арена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arena/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Sep 2023 15:21:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png арена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arena/ 32 32 Фудбал нема веќе да се игра на ќелав терен: Во понеделник ќе почне поставувањето на хибридна трева на Арената „Тодор Проески“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fudbal-nema-veke-da-se-igra-na-kelav-teren-vo-ponedelnik-ke-pochne-postavuvaneto-na-hibridna-treva-na-arenata-todor-proeski/ Fri, 29 Sep 2023 15:21:16 +0000 https://republika.mk/?p=686427

В понеделник ќе започне поставувањето на нова современа тревната подлога на Националната арена „Тодор Проески“, а фудбалската репрезентација на Македонија хибридниот терен ќе го сефтоса на 20 ноември, во дуелот од последното квалификациско коло за пласман на ЕП 2024 против Англија.

Предвидено е на Арената „Тодор Проески“ да се постави хибридна трева, а тоа значи дека 70 отсто од тревата ќе биде вештачка, а 30 отсто ќе биде природна со посебна дренажа.

Владата на Македонија на редовната седница во вторникот донела одлука да се прифати донацијата од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во вредност од околу 400.000 евра за реконструкција на теренот со цел да се избегне невиден срам и фудбалерите да мора да играат во друга земја против Англија.

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор кој е задолжено за одржување на теренот вината наместо во себе, ја најде во некаков паразит кој ја јадел тревата, но тоа не го испра срамот од светската јавност, која се згрози од состојбата во која се наоѓа фудбалската арена.

The post Фудбал нема веќе да се игра на ќелав терен: Во понеделник ќе почне поставувањето на хибридна трева на Арената „Тодор Проески“ appeared first on Република.

]]>

В понеделник ќе започне поставувањето на нова современа тревната подлога на Националната арена „Тодор Проески“, а фудбалската репрезентација на Македонија хибридниот терен ќе го сефтоса на 20 ноември, во дуелот од последното квалификациско коло за пласман на ЕП 2024 против Англија. Предвидено е на Арената „Тодор Проески“ да се постави хибридна трева, а тоа значи дека 70 отсто од тревата ќе биде вештачка, а 30 отсто ќе биде природна со посебна дренажа. Владата на Македонија на редовната седница во вторникот донела одлука да се прифати донацијата од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во вредност од околу 400.000 евра за реконструкција на теренот со цел да се избегне невиден срам и фудбалерите да мора да играат во друга земја против Англија. Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор кој е задолжено за одржување на теренот вината наместо во себе, ја најде во некаков паразит кој ја јадел тревата, но тоа не го испра срамот од светската јавност, која се згрози од состојбата во која се наоѓа фудбалската арена.

The post Фудбал нема веќе да се игра на ќелав терен: Во понеделник ќе почне поставувањето на хибридна трева на Арената „Тодор Проески“ appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 18.000 луѓе во публиката се простија од Аки Рахимовски во загрепската Арена на концертот „Ваљак и пријателите“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/povekje-od-18-000-lugje-vo-publikata-se-prostija-od-aki-rahimovski-vo-zagrepskata-arena-na-koncertot-valjak-i-prijatelite/ Sun, 27 Mar 2022 11:18:08 +0000 https://republika.mk/?p=479273

Повеќе од 18.000 луѓе во публиката се простија од Аки Рахимовски во загрепската Арена на концертот „Ваљак и пријателите: Доволно е да се каже… Аки“. Тоа без сомнение беше најемотивниот настап на „Парни ваљак“ во нивната 47-годишна музичка кариера, сосема очекувано, бидејќи тие првпат се појавија на сцената без нивниот фронтмен, пејачот Аки Рахимовски, од чија смрт мина нешто повеќе од два месеци. До самиот почеток на концертот, бендот успеа да ги чува во тајност имињата на повеќето музичари – пријателите кои наместо нивното заштитно лице и глас ги пееја хитовите на Ваљко а таа улога ја презедоа Златан Стипишиќ Џибони, Момчило Бајагиќ Бајага, Масимо Савиќ, Нина Бадриќ, Давор Гобац, Нено Белан, Перо Галиќ, Дино Јелушиќ Филип Рудан, Нермин Пушкар и синот на Аки, Кристијан Рахимовски.

