Аргентина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/argentina/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 08:39:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Аргентина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/argentina/ 32 32 Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjotres-so-jachina-od-5-6-stepeni-ja-pogodi-argentina/ Sun, 03 Nov 2024 08:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=833635

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа Мендоза во Аргентина.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека земјотресот е регистриран на длабочина од 120 километри.

Засега нема информации за евентуална причинета штета.

 

The post Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа Мендоза во Аргентина.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека земјотресот е регистриран на длабочина од 120 километри.

Засега нема информации за евентуална причинета штета.

 

The post Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина appeared first on Република.

]]>
Во Аргентина се урна хотел од десет ката https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-argentina-se-urna-hotel-od-deset-kata/ Tue, 29 Oct 2024 13:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=832085

Хотел од десет ката утрово се урна во аргентинскиот град Виља Гасел, во провинцијата Буенос Аирес, соопштија локалните власти.

Се претпоставува дека седум до девет луѓе, биле во објектот кога се урнал. Пожарникарите и спасувачките екипи трагаат по лицата под урнатините.

Локалните власти соопштија дека градилиштето немало соодветни дозволи за работа.

 

The post Во Аргентина се урна хотел од десет ката appeared first on Република.

]]>

Хотел од десет ката утрово се урна во аргентинскиот град Виља Гасел, во провинцијата Буенос Аирес, соопштија локалните власти. Се претпоставува дека седум до девет луѓе, биле во објектот кога се урнал. Пожарникарите и спасувачките екипи трагаат по лицата под урнатините. Локалните власти соопштија дека градилиштето немало соодветни дозволи за работа.  

The post Во Аргентина се урна хотел од десет ката appeared first on Република.

]]>
Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Аргентина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjotres-so-jachina-od-5-7-stepeni-ja-pogodi-argentina/ Mon, 21 Oct 2024 08:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=829296

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди аргентинскиот град Сан Хуан, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 110 километри.

 

The post Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Аргентина appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди аргентинскиот град Сан Хуан, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 110 километри.  

The post Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Аргентина appeared first on Република.

]]>
Аргентинскиот претседател „украде“ говор од ТВ серија за да се обрати во Обединетите Нации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/argentinskiot-pretsedatel-ukrade-govor-od-tv-serija-za-da-se-obrati-vo-obedinetite-natsii/ Sat, 12 Oct 2024 19:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=825842

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, го „украде“ говорот што го одржа во Обединетите Нации од ТВ серијата „Западното крило“.

Како што коментира аргентинскиот весник „Ла Масион“, Милеи речиси дословно ги повтори репликите на главниот лик од серијата во 15-тата епизода од четвртата сезона.

„Ние веруваме во слобода на говор за сите. И за слобода на вероисповед за сите“

 

„Сега сè што се случува во една земја влијае на другите. Значи ние сме за ослободување од тиранијата и угнетувањето“

 

„Без разлика дали се работи за политички прогон, економско ропство или верски фанатизам. Оваа фундаментална идеја не може да остане неоснована! Треба да се потврди“

 

„... Преку дипломатија, економија и пари“

Изданието забележува дека ова не е првпат аргентинскиот лидер да цитира ликови од ТВ серии.

Конкретно, Мајли употребил фрази од ТВ емисии за време на неговото инаугуративно обраќање, како и во едно од неговите обраќања до нацијата.

The post Аргентинскиот претседател „украде“ говор од ТВ серија за да се обрати во Обединетите Нации appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, го „украде“ говорот што го одржа во Обединетите Нации од ТВ серијата „Западното крило“. Како што коментира аргентинскиот весник „Ла Масион“, Милеи речиси дословно ги повтори репликите на главниот лик од серијата во 15-тата епизода од четвртата сезона.
„Ние веруваме во слобода на говор за сите. И за слобода на вероисповед за сите“   „Сега сè што се случува во една земја влијае на другите. Значи ние сме за ослободување од тиранијата и угнетувањето“   „Без разлика дали се работи за политички прогон, економско ропство или верски фанатизам. Оваа фундаментална идеја не може да остане неоснована! Треба да се потврди“   „... Преку дипломатија, економија и пари“
Изданието забележува дека ова не е првпат аргентинскиот лидер да цитира ликови од ТВ серии. Конкретно, Мајли употребил фрази од ТВ емисии за време на неговото инаугуративно обраќање, како и во едно од неговите обраќања до нацијата.

The post Аргентинскиот претседател „украде“ говор од ТВ серија за да се обрати во Обединетите Нации appeared first on Република.

]]>
Аргентина има намера да го врати целосниот суверенитет над Фолкландските Острови кои сега се дел од Велика Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/argentina-ima-namera-da-go-vrati-tselosniot-suverenitet-nad-folklandskite-ostrovi-koi-sega-se-del-od-velika-britanija/ Fri, 04 Oct 2024 19:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=822494

Aргентинскaтa министерка за надворешни работи, Дијана Мондино, порача дека Аргентина има намера да го врати целосниот суверенитет над Фолкландските Острови.

Следејќи го патот што го почнавме, преку конкретни акции, а не празна реторика, ќе го вратиме целосниот суверенитет над нашите Малвини (Фолкландските Острови)“, порача Мондино.

Велика Британија и Аргентина беа во војна за Фолкландските Острови во 1982 година, кога Бритнаците победија. Во 2013 година, жителите на островите гласаа на референдум за зачувување на статусот на британска прекуморска територија.

Прашањето за сопственоста на островите повторно почна да се разговара откако на власт во Аргентина дојде претседателот Хавиер Мајли, кој изјави дека ќе ја разгледа опцијата за нивно враќање по дипломатски пат.

The post Аргентина има намера да го врати целосниот суверенитет над Фолкландските Острови кои сега се дел од Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Aргентинскaтa министерка за надворешни работи, Дијана Мондино, порача дека Аргентина има намера да го врати целосниот суверенитет над Фолкландските Острови.
Следејќи го патот што го почнавме, преку конкретни акции, а не празна реторика, ќе го вратиме целосниот суверенитет над нашите Малвини (Фолкландските Острови)“, порача Мондино.
Велика Британија и Аргентина беа во војна за Фолкландските Острови во 1982 година, кога Бритнаците победија. Во 2013 година, жителите на островите гласаа на референдум за зачувување на статусот на британска прекуморска територија. Прашањето за сопственоста на островите повторно почна да се разговара откако на власт во Аргентина дојде претседателот Хавиер Мајли, кој изјави дека ќе ја разгледа опцијата за нивно враќање по дипломатски пат.

The post Аргентина има намера да го врати целосниот суверенитет над Фолкландските Острови кои сега се дел од Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Ова ретко се случува: Аргентина и Бразил загубија во ист ден https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ova-retko-se-sluchuva-argentina-i-brazil-zagubija-vo-ist-den/ Wed, 11 Sep 2024 08:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=815174

Репрезентацијата на Колумбија ја совлада Аргентина со 2:1 во квалификациите за Светското првенство и дојде на два бода од светскиот и континентален шампион.

