АППТ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/appt/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Apr 2024 10:39:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АППТ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/appt/ 32 32 АППТ: Движење кон одржлив туризам во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-dvizhene-kon-odrzhliv-turizam-vo-makedonija/ Tue, 16 Apr 2024 10:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=766657

Одржливиот туризам се смета за суштинска и долгорочна економска исплатливост на дестинациите. Со заштита на природните и културните добра, дестинациите можат да привлечат посетители на долг рок, да ги диверзифицираат нивните туристички понуди и да ги поддржат локалните економии без да ги деградираат нивните ресурси или да го загрозат квалитетот на животот на жителите.
Градење на капацитите и зголемување на свеста за одржлив туризам со цел да се обезбедат насоки за туристичкиот сектор во нашата земја за да се зголеми нивната подготвеност за дојдовен туризам преку усвојување на одржливи практики во туризмот, е целта на трите работилници кои се организираат оваа недела во Скопје и Крушево.

Работилниците се во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Стопанската комора на Македонија и Националната асоцијација за дојдовен туризам – НАИТМ, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Програмата за промоција на увозот (SIPPO) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME).
Со овие активности фокусирани на одржливиот туризам, со интернационална експертиза и ресурси ќе им се помогне на бизнис организациите од областа на туризмот и приватниот туристички сектор во нашата земја, да го подобрат нивното разбирање за практиките за одржлив туризам со цел да ги интегрираат во нивните операции, преку пристап до релевантни алатки и најдобри практики од регионот и светот.

„Oдржливиот туризам е важен за одржување на деликатната рамнотежа помеѓу економскиот развој, зачувувањето на животната средина и социјалната еднаквост, поттикнувајќи одговорно патување кое им користи и на сегашните и на идните генерации. Со сѐ поголемиот притисок и новите регулаторни барања на ЕУ како и барањата од здруженијата за туризам во Европската Унија - бизнисите да усвојат одговорни практики, да се усогласат со прописите за животната средина и да се придржуваат до етичките стандарди, засегнатите страни во туристичката индустрија во сите земји сѐ повеќе ја препознаваат важноста на одржливоста во развојот на туризмот.“, изјави Даниела Михајловска Василевска, координатор на угостителство и туризам при Стопанска Комора на Македонија
„Трендовите на пазарот и преференците на потрошувачите растат сѐ повеќе во делот на одржлив туризам бидејќи туристите бараат автентични, значајни искуства кои се усогласуваат со нивните вредности. Странските туристи се спремни да поддржат бизниси и дестинации кои покажуваат посветеност на одржливост, поттикнувајќи промена кон одговорни туристички практики. Одржливиот туризам може да биде и најдобрата компаративна предност на македонските дестинации во иднина, но потребна е заедничка напорна работа од страна на сите чинители во секторот и државата., истакна Влатко Сулев, претседател на здружението НАИТМ.

„Значајно е да се напомене дека неопходно е да се преземат мерки и активности кои го намалуваат загадувањето на природата, но секако и спроведување на стандарди за заштита на биодиверзитетот, животната средина и културното наследство. Особено доколку знаеме дека масовноста во туризмот носи зголемени негативни влијанија пред сѐ на животната средина. Затоа овие форми на туризам велимедека се посеопфатни, посовесни и поодговорни бидејќи нивна основна цел е да се одржи баланс помеѓу масовноста во туризмот и намалување на загадувањето и заштитата на животната средина. Токму затоа активностите на Агенцијата за туризам и во наредниот период ќе бидат насочени кон организирање на низа обуки и работилници пред сѐ наменети за туристичкото стопанство, а ќе бидат во насока на подигнување на свеста за значајноста, придобивкитеи спроведувањетона мерки за одржливост во туризмот, како и промоција на одговорното патување. Реализирањето на дополнителните работилници во текот на годината се планира да биде во рамките на дестинациите во нашата земја, но и ќе останеме отворени за соработка со странските програми, фондови и амбасади за реализација на проекти во насока на градење на одржливи дестинации.“

„За следната година се разгледуваат можностите во соработка со странските партнери за имплементација на ЕСГ стандардите во рамките на хотелиерството, која ќе овозмозможи нивна поголема конкурентност, препознатливост, транспарентност, економски развој, но и привлекување на одржливо финансирање и инвестиции.”- изјави м-р Јасмина Лескаровска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Преку заеднички напори, бизнис организациите, приватниот сектор и државните институции е потребно да работат заеднички за промовирање на одржливиот туризам како двигател на економскиот раст, општествениотразвој и зачувувањето на животната средина во земјата.

The post АППТ: Движење кон одржлив туризам во Македонија appeared first on Република.

]]>

Одржливиот туризам се смета за суштинска и долгорочна економска исплатливост на дестинациите. Со заштита на природните и културните добра, дестинациите можат да привлечат посетители на долг рок, да ги диверзифицираат нивните туристички понуди и да ги поддржат локалните економии без да ги деградираат нивните ресурси или да го загрозат квалитетот на животот на жителите. Градење на капацитите и зголемување на свеста за одржлив туризам со цел да се обезбедат насоки за туристичкиот сектор во нашата земја за да се зголеми нивната подготвеност за дојдовен туризам преку усвојување на одржливи практики во туризмот, е целта на трите работилници кои се организираат оваа недела во Скопје и Крушево. Работилниците се во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Стопанската комора на Македонија и Националната асоцијација за дојдовен туризам – НАИТМ, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Програмата за промоција на увозот (SIPPO) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME). Со овие активности фокусирани на одржливиот туризам, со интернационална експертиза и ресурси ќе им се помогне на бизнис организациите од областа на туризмот и приватниот туристички сектор во нашата земја, да го подобрат нивното разбирање за практиките за одржлив туризам со цел да ги интегрираат во нивните операции, преку пристап до релевантни алатки и најдобри практики од регионот и светот. „Oдржливиот туризам е важен за одржување на деликатната рамнотежа помеѓу економскиот развој, зачувувањето на животната средина и социјалната еднаквост, поттикнувајќи одговорно патување кое им користи и на сегашните и на идните генерации. Со сѐ поголемиот притисок и новите регулаторни барања на ЕУ како и барањата од здруженијата за туризам во Европската Унија - бизнисите да усвојат одговорни практики, да се усогласат со прописите за животната средина и да се придржуваат до етичките стандарди, засегнатите страни во туристичката индустрија во сите земји сѐ повеќе ја препознаваат важноста на одржливоста во развојот на туризмот.“, изјави Даниела Михајловска Василевска, координатор на угостителство и туризам при Стопанска Комора на Македонија „Трендовите на пазарот и преференците на потрошувачите растат сѐ повеќе во делот на одржлив туризам бидејќи туристите бараат автентични, значајни искуства кои се усогласуваат со нивните вредности. Странските туристи се спремни да поддржат бизниси и дестинации кои покажуваат посветеност на одржливост, поттикнувајќи промена кон одговорни туристички практики. Одржливиот туризам може да биде и најдобрата компаративна предност на македонските дестинации во иднина, но потребна е заедничка напорна работа од страна на сите чинители во секторот и државата., истакна Влатко Сулев, претседател на здружението НАИТМ. „Значајно е да се напомене дека неопходно е да се преземат мерки и активности кои го намалуваат загадувањето на природата, но секако и спроведување на стандарди за заштита на биодиверзитетот, животната средина и културното наследство. Особено доколку знаеме дека масовноста во туризмот носи зголемени негативни влијанија пред сѐ на животната средина. Затоа овие форми на туризам велимедека се посеопфатни, посовесни и поодговорни бидејќи нивна основна цел е да се одржи баланс помеѓу масовноста во туризмот и намалување на загадувањето и заштитата на животната средина. Токму затоа активностите на Агенцијата за туризам и во наредниот период ќе бидат насочени кон организирање на низа обуки и работилници пред сѐ наменети за туристичкото стопанство, а ќе бидат во насока на подигнување на свеста за значајноста, придобивкитеи спроведувањетона мерки за одржливост во туризмот, како и промоција на одговорното патување. Реализирањето на дополнителните работилници во текот на годината се планира да биде во рамките на дестинациите во нашата земја, но и ќе останеме отворени за соработка со странските програми, фондови и амбасади за реализација на проекти во насока на градење на одржливи дестинации.“ „За следната година се разгледуваат можностите во соработка со странските партнери за имплементација на ЕСГ стандардите во рамките на хотелиерството, која ќе овозмозможи нивна поголема конкурентност, препознатливост, транспарентност, економски развој, но и привлекување на одржливо финансирање и инвестиции.”- изјави м-р Јасмина Лескаровска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Преку заеднички напори, бизнис организациите, приватниот сектор и државните институции е потребно да работат заеднички за промовирање на одржливиот туризам како двигател на економскиот раст, општествениотразвој и зачувувањето на животната средина во земјата.

The post АППТ: Движење кон одржлив туризам во Македонија appeared first on Република.

]]>
АППТ: Македонски туристички производи промовирани на светската туристичка берза ИТБ Берлин 2024 https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-makedonski-turistichki-proizvodi-promovirani-na-svetskata-turistichka-berza-itb-berlin-2024/ Wed, 06 Mar 2024 09:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=751825

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година од 5ти до 7ми март, заедно со туристичкиот сектор се дел од интернационалната саемска манифестација ИТБ Берлин 2024. Светската туристичка берза ИТБ Берлин ги отвори вратите за илјадници туристички посетители кои нудат атрактивни и иновативни туристички продукти со фокус на одржливи туристички дестинации, а со тоа и поддршка на локалното производство и локалната економија.

Македонските туроператори Фибула, Бадемтур, Експириенс Балкан, ДМЦ Балкан, Маседониа Експириенс, Виш-ко и хотелијерите Ресорт Маврово, Хотел Тино Охрид, ТАВ Македонија, АБЦ рент а кар со конкурентна понуда и услуги ги промовираат можностите кои ги нуди Македонија на туристите од Германија. Германскиот туристички пазар станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 35000 туристички посети за 2023г.

На репрезентативниот штанд кој ги отсликува туристичките дестинации во земјава директорката на Агенцијата за туризам, м-р Јасмина Лескаровска потпиша Меморандум за соработка со цел да ја обновиме комуникацијата со германската организација “ASR”- Алијанса на независни туристички трговци која ги застапува интересите на самовработените средни бизниси во германската туристичка економија, со главниот фокус на основање на меѓународни партнерства. Потпишан е Меморандум на соработка со германската организација “FAR”- водечка мрежа на германски тур-оператори посветени на одржливост на дестинациите. Соработката е во насока на организирање на информативно патување во Македонија за сите заинтересирани туроператори од Германија кои ќе ја вклучат нашата дестинација во туристичките понуди за германските туристи. Благодарност до Швајцарската програма за промоција на извозот (SIPPO) за поддршката и отворената соработка за зајакнување на капацитетите и остварување на комуникација со туристичките ентитети од Германија.

Со својата единствена разновидност и учество на 180 земји и региони, со 5600 излагачи во повеќе од 23 хали ИТБ Берлин го покрива целиот синџир на туристички понуди. Сите учесници имаат силно влијание во туризмот кои ги рефлектираат најважните актуелни понуди кои оваа година ќе го вратат и надминат туризмот како глобален феномен.акедонскиот туристички производ во балтичките земји. Работен состанок и запознавање Лескаровска оствари со Марија Лабовиќ, директор на туристичката организација на Србија. Туристичка размена во рамките на “Отворен Балкан” и можностите за промоција на регионот, реализација на проекти за одржливи дестинации се дел од темите за кои се разговараше, а од кои се очекува конкретни резултати во периодот што следи.

Македонскиот изложбен простор беше посетен од македонскиот амбасадор во Берлин, г-дин Илбер Села, Аганијата за туризам искажува благодарност за одличната логистика и соработка со амасадата за зајакнета туристичка промоција на Македонија на германскиот туристички пазар.