Некои нови деца, всушност претежно девојчиња, пристигнаа меѓу првите во Арената, веднаш штом се отвори вратата во 19. часот и ги зазедоа првите редови од партерот. По два и пол часа концертот започна со снимка на „За малку нежност“ и фотографиите на Аки, па барем за кратко со ликот и гласот на Аки Рахимовски повторно се најде пред распродадената Арена. Бендот – Хусеин Хасанефендиќ Хус, Маријан Бркиќ Брк, Берислав Блажевиќ Беро, Зорислав Прексавец Прекси, Далибор Маринковиќ Дадо, Кристина Кресник и Ана Кабалин – го отсвиреа инструменталниот дел од оваа трогателна песна. Хус, авторот на повеќето хитови на Ваљак, прв го презеде микрофонот и со сесрдна поддршка од публиката ја отпеа „Застава“.

Овој концерт мора да биде радост и сеќавање на живот што малкумина го имале, рекол Хус.

Го следел Кики Рахимовски со „Загреб“, па гостите и песните само продолжија. Севкупно, бендот и пријателите изведоа 30. песни од богатиот опус на Ваљак создаден за речиси половина век од нивното постоење. Публиката можеше да ги слушне легендарните хитови – „Дневник“, „Време на љубовта“, „Кукла за бал“, „Молитва“, „Фати го ритамот“, „Есен во мене“, „Кога ќе ме допре“, „Во пролаз“, „Недела“, … и пееше и играше со Ваљак цел концерт.

Оваа фантастична вечер во Арената достојна за Аки, Златан Стипишиќ Џибони ја заврши нешто по полноќ со песната „Се уште мириса на неа“, а при изведбата на таа песна на Џибони на сцената му се придружија сите гости.

Извор: jutarnji.hr

The post Повеќе од 18.000 луѓе во публиката се простија од Аки Рахимовски во загрепската Арена на концертот „Ваљак и пријателите“ appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 18.000 луѓе во публиката се простија од Аки Рахимовски во загрепската Арена на концертот „Ваљак и пријателите: Доволно е да се каже… Аки“. Тоа без сомнение беше најемотивниот настап на „Парни ваљак“ во нивната 47-годишна музичка кариера, сосема очекувано, бидејќи тие првпат се појавија на сцената без нивниот фронтмен, пејачот Аки Рахимовски, од чија смрт мина нешто повеќе од два месеци. До самиот почеток на концертот, бендот успеа да ги чува во тајност имињата на повеќето музичари – пријателите кои наместо нивното заштитно лице и глас ги пееја хитовите на Ваљко а таа улога ја презедоа Златан Стипишиќ Џибони, Момчило Бајагиќ Бајага, Масимо Савиќ, Нина Бадриќ, Давор Гобац, Нено Белан, Перо Галиќ, Дино Јелушиќ Филип Рудан, Нермин Пушкар и синот на Аки, Кристијан Рахимовски. Некои нови деца, всушност претежно девојчиња, пристигнаа меѓу првите во Арената, веднаш штом се отвори вратата во 19. часот и ги зазедоа првите редови од партерот. По два и пол часа концертот започна со снимка на „За малку нежност“ и фотографиите на Аки, па барем за кратко со ликот и гласот на Аки Рахимовски повторно се најде пред распродадената Арена. Бендот – Хусеин Хасанефендиќ Хус, Маријан Бркиќ Брк, Берислав Блажевиќ Беро, Зорислав Прексавец Прекси, Далибор Маринковиќ Дадо, Кристина Кресник и Ана Кабалин – го отсвиреа инструменталниот дел од оваа трогателна песна. Хус, авторот на повеќето хитови на Ваљак, прв го презеде микрофонот и со сесрдна поддршка од публиката ја отпеа „Застава“.
Овој концерт мора да биде радост и сеќавање на живот што малкумина го имале, рекол Хус.
Го следел Кики Рахимовски со „Загреб“, па гостите и песните само продолжија. Севкупно, бендот и пријателите изведоа 30. песни од богатиот опус на Ваљак создаден за речиси половина век од нивното постоење. Публиката можеше да ги слушне легендарните хитови – „Дневник“, „Време на љубовта“, „Кукла за бал“, „Молитва“, „Фати го ритамот“, „Есен во мене“, „Кога ќе ме допре“, „Во пролаз“, „Недела“, … и пееше и играше со Ваљак цел концерт. Оваа фантастична вечер во Арената достојна за Аки, Златан Стипишиќ Џибони ја заврши нешто по полноќ со песната „Се уште мириса на неа“, а при изведбата на таа песна на Џибони на сцената му се придружија сите гости. Извор: jutarnji.hr

The post Повеќе од 18.000 луѓе во публиката се простија од Аки Рахимовски во загрепската Арена на концертот „Ваљак и пријателите“ appeared first on Република.

]]>