Без Лео Меси, се чини дека Аргентинците не се истата репрезентација, што се виде на овој меч, но најдобриот играч на светот ќе му биде на располагање на селекторот од следниот месец.

По корнерот на Родригез, Москера и донесе предност на Колумбија. На 1:1 израмни Нико Гонзалес, а Родригез погоди од пенал за победа на домашните.

Аргентина во Баранкиља го претрпе само вториот пораз во квалификациите, а воедно и вториот во сите натпреварувања за неполни две години.

Аргентинците не беа единствените кои тагуваа вечерва. Бразил доживеа пораз и во квалификациите за Светското првенство.

Парагвај победи со 1:0, а Данијел Гомез го постигна голот во 20. минута од натпреварот.

Во останатите натпревари Уругвај одигра нерешено со Венецуела, додека Еквадор го совлада Перу.

Квалификации за СП 2026, 8. коло:

Парагвај - Бразил 1:0 (1:0)
/Гомез 20/

Колумбија - Аргентина 2:1 (1:0)
/Москера 25, Родригез 60 пенал - Гонзалес 48/

Чиле - Боливија 1:2 (1:2)
/Варгас 39 - Алгараназ 13, Мигелито 45+1/

Еквадор - Перу 1:0 (0:0)
/Валенсија 54/

Венецуела - Уругвај 0:0

The post Ова ретко се случува: Аргентина и Бразил загубија во ист ден appeared first on Република.

]]>

Репрезентацијата на Колумбија ја совлада Аргентина со 2:1 во квалификациите за Светското првенство и дојде на два бода од светскиот и континентален шампион. Без Лео Меси, се чини дека Аргентинците не се истата репрезентација, што се виде на овој меч, но најдобриот играч на светот ќе му биде на располагање на селекторот од следниот месец. По корнерот на Родригез, Москера и донесе предност на Колумбија. На 1:1 израмни Нико Гонзалес, а Родригез погоди од пенал за победа на домашните. Аргентина во Баранкиља го претрпе само вториот пораз во квалификациите, а воедно и вториот во сите натпреварувања за неполни две години. Аргентинците не беа единствените кои тагуваа вечерва. Бразил доживеа пораз и во квалификациите за Светското првенство. Парагвај победи со 1:0, а Данијел Гомез го постигна голот во 20. минута од натпреварот. Во останатите натпревари Уругвај одигра нерешено со Венецуела, додека Еквадор го совлада Перу. Квалификации за СП 2026, 8. коло: Парагвај - Бразил 1:0 (1:0) /Гомез 20/ Колумбија - Аргентина 2:1 (1:0) /Москера 25, Родригез 60 пенал - Гонзалес 48/ Чиле - Боливија 1:2 (1:2) /Варгас 39 - Алгараназ 13, Мигелито 45+1/ Еквадор - Перу 1:0 (0:0) /Валенсија 54/ Венецуела - Уругвај 0:0

The post Ова ретко се случува: Аргентина и Бразил загубија во ист ден appeared first on Република.

]]>
Аргентина ќе бара меѓународна потерница за претседателот на Венецуела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/argentina-ke-bara-megunarodna-poternitsa-za-pretsedatelot-na-venetsuela/ Sat, 07 Sep 2024 07:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=814002

Аргентина го повика обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг да побара налог за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесе ДПА.

По претседателските избори на 28 јули, кои беа нарушени со обвинувања за масовна гласачка измама, активностите преземени од владата на Мадуро може да претставуваат злосторство против човештвото, соопшти аргентинското Министерство за надворешни работи.

Оттаму додаваат дека дека Аргентина планира да изврши притисок за потерница против Мадуро и другите членови на неговата влада со официјално барање до судот во Хаг во понеделник.

Мадуро, кој е на власт од 2013 година, обезбеди трет мандат на изборите.

Опозицијата тврди дека победил нејзиниот кандидат, 75-годишниот поранешен дипломат Едмундо Гонзалес, кој има значителна поддршка од другите земји во регионот и од САД.

По гласањето, полицијата ги задуши насилните демонстранти против Мадуро. Невладината организација за права ПРОВЕА соопшти дека досега животот го загубиле 24 лица.

Канцеларијата на јавниот обвинител на Венецуела во понеделникот соопшти дека е издаден налог за апсење на Гонзалес.

The post Аргентина ќе бара меѓународна потерница за претседателот на Венецуела appeared first on Република.

]]>

Аргентина го повика обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг да побара налог за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесе ДПА.
По претседателските избори на 28 јули, кои беа нарушени со обвинувања за масовна гласачка измама, активностите преземени од владата на Мадуро може да претставуваат злосторство против човештвото, соопшти аргентинското Министерство за надворешни работи.
Оттаму додаваат дека дека Аргентина планира да изврши притисок за потерница против Мадуро и другите членови на неговата влада со официјално барање до судот во Хаг во понеделник. Мадуро, кој е на власт од 2013 година, обезбеди трет мандат на изборите. Опозицијата тврди дека победил нејзиниот кандидат, 75-годишниот поранешен дипломат Едмундо Гонзалес, кој има значителна поддршка од другите земји во регионот и од САД. По гласањето, полицијата ги задуши насилните демонстранти против Мадуро. Невладината организација за права ПРОВЕА соопшти дека досега животот го загубиле 24 лица. Канцеларијата на јавниот обвинител на Венецуела во понеделникот соопшти дека е издаден налог за апсење на Гонзалес.

The post Аргентина ќе бара меѓународна потерница за претседателот на Венецуела appeared first on Република.

]]>
Се истепаа фудбалерите на Аргентина и на Франција https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/se-istepaa-fudbalerite-na-argentina-i-na-frantsija/ Sat, 03 Aug 2024 09:05:41 +0000 https://republika.mk/?p=802993

Фудбалскиот турнир на Олимписките игри стигна во завршна фаза, а познати се и полуфиналните двојки. За финалето ќе се борат Мароко и Шпанија или Египет и Франција, а двата натпревари се закажани за в понеделник.

Французите стигнаа до полуфиналето со победата против Аргентина во меч кој го одбележаа бројни инциденти. Раниот гол, веќе во петтата минута, беше доволен за домаќините да слават против „гаучосите“.

За Французите, кои од клупата ги предводи Тиери Анри, стрелец беше Жан-Филип Матета, напаѓач на Кристал Палас. Сепак, она за што се пишува и зборува повеќе од самиот натпревар е она што се случи по натпреварот. Веднаш по неговиот крај, дојде до физичка пресметка меѓу играчите.

Сè траеше околу две-три минути пред играчите да бидат разделени. Инцидентот се случил и во тунелот што води кон соблекувалните. Пред, за време и по натпреварот, домашната публика ги исвиркуваше фудбалерите на Аргентина и нивниот селектор.

