Арбер Адеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arber-ademi/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 14:16:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Арбер Адеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arber-ademi/ 32 32 На Арбер Адеми му е важно што сме заедно со Албанија на европскиот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-arber-ademi-mu-e-vazhno-shto-sme-zaedno-so-albanija-na-evropskiot-pat/ Fri, 13 Oct 2023 14:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=690982

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми денеска во Тирана на маргините на регионалната конференција на тема „Улогата на парламентите во Берлинскиот процес“ имал одвоена средба со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Игли Хасани.

Адеми во разговорот, како што соопшти собраниската прес-служба, информирал за актуелните случувања во Македонија во контекст на развојот на нашите евроинтегративни процеси. Истакнал дека заедно со Албанија сме на истиот пат за зачленување во ЕУ.

Министерот Хасани информирал за претстојниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана што ќе се одржи на 16 октомври, на владино ниво. Изразил поддршка за вклучување на парламентите од Западен Балкан во овој процес, кој, како што навел, претставува важна платформа за партнерство, помирување и регионална соработка на земјите од Западен Балкан, во рамките на ЕУ.

- Заедничка беше констатацијата дека двете земји развиваат пријателски односи на сите полиња и дека нема пречки тие да продолжат и во рамките на Берлинскиот процес, стои во соопштението

The post На Арбер Адеми му е важно што сме заедно со Албанија на европскиот пат appeared first on Република.

]]>

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми денеска во Тирана на маргините на регионалната конференција на тема „Улогата на парламентите во Берлинскиот процес“ имал одвоена средба со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Игли Хасани. Адеми во разговорот, како што соопшти собраниската прес-служба, информирал за актуелните случувања во Македонија во контекст на развојот на нашите евроинтегративни процеси. Истакнал дека заедно со Албанија сме на истиот пат за зачленување во ЕУ. Министерот Хасани информирал за претстојниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана што ќе се одржи на 16 октомври, на владино ниво. Изразил поддршка за вклучување на парламентите од Западен Балкан во овој процес, кој, како што навел, претставува важна платформа за партнерство, помирување и регионална соработка на земјите од Западен Балкан, во рамките на ЕУ. - Заедничка беше констатацијата дека двете земји развиваат пријателски односи на сите полиња и дека нема пречки тие да продолжат и во рамките на Берлинскиот процес, стои во соопштението

The post На Арбер Адеми му е важно што сме заедно со Албанија на европскиот пат appeared first on Република.

]]>
Адеми: Опозицијата ќе го добие на увид Договорот, сами нека одлучат кога и на која комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ademi-opozitsijata-ke-go-dobie-na-uvid-dogovorot-sami-neka-odluchat-koga-i-na-koja-komisija/ Tue, 02 May 2023 13:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=636118

Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми преку објава на својот Фејсбук профил реагираше на тврдењата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски дека пратеници од власта без безбедносен сертификан веќе имале увид во Договорот со „Бехтел и Енка“, посочувајќи дека тие како група на пратеници поднеле закони за, како што вели, градбата да трае пократко и поевтино.

-Милошовски лаже. Милошовски дрско лаже. Свесно креира лажни вести и ја става во заблуда јавноста. Ние, група пратеници, поднесовме закони за градбата да трае пократко и поевтино. ВМРО заедно со Левица ги блокира законите и свесно и намерно ги чинат граѓаните над 150 милиони евра и изгубени уште две години од нивните животи, вели Адеми во објавата.

Ако бараат изговори за блокирање на законите нека најдат пологична причина, а не да се служат со лаги.

Го бараа договорот, посочува тој, ќе го добијат и сами нека одлучат на која комисија сакаат да се одржи и сами да одлучат кога да се одржи.

