аранжмани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aranzmani/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Feb 2024 17:34:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аранжмани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aranzmani/ 32 32 Масовно се откажуваат патувања: Хаосот со пасошите направи проблем на туристичките агенции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/masovno-se-otkazhuvaat-patuvana-haosot-so-pasoshite-napravi-problem-na-turistichkite-agentsii/ Sat, 17 Feb 2024 17:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=745206

Туристичките агенции ќе претрпат сериозни загуби затоа што граѓани ги откажуваат патувањата за претстојните празници поради доцнењето со издавањето на пасошите, објави А1.он.

Оние агенции кои работат со летни аранжмани немаат проблеми до патниците затоа што при потпишувањето на договорите имаат рокови за откажување во случај на немање патна исправа, но трпат најмногу агенциите кои работат неколкудневни тури како што се за претстојните празници 8 март, Први мај и Велигден.

Од една туристичка агенција која работи со екскурзии за „А1он“ открија дека хотелите веќе им наплатиле за сместувањето на туристите, а граѓаните во меѓувреме им откажувале затоа што од МВР ги известиле дека пасошите нема да им стигнат навреме.

Луѓето се сликале во јануари и дошле да резервираат со информација дека за три недели ќе имаат пасош. Ние имавме собрано бројка на патници за да ги потврдиме екскурзиите со сигурна реализација. На крајот на јануари хотелите ни побараа пари за чување на собите и ние моравме да платиме. Во меѓувреме од МВР им велат на луѓето дека нема да добијат пасош и патниците сакаат да откажат. Ние ги плативме хотелите и не ни враќаат пари ниту ни дозволуваат да промениме термин за да се реализира патувањето, што значи парите ќе ни пропаднат. Патната исправа е одговорност на секој патник, но во овој случај луѓето се сликани два месеци пред реализација на патувањето и немаат пасоши, велат од агенцијата.

Туристичките оператори предвидуваат дека патувањата за 8 март ќе бидат преполовени, слична судбина ги чека и за Велигден, а бидејќи нема обрасци за издавање на патни исправи, неизвесноста ќе остане и за раната летна сезона во мај и јуни.

Нема да пропаднат аранжманите за Албанија, Србија и Црна Гора затоа што таму може да се влезе без проблеми и лична карта на која не стои додавката „Cеверна“. Проценките се дека проблемот со пасошите ќе го зголеми бројот на туристи во Охрид, но и Албанија, како најблиска дестинација.

The post Масовно се откажуваат патувања: Хаосот со пасошите направи проблем на туристичките агенции appeared first on Република.

]]>

Туристичките агенции ќе претрпат сериозни загуби затоа што граѓани ги откажуваат патувањата за претстојните празници поради доцнењето со издавањето на пасошите, објави А1.он. Оние агенции кои работат со летни аранжмани немаат проблеми до патниците затоа што при потпишувањето на договорите имаат рокови за откажување во случај на немање патна исправа, но трпат најмногу агенциите кои работат неколкудневни тури како што се за претстојните празници 8 март, Први мај и Велигден. Од една туристичка агенција која работи со екскурзии за „А1он“ открија дека хотелите веќе им наплатиле за сместувањето на туристите, а граѓаните во меѓувреме им откажувале затоа што од МВР ги известиле дека пасошите нема да им стигнат навреме. Луѓето се сликале во јануари и дошле да резервираат со информација дека за три недели ќе имаат пасош. Ние имавме собрано бројка на патници за да ги потврдиме екскурзиите со сигурна реализација. На крајот на јануари хотелите ни побараа пари за чување на собите и ние моравме да платиме. Во меѓувреме од МВР им велат на луѓето дека нема да добијат пасош и патниците сакаат да откажат. Ние ги плативме хотелите и не ни враќаат пари ниту ни дозволуваат да промениме термин за да се реализира патувањето, што значи парите ќе ни пропаднат. Патната исправа е одговорност на секој патник, но во овој случај луѓето се сликани два месеци пред реализација на патувањето и немаат пасоши, велат од агенцијата. Туристичките оператори предвидуваат дека патувањата за 8 март ќе бидат преполовени, слична судбина ги чека и за Велигден, а бидејќи нема обрасци за издавање на патни исправи, неизвесноста ќе остане и за раната летна сезона во мај и јуни. Нема да пропаднат аранжманите за Албанија, Србија и Црна Гора затоа што таму може да се влезе без проблеми и лична карта на која не стои додавката „Cеверна“. Проценките се дека проблемот со пасошите ќе го зголеми бројот на туристи во Охрид, но и Албанија, како најблиска дестинација.