Се претпоставува дека за се е виновен расистичкиот испад на некои играчи на аргентинската репрезентација по освојувањето на Копа Америка. Тогаш „излезе на површина“ видео на кое се гледа како играчите на сениорската аргентинска репрезентација пеат дека француските репрезентативци се „од Ангола“ и дека имаат „мајки Нигеријки“ и „татковци од Камерун“.

The post Се истепаа фудбалерите на Аргентина и на Франција appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот турнир на Олимписките игри стигна во завршна фаза, а познати се и полуфиналните двојки. За финалето ќе се борат Мароко и Шпанија или Египет и Франција, а двата натпревари се закажани за в понеделник. Французите стигнаа до полуфиналето со победата против Аргентина во меч кој го одбележаа бројни инциденти. Раниот гол, веќе во петтата минута, беше доволен за домаќините да слават против „гаучосите“. За Французите, кои од клупата ги предводи Тиери Анри, стрелец беше Жан-Филип Матета, напаѓач на Кристал Палас. Сепак, она за што се пишува и зборува повеќе од самиот натпревар е она што се случи по натпреварот. Веднаш по неговиот крај, дојде до физичка пресметка меѓу играчите. Сè траеше околу две-три минути пред играчите да бидат разделени. Инцидентот се случил и во тунелот што води кон соблекувалните. Пред, за време и по натпреварот, домашната публика ги исвиркуваше фудбалерите на Аргентина и нивниот селектор. Се претпоставува дека за се е виновен расистичкиот испад на некои играчи на аргентинската репрезентација по освојувањето на Копа Америка. Тогаш „излезе на површина“ видео на кое се гледа како играчите на сениорската аргентинска репрезентација пеат дека француските репрезентативци се „од Ангола“ и дека имаат „мајки Нигеријки“ и „татковци од Камерун“.

The post Се истепаа фудбалерите на Аргентина и на Франција appeared first on Република.

]]>
Театар комедија на ОИ: Сега и Аргентина се жали https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/teatar-komedija-na-oi-sega-i-argentina-se-zhali/ Thu, 25 Jul 2024 21:28:40 +0000 https://republika.mk/?p=800040

 Претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) Клаудио Тапија потврди дека организацијата поднела жалба до дисциплинската комисија на ФИФА по поразот од Мароко со 2:1 на Олимписките игри во 2024 година.

https://republika.mk/sport/fudbal/fudbalot-na-olimpijadata-e-zhiva-smeshka-se-igra-dodeka-ne-pobedi-argentina/

- Она што ние Аргентинците моравме да го издржиме денес во Сент Етјен е за жалење. Речиси два часа чекање во соблекувалната, по што нашите играчи мораа повторно да излезат за да го продолжат натпреварот, кој мораше да биде прекинат од судијата по инвазијата на мароканските гледачи на теренот и насилството што го претрпе аргентинската делегација, е навистина бесмислено и спротивно на правилата на натпреварот.

Дополнително, не беа слушнати мислењата на капитените на двата тима, кои сметаа дека средбата не требало да се рестартира. Од аргентинската фудбалска асоцијација веќе поднесовме жалба до Дисциплинската комисија на ФИФА за да може да се преземат соодветни регулаторни мерки и да се воведат санкции за одговорните, изјави Тапија за „Mundo Albiceleste“.

Натпреварот на стадионот „Жефрој-Гишар“ во Сент Етјен по пауза од два часа заврши без публика. Поради немири предизвикани од навивачите на Мароко кои трчаа на теренот, натпреварот беше прекинат од судијата во 16. минута од судиското надополнување при резултат 2:2. За време на паузата, судиите го прегледаа израмнувачкиот гол на Кристијан Медина и го поништија голот поради офсајд. Како резултат на тоа, средбата заврши со резултат 2:1 во корист на Мароканците

The post Театар комедија на ОИ: Сега и Аргентина се жали appeared first on Република.

]]>

 Претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) Клаудио Тапија потврди дека организацијата поднела жалба до дисциплинската комисија на ФИФА по поразот од Мароко со 2:1 на Олимписките игри во 2024 година. https://republika.mk/sport/fudbal/fudbalot-na-olimpijadata-e-zhiva-smeshka-se-igra-dodeka-ne-pobedi-argentina/
- Она што ние Аргентинците моравме да го издржиме денес во Сент Етјен е за жалење. Речиси два часа чекање во соблекувалната, по што нашите играчи мораа повторно да излезат за да го продолжат натпреварот, кој мораше да биде прекинат од судијата по инвазијата на мароканските гледачи на теренот и насилството што го претрпе аргентинската делегација, е навистина бесмислено и спротивно на правилата на натпреварот.
Дополнително, не беа слушнати мислењата на капитените на двата тима, кои сметаа дека средбата не требало да се рестартира. Од аргентинската фудбалска асоцијација веќе поднесовме жалба до Дисциплинската комисија на ФИФА за да може да се преземат соодветни регулаторни мерки и да се воведат санкции за одговорните, изјави Тапија за „Mundo Albiceleste“. Натпреварот на стадионот „Жефрој-Гишар“ во Сент Етјен по пауза од два часа заврши без публика. Поради немири предизвикани од навивачите на Мароко кои трчаа на теренот, натпреварот беше прекинат од судијата во 16. минута од судиското надополнување при резултат 2:2. За време на паузата, судиите го прегледаа израмнувачкиот гол на Кристијан Медина и го поништија голот поради офсајд. Како резултат на тоа, средбата заврши со резултат 2:1 во корист на Мароканците

The post Театар комедија на ОИ: Сега и Аргентина се жали appeared first on Република.

]]>
Фудбалот на Олимпијадата е жива смешка-се игра додека не победи Аргентина https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fudbalot-na-olimpijadata-e-zhiva-smeshka-se-igra-dodeka-ne-pobedi-argentina/ Thu, 25 Jul 2024 08:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=800006

- Нерешено 2:2 одиграа селекциите на Аргентина и Мароко во првиот натпревар од групата „Б“ на олимпискиот фудбалски турнир.

„Гаучосите“ заостануваа со 2:0 на средината на вториот дел кога Софијане Рахими го отвори резултатот на „Жофроа Гишар“ во судиското надополнување на првото полувреме, пред да постигне гол од белата точка во 51. минута.

Замената Џулијано Симеоне врати еден гол за тимот предводен од Хавиер Маскерано во 68. минута.

Судијата пак досуди 15 минути дополнително во вториот дел, а Аргентинците израмнија во 106. минута преку Кристијан Медина.

Пред да ја испрати топката во мрежата, таа двапати ја погоди стативата.

Скандал на првиот натпревар на олимпискиот фудбалски турнир меѓу Аргентина и Мароко.

Иако, првично, натпреварот заврши 2:2, со гол на аргентинецот Медина во 90+16. минута, по постигнувањето на голот, судиите не означија крај на натпреварот бидејќи на теренот истрчаа гневните марокански навивачи, а следеше бркотница со обезбедување.

