провинција Нојкен, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки.

Земјотресот се случил на длабочина од 161 километар, според Центарот, а пренесува Ројтерс.

Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени.

 

The post Силен земјотрес ја погоди Аргентина appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди аргентинската провинција Нојкен, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот се случил на длабочина од 161 километар, според Центарот, а пренесува Ројтерс. Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени.  

The post Силен земјотрес ја погоди Аргентина appeared first on Република.

]]>
Аргентина е пред банкрот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/argentina-e-pred-bankrot/ Sat, 25 Mar 2023 17:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=623653

Статистичката рејтинг агенција Фич го намали рејтингот на аргентинскиот долг во странска валута за два степена, оставајќи ја едно ниво над банкрот.

Намалувањето на рејтингот на долгот од CCC- на C сугерира дека агенцијата за рејтинг верува дека неплаќањето на долгот е „неизбежно“ и доаѓа набргу по декретот на аргентинската влада со кој локалните организации од јавниот сектор се принудени да го заменат својот долг деноминиран во странска валута со долг деноминиран во националната валута - пезоси.

„Фич“ соопшти дека рејтингот на Аргентина дополнително ќе биде намален на „Ограничен стандард“.

Аргентина одлучи да го запре падот на своите девизни резерви, делумно поради недостигот на девизи и нестабилноста на девизниот курс во финансискиот сектор.

„На одржлив начин, државата ќе стекне способност да работи на пазарите на финансиски долари, што ќе овозможи да се избегнат деструктивни зголемувања“, напиша претходно на Твитер заменик-министерот за економија Габриел Рубинштајн.

Тој рече дека со овој потег Аргентина настојува „да го зајакне макроекономскиот поредок“.

Според податоците на централната банка, Аргентина има бруто меѓународни резерви од нешто повеќе од 37,5 милијарди долари, но аналитичарите велат дека нето вредноста е значително помала.

 

The post Аргентина е пред банкрот appeared first on Република.

]]>

Статистичката рејтинг агенција Фич го намали рејтингот на аргентинскиот долг во странска валута за два степена, оставајќи ја едно ниво над банкрот. Намалувањето на рејтингот на долгот од CCC- на C сугерира дека агенцијата за рејтинг верува дека неплаќањето на долгот е „неизбежно“ и доаѓа набргу по декретот на аргентинската влада со кој локалните организации од јавниот сектор се принудени да го заменат својот долг деноминиран во странска валута со долг деноминиран во националната валута - пезоси. „Фич“ соопшти дека рејтингот на Аргентина дополнително ќе биде намален на „Ограничен стандард“. Аргентина одлучи да го запре падот на своите девизни резерви, делумно поради недостигот на девизи и нестабилноста на девизниот курс во финансискиот сектор. „На одржлив начин, државата ќе стекне способност да работи на пазарите на финансиски долари, што ќе овозможи да се избегнат деструктивни зголемувања“, напиша претходно на Твитер заменик-министерот за економија Габриел Рубинштајн. Тој рече дека со овој потег Аргентина настојува „да го зајакне макроекономскиот поредок“. Според податоците на централната банка, Аргентина има бруто меѓународни резерви од нешто повеќе од 37,5 милијарди долари, но аналитичарите велат дека нето вредноста е значително помала.  

The post Аргентина е пред банкрот appeared first on Република.

]]>
Меси и Аргентина се нови светски шампиони! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mesi-i-argentina-se-novi-svetski-shampioni/ Sun, 18 Dec 2022 18:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=587306

Аргентина е нов светски фудбалски шампион откако во финалето на Мундијалот во Катар ја совледа Франција со 4-2 по изведувањето пенали.

Франција не успеа да го одбрани тронот, двапати се враќаше во натпреварот, но на пеналите беше немоќна. Аргентина го имаше Емилијано Мартинез кој одбрани еден пенал, и еден беше промашен за светската круна.

