арбен фетаи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arben-fetai/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 20:45:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png арбен фетаи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arben-fetai/ 32 32 Евроинтеграцијата и приоритетните реформи тема на разговор меѓу Фетаи и Сарацин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evrointegratsijata-i-prioritetnite-reformi-tema-na-razgovor-megu-fetai-i-saratsin/ Wed, 27 Nov 2024 20:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=842519

Стратешките приоритети на Владата во контекст на европската интеграција беа тема на разговор на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Од Кабинетот на вицепремиерот, информираат дека на средбата биле разменети мислења за неопходноста од забрзување на процесот на пристапување на земјава кон Европската Унија.

Во текот на разговорот, Фетаи ја нагласи силната посветеност на Владата кон унапредување на клучните реформи, како што се зајакнување на правната држава, интензивирање на борбата против корупцијата и градење на стабилни и функционални демократски институции.

Посебен акцент беше ставен на зачувувањето и унапредувањето на меѓуетничката хармонија, како и на промоцијата на јазичната разновидност – вредности кои се основа на општествената кохезија и развој на земјата.

Специјалниот претставник Сарацин ја истакна важноста од исполнување на обврските кои произлегуваат од Преговарачката рамка и ги охрабри властите да го искористат поволниот момент за започнување на преговорите за членство. Тој нагласи дека во рамки на ЕУ постои широк консензус за потребата од проширување со земјите од Западен Балкан.

The post Евроинтеграцијата и приоритетните реформи тема на разговор меѓу Фетаи и Сарацин appeared first on Република.

]]>

Стратешките приоритети на Владата во контекст на европската интеграција беа тема на разговор на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Од Кабинетот на вицепремиерот, информираат дека на средбата биле разменети мислења за неопходноста од забрзување на процесот на пристапување на земјава кон Европската Унија. Во текот на разговорот, Фетаи ја нагласи силната посветеност на Владата кон унапредување на клучните реформи, како што се зајакнување на правната држава, интензивирање на борбата против корупцијата и градење на стабилни и функционални демократски институции. Посебен акцент беше ставен на зачувувањето и унапредувањето на меѓуетничката хармонија, како и на промоцијата на јазичната разновидност – вредности кои се основа на општествената кохезија и развој на земјата. Специјалниот претставник Сарацин ја истакна важноста од исполнување на обврските кои произлегуваат од Преговарачката рамка и ги охрабри властите да го искористат поволниот момент за започнување на преговорите за членство. Тој нагласи дека во рамки на ЕУ постои широк консензус за потребата од проширување со земјите од Западен Балкан.

The post Евроинтеграцијата и приоритетните реформи тема на разговор меѓу Фетаи и Сарацин appeared first on Република.

]]>
Вицепремиерот Арбен Фетаи на средба со шефот на СПАК на Албанија, Аљтин Думани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vitsepremierot-arben-fetai-na-sredba-so-shefot-na-spak-na-albanija-altin-dumani/ Fri, 15 Nov 2024 20:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=838309

Заменик претседателот на Владата задолжен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи денеска во Специјална структура против корупција и организиран криминал (СПАК) на Албанија, остварил официјална средба со нејзиниот раководител, Аљтин Думани.

Kако што информираат од неговиот Кабинет, nа средбата, Фетаи го запознал Думани за мисијата и приоритетите на неговиот мандат, со посебен осврт на политиките и координацијата во борбата против корупцијата. Тој ја истакнал важноста од градење стабилни и независни институции како основа за унапредување на доброто владеење.

Како што наведуваат во соопштението, Думани ја претставил историјата и структурата на СПАК, споделувајќи искуства од патувањето на оваа институција како и предизвиците и успесите во борбата против корупцијата и организираниот криминал на високо ниво. Тој подвлекол дека целосната независност на СПАК од политиката и извршните институции, како и добро консолидираниот буџет се главните столбови на успехот на оваа институција.

Како резултат на тоа, довербата на граѓаните во СПАК достигна ниво од 70%. Дискусиите се фокусираа и на можностите за размена на искуства со правосудните институции во Македонија, имајќи ги предвид реформите што се преземаат во овој сектор. Позитивните искуства на СПАК, кој ужива висок углед во Албанија и во регионот, беа оценети како важен пример што треба да се следи. Оваа средба означува важен чекор кон зајакнување на билатералната соработка во борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото во двете земји, се посочува во соопштението од Кабинетот на Фетаи.

The post Вицепремиерот Арбен Фетаи на средба со шефот на СПАК на Албанија, Аљтин Думани appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи денеска во Специјална структура против корупција и организиран криминал (СПАК) на Албанија, остварил официјална средба со нејзиниот раководител, Аљтин Думани. Kако што информираат од неговиот Кабинет, nа средбата, Фетаи го запознал Думани за мисијата и приоритетите на неговиот мандат, со посебен осврт на политиките и координацијата во борбата против корупцијата. Тој ја истакнал важноста од градење стабилни и независни институции како основа за унапредување на доброто владеење. Како што наведуваат во соопштението, Думани ја претставил историјата и структурата на СПАК, споделувајќи искуства од патувањето на оваа институција како и предизвиците и успесите во борбата против корупцијата и организираниот криминал на високо ниво. Тој подвлекол дека целосната независност на СПАК од политиката и извршните институции, како и добро консолидираниот буџет се главните столбови на успехот на оваа институција.
Како резултат на тоа, довербата на граѓаните во СПАК достигна ниво од 70%. Дискусиите се фокусираа и на можностите за размена на искуства со правосудните институции во Македонија, имајќи ги предвид реформите што се преземаат во овој сектор. Позитивните искуства на СПАК, кој ужива висок углед во Албанија и во регионот, беа оценети како важен пример што треба да се следи. Оваа средба означува важен чекор кон зајакнување на билатералната соработка во борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото во двете земји, се посочува во соопштението од Кабинетот на Фетаи.

The post Вицепремиерот Арбен Фетаи на средба со шефот на СПАК на Албанија, Аљтин Думани appeared first on Република.

]]>
Поддршка од УНОПС за Македонија во борбата со корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poddrshka-od-unops-za-makedonija-vo-borbata-so-koruptsijata/ Fri, 08 Nov 2024 21:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=835732

Вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, во рамки на официјалната посета во Брисел денеска се сретнал со Маријакармен Колити, шеф на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) со седиште во Брисел.

-На средбата беше потврдена подготвеноста на УНОПС да даде постојана поддршка на Македонија во евроинтеграцискиот процес. Двете страни се согласија дека во фокусот на идната соработка треба да биде борбата против организираниот криминал и корупцијата, соопшти Кабинетот на Фетаи.

The post Поддршка од УНОПС за Македонија во борбата со корупцијата appeared first on Република.

Пораката од Брисел е дека местото на Македонија е во ЕУ, порача вицепремиерот Фетаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/porakata-od-brisel-e-deka-mestoto-na-makedonija-e-vo-eu-poracha-vitsepremierot-fetai/ Fri, 08 Nov 2024 17:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=835690

Пораката од Брисел е многу позитивна дека местото на Македонија е во Европската Унија, како и на целиот регион на Западниот Балкан, но треба да ги завршиме задачите што ги имаме како држава за да ја поминеме оваа фаза и да отвориме нова страница во процесот на зачленување во Европската Унија. изјави за МИА вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел на покана на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“.

Тој истакна дека бил поканет да учествува на годишната конференција на „Пријатели на Европа“ посветена на состојбите во Европа, во чии рамки присуствувал и на гала вечера заедно со претставници од сите земји членки на ЕУ, на приватниот сектор, на НАТО и САД.

