арбен Тарвари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arben-tarvari/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 12:00:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png арбен Тарвари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arben-tarvari/ 32 32 Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-za-pochinatoto-14-mesechno-bebe-se-nadevam-ke-se-razbudi-sovesta-kaj-menadhmentot-na-bolnitsata-vo-kozle/ Tue, 22 Oct 2024 10:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=829727

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, изјави дека добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и изрази надеж оти „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.

Ние ги резгледавме со екипата со правната екипа во Министерството, сите наши можности. Добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекори и се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле. Ќе дадеме официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одредени пропусти, лекарски, има - одговори Таравари по изјавите за медиуми денеска пред Клиниката за онкологија.

Тој смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните да почнуваат да веруваат во системот.

Претходно, министерот рече дека се надева оти двајцата директори ќе преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува од нив да има некаква одговорност.

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.

The post Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, изјави дека добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и изрази надеж оти „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.
Ние ги резгледавме со екипата со правната екипа во Министерството, сите наши можности. Добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекори и се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле. Ќе дадеме официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одредени пропусти, лекарски, има - одговори Таравари по изјавите за медиуми денеска пред Клиниката за онкологија.
Тој смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните да почнуваат да веруваат во системот. Претходно, министерот рече дека се надева оти двајцата директори ќе преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува од нив да има некаква одговорност. Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.

The post Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле appeared first on Република.

]]>
Таравари во три чекори до власт: Го намести Села во Тетово и Гостивар, доби куќа во Тафталиџе и влезе во Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-vo-tri-chekori-do-vlast-go-namesti-sela-vo-tetovo-i-gostivar-dobi-kuka-vo-taftalidhe-i-vleze-vo-vladata/ Thu, 16 Feb 2023 07:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=609517

На политичката сцена во Македонија во моментив се прикажува класичен систем на политичка корупција и политичка проституција, оценува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. СДСМ и ДУИ се обидуваат по секоја цена да внесат нови политички партии во Владата, а според него, тоа претставува куплерај, поради кој изборите губат смисла.
Која е поентата да има избори и по избори сите да сакаат да влезат во влада. Тогаш нема поента од избори, коментира Николоски на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.
 
Николоски посочи дека дека Алијанса за Албанците е уценета, а овој Таравари не е истиот од претходно.
На локалните избори Алијанса помина катастрофално во Тетово. Таравари намерно го намести Зијадин Села имајќи предвид дека Таравари во Тетово и Гостивар е повлијателен и намерно не сработи. Села мораше да замине, тоа беше првиот чекор. Вториот чекор во скопско Тафталиџе му беше поклонета куќа од 261 квардат на Таравари и третиот чекор, тој ја внесува Алијанса во Владата. За мој вкус многу евтино се продадоа, посочи Николоски. 
 
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека подготвуваат документи за други челници од Алијанса кои наведуваат дека „таа партија е искорумпирана“. 
 
Сакаат да влезат во Влада да доискрадат. Значи има само политичка проституција и политичка корупција во Алијанса, укажа Николоски.
Николоски заклучи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека за решавање на кризата е да се оди на избори.
На избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, жално е што Македонија ќе изгуби уште неколку месеци, рече тој и додаде дека ако следната година заедно се одржат претседателските и парламентарните избори, партијата ќе има двојна победа.

The post Таравари во три чекори до власт: Го намести Села во Тетово и Гостивар, доби куќа во Тафталиџе и влезе во Владата appeared first on Република.

Таравари пред средбата со Ковачевски: Доколку ги синхронизираме програмите ќе продолжиме во следната фаза преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-pred-sredbata-so-kovachevski-dokolku-gi-sinhronizirame-programite-ke-prodolzhime-vo-slednata-faza-pregovori/ Tue, 31 Jan 2023 12:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=602983

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска пред средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, изјави дека денеска за првпат ќе зборуваат за преговори со мнозинството во Владата.

Ќе разговараме за синхронизација на нашата програма со нивната. Ако можеме ова да го синхронизираме ќе продолжиме во следна фаза на преговори, евентуално можеби и кадровски - изјави Таравари пред средбата со Ковачевски.

Според него, првата и најбитна точка е пакетот на Алијанса за борба против корупција и криминал и функционирањето на државата.

За другите точки мислам дека е некоректно сега да зборувам пред да ги презентираме пред партиите од Владата - рече Таравари.

Претходно денеска, премиерот Димитар Ковачевски, по конференцијата „Година на нови можности“ информира дека ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка.

На средбата со Таравари, како што посочи, ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење одлуки кои значат побрзо и поефикасно справување со енергетската криза, како и носење реформски закони.

Тој најави дека денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разговара за актуелните прашања.