The post Масовно се откажуваат патувања: Хаосот со пасошите направи проблем на туристичките агенции appeared first on Република.

]]>
Корона па војна: Колку кризата ќе влијае да поскапат патувањата? https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/korona-pa-vojna-kolku-krizata-kje-vlijae-da-poskapat-patuvanjata/ Mon, 27 Jun 2022 17:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=520028

По повеќе од две години пандемија на корона вирусот, во февруари 2022 година почна војната во Украина. Таквите светски кризи имаат големо влијание и врз туристичката индустрија.

„Дојче веле“ (ДВ) прави анализа за тоа колку војната, што ја налседи пандемијата, ќе влијае на поскапување на туристиките аранжмани и патувања ширум светот.

Сѐ поскапува! И летовите и хотелите?

Оние кои во моментов разгледуваат летови, честопати се прашуваат: зарем порано не беше поевтино? Честопати беше така. За поскапувањата, меѓу другото, има две причини. Првата е поскапувањето на горивото.

Генерално, трошоците за керозин растат, а и цената на нафтата е сè уште на рекордно ниво. Тоа гостите го чувствуваат и кога станува збор за цените на авионските билети, кои стануваат поскапи. Не плаќаат повеќе само возачите на бензинските пумпи, туку и авиокомпаниите плаќаат повеќе за керозин - вели за ДВ Јохана Тилман од германската авиокомпанија „Кондор“.

Поскапувањето на керозинот вообичаено носи и повисоки цени на авиобилетите

Без оглед на ова, моментално има голема потреба за одмор. Ова има влијание врз цените на билетите за летови и за сместувањето, особено за време на распустите, бидејќи тие се засноваат на побарувачката - објаснува Тилман.

Хотелите исто така се борат со повисоки трошоци. И тие треба да платат повеќе за нафта, гас, струја и храна.

Има и проблем со недостиг од квалификувани работници. Во екот на пандемијата, хотелите беа празни, а многу вработени побараа друга работа. Во некои случаи, хотелите дури мора да се служат со стимулации за да регрутираат вработени - главно се тоа финансиски стимулации. И овие дополнителни трошоци делумно се пренесуваат на гостите во вид на повисоки цени на собите.

Што е со паушалните патувања?

Кога станува збор за паушални патувања, се резервира цел пакет, кој се состои од лет, хотел и трансфер до хотелот. Според германскиот портал за споредба и резервации „Check24“, паушалните патувања резервирани преку овој портал до главните места за одмор на Германците станале исто така поскапи во однос на претходната година.

Просечното еднонеделно паушално патување на две лица во Мајорка, кое било резервирано во мај за периодот јуни-август, поскапело за 17% во споредба со претходната година, се вели на порталот.

И покрај ниското ниво на цените на турската ривиера, поскапувањето е најзабележливо во Сиде и Аланија. Таму, една недела одмор за двајца летово чини 45% повеќе отколку минатото лето - вели за ДВ Мартин Циер, директор на одделот за паушални патувања во „Check24“.

Поскапи патувања

Меѓутоа, од тоа не може да се заклучи дека секое од патувањата е поскапено за исто ниво, зашто за цената во игра се многу фактори. Па, така, според Германскиот туристички сојуз (ДРВ), Германците по две години неможност да патуваат, во моментов едноставно трошат повеќе пари само затоа што резервираат патувања со повисок квалитет.

Оние кои порано резервираа само со појадок, сега резервираат „Ол Инклузив“‚ оние кои порано резервираа хотели со три ѕвезди, сега резервираат хотел со четири ѕвезди. И, многу туристи патуваат подолго од вообичаеното - објаснува Торстен Шефер, портпарол на ДРВ.

