апсолутно мнозинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apsolutno-mnozinstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jan 2024 19:49:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png апсолутно мнозинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apsolutno-mnozinstvo/ 32 32 Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи освојувајќи апсолутно мнозинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vmro-dpmne-ke-pobedi-osvojuvajki-apsolutno-mnozinstvo/ Fri, 26 Jan 2024 19:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=737295

Воведувањето на гласање со отпечаток од прст наречен фингер принт, мислам дека донесе значаен квалитет на локалните избори и се надевам дека таа пракса на демократска организација на избори ќе продолжи и на овие парламентарни избори. Всушност ние на локалните избори забележавме колку сме биле крадени, да бидам директен, на претходните изборни циклуси затоа што, некаде околу педесетина илјади разлика видовме помеѓу она што сме го гледале на хартија и тоа што излезе на терен со отисокот од прст, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Алсат-М, додавајќи дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада за спроведување на изборите, нема да ги речи сите проблеми, но ќе биде чекор плус кон фер и демократски избори.

Во однос на раководителите на секторите за Министерството за внатрешни работи, Николоски истакна дека тоа е еден значаен сегмент, ако не и најзначајниот, затоа што тука оперативно работи министерството на внатрешни работи, одлуката ќе се донесе во следните денови во консултација на сите релевантни структури.

„Но, она што можам ексклузивно вечерва да го кажам за ова интервју, е дека во однос на секторот за внатрешни работи Тетово, кој што ги покрива општините Тетово, Гостивар и помалите општини кои што гравитираат околу овие две големи општини, техничкиот министер за внатрешни работи ќе има средба и консултација со градоначалникот на општина Тетово и ќе побара од него да даде негова сугестија и негов предлог за раководител, односно началник, како што официјално се вика, на секторот за внатрешни работи во Тетово. Така што, очекуваме началникот на сектор за внатрешни работи во Тетово да биде именуван во консултација со градоначалникот на општина Тетово и ова е во насока на фер и демократски избори, затоа што сметаме дека опозицијата која што се формираше околу политичките партии на Изет Меџити, на Африм Гаши и на Билал Касами заслужува да добие шанса за фер и демократски избори, особено имајќи предвид што се случува со нивниот предлог за член во Државната изборна комисија“, рече Николоски.

Во врска со евентуалниот заеднички настап на СДСМ и ДУИ на претстојните парламентарни избори и дали тоа го плаши ВМРО-ДПМНЕ, Николоски вели дека посакува тие да одат заедно на избори и нив заедно да ги поразиме.

Посакувам да одат заедно и мислам дека еднаш засекогаш да се расчисти ова и да одат заедно и заеднички да ги поразиме на следните парламентарни избори и претседателски избори, затоа што народот тука ќе има јасен избор. Така што, ако можам да бирам и да имам желба, јас посакувам да одат заедно и да ги поразиме на избори, истакна Николоски.

Запрашан за тоа колку пратеници би освоила ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека и поранешниот премиер Димитар Ковачевски вели дека неговата коалиција ќе победи на изборите и дека тој повторно ќе биде премиер, Николоски вели дека во еден натпревар дури и најслабиот верува дека победи инаку не би се натпреварувал, но реалноста е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите на кои се очекува и освојување на апсолутно мнозинство.

Знаете како е, во секој натпревар дури и оној кој што е последен верува дека може да победи инаку не би се натпреварувал, така што претпоставувам дека е ова она што го води Ковачевски. Но, реалноста е различна и сите ја знаат и тоа е дека е извесна победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, прашање е само колкава ќе е разликата. Ние се надеваме на освојување на апсолутно мнозинство на овие избори, така што јасни се работите“, потенцираше Николоски.

The post Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи освојувајќи апсолутно мнозинство appeared first on Република.

]]>

Воведувањето на гласање со отпечаток од прст наречен фингер принт, мислам дека донесе значаен квалитет на локалните избори и се надевам дека таа пракса на демократска организација на избори ќе продолжи и на овие парламентарни избори. Всушност ние на локалните избори забележавме колку сме биле крадени, да бидам директен, на претходните изборни циклуси затоа што, некаде околу педесетина илјади разлика видовме помеѓу она што сме го гледале на хартија и тоа што излезе на терен со отисокот од прст, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Алсат-М, додавајќи дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада за спроведување на изборите, нема да ги речи сите проблеми, но ќе биде чекор плус кон фер и демократски избори. Во однос на раководителите на секторите за Министерството за внатрешни работи, Николоски истакна дека тоа е еден значаен сегмент, ако не и најзначајниот, затоа што тука оперативно работи министерството на внатрешни работи, одлуката ќе се донесе во следните денови во консултација на сите релевантни структури.