апсење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apsenje/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Feb 2024 11:36:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png апсење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apsenje/ 32 32 64-годишник баран за в затвор поради тешка сообраќајка уапсен во Волково https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/64-godishnik-baran-za-v-zatvor-poradi-teshka-soobrakajka-uapsen-vo-volkovo/ Fri, 09 Feb 2024 11:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=742165

На 08.02.2024 во 20.40 часот во с.Волково-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(64) од скопско поради тоа што за него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за затворска казна за сторено кривично дело по чл.297 ст.1 од Казнениот законик.

Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.

The post 64-годишник баран за в затвор поради тешка сообраќајка уапсен во Волково appeared first on Република.

]]>

На 08.02.2024 во 20.40 часот во с.Волково-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(64) од скопско поради тоа што за него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за затворска казна за сторено кривично дело по чл.297 ст.1 од Казнениот законик. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.

The post 64-годишник баран за в затвор поради тешка сообраќајка уапсен во Волково appeared first on Република.

]]>
Вооружени и маскирани полицајци уапсиле учителка осомничена за дилање на дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vooruzheni-i-maskirani-politsajtsi-uapsile-uchitelka-osomnichena-za-dilane-na-droga/ Tue, 06 Feb 2024 12:42:11 +0000 https://republika.mk/?p=741007

Вооружени и маскирани полицајци денеска во словенечкиот град Логатец уапсија учителка под сомнение дека е вмешана во илегална трговија со дрога.

Учителката била уапсена на своето работно место.

Директорката на училиштето истакна дека немала влијание врз апсењето.

Апсењето е извршено разумно и обѕирно, а наставникот не бил уапсен пред очите на учениците, се наведува во соопштението на словенечката полиција.

The post Вооружени и маскирани полицајци уапсиле учителка осомничена за дилање на дрога appeared first on Република.

]]>

Вооружени и маскирани полицајци денеска во словенечкиот град Логатец уапсија учителка под сомнение дека е вмешана во илегална трговија со дрога. Учителката била уапсена на своето работно место. Директорката на училиштето истакна дека немала влијание врз апсењето. Апсењето е извршено разумно и обѕирно, а наставникот не бил уапсен пред очите на учениците, се наведува во соопштението на словенечката полиција.

The post Вооружени и маскирани полицајци уапсиле учителка осомничена за дилање на дрога appeared first on Република.

]]>
Уапсен арачиновец баран за издржување затвор поради предизвикување тешка сообраќајка од небрежност https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-arachinovets-baran-za-izdrzhuvane-zatvor-poradi-predizvikuvane-teshka-soobrakajka-od-nebrezhnost/ Tue, 06 Feb 2024 10:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=740913

Полициски службеници денеска го привеле 26-годишниот Е.Х. од Арачиново, кој бил баран по централна потерница за издржување затворска казна.

Денеска (06.02.2024) во 10.15 часот на ул. „Петар Манџуков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(26) од скопското село Арачиново. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Лицето било предадено во Полициската станица Чаир, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

The post Уапсен арачиновец баран за издржување затвор поради предизвикување тешка сообраќајка од небрежност appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници денеска го привеле 26-годишниот Е.Х. од Арачиново, кој бил баран по централна потерница за издржување затворска казна.
Денеска (06.02.2024) во 10.15 часот на ул. „Петар Манџуков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(26) од скопското село Арачиново. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Лицето било предадено во Полициската станица Чаир, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

The post Уапсен арачиновец баран за издржување затвор поради предизвикување тешка сообраќајка од небрежност appeared first on Република.

]]>
Во Словенија приведена учителка поради дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-slovenija-privedena-uchitelka-poradi-droga/ Tue, 06 Feb 2024 10:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=740911

Вооружени и маскирани полицајци денеска во словенечкиот град Логатец уапсија учителка под сомнение дека е вмешана во илегална трговија со дрога.

Учителката била уапсена на своето работно место.

Директорката на училиштето истакна дека немала влијание врз апсењето.

Апсењето е извршено разумно и обѕирно, а наставникот не бил уапсен пред очите на учениците, се наведува во соопштението на словенечката полиција.

The post Во Словенија приведена учителка поради дрога appeared first on Република.

]]>

Вооружени и маскирани полицајци денеска во словенечкиот град Логатец уапсија учителка под сомнение дека е вмешана во илегална трговија со дрога. Учителката била уапсена на своето работно место. Директорката на училиштето истакна дека немала влијание врз апсењето. Апсењето е извршено разумно и обѕирно, а наставникот не бил уапсен пред очите на учениците, се наведува во соопштението на словенечката полиција.

The post Во Словенија приведена учителка поради дрога appeared first on Република.