Аргентинците побегнаа во соблекувалната, судијата Глен Ниберг од Шведска по протокол го прекина мечот, а Мароко поднесе жалба против голот на ривалот, бидејќи беше постигнат по офсајд позиција. По 90 минути циркус, судиите со помош на ВАР собата утврдија дека Мароканците се во право.

Екипите повторно излегоа на теренот, Аргентинците не успеаја да постигнат гол во тие три минути, па Мароко победи со 2:1.

 

Селекторот на олимписката репрезентација на Аргентина Хавиер Маскерано беше, во најмала рака, бесен по случувањата.

-Ова е најголемиот циркус што сум го видел во мојот живот. Денес седум пати влегуваа на теренот, ни фрлаа петарди. Ни кажаа дека заврши 2:2. Дури и Мароко не сакаше да игра, изјави Маскерано.

А потоа откри дека вчера крадци упаднале во соблекувалната на Аргентина.

-Вчера упаднаа во нашите простории, на Алмада му ги украдоа работите! Бараат да бидеме акредитирани за се, а потоа се случуваат такви работи, додаде легендарниот халф на Барселона.

The post Фудбалот на Олимпијадата е жива смешка-се игра додека не победи Аргентина appeared first on Република.

]]>

- Нерешено 2:2 одиграа селекциите на Аргентина и Мароко во првиот натпревар од групата „Б“ на олимпискиот фудбалски турнир. „Гаучосите“ заостануваа со 2:0 на средината на вториот дел кога Софијане Рахими го отвори резултатот на „Жофроа Гишар“ во судиското надополнување на првото полувреме, пред да постигне гол од белата точка во 51. минута. Замената Џулијано Симеоне врати еден гол за тимот предводен од Хавиер Маскерано во 68. минута. Судијата пак досуди 15 минути дополнително во вториот дел, а Аргентинците израмнија во 106. минута преку Кристијан Медина. Пред да ја испрати топката во мрежата, таа двапати ја погоди стативата. Скандал на првиот натпревар на олимпискиот фудбалски турнир меѓу Аргентина и Мароко. Иако, првично, натпреварот заврши 2:2, со гол на аргентинецот Медина во 90+16. минута, по постигнувањето на голот, судиите не означија крај на натпреварот бидејќи на теренот истрчаа гневните марокански навивачи, а следеше бркотница со обезбедување. Аргентинците побегнаа во соблекувалната, судијата Глен Ниберг од Шведска по протокол го прекина мечот, а Мароко поднесе жалба против голот на ривалот, бидејќи беше постигнат по офсајд позиција. По 90 минути циркус, судиите со помош на ВАР собата утврдија дека Мароканците се во право. Екипите повторно излегоа на теренот, Аргентинците не успеаја да постигнат гол во тие три минути, па Мароко победи со 2:1.   Селекторот на олимписката репрезентација на Аргентина Хавиер Маскерано беше, во најмала рака, бесен по случувањата. -Ова е најголемиот циркус што сум го видел во мојот живот. Денес седум пати влегуваа на теренот, ни фрлаа петарди. Ни кажаа дека заврши 2:2. Дури и Мароко не сакаше да игра, изјави Маскерано. А потоа откри дека вчера крадци упаднале во соблекувалната на Аргентина.
-Вчера упаднаа во нашите простории, на Алмада му ги украдоа работите! Бараат да бидеме акредитирани за се, а потоа се случуваат такви работи, додаде легендарниот халф на Барселона.

The post Фудбалот на Олимпијадата е жива смешка-се игра додека не победи Аргентина appeared first on Република.

]]>
Аргентина во финалето на Копа Америка https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/argentina-vo-finaleto-na-kopa-amerika/ Wed, 10 Jul 2024 07:04:05 +0000 https://republika.mk/?p=795123

Репрезентацијата на Аргентина ноќеска ја победи селекцијата на Канада со 2:0 во полуфиналето на Купот на Америка.

Средбата се одржа на стадионот „Медоулендс“ во Ист Радерфорд (САД).

Во 22. минута Јулијан Алварез го отвори резултатот. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. На почетокот на вториот дел Лионел Меси го удвои водството на Аргентинците и го постави конечниот резултат.

Вториот финалист ќе биде одреден по натпреварот меѓу репрезентациите на Уругвај и на Колумбија (почеток 2 часот по полноќ).

Финалето ќе се игра на 15 јули во Мајами.

The post Аргентина во финалето на Копа Америка appeared first on Република.

]]>

Репрезентацијата на Аргентина ноќеска ја победи селекцијата на Канада со 2:0 во полуфиналето на Купот на Америка. Средбата се одржа на стадионот „Медоулендс“ во Ист Радерфорд (САД). Во 22. минута Јулијан Алварез го отвори резултатот. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. На почетокот на вториот дел Лионел Меси го удвои водството на Аргентинците и го постави конечниот резултат. Вториот финалист ќе биде одреден по натпреварот меѓу репрезентациите на Уругвај и на Колумбија (почеток 2 часот по полноќ). Финалето ќе се игра на 15 јули во Мајами.

The post Аргентина во финалето на Копа Америка appeared first on Република.

]]>
Мерките на контроверзниот претседател даваат лоши резултати: Аргентина влезе во рецесија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/merkite-na-kontroverzniot-pretsedatel-davaat-loshi-rezultati-argentina-vleze-vo-retsesija/ Tue, 25 Jun 2024 18:02:28 +0000 https://republika.mk/?p=790746

Аргентина во првиот квартал од годината влезе во рецесија, со повисока невработеност во услови на строги политики за штедење воведени од претседателот Хавиер Милеи.

Според Заводот за статистика, бруто домашниот производ (БДП) на Аргентина е намален во периодот од јануари до март за 2,6 отсто во однос на претходните три месеци, додека економската активност на годишно ниво е намалена за 5,1 проценти.

Новиот аргентински претседател тврди дека треба да воведе ред во финансиите на државата, по долгогодишни буџетски дефицити и проблеми со отплатата на долговите. Неговиот фокус на буџетскиот суфицит беше добро прифатен од финансиските пазари, што се одрази на повисоките цени на акциите и обврзниците. Економијата, пак, претрпе тежок удар, а се зголемија сиромаштијата и бездомништвото.

Во првиот квартал од годината намалена е личната потрошувачка за 6,7 отсто во однос на истиот период лани, а државната потрошувачка е намалена за пет проценти. Увозот е намален за 20,1 отсто, а извозот е зголемен за 26,1 проценти.

Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека стапката на невработеност во првите три месеци од годината е зголемена на 7,7 отсто од 5,7 проценти на крајот од минатата година, со околу 300.000 повеќе невработени лица.

The post Мерките на контроверзниот претседател даваат лоши резултати: Аргентина влезе во рецесија appeared first on Република.