-Очигледно сега смислуваат лаги за да продолжат со шпекулациите за најголемиот стратешки проект на државата. Ова е целосна невистина и брутална лага, рече Адеми.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска на прес-конференција истакна дека тие според Законот за класифицирани информации бараат да им биде биде даден на увид Договорот за „Бехтел и Енка“, а не, како што рече, некој министер да им го раскажува. Милошоски тврди дека Договорот веќе имале можност да го видат осум пратеници од ДУИ и двајца од СДСМ, од кои, како што рече, двајца пратеници немале безбедносен сертификат

The post Адеми: Опозицијата ќе го добие на увид Договорот, сами нека одлучат кога и на која комисија appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми преку објава на својот Фејсбук профил реагираше на тврдењата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски дека пратеници од власта без безбедносен сертификан веќе имале увид во Договорот со „Бехтел и Енка“, посочувајќи дека тие како група на пратеници поднеле закони за, како што вели, градбата да трае пократко и поевтино. -Милошовски лаже. Милошовски дрско лаже. Свесно креира лажни вести и ја става во заблуда јавноста. Ние, група пратеници, поднесовме закони за градбата да трае пократко и поевтино. ВМРО заедно со Левица ги блокира законите и свесно и намерно ги чинат граѓаните над 150 милиони евра и изгубени уште две години од нивните животи, вели Адеми во објавата. Ако бараат изговори за блокирање на законите нека најдат пологична причина, а не да се служат со лаги. Го бараа договорот, посочува тој, ќе го добијат и сами нека одлучат на која комисија сакаат да се одржи и сами да одлучат кога да се одржи.
-Очигледно сега смислуваат лаги за да продолжат со шпекулациите за најголемиот стратешки проект на државата. Ова е целосна невистина и брутална лага, рече Адеми.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска на прес-конференција истакна дека тие според Законот за класифицирани информации бараат да им биде биде даден на увид Договорот за „Бехтел и Енка“, а не, како што рече, некој министер да им го раскажува. Милошоски тврди дека Договорот веќе имале можност да го видат осум пратеници од ДУИ и двајца од СДСМ, од кои, како што рече, двајца пратеници немале безбедносен сертификат

The post Адеми: Опозицијата ќе го добие на увид Договорот, сами нека одлучат кога и на која комисија appeared first on Република.

]]>
Mилошоски за дивеењето на Адеми: Пратеникот од ДУИ не сакаше дневниот ред да се надополни со точка за случувањата во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-za-diveenjeto-na-ademi-pratenikot-od-dui-ne-sakashe-dnevniot-red-da-se-nadopolni-so-tochka-za-sluchuvanjata-vo-brisel/ Mon, 27 Jun 2022 18:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=520432

Пратеникот Антонио Милошоски за „Република“ објаснува што се случуваше на денешната собраниска комисија и дивеењето на претседателот Арбр Адеми. Инцидентот настанал поради дневниот ред за гласање и отако претседателот рекол дека нема предлог за дополнувње на дневниот ред иако имало таков предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

На Адеми не му се допадна тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ  барааа дополнување на дневниот ред на гласање. Нашето барање беше да се направи измена на дневниот ред и да се стави за дискусија точката за случувањата во Брисел. Кога гласно се побунивме дека го имаме тоа право според Деловникот Адеми се изнервира и го искина постолјето за микрофонот и ја пресече раката. Веднаш притрчаа пратеничките од ДУИ за да го смируваат-раскажува Милошоски за “Република“ што се случувало на комисијата за европски прашања.

https://republika.mk/vesti/makedonija/arbr-aemi-od-dui-fizichki-napadna-pratenik-vlasta-gubi-kontrola-nasilie-na-sobranieto/

.

На видеото се гледа како Адеми замавнува кон пратениците кои стојат пред него.Откако му ја удира раката на Милошоски настанува мешаница и по расправијата Адеми е изнесен од собраниската сала.

The post Mилошоски за дивеењето на Адеми: Пратеникот од ДУИ не сакаше дневниот ред да се надополни со точка за случувањата во Брисел appeared first on Република.