]]>
Се заканувал со убиство на Вучиќ: Во Белград уапсено едно лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-zakanuval-so-ubistvo-na-vuchik-vo-belgrad-uapseno-edno-litse/ Tue, 23 Jan 2024 11:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=735866

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, специјалното одделение за високотехнолошки криминал, уапсен е мажот што му се заканувал на Александар Вучиќ.

На социјалната мрежа Х тој се заканувал дека ќе убие.

Како што пренесуваат медиумите, станува збор за лице по иницијали О. С., кој на таа социјална мрежа напишал: „Атентат, реално, би бил благословен“.

The post Се заканувал со убиство на Вучиќ: Во Белград уапсено едно лице appeared first on Република.

]]>

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, специјалното одделение за високотехнолошки криминал, уапсен е мажот што му се заканувал на Александар Вучиќ. На социјалната мрежа Х тој се заканувал дека ќе убие. Како што пренесуваат медиумите, станува збор за лице по иницијали О. С., кој на таа социјална мрежа напишал: „Атентат, реално, би бил благословен“.

The post Се заканувал со убиство на Вучиќ: Во Белград уапсено едно лице appeared first on Република.

]]>
Во Турција уапсени 33 лица осомничени за шпионажа за Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-turtsija-uapseni-33-litsa-osomnicheni-za-shpionazha-za-izrael/ Tue, 02 Jan 2024 16:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=729051

Во Турција се уапсени 33 лица осомничени за шпионажа за Израел, соопштија денеска турските власти.

Лицата кои се приведени во неколку провинции се осомничени дека шпионирале странски државјани кои живеат во Турција за израелските тајни служби, јави Анадолија.

Се трага по 13 осомничени за истите кривични дела, соопшти турското обвинителство.

Националноста на осомничените не е наведена.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на мрежата Х напиша дека израелските разузнавачки служби подготвуваат „агресија“ или „киднапирање“ на некои шпионирани странци.

Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, традиционален сојузник на Палестинците, остро го осудува Израел.

Ердоган, кој во 2022 година воведе нова ера во односите со Израел по една деценија напнатост, минатата недела рече дека „нема разлика“ меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Адолф Хитлер.

Ердоган денеска го осуди „обидот за саботажа на Турција и нејзините интереси“ и рече дека ќе го спречи тоа.

The post Во Турција уапсени 33 лица осомничени за шпионажа за Израел appeared first on Република.

]]>

Во Турција се уапсени 33 лица осомничени за шпионажа за Израел, соопштија денеска турските власти. Лицата кои се приведени во неколку провинции се осомничени дека шпионирале странски државјани кои живеат во Турција за израелските тајни служби, јави Анадолија. Се трага по 13 осомничени за истите кривични дела, соопшти турското обвинителство. Националноста на осомничените не е наведена. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на мрежата Х напиша дека израелските разузнавачки служби подготвуваат „агресија“ или „киднапирање“ на некои шпионирани странци. Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, традиционален сојузник на Палестинците, остро го осудува Израел. Ердоган, кој во 2022 година воведе нова ера во односите со Израел по една деценија напнатост, минатата недела рече дека „нема разлика“ меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Адолф Хитлер. Ердоган денеска го осуди „обидот за саботажа на Турција и нејзините интереси“ и рече дека ќе го спречи тоа.

The post Во Турција уапсени 33 лица осомничени за шпионажа за Израел appeared first on Република.

]]>
Нови детали за апсењето на внукот на Али Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/novi-detali-za-apseneto-na-vnukot-na-ali-ahmeti/ Sun, 31 Dec 2023 08:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=728417

При преглед на патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, полицијата пронајде 749 пиротехнички средства, извести МВР.

Вчера вечерта во 19.50 часот на улица „Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од 25-годишниот Дрин Ахмети од село Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства“, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

The post Нови детали за апсењето на внукот на Али Ахмети appeared first on Република.

]]>

При преглед на патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, полицијата пронајде 749 пиротехнички средства, извести МВР.
Вчера вечерта во 19.50 часот на улица „Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од 25-годишниот Дрин Ахмети од село Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства“, соопшти МВР.
Лицето било приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

The post Нови детали за апсењето на внукот на Али Ахмети appeared first on Република.

]]>
Уапсен е внукот на Али Ахмети, кој стана тазе газда на „Соравија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-e-vnukot-na-ali-ahmeti-koj-stana-taze-gazda-na-soravija/ Sat, 30 Dec 2023 20:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=728355

Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, дознава „Скопје1“. Тој е во полициската станица „Беко“. Според првичните неофицијални информации, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства. „Скопје1“ го улови возилото пред полициската станица во Центар. Таму имаше и проверки, а Ахмети беше вратен во станица. Тој вози џип „ленд ровер“, со албански регистарски ознаки.

Го запреле полициската екипа „Тигри“. Побарале и направиле претрес во неговиот автомобил. Во него имало пиротехнички средства. Непознато е како Ахмети се однесувал со полициските службеници.