]]>

Аргентина во првиот квартал од годината влезе во рецесија, со повисока невработеност во услови на строги политики за штедење воведени од претседателот Хавиер Милеи. Според Заводот за статистика, бруто домашниот производ (БДП) на Аргентина е намален во периодот од јануари до март за 2,6 отсто во однос на претходните три месеци, додека економската активност на годишно ниво е намалена за 5,1 проценти. Новиот аргентински претседател тврди дека треба да воведе ред во финансиите на државата, по долгогодишни буџетски дефицити и проблеми со отплатата на долговите. Неговиот фокус на буџетскиот суфицит беше добро прифатен од финансиските пазари, што се одрази на повисоките цени на акциите и обврзниците. Економијата, пак, претрпе тежок удар, а се зголемија сиромаштијата и бездомништвото. Во првиот квартал од годината намалена е личната потрошувачка за 6,7 отсто во однос на истиот период лани, а државната потрошувачка е намалена за пет проценти. Увозот е намален за 20,1 отсто, а извозот е зголемен за 26,1 проценти. Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека стапката на невработеност во првите три месеци од годината е зголемена на 7,7 отсто од 5,7 проценти на крајот од минатата година, со околу 300.000 повеќе невработени лица.

The post Мерките на контроверзниот претседател даваат лоши резултати: Аргентина влезе во рецесија appeared first on Република.

]]>
Меси ќе ја предводи Аргентина на Копа Америка https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mesi-ke-ja-predvodi-argentina-na-kopa-amerika/ Sat, 15 Jun 2024 20:03:10 +0000 https://republika.mk/?p=787976

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, го објави конечниот список со 26 играчи за Копа Америка.

Светскиот шампион Аргентина повторно ќе биде предводен од Лионел Меси и Анхел Ди Марија, кој најави дека ќе се повлече од националниот тим по турнирот, кој почнува во САД на 20 јуни.

Во аргентинскиот состав од прелиминарниот проширен список ги нема Анхел Кореа, Валентин Барко и Леонардо Балерди.

Репрезентацијата на Аргентина е во групата „А“ заедно со Канада, со која ќе игра на отворањето во Аталанта, потоа Чиле во Њу Џерси и Перу во Мајами.

The post Меси ќе ја предводи Аргентина на Копа Америка appeared first on Република.

]]>

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, го објави конечниот список со 26 играчи за Копа Америка. Светскиот шампион Аргентина повторно ќе биде предводен од Лионел Меси и Анхел Ди Марија, кој најави дека ќе се повлече од националниот тим по турнирот, кој почнува во САД на 20 јуни. Во аргентинскиот состав од прелиминарниот проширен список ги нема Анхел Кореа, Валентин Барко и Леонардо Балерди. Репрезентацијата на Аргентина е во групата „А“ заедно со Канада, со која ќе игра на отворањето во Аталанта, потоа Чиле во Њу Џерси и Перу во Мајами.

The post Меси ќе ја предводи Аргентина на Копа Америка appeared first on Република.

]]>
Аргентина се задолжи 800 милиони евра кај ММФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/argentina-se-zadolzhi-800-milioni-evra-kaj-mmf/ Fri, 14 Jun 2024 07:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=787407

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и го отвори патот на Аргентина да повлече 800 милиони долари за да помогне во економското закрепнување, објавувајќи дека програмата за кредити е „цврсто на вистинскиот пат“.

Аргентина има програма од 44 милијарди долари со ММФ, што вклучува економски цели поврзани со растот, инфлацијата и девизните резерви.

ММФ во соопштението наведе дека неговиот Извршен одбор го завршил осмиот преглед на тој аранжман.

„Завршувајќи ја ревизијата, Извршниот одбор оцени дека програмата е цврсто на вистинскиот пат, со сите квантитативни критериуми за успешност исполнети до крајот на март 2024 година“, објави ММФ.

Тие додаваат дека за одржување на тој напредок ќе биде потребно подобрување на квалитетот на фискалното прилагодување, преземање чекори кон подобрена рамка на монетарната и девизната политика и спроведување реформи за раст.

Аргентинската влада најави дека ќе започне разговори со ММФ за нова програма.

Одобрувањето на ММФ доаѓа откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој ја презеде функцијата во декември, спроведе опсежни фискални реформи и остро ги ограничи владините трошоци за да се справи со троцифрената инфлација, намалената економија и негативните девизни резерви. Промените што ги воведе и помогнаа на Аргентина да ги врати исцрпените девизни резерви, да оствари фискален суфицит на почетокот на годината и да ја стабилизира својата валута, пезосот.

Месечната стапка на инфлација во Аргентина во мај беше најниска од 2022 година, покажаа официјалните податоци во четвртокот, намалувајќи се петти месец по ред на 4,2 отсто благодарение на мерките за штедење.

Сепак, тамошната влада се соочува со предизвици, бидејќи економијата е во застој, а нивото на сиромаштија расте.

Во средата избувнаа протести во главниот град поради понатамошни реформи кои предвидуваат буџетски кратења. Пакетот реформи предложени од Милеи за заживување на економијата во земјата вклучува прогласување вонредна состојба, намалување на пензиите и намалување на работничките права.

The post Аргентина се задолжи 800 милиони евра кај ММФ appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и го отвори патот на Аргентина да повлече 800 милиони долари за да помогне во економското закрепнување, објавувајќи дека програмата за кредити е „цврсто на вистинскиот пат“. Аргентина има програма од 44 милијарди долари со ММФ, што вклучува економски цели поврзани со растот, инфлацијата и девизните резерви. ММФ во соопштението наведе дека неговиот Извршен одбор го завршил осмиот преглед на тој аранжман. „Завршувајќи ја ревизијата, Извршниот одбор оцени дека програмата е цврсто на вистинскиот пат, со сите квантитативни критериуми за успешност исполнети до крајот на март 2024 година“, објави ММФ. Тие додаваат дека за одржување на тој напредок ќе биде потребно подобрување на квалитетот на фискалното прилагодување, преземање чекори кон подобрена рамка на монетарната и девизната политика и спроведување реформи за раст. Аргентинската влада најави дека ќе започне разговори со ММФ за нова програма. Одобрувањето на ММФ доаѓа откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој ја презеде функцијата во декември, спроведе опсежни фискални реформи и остро ги ограничи владините трошоци за да се справи со троцифрената инфлација, намалената економија и негативните девизни резерви. Промените што ги воведе и помогнаа на Аргентина да ги врати исцрпените девизни резерви, да оствари фискален суфицит на почетокот на годината и да ја стабилизира својата валута, пезосот. Месечната стапка на инфлација во Аргентина во мај беше најниска од 2022 година, покажаа официјалните податоци во четвртокот, намалувајќи се петти месец по ред на 4,2 отсто благодарение на мерките за штедење. Сепак, тамошната влада се соочува со предизвици, бидејќи економијата е во застој, а нивото на сиромаштија расте. Во средата избувнаа протести во главниот град поради понатамошни реформи кои предвидуваат буџетски кратења. Пакетот реформи предложени од Милеи за заживување на економијата во земјата вклучува прогласување вонредна состојба, намалување на пензиите и намалување на работничките права.

