арбр адеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arbr-ademi/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Feb 2024 12:15:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png арбр адеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arbr-ademi/ 32 32 ДУИ почна со собирање на потписи за Бујар Османи, информираше Адеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-pochna-so-sobirane-na-potpisi-za-bujar-osmani-informirashe-ademi/ Fri, 23 Feb 2024 12:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=747409

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбр Адеми на денешната прес-конференција информира дека неговата партија почна со собирањето на потписи за претседателскиот кандидат Бујар Османи. Тој нагласи дека условот на ДУИ за коалицирање ќе биде промена на Уставот и претседател да се бира во Собрание.

-ДУИ како што најави лидерот Али Ахмети, започна со собирање на потписи за Бујар Османи за кандидат за претседател на нашата земја. По прв премиер Албанец, министерот за надворешни работи, тој за одбрана, државните правобранители, Народниот правобранител, претседателите на Уставниот, Управниот и Врховниот суд, претседателите на боречка, фудбалска, боксерска федерација, правобранители – дојде време да го отвориме патот и претседателот на биде Албанец. Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е претседател да се бира во Собрание, со двотретинско мнозинство на гласови и Бадинтер, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус, за да се овозможи со над 80 гласови и да се спречи техничкото надгласување само од двете поголеми македонски политички партии. Ова ќе биде ставот на ДУИ и за вториот изборен круг, и за парламентарните избори и тоа ќе го постигнеме. Само со гласање на најсилната албанска партија ќе се постигне ова, додаде Адеми.

Тој нагласи дека „дериватите“ на ДУИ, „предводени од разрешениот претседател на Алијанса за Албанците“, ја копирале целта на лидерот на партија Али Ахмети искажана на Вториот конгрес на партијата одржан во Скопје во 2009 година, претседателот на државата да се избира во Собранието со двотретинско мнозинство и според Бадентеровиот принцип, со цел да се обезбеди општествен, натпартиски консензус.

На новинарско прашање дали ДУИ очекува за Османи да добие гласови и од неалбански средини, како на пример во едно Пехчево во источниот дел на Македонија, Адеми рече дека очекува поддршка од сите граѓани.

-Секако дека очекуваме. Кандидатот д-р Бујар Османи во моментов се наоѓа во Обединетите нации каде ги застапува интересите на државата и ги претставува сите граѓани без оглед на нивниот етнички, културен, социјален, образовен бекградунд. Така што, и како претседател на државата бараме поддршка на Албанците и сите граѓани. Секако дека ќе имаме контакти и комуникација со сите граѓани, рече Адеми.

На новинарско прашање дали  ДУИ ќе го бојкотира вториот круг на претседателските избори доколку нивниот кандидат не помине, Адеми одговори дека бојкотот не е соодветно средство.

Адеми рече дека ДУИ е во добра комуникација со претседателот Стево Педнаровски.

The post ДУИ почна со собирање на потписи за Бујар Османи, информираше Адеми appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбр Адеми на денешната прес-конференција информира дека неговата партија почна со собирањето на потписи за претседателскиот кандидат Бујар Османи. Тој нагласи дека условот на ДУИ за коалицирање ќе биде промена на Уставот и претседател да се бира во Собрание.
-ДУИ како што најави лидерот Али Ахмети, започна со собирање на потписи за Бујар Османи за кандидат за претседател на нашата земја. По прв премиер Албанец, министерот за надворешни работи, тој за одбрана, државните правобранители, Народниот правобранител, претседателите на Уставниот, Управниот и Врховниот суд, претседателите на боречка, фудбалска, боксерска федерација, правобранители – дојде време да го отвориме патот и претседателот на биде Албанец. Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е претседател да се бира во Собрание, со двотретинско мнозинство на гласови и Бадинтер, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус, за да се овозможи со над 80 гласови и да се спречи техничкото надгласување само од двете поголеми македонски политички партии. Ова ќе биде ставот на ДУИ и за вториот изборен круг, и за парламентарните избори и тоа ќе го постигнеме. Само со гласање на најсилната албанска партија ќе се постигне ова, додаде Адеми.
Тој нагласи дека „дериватите“ на ДУИ, „предводени од разрешениот претседател на Алијанса за Албанците“, ја копирале целта на лидерот на партија Али Ахмети искажана на Вториот конгрес на партијата одржан во Скопје во 2009 година, претседателот на државата да се избира во Собранието со двотретинско мнозинство и според Бадентеровиот принцип, со цел да се обезбеди општествен, натпартиски консензус. На новинарско прашање дали ДУИ очекува за Османи да добие гласови и од неалбански средини, како на пример во едно Пехчево во источниот дел на Македонија, Адеми рече дека очекува поддршка од сите граѓани.
-Секако дека очекуваме. Кандидатот д-р Бујар Османи во моментов се наоѓа во Обединетите нации каде ги застапува интересите на државата и ги претставува сите граѓани без оглед на нивниот етнички, културен, социјален, образовен бекградунд. Така што, и како претседател на државата бараме поддршка на Албанците и сите граѓани. Секако дека ќе имаме контакти и комуникација со сите граѓани, рече Адеми.
На новинарско прашање дали  ДУИ ќе го бојкотира вториот круг на претседателските избори доколку нивниот кандидат не помине, Адеми одговори дека бојкотот не е соодветно средство. Адеми рече дека ДУИ е во добра комуникација со претседателот Стево Педнаровски.

The post ДУИ почна со собирање на потписи за Бујар Османи, информираше Адеми appeared first on Република.

]]>
Адеми за уставните измени: Има сили кои се обидуваат да ги реализираат нивните соништа од минатиот век https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ademi-za-ustavnite-izmeni-ima-sili-koi-se-obiduvaat-da-gi-realiziraat-nivnite-sonishta-od-minatiot-vek/ Fri, 18 Aug 2023 12:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=673415

Пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми, смета дека денеска во Собранието, има поделба на два концепта: Европа и контра Европа.

