аптека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apteka/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 15:07:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аптека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apteka/ 32 32 Пациентите болни од дијабетес бараат сами да ги набавуваат потребните лекови во аптека и достпност на иновативна терапија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/patsientite-bolni-od-dijabetes-baraat-sami-da-gi-nabavuvaat-potrebnite-lekovi-vo-apteka-i-dostpnost-na-inovativna-terapija/ Sat, 16 Nov 2024 15:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=838563

Со низа активности денеска по вторпат беше одбележан Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември. Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) беше промовирана книгата „Да се храниме и готвиме здраво“ од Везире Старова, каде свои обраќања имаа претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари Димче Велев и заменик министерот за здравство Јовица Андовски.

Како што беше посочено на настанот, дијабетесот во земјава е во подем и има околу 130 илјади пациенти со дијагностициран дијабетес, како и уште половина од оваа бројка лица кои што не се дијагностицирани. Под мотото „Благостојбата кај лицата со дијабетес“ беше испратена порака за превенирање на компликациите на пациентите, да се обрне внимание на примарната заштита, како и навремено да се поставуваат дијагнозите на пациентите за отпочнување со терапија.

Претседателот на СЗДСМ, Велев, посочи дека е потребна достапност на иновативната терапија, како и да се продолжи со инсулинската терапија како досега. Повика на промена на моделот на т.н. референтна цена за граѓаните да можат сами да ги набавуваат потребните лекови во аптека.

Го одбележуваме Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, оваа година како финале на сите активности на 25-те здруженија од земјава, да ги слушнеме нивните гласови преку тие активности и да се решат нивните проблеми. Пред се достапност на иновативната терапија, да се продолжи со инсулинската терапија како што е, да се промени моделот на достапност на т.н. референтна цена, кај што граѓанинот, односно пациентот сам ќе си зема од аптека, систем за сите лица со дијабетес тип 1 во Македонија со цел да се намалат компликациите, да се намали нивното отсуство од работа и да се зголеми продуктивноста, со квалитетно менаџирање на тој систем за континуирано мерење на гликемија и секако ќе расте бројот на лица кои носат Т-1 пумпи, посочи Велев.

Нагласи дека кардиоваскуларните заболувања се процентуално најзастапени, потоа ретинопатијата, затоа, додаде, потребно е час поскоро да се стави терапијата за ретинопатијата на позитивната листа.

Кардиоваскуларните заболувања се најбројни, потоа ретинопатијата. Сакаме час поскоро да ја имаме таа терапија, наместо да ја купуваме приватно, која е многу скапа, да биде ставена на позитивна листа и да има за сите пациенти, а не како сега со ограничен пристап, додаде Велев.

Заменик министерот за здравство Андовски, пак, истакна дека Министерството е во преговори со Светската здравствена организација за проширување на превентивните програми.

Министерството за здравство е во длабоки преговори со Светската здравствена организација за проширување на превентивните програми, бидејќи сметам дека треба таму се фокусираме. До крајот на годината ќе излеземе со детали во однос на проширување на програмите, рече Андовски.

Светскиот ден на дијабетесот, денеска на Плоштад Македонија го одбележа и Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија – Баланс МК, каде свое обраќање имаше и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Клековски истакна дека планот на ФЗО за следната година е затворање на разговорите со Синдикатите и матичните лекари, по што ќе може да се утврдат средствата со кои располагаат за лековите на позитивната листа.

Работиме со Министерството за здравство да ги координираме меѓусебните односи, во однос на третманот на дијабетес. Знаете дека дијабетот е програма под Министерството за здравство, но секако дека не го исклучува и Фондот за здравство за својот дел на одговрности. Во основа работиме да видиме како може да ја подобриме комплементарноста во однос на таа програма. Нашиот општ план за следната година е час поскоро да ги затвориме разговорите со синдикатите и матичните лекари и тоа ќе ни овозможи да видиме какви средства ќе имаме на располагање за лекови на позитивната листа, рече Клековски.