- Примивме јасни пораки дека постои еден моментум кој го немаше досега, за да продолжиме на европскиот пат на нашата земја и за да го интегрираме Западниот Балкан во ЕУ. За жал, овие прилики настанаа по руската инвазија врз Украина и веќе сите во Брисел и во сите главните градови на ЕУ ја сфаќаат значајноста на овој моментум, важноста од интегрирањето на Западниот Балкан во ЕУ и на некаков начин и политичката сплотеност на европскиот континент, нагласи Фетаи.

Вицепремиерот информира дека слични пораки биле упатени и на Конференцијата за состојбите на Европа, во чии рамки се одржа и панел посветен на политиката на проширување на ЕУ.

- Пораките беа кристално јасни дека постои еден извонреден моментум, кој треба да го искористиме како Западен Балкан и да ги завршиме останатите обврски. Тоа што се очекува од нас се знае. Треба да ги заокружиме уставните измени, со што конечно ќе бидат отворени преговорите со ЕУ, додаде Фетаи.

Тој имал средби и со новиот известител на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц кој доаѓа од австриската партија Зелени, како и со „старата пријателка на нашата земја и на Западниот Балкан“, Улрике Луначек, која, како што нагласи, е голем застапник на политиката на проширување на ЕУ.

- Господинот Ваjц ми вети дека ќе ја следи линијата на неговата пратеничка група во Европскиот парламент и дека ќе има конструктивен и критички пристап во оние области каде што ќе имаме недостатоци, рече Фетаи.

На средбата станало збор и за борбата против корупцијата и за зајакнување на владеењето на правото, при што Вајц ветил дека во оваа насока ќе помага за решавање на „вонредните состојби наследени од власта на СДСМ и ДУИ“, кои, според Фетаи, не презеле никакви чекори во насока на борбата против криминалот и корупцијата.

- Во 2023 година немавме пресуди за случаи на корупција затоа што го сменија Кривичниот законик заради политички пазарења и нам ни останува да ги решаваме овие штети што ги наследивме во судството, обвинителството и Академијата за судии и обвинители, рече Фетаи.

Според него, сите овие закони се дел од нашата реформска агенда за приближување кон Европската Унија, кои треба да бидат преточени во конкретни резултати до крајот на оваа година. Во однос за оценката во Извештајот за напредокот на земјава на европскиот пат дека постои поларизација на нашето општество, Фетаи оцени дека и заканата по живот што му била упатена е показател на таа поларизација.

- Ова покажува дека екстремистичките сили, како Левица, успеале да ги поларизираат луѓето, да ги поларизираат граѓаните и заедниците меѓу себе. Ова не е агендата што треба да ја следи Македонија, која има за цел да стане членка на Европската Унија. Ова е руска агенда и тоа треба да се каже. Проруските и екстремистичките сили во нашата земја треба целосно да се игнорираат, јас одбивам да комуницирам со Левица, иако тие ме етикетираа за многу работи, како дека немам македонско државјанство, што беше чиста лажна вест. Јас сум државјанин на Македонија и секогаш сум бил државјанин на Македонија. Ме етикетираа како шпион на (косовскиот премиер) Албин Курти и што знам уште какви други будалаштини, рече Фетаи.

Тој потенцира дека во Белгија демократските сили и традиционалните демократски партии, одбиваат да комуницираат со екстремната десница, пример кој би требало да се следи и во нашата земја.

- Јас не би сакал да се најдам себеси во позиција да дебатирам со пратениците на Левица во Парламентот. Јас ги игнорирам пратениците на Левица, не ја земам пред вид ниту една нивна критика, бидејќи тие стануваат фактор кога ги коментирате и кога им реплицирате. Треба да се игнорираат, но исто така треба да се преземат мерки што се однесува до ширењето руски дезинформации во нашата земја. Нашите медиуми, и со жалење велам македонските медиуми, дел од нив, споделуваат руски дезинформации, како да е тоа класично информирање, додаде вицепремиерот за добро владеење.

Фетаи потенцира дека тука станува збор за ширење пропаганда и затоа треба да се преземат мерки, при што најави дека ќе покрене иницијативи за „решавање на проблемот со руските дезинформации и пропаганда во нашата земја“.

- Не е нормално медиумите во една земја која се стреми да отвори преговори со Европската Унија, да шират руска пропаганда на брутален начин и без да се цитира изворот да се споделува „Спутњик“ или „Раша тудеј“ кога знаеме кои се нивните намери. Нивните намери се да се затвори европскиот пат, тие се сили анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-САД и ние треба да поставиме црвени линии и да ги запреме таквите дестабилизирачки заложби, бидејќи крајната цел им е да се дестабилизира земјата и да отстапи од прозападниот пат, европскиот пат и од зачленувањето во Европската Унија, заклучи Фетаи.

Во врска, пак, со забелешките од Европската комисија за прекумерна употреба на инструментот „европско знаменце“ за носење по скратена постапка на закони кои не секогаш се поврзани со усогласување со законодавството на ЕУ, Фетаи нагласи дека таа постапка, за жал, беше злоупотребена од претходната власт.

- Повторно за жал, мора да признаеме дека и ние како нова Влада усвоивме закони по брза постапка, значи без собраниска расправа. Многу од првите закони што ги доставивме од Владата до Собранието беа по скратена постапка. Ова се должи на итноста со која се соочивме. Знаете дека наидовме на масакриран буџет од владеењето на СДСМ и ДУИ во текот на изборната година од чисто изборни причини, додаде Фетаи.

Според него, од тие причини новата Влада морала да преземеме мерки за санирање на состојбата во институциите, а да одговори на барањата од меѓународните партнери, но дека на владина седница била постигната согласност скратената постапка за носење на закони да се користи што е можно помалку, да се почитуваат законските рокови и да се вклучи на граѓанското општество во тие процеси.

- За да имаме транспарентен и сеопфатен пристап во законодавниот процес, ова треба да бидат стандарди и за нас како Македонија. Ова е европското барање, но пред се е и наше барање како нова власт - пристапот во законодавството да биде транспарентен, сеопфатен и во одбрана на општиот интерес, потенцира Фетаи за МИА.

The post Пораката од Брисел е дека местото на Македонија е во ЕУ, порача вицепремиерот Фетаи appeared first on Република.