– Денеска паѓаат маските. Денеска излегуваме пред народот кој нѐ гласа на избори. Се наоѓаме пред еден момент кој е поголем од сите нас. Убеден сум дека секој од вас ѝ посакува добро на оваа држава. Денеска сме пред мостот каде што имаме поделба. Денеска ова Собрание е поделено на два дела. Предлогот за уставните измени е резултат на компромисот кој беше постигнат помеѓу Македонија и ЕУ, а тоа е израз на дипломатската работа и е нашиот билет во еден правец кон Унијата. Одлуката за уставните измени е во наши раце и во раце на граѓаните. Одлуката што ќе биде донесена ќе биде главна за понатамошните дејствија, но и за консолидирање на внатрешната демократија, визијата за иднината и за животниот стандард во земјава – рече Адеми.

Граѓаните не сакаат конфликти, туку мир. Граѓаните не се со Русија, туку со Америка и со ЕУ. Постојат стравови од Албанците, стравови од Србите, стравови од Грците, стравови од Бугарите. Но, граѓаните не се плашат и си седат спокојно дома, порача пратеникот на ДУИ.

– Ги разбирам причините за загриженост. Неколку сили се обидуваат да ги реализираат нивните соништа од минатиот век, но Македонија е достојна да биде дел од европското семејство. Немаме резервна држава. Моите деца живеат тука и ја планираат иднината во оваа држава. Држете нѐ за збор дека ние ќе бидеме со вас во секаков предизвик. Заедно, рационално и на конструктивен начин треба да продолжиме понатаму. Членството во ЕУ го заслужуваме, докажувајќи дека ги имаме европските вредности во нашето општество. Наскоро ќе прославиме 32 години самостојност на државата, а сега сме полноправна членка на НАТО – истакна Адеми.

Тој им порача на пратениците да не ја изневерат довербата на граѓаните.

– Не се ставајте во ситуација да бидете обвинети дека ја блокирате иднината на државата, но и на целиот регион. Не е време за популизам и за собирање евтини политички поени. Потребно е да дадете придонес за влез во ЕУ. Ве повикувам да бидеме заедно во овие моменти и да не дозволиме нашата Македонија да се врати на темен балкански вилает. Имаме историска надеж да влееме надеж, а не да сееме страв. Да засадиме иднина и да ја откорнеме бесперспективноста. Да гласаме „за“ – порача Адеми.

The post Адеми за уставните измени: Има сили кои се обидуваат да ги реализираат нивните соништа од минатиот век appeared first on Република.

ДУИ се ситни: Двајца пратеници ја напуштија партијата, вкупно тројца oд владејачкото мнозинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ddui-se-sitni-dvajtsa-pratenitsi-ja-napushtija-partijata-vkupno-trojtsa-vladejachkoto-mnozintvo/ Tue, 18 Jul 2023 12:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=662748

Двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група на оваа партија во Собранието, потврди денеска координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми.

Станува збор за Изет Меџити, кој вчера најави формирање на ново политичко движење и за Мерита Колчи Коџаџику, а ним од претходно им се придружи и Кастриот Реџепи.

На прес - конференција во Собранието, на новинарско прашање за тоа дали од денеска тројца пратеници од ДУИ веќе не се дел од нивната пратеничка група и дали тоа значи дека се распаѓа пратеничката група на оваа партија, Адеми посочи дека станува збор за двајца пратеници, а третиот Кастриот Реџепи делувал како независен пратеник, и бил на листата на СДСМ, изразувајќи при тоа жалење што за тоа биле информирани од медиумите.

-Жалиме што преку медиуми сме информирани дека наши двајца пратеници го избрале овој пат. Тие добро биле третирани од ДУИ, носеле високи позиции и институционална одговорност и имале доверба во ДУИ за да бидат на таа институционална одговорност, така што за причините за нивното самоотстранување од ДУИ треба нив да ги прашате. Но, во мнозинството не се менува ништо, бидејќи без овие пратеници оваа Влада беше изгласана и оваа владина програма беше изгласана. Така што на истите тие бројки што сме биле пред и во моментот на формирањето на оваа Влада, на истите тие бројки сме и сега. Само изразуваме жалење за сето ова што се случува, а за причините треба да се прашаат нашите колеги, изјави Адеми.

Прашан дали има доволно пратеници во парламентарното мнозинство, тој рече дека тоа е дневнополитичко прашање, бидејќи има опозициски политички партии кои без дилеми и двоумења, ќе гласат за европската перспектива.

-Дали некој пратеник ќе биде или нема да биде дел од парламентарното мнозинство, ова прашање, апропо најзначајното стратешко прашање е минорно, вели Адеми.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-namaluva-nemnozinstvoto-na-vlasta-za-ustavni-izmeni-dali-trojtsata-pratenitsi-na-medhiti-ke-imaat-svoi-uslovi/

The post ДУИ се ситни: Двајца пратеници ја напуштија партијата, вкупно тројца oд владејачкото мнозинство appeared first on Република.

]]>

Двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група на оваа партија во Собранието, потврди денеска координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми. Станува збор за Изет Меџити, кој вчера најави формирање на ново политичко движење и за Мерита Колчи Коџаџику, а ним од претходно им се придружи и Кастриот Реџепи. На прес - конференција во Собранието, на новинарско прашање за тоа дали од денеска тројца пратеници од ДУИ веќе не се дел од нивната пратеничка група и дали тоа значи дека се распаѓа пратеничката група на оваа партија, Адеми посочи дека станува збор за двајца пратеници, а третиот Кастриот Реџепи делувал како независен пратеник, и бил на листата на СДСМ, изразувајќи при тоа жалење што за тоа биле информирани од медиумите.
-Жалиме што преку медиуми сме информирани дека наши двајца пратеници го избрале овој пат. Тие добро биле третирани од ДУИ, носеле високи позиции и институционална одговорност и имале доверба во ДУИ за да бидат на таа институционална одговорност, така што за причините за нивното самоотстранување од ДУИ треба нив да ги прашате. Но, во мнозинството не се менува ништо, бидејќи без овие пратеници оваа Влада беше изгласана и оваа владина програма беше изгласана. Така што на истите тие бројки што сме биле пред и во моментот на формирањето на оваа Влада, на истите тие бројки сме и сега. Само изразуваме жалење за сето ова што се случува, а за причините треба да се прашаат нашите колеги, изјави Адеми.
Прашан дали има доволно пратеници во парламентарното мнозинство, тој рече дека тоа е дневнополитичко прашање, бидејќи има опозициски политички партии кои без дилеми и двоумења, ќе гласат за европската перспектива.
-Дали некој пратеник ќе биде или нема да биде дел од парламентарното мнозинство, ова прашање, апропо најзначајното стратешко прашање е минорно, вели Адеми.
https://republika.mk/vesti/makedonija/se-namaluva-nemnozinstvoto-na-vlasta-za-ustavni-izmeni-dali-trojtsata-pratenitsi-na-medhiti-ke-imaat-svoi-uslovi/

The post ДУИ се ситни: Двајца пратеници ја напуштија партијата, вкупно тројца oд владејачкото мнозинство appeared first on Република.