The post Пациентите болни од дијабетес бараат сами да ги набавуваат потребните лекови во аптека и достпност на иновативна терапија appeared first on Република.

]]>

Со низа активности денеска по вторпат беше одбележан Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември. Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) беше промовирана книгата „Да се храниме и готвиме здраво“ од Везире Старова, каде свои обраќања имаа претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари Димче Велев и заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Како што беше посочено на настанот, дијабетесот во земјава е во подем и има околу 130 илјади пациенти со дијагностициран дијабетес, како и уште половина од оваа бројка лица кои што не се дијагностицирани. Под мотото „Благостојбата кај лицата со дијабетес“ беше испратена порака за превенирање на компликациите на пациентите, да се обрне внимание на примарната заштита, како и навремено да се поставуваат дијагнозите на пациентите за отпочнување со терапија. Претседателот на СЗДСМ, Велев, посочи дека е потребна достапност на иновативната терапија, како и да се продолжи со инсулинската терапија како досега. Повика на промена на моделот на т.н. референтна цена за граѓаните да можат сами да ги набавуваат потребните лекови во аптека.
Го одбележуваме Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, оваа година како финале на сите активности на 25-те здруженија од земјава, да ги слушнеме нивните гласови преку тие активности и да се решат нивните проблеми. Пред се достапност на иновативната терапија, да се продолжи со инсулинската терапија како што е, да се промени моделот на достапност на т.н. референтна цена, кај што граѓанинот, односно пациентот сам ќе си зема од аптека, систем за сите лица со дијабетес тип 1 во Македонија со цел да се намалат компликациите, да се намали нивното отсуство од работа и да се зголеми продуктивноста, со квалитетно менаџирање на тој систем за континуирано мерење на гликемија и секако ќе расте бројот на лица кои носат Т-1 пумпи, посочи Велев.
Нагласи дека кардиоваскуларните заболувања се процентуално најзастапени, потоа ретинопатијата, затоа, додаде, потребно е час поскоро да се стави терапијата за ретинопатијата на позитивната листа.
Кардиоваскуларните заболувања се најбројни, потоа ретинопатијата. Сакаме час поскоро да ја имаме таа терапија, наместо да ја купуваме приватно, која е многу скапа, да биде ставена на позитивна листа и да има за сите пациенти, а не како сега со ограничен пристап, додаде Велев.
Заменик министерот за здравство Андовски, пак, истакна дека Министерството е во преговори со Светската здравствена организација за проширување на превентивните програми.
Министерството за здравство е во длабоки преговори со Светската здравствена организација за проширување на превентивните програми, бидејќи сметам дека треба таму се фокусираме. До крајот на годината ќе излеземе со детали во однос на проширување на програмите, рече Андовски.
Светскиот ден на дијабетесот, денеска на Плоштад Македонија го одбележа и Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија – Баланс МК, каде свое обраќање имаше и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Клековски истакна дека планот на ФЗО за следната година е затворање на разговорите со Синдикатите и матичните лекари, по што ќе може да се утврдат средствата со кои располагаат за лековите на позитивната листа.
Работиме со Министерството за здравство да ги координираме меѓусебните односи, во однос на третманот на дијабетес. Знаете дека дијабетот е програма под Министерството за здравство, но секако дека не го исклучува и Фондот за здравство за својот дел на одговрности. Во основа работиме да видиме како може да ја подобриме комплементарноста во однос на таа програма. Нашиот општ план за следната година е час поскоро да ги затвориме разговорите со синдикатите и матичните лекари и тоа ќе ни овозможи да видиме какви средства ќе имаме на располагање за лекови на позитивната листа, рече Клековски.

The post Пациентите болни од дијабетес бараат сами да ги набавуваат потребните лекови во аптека и достпност на иновативна терапија appeared first on Република.