The post АППТ: Македонски туристички производи промовирани на светската туристичка берза ИТБ Берлин 2024 appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година од 5ти до 7ми март, заедно со туристичкиот сектор се дел од интернационалната саемска манифестација ИТБ Берлин 2024. Светската туристичка берза ИТБ Берлин ги отвори вратите за илјадници туристички посетители кои нудат атрактивни и иновативни туристички продукти со фокус на одржливи туристички дестинации, а со тоа и поддршка на локалното производство и локалната економија. Македонските туроператори Фибула, Бадемтур, Експириенс Балкан, ДМЦ Балкан, Маседониа Експириенс, Виш-ко и хотелијерите Ресорт Маврово, Хотел Тино Охрид, ТАВ Македонија, АБЦ рент а кар со конкурентна понуда и услуги ги промовираат можностите кои ги нуди Македонија на туристите од Германија. Германскиот туристички пазар станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 35000 туристички посети за 2023г. На репрезентативниот штанд кој ги отсликува туристичките дестинации во земјава директорката на Агенцијата за туризам, м-р Јасмина Лескаровска потпиша Меморандум за соработка со цел да ја обновиме комуникацијата со германската организација “ASR”- Алијанса на независни туристички трговци која ги застапува интересите на самовработените средни бизниси во германската туристичка економија, со главниот фокус на основање на меѓународни партнерства. Потпишан е Меморандум на соработка со германската организација “FAR”- водечка мрежа на германски тур-оператори посветени на одржливост на дестинациите. Соработката е во насока на организирање на информативно патување во Македонија за сите заинтересирани туроператори од Германија кои ќе ја вклучат нашата дестинација во туристичките понуди за германските туристи. Благодарност до Швајцарската програма за промоција на извозот (SIPPO) за поддршката и отворената соработка за зајакнување на капацитетите и остварување на комуникација со туристичките ентитети од Германија. Со својата единствена разновидност и учество на 180 земји и региони, со 5600 излагачи во повеќе од 23 хали ИТБ Берлин го покрива целиот синџир на туристички понуди. Сите учесници имаат силно влијание во туризмот кои ги рефлектираат најважните актуелни понуди кои оваа година ќе го вратат и надминат туризмот како глобален феномен.акедонскиот туристички производ во балтичките земји. Работен состанок и запознавање Лескаровска оствари со Марија Лабовиќ, директор на туристичката организација на Србија. Туристичка размена во рамките на “Отворен Балкан” и можностите за промоција на регионот, реализација на проекти за одржливи дестинации се дел од темите за кои се разговараше, а од кои се очекува конкретни резултати во периодот што следи. Македонскиот изложбен простор беше посетен од македонскиот амбасадор во Берлин, г-дин Илбер Села, Аганијата за туризам искажува благодарност за одличната логистика и соработка со амасадата за зајакнета туристичка промоција на Македонија на германскиот туристички пазар.

The post АППТ: Македонски туристички производи промовирани на светската туристичка берза ИТБ Берлин 2024 appeared first on Република.

]]>
Презентација на туристичките потенцијали на земјава во Рига, Талин и Вилнус https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/prezentatsija-na-turistichkite-potentsijali-na-zemjava-vo-riga-talin-i-vilnus/ Tue, 27 Feb 2024 12:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=748879

Економските и геополитичките предизвици продолжуваат да претставуваат значителни предизвици за одржливо закрепнување на меѓународниот туризам и враќање на нивото на доверба во патувањата.

Македонскиот туристички сектор ги прати трендовите и ја согледа важноста од отварање на нов туристички пазар. Во период од 27ми до 29ти февруари директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, м-р Јасмина Лескаровска, г-дин Влатко Сулев, генерален менаџер на Балкан Прајм Турс и претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ), претставници од ТАВ Македонија, туроператорите Фибула и Сумонум Травел ќе ги презентираат туристичките потенцијали и туристички продукти на земјава во трите балтички престолнини, Рига, Талин и Вилнус.
Култура, сончева дестинација, престижно вино, исклучителна гастрономија, авантуристички и рурален туризам се дел од понудата што ќе се промовира и презентира пред туроператори во  Естонија, Латвија и Литванија. Ова туристичко и бизнис роуд шоу во Балтичките земји како идентификуван целен пазар е пред почетокот на најавениот директен лет Скопје-Рига од страна на авиокомпанија “Ер Балтик“, во мај оваа година. Роуд шоуто е поддржано од ИМЕ- Програмата за зголемување на пазарната вработливост.

Најзначајната придобивка од туристичката промоција е тоа што помага да се прошири нашиот туристички идентитет  и да се привлече вниманието на луѓето кои патуваат глобално и локално и се повеќе од подготвени да ја прифатат нашата туристичка понуда која е автентична и конкурентна на пазарот. Туризмот е една од најбрзо растечките индустрии во светот и е исто така еден од најдобрите начини за зајакнување на економијата на една земја. Со тоа што се повеќе дестинации го сфаќаат ова и бараат да привлечат повеќе туристи, индустријата станува сè поконкурентна. Ова е причината зошто сега е поважно од кога да го приоритизираме туризмот, да вложуваме како држава и како индустрија, да го истакнеме тоа што не прави уникатни и различни.
Македонскиот туристички сектор посветено работи и се соочува со сите предизвици за зајакнување и развој на туристичката индустрија во земјава. Туризмот создава работни места, ја зајакнува локалната економија, придонесува за развој на локалната инфраструктура и може да помогне да се зачува природната средина и културните добра и традиции, како и да се намали сиромаштијата и нееднаквоста.

Новите трендови покажуваат дека перцепциите на туристите за патувањето се менуваат. Тие сакаат да патуваат позначајно и поодржливо. Тие сакаат да знаат дека нивните навики за патување ќе имаат позитивно влијание врз планетата и локалните заедници. Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, м-р Јасмина Лескаровска го потенцира развојот на зелени дестинации и инвестирање во одржливиот туризам.

“Гледајќи напред, Македонија во идниот период ќе мора да инвестира и посветено да работи за развој на еко туризмот и другите алтернативни форми на туризам, бидејќи во изминатите години многу малку е сработено во рамките на дестинациите и воопшто во нашата земја од аспект на градење на одржливи зелени дестинации. Мора да постои кохезија и директна соработка  помеѓу властите, приватните компании и невладините организации, кои сè повеќе ги поддржуваат и охрабруваат одржливите практики во туристичката индустрија. Инвестициите во еколошката инфраструктура, иницијативите за обновлива енергија и иновативните решенија за управување со отпад покажуваат посветеност на долгорочна одржливост. Бидејќи во иднина Македонија ќе треба да се приклучи кон останатите балкански земји во делот на привлекување на туристи кои се грижат за животната средина и бараат значајни и автентични искуства, притоа придонесувајќи за зачувување на природната убавина”- истакна Лескаровска.

The post Презентација на туристичките потенцијали на земјава во Рига, Талин и Вилнус appeared first on Република.

]]>

Економските и геополитичките предизвици продолжуваат да претставуваат значителни предизвици за одржливо закрепнување на меѓународниот туризам и враќање на нивото на доверба во патувањата. Македонскиот туристички сектор ги прати трендовите и ја согледа важноста од отварање на нов туристички пазар. Во период од 27ми до 29ти февруари директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, м-р Јасмина Лескаровска, г-дин Влатко Сулев, генерален менаџер на Балкан Прајм Турс и претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ), претставници од ТАВ Македонија, туроператорите Фибула и Сумонум Травел ќе ги презентираат туристичките потенцијали и туристички продукти на земјава во трите балтички престолнини, Рига, Талин и Вилнус. Култура, сончева дестинација, престижно вино, исклучителна гастрономија, авантуристички и рурален туризам се дел од понудата што ќе се промовира и презентира пред туроператори во  Естонија, Латвија и Литванија. Ова туристичко и бизнис роуд шоу во Балтичките земји како идентификуван целен пазар е пред почетокот на најавениот директен лет Скопје-Рига од страна на авиокомпанија “Ер Балтик“, во мај оваа година. Роуд шоуто е поддржано од ИМЕ- Програмата за зголемување на пазарната вработливост. Најзначајната придобивка од туристичката промоција е тоа што помага да се прошири нашиот туристички идентитет  и да се привлече вниманието на луѓето кои патуваат глобално и локално и се повеќе од подготвени да ја прифатат нашата туристичка понуда која е автентична и конкурентна на пазарот. Туризмот е една од најбрзо растечките индустрии во светот и е исто така еден од најдобрите начини за зајакнување на економијата на една земја. Со тоа што се повеќе дестинации го сфаќаат ова и бараат да привлечат повеќе туристи, индустријата станува сè поконкурентна. Ова е причината зошто сега е поважно од кога да го приоритизираме туризмот, да вложуваме како држава и како индустрија, да го истакнеме тоа што не прави уникатни и различни. Македонскиот туристички сектор посветено работи и се соочува со сите предизвици за зајакнување и развој на туристичката индустрија во земјава. Туризмот создава работни места, ја зајакнува локалната економија, придонесува за развој на локалната инфраструктура и може да помогне да се зачува природната средина и културните добра и традиции, како и да се намали сиромаштијата и нееднаквоста. Новите трендови покажуваат дека перцепциите на туристите за патувањето се менуваат. Тие сакаат да патуваат позначајно и поодржливо. Тие сакаат да знаат дека нивните навики за патување ќе имаат позитивно влијание врз планетата и локалните заедници. Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, м-р Јасмина Лескаровска го потенцира развојот на зелени дестинации и инвестирање во одржливиот туризам. “Гледајќи напред, Македонија во идниот период ќе мора да инвестира и посветено да работи за развој на еко туризмот и другите алтернативни форми на туризам, бидејќи во изминатите години многу малку е сработено во рамките на дестинациите и воопшто во нашата земја од аспект на градење на одржливи зелени дестинации. Мора да постои кохезија и директна соработка  помеѓу властите, приватните компании и невладините организации, кои сè повеќе ги поддржуваат и охрабруваат одржливите практики во туристичката индустрија. Инвестициите во еколошката инфраструктура, иницијативите за обновлива енергија и иновативните решенија за управување со отпад покажуваат посветеност на долгорочна одржливост. Бидејќи во иднина Македонија ќе треба да се приклучи кон останатите балкански земји во делот на привлекување на туристи кои се грижат за животната средина и бараат значајни и автентични искуства, притоа придонесувајќи за зачувување на природната убавина”- истакна Лескаровска.  

The post Презентација на туристичките потенцијали на земјава во Рига, Талин и Вилнус appeared first on Република.

]]>
Јаневски: Туризмот како никогаш до сега е потребен на државните економии на земјите од Балканот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/janevski-turizmot-kako-nikogash-do-sega-e-potreben-na-drzhavnite-ekonomii-na-zemjite-od-balkanot/ Fri, 06 Oct 2023 17:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=688668

На регионалната конференција за туризам под наслов “CHECK IN” која се одржува во градот Требиње на 5 и 6 октомври ќе се обработат преку дискусии новите трендови во туристичката индустрија, како и постигнатите туристички резултати на балканските земји за првата половина од 2023 година. На конференцијата во првиот панел „Резултатите во туризмот и кои мерки треба да бидат воведени за стимулирање на туристичкиот раст“ зема учество и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски заедно со министерот за трговија и туризам на Република Српска, г-дин Денис Шулиќ, министерката за животна средина и туризам на Босна и Херцеговина, д-р спец. Насиха Поздер и државниот секретар при министерството за туризам и млади на Република Србија, г-дин Урош Кандиќ.

Панелистите во своите излагања ја потенцираа успешноста на 2023 година од туристички аспект и потребата за уште поголем фокус на втората половина од годината за задржување на растот и овозможување на подобар старт во следната година. Предвидувањата според присутните се дека ќе бидеме соочени со голем број предизвици на регионално ниво предизвикани од нестабилната економска состојба во Европа.

“Како никогаш до сега туристичкиот сектор им е потребен на државните економии и неговото значење и моќ ќе бидат видливи во наредните години уште повеќе, фокусирајки се на целите за 2025 година во која треба да се надминат 3,7 милиони ноќевања и повеќе од 600 милиони долари туристички промет во македонската економија. За да продолжиме во ист ритам потребно е релевантните институции на државно ниво да имаат поголем фокус на туристичката индустрија овозможувајки поголеми буџети и вмрежуваање во регионот, бидејки за далечните дестинации Балканот како регион е една туристичка дестинација. Вложувањето во човечките ресурси во туристичката индустрија, брендирањето на дестинацијата и нејзината оддржливост е од круцијално значење и растот на дестинациите ќе зависи токму од флуктуацијата на стручните луге во индустријата и генерално перцепцијата на дестинацијата на странските пазари. Пред нас следи долго патување кое сме го започнале, а резултатите се веќе видливи и несомнено треба да се продолжи со дигитализацијата и применување на новите светски практики во туристичката индустрија ”, - истакна Јаневски.