]]>
Адеми: Трајанов е „хејтер“ и против ЕУ бидејќи бара правична застапеност на Македонците во Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ademi-trajanov-e-hejter-i-protiv-eu-bidejki-bara-pravichna-zastapenost-na-makedontsite-vo-vladata/ Wed, 25 Jan 2023 10:39:39 +0000 https://republika.mk/?p=600796

Павле Трајанов е „хејтер“ и противник на европската идеја бидејќи бара правична застапеност на Македонците и Албанците во владиниот кабинет, рече вчера на партискиот митинг на ДУИ во Тетово координаторот на пратеничката група на интегративците во Собранието, Арбр Адеми.

Нашиот лидер Али Ахмети има за цел да се постигне напредок во општеството, младите иднината да ја гледаат тука, за тоа ни е потребен и сојуз внатре во земјата за да се отворат вратите на ЕУ. Не ни е потребен сега луксуз па да го сопираме европскиот пат заради партиски интереси. И не треба сега да ѝ се наштети на партиската организација на ДУИ. Но, од друга страна, слушнавме 'хејтерска' изјава на Павле Трајанов, како и на некои други, кои велат дека можело да има најмногу пет или шест Албанци како министри. Со нивната 'правична  заастапеност“ тие се прикажуваат дека се против создавање на заеднички европски фронт. Но ние можеме и треба да го следиме нашиот претседател кој работи на унапредување на позицијата на Албанците, но и на сите луѓе во општеството, затоа повикуваме на единство, не на поделба, рече Адеми.

Лидерот на Демократскиот сојуз и пратеник Павле Трајанов рече дека нема да гласа за новиот владин состав ако во него бројот на албански министри е поголем од македонските и не се почитува правото на правична застапеност, имајќи предвид дека според резултатите од пописот, според него, Владата треба да има најмногу 5 до 6 албански министри.

https://republika.mk/vesti/makedonija/trajanov-ke-poddrzhime-rekonstruktsija-na-vladata-dokolku-se-pochituva-amandman-6-od-ustavot/

The post Адеми: Трајанов е „хејтер“ и против ЕУ бидејќи бара правична застапеност на Македонците во Владата appeared first on Република.

Адеми вели уставни измени нема да ѝ наштетат на Македонија, Николоски бара да не се злоупотребува процесот за влез во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ademi-veli-ustavni-izmeni-nema-da-nashtetat-na-severna-makedonija-nikoloski-bara-da-ne-se-zloupotrebuva-procesot-za-vlez-vo-eu/ Thu, 01 Dec 2022 11:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=580452

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми во говорот на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК) истакна дека земјата нема да претрпи никаква штета ако го исполниме условот за измена на Уставот и ги почнеме преговорите со ЕУ. Неговиот колега од Националниот комитет за европски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски рече дека главните политички партии во Македонија имаат консензус по прашањето за проширување на Унијата и побара овој процес да не се злоупотребува.

Адеми рече дека сме исправени пред еден голем предизвик што е поврзано со уставните измени и предуслов за отворање на кластерите. Лично, но тоа е став и на ДУИ, рече Адеми, „Република Македонија нема да претрпи никаква штета ако го исполниме овој услов и во нашиот Устав се вклучат и други етнички заедници вклучувајќи ја и бугарската“.

Тоа, според него, треба да го направиме што е можно побрзо, ако навистина мислиме, а не само декларативно да го следиме европскиот пат.

Поборник сум за широк, меѓупартиски државен општествен консензус. Сметам и длабоко сум уверен дека немаме право да се откажеме од зацртаните стратешки цели, кои се генерациски и не се во функција на дневната политика. Потполно ги поддржувам Владата и напорите на нашите институции да влеземе во ЕУ во 2030 година. Помалку да се занимаваме со политика, а повеќе да се фокусираме на реформите, рече Адеми.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието Александар Николоски истакна дека за обичните граѓани членството во ЕУ се сведува на економска состојба и подобар живот и функционална правна држава, а во овој момент ги немаме ни двете.

Николоски рече дека ентузијазмот за ЕУ опаѓа, а се повеќе граѓани се иселуваат, што веројатно е одговорност и на ЕУ и на Македонија.

Македонија има свој уникатен пат за влез во Унијата различен од патот на која било друга членка. Ќе се согласите дека ваков притисок од соседите прво Грција, па сега Бугарија никоја друга земја немала, истакна Николоски.

Кога ќе ги погледнеме работите дома, додаде тој, она што најмногу му пречи е боењето на работите црно и бело, користењето на европските интеграции за внатрепартиска политика.

Па можеме често да слушнеме дека едни се проЕУ други се антиЕУ, што мислам дека е злоупотреба на овој процес затоа што во главните политички партии во Македонија апсолутно не постојат разлики, туку постои консензус по однос на проширувањето на ЕУ. Не постои посериозна политичка партија која е против ЕУ и тој дискурс треба да се тргне, истакна Николоски.

Од една страна, истакна тој, политичари зборуваат за ЕУ, а корупцијата расте и нема функционална правна држава.

-Не мислам дека проЕУ оди со прокорупција, ако ми дозволите корупцијата се спушти на најниско можно ниво во државата, рече тој.

Се надева дека вакви конференции ќе помогнат и за намалување на поларизацијата по сите основи, не само политичка.

Адеми и Николовски зборуваа на отворањето на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК) која се одржува во Собранието. На пленарната сесија се дискутира на панели на темите „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи“ и „Како да се справиме со климатските промени и социјалните последици во земјоделството, шумарството и животната средина“. Пред нив говор имаше и претседателот Стево Пендаровски, а потоа и амбасадорите на ЕУ и на Слковачка и заменик-амбасадорот на САД.

