Ар Кели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ar-keli/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Sep 2022 07:46:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ар Кели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ar-keli/ 32 32 Се снимал како сексуално ја злоупотребува 14-годишната кумашинка: Ар Кели осуден за детска порнографија https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/se-snimal-kako-seksualno-ja-zloupotrebuva-14-godishnata-kumashinka-ar-keli-osuden-za-detska-pornografija/ Thu, 15 Sep 2022 07:46:20 +0000 https://republika.mk/?p=550909

Федералната порота во Чикаго го прогласи ар-ен-би пејачот Ар Кели за виновен по три точки од обвинението за детска порнографија. Обвинението е покренато откако пејачот се снимал себеси како сексуално ја злоупотребува својата тогаш 14-годишна кумашинка.

Од 13-те точки во обвинението, Кели е виновен и за три точки за трговија со деца преку принуда и намамување.

Тој беше ослободен од обвиненијата за заговор за попречување на правдата во неговиот случај во Округот Кук во 2002 година. Дополнително, тој е ослободен по две точки од обвинението за примање детска порнографија и едно обвинение за заговор за примање детска порнографија.

Пресудата следи по сведочењето на кумашинката на Ар Кели, лажно именувана како „Џејн“. И три други жени сведочеа дека пејачот снимал, чувал и поседувал снимки на кои сексуално ги злоставувал кога тие биле малолетни.

Во постапката имаше и двајца други обвинети – поранешните негови соработници Милтон „Џун“ Браун и Дерел Мекдејвид. Тие се ослободени од сите обвиненија.

Во завршните зборови, адвокатката на Ар Кели, Џенифер Бонџан тврдеше дека родителите на „Џејн“ се виновни затоа што лажеле за нејзината врска со пејачот и дека тоа не било принуда, туку „тие го одобриле тоа“.

„Џејн“ се приклучи на истрагата во 2019 година, по прикажувањето на документарната серија „Преживувањето по Ар Кели“. Во судскиот процес, жената сведочеше дека таа е на видеоснимките и дека Ар Кели сексуално ја злоставувал повеќепати кога била малолетна.

Ар Кели беше осуден на 30 години затвор во јуни, откако поротата го прогласи за виновен за сексуална експлоатација на деца, киднапирање и принудна работа.

The post Се снимал како сексуално ја злоупотребува 14-годишната кумашинка: Ар Кели осуден за детска порнографија appeared first on Република.

]]>

Федералната порота во Чикаго го прогласи ар-ен-би пејачот Ар Кели за виновен по три точки од обвинението за детска порнографија. Обвинението е покренато откако пејачот се снимал себеси како сексуално ја злоупотребува својата тогаш 14-годишна кумашинка. Од 13-те точки во обвинението, Кели е виновен и за три точки за трговија со деца преку принуда и намамување. Тој беше ослободен од обвиненијата за заговор за попречување на правдата во неговиот случај во Округот Кук во 2002 година. Дополнително, тој е ослободен по две точки од обвинението за примање детска порнографија и едно обвинение за заговор за примање детска порнографија. Пресудата следи по сведочењето на кумашинката на Ар Кели, лажно именувана како „Џејн“. И три други жени сведочеа дека пејачот снимал, чувал и поседувал снимки на кои сексуално ги злоставувал кога тие биле малолетни. Во постапката имаше и двајца други обвинети – поранешните негови соработници Милтон „Џун“ Браун и Дерел Мекдејвид. Тие се ослободени од сите обвиненија. Во завршните зборови, адвокатката на Ар Кели, Џенифер Бонџан тврдеше дека родителите на „Џејн“ се виновни затоа што лажеле за нејзината врска со пејачот и дека тоа не било принуда, туку „тие го одобриле тоа“. „Џејн“ се приклучи на истрагата во 2019 година, по прикажувањето на документарната серија „Преживувањето по Ар Кели“. Во судскиот процес, жената сведочеше дека таа е на видеоснимките и дека Ар Кели сексуално ја злоставувал повеќепати кога била малолетна. Ар Кели беше осуден на 30 години затвор во јуни, откако поротата го прогласи за виновен за сексуална експлоатација на деца, киднапирање и принудна работа.

The post Се снимал како сексуално ја злоупотребува 14-годишната кумашинка: Ар Кели осуден за детска порнографија appeared first on Република.

]]>
Ар Кели осуден на 30 години затвор за сексуално насилство и трговија со луѓе https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/ar-keli-osuden-na-30-godini-zatvor-za-seksualno-nasilstvo-i-trgovija-so-lugje/ Thu, 30 Jun 2022 07:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=521378

Американскиот ар-ен-би пејач Ар Кели е осуден на 30 години затвор за сексуална трговија со луѓе. Пресудата ја донесе окружната судијка Ен Донели пред Федералниот суд во општината Бруклин во Њујорк, САД.