]]>

Пораката од Брисел е многу позитивна дека местото на Македонија е во Европската Унија, како и на целиот регион на Западниот Балкан, но треба да ги завршиме задачите што ги имаме како држава за да ја поминеме оваа фаза и да отвориме нова страница во процесот на зачленување во Европската Унија. изјави за МИА вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел на покана на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“. Тој истакна дека бил поканет да учествува на годишната конференција на „Пријатели на Европа“ посветена на состојбите во Европа, во чии рамки присуствувал и на гала вечера заедно со претставници од сите земји членки на ЕУ, на приватниот сектор, на НАТО и САД.
- Примивме јасни пораки дека постои еден моментум кој го немаше досега, за да продолжиме на европскиот пат на нашата земја и за да го интегрираме Западниот Балкан во ЕУ. За жал, овие прилики настанаа по руската инвазија врз Украина и веќе сите во Брисел и во сите главните градови на ЕУ ја сфаќаат значајноста на овој моментум, важноста од интегрирањето на Западниот Балкан во ЕУ и на некаков начин и политичката сплотеност на европскиот континент, нагласи Фетаи.
Вицепремиерот информира дека слични пораки биле упатени и на Конференцијата за состојбите на Европа, во чии рамки се одржа и панел посветен на политиката на проширување на ЕУ.
- Пораките беа кристално јасни дека постои еден извонреден моментум, кој треба да го искористиме како Западен Балкан и да ги завршиме останатите обврски. Тоа што се очекува од нас се знае. Треба да ги заокружиме уставните измени, со што конечно ќе бидат отворени преговорите со ЕУ, додаде Фетаи.
Тој имал средби и со новиот известител на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц кој доаѓа од австриската партија Зелени, како и со „старата пријателка на нашата земја и на Западниот Балкан“, Улрике Луначек, која, како што нагласи, е голем застапник на политиката на проширување на ЕУ.
- Господинот Ваjц ми вети дека ќе ја следи линијата на неговата пратеничка група во Европскиот парламент и дека ќе има конструктивен и критички пристап во оние области каде што ќе имаме недостатоци, рече Фетаи.
На средбата станало збор и за борбата против корупцијата и за зајакнување на владеењето на правото, при што Вајц ветил дека во оваа насока ќе помага за решавање на „вонредните состојби наследени од власта на СДСМ и ДУИ“, кои, според Фетаи, не презеле никакви чекори во насока на борбата против криминалот и корупцијата.
- Во 2023 година немавме пресуди за случаи на корупција затоа што го сменија Кривичниот законик заради политички пазарења и нам ни останува да ги решаваме овие штети што ги наследивме во судството, обвинителството и Академијата за судии и обвинители, рече Фетаи.
Според него, сите овие закони се дел од нашата реформска агенда за приближување кон Европската Унија, кои треба да бидат преточени во конкретни резултати до крајот на оваа година. Во однос за оценката во Извештајот за напредокот на земјава на европскиот пат дека постои поларизација на нашето општество, Фетаи оцени дека и заканата по живот што му била упатена е показател на таа поларизација.
- Ова покажува дека екстремистичките сили, како Левица, успеале да ги поларизираат луѓето, да ги поларизираат граѓаните и заедниците меѓу себе. Ова не е агендата што треба да ја следи Македонија, која има за цел да стане членка на Европската Унија. Ова е руска агенда и тоа треба да се каже. Проруските и екстремистичките сили во нашата земја треба целосно да се игнорираат, јас одбивам да комуницирам со Левица, иако тие ме етикетираа за многу работи, како дека немам македонско државјанство, што беше чиста лажна вест. Јас сум државјанин на Македонија и секогаш сум бил државјанин на Македонија. Ме етикетираа како шпион на (косовскиот премиер) Албин Курти и што знам уште какви други будалаштини, рече Фетаи.
Тој потенцира дека во Белгија демократските сили и традиционалните демократски партии, одбиваат да комуницираат со екстремната десница, пример кој би требало да се следи и во нашата земја.
- Јас не би сакал да се најдам себеси во позиција да дебатирам со пратениците на Левица во Парламентот. Јас ги игнорирам пратениците на Левица, не ја земам пред вид ниту една нивна критика, бидејќи тие стануваат фактор кога ги коментирате и кога им реплицирате. Треба да се игнорираат, но исто така треба да се преземат мерки што се однесува до ширењето руски дезинформации во нашата земја. Нашите медиуми, и со жалење велам македонските медиуми, дел од нив, споделуваат руски дезинформации, како да е тоа класично информирање, додаде вицепремиерот за добро владеење.
Фетаи потенцира дека тука станува збор за ширење пропаганда и затоа треба да се преземат мерки, при што најави дека ќе покрене иницијативи за „решавање на проблемот со руските дезинформации и пропаганда во нашата земја“.
- Не е нормално медиумите во една земја која се стреми да отвори преговори со Европската Унија, да шират руска пропаганда на брутален начин и без да се цитира изворот да се споделува „Спутњик“ или „Раша тудеј“ кога знаеме кои се нивните намери. Нивните намери се да се затвори европскиот пат, тие се сили анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-САД и ние треба да поставиме црвени линии и да ги запреме таквите дестабилизирачки заложби, бидејќи крајната цел им е да се дестабилизира земјата и да отстапи од прозападниот пат, европскиот пат и од зачленувањето во Европската Унија, заклучи Фетаи.
Во врска, пак, со забелешките од Европската комисија за прекумерна употреба на инструментот „европско знаменце“ за носење по скратена постапка на закони кои не секогаш се поврзани со усогласување со законодавството на ЕУ, Фетаи нагласи дека таа постапка, за жал, беше злоупотребена од претходната власт.
- Повторно за жал, мора да признаеме дека и ние како нова Влада усвоивме закони по брза постапка, значи без собраниска расправа. Многу од првите закони што ги доставивме од Владата до Собранието беа по скратена постапка. Ова се должи на итноста со која се соочивме. Знаете дека наидовме на масакриран буџет од владеењето на СДСМ и ДУИ во текот на изборната година од чисто изборни причини, додаде Фетаи.
Според него, од тие причини новата Влада морала да преземеме мерки за санирање на состојбата во институциите, а да одговори на барањата од меѓународните партнери, но дека на владина седница била постигната согласност скратената постапка за носење на закони да се користи што е можно помалку, да се почитуваат законските рокови и да се вклучи на граѓанското општество во тие процеси.
- За да имаме транспарентен и сеопфатен пристап во законодавниот процес, ова треба да бидат стандарди и за нас како Македонија. Ова е европското барање, но пред се е и наше барање како нова власт - пристапот во законодавството да биде транспарентен, сеопфатен и во одбрана на општиот интерес, потенцира Фетаи за МИА.

The post Пораката од Брисел е дека местото на Македонија е во ЕУ, порача вицепремиерот Фетаи appeared first on Република.

]]>
„Куршум во глава за тебе шипо“, пристигнало на мејлот на вицепремиерот Фетаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kurshum-vo-glava-za-tebe-shipo-pristignalo-na-mejlot-na-vitsepremierot-fetai/ Fri, 08 Nov 2024 10:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=835454

Арбен Фетаи, вицепремиерот за добро владеење и транспарентност,вчера објави дека  на службениот мејл добил смртна закана и случајот го пријавил во МВР.

„Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да реагирам на закана по живот што ја добив во мојата официјална е-пошта. Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за издвојување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик“, објави вицепремиерот за добро владеење.

Фетаи рече дека во пораката имало и закани од типот „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ и „Смрт за Шиптари“.

„Не можам да останам рамнодушен на оваа закана. Лично го известив министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, барајќи постапување и зголемување на мерките на моето лично обезбедување. Тужбата е во тек, бидејќи заканите и екстремистите мора да го добијат одговорот што го заслужуваат: затвор според постоечките закони.

Воедно, ги известуваме сите оние кои имаат племенски менталитет дека нема сила која не спречува од одговорноста што ја добивме како функционери на коалицијата ВЛЕН. Ги потсетувам сите дека албанскиот јазик не загрозува ништо и никого. Јазикот е богатство, средство за комуникација што служи за разбирање и соработка, затоа нема да дозволиме албанскиот јазик да биде изговор за вакви луѓе да ни ја попречуваат работата“, додаде тој.

The post „Куршум во глава за тебе шипо“, пристигнало на мејлот на вицепремиерот Фетаи appeared first on Република.