The post Адеми вели уставни измени нема да ѝ наштетат на Македонија, Николоски бара да не се злоупотребува процесот за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми во говорот на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК) истакна дека земјата нема да претрпи никаква штета ако го исполниме условот за измена на Уставот и ги почнеме преговорите со ЕУ. Неговиот колега од Националниот комитет за европски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски рече дека главните политички партии во Македонија имаат консензус по прашањето за проширување на Унијата и побара овој процес да не се злоупотребува. Адеми рече дека сме исправени пред еден голем предизвик што е поврзано со уставните измени и предуслов за отворање на кластерите. Лично, но тоа е став и на ДУИ, рече Адеми, „Република Македонија нема да претрпи никаква штета ако го исполниме овој услов и во нашиот Устав се вклучат и други етнички заедници вклучувајќи ја и бугарската“. Тоа, според него, треба да го направиме што е можно побрзо, ако навистина мислиме, а не само декларативно да го следиме европскиот пат.
Поборник сум за широк, меѓупартиски државен општествен консензус. Сметам и длабоко сум уверен дека немаме право да се откажеме од зацртаните стратешки цели, кои се генерациски и не се во функција на дневната политика. Потполно ги поддржувам Владата и напорите на нашите институции да влеземе во ЕУ во 2030 година. Помалку да се занимаваме со политика, а повеќе да се фокусираме на реформите, рече Адеми.
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието Александар Николоски истакна дека за обичните граѓани членството во ЕУ се сведува на економска состојба и подобар живот и функционална правна држава, а во овој момент ги немаме ни двете. Николоски рече дека ентузијазмот за ЕУ опаѓа, а се повеќе граѓани се иселуваат, што веројатно е одговорност и на ЕУ и на Македонија.
Македонија има свој уникатен пат за влез во Унијата различен од патот на која било друга членка. Ќе се согласите дека ваков притисок од соседите прво Грција, па сега Бугарија никоја друга земја немала, истакна Николоски.
Кога ќе ги погледнеме работите дома, додаде тој, она што најмногу му пречи е боењето на работите црно и бело, користењето на европските интеграции за внатрепартиска политика.
Па можеме често да слушнеме дека едни се проЕУ други се антиЕУ, што мислам дека е злоупотреба на овој процес затоа што во главните политички партии во Македонија апсолутно не постојат разлики, туку постои консензус по однос на проширувањето на ЕУ. Не постои посериозна политичка партија која е против ЕУ и тој дискурс треба да се тргне, истакна Николоски.
Од една страна, истакна тој, политичари зборуваат за ЕУ, а корупцијата расте и нема функционална правна држава.
-Не мислам дека проЕУ оди со прокорупција, ако ми дозволите корупцијата се спушти на најниско можно ниво во државата, рече тој.
Се надева дека вакви конференции ќе помогнат и за намалување на поларизацијата по сите основи, не само политичка. Адеми и Николовски зборуваа на отворањето на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК) која се одржува во Собранието. На пленарната сесија се дискутира на панели на темите „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи“ и „Како да се справиме со климатските промени и социјалните последици во земјоделството, шумарството и животната средина“. Пред нив говор имаше и претседателот Стево Пендаровски, а потоа и амбасадорите на ЕУ и на Слковачка и заменик-амбасадорот на САД.

The post Адеми вели уставни измени нема да ѝ наштетат на Македонија, Николоски бара да не се злоупотребува процесот за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Арбр Адеми: Протоколот ќе се објави откако ќе биде потпишан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arbr-ademi-protokolot-kje-se-objavi-otkako-kje-bide-potpishan/ Mon, 11 Jul 2022 11:01:35 +0000 https://republika.mk/?p=526963

Сите документи поврзани со францускиот предлог се јавно достапни, граѓаните може да ги прочитаат, а протоколот не е уште финализиран и објавен, кога ќе се потише ќе биде објавен.

Ова го изјави пратеникот од ДУИ,  Арбр Адеми.

The post Арбр Адеми: Протоколот ќе се објави откако ќе биде потпишан appeared first on Република.

]]>

Сите документи поврзани со францускиот предлог се јавно достапни, граѓаните може да ги прочитаат, а протоколот не е уште финализиран и објавен, кога ќе се потише ќе биде објавен. Ова го изјави пратеникот од ДУИ,  Арбр Адеми.

The post Арбр Адеми: Протоколот ќе се објави откако ќе биде потпишан appeared first on Република.

]]>
Адеми: Македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ademi-makedonskiot-jazik-e-chist-vo-pregovarachkata-ramka/ Wed, 06 Jul 2022 12:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=524781

Нема време за лажни вести. Не смее лажните вести да преовладуваат, туку вистината да преовлада. Затоа сме денеска тука да разговараме со аргументи. Нема штета од дискусија, разговори, преговори, објаснувања и дообјаснувања со сите засегнати страни, изјави координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми пред денешната средба на партиските работни групи во Клубот на пратеници.

Македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка без фусноти, без ѕвездичка, без дополнителни објаснувања. Велат дека немаме старт на преговори. Ќе имаме старт на преговори, тоа вчера беше истакнато и од страна на претседателот на Европскиот Совет и дека ние и Албанија би стартувале веднаш со преговори, со скрининг процес којшто го поминале сите земји членки. Така што и ние и Албанија заедно ќе поминеме низ тоа - изјави Адеми.

Додаде дека лажни вести се информациите дека нема преговарачка рамка и дека протоколот е дел од преговарачката рамка.

Во преговарачката рамка се вели дека европското законодавство ќе се преведе на македонски јазик со што се потврдува дека македонскиот јазик е официјален и ќе биде службен јазик на ЕУ. Мислам дека тоа е придобивката од предлогот што го имаме за да нема лажни вести низ општеството, низ јавноста. Унилатерална изјава можно е да има, но со ЕУ ние ќе комуницираме на македонски јазик и македонскиот јазик е чист во овој правец. Македонскиот јазик што и вие и јас го зборуваме - рече Адеми, додавајќи дека на македонски јазик ќе се потпише и договорот со Фронтекс, кој беше закочен поради тоа што беше оспоруван македонскиот јазик.