]]>
Фатен 35-годишникот кој со пиштол ограбил аптека во Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/faten-35-godishnikot-koj-so-pishtol-ograbil-apteka-vo-kisela-voda/ Thu, 14 Dec 2023 08:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=722783

Вчеравечер околу 20 часот во Скопје, во близина на трговски центар на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.С. (35) од скопско поради основи на сомнение дека околу 19.19 часот во аптека на подрачје на Кисела Вода, со закана одзел пари.

При прегледот кај него, биле пронајдени и одземени пари и пиштол за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.

А.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Фатен 35-годишникот кој со пиштол ограбил аптека во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер околу 20 часот во Скопје, во близина на трговски центар на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.С. (35) од скопско поради основи на сомнение дека околу 19.19 часот во аптека на подрачје на Кисела Вода, со закана одзел пари. При прегледот кај него, биле пронајдени и одземени пари и пиштол за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. А.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Фатен 35-годишникот кој со пиштол ограбил аптека во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Во Македонија сè уште ги гледаат чудно младите кога бараат кондоми во аптека https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-makedonija-se-ushte-gi-gledaat-chudno-mladite-koga-baraat-kondomi-vo-apteka/ Tue, 14 Feb 2023 08:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=608662

Околу 20 проценти од средношколците немаат основни познавања за заштита на сексуалното и репродуктивното здравје, а користењето на современите методи на контрацепција во  Македонија наидува на стигми и предрасуди.

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) во соработка со невладината организација Хера и студентските домови во Скопје одржа конференцијата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје во пресрет на Светската недела на сексуално и репродуктивно здравје.

Меѓу другото беше истакнато и дека е забележано чувство на срам при купување контрацептивни средства.

Од аспект на користење контрацепција имаме најголеми предрасуди и табуа во користењето и Македонија како земја во однос на користење модерна контрацепција и помеѓу младите, но и помеѓу паровите е на незавидно ниво. Апсолутно во тој дел сè уште постојат предрасуди и стереотипи околу модерната контрацепција и тука треба да се работи многу повеќе и да се споделуваат информации кои се релевантни за да можеме да ги надминеме овие предрасуди и да имаме здрава младина, вели програмската раководителка на Хера, Весна Матевска.

Таа посочи дека истражувањето кое го правеле пред неколку години покажува дека сè уште постои срам кога станува збор за овие прашања.

Овој срам и табуата се надминуваат онаму каде што се забележува дека има информација и едукација, но сè уште заради тоа што и самото поднебје ни е такво, постојат прашања кога ќе влезете во аптека или чудни погледи додека младите бараат кондоми, вели Матевска.

Доктор Глигор Тофоски појасни дека со цел добивање здрава младина, треба да се работи превентивно на спречување на настанување на последиците. Тој додаде дека младите треба да сфатат дека незаштитеноста и неинформираноста може со себе да донесе големи последици.

Колку повеќе партнери, колку повеќе незаштитени односи, толку е поголема шансата и од сексуално преносливи инфекции и несакана бременост. Доволен е и еден незаштитен однос и тој да резултира со несакана бременост и инфекција, и затоа треба при секој однос да се внимава. Треба како што прават младите во западниот свет - се тестираат двајцата дали се носители на сексуално преносливи инфекции, за да знаат како понатаму да постапуваат, појасни Тофоски.

Според него, сеопфатното сексуално образование е клучно младите луѓе преку образовниот систем да дојдат до адекватни информации.

Нормално тоа надополнето со искрен разговор со родителите. Но, не секогаш родителите имаат одговор на сите прашања, затоа треба да се бараат одговори и од стручни лица, односно професионалци, објасни тој.

Како што информира Тофоски, младите многу рано стапуваат во сексуални односи, но како што рече, постои голема дискрапанца во одговорите.

Кампања пред сè е ориентирана кон младите луѓе со цел споделување информации од самиот начин кога да отпочнат со сексуални односи, како да се заштитат од инфекции и несакана бременост и кои методи на контрацепција постојат и како да ги применат.