]]>

Арбен Фетаи, вицепремиерот за добро владеење и транспарентност,вчера објави дека  на службениот мејл добил смртна закана и случајот го пријавил во МВР.
„Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да реагирам на закана по живот што ја добив во мојата официјална е-пошта. Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за издвојување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик“, објави вицепремиерот за добро владеење.
Фетаи рече дека во пораката имало и закани од типот „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ и „Смрт за Шиптари“.     „Не можам да останам рамнодушен на оваа закана. Лично го известив министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, барајќи постапување и зголемување на мерките на моето лично обезбедување. Тужбата е во тек, бидејќи заканите и екстремистите мора да го добијат одговорот што го заслужуваат: затвор според постоечките закони. Воедно, ги известуваме сите оние кои имаат племенски менталитет дека нема сила која не спречува од одговорноста што ја добивме како функционери на коалицијата ВЛЕН. Ги потсетувам сите дека албанскиот јазик не загрозува ништо и никого. Јазикот е богатство, средство за комуникација што служи за разбирање и соработка, затоа нема да дозволиме албанскиот јазик да биде изговор за вакви луѓе да ни ја попречуваат работата“, додаде тој.

The post „Куршум во глава за тебе шипо“, пристигнало на мејлот на вицепремиерот Фетаи appeared first on Република.

]]>
Фетаи во Брисел на средба со европратеникот Ваитз: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да се зачленат во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fetai-vo-brisel-na-sredba-so-evropratenikot-vaitz-poveke-nema-dilemi-deka-balkanskite-zemji-treba-da-se-zachlenat-vo-eu/ Fri, 08 Nov 2024 09:29:37 +0000 https://republika.mk/?p=835409

Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со pотпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи.

Известувачот Ваитз рекол дека Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ. Тој вети дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел.

Вицепремиерот Фетаи го информирал Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, посебно во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Фетаи ја истакна и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект и за справување со еколошките предизвици.

Тој изрази загриженост за руското влијание врз информативниот простор на Македонија, кое треба да се третира како сериозно прашање за националната безбедност.
На крај, Вицепремиерот му се заблагодари на домаќинот за конструктирвната средба и се заложи за координација на следните активности важни за европската иднина на земјата.

The post Фетаи во Брисел на средба со европратеникот Ваитз: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да се зачленат во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со pотпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Известувачот Ваитз рекол дека Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ. Тој вети дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел. Вицепремиерот Фетаи го информирал Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, посебно во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Фетаи ја истакна и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект и за справување со еколошките предизвици. Тој изрази загриженост за руското влијание врз информативниот простор на Македонија, кое треба да се третира како сериозно прашање за националната безбедност. На крај, Вицепремиерот му се заблагодари на домаќинот за конструктирвната средба и се заложи за координација на следните активности важни за европската иднина на земјата.

The post Фетаи во Брисел на средба со европратеникот Ваитз: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да се зачленат во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Фетаи на средба со италијанската амбасадорка Силвестри: Владините стратегии треба да се применат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fetai-na-sredba-so-italijanskata-ambasadorka-silvestri-vladinite-strategii-treba-da-se-primenat/ Fri, 18 Oct 2024 19:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=828606

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, во неговиот кабинет оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри и заменик шефот на мисијата Марио Де Роза.

Фетаи и амбасадорот Силвестри разговараа за владините стратегии и нивната примена и тоа за Стратегијата за финансиски истраги и конфискација на имот, Стратегијата за транспаретност и Стратегија за соработка со невладиниот сектор. Фетаи и Силвестри заклучија дека спроведување на овие стратегии ќе ја зајакнат борбата против корупцијата, ќе ја зголемат транспаретноста на институциите и ќе донесе поголемо вклучување на граѓанскиот сектор во донесување на владините одлуки.

Двајцата соговорници разговараа и за други актуелни политички теми како што е откочувањето на евроинтеграцијата на Македонија.

The post Фетаи на средба со италијанската амбасадорка Силвестри: Владините стратегии треба да се применат appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, во неговиот кабинет оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри и заменик шефот на мисијата Марио Де Роза. Фетаи и амбасадорот Силвестри разговараа за владините стратегии и нивната примена и тоа за Стратегијата за финансиски истраги и конфискација на имот, Стратегијата за транспаретност и Стратегија за соработка со невладиниот сектор. Фетаи и Силвестри заклучија дека спроведување на овие стратегии ќе ја зајакнат борбата против корупцијата, ќе ја зголемат транспаретноста на институциите и ќе донесе поголемо вклучување на граѓанскиот сектор во донесување на владините одлуки. Двајцата соговорници разговараа и за други актуелни политички теми како што е откочувањето на евроинтеграцијата на Македонија.

The post Фетаи на средба со италијанската амбасадорка Силвестри: Владините стратегии треба да се применат appeared first on Република.

]]>
Фетаи и Бојчева очекуваат измените на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да ја зголемат транспаретноста на институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fetai-i-bojcheva-ochekuvaat-izmenite-na-zakonot-za-sloboden-pristap-do-informatsii-od-javen-karakter-da-ja-zgolemat-transparetnosta-na-institutsiite/ Fri, 18 Oct 2024 18:43:42 +0000 https://republika.mk/?p=828598

Заменник претседателот на Владата, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, во неговиот кабинет имаше средба со директорот на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева.

На средбата се разговараше за најавените измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кои се изготвуваат во Министерството за правда. Директорката Бојчева ги образложи предлозите на Агенцијата за подобрување на текстот на законот, кои ако се прифатат ќе ја подобрат примената на законот и ќе ја зголемат транспаретноста на институциите.

Фетаи ги пофали досегашните напори на Агенцијата за примената на постојниот Закон и искажа политичка поддршка во името на Владата за нивните активности кои придонесуваат за зголемување на транспаретноста на институциите. Фетаи презентираше и други предлози, кои можат, исто така, да го подобрат текстот на законот и да ја зајакнат неговата примена.

Беше договорена интензивна соработка во наредниот период преку размена на информации за степенот на спроведување на законот, евидентираните проблеми и можни решенија за нивно надминување.

The post Фетаи и Бојчева очекуваат измените на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да ја зголемат транспаретноста на институциите appeared first on Република.

]]>

Заменник претседателот на Владата, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, во неговиот кабинет имаше средба со директорот на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева. На средбата се разговараше за најавените измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кои се изготвуваат во Министерството за правда. Директорката Бојчева ги образложи предлозите на Агенцијата за подобрување на текстот на законот, кои ако се прифатат ќе ја подобрат примената на законот и ќе ја зголемат транспаретноста на институциите. Фетаи ги пофали досегашните напори на Агенцијата за примената на постојниот Закон и искажа политичка поддршка во името на Владата за нивните активности кои придонесуваат за зголемување на транспаретноста на институциите. Фетаи презентираше и други предлози, кои можат, исто така, да го подобрат текстот на законот и да ја зајакнат неговата примена. Беше договорена интензивна соработка во наредниот период преку размена на информации за степенот на спроведување на законот, евидентираните проблеми и можни решенија за нивно надминување.

The post Фетаи и Бојчева очекуваат измените на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да ја зголемат транспаретноста на институциите appeared first on Република.

]]>
Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-veke-nema-da-ima-politiziranost-tuku-transparentno-ke-se-izbiraat-chlenovite-veli-fetai/ Sun, 13 Oct 2024 15:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=826180

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција прашан за коментар во врска со случајот на неизбирањето на директор во Академијата за судии и јавни обвинители, посочи дека не може да се меша во работата на независните органи. Сепак, додаде дека во минатото оваа Академија се соочувала со голема политизираност, напоменувајќи дека во иднина ќе има транспарентни процеси на избирање на членови во ваквите институции.