Јаневски додаде дека значењето на конференцијата “CHECK IN” е зајакнато со остварувањето на големиот број на состаноци преку кои е започнат процесот на договор околу зголемување на соработката со федерацијата Босна и Херцеговина. Ќе се реализираат В2В средби на туристичките сектори и зголемена промоција на двете дестинации преку инфлуенсери и медиуми, како и организација на информативни патувања. Ќе се продолжи соработката со Република Србија со цел да се задржи растот на српските туристи и во наредните две години и продолжување на нивниот престој, овозможен со зголемена понуда и посета на поголем број на атракции, како и силен фокус на ено-гастро концептот во Македонија. Со новото авионско поврзување Скопје-Сараево бројот на туристите од БиХ се очекува да се зголеми и да ги надмине резултатите од 2019 година што ќе помогне во достигнување на зацртаните цели во македонскиот туристички сектор за 2023 година.

The post Јаневски: Туризмот како никогаш до сега е потребен на државните економии на земјите од Балканот appeared first on Република.

]]>

На регионалната конференција за туризам под наслов “CHECK IN” која се одржува во градот Требиње на 5 и 6 октомври ќе се обработат преку дискусии новите трендови во туристичката индустрија, како и постигнатите туристички резултати на балканските земји за првата половина од 2023 година. На конференцијата во првиот панел „Резултатите во туризмот и кои мерки треба да бидат воведени за стимулирање на туристичкиот раст“ зема учество и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски заедно со министерот за трговија и туризам на Република Српска, г-дин Денис Шулиќ, министерката за животна средина и туризам на Босна и Херцеговина, д-р спец. Насиха Поздер и државниот секретар при министерството за туризам и млади на Република Србија, г-дин Урош Кандиќ. Панелистите во своите излагања ја потенцираа успешноста на 2023 година од туристички аспект и потребата за уште поголем фокус на втората половина од годината за задржување на растот и овозможување на подобар старт во следната година. Предвидувањата според присутните се дека ќе бидеме соочени со голем број предизвици на регионално ниво предизвикани од нестабилната економска состојба во Европа. “Како никогаш до сега туристичкиот сектор им е потребен на државните економии и неговото значење и моќ ќе бидат видливи во наредните години уште повеќе, фокусирајки се на целите за 2025 година во која треба да се надминат 3,7 милиони ноќевања и повеќе од 600 милиони долари туристички промет во македонската економија. За да продолжиме во ист ритам потребно е релевантните институции на државно ниво да имаат поголем фокус на туристичката индустрија овозможувајки поголеми буџети и вмрежуваање во регионот, бидејки за далечните дестинации Балканот како регион е една туристичка дестинација. Вложувањето во човечките ресурси во туристичката индустрија, брендирањето на дестинацијата и нејзината оддржливост е од круцијално значење и растот на дестинациите ќе зависи токму од флуктуацијата на стручните луге во индустријата и генерално перцепцијата на дестинацијата на странските пазари. Пред нас следи долго патување кое сме го започнале, а резултатите се веќе видливи и несомнено треба да се продолжи со дигитализацијата и применување на новите светски практики во туристичката индустрија ”, - истакна Јаневски. Јаневски додаде дека значењето на конференцијата “CHECK IN” е зајакнато со остварувањето на големиот број на состаноци преку кои е започнат процесот на договор околу зголемување на соработката со федерацијата Босна и Херцеговина. Ќе се реализираат В2В средби на туристичките сектори и зголемена промоција на двете дестинации преку инфлуенсери и медиуми, како и организација на информативни патувања. Ќе се продолжи соработката со Република Србија со цел да се задржи растот на српските туристи и во наредните две години и продолжување на нивниот престој, овозможен со зголемена понуда и посета на поголем број на атракции, како и силен фокус на ено-гастро концептот во Македонија. Со новото авионско поврзување Скопје-Сараево бројот на туристите од БиХ се очекува да се зголеми и да ги надмине резултатите од 2019 година што ќе помогне во достигнување на зацртаните цели во македонскиот туристички сектор за 2023 година.

The post Јаневски: Туризмот како никогаш до сега е потребен на државните економии на земјите од Балканот appeared first on Република.

]]>
АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-turistichkata-i-kulturnata-diplomatija-ushte-ednash-gi-pokazhaa-svoite-mozhnosti-i-moki-vo-povrzuvane-na-narodite/ Tue, 05 Sep 2023 10:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=678949

Во рамките на одбележување на Деновите на македонската култура во градот Шибеник, Република Хрватска, кои започнаа во саботата 02.09.2023 година, на свеченото отворање од страна на раководството на Македонско-хрватската тангента се доделија наградите за достигнувања во унапредување на соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња. Помеѓу добитниците на овие признанија се градоначалникот на општината Шибеник Жељко Буриќ, директорот на шибеничкиот музеј Жељко Крнчевиќ и Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите и градењето на мостови на соработка, а  коишто  треба секојдневно да се зацврстуваат како нишка на комуникација помегу хрватскиот и македонскиот народ на полето од туризмот и културата. Не смееме  да останеме рамнодушни на позитивната енергија која ја наметна Македонско-хрватската тангента, нејзините членови и нивната неуморна работа во остварување на визијата која е исправена пред нив. Наше е да работиме и помогнеме во достигнување на уште поголеми височини кои не носат кон трајни вредности помеѓу двата народи, истакна Јаневски.

Делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот д-р Љупчо Јаневски покрај активностите во рамките на одбележувањето на македонските денови на кутурата во Шибеник оствари средби со градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, директорот на Туристичката организација на градот Шибеник, како и средба во општината Примоштен со кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има потпишано меморандум за соработка на полето од туризмот.

Овие средби се значајни од аспект на запознавање со искуствата и практиките во реализација на европските фондови и значајните дела кои во последните десет години градот Шибеник ги реализираше во подобрување на туристичката клима во дестинациите, овозможувајки троцифрен раст на туристичкото влијание врз локалниот економски развој. Во периодот што следува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, заедно со тимовите на овие општини ќе подготвува проектна документација за аплицирање на многубројните европски фондови, со цел зајакнување на капацитетите на туристичките производи и инфраструктурата во руралните средини.

The post АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите appeared first on Република.

]]>

Во рамките на одбележување на Деновите на македонската култура во градот Шибеник, Република Хрватска, кои започнаа во саботата 02.09.2023 година, на свеченото отворање од страна на раководството на Македонско-хрватската тангента се доделија наградите за достигнувања во унапредување на соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња. Помеѓу добитниците на овие признанија се градоначалникот на општината Шибеник Жељко Буриќ, директорот на шибеничкиот музеј Жељко Крнчевиќ и Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите и градењето на мостови на соработка, а  коишто  треба секојдневно да се зацврстуваат како нишка на комуникација помегу хрватскиот и македонскиот народ на полето од туризмот и културата. Не смееме  да останеме рамнодушни на позитивната енергија која ја наметна Македонско-хрватската тангента, нејзините членови и нивната неуморна работа во остварување на визијата која е исправена пред нив. Наше е да работиме и помогнеме во достигнување на уште поголеми височини кои не носат кон трајни вредности помеѓу двата народи, истакна Јаневски.
Делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот д-р Љупчо Јаневски покрај активностите во рамките на одбележувањето на македонските денови на кутурата во Шибеник оствари средби со градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, директорот на Туристичката организација на градот Шибеник, како и средба во општината Примоштен со кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има потпишано меморандум за соработка на полето од туризмот. Овие средби се значајни од аспект на запознавање со искуствата и практиките во реализација на европските фондови и значајните дела кои во последните десет години градот Шибеник ги реализираше во подобрување на туристичката клима во дестинациите, овозможувајки троцифрен раст на туристичкото влијание врз локалниот економски развој. Во периодот што следува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, заедно со тимовите на овие општини ќе подготвува проектна документација за аплицирање на многубројните европски фондови, со цел зајакнување на капацитетите на туристичките производи и инфраструктурата во руралните средини.  

The post АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите appeared first on Република.

]]>
АППТ: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-brojot-na-turisti-zgolemen-za-30-1-otsto/ Thu, 24 Aug 2023 19:58:01 +0000 https://republika.mk/?p=675542

На денешната презентација на стратешкото планирање за следната 2024 година од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ и презентираните резултати  за првата половина од 2023 година,  директорот  д-р Љупчо Јаневски пред присутните стави акцент на потребата од континуирана работа и точки на подобрување во македонскиот туристички сектор.

Резултатите во првата половина од годината во целост го потврдија стратешкото планирање на Агенцијата за 2023 година кои се базирани на надминување на резултатите од 2019 година, притоа  предвидувајки го спорото закрепнување на неколку традиционални пазари и концентрирајки се на примарни пазари кои постигнаа за 20-50% подобри резултати споредбено 2019/2023 година.

Зголеменото на портфолио од дестинации од кои имаме гости во нашите туристички места и традиционалните пазари создадоа исполнетост на сместувачките капацитети за повеќе од 90% во месеците јули и август, додека резервациите продолжуваат до крајот на октомври потврдувајќи ги целите од 3,3 милиони ноќевања и повеќе од 530 милиони долари туристички промет оваа година во македонската економија од туризмот.

Овие резултати преставуваат силна порака до сите нас дека „Целта е достижна и треба да продолжиме со континуирана работа сите заедно за надминување на 3,7 милиони ноќевања во 2025 година , 600 милиони долари и 40.000 вработувања во македонскиот туристички сектор“  истакна на презентацијата Јаневски.
Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ - БДП низ последнате години од  2011 кога изнесувал 0,4 %, во 2018 2,4%,  за во 2022 година изнесува 3,6%, постигнувајки  481 милион долари, сврстувајќи го македонскиот туристички сектор во првите 10 земји  со раст според Светската Туристичка Организација ( UNWTO).

Македонските туристички потенцијали ќе се промовираат на примарните и секундарни пазари за 2024 година, односно Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Словенија, Хрватска, Турција, Полска, Романија, Словачка, Велика Британија и Италија.  Овие пазари во последните пет години се помеѓу првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања ќе биде интегрирана  со интернационалните саемски преставувања заедно со туристичкиот сектор  на светските  саеми за туризам во Мадрид, Истанбул, Белград, Берлин, Загреб, Тирана, Букурешт, Милано, Римини, Сингапур, Њујорк, Лондон, Варшава, Измир и овозможување на поголем број B2B средби, презентации  и видливост на Република Македонија на светската туристичка мапа, довршување на националното туристичко брендирање, националната туристичка кампања во светски рамки како и продолжување на досегашните одлични практики во дигиталното промовирање од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Отпочнување на туристичко брендирање на градовите во соработка со локалната самоуправа односно Скопје – градот на солидарноста е предвиден за програмата во 2024 кој ќе ги покаже ефектите и правецот за понатамошното делување на ова поле. Силен фокус на инфлуенсерите, блогерите и медиумите преку реализација на информативни патувања откривајки ја последната неоткриена туристичка дестинација за голем број на слободни патувачи

Секторот поддршка ќе се концентрира на проекти кои овозможуваат трајно зајакнување и развивање на концепти кои веќе успешно функционираат во светски рамки ,односно развој на активниот туризам преку проектот „10 планински врвови“ овозможувајки нови планински патеки, водич за движење во планина како и апликативно решение за сите планински патеки во земјата која има повеќе од 80% планини во својот рељеф.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како оптествено одговорна институција ќе се најде во проектот ,,Децата цртаат за татковината“, во кои преку соработка со институциите ќе бидат вклучени децата со попреченост каде нивната визија за татковината ќе биде преточена низ цртежи, а истите ќе бидат изложени на разни културни манифестации.
Развој на руралниот туризам преку повеќегодишниот проект „50 рурални села - 50  туристички приказни“ кој во следните години ќе овозможи повеќе од 500 категоризирани соби во селските средини, развој на агро туризмот, зголемен број на зелени работни места и позитивен развој на локалната економија .
Означување на винските патишта , дегустациски центри, патно означување со знаци, апликативни решенија кои ќе доведат до силен развој на ено-гастро туристичкиот концепт кој забрзано се развива во последните две години.
Подобрен модел на субвенционирање кој ќе овозможи развојна компонента во дестинацијата и за прв пат модел за субвенционирање на домашните туристи за домашните гости кој според проценките во 2024 година може да донесе 500.000 ноќевања повеќе од домашните туристи во ниската сезона во туристичкиот сектор.Зајакнување на АППТ со регионални канцаларии – ДМО кои ќе го интегрираат туристичкиот сектор во дестинациите во креирање на туристичките стратегии и политики  на локално ниво.
Брендирање на граничните премини  и наплатните рампи низ државата како прв чекор во градење и зајакнување на националниот туристички бренд.
Стратешкото планирање на АППТ за 2024 година е во корелација со стратешките согледувања на Светската туристичка организација (UNWTO)  во поглед на превземање на активности и можности за развој на туризмот во нашата држава
Ова се чекорите кои Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се креирани заедно со советот на Агенцијата во кој членуваат сите релевантни туристички чинители јасно покажувајки го фокусот за следните години во македонскиот туризам. Затоа ве повикувам да продолжиме во градење на туризмот кој според моето убедување докажа и ќе докаже со резултатите во блиска иднина дека преставува значајна економска гранка која ќе донесе раст на македонската економија. Имаме можност, каков туристички сектор ќе изградиме во таков ќе работиме и оставиме на генерациите после нас“ истакна на крајот од своето излагање Јаневски

The post АППТ: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто appeared first on Република.