Трговијата со пиротехника е забранета. Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети.

Скопје1“ побарале детали од МВР, од каде до овој момент немаат никакви информации. Прашања упатиле и до Дрин Ахмети, за тоа дали е уапсен поради пиротехника, како и колкава количина поседувал. Од него, нема одговор.

Инаку, Дрин, внук на Али Ахмети е и контроверзниот сопственик на трговскиот центар „Соравија“. Тој не вложи ниту денар, а доби објект во центарот на Скопје. Купопродажбата ја правдаше пред медиумите, но никогаш не откри од каде е капиталот, иако вети дека информацијата ќе биде јавна во септември.

Институциите кажаа дека ќе покренат предмет, но нема истрага, ниту се знае што открила предистрагата.

The post Уапсен е внукот на Али Ахмети, кој стана тазе газда на „Соравија“ appeared first on Република.

]]>

Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, дознава „Скопје1“. Тој е во полициската станица „Беко“. Според првичните неофицијални информации, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства. „Скопје1“ го улови возилото пред полициската станица во Центар. Таму имаше и проверки, а Ахмети беше вратен во станица. Тој вози џип „ленд ровер“, со албански регистарски ознаки. Го запреле полициската екипа „Тигри“. Побарале и направиле претрес во неговиот автомобил. Во него имало пиротехнички средства. Непознато е како Ахмети се однесувал со полициските службеници. Трговијата со пиротехника е забранета. Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети. „Скопје1“ побарале детали од МВР, од каде до овој момент немаат никакви информации. Прашања упатиле и до Дрин Ахмети, за тоа дали е уапсен поради пиротехника, како и колкава количина поседувал. Од него, нема одговор. Инаку, Дрин, внук на Али Ахмети е и контроверзниот сопственик на трговскиот центар „Соравија“. Тој не вложи ниту денар, а доби објект во центарот на Скопје. Купопродажбата ја правдаше пред медиумите, но никогаш не откри од каде е капиталот, иако вети дека информацијата ќе биде јавна во септември. Институциите кажаа дека ќе покренат предмет, но нема истрага, ниту се знае што открила предистрагата.

The post Уапсен е внукот на Али Ахмети, кој стана тазе газда на „Соравија“ appeared first on Република.

]]>
Приведен битолчанец осуден на казна затвор од три години https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-bitolchanets-osuden-na-kazna-zatvor-od-tri-godini/ Fri, 29 Dec 2023 12:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=727817

Полициски службеници од СВР Битола синоќа во 22.15 часот на улица „Шералти“ го лишиле од слобода У.К.(36) од битолското село Граешница.

Како што соопшти МВР, тој бил осуден на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Битола за доиздржување на една година и седум месеци од казната.

Од МВР посочуваат дека лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

The post Приведен битолчанец осуден на казна затвор од три години appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Битола синоќа во 22.15 часот на улица „Шералти“ го лишиле од слобода У.К.(36) од битолското село Граешница. Како што соопшти МВР, тој бил осуден на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Битола за доиздржување на една година и седум месеци од казната. Од МВР посочуваат дека лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

The post Приведен битолчанец осуден на казна затвор од три години appeared first on Република.

]]>
Апсење во Прилеп: Фиктивно вработувале бремени жени и родилки за да украдат над половина милион евра од Фондот за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/apsene-vo-prilep-fiktivno-vrabotuvale-bremeni-zheni-i-rodilki-za-da-ukradat-nad-polovina-milion-evra-od-fondot-za-zdravstvo/ Thu, 28 Dec 2023 13:32:44 +0000 https://republika.mk/?p=727544

Денес од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција извршува претреси на повеќе локации во Прилеп и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Цицач“, за кривични дела против службената положба, јавните финансии, платниот промет и стопанството што ја спроведе Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.

Управата за финансиска полиција, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка под кодно име „Цицач” до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против повеќе физички и две правни лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ИЗМАМА и ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ДРУГИ ПРИНОСИ ОД КАЗНИВО ДЕЛО од Кривичниот Законик на Република Македонија, со што е предизвикана штета на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија во износ од 35.551.472 денари.

Првопријавениот во својство на овластен потписник на банкарски сметки на пријавените правни лица како и овластен потписник на банкарските сметки на повеќе физички лица, заедно со второпријавениот и третопријавениот во својство на управители и сопственици на пријавените правни лица, во период од септември 2020 до октомври 2023 година со намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе, со лажно прикажување на факти го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија да исплати парични средства по основ на користење на право за надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство на поголем број бремени жени-родилки, на начин што фиктивно ги вработувале во пријавените правни субјекти, како продавачки без да одат на работа, под услов да се бремени, притоа исплаќајќи им месечни примања во висина на минималната плата, за да по исполнувањето на законскиот услов од 6 месеци, извршат корекција на плата на многу поголеми износи од минималната, давајќи невистинити и лажни податоци во Управата за јавни приходи.