The post Аргентина се задолжи 800 милиони евра кај ММФ appeared first on Република.

]]>
Aргентина тоне во сиромаштија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/argentina-tone-vo-siromashtija/ Tue, 04 Jun 2024 19:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=784783

Повеќе од половина од Аргентинците живеат во сиромаштија, според податоците објавени денеска, при што нивото непрекинато се зголемува од пред една година и забрзано откако претседателот Хавиер Милеи ја презеде функцијата.

Мониторингот за социјален долг на Папскиот католички универзитет ја обелодени бројката - 55,5 проценти за првиот квартал од оваа година - во однос на 44,7 во третиот квартал од 2023 година и 49,5 проценти во декември, кога Милеи положи заклетва.

Според бројките, околу 17,5 отсто од 46-те милиони луѓе во земјата биле сиромашни - речиси двојно повеќе од стапката во третиот квартал од лани.

Нивото на сиромаштија во Аргентина се дефинира како месечен приход помал од 292 долари потребни за купување основна кошница со стоки за широка потрошувачка за возрасен или 904 долари за семејство со две деца.

Возрасен човек кој заработува помалку од 132 долари се смета дека живее во екстремна сиромаштија или беда. Новите бројки се полоши од неодамнешните на националната агенција за статистика Indec, според која стапката на сиромаштија е 41,7 отсто на крајот на 2023 година. Тоа е повеќе од 39,2 отсто една година порано.

Сите економски показатели укажуваат на големо влијание врз населението на мерките за штедење на Милеи, со пад на вработеноста и стапките на потрошувачите на врвот на годишната инфлација која надминува 200 проценти.

Во март, УНИЦЕФ соопштри дека стапката на екстремна сиромаштија кај децата во Аргентина најверојатно погодила едно од пет до крајот на 2023 година

The post Aргентина тоне во сиромаштија appeared first on Република.

]]>

Повеќе од половина од Аргентинците живеат во сиромаштија, според податоците објавени денеска, при што нивото непрекинато се зголемува од пред една година и забрзано откако претседателот Хавиер Милеи ја презеде функцијата. Мониторингот за социјален долг на Папскиот католички универзитет ја обелодени бројката - 55,5 проценти за првиот квартал од оваа година - во однос на 44,7 во третиот квартал од 2023 година и 49,5 проценти во декември, кога Милеи положи заклетва. Според бројките, околу 17,5 отсто од 46-те милиони луѓе во земјата биле сиромашни - речиси двојно повеќе од стапката во третиот квартал од лани. Нивото на сиромаштија во Аргентина се дефинира како месечен приход помал од 292 долари потребни за купување основна кошница со стоки за широка потрошувачка за возрасен или 904 долари за семејство со две деца. Возрасен човек кој заработува помалку од 132 долари се смета дека живее во екстремна сиромаштија или беда. Новите бројки се полоши од неодамнешните на националната агенција за статистика Indec, според која стапката на сиромаштија е 41,7 отсто на крајот на 2023 година. Тоа е повеќе од 39,2 отсто една година порано. Сите економски показатели укажуваат на големо влијание врз населението на мерките за штедење на Милеи, со пад на вработеноста и стапките на потрошувачите на врвот на годишната инфлација која надминува 200 проценти. Во март, УНИЦЕФ соопштри дека стапката на екстремна сиромаштија кај децата во Аргентина најверојатно погодила едно од пет до крајот на 2023 година

The post Aргентина тоне во сиромаштија appeared first on Република.

]]>
Инфлација во Аргентина достигна околу 290 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/inflatsija-vo-argentina-dostigna-okolu-290-otsto/ Thu, 09 May 2024 09:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=776229

Цените во Аргентина пораснаа толку драматично во последните месеци што владата на претседателот Хавиер Милеи беше принудена петкратно да го зголеми износот на најголемата аргентинска банкнота, и таа сега изнесува 10.000 пезоси, што е приближно десет американски долари.

Централната банка во вчерашното соопштение вети дека ќе им го олесни товарот на многу Аргентинци, буквално, кои мораат да носат огромни торби, понекогаш дури и куфери, со голема сума готовина за мали трансакции.

Годишната стапка на инфлација во Аргентина во март достигна 287 отсто и е меѓу највисоките во светот.

Новата банкнота треба да излезе следниот месец „за да се олеснат трансакциите меѓу корисниците“, соопшти централната банка.

Во моментов 10.000 пезоси, на колку што ќе гласи банкнотата, официјално вредат 11 американски долари, а на црниот пазар 9 долари.

Во цела Аргентина, готовината, особено банкнотата од 1.000 пезоси, останува најпопуларниот начин на плаќање.

Кога се појави во оптек во 2017 година, банкнотата од 1.000 пезоси имаше вредност од 58 американски долари на црниот пазар. Сега вреди еден долар.

Со оглед на најтешката финансиска криза во Аргентина во последните две децении и нестабилноста што ја предизвика, продавачите ја фаворизираат „готовината“ пред безготовинското плаќање и нудат големи попусти за оние кои плаќаат во готово.

Милеи дојде на власт како политички аутсајдер минатиот декември, ветувајќи дека ќе ја намали инфлацијата и ќе го стабилизира пезосот со промена на политиките на претходните левичарски влади, кои печатеа пари за да ја финансираат јавната потрошувачка.

Но, острите мерки за штедење на владата на Милеи ги ставија цените на американско и европско ниво, што тешко ги погоди обичните Аргентинци, а закажан е и голем национален штрајк.

Милеи, и покрај високата инфлација, вели дека неговиот план функционира.

Аргентина исто така најавува банкнота од 20.000 пезоси, но подоцна годинава.

The post Инфлација во Аргентина достигна околу 290 отсто appeared first on Република.