Како вицепремиер и Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните органи. Ние имаме ветување пред меѓународните партнери во рамките на реформската агенда со ЕУ за системски реформи во правосудниот систем. Ќе има сеопфатен процес кој ќе биде консултативен со заинтересираните странки и ќе излеземе со најдобрите можни решенија, вклучувајќи ја и Академијата, рече Фетаи.

Тој додаде дека во иднина ќе има транспарентни процеси за избирање на кандидати во академии, соодветно на нивните квалификации, потенцирајќи дека нема да има случаи каде членови ќе стануваат луѓе без положен правосуден тест.

The post Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи appeared first on Република.

Што ќе каже Венецијанската комисија за законот што треба да го замени балансерот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-ke-kazhe-venetsijanskata-komisija-za-zakonot-shto-treba-da-go-zameni-balanserot/ Sun, 13 Oct 2024 10:58:46 +0000 https://republika.mk/?p=826117

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска обврска со контролни механизми. Вакво нешто недостасуваше до сега, а особено со „балансер“, за кој што знаеме дека беше многу злоупотребен и не овозможуваше правична застапеност, смета вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи.

Тој на денешната прес-конференција по повод 100-те дена нова Влада, одговорајќи на новинарско прашање дали се согласува Законот за правична застапеност да биде согласно препораките на Венецијанската комисија според барањето на премиерот, одговори дека е меѓународна пракса да се земе мислење од Венецијанската комисија.

Тој е на ставот дека замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања.

-Правичната застапеност е дел од Уставот. „Балансерот“ беше дигитална алатка која овозможуваше реализирање на годишните планови за вработување. Замрзнувањето на „балансерот“ е додека да најдеме ново законско решение. Ова нема да ги спречи вработувањата. Ќе има вработувања според уставното правило на правична застапеност, како што кажа и премиерот. За Законот за правична застапеност се зборуваше со години. Јас сум еден од оние кој во рамките на мојата партија Алијанса за Албанците го изготви овој предлог закон со меѓународни експерти, рече Фетаи.

Тој додаде дека Венецијанската комисија е механизам кој ни овозможува да донесеме решение кое ќе се вклопува со меѓународните практики на Советот на Европа. Исто така, потенцираше дека процесот на донесување на Законот ќе биде транспарентен, ќе се вклучат експерти, граѓани, цивилното општество.

-Меѓународна пракса е да се земе мислење од Венецијанската комисија. За овој закон се зборуваше со години наназад. Законот доцни 22 години. Требаше да се донесе во моментот кога го усвоивме амандманот 6 од Уставот. Но, важно е процесот да почне. Ќе бидат вклучени експерти, граѓани, цивилното општество, како и медиуми. Процесот ќе биде транспарентен, и секој ќе има можност да даде свое мислење, со цел да се најде најдоброто законско решение за реализирање на уставното право, додаде Фетаи.

Прашан дали постои временска рамка кога би се донел Законот за правична застапеност, Фетаи рече дека не може да зборува за датуми, но постои политичка волја за да се почне процесот. Според него, најдобриот начин е Законот да донесе во Собранието со консензус.

На новинарско прашање дали ги слуша препораките од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Фетаи одговори дека ја поддржуваат работата на оваа институција, ги прифаќаат нивните извештаи и ги следат нивните препораки.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koga-dui-beshe-na-vlast-dui-se-soglasi-balanserot-da-se-ukine-vo-opozitsija-pravat-teatar/

-Јас имам постојани контакти со членови на Антикорупцијата. Активно учествуваме во изготвување на новиот Закон против корупцијата и политички ја поддржуваме работата на оваа институција. Се разбира, ги прифаќаме нивните извештаи и ги следиме нивните препораки. Како вицепремиер и како дел од коалицијата, можам да кажам дека сите сме заинтересирани да докажеме дека нашата влада е реформска, посветена на владеење на правото и на борбата против корупцијата. Ќе видите дека за првпат ќе има промена околу пристапот на финансирање на институциите против корупцијата. Какво Влада заинтересирани сме да инвестираме повеќе буџетски ресурси во сите антикорупциски институции, додаде Фетаи

The post Што ќе каже Венецијанската комисија за законот што треба да го замени балансерот? appeared first on Република.

]]>

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска обврска со контролни механизми. Вакво нешто недостасуваше до сега, а особено со „балансер“, за кој што знаеме дека беше многу злоупотребен и не овозможуваше правична застапеност, смета вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи. Тој на денешната прес-конференција по повод 100-те дена нова Влада, одговорајќи на новинарско прашање дали се согласува Законот за правична застапеност да биде согласно препораките на Венецијанската комисија според барањето на премиерот, одговори дека е меѓународна пракса да се земе мислење од Венецијанската комисија. Тој е на ставот дека замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања.
-Правичната застапеност е дел од Уставот. „Балансерот“ беше дигитална алатка која овозможуваше реализирање на годишните планови за вработување. Замрзнувањето на „балансерот“ е додека да најдеме ново законско решение. Ова нема да ги спречи вработувањата. Ќе има вработувања според уставното правило на правична застапеност, како што кажа и премиерот. За Законот за правична застапеност се зборуваше со години. Јас сум еден од оние кој во рамките на мојата партија Алијанса за Албанците го изготви овој предлог закон со меѓународни експерти, рече Фетаи.
Тој додаде дека Венецијанската комисија е механизам кој ни овозможува да донесеме решение кое ќе се вклопува со меѓународните практики на Советот на Европа. Исто така, потенцираше дека процесот на донесување на Законот ќе биде транспарентен, ќе се вклучат експерти, граѓани, цивилното општество.
-Меѓународна пракса е да се земе мислење од Венецијанската комисија. За овој закон се зборуваше со години наназад. Законот доцни 22 години. Требаше да се донесе во моментот кога го усвоивме амандманот 6 од Уставот. Но, важно е процесот да почне. Ќе бидат вклучени експерти, граѓани, цивилното општество, како и медиуми. Процесот ќе биде транспарентен, и секој ќе има можност да даде свое мислење, со цел да се најде најдоброто законско решение за реализирање на уставното право, додаде Фетаи.
Прашан дали постои временска рамка кога би се донел Законот за правична застапеност, Фетаи рече дека не може да зборува за датуми, но постои политичка волја за да се почне процесот. Според него, најдобриот начин е Законот да донесе во Собранието со консензус. На новинарско прашање дали ги слуша препораките од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Фетаи одговори дека ја поддржуваат работата на оваа институција, ги прифаќаат нивните извештаи и ги следат нивните препораки. https://republika.mk/vesti/makedonija/koga-dui-beshe-na-vlast-dui-se-soglasi-balanserot-da-se-ukine-vo-opozitsija-pravat-teatar/
-Јас имам постојани контакти со членови на Антикорупцијата. Активно учествуваме во изготвување на новиот Закон против корупцијата и политички ја поддржуваме работата на оваа институција. Се разбира, ги прифаќаме нивните извештаи и ги следиме нивните препораки. Како вицепремиер и како дел од коалицијата, можам да кажам дека сите сме заинтересирани да докажеме дека нашата влада е реформска, посветена на владеење на правото и на борбата против корупцијата. Ќе видите дека за првпат ќе има промена околу пристапот на финансирање на институциите против корупцијата. Какво Влада заинтересирани сме да инвестираме повеќе буџетски ресурси во сите антикорупциски институции, додаде Фетаи

The post Што ќе каже Венецијанската комисија за законот што треба да го замени балансерот? appeared first on Република.

]]>
Фетаи: Потребна е институционална поддршка за поранешните војници на ОВК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fetai-potrebna-e-institutsionalna-poddrshka-za-poraneshnite-vojnitsi-na-ovk/ Thu, 26 Sep 2024 13:16:09 +0000 https://republika.mk/?p=819905

Потребна е институционална поддршка за поранешните припадници на ОВК, изјави вице премиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи.