Првопријавениот во својство на овластен потписник на сметките на фиктивно вработените бремени жени – родилки, поголем дел од паричните средства кои биле исплатени од Фондот за здравствено осигурување по основ на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство ги присвоил за себе на начин што дел од паричните средства ги подигал во готово, а останатиот дел ги пуштил во оптек односно ги префрлил кон банкарските сметки на пријавените правни лица и кон сметката на шестопријавената по основ давање или враќање позајмици, а се со цел да го прикрие потеклото на нелегално стекнатите парични средства.

Со таквите дејствија пријавените лица го оштетиле Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија за износ од 35.551.472 денари.

The post Апсење во Прилеп: Фиктивно вработувале бремени жени и родилки за да украдат над половина милион евра од Фондот за здравство appeared first on Република.

]]>

Денес од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција извршува претреси на повеќе локации во Прилеп и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Цицач“, за кривични дела против службената положба, јавните финансии, платниот промет и стопанството што ја спроведе Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.
Управата за финансиска полиција, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка под кодно име „Цицач” до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против повеќе физички и две правни лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ИЗМАМА и ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ДРУГИ ПРИНОСИ ОД КАЗНИВО ДЕЛО од Кривичниот Законик на Република Македонија, со што е предизвикана штета на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија во износ од 35.551.472 денари. Првопријавениот во својство на овластен потписник на банкарски сметки на пријавените правни лица како и овластен потписник на банкарските сметки на повеќе физички лица, заедно со второпријавениот и третопријавениот во својство на управители и сопственици на пријавените правни лица, во период од септември 2020 до октомври 2023 година со намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе, со лажно прикажување на факти го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија да исплати парични средства по основ на користење на право за надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство на поголем број бремени жени-родилки, на начин што фиктивно ги вработувале во пријавените правни субјекти, како продавачки без да одат на работа, под услов да се бремени, притоа исплаќајќи им месечни примања во висина на минималната плата, за да по исполнувањето на законскиот услов од 6 месеци, извршат корекција на плата на многу поголеми износи од минималната, давајќи невистинити и лажни податоци во Управата за јавни приходи. Првопријавениот во својство на овластен потписник на сметките на фиктивно вработените бремени жени – родилки, поголем дел од паричните средства кои биле исплатени од Фондот за здравствено осигурување по основ на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство ги присвоил за себе на начин што дел од паричните средства ги подигал во готово, а останатиот дел ги пуштил во оптек односно ги префрлил кон банкарските сметки на пријавените правни лица и кон сметката на шестопријавената по основ давање или враќање позајмици, а се со цел да го прикрие потеклото на нелегално стекнатите парични средства. Со таквите дејствија пријавените лица го оштетиле Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија за износ од 35.551.472 денари.

The post Апсење во Прилеп: Фиктивно вработувале бремени жени и родилки за да украдат над половина милион евра од Фондот за здравство appeared first on Република.

]]>
Криминалец баран со потерница за в затвор уапсен во Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kriminalets-baran-so-poternitsa-za-v-zatvor-uapsen-vo-karposh/ Tue, 19 Dec 2023 13:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=724550

На подрачјето на Карпош, денеска во 12.10 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј. (28) од Скопје, соопштија од МВР.

Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 237 став 3 во врска со став 19 од Кривичниот законик.

- Лицето е предадено во Полициската станица Карпош, по што ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната, се наведува во соопштението од МВР.

The post Криминалец баран со потерница за в затвор уапсен во Карпош appeared first on Република.

]]>

На подрачјето на Карпош, денеска во 12.10 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј. (28) од Скопје, соопштија од МВР. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 237 став 3 во врска со став 19 од Кривичниот законик. - Лицето е предадено во Полициската станица Карпош, по што ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната, се наведува во соопштението од МВР.

The post Криминалец баран со потерница за в затвор уапсен во Карпош appeared first on Република.

]]>
Денеска апсење во Горно Соње, приведен криминалец баран со потерница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/deneska-apsene-vo-gorno-sone-priveden-kriminalets-baran-so-poternitsa/ Fri, 15 Dec 2023 14:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=723341

Во скопското село Горно Соње денеска во 12.20 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.В.(46) од Куманово, со живеалиште во Скопје.

МВР соопшти дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци, за сторено кривично дело по член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, се вели во соопштението од МВР.

The post Денеска апсење во Горно Соње, приведен криминалец баран со потерница appeared first on Република.

]]>

Во скопското село Горно Соње денеска во 12.20 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.В.(46) од Куманово, со живеалиште во Скопје. МВР соопшти дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци, за сторено кривично дело по член 131 став 1 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, се вели во соопштението од МВР.

The post Денеска апсење во Горно Соње, приведен криминалец баран со потерница appeared first on Република.