]]>

На денешната презентација на стратешкото планирање за следната 2024 година од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ и презентираните резултати  за првата половина од 2023 година,  директорот  д-р Љупчо Јаневски пред присутните стави акцент на потребата од континуирана работа и точки на подобрување во македонскиот туристички сектор. Резултатите во првата половина од годината во целост го потврдија стратешкото планирање на Агенцијата за 2023 година кои се базирани на надминување на резултатите од 2019 година, притоа  предвидувајки го спорото закрепнување на неколку традиционални пазари и концентрирајки се на примарни пазари кои постигнаа за 20-50% подобри резултати споредбено 2019/2023 година. Зголеменото на портфолио од дестинации од кои имаме гости во нашите туристички места и традиционалните пазари создадоа исполнетост на сместувачките капацитети за повеќе од 90% во месеците јули и август, додека резервациите продолжуваат до крајот на октомври потврдувајќи ги целите од 3,3 милиони ноќевања и повеќе од 530 милиони долари туристички промет оваа година во македонската економија од туризмот. Овие резултати преставуваат силна порака до сите нас дека „Целта е достижна и треба да продолжиме со континуирана работа сите заедно за надминување на 3,7 милиони ноќевања во 2025 година , 600 милиони долари и 40.000 вработувања во македонскиот туристички сектор“  истакна на презентацијата Јаневски. Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ - БДП низ последнате години од  2011 кога изнесувал 0,4 %, во 2018 2,4%,  за во 2022 година изнесува 3,6%, постигнувајки  481 милион долари, сврстувајќи го македонскиот туристички сектор во првите 10 земји  со раст според Светската Туристичка Организација ( UNWTO). Македонските туристички потенцијали ќе се промовираат на примарните и секундарни пазари за 2024 година, односно Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Словенија, Хрватска, Турција, Полска, Романија, Словачка, Велика Британија и Италија.  Овие пазари во последните пет години се помеѓу првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања ќе биде интегрирана  со интернационалните саемски преставувања заедно со туристичкиот сектор  на светските  саеми за туризам во Мадрид, Истанбул, Белград, Берлин, Загреб, Тирана, Букурешт, Милано, Римини, Сингапур, Њујорк, Лондон, Варшава, Измир и овозможување на поголем број B2B средби, презентации  и видливост на Република Македонија на светската туристичка мапа, довршување на националното туристичко брендирање, националната туристичка кампања во светски рамки како и продолжување на досегашните одлични практики во дигиталното промовирање од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Отпочнување на туристичко брендирање на градовите во соработка со локалната самоуправа односно Скопје – градот на солидарноста е предвиден за програмата во 2024 кој ќе ги покаже ефектите и правецот за понатамошното делување на ова поле. Силен фокус на инфлуенсерите, блогерите и медиумите преку реализација на информативни патувања откривајки ја последната неоткриена туристичка дестинација за голем број на слободни патувачи
Секторот поддршка ќе се концентрира на проекти кои овозможуваат трајно зајакнување и развивање на концепти кои веќе успешно функционираат во светски рамки ,односно развој на активниот туризам преку проектот „10 планински врвови“ овозможувајки нови планински патеки, водич за движење во планина како и апликативно решение за сите планински патеки во земјата која има повеќе од 80% планини во својот рељеф. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како оптествено одговорна институција ќе се најде во проектот ,,Децата цртаат за татковината“, во кои преку соработка со институциите ќе бидат вклучени децата со попреченост каде нивната визија за татковината ќе биде преточена низ цртежи, а истите ќе бидат изложени на разни културни манифестации. Развој на руралниот туризам преку повеќегодишниот проект „50 рурални села - 50  туристички приказни“ кој во следните години ќе овозможи повеќе од 500 категоризирани соби во селските средини, развој на агро туризмот, зголемен број на зелени работни места и позитивен развој на локалната економија . Означување на винските патишта , дегустациски центри, патно означување со знаци, апликативни решенија кои ќе доведат до силен развој на ено-гастро туристичкиот концепт кој забрзано се развива во последните две години. Подобрен модел на субвенционирање кој ќе овозможи развојна компонента во дестинацијата и за прв пат модел за субвенционирање на домашните туристи за домашните гости кој според проценките во 2024 година може да донесе 500.000 ноќевања повеќе од домашните туристи во ниската сезона во туристичкиот сектор.Зајакнување на АППТ со регионални канцаларии – ДМО кои ќе го интегрираат туристичкиот сектор во дестинациите во креирање на туристичките стратегии и политики  на локално ниво. Брендирање на граничните премини  и наплатните рампи низ државата како прв чекор во градење и зајакнување на националниот туристички бренд. Стратешкото планирање на АППТ за 2024 година е во корелација со стратешките согледувања на Светската туристичка организација (UNWTO)  во поглед на превземање на активности и можности за развој на туризмот во нашата држава Ова се чекорите кои Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се креирани заедно со советот на Агенцијата во кој членуваат сите релевантни туристички чинители јасно покажувајки го фокусот за следните години во македонскиот туризам. Затоа ве повикувам да продолжиме во градење на туризмот кој според моето убедување докажа и ќе докаже со резултатите во блиска иднина дека преставува значајна економска гранка која ќе донесе раст на македонската економија. Имаме можност, каков туристички сектор ќе изградиме во таков ќе работиме и оставиме на генерациите после нас“ истакна на крајот од своето излагање Јаневски

The post АППТ: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто appeared first on Република.

]]>
АППТ: Фокус на гастро концепт за поголем број туристи https://arhiva3.republika.mk/zivot/appt-fokus-na-gastro-kontsept-za-pogolem-broj-turisti/ Thu, 17 Aug 2023 11:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=673010

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изработи нов репрезентативен промотивен материјал кој ги отсликува убавините и уникатните вкусови од овој регион. Новите трендови во туризмот ставаат акцент на патувањето фокусирано на храна, благосостојба и грижата за себе кога патуваат надвор од дневната рутина.  Новите формати на патување како еко-туризам, соло патување, е-туризам, микро-авантури и доживотно патување се појавуваат за да се задоволат сè пофрагментирани и персонализирани потреби.

На наше задоволство, а со силен мотив изработивме гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети кои се важен дел од понудата во регионите, со цел збогатување на туристичката понуда и зголемување на промоцијата на државата, периодов што следи ќе бидат изработени и видео материјали за истата намена. Брошурата содржи фотографии и текстови за гастрономијата во Република Македонија, културата за неа, храна или друг пијалок кој оди со рецептот, настани или манифестации поврзани со гастрономијата. Гастрономскиот водич е во вид на патеписни приказни за вкусовите на Република Македонија, преточени преку интересни приказни за гастрономијата, виното, традицијата, фолклорот и културното наследство во нашата земја,  рецептите се специфични од аспект на потекло, како се подготвуваат, кој производи се потребни за  традиционалниот специјалитет, легенди за одредени локални традициии. Брошурата содржи локални или регионални традиционални рецепти за одредени јадења од сите 8 плански региони, карактеристични за тој регион или локално место од тој регион.

ГАСТРОНОМСКА МАПА
Илустрираната гастрономска карта има за цел да ги мапира регионите каде има традиционална подготовка на македонски јадења. Идејата е да ги поканиме патувачите на гурманска тура низ Македонија, да уживаат во регионалните вкусови. Освен во печатено издание брошурата: Вкусот на мојата земја и гастрономската мапа  се поставена на веб страната.
ВКУСОТ НА МОЈАТА ЗЕМЈА
Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури. За сите гурмани и ено-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи продукти. Зголемениот интерес за посета на една од последните неоткриени туристички дестинации-Македонија од страна на новинари, инфлуенсери, блогери, влогери, тур оператори и претставници од туристичкиот сектор на странска земја е се поголем. Креативноста, ресурсите и капацитетите ќе бидат искористени за професионално и туристичко претставување на земјава, на интернационалните саеми за туризам во Мадрид, Истанбул, Белград, Берлин, Загреб, Тирана, Букурешт, Милано, Римини, Варшава, Измир, а целта е промоција на локалитетите, туристичките производи, атракции, авантуристичките форми на туризам, гастрономија, винските патишта, руралните дестинации и региони.

The post АППТ: Фокус на гастро концепт за поголем број туристи appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изработи нов репрезентативен промотивен материјал кој ги отсликува убавините и уникатните вкусови од овој регион. Новите трендови во туризмот ставаат акцент на патувањето фокусирано на храна, благосостојба и грижата за себе кога патуваат надвор од дневната рутина.  Новите формати на патување како еко-туризам, соло патување, е-туризам, микро-авантури и доживотно патување се појавуваат за да се задоволат сè пофрагментирани и персонализирани потреби. На наше задоволство, а со силен мотив изработивме гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети кои се важен дел од понудата во регионите, со цел збогатување на туристичката понуда и зголемување на промоцијата на државата, периодов што следи ќе бидат изработени и видео материјали за истата намена. Брошурата содржи фотографии и текстови за гастрономијата во Република Македонија, културата за неа, храна или друг пијалок кој оди со рецептот, настани или манифестации поврзани со гастрономијата. Гастрономскиот водич е во вид на патеписни приказни за вкусовите на Република Македонија, преточени преку интересни приказни за гастрономијата, виното, традицијата, фолклорот и културното наследство во нашата земја,  рецептите се специфични од аспект на потекло, како се подготвуваат, кој производи се потребни за  традиционалниот специјалитет, легенди за одредени локални традициии. Брошурата содржи локални или регионални традиционални рецепти за одредени јадења од сите 8 плански региони, карактеристични за тој регион или локално место од тој регион.
ГАСТРОНОМСКА МАПА
Илустрираната гастрономска карта има за цел да ги мапира регионите каде има традиционална подготовка на македонски јадења. Идејата е да ги поканиме патувачите на гурманска тура низ Македонија, да уживаат во регионалните вкусови. Освен во печатено издание брошурата: Вкусот на мојата земја и гастрономската мапа  се поставена на веб страната.
ВКУСОТ НА МОЈАТА ЗЕМЈА
Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури. За сите гурмани и ено-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи продукти. Зголемениот интерес за посета на една од последните неоткриени туристички дестинации-Македонија од страна на новинари, инфлуенсери, блогери, влогери, тур оператори и претставници од туристичкиот сектор на странска земја е се поголем. Креативноста, ресурсите и капацитетите ќе бидат искористени за професионално и туристичко претставување на земјава, на интернационалните саеми за туризам во Мадрид, Истанбул, Белград, Берлин, Загреб, Тирана, Букурешт, Милано, Римини, Варшава, Измир, а целта е промоција на локалитетите, туристичките производи, атракции, авантуристичките форми на туризам, гастрономија, винските патишта, руралните дестинации и региони.