Кампањата во наредните денови ќе продолжи и во останатите студентски домови во Скопје.

The post Во Македонија сè уште ги гледаат чудно младите кога бараат кондоми во аптека appeared first on Република.

]]>

Околу 20 проценти од средношколците немаат основни познавања за заштита на сексуалното и репродуктивното здравје, а користењето на современите методи на контрацепција во  Македонија наидува на стигми и предрасуди. Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) во соработка со невладината организација Хера и студентските домови во Скопје одржа конференцијата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје во пресрет на Светската недела на сексуално и репродуктивно здравје. Меѓу другото беше истакнато и дека е забележано чувство на срам при купување контрацептивни средства.
Од аспект на користење контрацепција имаме најголеми предрасуди и табуа во користењето и Македонија како земја во однос на користење модерна контрацепција и помеѓу младите, но и помеѓу паровите е на незавидно ниво. Апсолутно во тој дел сè уште постојат предрасуди и стереотипи околу модерната контрацепција и тука треба да се работи многу повеќе и да се споделуваат информации кои се релевантни за да можеме да ги надминеме овие предрасуди и да имаме здрава младина, вели програмската раководителка на Хера, Весна Матевска.
Таа посочи дека истражувањето кое го правеле пред неколку години покажува дека сè уште постои срам кога станува збор за овие прашања.
Овој срам и табуата се надминуваат онаму каде што се забележува дека има информација и едукација, но сè уште заради тоа што и самото поднебје ни е такво, постојат прашања кога ќе влезете во аптека или чудни погледи додека младите бараат кондоми, вели Матевска.
Доктор Глигор Тофоски појасни дека со цел добивање здрава младина, треба да се работи превентивно на спречување на настанување на последиците. Тој додаде дека младите треба да сфатат дека незаштитеноста и неинформираноста може со себе да донесе големи последици.
Колку повеќе партнери, колку повеќе незаштитени односи, толку е поголема шансата и од сексуално преносливи инфекции и несакана бременост. Доволен е и еден незаштитен однос и тој да резултира со несакана бременост и инфекција, и затоа треба при секој однос да се внимава. Треба како што прават младите во западниот свет - се тестираат двајцата дали се носители на сексуално преносливи инфекции, за да знаат како понатаму да постапуваат, појасни Тофоски.
Според него, сеопфатното сексуално образование е клучно младите луѓе преку образовниот систем да дојдат до адекватни информации.
Нормално тоа надополнето со искрен разговор со родителите. Но, не секогаш родителите имаат одговор на сите прашања, затоа треба да се бараат одговори и од стручни лица, односно професионалци, објасни тој.
Како што информира Тофоски, младите многу рано стапуваат во сексуални односи, но како што рече, постои голема дискрапанца во одговорите. Кампања пред сè е ориентирана кон младите луѓе со цел споделување информации од самиот начин кога да отпочнат со сексуални односи, како да се заштитат од инфекции и несакана бременост и кои методи на контрацепција постојат и како да ги применат. Кампањата во наредните денови ќе продолжи и во останатите студентски домови во Скопје.

The post Во Македонија сè уште ги гледаат чудно младите кога бараат кондоми во аптека appeared first on Република.

]]>
Ограбена аптека во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ograbena-apteka-vo-skopje/ Fri, 21 Oct 2022 19:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=564185

Извршено е разбојништво во аптека во Скопје.

На 20.10.2022 година во 20:05 часот, СВР Скопје пријавило дека во аптека на улица „Васил Главинов“ лице со закана до вработената и одзело пари од дневниот промет - информираат од МВР.

The post Ограбена аптека во Скопје appeared first on Република.