]]>
Во Косово е уапсен поранешен полицаец, еден од најголемите наркобосови во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-kosovo-e-uapsen-poraneshen-politsaets-eden-od-najgolemite-narkobosovi-vo-regionot/ Sat, 09 Dec 2023 14:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=721275

Уапсен е Гезим Чела, еден од најголемите нарко босови во регионот. „Индексонлајн“ дознава дека Чела е уапсен во акцијата на Еурофас на Косово. Чела е уапсен по налог издаден од Албанија. Станува збор за поранешен полицаец кој важи за еден од најголемите босови во трговијата со кокаин и хероин во Европа, а против него се распишани неколку потерници.

Во 2015 година Чела беше обвинет за меѓународна трговија со кокаин, кога во неговата вила беа пронајдени 18 килограми кокаин. Имено, откако дрогата пристигнала во Албанија, била испратена во вилата, од каде членовите на неговиот картел ја дистрибуирале во западните земји. Чела ја претворил семејната вила во лабораторија за подготовка на дрога.

Сепак, судот го ослободил Чела со образложение дека боледува од тешка болест. Подоцна повторно е уапсен поради фалсификување здравствена книшка и му е одреден „куќен притвор“. Кога полицијата ја опколила неговата куќа во Мамурас, тој успеал да побегне.

Газетаекспрес наведува дека Челим бил службеник на специјалните полициски сили пред да се занимава со трговија со дрога и дека таа функција ја извршувал до 1997 година. 55-годишникот е обвинет за трговија со дрога и неовластено изработување и држење оружје.

The post Во Косово е уапсен поранешен полицаец, еден од најголемите наркобосови во регионот appeared first on Република.

]]>

Уапсен е Гезим Чела, еден од најголемите нарко босови во регионот. „Индексонлајн“ дознава дека Чела е уапсен во акцијата на Еурофас на Косово. Чела е уапсен по налог издаден од Албанија. Станува збор за поранешен полицаец кој важи за еден од најголемите босови во трговијата со кокаин и хероин во Европа, а против него се распишани неколку потерници. Во 2015 година Чела беше обвинет за меѓународна трговија со кокаин, кога во неговата вила беа пронајдени 18 килограми кокаин. Имено, откако дрогата пристигнала во Албанија, била испратена во вилата, од каде членовите на неговиот картел ја дистрибуирале во западните земји. Чела ја претворил семејната вила во лабораторија за подготовка на дрога. Сепак, судот го ослободил Чела со образложение дека боледува од тешка болест. Подоцна повторно е уапсен поради фалсификување здравствена книшка и му е одреден „куќен притвор“. Кога полицијата ја опколила неговата куќа во Мамурас, тој успеал да побегне. Газетаекспрес наведува дека Челим бил службеник на специјалните полициски сили пред да се занимава со трговија со дрога и дека таа функција ја извршувал до 1997 година. 55-годишникот е обвинет за трговија со дрога и неовластено изработување и држење оружје.

The post Во Косово е уапсен поранешен полицаец, еден од најголемите наркобосови во регионот appeared first on Република.

]]>
Отсекот за потраги уапси осудена скопска измамничка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/otsekot-za-potragi-uapsi-osudena-skopska-izmamnichka/ Thu, 07 Dec 2023 13:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=720758

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги, денеска околу 1:30 часот на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, ја лишиле од слобода скопјанката С.Ц.(63).

Како што соопштија денеска од МВР, таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

Скопјанката била предадена во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

The post Отсекот за потраги уапси осудена скопска измамничка appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги, денеска околу 1:30 часот на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, ја лишиле од слобода скопјанката С.Ц.(63). Како што соопштија денеска од МВР, таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Скопјанката била предадена во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

The post Отсекот за потраги уапси осудена скопска измамничка appeared first on Република.

]]>
Уапсено уште едно лице за убиството на Вања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uapseno-ushte-edno-litse-za-ubistvoto-na-vana/ Tue, 05 Dec 2023 18:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=720025

Уште едно лице е уапсено поврзано со киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, дознава „Скопје1“, според чии информации сомневањето е дека е помагател. Станува збор за лице кое е поврзано со Љупчо Палевски-Палчо, но и партијата Десна, чиј претседател е тој.

Според првичните информации, ќе се бара притвор од два дена и за него.

Повеќе информации наскоро.

The post Уапсено уште едно лице за убиството на Вања appeared first on Република.

]]>

Уште едно лице е уапсено поврзано со киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, дознава „Скопје1“, според чии информации сомневањето е дека е помагател. Станува збор за лице кое е поврзано со Љупчо Палевски-Палчо, но и партијата Десна, чиј претседател е тој. Според првичните информации, ќе се бара притвор од два дена и за него. Повеќе информации наскоро.

The post Уапсено уште едно лице за убиството на Вања appeared first on Република.