The post АППТ: Фокус на гастро концепт за поголем број туристи appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Македонија ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка меѓу Македонија и Хрватска https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/agentsijata-za-turizam-i-zaednitsata-na-hrvati-vo-makedonija-ke-rabotat-na-proekti-za-zatsvrstuvane-na-turistichkata-sorabotka-megu-makedonija-i-hrvatska/ Tue, 08 Aug 2023 12:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=670017

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот имаше чест и задоволство, како и можност да сподели искуства и да прими конструктивни совети од г-дин Валтер Флего, член на Европскиот парламент, претставник на Renew Europe (Renew) либерална, проевропска политичка групација.
На денешниот состанок со директорот Јаневски и претставници од Заедницата на Хрвати во Македонија европратеникот Флего имаше можност да дознае повеќе за предизвиците со кои се соочува македонскиот туризам, за стратешките планови на Агенцијата за туризам за 2024 година, за потребата од реорганизација во Национална туристичка организација и следните чекори во туризмот да се насочат кон создавање на дестинациски менаџмет организации- ДМО преку кои ќе се овозможи реалните проблеми да се детектираат и да ги усогласат со вистинските потреби.
Европратеникот Валтер Флего своето долгогодишно искуство во туристичкиот развој на Истарската жупанија го сподели искуството за значењето на одржливост на дестинациите и одговорно патување, за да се зачува автентичноста на туристичките локации, но и за недостатоците на масовниот туризам.
Европратеникот го посети Охрид, културните и историските знаменитости на градот, воодушевен е од убавината на регионот и гастрономските специјалитети.
Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Македонија која посредува во делот на оперативните програми  и  ги спроведува во рамките на своите годишни активности, во блиска иднина ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка помеѓу Македонија и Република Хрватска.

The post Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Македонија ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка меѓу Македонија и Хрватска appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот имаше чест и задоволство, како и можност да сподели искуства и да прими конструктивни совети од г-дин Валтер Флего, член на Европскиот парламент, претставник на Renew Europe (Renew) либерална, проевропска политичка групација. На денешниот состанок со директорот Јаневски и претставници од Заедницата на Хрвати во Македонија европратеникот Флего имаше можност да дознае повеќе за предизвиците со кои се соочува македонскиот туризам, за стратешките планови на Агенцијата за туризам за 2024 година, за потребата од реорганизација во Национална туристичка организација и следните чекори во туризмот да се насочат кон создавање на дестинациски менаџмет организации- ДМО преку кои ќе се овозможи реалните проблеми да се детектираат и да ги усогласат со вистинските потреби.
Европратеникот Валтер Флего своето долгогодишно искуство во туристичкиот развој на Истарската жупанија го сподели искуството за значењето на одржливост на дестинациите и одговорно патување, за да се зачува автентичноста на туристичките локации, но и за недостатоците на масовниот туризам. Европратеникот го посети Охрид, културните и историските знаменитости на градот, воодушевен е од убавината на регионот и гастрономските специјалитети.
Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Македонија која посредува во делот на оперативните програми  и  ги спроведува во рамките на своите годишни активности, во блиска иднина ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка помеѓу Македонија и Република Хрватска.

The post Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Македонија ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка меѓу Македонија и Хрватска appeared first on Република.

]]>
АППТ со туристичка анализа: Со континуиран туристички раст целите за 2025 година се 3,7 милиони ноќевања https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-so-turistichka-analiza-so-kontinuiran-turistichki-rast-tselite-za-2025-godina-se-3-7-milioni-nokevana/ Fri, 21 Jul 2023 11:29:57 +0000 https://republika.mk/?p=663907

Според стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2023 година кое е продолжување на предходните две се е насочено кон постигнување на резултатите од 2019 година, нивно надминување со целта од 3,3 милиони ноќевања. Очекувањата се  повеќе од 530 милиони долари промет од туристичката индустрија да се влеат во македонската економија. Туризмот како област е многу чуствителен на опкружувањето и голем број процеси влијаат дирекно или индирекно врз неговато планирање, успешност, раст и развој. Токму годинава туризмот во Македонија e исправен пред неколку предизвици, односно надополнување на бугарските туристи и ноќевања кои очигледно поради специфичните политички односи помеѓу двете земји ќе недостасуваат посетителите од Бугарија, намалувањето на минусот на албанските и косовските туристи кои патуваат во други дестинации бидејки последните две години поради пандемијата максимално беа насочени кон нашите дестинации. Поради овие три пазари, се мисли на албанскиот, косовскиот и бугарскиот враќањето на резултатите од 2019 година се очекува да биде во втората половина на 2023. Минисот од овие туристи ќе се амортизира со зголемениот број  на туристи од Хрватска, Србија, Романија, Tурција, Словенија.
Сепак 2023 година треба да покаже дека отворањето на нови пазари, воспоставувањето на нови чартери и редовни линии, реализацијата на првиот дел на  медиумската кампања од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот веќе во првите пет месеци од 2023 година создаваат позитивна клима и раст на холандските, турските, романските, англиските, српските туристи надополнети со други секундарни пазари, од кои се очекува раст од 20% до 30%. Овие резултати нема да беа возможни доколку сите заедно во македонскиот туристички сектор низ изминатите три години неуморно работевме, прилагодувајки се на новата реалност во туристичката индустрија.
Скок на гости во првите пет  месеци 2019/2023 година се бележи од турските, романските, српските туристи како и остварени ноќевања со што 2023 година ги има сите услови кумулативно да ја надмине 2019 година по бројот и остварените ноќевања приближувајки се до 530 милиони долари девизен прилив од туризмот во македонската економија. Овие резултати не може да се постигнат без заедничка работа на сите во туристичката индустрија секој ден, верувајки и градејќи доверба едни кон други.
Позитивни резултати се забележани во Охридскиот и Скопскиот регион, во првите пет месеци за 2023 година има раст на бројот на туристи и остварени ноќевања.
Стратешките планови подготвени од тимот на Агенцијата за туризам во целост се покажаа како ефикасни и реални остварувајки ги своите цели во последните години. Растот на туризмот во Македонија не се случува стихијно туку во последните пет години планирано и мерливо.
Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ - БДП во 2011 изнесувал 0,4%, 2018 2,4% додека во 2022 година изнесува 3,6%, достигнувајки 481 милион долари. Доколку ги споредиме првите квартали (Q1) на приливот од туризмот 2018/2019/2020/2021/2022 година и покрај пандемијата која започна во 2020 година нема забележено пад, што не може да се случи ако изостанува планирање, мерливост и евалуација на стратешките планови во АППТ.  За прв пат во првиот квартал на 2023 година туризмот во македонската економија влеал 93 милиони долари што е за 19% повеќе од 2022 година или 41% повеќе од 2019 година, што не охрабрува да констатираме дека сме на вистински пат да ги зацртаме целите за 2023 година и продолжиме кон целта за 2025 година кога треба да ја надминеме најуспешната 1988 година во македонскиот туризам со над 3,7 милиони ноќевања.  Согласно податоците од последните истражувања на Аналитикс и 68 комисија на Европа при Светската Туристичка Организација- UNWTO неодамна одржана во Софија за македонскиот туристички сектор, во македонската туристичка индустрија се вработени помеѓу 30000 и 33000 лица во зависност од сезоналноста што преставува околу 5% од вкупниот број на вработени во македонската економија. Со намалување на сезоналноста и зголемувањето на просечниот престој кај странските и домашните туристи ќе се зголеми бројот на вработените на неодредено време во македонскиот туристички сектор, ќе се намалат сезонските вработувања, просечна исполнетост на хотелските капацитети на годишно ниво над 45%, ќе ја зголеми просечната плата во секторот и ќе се успори миграцијата на работната сила во други држави. Оваа состојба се постигнува со долгорочна стратегија во туристичката индустрија, ново реархитектуирање на АППТ со создавање на дестинациски менаџмент организации-ДМО, вложување во човечкиот капитал,  стратегија доволно флексибилна за да одговори на се поистенчените вкусови на новите целни групи во светскиот туризам. Зголемување на буџетските сретства на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на ниво од 2020 година, и зголемување на нејзините ингеренции се нотирани како многу значајни од UNWTO, бидејки доколку не се случат ќе следи успорување на растот на нашата дестинација на среден рок. Континуирана дигитализација на секторот и создавање на Е-туризам платформа, формирање на туристичка инспекција  ќе овозможи  намалување на сивата зона во туризмот кај нас која изнесува 40-45%. Овие среднорочни планови треба да бидат јасен сигнал за странските и домашните инвеститори за нови вложувања кои ќе привлечат различни целни групи на туристи во Македонија, изјави директорот Јаневски.
Агенцијата за промоција и поддршка и покрај скромниот буџет за последните три години на креативен и иновативен начин во промоцијата на дестинацијата вклучи повеќе презентации, В2В средби во регионот, промоција во регионални и европски медиуми со насочена 100% online кампања, 360 виртуелна реалност, создаде пример како со посветеност и креативност може да се постигне многу. Во оваа насока АППТ до Владата понуди проект “Педесет рурални села – педесет туристички приказни” со кој во следните 5 години треба да се заживее селскиот туризам со повеќе од 1500 нови кревети за сместување во селските домаќинства. Иднината на македонскиот туризам е во алтернативните форми на туристичка понуда, но за тоа да стане реалност поребнa e координираност со туристичкото стопанство. Во стратешкиот план за 2024 планирани се активности за изработка на брошура “Mакедонското нематријално културно богатство (преданија, легенди приказни)”, изработка на брошура “Културен туристички мозаик”. Во делот на поддршка се предвидува означување на 225 винарии (вински патишта), означување на културно -историски локалитети и промоција на 10 планински врвови, поставени  на мобилна апликација достапна за секој посетител.
Предизвиците кои не очекуваат е кинескиот пазар кој во 2024 година треба да ја достигне својата кулминација со посета од кинеските туристи на Балканот, а и ние треба да бидеме подготвени за азиските туристи. Во оваа насока АППТ изготви информација до Владата со која посочува на потребата од побрзо издавање на визи за кинески туристи се со цел вметнување на Македонија во балканските кружни патувања на кинеските туристи кои се очекува според наши проценки да генерираат повеќе од 40000 ноќевања. Спроведувањето на законите за туристичка дејност на локално ниво се покажа како недоволен, односно општините не можат да ја препознаат моќта која ја има туризмот и можноста за локалниот економски развој. Затоа недостасуваат во поголемиот број на општини регистри на сместувачки капацитети, немаат инспектори за туризам, не водат прецизни податоци за платена туристичка такса која има намена за промовирање на дестинациите, категоризација и др. Затоа во повеќе наврати, а сега и потврдено од Светската туристичка организација-UNWTO нашите чекори во туризмот треба да се насочат кон создавање на дестинациски менаџмет организации- ДМО преку кои ќе се овозможи реалните проблеми да се детектираат и пренесат вистинските потреби во хоризонтална линија нагоре. Прераснување на АППТ во Национална туристичка организација со посебни ингеренции или Министерство за Туризам низ кои ќе се спроведуваат ребрендирањето на дестинацијата, Е- Туризам платформата, валоризацијата на дестинацијата низ различни форми на туристичка понуда, нов закон за туристичка дејност, нов систем за субвенционирање насочен кон инвестиции, јакнење на капацитетите и професионализмот на вработените и др.. Реархитектуирањето на македонскиот туристички сектор мора да се случи во наредниот пет годишен период, а дотогаш да се постигнат целите за 2025 година од 3,7 милиони ноќевања, 600 милиони долари од туризмот или повеќе од 4% во БДП, повеќе од 45000 вработени во туристичко-угостителската дејност.

The post АППТ со туристичка анализа: Со континуиран туристички раст целите за 2025 година се 3,7 милиони ноќевања appeared first on Република.