The post Адеми: Македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка appeared first on Република.

Адеми кој фрлаше со филџани и микрофони: Да се воздржиме од насилство, протестот и револтот да бидат исконтролирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ademi-koj-frlashe-so-fildzani-i-mikrofoni-da-se-vozdrzime-od-nasilstvo-protestot-i-revoltot-da-bidat-iskontrolirani/ Mon, 04 Jul 2022 19:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=523857

Претседателот на собраниската комисија за европски прашања и поранешен министер за образование Арбр Адеми во емисијата „24 анализа“ велерва рече дека е изненаден од протестите против францускиот предлог.

Протестите се загарантирани со Устав и се организираат во рамките на законите и секогаш е дозволено да се изрази револт. Во вакви околности, не очекував протести, дека четирите најголеми политички партии се стремевме за постигнување на стратешките цели, НАТО и ЕУ. Во протоколот е во насока на имплементација на еден дел од договорот зсо Бугарија, кој не е дел од Преговарачката рамка. Треба да се воздржиме од насилство, протестот треба да биде исконтролиран. Се работи за наш имот и нне треба да оставиме лоша слика. Имаме лажни пропафанти и партиски пропаганди. Не е време да се делиме на патриоти и предавници, рече Адеми, кој неодамна отиде против својот совет и баш неконтролирано и насилно изрази „протест“.

The post Адеми кој фрлаше со филџани и микрофони: Да се воздржиме од насилство, протестот и револтот да бидат исконтролирани appeared first on Република.

Џафери во одбрана на Адеми: Ако пратениците си седат на место, ќе нема инциденти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-vo-odbrana-na-ademi-ako-pratenicite-si-sedat-na-mesto-kje-nema-incidenti/ Wed, 29 Jun 2022 10:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=521051

Немам надлежност да побарам одговорност, тоа се пратеници, а не службеници, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери коментирајќи го насилството на претседателот на Комисијата за европски прашања, сопартиецот Арбр Адеми.

Џафери истакна дека иако Адеми даде објаснување, сепак оцени дека тоа не е добро да се случува.

Треба да се гледа целата снимка и да се види дека Адеми бил испровоциран, дали со лична навреда, јас не знам и нема да оценувам, рече Џафери.

Инцидентот на Комисијата за европски прашања му го припишаа на Арбер Адеми, инцидентот го предизвикаа тие коишто отидоа до говорницата. Пораката е да не се повтори. Ако секој си седи на своето место ќе нема инциденти, рече на брифинг со новинарите Џафери и порача јавноста да ја изгледа целата снимка за да има увид кој го испровоцирал претседателот на Комисијата за тој да фрла со филџани, тацни и шишиња по опозициските пратеници.

Не оправдувам ништо. Не оправдувам таков чин. Тоа никако не е добро. Но јас како претседател на Собранието немам надлежност да влијаам и да интервенирам. Претседателот на комисијата е надлежен за редот на комисиската седница, а обезбедувањето не може да интервенира додека не биде повикано. Треба да се гледа целата снимка и да се види дека Адеми бил испровоциран, дали со лична навреда, јас не знам и нема да оценувам. Не е во ред целата вина да падне врз Адеми. Но кога се гледа целината, јасно е. Јас не можам да ги врзам пратениците или да ги апсам за да не излегуваат пред говорница – рече Џафери.

The post Џафери во одбрана на Адеми: Ако пратениците си седат на место, ќе нема инциденти appeared first on Република.

]]>

Немам надлежност да побарам одговорност, тоа се пратеници, а не службеници, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери коментирајќи го насилството на претседателот на Комисијата за европски прашања, сопартиецот Арбр Адеми. Џафери истакна дека иако Адеми даде објаснување, сепак оцени дека тоа не е добро да се случува.
Треба да се гледа целата снимка и да се види дека Адеми бил испровоциран, дали со лична навреда, јас не знам и нема да оценувам, рече Џафери.
Инцидентот на Комисијата за европски прашања му го припишаа на Арбер Адеми, инцидентот го предизвикаа тие коишто отидоа до говорницата. Пораката е да не се повтори. Ако секој си седи на своето место ќе нема инциденти, рече на брифинг со новинарите Џафери и порача јавноста да ја изгледа целата снимка за да има увид кој го испровоцирал претседателот на Комисијата за тој да фрла со филџани, тацни и шишиња по опозициските пратеници.
Не оправдувам ништо. Не оправдувам таков чин. Тоа никако не е добро. Но јас како претседател на Собранието немам надлежност да влијаам и да интервенирам. Претседателот на комисијата е надлежен за редот на комисиската седница, а обезбедувањето не може да интервенира додека не биде повикано. Треба да се гледа целата снимка и да се види дека Адеми бил испровоциран, дали со лична навреда, јас не знам и нема да оценувам. Не е во ред целата вина да падне врз Адеми. Но кога се гледа целината, јасно е. Јас не можам да ги врзам пратениците или да ги апсам за да не излегуваат пред говорница – рече Џафери.

The post Џафери во одбрана на Адеми: Ако пратениците си седат на место, ќе нема инциденти appeared first on Република.

]]>
Пратеникот кој маваше со филџани во Собрание: Овие сцени се за жалење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenikot-koj-mavashe-so-fildzani-vo-sobranie-ovie-sceni-se-za-zalenje/ Tue, 28 Jun 2022 10:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=520708

Вчерашниот инцидент во Собранието доби помирно продолжение денеска, во кое повторно се истите актери, но на друг начин и со постудени глави. Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми (ДУИ), еден од учесниците во инцидентот се извини за настаните вчера, а Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ побара веднаш да се поднесе оставка.

Во изјава за „Слободен печат“ Адеми изрази жалење за инцидентот, но вели дека настаните биле испровоцирани од опозицијата.

Тоа не требаше да се случи. Реформската агенда на ова парламентарно мнозинство и на Владата треба да продолжи и не треба да потпаѓаме на вакви провокации од опозицијата кои се мотивирани од странски агенти за дестабилизација на земјата и за дефокусирање на јавноста од евроинтеграциските процеси. Станува збор за закон кој овозможува владеење на правото и затоа опозицијата сакаше да го оневозможи неговото донесување. Такви сцени не треба да се повторат ни од опозицијата, ни од било кој друг. Жалам за ваквите сцени - вели Адеми.