Финска ги пoвика помладите од 40 години да купат таблети со јод, за неколку часа аптеките останаа празни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/finska-gi-povika-pomladite-od-40-godini-da-kupat-tableti-so-jod-za-nekolku-chasa-aptekite-ostanaa-prazni/ Wed, 12 Oct 2022 08:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=559974

Граѓаните на Финска ги опустошија аптеките после пораката на Министерството: „Подгответе се!“ иако инструкциите се многу јасни и таблетите со јод не се за секого.

По објавувањето на соопштението за печатот на финското министерство, речиси сите залихи на јод во таа земја беа распродадени.

Во вторникот, Министерството за здравство во Финска им препорача на граѓаните да купат една доза таблети со јод за сите луѓе на возраст меѓу три и 40 години за да бидат подготвени во случај на опасност од радијација.

Насоките на Министерството за ова прашање последен пат беа ажурирани во 2002 година, се вели во соопштението, додавајќи дека новите препораки се засноваат на ревидирани упатства издадени од Светската здравствена организација (СЗО) во 2017 година.

Несреќа во нуклеарна централа може да ослободи радиоактивен јод во животната средина, кој би можел да се акумулира во тироидната жлезда. Ова најмногу им штети на децата, кои се изложени на поголем ризик од развој на рак на тироидната жлезда поради високи дози на зрачење“, соопшти Министерството.

Исто така, се вели дека во случај на таква вонредна состојба, засолништето е главниот начин за заштита на луѓето од опасното зрачење.

Министерството, исто така, истакна дека единечна доза таблети со јод обично обезбедува доволна заштита. Додадено е дека јодот ретко предизвикува несакани ефекти, но дека луѓето со болести на тироидната жлезда треба да ја користат супстанцијата со претпазливост.
„Возрасните не се изложени на ист ризик, а упатствата повеќе не препорачуваат лицата постари од 40 години да земаат таблети со јод во случај на опасност од радијација“, додаваат од финското Министерство.

Препорачаната единечна доза за популацијата на возраст од 12 до 40 години која е во опасна ситуација со зрачење е 130 милиграми калиум јодид. На децата постари од три години им се препорачува да земаат половина од таа доза.

Експерт за опасностите од земање калиум јодид: „Ако некој реши сам да зема јод, компликациите можат да бидат моментални, повеќекратни и долготрајни“
Министерството соопшти дека нема достапни производи кои се особено погодни за деца под три години. Сепак, препорачаната доза за деца до три години е 32,5 милиграми калиум јодид, а половина од таа за новороденчиња.

Министерството предупредува дека и трудниците над 40 години треба да имаат таблети со јод дома, со оглед на тоа што се многу почувствителни.

Од Министерството реагираа на брзањето со купувањето на јод: „Загриженоста е разбирлива, но нема причина за самоиницијативно внесување“.

Најголемиот фински синџир на аптеки во вторникот попладне објави дека залихите на таблети со јод се практично распродадени низ целата земја по најавата на Министерството и дека прават напори да ги обноват резервите, но не знаат кога точно ќе се случи тоа.