]]>

Според стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2023 година кое е продолжување на предходните две се е насочено кон постигнување на резултатите од 2019 година, нивно надминување со целта од 3,3 милиони ноќевања. Очекувањата се  повеќе од 530 милиони долари промет од туристичката индустрија да се влеат во македонската економија. Туризмот како област е многу чуствителен на опкружувањето и голем број процеси влијаат дирекно или индирекно врз неговато планирање, успешност, раст и развој. Токму годинава туризмот во Македонија e исправен пред неколку предизвици, односно надополнување на бугарските туристи и ноќевања кои очигледно поради специфичните политички односи помеѓу двете земји ќе недостасуваат посетителите од Бугарија, намалувањето на минусот на албанските и косовските туристи кои патуваат во други дестинации бидејки последните две години поради пандемијата максимално беа насочени кон нашите дестинации. Поради овие три пазари, се мисли на албанскиот, косовскиот и бугарскиот враќањето на резултатите од 2019 година се очекува да биде во втората половина на 2023. Минисот од овие туристи ќе се амортизира со зголемениот број  на туристи од Хрватска, Србија, Романија, Tурција, Словенија.
Сепак 2023 година треба да покаже дека отворањето на нови пазари, воспоставувањето на нови чартери и редовни линии, реализацијата на првиот дел на  медиумската кампања од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот веќе во првите пет месеци од 2023 година создаваат позитивна клима и раст на холандските, турските, романските, англиските, српските туристи надополнети со други секундарни пазари, од кои се очекува раст од 20% до 30%. Овие резултати нема да беа возможни доколку сите заедно во македонскиот туристички сектор низ изминатите три години неуморно работевме, прилагодувајки се на новата реалност во туристичката индустрија.
Скок на гости во првите пет  месеци 2019/2023 година се бележи од турските, романските, српските туристи како и остварени ноќевања со што 2023 година ги има сите услови кумулативно да ја надмине 2019 година по бројот и остварените ноќевања приближувајки се до 530 милиони долари девизен прилив од туризмот во македонската економија. Овие резултати не може да се постигнат без заедничка работа на сите во туристичката индустрија секој ден, верувајки и градејќи доверба едни кон други.
Позитивни резултати се забележани во Охридскиот и Скопскиот регион, во првите пет месеци за 2023 година има раст на бројот на туристи и остварени ноќевања. Стратешките планови подготвени од тимот на Агенцијата за туризам во целост се покажаа како ефикасни и реални остварувајки ги своите цели во последните години. Растот на туризмот во Македонија не се случува стихијно туку во последните пет години планирано и мерливо.
Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ - БДП во 2011 изнесувал 0,4%, 2018 2,4% додека во 2022 година изнесува 3,6%, достигнувајки 481 милион долари. Доколку ги споредиме првите квартали (Q1) на приливот од туризмот 2018/2019/2020/2021/2022 година и покрај пандемијата која започна во 2020 година нема забележено пад, што не може да се случи ако изостанува планирање, мерливост и евалуација на стратешките планови во АППТ.  За прв пат во првиот квартал на 2023 година туризмот во македонската економија влеал 93 милиони долари што е за 19% повеќе од 2022 година или 41% повеќе од 2019 година, што не охрабрува да констатираме дека сме на вистински пат да ги зацртаме целите за 2023 година и продолжиме кон целта за 2025 година кога треба да ја надминеме најуспешната 1988 година во македонскиот туризам со над 3,7 милиони ноќевања.  Согласно податоците од последните истражувања на Аналитикс и 68 комисија на Европа при Светската Туристичка Организација- UNWTO неодамна одржана во Софија за македонскиот туристички сектор, во македонската туристичка индустрија се вработени помеѓу 30000 и 33000 лица во зависност од сезоналноста што преставува околу 5% од вкупниот број на вработени во македонската економија. Со намалување на сезоналноста и зголемувањето на просечниот престој кај странските и домашните туристи ќе се зголеми бројот на вработените на неодредено време во македонскиот туристички сектор, ќе се намалат сезонските вработувања, просечна исполнетост на хотелските капацитети на годишно ниво над 45%, ќе ја зголеми просечната плата во секторот и ќе се успори миграцијата на работната сила во други држави. Оваа состојба се постигнува со долгорочна стратегија во туристичката индустрија, ново реархитектуирање на АППТ со создавање на дестинациски менаџмент организации-ДМО, вложување во човечкиот капитал,  стратегија доволно флексибилна за да одговори на се поистенчените вкусови на новите целни групи во светскиот туризам. Зголемување на буџетските сретства на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на ниво од 2020 година, и зголемување на нејзините ингеренции се нотирани како многу значајни од UNWTO, бидејки доколку не се случат ќе следи успорување на растот на нашата дестинација на среден рок. Континуирана дигитализација на секторот и создавање на Е-туризам платформа, формирање на туристичка инспекција  ќе овозможи  намалување на сивата зона во туризмот кај нас која изнесува 40-45%. Овие среднорочни планови треба да бидат јасен сигнал за странските и домашните инвеститори за нови вложувања кои ќе привлечат различни целни групи на туристи во Македонија, изјави директорот Јаневски.
Агенцијата за промоција и поддршка и покрај скромниот буџет за последните три години на креативен и иновативен начин во промоцијата на дестинацијата вклучи повеќе презентации, В2В средби во регионот, промоција во регионални и европски медиуми со насочена 100% online кампања, 360 виртуелна реалност, создаде пример како со посветеност и креативност може да се постигне многу. Во оваа насока АППТ до Владата понуди проект “Педесет рурални села – педесет туристички приказни” со кој во следните 5 години треба да се заживее селскиот туризам со повеќе од 1500 нови кревети за сместување во селските домаќинства. Иднината на македонскиот туризам е во алтернативните форми на туристичка понуда, но за тоа да стане реалност поребнa e координираност со туристичкото стопанство. Во стратешкиот план за 2024 планирани се активности за изработка на брошура “Mакедонското нематријално културно богатство (преданија, легенди приказни)”, изработка на брошура “Културен туристички мозаик”. Во делот на поддршка се предвидува означување на 225 винарии (вински патишта), означување на културно -историски локалитети и промоција на 10 планински врвови, поставени  на мобилна апликација достапна за секој посетител.
Предизвиците кои не очекуваат е кинескиот пазар кој во 2024 година треба да ја достигне својата кулминација со посета од кинеските туристи на Балканот, а и ние треба да бидеме подготвени за азиските туристи. Во оваа насока АППТ изготви информација до Владата со која посочува на потребата од побрзо издавање на визи за кинески туристи се со цел вметнување на Македонија во балканските кружни патувања на кинеските туристи кои се очекува според наши проценки да генерираат повеќе од 40000 ноќевања. Спроведувањето на законите за туристичка дејност на локално ниво се покажа како недоволен, односно општините не можат да ја препознаат моќта која ја има туризмот и можноста за локалниот економски развој. Затоа недостасуваат во поголемиот број на општини регистри на сместувачки капацитети, немаат инспектори за туризам, не водат прецизни податоци за платена туристичка такса која има намена за промовирање на дестинациите, категоризација и др. Затоа во повеќе наврати, а сега и потврдено од Светската туристичка организација-UNWTO нашите чекори во туризмот треба да се насочат кон создавање на дестинациски менаџмет организации- ДМО преку кои ќе се овозможи реалните проблеми да се детектираат и пренесат вистинските потреби во хоризонтална линија нагоре. Прераснување на АППТ во Национална туристичка организација со посебни ингеренции или Министерство за Туризам низ кои ќе се спроведуваат ребрендирањето на дестинацијата, Е- Туризам платформата, валоризацијата на дестинацијата низ различни форми на туристичка понуда, нов закон за туристичка дејност, нов систем за субвенционирање насочен кон инвестиции, јакнење на капацитетите и професионализмот на вработените и др.. Реархитектуирањето на македонскиот туристички сектор мора да се случи во наредниот пет годишен период, а дотогаш да се постигнат целите за 2025 година од 3,7 милиони ноќевања, 600 милиони долари од туризмот или повеќе од 4% во БДП, повеќе од 45000 вработени во туристичко-угостителската дејност.

The post АППТ со туристичка анализа: Со континуиран туристички раст целите за 2025 година се 3,7 милиони ноќевања appeared first on Република.

]]>
АППТ: На охридскиот аеродром пристигна првата група со 180 туристи oд Амстердам https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-na-ohridskiot-aerodrom-pristigna-prvata-grupa-so-180-turisti-od-amsterdam/ Tue, 16 May 2023 12:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=641392

На охридскиот аеродром “Свети Апостол Павле” денеска пристигна првата група со 180 туристи oд Амстердам.

Холанѓаните се традиционални гости на брегот на Охридско езеро кои уживаат во природата и богатото културно историско наследство. Директорот на АППТ Љупчо Јаневски истакна дека најавите за оваа сезона се оптимистички, уште во првиот квартал од годинава има зголемување на бројот на туристи од Холандија за 22% во однос на 2019 година, која се смета за најдобрата во туризмот.
“Покрај холaндските гости ќе имаме чартер летови од ТУИ Велика Британија, потоа уште неколку тур оператори од Холандија, Полска, Турција, Израел, традиционалните пазари и предвидено е според стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на  туризмот  да имаме помеѓу 15 до 20% раст на дестинацијата, што според мене е одржливо”- потенцира директорот на АППТ Јаневски.

“Се истакнуваат неколку дестинации, тоа се турските туристи, португалските, српските, босанските, холандските, романските туристи кои што имаат подобри позитивни резултати во 2023 година за разлика од 2019 година”- додаде Љупчо Јаневски.
ТУИ годинава ќе има четири чартер летови неделно од Холандија и два од Велика Британија.
“Се надеваме ова лето да се вратиме на бројките од 2019 година која беше најдобрата референтна туристичка година, и се надеваме дека ќе донесеме многу среќни и задоволни гости“- изјави Аријан Керс генерален директор на ТУИ Холандија.

Според најновата статистика имаме околу 10 600 патника, а очекуваме околу 18 000, со овој растат можно е да имаме и повеќе“- изјави Васко Коциров од туристичката агенција партнер на тур операторот ТУИ.
Бројот на летови од Охрид се зголемува, а се воведуваат и нови линии. Охрид ова лето очекува плодна сезона. Според прогнозите на АППТ од туризмот годинава се очекува 3,2 до 3,3 милиони ноќевања и над 5 милјарди долари директен прилив во домашната економија.

The post АППТ: На охридскиот аеродром пристигна првата група со 180 туристи oд Амстердам appeared first on Република.

]]>

На охридскиот аеродром “Свети Апостол Павле” денеска пристигна првата група со 180 туристи oд Амстердам. Холанѓаните се традиционални гости на брегот на Охридско езеро кои уживаат во природата и богатото културно историско наследство. Директорот на АППТ Љупчо Јаневски истакна дека најавите за оваа сезона се оптимистички, уште во првиот квартал од годинава има зголемување на бројот на туристи од Холандија за 22% во однос на 2019 година, која се смета за најдобрата во туризмот. “Покрај холaндските гости ќе имаме чартер летови од ТУИ Велика Британија, потоа уште неколку тур оператори од Холандија, Полска, Турција, Израел, традиционалните пазари и предвидено е според стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на  туризмот  да имаме помеѓу 15 до 20% раст на дестинацијата, што според мене е одржливо”- потенцира директорот на АППТ Јаневски. “Се истакнуваат неколку дестинации, тоа се турските туристи, португалските, српските, босанските, холандските, романските туристи кои што имаат подобри позитивни резултати во 2023 година за разлика од 2019 година”- додаде Љупчо Јаневски. ТУИ годинава ќе има четири чартер летови неделно од Холандија и два од Велика Британија. “Се надеваме ова лето да се вратиме на бројките од 2019 година која беше најдобрата референтна туристичка година, и се надеваме дека ќе донесеме многу среќни и задоволни гости“- изјави Аријан Керс генерален директор на ТУИ Холандија. Според најновата статистика имаме околу 10 600 патника, а очекуваме околу 18 000, со овој растат можно е да имаме и повеќе“- изјави Васко Коциров од туристичката агенција партнер на тур операторот ТУИ. Бројот на летови од Охрид се зголемува, а се воведуваат и нови линии. Охрид ова лето очекува плодна сезона. Според прогнозите на АППТ од туризмот годинава се очекува 3,2 до 3,3 милиони ноќевања и над 5 милјарди долари директен прилив во домашната економија.

The post АППТ: На охридскиот аеродром пристигна првата група со 180 туристи oд Амстердам appeared first on Република.

]]>
Охрид е новото „жешко“ место за посета во Европа: Новинарите на Британската ITV во утронското шоу „This Morning“ го опишаа преубавиот Охрид https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ohrid-e-novoto-zheshko-mesto-za-poseta-vo-evropa-novinarite-na-britanskata-itv-vo-utronskoto-shou-this-morning-go-opishaa-preubaviot-ohrid/ Sat, 22 Apr 2023 13:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=632976

Новото „жешко“ место за посета на Европа. Вака новинарите на Британската ITV во утронското шоу „This Morning“ го опишаа преубавиот Охрид во репортажата која беше емитувана на нивната програма.