]]>

Цените во Аргентина пораснаа толку драматично во последните месеци што владата на претседателот Хавиер Милеи беше принудена петкратно да го зголеми износот на најголемата аргентинска банкнота, и таа сега изнесува 10.000 пезоси, што е приближно десет американски долари.
Централната банка во вчерашното соопштение вети дека ќе им го олесни товарот на многу Аргентинци, буквално, кои мораат да носат огромни торби, понекогаш дури и куфери, со голема сума готовина за мали трансакции.
Годишната стапка на инфлација во Аргентина во март достигна 287 отсто и е меѓу највисоките во светот. Новата банкнота треба да излезе следниот месец „за да се олеснат трансакциите меѓу корисниците“, соопшти централната банка.
Во моментов 10.000 пезоси, на колку што ќе гласи банкнотата, официјално вредат 11 американски долари, а на црниот пазар 9 долари. Во цела Аргентина, готовината, особено банкнотата од 1.000 пезоси, останува најпопуларниот начин на плаќање. Кога се појави во оптек во 2017 година, банкнотата од 1.000 пезоси имаше вредност од 58 американски долари на црниот пазар. Сега вреди еден долар. Со оглед на најтешката финансиска криза во Аргентина во последните две децении и нестабилноста што ја предизвика, продавачите ја фаворизираат „готовината“ пред безготовинското плаќање и нудат големи попусти за оние кои плаќаат во готово. Милеи дојде на власт како политички аутсајдер минатиот декември, ветувајќи дека ќе ја намали инфлацијата и ќе го стабилизира пезосот со промена на политиките на претходните левичарски влади, кои печатеа пари за да ја финансираат јавната потрошувачка. Но, острите мерки за штедење на владата на Милеи ги ставија цените на американско и европско ниво, што тешко ги погоди обичните Аргентинци, а закажан е и голем национален штрајк. Милеи, и покрај високата инфлација, вели дека неговиот план функционира. Аргентина исто така најавува банкнота од 20.000 пезоси, но подоцна годинава.

The post Инфлација во Аргентина достигна околу 290 отсто appeared first on Република.

]]>
Топ сикрет: Хитлер живеел во Аргентина до 1984 година!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/top-sikret-hitler-zhiveel-vo-argentina-do-1984-godina/ Thu, 02 May 2024 06:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=773155

Аргентинските археолози наводно го пронаше гробот на еден од најголемите негативци во историјата, Адолф Хитлер, на приватен имот во средината на шумата, на 60 километри од која било цивилизација и првиот град Сан Карлос де Барилоче, а тоа откритие е поткрепено со Доказ на ФБИ.

Официјално, Хитлер починал на денешен ден, 30 април 1945 година, меѓутоа, многу теории го оспоруваат таквото нешто.

Археолозите од Аргентина го пронашле гробот на 70 метри од имотот во шумата,  украсен  со свастика, орел и натпис „Тука лежи Адолф Хитлер, Фирер на Третиот Рајх“.

Во 2014 година, американското ФБИ објави повеќе од 700 тајни документи, кои покажуваат дека тие го барале Хитлер 20 години по неговата наводна смрт.

Имотот каде што научниците го пронашле гробот бил во сопственост на директорот на „Мерцедес“, кој бил и најголемиот поддржувач на нацизмот. Повеќе од 60.000 нацисти живееле во Аргентина, меѓу нив и креаторите на најсуровите нацистички логори на смртта. Меѓу нив, Јозеф Менгеле, еден од најголемите негативци во светот.

Хитлер не се самоубил во својот бункер во Берлин, што било потврдено со ДНК анализа на череп во музеј во Русија, за кој се тврди дека е на Хитлер. Черепот воопшто не е машки туку женски, сега се шпекулира дека и припаѓа на Ева Браун, љубовницата на Хитлер-се наведува во извештајот.

Реконструкцијата изгледа отприлика вака:

По бегството од бункерот во Берлин, Хитлер преку подземните тунели стигнал до аеродромот „Темплтон“, оддалечен 400 метри од неговиот бункер. Тоа беше 7 дена пред неговото наводно убиство и ден пред Русите да го заробат „Темперлот“. На 21 април 1945 година од тој аеродром полетале 12 авиони во непознат правец. Еден пристигна во Галиција, во Шпанија, „неутрална“ земја со која владееше диктаторот, генералот Франко, најголемиот пријател на Хитлер, на кого Германија му даде милиони марки.

Подморници У-62 го чекале Хитлер во пристаништето Виго - четворица ги превезуваа најважните луѓе на Рајхот, кои го придружуваа Хитлер, и нивниот имот во Аргентина, останатите биле поддршка.. Единствена и последна станица им биле Канарските Острови , шпанска територија, каде што се резервирани за патувањето во Аргентина.

Тој беше префрлен во Аргентина, каде што наводно живеел до неговата смрт во 1984 година. Останува прашањето дали ова е точно или само една од многуте теории.

The post Топ сикрет: Хитлер живеел во Аргентина до 1984 година!? appeared first on Република.

]]>

Аргентинските археолози наводно го пронаше гробот на еден од најголемите негативци во историјата, Адолф Хитлер, на приватен имот во средината на шумата, на 60 километри од која било цивилизација и првиот град Сан Карлос де Барилоче, а тоа откритие е поткрепено со Доказ на ФБИ. Официјално, Хитлер починал на денешен ден, 30 април 1945 година, меѓутоа, многу теории го оспоруваат таквото нешто. Археолозите од Аргентина го пронашле гробот на 70 метри од имотот во шумата,  украсен  со свастика, орел и натпис „Тука лежи Адолф Хитлер, Фирер на Третиот Рајх“. Во 2014 година, американското ФБИ објави повеќе од 700 тајни документи, кои покажуваат дека тие го барале Хитлер 20 години по неговата наводна смрт. Имотот каде што научниците го пронашле гробот бил во сопственост на директорот на „Мерцедес“, кој бил и најголемиот поддржувач на нацизмот. Повеќе од 60.000 нацисти живееле во Аргентина, меѓу нив и креаторите на најсуровите нацистички логори на смртта. Меѓу нив, Јозеф Менгеле, еден од најголемите негативци во светот.
Хитлер не се самоубил во својот бункер во Берлин, што било потврдено со ДНК анализа на череп во музеј во Русија, за кој се тврди дека е на Хитлер. Черепот воопшто не е машки туку женски, сега се шпекулира дека и припаѓа на Ева Браун, љубовницата на Хитлер-се наведува во извештајот.
Реконструкцијата изгледа отприлика вака: По бегството од бункерот во Берлин, Хитлер преку подземните тунели стигнал до аеродромот „Темплтон“, оддалечен 400 метри од неговиот бункер. Тоа беше 7 дена пред неговото наводно убиство и ден пред Русите да го заробат „Темперлот“. На 21 април 1945 година од тој аеродром полетале 12 авиони во непознат правец. Еден пристигна во Галиција, во Шпанија, „неутрална“ земја со која владееше диктаторот, генералот Франко, најголемиот пријател на Хитлер, на кого Германија му даде милиони марки. Подморници У-62 го чекале Хитлер во пристаништето Виго - четворица ги превезуваа најважните луѓе на Рајхот, кои го придружуваа Хитлер, и нивниот имот во Аргентина, останатите биле поддршка.. Единствена и последна станица им биле Канарските Острови , шпанска територија, каде што се резервирани за патувањето во Аргентина. Тој беше префрлен во Аргентина, каде што наводно живеел до неговата смрт во 1984 година. Останува прашањето дали ова е точно или само една од многуте теории.

The post Топ сикрет: Хитлер живеел во Аргентина до 1984 година!? appeared first on Република.

