Арбериа дизајн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arberia-dizajn/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Aug 2023 11:44:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Арбериа дизајн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arberia-dizajn/ 32 32 Изгор Рамковен: Министерството на Груби ја почести „Арбериа дизајн“ со 100.000 евра за прослава на Охридскиот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izgor-praznik-ministerstvoto-na-grubi-ja-pochesti-arberia-dizajn-so-100-000-evra-za-proslava-na-ramkovniot/ Tue, 01 Aug 2023 11:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=667615

Над половина милион евра ќе чини прославата на државните празници и посебно Охридскиот раковен договор.Тендерите ги добија две фирми, на јавни набавки на кои немале конкуренција. Тетовската фирма „Арбериа дизајн“ повторно ќе ја организира годишнината од Рамковниот договор, за која што е задолжено Министерството за политички систем, на чие чело е вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби, анализира „Дојче Веле“

Фирмата „Скопје Филм Студио“, пак, е задолжена да ги организира прославите за останатите државни празници, како и за настан од Отворен Балкан, за што Владата ќе треба да плати околу половина милион евра.

За четири државни празници - 350 илјади евра

Според договорите коишто се објавени на Бирото за јавни набавки, станува збор за активности поврзани со празниците 2 Август – Денот на Републиката, Илинден, 8 Септември – Денот на независноста, 11 Октомври – Денот на народното востание и 8 Декември – Ден на Св. Климент Охридски.

„Скопје Филм Студио“ ќе треба да „осмисли и реализира активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настани за одбележување“ на овие четири празници, за што ќе ѝ бидат исплатени околу 350.000 евра. За осмислување и реализација на активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настан - Отворен Балкан се планирани околу 150.000 евра.

Договорите се склучени во јули, а се на сила до крајот на годината. Како критериум за доделување на договорот се наведува најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот. Највисока добиена понуда била 19.991.554 денари, додека најниска добиена понуда е 9.999.224 денари.

Стихотворби и спотови за Рамковниот договор

Што се однесува до договорот со „Арбериа дизајн“, фирмата за 100 илјади евра ќе треба да ја организира манифестацијата по повод 22-годишнината од Рамковниот договор. Покрај хотелски, кетеринг и други услуги, на тетовската фирма ќе ѝ бидат исплатени 300 илјади денари за концепт за организирање на настанот, како и 290 илјади денари за стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна по повод годишнината. За продукција на спот за песната се предвидени околу 4.000 евра. Додека продукцијата на аудио-визулен спот за постигнувањата на Охридскиот договор ќе чини околу 6.000 евра.

Извор Дојче Веле

The post Изгор Рамковен: Министерството на Груби ја почести „Арбериа дизајн“ со 100.000 евра за прослава на Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>

Над половина милион евра ќе чини прославата на државните празници и посебно Охридскиот раковен договор.Тендерите ги добија две фирми, на јавни набавки на кои немале конкуренција. Тетовската фирма „Арбериа дизајн“ повторно ќе ја организира годишнината од Рамковниот договор, за која што е задолжено Министерството за политички систем, на чие чело е вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби, анализира „Дојче Веле“ Фирмата „Скопје Филм Студио“, пак, е задолжена да ги организира прославите за останатите државни празници, како и за настан од Отворен Балкан, за што Владата ќе треба да плати околу половина милион евра.

За четири државни празници - 350 илјади евра

Според договорите коишто се објавени на Бирото за јавни набавки, станува збор за активности поврзани со празниците 2 Август – Денот на Републиката, Илинден, 8 Септември – Денот на независноста, 11 Октомври – Денот на народното востание и 8 Декември – Ден на Св. Климент Охридски. „Скопје Филм Студио“ ќе треба да „осмисли и реализира активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настани за одбележување“ на овие четири празници, за што ќе ѝ бидат исплатени околу 350.000 евра. За осмислување и реализација на активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настан - Отворен Балкан се планирани околу 150.000 евра. Договорите се склучени во јули, а се на сила до крајот на годината. Како критериум за доделување на договорот се наведува најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот. Највисока добиена понуда била 19.991.554 денари, додека најниска добиена понуда е 9.999.224 денари.

Стихотворби и спотови за Рамковниот договор

Што се однесува до договорот со „Арбериа дизајн“, фирмата за 100 илјади евра ќе треба да ја организира манифестацијата по повод 22-годишнината од Рамковниот договор. Покрај хотелски, кетеринг и други услуги, на тетовската фирма ќе ѝ бидат исплатени 300 илјади денари за концепт за организирање на настанот, како и 290 илјади денари за стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна по повод годишнината. За продукција на спот за песната се предвидени околу 4.000 евра. Додека продукцијата на аудио-визулен спот за постигнувањата на Охридскиот договор ќе чини околу 6.000 евра. Извор Дојче Веле

The post Изгор Рамковен: Министерството на Груби ја почести „Арбериа дизајн“ со 100.000 евра за прослава на Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>