The post Таравари пред средбата со Ковачевски: Доколку ги синхронизираме програмите ќе продолжиме во следната фаза преговори appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска пред средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, изјави дека денеска за првпат ќе зборуваат за преговори со мнозинството во Владата.
Ќе разговараме за синхронизација на нашата програма со нивната. Ако можеме ова да го синхронизираме ќе продолжиме во следна фаза на преговори, евентуално можеби и кадровски - изјави Таравари пред средбата со Ковачевски.
Според него, првата и најбитна точка е пакетот на Алијанса за борба против корупција и криминал и функционирањето на државата.
За другите точки мислам дека е некоректно сега да зборувам пред да ги презентираме пред партиите од Владата - рече Таравари.
Претходно денеска, премиерот Димитар Ковачевски, по конференцијата „Година на нови можности“ информира дека ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка. На средбата со Таравари, како што посочи, ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење одлуки кои значат побрзо и поефикасно справување со енергетската криза, како и носење реформски закони. Тој најави дека денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разговара за актуелните прашања.

The post Таравари пред средбата со Ковачевски: Доколку ги синхронизираме програмите ќе продолжиме во следната фаза преговори appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Со Таравари ќе разговараме за политичките и програмските определби за идна можна соработка, СДСМ денеска ќе одржи седница на ИК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-taravari-ke-razgovarame-za-politichkite-i-programskite-opredelbi-za-idna-mozhna-sorabotka-sdsm-deneska-ke-odrzhi-sednitsa-na-ik/ Tue, 31 Jan 2023 11:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=602940

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“, одговарајќи на новинарско прашање околу денешната средба со претседателот на Алијанса за Албанците Таравари информира дека ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка.

На средбата со Таравари, како што посочи, ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење одлуки кои значат побрзо и поефикасно справување со енергетската криза, како и носење реформски закони.

Тој најави дека денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи седница на Извршниот комитет на која ќе се разговара за актуелните прашања.

The post Ковачевски: Со Таравари ќе разговараме за политичките и програмските определби за идна можна соработка, СДСМ денеска ќе одржи седница на ИК appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“, одговарајќи на новинарско прашање околу денешната средба со претседателот на Алијанса за Албанците Таравари информира дека ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка. На средбата со Таравари, како што посочи, ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење одлуки кои значат побрзо и поефикасно справување со енергетската криза, како и носење реформски закони. Тој најави дека денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи седница на Извршниот комитет на која ќе се разговара за актуелните прашања.

The post Ковачевски: Со Таравари ќе разговараме за политичките и програмските определби за идна можна соработка, СДСМ денеска ќе одржи седница на ИК appeared first on Република.

]]>
Немам дефинитивна одлука, вели Таравари на прашањето дали ќе се кандидира за наследник на Села https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nemam-definitivna-odluka-veli-taravari-na-prashanjeto-dali-kje-se-kandidira-za-naslednik-na-sela/ Sat, 17 Sep 2022 14:32:46 +0000 https://republika.mk/?p=551756

Новиот в.д претседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска по Централното собрание на партијата изјави дека е донесена одлука на 17 декември оваа година да се одржи вонреден конгрес на партијата.

Денеска имавме второ собрание на Алијанса за Албанците, каде што се констатираше неотповикливата оставка на Зијадин Села. Повеќето членови на конгресот ми дадоа поддршка на Централното собрание. Донесовме одлука на 17 декември оваа година да се одржи вонредниот конгрес на партијата - рече Таравари.

Тој се надева дека Алијанса за Албанците ќе продолжи да биде надеж за повеќето Албанци во државата, за да ги донесат промените во албанскиот блок.

На прашање дали ќе поднесе кандидатура за претседател на партијата, Таравари одговори дека се уште не донел дефинитивна одлука, а сега ќе биде само вршител на должноста. Тој посочи оти кандидатури можат да поднесат сите заинтересирани членови на партијата, две недели до одржување на вонредниот конгрес.

The post Немам дефинитивна одлука, вели Таравари на прашањето дали ќе се кандидира за наследник на Села appeared first on Република.

]]>

Новиот в.д претседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска по Централното собрание на партијата изјави дека е донесена одлука на 17 декември оваа година да се одржи вонреден конгрес на партијата.
Денеска имавме второ собрание на Алијанса за Албанците, каде што се констатираше неотповикливата оставка на Зијадин Села. Повеќето членови на конгресот ми дадоа поддршка на Централното собрание. Донесовме одлука на 17 декември оваа година да се одржи вонредниот конгрес на партијата - рече Таравари.
Тој се надева дека Алијанса за Албанците ќе продолжи да биде надеж за повеќето Албанци во државата, за да ги донесат промените во албанскиот блок. На прашање дали ќе поднесе кандидатура за претседател на партијата, Таравари одговори дека се уште не донел дефинитивна одлука, а сега ќе биде само вршител на должноста. Тој посочи оти кандидатури можат да поднесат сите заинтересирани членови на партијата, две недели до одржување на вонредниот конгрес.

The post Немам дефинитивна одлука, вели Таравари на прашањето дали ќе се кандидира за наследник на Села appeared first on Република.

]]>