]]>
Големо апсење во Битола: Приведена скопјанка барана со шест потерници за 8,5 годишна казна затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golemo-apsene-vo-bitola-privedena-skopjanka-barana-so-shest-poternitsi-za-8-5-godishna-kazna-zatvor/ Tue, 21 Nov 2023 20:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=714917

Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР -ОКП Охрид на ул.„Ружа Делчева“ во Битола ја лишија од слобода Р.С. (44) од Скопје, лице барано по шест централни потерници од МВР, по наредба на Основен кривичен суд Скопје и ОЈО Скопје за затворска казна од осум години и шест месеци.

При претресот во домот на Р.С. пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, како и предмети кои ќе помогнат во расчистување на претходно пријавени кривични дела во врска со чл.247, чл.149 и чл.251 од КЗ на РМ. Р.С. ќе биде предадена на КПУ- Идризово за издржување на затворската казна.

The post Големо апсење во Битола: Приведена скопјанка барана со шест потерници за 8,5 годишна казна затвор appeared first on Република.

]]>

Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР -ОКП Охрид на ул.„Ружа Делчева“ во Битола ја лишија од слобода Р.С. (44) од Скопје, лице барано по шест централни потерници од МВР, по наредба на Основен кривичен суд Скопје и ОЈО Скопје за затворска казна од осум години и шест месеци. При претресот во домот на Р.С. пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, како и предмети кои ќе помогнат во расчистување на претходно пријавени кривични дела во врска со чл.247, чл.149 и чл.251 од КЗ на РМ. Р.С. ќе биде предадена на КПУ- Идризово за издржување на затворската казна.

The post Големо апсење во Битола: Приведена скопјанка барана со шест потерници за 8,5 годишна казна затвор appeared first on Република.

]]>
Шефот на нарко картелот „Компанио Бело“, Дритан Реџепи е уапсен во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shefot-na-narko-kartelot-kompanio-belo-dritan-redhepi-e-uapsen-vo-istanbul/ Fri, 10 Nov 2023 19:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=700392

Водачот на нарко картелот „Компанио Бело“, Дритан Реџепи е уапсен денеска во Истанбул, откако со помош на колумбиски пасош влегол во Турција преку аеродромот во Истанбул.

Ова го потврди турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, пренесува агенцијата Анадолија.

Лидерот на нарко картелот „Компанио Бело“ се барал од властите на Албанија и Италија, а бил и на црвена потерница на Интерпол за убиство, трговија со дрога, киднапирање, изнуда, незаконско лишување од слобода, фалсификување патни исправи и нелегална трговија на оружје и муниција, пренесува Анадолија.

Според информациите од извори блиски до безбедносните сили, Реџепи влегол во Турција преку аеродромот во Истанбул, користејќи колумбиски пасош на име Бенџамин Омар Перез Гарсија.

Водачот на картелот е пронајден преку соработка на полициите на Италија и Турција во доменот на размена на разузнавачки информации.

„Компанио Бело“ е позната како криминална група од големи размери која се занимава со шверц на дрога од Јужна Америка во Европа.

The post Шефот на нарко картелот „Компанио Бело“, Дритан Реџепи е уапсен во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Водачот на нарко картелот „Компанио Бело“, Дритан Реџепи е уапсен денеска во Истанбул, откако со помош на колумбиски пасош влегол во Турција преку аеродромот во Истанбул. Ова го потврди турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, пренесува агенцијата Анадолија. Лидерот на нарко картелот „Компанио Бело“ се барал од властите на Албанија и Италија, а бил и на црвена потерница на Интерпол за убиство, трговија со дрога, киднапирање, изнуда, незаконско лишување од слобода, фалсификување патни исправи и нелегална трговија на оружје и муниција, пренесува Анадолија. Според информациите од извори блиски до безбедносните сили, Реџепи влегол во Турција преку аеродромот во Истанбул, користејќи колумбиски пасош на име Бенџамин Омар Перез Гарсија. Водачот на картелот е пронајден преку соработка на полициите на Италија и Турција во доменот на размена на разузнавачки информации. „Компанио Бело“ е позната како криминална група од големи размери која се занимава со шверц на дрога од Јужна Америка во Европа.

The post Шефот на нарко картелот „Компанио Бело“, Дритан Реџепи е уапсен во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Уапсени странци во Тиват, снимале порнофилмови во луксузниот комплекс Порто Монтенегро https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapseni-strantsi-vo-tivat-snimale-pornofilmovi-vo-luksuzniot-kompleks-porto-montenegro/ Tue, 07 Nov 2023 10:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=699102

Црногорската полиција уапси неколку странски државјани во луксузниот комплекс Порто Монтенегро во Тиват под сомнение дека учествувале во трговија со луѓе, се со цел создавање и маркетинг на порнографска содржина.