Тој вели дека опозиционерите се обиделе да го спречат гласањето за дневниот ред и дека имало насилство врз него.

Сите пратеници имаат партиска агенда, но таа не смее да биде на штета на институциите и граѓаните. Додека го држев микрофонот на сила ми го зедоа и физички ме повредија. Овие сцени се за жалење - вели Адеми

Тој за целиот инцидент го обвинува Антонио Милошоски.

Тој (Милошоски) е под влијанија на странски служби и ја загрозува проевропската иднина на Македонија. Познато е дека е против албанското образвование и дека е бугарофил - вели Арбер Адеми за „Слободен печат“.

Дафина Стојаноска денеска оцени дека Адеми не правел ништо добро за пратеничката група на на ДУИ, иако е нејзин координатор, и дека по вчерашниот инцидент треба веднаш да си поднесе оставка. Зборувајќи за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, Стојаноска уште рече дека нема зошто да преговараме околу францускиот предлог.

Кои се Ковачевски и Османи да преговараат во наше име“, рече Стојаноска.

The post Пратеникот кој маваше со филџани во Собрание: Овие сцени се за жалење appeared first on Република.

]]>

Вчерашниот инцидент во Собранието доби помирно продолжение денеска, во кое повторно се истите актери, но на друг начин и со постудени глави. Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми (ДУИ), еден од учесниците во инцидентот се извини за настаните вчера, а Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ побара веднаш да се поднесе оставка. Во изјава за „Слободен печат“ Адеми изрази жалење за инцидентот, но вели дека настаните биле испровоцирани од опозицијата.
Тоа не требаше да се случи. Реформската агенда на ова парламентарно мнозинство и на Владата треба да продолжи и не треба да потпаѓаме на вакви провокации од опозицијата кои се мотивирани од странски агенти за дестабилизација на земјата и за дефокусирање на јавноста од евроинтеграциските процеси. Станува збор за закон кој овозможува владеење на правото и затоа опозицијата сакаше да го оневозможи неговото донесување. Такви сцени не треба да се повторат ни од опозицијата, ни од било кој друг. Жалам за ваквите сцени - вели Адеми.
Тој вели дека опозиционерите се обиделе да го спречат гласањето за дневниот ред и дека имало насилство врз него.
Сите пратеници имаат партиска агенда, но таа не смее да биде на штета на институциите и граѓаните. Додека го држев микрофонот на сила ми го зедоа и физички ме повредија. Овие сцени се за жалење - вели Адеми
Тој за целиот инцидент го обвинува Антонио Милошоски.
Тој (Милошоски) е под влијанија на странски служби и ја загрозува проевропската иднина на Македонија. Познато е дека е против албанското образвование и дека е бугарофил - вели Арбер Адеми за „Слободен печат“.
Дафина Стојаноска денеска оцени дека Адеми не правел ништо добро за пратеничката група на на ДУИ, иако е нејзин координатор, и дека по вчерашниот инцидент треба веднаш да си поднесе оставка. Зборувајќи за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, Стојаноска уште рече дека нема зошто да преговараме околу францускиот предлог.
Кои се Ковачевски и Османи да преговараат во наше име“, рече Стојаноска.

The post Пратеникот кој маваше со филџани во Собрание: Овие сцени се за жалење appeared first on Република.

]]>
Стојаноска: Јавното обвинителство да реагира, бараме да се симне имунитетот на Адеми и да одговара за насилството во законодавниот дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoska-javnoto-obvinitelstvo-da-reagira-barame-da-se-simne-imunitetot-na-ademi-i-da-odgovara-za-nasilstvoto-vo-zakonodavniot-dom/ Tue, 28 Jun 2022 10:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=520696

Вчера бевме сведоци на уште едно самоволие и насилство на владеачкото мнозинство во Собранието. Вчера на комисијата за европски прашања пратеникот и претседател на комисијата Арбер Адеми дивееше, кршеше инвентар и фрлаше предмети по пратеници, изјави на денешната прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Таа посочи дека очигледно нервозата во ДУИ и СДСМ расте и ја губат контролата.

-Несанкционирањето на примитивизмот на Талат Џафери, кој пцуеше службеници во Собранието и заклучуваше пратеници во пленарна сала, е причина таквото недемократско поведение да продолжи да се манифестира од други членови од мнозинството. Јавноста виде дека вчера на Комисијата спротивно на Деловникот, Арбер Адеми се обиде да заклучи дневен ред иако имаше пријавено пратеници кои истиот сакаа да го надополнат. Тој ги оневозможи пратениците Снопче, Азири, Стојановска, Милошоски, Петрушевски да го искористат деловничкото право да предложат други точки, пред истиот да биде усвоен. Кога беше спречен од колегите пратеници тој се изгуби тотално почна да навредува, да влече и удира, да уништува инвертар, па дури и намерно да фрла цврсти предмети од кои еден го погоди колегата Азири директно во главата. Основот за ова насилие е носење на закон за противправно продолжување на мандатот на Кацарска судиите и Русковска обвинителите кое владеачкото мнозинство се обидува шверцерски да го протурка. Ова веќе ги преминува сите граници, ова веќе е класичен пример за кривично дело. Повикуваме Јавното обвинителство да реагира, а во исто време бараме да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми и да одговара за насилството во законодавниот дом. Очекуваме и пратениците од коалицијата на СДСМ и Димитар Ковачевски да излезат од скутот на ДУИ и еднаш барем да се охрабрат и да санкционираат вакво однесување, бидејќи гледаме дека кога едно самоволие и насилство не се санкционира, тогаш уште поголемо се повторува, нагласи таа.

Ваквата нервоза и насилство го покажува тоталитарното лице на власта, но во исто време и слабоста и очајот кој владее кај нив затоа што знаат дека паѓаат.

The post Стојаноска: Јавното обвинителство да реагира, бараме да се симне имунитетот на Адеми и да одговара за насилството во законодавниот дом appeared first on Република.