The post Финска ги пoвика помладите од 40 години да купат таблети со јод, за неколку часа аптеките останаа празни appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Финска ги опустошија аптеките после пораката на Министерството: „Подгответе се!“ иако инструкциите се многу јасни и таблетите со јод не се за секого. По објавувањето на соопштението за печатот на финското министерство, речиси сите залихи на јод во таа земја беа распродадени. Во вторникот, Министерството за здравство во Финска им препорача на граѓаните да купат една доза таблети со јод за сите луѓе на возраст меѓу три и 40 години за да бидат подготвени во случај на опасност од радијација. Насоките на Министерството за ова прашање последен пат беа ажурирани во 2002 година, се вели во соопштението, додавајќи дека новите препораки се засноваат на ревидирани упатства издадени од Светската здравствена организација (СЗО) во 2017 година.
Несреќа во нуклеарна централа може да ослободи радиоактивен јод во животната средина, кој би можел да се акумулира во тироидната жлезда. Ова најмногу им штети на децата, кои се изложени на поголем ризик од развој на рак на тироидната жлезда поради високи дози на зрачење“, соопшти Министерството.
Исто така, се вели дека во случај на таква вонредна состојба, засолништето е главниот начин за заштита на луѓето од опасното зрачење. Министерството, исто така, истакна дека единечна доза таблети со јод обично обезбедува доволна заштита. Додадено е дека јодот ретко предизвикува несакани ефекти, но дека луѓето со болести на тироидната жлезда треба да ја користат супстанцијата со претпазливост. „Возрасните не се изложени на ист ризик, а упатствата повеќе не препорачуваат лицата постари од 40 години да земаат таблети со јод во случај на опасност од радијација“, додаваат од финското Министерство. Препорачаната единечна доза за популацијата на возраст од 12 до 40 години која е во опасна ситуација со зрачење е 130 милиграми калиум јодид. На децата постари од три години им се препорачува да земаат половина од таа доза. Експерт за опасностите од земање калиум јодид: „Ако некој реши сам да зема јод, компликациите можат да бидат моментални, повеќекратни и долготрајни“ Министерството соопшти дека нема достапни производи кои се особено погодни за деца под три години. Сепак, препорачаната доза за деца до три години е 32,5 милиграми калиум јодид, а половина од таа за новороденчиња. Министерството предупредува дека и трудниците над 40 години треба да имаат таблети со јод дома, со оглед на тоа што се многу почувствителни. Од Министерството реагираа на брзањето со купувањето на јод: „Загриженоста е разбирлива, но нема причина за самоиницијативно внесување“. Најголемиот фински синџир на аптеки во вторникот попладне објави дека залихите на таблети со јод се практично распродадени низ целата земја по најавата на Министерството и дека прават напори да ги обноват резервите, но не знаат кога точно ќе се случи тоа.

The post Финска ги пoвика помладите од 40 години да купат таблети со јод, за неколку часа аптеките останаа празни appeared first on Република.

]]>
Д-р Лазаров: До 11 часот се издадени 6.200 кутии „дијазепам“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-lazarov-do-11-chasot-se-izdadeni-6-200-kutii-dijazepam/ Wed, 01 Jun 2022 11:07:47 +0000 https://republika.mk/?p=509724

Д-р Ненад Лазаров од примарната медицина, сопственик на приватната ординација „Медика Вера“ на својот „Фејсбук“ сподели дека утрово до 8.30 часот биле издадени 1.150 кутии од лекот за смирување „дијазепам“, а оваа бројка до 11 часот е зголемена на 6.200 кутии.

Пред неколку месеци тој на својот Фејсбук профил сподели податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти „диазепам“, 300.000 повеќе од 2015.

The post Д-р Лазаров: До 11 часот се издадени 6.200 кутии „дијазепам“ appeared first on Република.

]]>

Д-р Ненад Лазаров од примарната медицина, сопственик на приватната ординација „Медика Вера“ на својот „Фејсбук“ сподели дека утрово до 8.30 часот биле издадени 1.150 кутии од лекот за смирување „дијазепам“, а оваа бројка до 11 часот е зголемена на 6.200 кутии. Пред неколку месеци тој на својот Фејсбук профил сподели податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти „диазепам“, 300.000 повеќе од 2015.

The post Д-р Лазаров: До 11 часот се издадени 6.200 кутии „дијазепам“ appeared first on Република.

]]>
14-годишник со нож се обидел да ограби аптека зошто аптекарката не му давала таблети https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/14-godishnik-so-noz-se-obidel-da-ograbi-apteka-zoshto-aptekarkata-ne-mu-davala-tableti/ Wed, 25 May 2022 08:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=506630

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „разбојништво“ од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

На 23 мај, како што информираат од Јавното обвинителство, детето во судир со законот, на возраст од 14 години, влегло во аптека на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје и од вработената побарало да му даде таблети „дијазепам“.

Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и ѝ се заканил со нож. Потоа ја отворил касата и го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети. Во тој момент, оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја удрило со тврд предмет и ѝ нанело телесна повреда. Вработената побарала помош од случајни минувачи кои го совладале и го задржале до доаѓањето на полицијата, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата за деца да определи мерка притвор за детето во судир со законот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство и да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и поради фактот што веќе е евидентиран како сторител и на други кривични дела разбојништво за кои претходно определените мерки за помош и заштита не дале резултат.

The post 14-годишник со нож се обидел да ограби аптека зошто аптекарката не му давала таблети appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „разбојништво“ од член 237 став 1 од Кривичниот законик. На 23 мај, како што информираат од Јавното обвинителство, детето во судир со законот, на возраст од 14 години, влегло во аптека на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје и од вработената побарало да му даде таблети „дијазепам“.
Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и ѝ се заканил со нож. Потоа ја отворил касата и го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети. Во тој момент, оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја удрило со тврд предмет и ѝ нанело телесна повреда. Вработената побарала помош од случајни минувачи кои го совладале и го задржале до доаѓањето на полицијата, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата за деца да определи мерка притвор за детето во судир со законот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство и да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и поради фактот што веќе е евидентиран како сторител и на други кривични дела разбојништво за кои претходно определените мерки за помош и заштита не дале резултат.

The post 14-годишник со нож се обидел да ограби аптека зошто аптекарката не му давала таблети appeared first on Република.

]]>
Ограбена аптека во Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ograbena-apteka-vo-karposh/ Fri, 06 May 2022 20:31:20 +0000 https://republika.mk/?p=498804

На 05.05.2022 околу 20:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на населба Карпош едно лице со закана кон вработената одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Ограбена аптека во Карпош appeared first on Република.

]]>

На 05.05.2022 околу 20:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на населба Карпош едно лице со закана кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Ограбена аптека во Карпош appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заразни болести препорача да се носат маски само во болница, аптека, јавен превоз и старски домови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zarazni-bolesti-preporacha-da-se-nosat-maski-samo-vo-bolnica-apteka-javen-prevoz-i-starski-domovi/ Wed, 06 Apr 2022 11:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=484043

Комисијата за заразни болести по денешниот редовен состанок предложи укинување на задолжителното носење маски во затворен простор. Од оваа мерка исклучок се здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз. За овие четири затворени објекти останува задолжителното носење маски. Маските во сите останати простории може да се носат само по желба на граѓаните, но задолжително носење не се практикува веќе.

Сегашните услови ни даваат право да предложиме олеснување на мерките, па сите на денешниот состанок се согласивме дека треба да ја укинеме мерката за задолжително носење заштитни маски во затворен простор. Сепак, мерката сѐ уште ќе продолжи да важи во здравствените установи, во јавниот превоз, во старечките домови и во аптеките. Значи, во овие четири затворени објекти останува задолжителното носење маски. Во сите останати затворени простори маските можат да се носат само по желба на луѓето, но задолжително носење маски не се практикува, рече претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Втората препорака на Комисијата се однесува на следењето на контактите на потврдените ковид случаи во земјава. Нема веќе да се следат контактите на заразените и нема да се препорачува изолација за нив. Овие препораки ќе бидат испратени до главниот координативен кризен штаб.

Го укинуваме епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите. Ова се крупни промени и се носат врз основа на нашата проценка на епидемиолошката состојба во државата. Нашите препораки уште денеска ќе бидат испратени до главниот кризен штаб на Владата – рече Петличковски.

The post Комисијата за заразни болести препорача да се носат маски само во болница, аптека, јавен превоз и старски домови appeared first on Република.