Како што јавува црногорска Побједа, уапсени се О.Б.(34), државјанин на Украина, Б. трговија со В.Г.(43), државјанин на Соединетите Американски Држави, кој претходно бил лишен од слобода, а на штета на 21-годишна жена, што го потврдила и црногорската полиција.

Станува збор за полициска акција каде полициската управа извршила претрес во седум соби од хотел во Тиват при што биле пронајдени 18 странски државјани на Украина, Белорусија, Русија и Израел, како и 10 странски државјани на Соединетите Американски Држави, Украина, Русија, Белорусија и Грција, каде меѓу другото се пронајдени и одземени пари од различни валути, телефони, лаптопи, камери, фотоапарати и други предмети, а во таа прилика е уапсен В.Г..

„Во понатамошната кривична истрага идентификувани се и горенаведените лица кои учествувале во извршувањето на кривичното дело, кои се сомничат дека креирале порнографска содржина во периодот од 26 до 31 октомври со доведување во заблуда и злоупотреба на довербата на оштетените девојки О.Б., Б.П. и О.Л., се сомнева дека по барање на В.Г., чекирале авионски билети за оштетената девојка, а за други девојки биле задолжени за нивниот превоз од аеродром до местото на живеење, набавка на потребни работи, како и создавање порнографска содржина – фотографирање и снимање“, се вели во соопштението на полицијата.

Осомничените се изведени пред државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица.

Во оваа прилика се огласи и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, кој рече дека овие апсења се само една во низата победи во безмилосната и трајна борба против криминалот, кој се обидува да ги поткопа темелите на општествениот поредок во Црна Гора.

 

The post Уапсени странци во Тиват, снимале порнофилмови во луксузниот комплекс Порто Монтенегро appeared first on Република.

]]>

Црногорската полиција уапси неколку странски државјани во луксузниот комплекс Порто Монтенегро во Тиват под сомнение дека учествувале во трговија со луѓе, се со цел создавање и маркетинг на порнографска содржина. Како што јавува црногорска Побједа, уапсени се О.Б.(34), државјанин на Украина, Б. трговија со В.Г.(43), државјанин на Соединетите Американски Држави, кој претходно бил лишен од слобода, а на штета на 21-годишна жена, што го потврдила и црногорската полиција. Станува збор за полициска акција каде полициската управа извршила претрес во седум соби од хотел во Тиват при што биле пронајдени 18 странски државјани на Украина, Белорусија, Русија и Израел, како и 10 странски државјани на Соединетите Американски Држави, Украина, Русија, Белорусија и Грција, каде меѓу другото се пронајдени и одземени пари од различни валути, телефони, лаптопи, камери, фотоапарати и други предмети, а во таа прилика е уапсен В.Г.. „Во понатамошната кривична истрага идентификувани се и горенаведените лица кои учествувале во извршувањето на кривичното дело, кои се сомничат дека креирале порнографска содржина во периодот од 26 до 31 октомври со доведување во заблуда и злоупотреба на довербата на оштетените девојки О.Б., Б.П. и О.Л., се сомнева дека по барање на В.Г., чекирале авионски билети за оштетената девојка, а за други девојки биле задолжени за нивниот превоз од аеродром до местото на живеење, набавка на потребни работи, како и создавање порнографска содржина – фотографирање и снимање“, се вели во соопштението на полицијата. Осомничените се изведени пред државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица. Во оваа прилика се огласи и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, кој рече дека овие апсења се само една во низата победи во безмилосната и трајна борба против криминалот, кој се обидува да ги поткопа темелите на општествениот поредок во Црна Гора.  

The post Уапсени странци во Тиват, снимале порнофилмови во луксузниот комплекс Порто Монтенегро appeared first on Република.

]]>
Уапсен зетот на Сали Бериша, на Бериша му е одземен пасошот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapsen-zetot-na-sali-berisha-na-berisha-mu-e-odzemen-pasoshot/ Sat, 21 Oct 2023 19:52:45 +0000 https://republika.mk/?p=693735

Јамарбер Малтези, зетот на поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој претходно ја извршуваше функцијата шеф на Одделот за животна средина во Демократската партија, уапсен е вечерва на меѓународниот аеродром во Тирана, јави Топ чанел.

-Полицијата го уапсила во моментот кога тој пристигнал на аеродромот со цел да патува надвор од земјата. Апсењето е по наредба на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, додава телевизијата.

Единственото досие со кое се поврзува неговото име и за кое е пријавен во СПАК е она за приватизацијата на поранешниот спортски клуб „Партизани“.

Тужбата во СПАК за ова досие ја покрена министерот за внатрешни работи Таулант Бала во времето кога беше координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија. Освен него тој го обвини и Бериша и тогашниот министер за одбрана Арбен Имами.

Истрагата на СПАК траеше две години.