„Денеска го искористив присуството на албанскиот амбасадор Денијон Мејдани со кого заедно поделивме унифицирани албански учебници во две училишта во Куманово и Општина Липково и му реков н амбасадорот да отидеме и да ги испочитувавме паднатите борци, бидејќи сме во близина на споменикот кај Слупчане”, вели Фетаи во изјава за Zoom.mk.

Министерот додава дека амбасадорот на Албанија за прв пат го посетува споменикот кај Слупчане.

„Тој е првиот амбасадор што дошол да оддаде почит на паднатите борци”, вели Фетаи.

Министерот во својата изјава вели дека разговарале со членови на семејствата на паднатите борци во војната од 2001 година , ги слушнале нивните приказни и разговарале со нив за потребата од негување на вредностите на УЧК за идеалите на УЧК и за потребата да се почитува споменот на паднатите борци.

„Разговаравме за потребата што ја имаме како народ , да ги почитуваме паднатите борци , нивните семејства и деца , како и за институционалната грижа за овие луѓе кои ја направиле најголемата жртва”, вели министерот Арбен Фетаи.

The post Фетаи: Потребна е институционална поддршка за поранешните војници на ОВК appeared first on Република.

Министерите во посета на компанијата „Тиамо“ во Сарај, 250 милиони евра за поддршка на компаниите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerite-vo-poseta-na-kompanijata-tiamo-vo-saraj-250-milioni-evra-za-poddrshka-na-kompaniite/ Thu, 01 Aug 2024 13:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=802383

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Флакрон Беџети го посетија селото Глумово во Општина Сарај, каде извршија увид во фабриката за преработка и производство на месни производи „Тиамо“.

За време на посетата, министерот Дурмиши беше информиран од страна на менаџментот на компанијата за тековната работа, плановите за идните инвестиции, зголеменото производство и проширувањето на пазарите во регионот.

Фабриката „Тиамо“, основана во 1997 година, е еден од најпопуларните локални и национални брендови, препознатлив по својот квалитет и долга традиција. Фабриката користи напредна технологија која го забрзува и олеснува работниот процес, зголемувајќи го квалитетот на производите.

Министерот Дурмиши го информираше раководството дека за поддршка на микро, малите и средните претпријатија, Министерството за економија и труд објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2024 година. За овие мерки од Буџетот на Министерството се издвоени вкупно 80 милиони денари. Еден од јавните повици вклучува надоместување на дел од трошоците за сертификација на ХАЛАЛ системот. За оваа мерка се предвидени 2 милиони денари, со кофинансирање од 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200 илјади денари за секој апликант. На овој повик може да аплицираат сите микро, мали и средни претпријатија од преработувачката индустрија кои ги исполнуваат поставените критериуми.

Исто така, министерот Дурмиши истакна дека се предвидени 250 милиони евра за поддршка на бизнисот, кредитни линии обезбедени од Владата во соработка со Република Унгарија. Министерството за финансии ги подготвува законите за оваа кредитна линија и ќе ги утврди условите за аплицирање. Финансиската поддршка ќе биде обезбедена преку комерцијалните банки или Банката за развој на Македонија, со цел да се создадат флексибилни услови за кредитирање на компаниите.

The post Министерите во посета на компанијата „Тиамо“ во Сарај, 250 милиони евра за поддршка на компаниите appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Флакрон Беџети го посетија селото Глумово во Општина Сарај, каде извршија увид во фабриката за преработка и производство на месни производи „Тиамо“. За време на посетата, министерот Дурмиши беше информиран од страна на менаџментот на компанијата за тековната работа, плановите за идните инвестиции, зголеменото производство и проширувањето на пазарите во регионот. Фабриката „Тиамо“, основана во 1997 година, е еден од најпопуларните локални и национални брендови, препознатлив по својот квалитет и долга традиција. Фабриката користи напредна технологија која го забрзува и олеснува работниот процес, зголемувајќи го квалитетот на производите. Министерот Дурмиши го информираше раководството дека за поддршка на микро, малите и средните претпријатија, Министерството за економија и труд објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2024 година. За овие мерки од Буџетот на Министерството се издвоени вкупно 80 милиони денари. Еден од јавните повици вклучува надоместување на дел од трошоците за сертификација на ХАЛАЛ системот. За оваа мерка се предвидени 2 милиони денари, со кофинансирање од 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200 илјади денари за секој апликант. На овој повик може да аплицираат сите микро, мали и средни претпријатија од преработувачката индустрија кои ги исполнуваат поставените критериуми. Исто така, министерот Дурмиши истакна дека се предвидени 250 милиони евра за поддршка на бизнисот, кредитни линии обезбедени од Владата во соработка со Република Унгарија. Министерството за финансии ги подготвува законите за оваа кредитна линија и ќе ги утврди условите за аплицирање. Финансиската поддршка ќе биде обезбедена преку комерцијалните банки или Банката за развој на Македонија, со цел да се создадат флексибилни услови за кредитирање на компаниите.  

The post Министерите во посета на компанијата „Тиамо“ во Сарај, 250 милиони евра за поддршка на компаниите appeared first on Република.

]]>
Фетаи: ДУИ барале мито и по неколку пати за дозволи, при инспекции, за тендери… https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fetai-dui-barale-mito-i-po-nekolku-pati-za-dozvoli-pri-inspektsii-za-tenderi/ Thu, 27 Jun 2024 11:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=791265

Вознемирувачка е последната анкета на Стопанската комора која со конкретни бројки ги докажува ендемските димензии на корупцијата во владата која замина и е потврда на нашите укажувања за корупциската епидемија инсталирана од ДУИ, вели вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи и ги повикува фирмите од кои било барано мито да пријават во обвинителството.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-na-sdsm-i-dui-e-najgolem-podmituvach-na-biznisot-na-pet-kompanii-im-bile-pobarani-preku-100-000-evra/

Претставниците на криминализирана власт во текот на изминатата година, во сите ешалони без исклучок, барале мито од 10-100.000 евра и разни услуги, од повеќе од половина од анкетираните фирми. Мито било побарано при постапките за добивање дозволи и согласности, при инспекциски надзор, во текот на царинска и тендерска постапка, дури и по неколку пати во текот на една година од исти фирми. Постојано сме укажувале дека ДУИ, за 22 години владеење им донесе само лоши работи на граѓаните. Ова истражување е најточниот преглед на корупциската епидемија инсталирана од ДУИ, која негативно се одрази на странските инвестиции, вработеноста и севкупниот социо-економски развој, вели Фетаи.

Тој ветува дека со овие појави безмилосно ќе се бори новата Влада.

Бизнисите мора да се ослободат од стравот и да достават предмети до Обвинителството. Правосудниот систем ќе биде ослободен од политичките влијанија и ќе се погрижи никој да не биде над законот. Исто така, бараме поддршка од партнерите, невладините организации и граѓаните во оваа борба, за заедно, како антикорупциски фронт, да ја промениме културата на власта и да кажеме не на коруптивните практики, што на претходната власт и беше дневна храна, порачува вицепремиерот Арбен Фетаи.

The post Фетаи: ДУИ барале мито и по неколку пати за дозволи, при инспекции, за тендери… appeared first on Република.