Аргентина од почетокот создаваше шанси, а таквата игра им се исплатеше после 22 минути. Анхел Ди Марија падна во шеснаесетникот, а судијата Марчињак покажа на белата точка. Меси беше сигурен реализатор. Продолжи Аргентина да биде подобрата репрезентација и на сцена повторно стапи Анхел Ди Марија во 36. минута кога по додавањето од Мекалистер реализраше за 2:0.

На полуврме се замина со 2-0 во корист на Аргентина.

Марчињак во 80. минута повторно покажа на белата точка, овојпат за Франција. Мбапе беше сигурен реализатор на ударот од белата точка. Со првиот гол Мбапе се израмни со Меси на листата најдобри стрелци на Мундијалот, а само една минута подоцна со втор гол донесе изедначување и голема радост за Франција.

Се играше 109. минута од натпреварот кога по шутот на Лаутаро Мартинез топката се одби до Меси кој се најде на вистинското место и погоди за трет гол на Аргентина. Во 116. минута Франција доби нов пенал поради игра со рака во шеснаесетникот и повторно Мбапе застана на белата точка, не погреши и со хет-трик донесе ново изедначување.

Мбапе со својот трет пенал на натпреварот застана прв кај Французите и по третпат беше сигрен. Меси веднаш изедначи, а првиот кој промаши беше Кингли Коман во втората серија кај Франција. Дибала по средината го матираше Лорис за водство на Аргентина. Чуамени катастрофално лошо шутираше во третата серија, промаши цел гол и тука веќе се најавуваше големата победа на Аргентина. Паредес стрелаше за Аргентина, а Коло Муани остави трошка надеж за Французите. Сепак се беше готово кога во следниот пенал Акуна реализираше за светска титула.

The post Меси и Аргентина се нови светски шампиони! appeared first on Република.

]]>

Аргентина е нов светски фудбалски шампион откако во финалето на Мундијалот во Катар ја совледа Франција со 4-2 по изведувањето пенали. Франција не успеа да го одбрани тронот, двапати се враќаше во натпреварот, но на пеналите беше немоќна. Аргентина го имаше Емилијано Мартинез кој одбрани еден пенал, и еден беше промашен за светската круна. Аргентина од почетокот создаваше шанси, а таквата игра им се исплатеше после 22 минути. Анхел Ди Марија падна во шеснаесетникот, а судијата Марчињак покажа на белата точка. Меси беше сигурен реализатор. Продолжи Аргентина да биде подобрата репрезентација и на сцена повторно стапи Анхел Ди Марија во 36. минута кога по додавањето од Мекалистер реализраше за 2:0. На полуврме се замина со 2-0 во корист на Аргентина. Марчињак во 80. минута повторно покажа на белата точка, овојпат за Франција. Мбапе беше сигурен реализатор на ударот од белата точка. Со првиот гол Мбапе се израмни со Меси на листата најдобри стрелци на Мундијалот, а само една минута подоцна со втор гол донесе изедначување и голема радост за Франција. Се играше 109. минута од натпреварот кога по шутот на Лаутаро Мартинез топката се одби до Меси кој се најде на вистинското место и погоди за трет гол на Аргентина. Во 116. минута Франција доби нов пенал поради игра со рака во шеснаесетникот и повторно Мбапе застана на белата точка, не погреши и со хет-трик донесе ново изедначување. Мбапе со својот трет пенал на натпреварот застана прв кај Французите и по третпат беше сигрен. Меси веднаш изедначи, а првиот кој промаши беше Кингли Коман во втората серија кај Франција. Дибала по средината го матираше Лорис за водство на Аргентина. Чуамени катастрофално лошо шутираше во третата серија, промаши цел гол и тука веќе се најавуваше големата победа на Аргентина. Паредес стрелаше за Аргентина, а Коло Муани остави трошка надеж за Французите. Сепак се беше готово кога во следниот пенал Акуна реализираше за светска титула.

The post Меси и Аргентина се нови светски шампиони! appeared first on Република.

]]>