Слични се и набљудувањата на „Луфтханза“.

Моментално е тешко да се добијат места во бизнис и прва класа. Тие се првите кои се целосно резервирани кај нас - вели портпаролката на Луфтханза, Бетина Ритбергер.

Многумина не биле на одмор две години, заштедиле пари и сега сакаат добро да се забавуваат, додава таа.

Според ДРВ, генерално летово има голема побарувачка за летови до Средоземјето, особено Шпанија, Грција и Турција.

Торстен Шефер смета дека цените на паушалните патувања се генерално стабилни, затоа што туристичките компании ги имаат купено контингентите кај хотелите и авиокомпаниите навреме, по поволни услови, повеќето уште во текот на претходната година. Оној кој резервира рано, патува по поволни цени. Меѓутоа, ако се случи контингентите да бидат распродадени и туристичките компании да мора да купуваат дополнителни контингенти, тогаш тоа може да биде поскапо.

Дополнителни трошоци

Оној кој резервира патување, во пресметката треба да ги вклучи и дополнителните трошоци. Можно е многу ресторани, клубови и кафулиња на дестинацијата за одмор да ги зголемиле своите цени. И да не заборавиме: автомобилите за изнајмување. Автомобилите за изнајмување резервирани на порталот „Check24“, во преткризната 2019 година чинеле во просек нешто повеќе од 34 евра дневно во сите 20 земји вклучени на порталот за споредба, а оваа година чинат речиси 74 евра.

А, покрај финансиите, има и други работи кои во момент може да го отежнат одморот. Слично на хотелската индустрија, на многу аеродроми недостасуваат квалификувани работници. Резултатот се неизмерно долги редици пред безбедносните контролни пунктови. Ситуацијата на аеродромот Шипхол, во Амстердам, е екстремна. Патниците понекогаш мора да чекаат со часови додека поминат на контрола.

За да спречи ситуацијата да стане уште подраматична, авиокомпанијата „КЛМ“ драстично ја намали продажбата на билети за летови од Амстердам.

Накратко, ДВ заклучува дека ако планирате одмор, тоа треба да го направите рано, да не чекате поволни понуди до последна минута, да не се чудите ако патувањето е поскапо од минатата година и однапред да размислите за можните проблеми. Тогаш има добри шанси навистина да се одморите од кризи, војна и корона - барем за извесно време. Затоа што летот за враќање дефинитивно ќе дојде.

The post Корона па војна: Колку кризата ќе влијае да поскапат патувањата? appeared first on Република.

]]>

По повеќе од две години пандемија на корона вирусот, во февруари 2022 година почна војната во Украина. Таквите светски кризи имаат големо влијание и врз туристичката индустрија. „Дојче веле“ (ДВ) прави анализа за тоа колку војната, што ја налседи пандемијата, ќе влијае на поскапување на туристиките аранжмани и патувања ширум светот. Сѐ поскапува! И летовите и хотелите? Оние кои во моментов разгледуваат летови, честопати се прашуваат: зарем порано не беше поевтино? Честопати беше така. За поскапувањата, меѓу другото, има две причини. Првата е поскапувањето на горивото.
Генерално, трошоците за керозин растат, а и цената на нафтата е сè уште на рекордно ниво. Тоа гостите го чувствуваат и кога станува збор за цените на авионските билети, кои стануваат поскапи. Не плаќаат повеќе само возачите на бензинските пумпи, туку и авиокомпаниите плаќаат повеќе за керозин - вели за ДВ Јохана Тилман од германската авиокомпанија „Кондор“.
Поскапувањето на керозинот вообичаено носи и повисоки цени на авиобилетите
Без оглед на ова, моментално има голема потреба за одмор. Ова има влијание врз цените на билетите за летови и за сместувањето, особено за време на распустите, бидејќи тие се засноваат на побарувачката - објаснува Тилман.
Хотелите исто така се борат со повисоки трошоци. И тие треба да платат повеќе за нафта, гас, струја и храна. Има и проблем со недостиг од квалификувани работници. Во екот на пандемијата, хотелите беа празни, а многу вработени побараа друга работа. Во некои случаи, хотелите дури мора да се служат со стимулации за да регрутираат вработени - главно се тоа финансиски стимулации. И овие дополнителни трошоци делумно се пренесуваат на гостите во вид на повисоки цени на собите.