]]>

Вознемирувачка е последната анкета на Стопанската комора која со конкретни бројки ги докажува ендемските димензии на корупцијата во владата која замина и е потврда на нашите укажувања за корупциската епидемија инсталирана од ДУИ, вели вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи и ги повикува фирмите од кои било барано мито да пријават во обвинителството. https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-na-sdsm-i-dui-e-najgolem-podmituvach-na-biznisot-na-pet-kompanii-im-bile-pobarani-preku-100-000-evra/
Претставниците на криминализирана власт во текот на изминатата година, во сите ешалони без исклучок, барале мито од 10-100.000 евра и разни услуги, од повеќе од половина од анкетираните фирми. Мито било побарано при постапките за добивање дозволи и согласности, при инспекциски надзор, во текот на царинска и тендерска постапка, дури и по неколку пати во текот на една година од исти фирми. Постојано сме укажувале дека ДУИ, за 22 години владеење им донесе само лоши работи на граѓаните. Ова истражување е најточниот преглед на корупциската епидемија инсталирана од ДУИ, која негативно се одрази на странските инвестиции, вработеноста и севкупниот социо-економски развој, вели Фетаи.
Тој ветува дека со овие појави безмилосно ќе се бори новата Влада.
Бизнисите мора да се ослободат од стравот и да достават предмети до Обвинителството. Правосудниот систем ќе биде ослободен од политичките влијанија и ќе се погрижи никој да не биде над законот. Исто така, бараме поддршка од партнерите, невладините организации и граѓаните во оваа борба, за заедно, како антикорупциски фронт, да ја промениме културата на власта и да кажеме не на коруптивните практики, што на претходната власт и беше дневна храна, порачува вицепремиерот Арбен Фетаи.

The post Фетаи: ДУИ барале мито и по неколку пати за дозволи, при инспекции, за тендери… appeared first on Република.

]]>
Таравари, Фетаи и Ќоку првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-fetai-i-koku-prvata-poseta-nadvor-od-zemjava-ja-ostvarija-vo-kosovo/ Wed, 26 Jun 2024 16:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=791057

Министерот за здравство Арбен Таравари, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, првата посета надвор од земјава како дел од извршната власт, ја оствари во Република Косово.

Беше примен од министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, со кого разговараа за соработката и заедничките институционални приоритети.

„Денеска, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, ја остварив мојата прва посета надвор од земјава, во Приштина, каде што се сретнавме со мојот колега Арбен Витиа. Со Арбен остваривме братски разговор за предизвиците во нашите здравствени системи и соодветните приоритети за наредниот период“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што рече Таравари, се договориле за забрзување и продлабочување на соработката меѓу двете влади, „како во здравството, така и во образованието и политиките за добро владеење и во кој било друг релевантен сектор за уште поголемо зближување меѓу двете земји и зајакнување на врските меѓу нашите народи“

The post Таравари, Фетаи и Ќоку првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, првата посета надвор од земјава како дел од извршната власт, ја оствари во Република Косово. Беше примен од министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, со кого разговараа за соработката и заедничките институционални приоритети.
„Денеска, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, ја остварив мојата прва посета надвор од земјава, во Приштина, каде што се сретнавме со мојот колега Арбен Витиа. Со Арбен остваривме братски разговор за предизвиците во нашите здравствени системи и соодветните приоритети за наредниот период“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
Како што рече Таравари, се договориле за забрзување и продлабочување на соработката меѓу двете влади, „како во здравството, така и во образованието и политиките за добро владеење и во кој било друг релевантен сектор за уште поголемо зближување меѓу двете земји и зајакнување на врските меѓу нашите народи“

The post Таравари, Фетаи и Ќоку првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово appeared first on Република.

]]>
Арбен Фетаи: Бујар Османи подготвува заминување од политиката, секој глас за него е изгорен глас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arben-fetai-bujar-osmani-podgotvuva-zaminuvane-od-politikata-sekoj-glas-za-nego-e-izgoren-glas/ Tue, 16 Apr 2024 19:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=766896

Шефот на кабинетот на Арбен Таравари, Арбен Фетаи, реагира дека Бујар Османи преку МНР ја злоупотребил функцијата министер за надворешни работи и го одложил рокот за поднесување кандидатури за функцијата генерален секретар на Советот за регионална соработка.

Како што вели Фетаи, одложувањето на рокот за кандидатура го потврдува и мејл од МНР објавена од медиумите, додека со ова уште еднаш се докажува дека кандидатурата на Османи не е искрена и за одење во втор круг, туку доаѓа само да го подели гласачкото тело кај Албанците и да го спречи Арбен Таравари да оди во вториот круг.

Бујар Османи подготвува заминување од политиката. Секој албански глас за него е изгорен глас.

Бујар Османи застана на страната на Вучиќ и се ракуваше со Лавров затоа што цели на функцијата генерален секретар на Советот за регионална соработка каде што му е потребна поддршката од Србија и нејзините сојузници.

За тоа сведочи и одложувањето од страна на МНР на Македонија на рокот за поднесување кандидатури од земјите-членки за дополнителен месец, до 25 април, односно еден ден по претседателските избори.

Како актуелен претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, МНР на Македонија има можност да прифати кандидатури за наследник на Мајлинда Брегу, која ќе го заврши својот мандат на крајот на годината. Бујар Османи го злоупотреби своето претседавање со овој механизам за да и одговара на неговата агенда до неговиот пораз пред Арбен Таравари ноќта на 24 април.

Но и овој план нема да му успее на Бујар. Тој може да ја поднесе својата кандидатура како губитник на 25 април, но новата влада на ВЛЕН нема да ја поддржи неговата номинација до јулскиот одбор на Советот за регионална соработка. Не се сомневам дека неговата номинација ќе биде блокирана од Владата на Косово.

Бујар Османи секако ја има поддршката од Вучиќ и Додик, но Владата на ВЛЕН и таа на Ветевендосје нема да дозволат да бидат претставени од оние кои го нарушуваат националниот интерес продавајќи му на Вучиќ за валкана фотелја, вели Фетаи.

The post Арбен Фетаи: Бујар Османи подготвува заминување од политиката, секој глас за него е изгорен глас appeared first on Република.

]]>

Шефот на кабинетот на Арбен Таравари, Арбен Фетаи, реагира дека Бујар Османи преку МНР ја злоупотребил функцијата министер за надворешни работи и го одложил рокот за поднесување кандидатури за функцијата генерален секретар на Советот за регионална соработка. Како што вели Фетаи, одложувањето на рокот за кандидатура го потврдува и мејл од МНР објавена од медиумите, додека со ова уште еднаш се докажува дека кандидатурата на Османи не е искрена и за одење во втор круг, туку доаѓа само да го подели гласачкото тело кај Албанците и да го спречи Арбен Таравари да оди во вториот круг.
Бујар Османи подготвува заминување од политиката. Секој албански глас за него е изгорен глас.   Бујар Османи застана на страната на Вучиќ и се ракуваше со Лавров затоа што цели на функцијата генерален секретар на Советот за регионална соработка каде што му е потребна поддршката од Србија и нејзините сојузници.   За тоа сведочи и одложувањето од страна на МНР на Македонија на рокот за поднесување кандидатури од земјите-членки за дополнителен месец, до 25 април, односно еден ден по претседателските избори.   Како актуелен претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, МНР на Македонија има можност да прифати кандидатури за наследник на Мајлинда Брегу, која ќе го заврши својот мандат на крајот на годината. Бујар Османи го злоупотреби своето претседавање со овој механизам за да и одговара на неговата агенда до неговиот пораз пред Арбен Таравари ноќта на 24 април.   Но и овој план нема да му успее на Бујар. Тој може да ја поднесе својата кандидатура како губитник на 25 април, но новата влада на ВЛЕН нема да ја поддржи неговата номинација до јулскиот одбор на Советот за регионална соработка. Не се сомневам дека неговата номинација ќе биде блокирана од Владата на Косово.   Бујар Османи секако ја има поддршката од Вучиќ и Додик, но Владата на ВЛЕН и таа на Ветевендосје нема да дозволат да бидат претставени од оние кои го нарушуваат националниот интерес продавајќи му на Вучиќ за валкана фотелја, вели Фетаи.