Стојаноска: Адеми да си поднесе оставка, неговото однесување е срамно за Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoska-ademi-da-si-podnese-ostavka-negovoto-odnesuvanje-e-sramno-za-sobranieto/ Tue, 28 Jun 2022 09:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=520619

Дафина Стојаноска, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободен печат, по вчерашните случувања во македонското собрание каде пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми вербално и физички ги нападна пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и нејзе вели дека Адеми под итно треба да си поднесе оставка од пратеничката функција.

Арбер Адеми под итно според мене денеска треба да си поднесе оставка. Тој ништо добро не прави за пратеничката група на ДУИ, а е координатор, изјави Стојаноска.

Во однос на францускиот предлог, Стојаноска вели дека опозицијата не е вклучена во надворешните прашања, прашувајќи кој е Димитар Ковачевски и Бујар Османи да преговараат во име на граѓаните, кога пред една година во Собранието донеле Резолуција во македонското собрание со консензус каде што јасни ги исцртале македонските црвени линии.

Ќе измине една година откако Резолуцијата ја усвоивме со консензус, и зошто после тоа преговараат. Зошто да преговараме? Дали бугарскиот парламент после нивната декларација се повлече од нивната црвена линија. Или ние ќе кажеме не овој предлог не во ваква форма. Но, дајте ни да го видиме и тој предлог. Кој е Ковачевски и Османи тие да преговараат во наше име, праша Стојаноска.

The post Стојаноска: Адеми да си поднесе оставка, неговото однесување е срамно за Собранието appeared first on Република.

Апасиев: Добро утро на сите, освен на Командант Филџани – Варваринот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-dobro-utro-na-site-osven-na-komandant-fildzani-varvarinot/ Tue, 28 Jun 2022 09:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=520617

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев по вчерашниот инцидент во собранието, утрово објави статус во кој им посака добро утро на своите следбеници, освен на пратеникот Арбр Адеми.

„Добро утро на сите, освен на Командант Филџани – Варваринот“, напиша Апасиев.

The post Апасиев: Добро утро на сите, освен на Командант Филџани – Варваринот appeared first on Република.

Стојаноска: Насилство врз целата нација од мала група криминалци кои ги штитат сопствените интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoska-nasilstvo-vrz-celata-nacija-od-mala-grupa-kriminalci-koi-gi-shtitat-sopstvenite-interesi/ Tue, 28 Jun 2022 07:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=520572

Ова не е демоктарија, ова е насилство врз целата македонска нација од мала група криминалци кои само ги штитат сопствените интереси, вели пратеничката Дафина Стојаноска, која вчера беше нападната во Собранието

За да ѝ биде појасно на јавноста, претседателот на КЕП (Комисија за европски прашања) Арбер Адеми не дозволуваше да се јават за збор пратениците од опозицијата, насила сакаше да го протурка Законот за продолжување на мандатот на судии и јавни обвинители. На нашите реакции за неговото неделовничко однесување тој буквално здиве!

The post Стојаноска: Насилство врз целата нација од мала група криминалци кои ги штитат сопствените интереси appeared first on Република.

]]>

Ова не е демоктарија, ова е насилство врз целата македонска нација од мала група криминалци кои само ги штитат сопствените интереси, вели пратеничката Дафина Стојаноска, која вчера беше нападната во Собранието За да ѝ биде појасно на јавноста, претседателот на КЕП (Комисија за европски прашања) Арбер Адеми не дозволуваше да се јават за збор пратениците од опозицијата, насила сакаше да го протурка Законот за продолжување на мандатот на судии и јавни обвинители. На нашите реакции за неговото неделовничко однесување тој буквално здиве!

The post Стојаноска: Насилство врз целата нација од мала група криминалци кои ги штитат сопствените интереси appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Смешно е дека еден ден откако Бујар се пожали дека по Албанците се фрлале дрва и камења, Интегративец гаѓаше Албанци и Македонци со тацни и шољички https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickovski-smeshno-e-deka-eden-den-otkako-bujar-se-pozali-deka-po-albancite-se-frlale-drva-i-kamenja-integrativec-gagjashe-albanci-i-makedonci-so-tacni-i-sholjichki/ Mon, 27 Jun 2022 22:03:29 +0000 https://republika.mk/?p=520519

Смешно е дека еден ден откако Бујар се пожали дека по Албанците се фрлале дрва и камења, Интегративец гаѓаше Албанци и Македонци со тацни и шољички, коментира Ивор Мицковски.

Со други зборови, ситуацијата не е толку сериозна - пишува Мицковски.

The post Мицковски: Смешно е дека еден ден откако Бујар се пожали дека по Албанците се фрлале дрва и камења, Интегративец гаѓаше Албанци и Македонци со тацни и шољички appeared first on Република.

Власта СДСМ/ДУИ спроведува насилство врз пратеници за да дефокусираат од тајните преговори со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-sdsm-dui-sproveduvaat-nasilstvo-vrz-pratenici-za-da-defokusiraat-od-tajnite-pregovori-so-bugarija/ Mon, 27 Jun 2022 21:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=520496

Власта СДСМ/ДУИ спроведуваат насилство врз пратеници за да дефокусираат од тајните преговори во Софија со Бугарија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Насилие, физичка пресметка, недоличен речник е вистинската слика за криминалната власт на СДСМ И ДУИ.

На лудилото на власта и нема крај.

Граѓаните денес беа сведоци на вистинското лице на насилниците на ДУИ И СДСМ како физички нападнаа свои колеги мавајќи со чаши по нив.

Наместо СДСМ да го осуди ваквото насилничко однесување на Арбер Адеми застана во одбрана на насилството и го поддржа ваквото скандалозно однесување

СДСМ И ДУИ денес во Собранието демонстрираа сила и предизвикаа инцидент за да се дефокусира јавноста од она што тајно денес го реализираат.

Неспособната власт сака да ја дефокусира јавноста од тајните преговори кои денес се водат во Софија за предавствата на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ.