Во директното вклучување, Охрид, Скопје, но и целата наша земја се претставени како дестинации со недопрени убавини и „budget friendly“ локација за туристите.

The post Охрид е новото „жешко“ место за посета во Европа: Новинарите на Британската ITV во утронското шоу „This Morning“ го опишаа преубавиот Охрид appeared first on Република.

]]>

Новото „жешко“ место за посета на Европа. Вака новинарите на Британската ITV во утронското шоу „This Morning“ го опишаа преубавиот Охрид во репортажата која беше емитувана на нивната програма. Во директното вклучување, Охрид, Скопје, но и целата наша земја се претставени како дестинации со недопрени убавини и „budget friendly“ локација за туристите.

The post Охрид е новото „жешко“ место за посета во Европа: Новинарите на Британската ITV во утронското шоу „This Morning“ го опишаа преубавиот Охрид appeared first on Република.

]]>
АППТ: Македонскиот туристички сектор дел од ИТБ Берлин со фокус на одржливост на дестинациите https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-makedonskiot-turistichki-sektor-del-od-itb-berlin-so-fokus-na-odrzhlivost-na-destinatsiite/ Thu, 09 Mar 2023 07:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=617539

Интернационалната туристичка берза ИТБ Берлин од 7ми до 9ти март ги отвори вратите за илјадници туристички посетители од целиот свет! Ова е шанса и за македонскиот туристички сектор да покажете како ја движи индустријата! Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со десет коегзибитори до 9ти март на репрезентативен изложбен простор ќе ги промовираат македонските дестинации и туристички продукти, кои не прават диверзивни и атрактивни.

Дестинациите ширум светот се обидуваат да го направат туризмот поотпорен и одржлив, со тоа што ќе дадат позитивен придонес за локалната заедница и животната средина. Во оваа насока директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и г-дин Алберт Салман, претседател на Green Destinations- сертифицирана и наградувана програма за имплементирање на практики за развој на одржлив туризам од Холандија, во рамките на ИТБ Берлин потпишаа Меморандум за соработка. Во периодот што следи ќе се спроведат акциски програми и со заедничка работата ќе се имплементираат алатки и практики за одржливост на дестинацијата, поддршка на локалното производство, како и подигање на свесноста за еко дестинации преку споделување на искуства и знаење од други зелени и еколошки региони.

Во соработка со СИППО – Швајцарска програма за поддршка на извозот, АППТ потпиша уште три Меморандуми на соработка и тоа со, германската организација “ASR”- Алијанса на независни туристички трговци Р.А. која ги застапува интересите на самовработените средни бизниси во германската туристичка економија, со главниот фокус на основање на меѓународни партнерства. Потпишан е Меморандум на соработка со германската организација “FAR”- водечка мрежа на германски тур-оператори посветени на одржливост на дестинациите. Поштишувањето на Меморандум на соработка со холандската непрофитна организација TraveLife”-програма за промоција на одржливост во туризмот предвидува обуки, акциски планови, извештаи насочени кон туристичкиот сектор.
Првиот ден на ИТБ Берлин беше повеќе од успешен, се започна со преговори за чартер линијата Букурешт - Охрид, состаноци со туроператорот ТУИ кој изразија подготвеност за поставување на трета дестинација за 2024 година од која ќе оперираат со чартери, зголемувајки го бројот на туристи. Се реализираа средби со полски туроператори за зголемување на портфолиото на програми од Македонија со вклучени нови атракции и кружни патувања за седум дена во нашата дестинација. Разговори со БиБиСи кој понудија одлични услови за соработка и визуелизација на македонските туристички потенцијали преку нивните канали на комуникација. Преговори со туроператори од Чешката Република за посета на зимските центри и Охрид во сезона 2023/2024. Македонскиот изложбен простор беше посетен од македонскиот амбасадор во Берлин, г-дин Васко Грков, Аганијата за туризам искажува благодарност за одличната логистика и соработка со амасадата.

Со својата единствена разновидност и учество на 180 земји и региони, со 5600 излагачи во повеќе од 23 хали ИТБ Берлин го покрива целиот синџир на туристички понуди, со додадена вредност. ИТБ Берлин е поделен на посебни сегменти кои ги рефлектираат најважните актуелни теми, што го олеснува пронаоѓањето на патот околу широката палета на производи и услуги на саемот. Највлијателниот и најголемиот саем за туризам во светот после три годишна пауза е со изменет концепт во траење од три дена, концентрирани на B2B средби, чии договори треба да дадат силно влијаниие туризмот во 2023 година, за да ги постигне резултатите од 2019 година.
Фокусот на ИТБ Берлин оваа година е на социјалната и еколошката одржливост. Учесниците и посетителите ќе имаат можност да слушнат инспиративни приказни кои покажуват како дестинациите ширум светот се обидуваат да го направат туризмот поотпорен и одржлив, со тоа што ќе дадат позитивен придонес за локалната заедница и животната средина. Повеќе од 50 години ИТБ Берлин во март го собира светот на меѓународниот туризам, на најголемиот саем за патувања, иновации, знаење, лидери и инспирација за поместување на туристичките граници.

The post АППТ: Македонскиот туристички сектор дел од ИТБ Берлин со фокус на одржливост на дестинациите appeared first on Република.

]]>

Интернационалната туристичка берза ИТБ Берлин од 7ми до 9ти март ги отвори вратите за илјадници туристички посетители од целиот свет! Ова е шанса и за македонскиот туристички сектор да покажете како ја движи индустријата! Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со десет коегзибитори до 9ти март на репрезентативен изложбен простор ќе ги промовираат македонските дестинации и туристички продукти, кои не прават диверзивни и атрактивни. Дестинациите ширум светот се обидуваат да го направат туризмот поотпорен и одржлив, со тоа што ќе дадат позитивен придонес за локалната заедница и животната средина. Во оваа насока директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и г-дин Алберт Салман, претседател на Green Destinations- сертифицирана и наградувана програма за имплементирање на практики за развој на одржлив туризам од Холандија, во рамките на ИТБ Берлин потпишаа Меморандум за соработка. Во периодот што следи ќе се спроведат акциски програми и со заедничка работата ќе се имплементираат алатки и практики за одржливост на дестинацијата, поддршка на локалното производство, како и подигање на свесноста за еко дестинации преку споделување на искуства и знаење од други зелени и еколошки региони. Во соработка со СИППО – Швајцарска програма за поддршка на извозот, АППТ потпиша уште три Меморандуми на соработка и тоа со, германската организација “ASR”- Алијанса на независни туристички трговци Р.А. која ги застапува интересите на самовработените средни бизниси во германската туристичка економија, со главниот фокус на основање на меѓународни партнерства. Потпишан е Меморандум на соработка со германската организација “FAR”- водечка мрежа на германски тур-оператори посветени на одржливост на дестинациите. Поштишувањето на Меморандум на соработка со холандската непрофитна организација TraveLife”-програма за промоција на одржливост во туризмот предвидува обуки, акциски планови, извештаи насочени кон туристичкиот сектор. Првиот ден на ИТБ Берлин беше повеќе од успешен, се започна со преговори за чартер линијата Букурешт - Охрид, состаноци со туроператорот ТУИ кој изразија подготвеност за поставување на трета дестинација за 2024 година од која ќе оперираат со чартери, зголемувајки го бројот на туристи. Се реализираа средби со полски туроператори за зголемување на портфолиото на програми од Македонија со вклучени нови атракции и кружни патувања за седум дена во нашата дестинација. Разговори со БиБиСи кој понудија одлични услови за соработка и визуелизација на македонските туристички потенцијали преку нивните канали на комуникација. Преговори со туроператори од Чешката Република за посета на зимските центри и Охрид во сезона 2023/2024. Македонскиот изложбен простор беше посетен од македонскиот амбасадор во Берлин, г-дин Васко Грков, Аганијата за туризам искажува благодарност за одличната логистика и соработка со амасадата. Со својата единствена разновидност и учество на 180 земји и региони, со 5600 излагачи во повеќе од 23 хали ИТБ Берлин го покрива целиот синџир на туристички понуди, со додадена вредност. ИТБ Берлин е поделен на посебни сегменти кои ги рефлектираат најважните актуелни теми, што го олеснува пронаоѓањето на патот околу широката палета на производи и услуги на саемот. Највлијателниот и најголемиот саем за туризам во светот после три годишна пауза е со изменет концепт во траење од три дена, концентрирани на B2B средби, чии договори треба да дадат силно влијаниие туризмот во 2023 година, за да ги постигне резултатите од 2019 година. Фокусот на ИТБ Берлин оваа година е на социјалната и еколошката одржливост. Учесниците и посетителите ќе имаат можност да слушнат инспиративни приказни кои покажуват како дестинациите ширум светот се обидуваат да го направат туризмот поотпорен и одржлив, со тоа што ќе дадат позитивен придонес за локалната заедница и животната средина. Повеќе од 50 години ИТБ Берлин во март го собира светот на меѓународниот туризам, на најголемиот саем за патувања, иновации, знаење, лидери и инспирација за поместување на туристичките граници.

The post АППТ: Македонскиот туристички сектор дел од ИТБ Берлин со фокус на одржливост на дестинациите appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за туризам и ОФМ ќе промовираат спортски туризам преку Европското првенство во одбојка https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/agentsijata-za-turizam-i-ofm-ke-promoviraat-sportski-turizam-preku-evropskoto-prvenstvo-vo-odbojka/ Mon, 27 Feb 2023 14:22:03 +0000 https://republika.mk/?p=613798

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски и генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), г-дин Зоран Карановиќ денес потпишаа Меморандум за соработка.

Склучениот Меморандум e во полето на развој на спортскиот туризам и заедничка промоција на Европското првенство во одбојка 2023 (мажи), натпреварите во група „Цe“ ќе се играат во Скопје во период од 30-ти август до 6-ти септември 2023 година.

Спортскиот туризам е уште еден начин на патување кој станува сè попопуларен во светот. Луѓето се почесто патуваат за некој спортски настан на неколку дена и ги искусуваат туристичките понуди и атракции кои им ги нуди дестинацијата. Во таа насока и главните активности во периодот што следи ќе бидат насочени кон организирана промоција и поголема регионална и европска видливост на претстојното Европско првенство во одбојка 2023 (мажи). Ќе мотивираме што поголем број на гости кои освен што ќе ги следат натпреварите, ќе имаат и можност да ги истражат и убавините на градот Скопје. Очекуваме голем број на Холанѓани, Данци, Црногорци, Полјаци и Чеси да го посетат главниот град, да доживеат незаборавни моменти пред, за време и по натпреварите. Агенцијата за туризам на претстојниот саем во Берлин ќе започне со промоција на Европското првенство во одбојка 2023, односно натпреварите во група „Цe“ кои ќе се играат во Скопје. Во периодот што следи ќе имаме состаноци со тур оператори и хотелијери за да пружиме максимална организираност за сите љубители на овој спорт, изјави директорот Јаневски.

Во групата „Ц“ во Скопје, македонските одбојкари играат со светскиот одбојкарски моќник Полска, со Холандија и Чешка, кои се почитувани репрезентации со висок рејтинг, како и со Данска и со Црна Гора. Токму со нив ќе почне натпреварувањето во арената „Борис Трајковски“ од 30-ти август до 6-ти септември годинава.
Идејата за зедничка соработка на ОФМ и Агенцијата за туризам е овој настан да добие туристички аспект, односно да се привлечат што поголем број на странски навивачи кои ќе ја посетат нашава земја во периодот додека се одржуваат натпреварите. Целта е на домашните и странските гледачи да им овозможиме цеокупно уживање во елитна одбојка, а во тие рамки да им ја претставиме земјава како атрактивна спортско-туристичка дестинација.

Посебна чест и задоволство е што денес потпишавме Меморандум за соработка со Агенцијата за туризам, како државна институција која дава официјална и сериозна поддршка на Одбојкарската федерација на Македонија и на европскиот настан што не чека во месеците агуст и септември. Добро е што тргнавме од буквата “А” и се надевам дека и останатите институции ќе се вклучат за да од најдобра можна позиција го претставиме нашиот град, државата и овој спортски настан што не чека ова лето”, - изјави г-дин Зоран Карановиќ.