Во аптеките во Велика Британија почнаа да се продаваат инјекции за слабеење https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-aptekite-vo-velika-britanija-pochnaa-da-se-prodavaat-injekcii-za-slabeenje/ Mon, 07 Mar 2022 08:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=468799

Аптеките во Велика Британија од денoвиве почнаа со продажба на „инјекција за слабеење“, за која не е потребен рецепт, а функционира така што го потиснува апетитот и „ветува губење на пет отсто“ од телесната тежина за три месеци.

Инјекцијата е одобрена од Британската здравствена служба (НХС), и е наречена „Лираглутајд“ (Liraglutide) (а позната и како „Саксенда“). Заинтересираните ќе треба да се пријават и за брза интернет-консултација. Инјекцијата го имитира хормонот ГЛП-1 за ситост.

’Лираглутајд‘ е лек за слабеење кој делува да се чувствувате сити или помалку гладни. Се зема како инјекција еднаш дневно. Вашиот лекар или медицинска сестра ќе Ви покажат како да го земате лекот, се наведува на интернет-страницата на НХС.

Здравствени стручњаци нагласуваат дека инјекцијата сепак не е чудесен лек за слабеење и треба да се комбинира со диета за да се постигне какво било губење на тежината. НХС посочува дека „Лираглутајд“ е погоден за возрасни помлади од 75 години и треба да го избегнуваат бремени жени и доилки, како и оние со проблеми со црниот дроб и бубрезите.

The post Во аптеките во Велика Британија почнаа да се продаваат инјекции за слабеење appeared first on Република.

]]>

Аптеките во Велика Британија од денoвиве почнаа со продажба на „инјекција за слабеење“, за која не е потребен рецепт, а функционира така што го потиснува апетитот и „ветува губење на пет отсто“ од телесната тежина за три месеци. Инјекцијата е одобрена од Британската здравствена служба (НХС), и е наречена „Лираглутајд“ (Liraglutide) (а позната и како „Саксенда“). Заинтересираните ќе треба да се пријават и за брза интернет-консултација. Инјекцијата го имитира хормонот ГЛП-1 за ситост.
’Лираглутајд‘ е лек за слабеење кој делува да се чувствувате сити или помалку гладни. Се зема како инјекција еднаш дневно. Вашиот лекар или медицинска сестра ќе Ви покажат како да го земате лекот, се наведува на интернет-страницата на НХС.
Здравствени стручњаци нагласуваат дека инјекцијата сепак не е чудесен лек за слабеење и треба да се комбинира со диета за да се постигне какво било губење на тежината. НХС посочува дека „Лираглутајд“ е погоден за возрасни помлади од 75 години и треба да го избегнуваат бремени жени и доилки, како и оние со проблеми со црниот дроб и бубрезите.

The post Во аптеките во Велика Британија почнаа да се продаваат инјекции за слабеење appeared first on Република.

]]>
Во Чаир фатени двајца крадци кои ограбиле аптека пред еден месец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-chair-fateni-dvajca-kradci-koi-ograbile-apteka-pred-eden-mesec/ Sat, 08 Jan 2022 09:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=441895

Вчера во 09,30 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода А.И.(19) и С.А.(42) двајцата од Скопје во врска со извршено кривично дело тешка кражба во аптека лоцирана на ул.„Индира Ганди“ извршена на 11.12.2021, од каде биле одземени пари.

Како што соопшти МВР, во службен разговор тие во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното дело.

По целосното документирање ќе следи соодветен поднесок.

The post Во Чаир фатени двајца крадци кои ограбиле аптека пред еден месец appeared first on Република.

]]>

Вчера во 09,30 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода А.И.(19) и С.А.(42) двајцата од Скопје во врска со извршено кривично дело тешка кражба во аптека лоцирана на ул.„Индира Ганди“ извршена на 11.12.2021, од каде биле одземени пари. Како што соопшти МВР, во службен разговор тие во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното дело. По целосното документирање ќе следи соодветен поднесок.

The post Во Чаир фатени двајца крадци кои ограбиле аптека пред еден месец appeared first on Република.

]]>