Ваквите мрачни сценарија нема да им поминат. Премногу е! - се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Власта СДСМ/ДУИ спроведува насилство врз пратеници за да дефокусираат од тајните преговори со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Власта СДСМ/ДУИ спроведуваат насилство врз пратеници за да дефокусираат од тајните преговори во Софија со Бугарија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Насилие, физичка пресметка, недоличен речник е вистинската слика за криминалната власт на СДСМ И ДУИ.   На лудилото на власта и нема крај.   Граѓаните денес беа сведоци на вистинското лице на насилниците на ДУИ И СДСМ како физички нападнаа свои колеги мавајќи со чаши по нив.   Наместо СДСМ да го осуди ваквото насилничко однесување на Арбер Адеми застана во одбрана на насилството и го поддржа ваквото скандалозно однесување   СДСМ И ДУИ денес во Собранието демонстрираа сила и предизвикаа инцидент за да се дефокусира јавноста од она што тајно денес го реализираат.   Неспособната власт сака да ја дефокусира јавноста од тајните преговори кои денес се водат во Софија за предавствата на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ.   Ваквите мрачни сценарија нема да им поминат. Премногу е! - се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Власта СДСМ/ДУИ спроведува насилство врз пратеници за да дефокусираат од тајните преговори со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Пренџов: „Европејците“ од ДУИ пукаат по сите шавови, #ВакаКрајотМириса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prendzov-evropejcite-od-dui-pukaat-po-site-shavovi-vakakrajotmirisa/ Mon, 27 Jun 2022 20:51:08 +0000 https://republika.mk/?p=520489

„Европејците“ од ДУИ пукаат по сите шавови! #ВакаКрајотМириса - напиша пратеникот Љупчо Пренџов по насилничкот однесување на неговиот колега од ДУИ, Арбр Адеми.

The post Пренџов: „Европејците“ од ДУИ пукаат по сите шавови, #ВакаКрајотМириса appeared first on Република.

ДУИ за насилството во Собранието: ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство за да го заштитат криминалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-za-nasilstvoto-vo-sobranieto-vmro-dpmne-i-alijansata-za-albancite-provociraat-verbalno-i-fizichko-nasilstvo-za-da-go-zashtitat-kriminalot/ Mon, 27 Jun 2022 20:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=520487

Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува насилството што денеска на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието го извршија пратениците на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратениците на Алијансата за Албанците.

Секогаш кога тема на расправа и на дневен ред во Собранието е воспоставувањето правда во државата, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство со цел да го заштитат криминалот и секогаш се појавуваат против правилното функционирање на правосудниот систем. Денеска на седницата на Комисијата за европски прашања уште еднаш се докажа дека ВМРО- ДПМНЕ и другите опозициски партии употребуваат насилство за да ја блокираат работата на Комисијата и тоа токму пратеници кои се под истрага поттикнаа инцидент и ја прекинаа седницата - се вели во соопштението на ДУИ.

Од партијата додаваат дека Собранието ќе продолжи да функционира во прозападен евроамерикански дух и ќе ја поддржи реализацијата на реформската агенда во партнерство со САД и Европската Унија.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, ги обвини СДСМ И ДУИ дека во Собранието демонстрирале сила и предизвикале инцидент за, како што велат, да се дефокусира јавноста од она што тајно денес го реализираат.

The post ДУИ за насилството во Собранието: ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство за да го заштитат криминалот appeared first on Република.

]]>

Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува насилството што денеска на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието го извршија пратениците на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратениците на Алијансата за Албанците.
Секогаш кога тема на расправа и на дневен ред во Собранието е воспоставувањето правда во државата, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство со цел да го заштитат криминалот и секогаш се појавуваат против правилното функционирање на правосудниот систем. Денеска на седницата на Комисијата за европски прашања уште еднаш се докажа дека ВМРО- ДПМНЕ и другите опозициски партии употребуваат насилство за да ја блокираат работата на Комисијата и тоа токму пратеници кои се под истрага поттикнаа инцидент и ја прекинаа седницата - се вели во соопштението на ДУИ.
Од партијата додаваат дека Собранието ќе продолжи да функционира во прозападен евроамерикански дух и ќе ја поддржи реализацијата на реформската агенда во партнерство со САД и Европската Унија. ВМРО-ДПМНЕ, пак, ги обвини СДСМ И ДУИ дека во Собранието демонстрирале сила и предизвикале инцидент за, како што велат, да се дефокусира јавноста од она што тајно денес го реализираат.

The post ДУИ за насилството во Собранието: ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство за да го заштитат криминалот appeared first on Република.

]]>
Азири од Култура со подршка за Адеми: Му се закани на Милошоски, спомнува кршење раце и нозе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aziri-od-kultura-so-podrshka-za-ademi-mu-se-zakani-na-miloshoski-spomnuva-krshenje-race-i-noze/ Mon, 27 Jun 2022 20:32:34 +0000 https://republika.mk/?p=520481

По инцидентот во собранието, во кој во главна улога беше пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми, државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири, јавно и директно испрати закани преку социјалните мрежи до пратеникот Антонијо Милошоски.

Азири јавно порача дека кон Милошоски треба да се примени насилство, па дури повикува на нанесување тешки телесни повреди.

https://republika.mk/vesti/makedonija/celosno-video-od-diveenjeto-na-arbr-ademi-vo-sobranieto/

The post Азири од Култура со подршка за Адеми: Му се закани на Милошоски, спомнува кршење раце и нозе appeared first on Република.

]]>

По инцидентот во собранието, во кој во главна улога беше пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми, државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири, јавно и директно испрати закани преку социјалните мрежи до пратеникот Антонијо Милошоски. Азири јавно порача дека кон Милошоски треба да се примени насилство, па дури повикува на нанесување тешки телесни повреди. https://republika.mk/vesti/makedonija/celosno-video-od-diveenjeto-na-arbr-ademi-vo-sobranieto/

The post Азири од Култура со подршка за Адеми: Му се закани на Милошоски, спомнува кршење раце и нозе appeared first on Република.

]]>
Целосно видео од „дивеењето“ на Арбр Адеми во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/celosno-video-od-diveenjeto-na-arbr-ademi-vo-sobranieto/ Mon, 27 Jun 2022 19:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=520455

На социјалните мрежи е објавемо целосна видео снимка од инцидентот во Собранието, кога поранешниот министер за образование и сегашен пратеник на ДУИ, Арбр Адеми, вербално и физички нападна пратеници, кон кои фрлаше со различни предмети што му се наоѓаа при рака.

The post Целосно видео од „дивеењето“ на Арбр Адеми во Собранието appeared first on Република.