The post Арбен Фетаи: Бујар Османи подготвува заминување од политиката, секој глас за него е изгорен глас appeared first on Република.

]]>
Али Ахмети е најголемото зло во оваа држава во изминативе 21 години!, вели високиот функционер на Алијанса, Арбен Фетаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ali-ahmeti-e-najgolemoto-zlo-vo-ovaa-drzhava-vo-izminative-21-godini-veli-visokiot-funktsioner-na-alijansa-arben-fetai/ Thu, 04 May 2023 14:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=636885

Високиот функионер на АА Арбен Фетаи жестоко го нападна лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој е најголемото зло во оваа држава во изминативе 21 години!, вели Фетаи за Ахмети.

Лидерите на „Огнената група“ во ДУИ Изет Меџити, на Беса, Билал Касами и и на Алтернатива, Африм Гаши не им нанеле штета на народот и на оваа држава ни 1 процент во однос на штетата направена од лидерот на ДУИ Али Ахмети и во негово име. Али Ахмети беше и е стожерот на секое зло во овие последни 21 години!“, пишува Арбен Фетаи, шефот на кабинетот на исто така владејачката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил.

Фетаи, кој е едновремено и висок функционер во редовите на Алијансата за Албанците како раководител на нејзиниот Оддел за евроинтеграции, на фејсбук пишува за лидерот на ДУИ:

Али Ахмети е најголемото зло на оваа држава. Без неговото заминување ДУИ не може ниту да се реформира, ниту да биде партнер, освен за моментни стратегиски интереси!

Штом ќе се надмине уставната криза, ДУИ мора да оди во опозиција и да се реформира, пред да ги снема и последните луѓе, кои мислат за колективното добро на Албанците.

The post Али Ахмети е најголемото зло во оваа држава во изминативе 21 години!, вели високиот функционер на Алијанса, Арбен Фетаи appeared first on Република.

]]>

Високиот функионер на АА Арбен Фетаи жестоко го нападна лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој е најголемото зло во оваа држава во изминативе 21 години!, вели Фетаи за Ахмети.
Лидерите на „Огнената група“ во ДУИ Изет Меџити, на Беса, Билал Касами и и на Алтернатива, Африм Гаши не им нанеле штета на народот и на оваа држава ни 1 процент во однос на штетата направена од лидерот на ДУИ Али Ахмети и во негово име. Али Ахмети беше и е стожерот на секое зло во овие последни 21 години!“, пишува Арбен Фетаи, шефот на кабинетот на исто така владејачката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил.
Фетаи, кој е едновремено и висок функционер во редовите на Алијансата за Албанците како раководител на нејзиниот Оддел за евроинтеграции, на фејсбук пишува за лидерот на ДУИ:
Али Ахмети е најголемото зло на оваа држава. Без неговото заминување ДУИ не може ниту да се реформира, ниту да биде партнер, освен за моментни стратегиски интереси!   Штом ќе се надмине уставната криза, ДУИ мора да оди во опозиција и да се реформира, пред да ги снема и последните луѓе, кои мислат за колективното добро на Албанците.
 
The post Али Ахмети е најголемото зло во оваа држава во изминативе 21 години!, вели високиот функционер на Алијанса, Арбен Фетаи appeared first on Република.

]]>
Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднати политичари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ja-pretvori-diplomatijata-vo-zasolnishte-za-propadnati-politichari/ Thu, 31 Mar 2022 14:16:46 +0000 https://republika.mk/?p=481486

„Министерот Бујар Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднатите политичари’

Со оваа објава на фејсбук Арбен Фетаи од опозициската Алијансата на Албанците реагираше кон Османи, откако владини извори соопштија дека на синоќешната владина седница поминале уште шест предлози за амбасадори.“ – јави информативниот портал на албански јазик „ин7“.

„Ин7“ ја пренесува целосната објава на Фетаи:

„Теута Арифи амбасадор во Европската унија, Фрчковски во Обединетите Нации и Вејсел Мемеди во Рим.“
„Бујар Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднати политичари. ‘Тенка’ е работата дека ќе добиеме датум за преговори.’ – нагласи Фетаи.“

The post Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднати политичари appeared first on Република.

]]>

„Министерот Бујар Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднатите политичари’
Со оваа објава на фејсбук Арбен Фетаи од опозициската Алијансата на Албанците реагираше кон Османи, откако владини извори соопштија дека на синоќешната владина седница поминале уште шест предлози за амбасадори.“ – јави информативниот портал на албански јазик „ин7“. „Ин7“ ја пренесува целосната објава на Фетаи:
„Теута Арифи амбасадор во Европската унија, Фрчковски во Обединетите Нации и Вејсел Мемеди во Рим.“ „Бујар Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднати политичари. ‘Тенка’ е работата дека ќе добиеме датум за преговори.’ – нагласи Фетаи.“

The post Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднати политичари appeared first on Република.

]]>
Фетаи од АА: Кој ги штити одговорните за „Беса транс“, Ласкарци, Тетово ако не мафијата СДСМ-ДУИ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fetai-od-aa-koj-gi-shtiti-odgovornite-za-besa-trans-laskarci-tetovo-ako-ne-mafijata-sdsm-dui/ Sun, 13 Feb 2022 22:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=458113

Шефот на Одделот за евроинтеграции на Алијанса за Албанците, Арбен Фетаи, ги посочи виновниците за тоа што нема одговорност за 70 човечки жртви во трагедиите со автобусите на „Беса транс“ и на „Дурмо турс“, како и од модуларната ковид-болница во Тетово.

Речиси три месеца од трагедијата на ‘Беса транс’ во Бугарија.

Шест месеци од трагедијата во Ковид-клиниката во Тетово.

Три години од трагедијата на ‘Дурмо турс’ кај Ласкарци.

Седумдесет загубени животи во нехумани околности.

Нула одговорност.

Кој ги штити одговорните ако не мафијата СДСМ/ДУИ?“, прашува Фетаи на Твитер.

The post Фетаи од АА: Кој ги штити одговорните за „Беса транс“, Ласкарци, Тетово ако не мафијата СДСМ-ДУИ? appeared first on Република.

]]>

Шефот на Одделот за евроинтеграции на Алијанса за Албанците, Арбен Фетаи, ги посочи виновниците за тоа што нема одговорност за 70 човечки жртви во трагедиите со автобусите на „Беса транс“ и на „Дурмо турс“, како и од модуларната ковид-болница во Тетово.
Речиси три месеца од трагедијата на ‘Беса транс’ во Бугарија. Шест месеци од трагедијата во Ковид-клиниката во Тетово. Три години од трагедијата на ‘Дурмо турс’ кај Ласкарци. Седумдесет загубени животи во нехумани околности. Нула одговорност. Кој ги штити одговорните ако не мафијата СДСМ/ДУИ?“, прашува Фетаи на Твитер.

The post Фетаи од АА: Кој ги штити одговорните за „Беса транс“, Ласкарци, Тетово ако не мафијата СДСМ-ДУИ? appeared first on Република.

]]>