Што е со паушалните патувања?

Кога станува збор за паушални патувања, се резервира цел пакет, кој се состои од лет, хотел и трансфер до хотелот. Според германскиот портал за споредба и резервации „Check24“, паушалните патувања резервирани преку овој портал до главните места за одмор на Германците станале исто така поскапи во однос на претходната година. Просечното еднонеделно паушално патување на две лица во Мајорка, кое било резервирано во мај за периодот јуни-август, поскапело за 17% во споредба со претходната година, се вели на порталот.
И покрај ниското ниво на цените на турската ривиера, поскапувањето е најзабележливо во Сиде и Аланија. Таму, една недела одмор за двајца летово чини 45% повеќе отколку минатото лето - вели за ДВ Мартин Циер, директор на одделот за паушални патувања во „Check24“.

Поскапи патувања

Меѓутоа, од тоа не може да се заклучи дека секое од патувањата е поскапено за исто ниво, зашто за цената во игра се многу фактори. Па, така, според Германскиот туристички сојуз (ДРВ), Германците по две години неможност да патуваат, во моментов едноставно трошат повеќе пари само затоа што резервираат патувања со повисок квалитет.
Оние кои порано резервираа само со појадок, сега резервираат „Ол Инклузив“‚ оние кои порано резервираа хотели со три ѕвезди, сега резервираат хотел со четири ѕвезди. И, многу туристи патуваат подолго од вообичаеното - објаснува Торстен Шефер, портпарол на ДРВ.
Слични се и набљудувањата на „Луфтханза“.
Моментално е тешко да се добијат места во бизнис и прва класа. Тие се првите кои се целосно резервирани кај нас - вели портпаролката на Луфтханза, Бетина Ритбергер.
Многумина не биле на одмор две години, заштедиле пари и сега сакаат добро да се забавуваат, додава таа. Според ДРВ, генерално летово има голема побарувачка за летови до Средоземјето, особено Шпанија, Грција и Турција. Торстен Шефер смета дека цените на паушалните патувања се генерално стабилни, затоа што туристичките компании ги имаат купено контингентите кај хотелите и авиокомпаниите навреме, по поволни услови, повеќето уште во текот на претходната година. Оној кој резервира рано, патува по поволни цени. Меѓутоа, ако се случи контингентите да бидат распродадени и туристичките компании да мора да купуваат дополнителни контингенти, тогаш тоа може да биде поскапо.

Дополнителни трошоци

Оној кој резервира патување, во пресметката треба да ги вклучи и дополнителните трошоци. Можно е многу ресторани, клубови и кафулиња на дестинацијата за одмор да ги зголемиле своите цени. И да не заборавиме: автомобилите за изнајмување. Автомобилите за изнајмување резервирани на порталот „Check24“, во преткризната 2019 година чинеле во просек нешто повеќе од 34 евра дневно во сите 20 земји вклучени на порталот за споредба, а оваа година чинат речиси 74 евра. А, покрај финансиите, има и други работи кои во момент може да го отежнат одморот. Слично на хотелската индустрија, на многу аеродроми недостасуваат квалификувани работници. Резултатот се неизмерно долги редици пред безбедносните контролни пунктови. Ситуацијата на аеродромот Шипхол, во Амстердам, е екстремна. Патниците понекогаш мора да чекаат со часови додека поминат на контрола. За да спречи ситуацијата да стане уште подраматична, авиокомпанијата „КЛМ“ драстично ја намали продажбата на билети за летови од Амстердам. Накратко, ДВ заклучува дека ако планирате одмор, тоа треба да го направите рано, да не чекате поволни понуди до последна минута, да не се чудите ако патувањето е поскапо од минатата година и однапред да размислите за можните проблеми. Тогаш има добри шанси навистина да се одморите од кризи, војна и корона - барем за извесно време. Затоа што летот за враќање дефинитивно ќе дојде.

The post Корона па војна: Колку кризата ќе влијае да поскапат патувањата? appeared first on Република.

]]>