Овој 55-годишен музичар лани во септември, по пет и пол седмици судење, беше прогласен за виновен. Добитникот на „Греми“ за хитот „I Believe I Can Fly“ го следат контроверзии од првите години од ова илјадалетие.

Тој беше една од најистакнатите познати личности „на тапет“ на движењето против сексуално недолично однесување – „#МеТоо“.

Неколку жени кои сведочеа против Кели за време на судењето, претходно вчера уште еднаш потврдија дека музичарот им ветил менторство и помош при натамошната кариера, по што ги подложил на понижувачко сексуално однесување и физичко насилство. Според некои, злоупотребата имала долгорочно влијание и врз нивното психичко здравје.

The post Ар Кели осуден на 30 години затвор за сексуално насилство и трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>

Американскиот ар-ен-би пејач Ар Кели е осуден на 30 години затвор за сексуална трговија со луѓе. Пресудата ја донесе окружната судијка Ен Донели пред Федералниот суд во општината Бруклин во Њујорк, САД. Овој 55-годишен музичар лани во септември, по пет и пол седмици судење, беше прогласен за виновен. Добитникот на „Греми“ за хитот „I Believe I Can Fly“ го следат контроверзии од првите години од ова илјадалетие. Тој беше една од најистакнатите познати личности „на тапет“ на движењето против сексуално недолично однесување – „#МеТоо“. Неколку жени кои сведочеа против Кели за време на судењето, претходно вчера уште еднаш потврдија дека музичарот им ветил менторство и помош при натамошната кариера, по што ги подложил на понижувачко сексуално однесување и физичко насилство. Според некои, злоупотребата имала долгорочно влијание и врз нивното психичко здравје.

The post Ар Кели осуден на 30 години затвор за сексуално насилство и трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>
Популарниот пејач Ар Кели осуден на 30 години затвор за сексуална злоупотреба на девојки https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/popularniot-pejach-ar-keli-osuden-na-30-godini-zatvor-za-seksualna-zloupotreba-na-devojki/ Wed, 29 Jun 2022 21:11:10 +0000 https://republika.mk/?p=521329

Американската музичка везда, пејачот, текстописец и продуцент Ар Кели (Роберт Силвестер Кели) денеска беше осуден на 30 години затвор во њујоршкиот суд затоа што ја искористил својата медиумска популарност и слава да изложува млади обожавателки, вклучително и голем број девојчиња, на систематска сексуална злоупотреба.

55-годишниот пејач и текстописец минатата година беше осуден за рекет и трговија со секс на судење кое за прв пат им даде можност на жртвите да проговорат затоа што претходно биле игнорирани само затоа што се Афроамериканци, пренесува АП.

Судијката Ен Донели го осуди обвинетиот откако ги слушна сведочењата на неколку преживеани жени кои сведочеа дека злоупотребата на Кели оставила длабоки траги во нивните животи.

„Ме принудаше да правам работи што ми го скршија духот. Буквално сакав да умрам колку што се чувствував безвредно. Се сеќаваш ли на тоа?“, праша директно една од жртвите на злоупотреба, обраќајќи му се на Кели, која седеше со скрстени раце и со спуштени очи.

Оваа реченица го означи крајот на популарноста на Р. Кели, човекот кој продаде милиони албуми, кој го обожаваа милиони фанови дури и откако во јавноста почнаа да кружат обвинувања за неговото насилно однесување кон младите девојки во раните 1990-ти.

The post Популарниот пејач Ар Кели осуден на 30 години затвор за сексуална злоупотреба на девојки appeared first on Република.

]]>

Американската музичка везда, пејачот, текстописец и продуцент Ар Кели (Роберт Силвестер Кели) денеска беше осуден на 30 години затвор во њујоршкиот суд затоа што ја искористил својата медиумска популарност и слава да изложува млади обожавателки, вклучително и голем број девојчиња, на систематска сексуална злоупотреба. 55-годишниот пејач и текстописец минатата година беше осуден за рекет и трговија со секс на судење кое за прв пат им даде можност на жртвите да проговорат затоа што претходно биле игнорирани само затоа што се Афроамериканци, пренесува АП. Судијката Ен Донели го осуди обвинетиот откако ги слушна сведочењата на неколку преживеани жени кои сведочеа дека злоупотребата на Кели оставила длабоки траги во нивните животи.
„Ме принудаше да правам работи што ми го скршија духот. Буквално сакав да умрам колку што се чувствував безвредно. Се сеќаваш ли на тоа?“, праша директно една од жртвите на злоупотреба, обраќајќи му се на Кели, која седеше со скрстени раце и со спуштени очи.
Оваа реченица го означи крајот на популарноста на Р. Кели, човекот кој продаде милиони албуми, кој го обожаваа милиони фанови дури и откако во јавноста почнаа да кружат обвинувања за неговото насилно однесување кон младите девојки во раните 1990-ти.

The post Популарниот пејач Ар Кели осуден на 30 години затвор за сексуална злоупотреба на девојки appeared first on Република.

]]>