]]>
Аргентина се соочува со недостиг од лекови против убоди од инсекти додека подготвува за најлошата сезона на денга https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/argentina-se-soochuva-so-nedostig-od-lekovi-protiv-ubodi-od-insekti-dodeka-podgotvuva-za-najloshata-sezona-na-denga/ Fri, 05 Apr 2024 10:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=762609

Аргентина се соочува со недостиг од лекови против убоди од инсекти, додека земјата се подготвува за најлошата сезона на денга досега. Денгата е вирус што го пренесуваат комарците, а во некои случаи може да биде смртоносна или да предизвика сериозни болести.

Иако е развиена вакцина за денга, но нејзиното појавување е сè уште во рана фаза и повеќето луѓе сè уште се потпираат на превентивни мерки за да го избегнат вирусот. Жителите известуваат дека е речиси невозможно да се купи репелент, пренесува Би-Би-Си.

Многу супермаркети и аптеки имаат истакнато знаци „без репелент“, а на неколкуте места каде што сè уште е достапен, особено онлајн, цените за препродажба се астрономски.

Но, многу граѓани, особено во главниот град Буенос Аирес, се плашат во време кога стотици илјади Аргентинци веќе се заразени. Во март почна да се забележува недостиг на репеленти.

Извори од една од компаниите кои произведуваат репеленти во земјата изјавија за Би-Би-Си Мундо дека недостигот се должи на грешка во прогнозата и дека производството на производот траело со месеци. Министерот за здравство Марио Русо изјави за Радио Континентал дека тоа е „проблем помеѓу понудата и побарувачката“.

Денгата е најчеста во тропските и суптропските клими и нејзините симптоми вклучуваат висока температура, силни главоболки, отечени жлезди и осип.

Министерството за здравство на земјата во саботата соопшти дека Аргентина пријавила 163.419 случаи на денга треска досега во 2024 година и дека смртните случаи биле регистрирани во сите возрасни групи – со највисока стапка на смртност кај оние над 80 години.

The post Аргентина се соочува со недостиг од лекови против убоди од инсекти додека подготвува за најлошата сезона на денга appeared first on Република.

]]>

Аргентина се соочува со недостиг од лекови против убоди од инсекти, додека земјата се подготвува за најлошата сезона на денга досега. Денгата е вирус што го пренесуваат комарците, а во некои случаи може да биде смртоносна или да предизвика сериозни болести. Иако е развиена вакцина за денга, но нејзиното појавување е сè уште во рана фаза и повеќето луѓе сè уште се потпираат на превентивни мерки за да го избегнат вирусот. Жителите известуваат дека е речиси невозможно да се купи репелент, пренесува Би-Би-Си. Многу супермаркети и аптеки имаат истакнато знаци „без репелент“, а на неколкуте места каде што сè уште е достапен, особено онлајн, цените за препродажба се астрономски. Но, многу граѓани, особено во главниот град Буенос Аирес, се плашат во време кога стотици илјади Аргентинци веќе се заразени. Во март почна да се забележува недостиг на репеленти. Извори од една од компаниите кои произведуваат репеленти во земјата изјавија за Би-Би-Си Мундо дека недостигот се должи на грешка во прогнозата и дека производството на производот траело со месеци. Министерот за здравство Марио Русо изјави за Радио Континентал дека тоа е „проблем помеѓу понудата и побарувачката“. Денгата е најчеста во тропските и суптропските клими и нејзините симптоми вклучуваат висока температура, силни главоболки, отечени жлезди и осип. Министерството за здравство на земјата во саботата соопшти дека Аргентина пријавила 163.419 случаи на денга треска досега во 2024 година и дека смртните случаи биле регистрирани во сите возрасни групи – со највисока стапка на смртност кај оние над 80 години.

The post Аргентина се соочува со недостиг од лекови против убоди од инсекти додека подготвува за најлошата сезона на денга appeared first on Република.

]]>
Бројот на болни од денга во Аргентина е на пат да собори рекорди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-bolni-od-denga-vo-argentina-e-na-pat-da-sobori-rekordi/ Wed, 20 Mar 2024 20:42:28 +0000 https://republika.mk/?p=756835

Големата епидемија на денга во Аргентина, болест што ја пренесуваат комарците и потенцијално фатална, е на пат да ги собори претходните рекорди, одразувајќи ја загриженоста во Јужна Америка, каде што пожешкото и повлажното време доведе до пораст на случаите.

Аргентина досега има регистрирано над 120.000 случаи во сезоната 2023/24, повеќето од нив во последните два месеци.

– Ја доживуваме најголемата епидемија на денга во Аргентина, изјави Маријана Мантека Акоста, директорка на Институтот Малбран и специјалист за заразни болести

The post Бројот на болни од денга во Аргентина е на пат да собори рекорди appeared first on Република.

]]>

Големата епидемија на денга во Аргентина, болест што ја пренесуваат комарците и потенцијално фатална, е на пат да ги собори претходните рекорди, одразувајќи ја загриженоста во Јужна Америка, каде што пожешкото и повлажното време доведе до пораст на случаите. Аргентина досега има регистрирано над 120.000 случаи во сезоната 2023/24, повеќето од нив во последните два месеци.
– Ја доживуваме најголемата епидемија на денга во Аргентина, изјави Маријана Мантека Акоста, директорка на Институтот Малбран и специјалист за заразни болести

The post Бројот на болни од денга во Аргентина е на пат да собори рекорди appeared first on Република.

]]>
Блинкен на средби со претседателите на Аргентина и Бразил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-na-sredbi-so-pretsedatelite-na-argentina-i-brazil/ Tue, 20 Feb 2024 11:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=746053

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска патува за Аргентина и Бразил на средби за зацврстување на односите со лидерите на тие две земји.

Тој исто така ќе учествува на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Г-20 што се одржува во Рио де Жанеиро.

Ова е прва посета на Блинкен на Бразил и Аргентина во својство на државен секретар на САД. Тој ќе се сретна со претседателот на Бразил Луис Игнасио Силва и со неодамна избраниот претседател на Аргентина Хавиер Милеи.

На Г-20 се очекува да дојде и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, така што има шанси за средба, една од ретките, меѓу него и Блинкен.

The post Блинкен на средби со претседателите на Аргентина и Бразил appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска патува за Аргентина и Бразил на средби за зацврстување на односите со лидерите на тие две земји. Тој исто така ќе учествува на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Г-20 што се одржува во Рио де Жанеиро. Ова е прва посета на Блинкен на Бразил и Аргентина во својство на државен секретар на САД. Тој ќе се сретна со претседателот на Бразил Луис Игнасио Силва и со неодамна избраниот претседател на Аргентина Хавиер Милеи. На Г-20 се очекува да дојде и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, така што има шанси за средба, една од ретките, меѓу него и Блинкен.

The post Блинкен на средби со претседателите на Аргентина и Бразил appeared first on Република.

]]>