-Тогаш Малтези беше повикан во СПАК и на распит за овој случај, додека се чини дека Специјалното обвинителство нашло доволно докази за да го уапси зетот на поранешниот премиер, кој смета дека е еден од главните сопственици на зградите кои ги избришаа трагите од комплексот Партизани, посочува телевизијата.

Во врска со ова прашање, на Бериша му е одредна безбедносна мерка „Задолжително јавување“ а му е одземен и пасошот. Се товари за пасивна корупција, перење пари и прикривање имот.

Инаку, станува збор за имот од околу 10.000 м2, во центарот на Тирана кој е приватизиран во 2008 година за 100.000 долари, што, констатира телевизијата, е помала од вредноста на гарсоњера продадена на тој простор.

Спортскиот клуб „Партизани“ беше најважниот спортски комплекс во сопственост на Министерството за одбрана, недалеку од центарот на Тирана, каде денеска се подигнати 17 повеќекатници.

Во мај пред две години поради вмешаност во корупција, САД ги прогласи за непожелни Бериша и неговото семејство.


(МИА)

The post Уапсен зетот на Сали Бериша, на Бериша му е одземен пасошот appeared first on Република.

]]>

Јамарбер Малтези, зетот на поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој претходно ја извршуваше функцијата шеф на Одделот за животна средина во Демократската партија, уапсен е вечерва на меѓународниот аеродром во Тирана, јави Топ чанел.
-Полицијата го уапсила во моментот кога тој пристигнал на аеродромот со цел да патува надвор од земјата. Апсењето е по наредба на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, додава телевизијата.
Единственото досие со кое се поврзува неговото име и за кое е пријавен во СПАК е она за приватизацијата на поранешниот спортски клуб „Партизани“. Тужбата во СПАК за ова досие ја покрена министерот за внатрешни работи Таулант Бала во времето кога беше координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија. Освен него тој го обвини и Бериша и тогашниот министер за одбрана Арбен Имами. Истрагата на СПАК траеше две години.
-Тогаш Малтези беше повикан во СПАК и на распит за овој случај, додека се чини дека Специјалното обвинителство нашло доволно докази за да го уапси зетот на поранешниот премиер, кој смета дека е еден од главните сопственици на зградите кои ги избришаа трагите од комплексот Партизани, посочува телевизијата.
Во врска со ова прашање, на Бериша му е одредна безбедносна мерка „Задолжително јавување“ а му е одземен и пасошот. Се товари за пасивна корупција, перење пари и прикривање имот. Инаку, станува збор за имот од околу 10.000 м2, во центарот на Тирана кој е приватизиран во 2008 година за 100.000 долари, што, констатира телевизијата, е помала од вредноста на гарсоњера продадена на тој простор. Спортскиот клуб „Партизани“ беше најважниот спортски комплекс во сопственост на Министерството за одбрана, недалеку од центарот на Тирана, каде денеска се подигнати 17 повеќекатници. Во мај пред две години поради вмешаност во корупција, САД ги прогласи за непожелни Бериша и неговото семејство.
(МИА)

The post Уапсен зетот на Сали Бериша, на Бериша му е одземен пасошот appeared first on Република.

]]>
Израелските власти го потврдија апсењето на портпаролот на Хамас на Западниот Брег https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskite-vlasti-go-potvrdija-apseneto-na-portparolot-na-hamas-na-zapadniot-breg/ Fri, 20 Oct 2023 08:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=693129

Портпаролот на Хамас Хасан Јусеф беше уапсен вчера за време на израелските рации на Западниот Брег, според израелските власти. Јусеф беше уапсен „под сомневање дека дејствувал во име на Хамас“, изјави за Си-Ен-Ен израелската безбедносна агенција Шин Бет.

Јусеф е водечка палестинска политичка фигура, која служи како официјален портпарол на Хамас на Западниот Брег и има место во Палестинскиот законодавен совет. Си-Ен-Ен претходно објави дека Јусеф се верува дека е меѓу повеќе од 60 членови на Хамас кои Израел ги приведе во рациите на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел, која е се повеќе погодена од борбите во Газа.

The post Израелските власти го потврдија апсењето на портпаролот на Хамас на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Хамас Хасан Јусеф беше уапсен вчера за време на израелските рации на Западниот Брег, според израелските власти. Јусеф беше уапсен „под сомневање дека дејствувал во име на Хамас“, изјави за Си-Ен-Ен израелската безбедносна агенција Шин Бет. Јусеф е водечка палестинска политичка фигура, која служи како официјален портпарол на Хамас на Западниот Брег и има место во Палестинскиот законодавен совет. Си-Ен-Ен претходно објави дека Јусеф се верува дека е меѓу повеќе од 60 членови на Хамас кои Израел ги приведе во рациите на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел, која е се повеќе погодена од борбите во Газа.

The post Израелските власти го потврдија апсењето на портпаролот на Хамас на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>