The post Агенцијата за туризам и ОФМ ќе промовираат спортски туризам преку Европското првенство во одбојка appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски и генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), г-дин Зоран Карановиќ денес потпишаа Меморандум за соработка. Склучениот Меморандум e во полето на развој на спортскиот туризам и заедничка промоција на Европското првенство во одбојка 2023 (мажи), натпреварите во група „Цe“ ќе се играат во Скопје во период од 30-ти август до 6-ти септември 2023 година.
Спортскиот туризам е уште еден начин на патување кој станува сè попопуларен во светот. Луѓето се почесто патуваат за некој спортски настан на неколку дена и ги искусуваат туристичките понуди и атракции кои им ги нуди дестинацијата. Во таа насока и главните активности во периодот што следи ќе бидат насочени кон организирана промоција и поголема регионална и европска видливост на претстојното Европско првенство во одбојка 2023 (мажи). Ќе мотивираме што поголем број на гости кои освен што ќе ги следат натпреварите, ќе имаат и можност да ги истражат и убавините на градот Скопје. Очекуваме голем број на Холанѓани, Данци, Црногорци, Полјаци и Чеси да го посетат главниот град, да доживеат незаборавни моменти пред, за време и по натпреварите. Агенцијата за туризам на претстојниот саем во Берлин ќе започне со промоција на Европското првенство во одбојка 2023, односно натпреварите во група „Цe“ кои ќе се играат во Скопје. Во периодот што следи ќе имаме состаноци со тур оператори и хотелијери за да пружиме максимална организираност за сите љубители на овој спорт, изјави директорот Јаневски.
Во групата „Ц“ во Скопје, македонските одбојкари играат со светскиот одбојкарски моќник Полска, со Холандија и Чешка, кои се почитувани репрезентации со висок рејтинг, како и со Данска и со Црна Гора. Токму со нив ќе почне натпреварувањето во арената „Борис Трајковски“ од 30-ти август до 6-ти септември годинава. Идејата за зедничка соработка на ОФМ и Агенцијата за туризам е овој настан да добие туристички аспект, односно да се привлечат што поголем број на странски навивачи кои ќе ја посетат нашава земја во периодот додека се одржуваат натпреварите. Целта е на домашните и странските гледачи да им овозможиме цеокупно уживање во елитна одбојка, а во тие рамки да им ја претставиме земјава како атрактивна спортско-туристичка дестинација.
Посебна чест и задоволство е што денес потпишавме Меморандум за соработка со Агенцијата за туризам, како државна институција која дава официјална и сериозна поддршка на Одбојкарската федерација на Македонија и на европскиот настан што не чека во месеците агуст и септември. Добро е што тргнавме од буквата “А” и се надевам дека и останатите институции ќе се вклучат за да од најдобра можна позиција го претставиме нашиот град, државата и овој спортски настан што не чека ова лето”, - изјави г-дин Зоран Карановиќ.

The post Агенцијата за туризам и ОФМ ќе промовираат спортски туризам преку Европското првенство во одбојка appeared first on Република.

]]>
АППТ: Етно-гастро концептот – нова туристичка понуда презентирана на саемот во Белград https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-etno-gastro-kontseptot-nova-turistichka-ponuda-prezentirana-na-saemot-vo-belgrad/ Fri, 24 Feb 2023 12:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=612750

Рекорден број на коегзибитори ги промовираат туристичките понуди на македонскиот штанд, на саемот за туризам во Белград. На 44. Меѓународен саем за туризам околу 350 изложувачи од 33 земји, вклучително и Македонија, учествуваат под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“. Директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски оствари состанок со министерот за туризам на Република Бугарија, д-р Илин Димитров на која се истакна потребата од поголема промоција на двете дестинации и можноста за зголемување на соработката во туризмот и враќање на туристите помеѓу двете земји.

Туристичката дипломатија е потребно повторно да ги гради мостовите помеѓу двете соседни земји за туристите да се вратат во дестинациите, а тоа е возможно само со почит и разбирање. Веќе во текот на април месец е договорено инфлуенсери, блогери и други медиуми да ги посетат двете дестинации, започнувајки интензивно промовирање, дополни Јаневски. Македонскиот изложбен простор на саемот во Белград го посетија делегација од македонското МНР, амбасадорската во Србија, Михаела Веселинов, зам. министер на Република Српска, црногорска делегација од повеќе градови, Туристичката организација на Србија, градот Белград и голем број туроператори и медиуми.

На меѓународниот саем за туризам во Белград,  Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ го поддржува развојот и промоцијата на активниот туризам со туристички видеа прилагодени за VR Box очилата за виртуелна реалност, како и претставувањето на малите семејни винарии од земјава и поврзување со тур оператори.  Денешната презентација е одлична можност за презентирање на ено- гастро концептот како нова туристичка понуда и можност за неколку дневно незаборавно патување по македонските мали винарии.

Во рамките на саемските денови од 23и до 26ти февруари општина Гевгелија, општина Дојран, општина Ресен, општина Крушево и општина Охрид  ќе ја прикажат природната убавина, богато културно наследство и гурманско искуство, заедно со ХОТАМ, Глобус травел и хотел Мизо. Саемот за туризам во Белград преставува одличнна можност македонските туроператори да ја престават својата понуда за сезоната 2023 и остварат нови средби со туроператори од регионот.  Се очекува саемот да биде посетен од делегација на повеќе од 50 македонски туроператори и хотелиери, како и претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент кои ќе земат учество во Б2Б состаноците промовирајки нови пакети и атракции. Голем интерес од посетителите, медиумите и туроператорите на македонскиот изложбен простор е верскиот туризам, националните паркови и авантуристичките форми на туристичка понуда.

Српскиот пазар е еден од најбрзо растечките пазари за македонскиот туризам споредбено 2019/ 2022 година. Во 2022 година 11% од странските туристи односно повеќе од 63000 туристи и повеќе од 130000 ноќевања остваиле српските туристи, наметнувајки ја потребата од интегриран маркетинг и зајакнат промотивен пристап во 2023 година. Воведувањето на авионската линија Белград - Охрид четири пати неделно од јуни преставува голем предизвик и можност која треба да овозможи продолжување на позитивниот раст и во 2023 година на српските туристи. Очекуваме оваа година да продолжи растот на српските туристи, а македонскиот туистички сектор да ја забележи најдобрата година со повеќе од 3,2 милиони ноќевања и блиску 600 милиони долари од туристичката индустрија во македонската економија.

The post АППТ: Етно-гастро концептот – нова туристичка понуда презентирана на саемот во Белград appeared first on Република.

]]>

Рекорден број на коегзибитори ги промовираат туристичките понуди на македонскиот штанд, на саемот за туризам во Белград. На 44. Меѓународен саем за туризам околу 350 изложувачи од 33 земји, вклучително и Македонија, учествуваат под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“. Директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски оствари состанок со министерот за туризам на Република Бугарија, д-р Илин Димитров на која се истакна потребата од поголема промоција на двете дестинации и можноста за зголемување на соработката во туризмот и враќање на туристите помеѓу двете земји.
Туристичката дипломатија е потребно повторно да ги гради мостовите помеѓу двете соседни земји за туристите да се вратат во дестинациите, а тоа е возможно само со почит и разбирање. Веќе во текот на април месец е договорено инфлуенсери, блогери и други медиуми да ги посетат двете дестинации, започнувајки интензивно промовирање, дополни Јаневски. Македонскиот изложбен простор на саемот во Белград го посетија делегација од македонското МНР, амбасадорската во Србија, Михаела Веселинов, зам. министер на Република Српска, црногорска делегација од повеќе градови, Туристичката организација на Србија, градот Белград и голем број туроператори и медиуми.
На меѓународниот саем за туризам во Белград,  Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ го поддржува развојот и промоцијата на активниот туризам со туристички видеа прилагодени за VR Box очилата за виртуелна реалност, како и претставувањето на малите семејни винарии од земјава и поврзување со тур оператори.  Денешната презентација е одлична можност за презентирање на ено- гастро концептот како нова туристичка понуда и можност за неколку дневно незаборавно патување по македонските мали винарии. Во рамките на саемските денови од 23и до 26ти февруари општина Гевгелија, општина Дојран, општина Ресен, општина Крушево и општина Охрид  ќе ја прикажат природната убавина, богато културно наследство и гурманско искуство, заедно со ХОТАМ, Глобус травел и хотел Мизо. Саемот за туризам во Белград преставува одличнна можност македонските туроператори да ја престават својата понуда за сезоната 2023 и остварат нови средби со туроператори од регионот.  Се очекува саемот да биде посетен од делегација на повеќе од 50 македонски туроператори и хотелиери, како и претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент кои ќе земат учество во Б2Б состаноците промовирајки нови пакети и атракции. Голем интерес од посетителите, медиумите и туроператорите на македонскиот изложбен простор е верскиот туризам, националните паркови и авантуристичките форми на туристичка понуда. Српскиот пазар е еден од најбрзо растечките пазари за македонскиот туризам споредбено 2019/ 2022 година. Во 2022 година 11% од странските туристи односно повеќе од 63000 туристи и повеќе од 130000 ноќевања остваиле српските туристи, наметнувајки ја потребата од интегриран маркетинг и зајакнат промотивен пристап во 2023 година. Воведувањето на авионската линија Белград - Охрид четири пати неделно од јуни преставува голем предизвик и можност која треба да овозможи продолжување на позитивниот раст и во 2023 година на српските туристи. Очекуваме оваа година да продолжи растот на српските туристи, а македонскиот туистички сектор да ја забележи најдобрата година со повеќе од 3,2 милиони ноќевања и блиску 600 милиони долари од туристичката индустрија во македонската економија.

The post АППТ: Етно-гастро концептот – нова туристичка понуда презентирана на саемот во Белград appeared first on Република.

]]>
Претставување на македонските и грчките туристички потенцијали како една дестинација на саем за туризам во Милано https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pretstavuvane-na-makedonskite-i-grchkite-turistichki-potentsijali-kako-edna-destinatsija-na-saem-za-turizam-vo-milano/ Mon, 13 Feb 2023 09:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=608312

За прв пат Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со туристичката организација на Солун и италијанско- грчката комора како дел од проектот “Interreg IPA CBC ABOVE” кофинансиран од Европската Унија се претставија на саемот “BIT – MILANO”, во Италија како една дестинација за туристите од овој дел на Европа.

Македонија и 12 локации во Република Грција од птичја перспектива со помош на технологијата на дронови. Проектот „ОД ГОРЕ” има за цел да ги прикаже најдобрите природни и географски знаменитости на начин досега несоодветен и спектакуларен. Ова спектакуларно воздушно патување низ областите од Вардар до Галичица, како и езера, реки и водопади ќе ја прикажува граничната природа и географските знаменитости на начин кој досега не е претставен. Создавање и објавување на извонредни тајмлапс видеа кои ќе се снимаат во текот на четири различни сезони, што ќе овозможат визуелно да се прикаже промената на годишните времиња во секунди.

Од 12ти до 14ти февруари природните убавини, националните паркови, активните форми на туристичка понуда се претставуваат преку видео материјали, виртуелно реални видеа во 360 степени кои го привлекуваат вниманието на голем број на посетители. На заедничкиот изложбен простор се одржуваат Б2Б средби со туроператори кои имаат предлози за нови кружни патувања и посета на двете земји од италијански туристи.

Силна порака за туризмот и туристичката дипломатија со заедничко претствување на македонските и грчките туристички потенцијали како една туристичка дестинација, комплементарна со атракции овозможувајки голема конкурентност и можност за поголем број туристи и ноќевања во следните неколку години. Ова ја потврдува мојата заложба за поголема соработка и искористување на можностите кои се отвораат со аплицирање на туристички проекти поддржани од европските фондови за градење на нова инфраструктура во туристичката индустрија во повеќе полиња”- изјави директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски.

The post Претставување на македонските и грчките туристички потенцијали како една дестинација на саем за туризам во Милано appeared first on Република.

]]>

За прв пат Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со туристичката организација на Солун и италијанско- грчката комора како дел од проектот “Interreg IPA CBC ABOVE” кофинансиран од Европската Унија се претставија на саемот “BIT – MILANO”, во Италија како една дестинација за туристите од овој дел на Европа. Македонија и 12 локации во Република Грција од птичја перспектива со помош на технологијата на дронови. Проектот „ОД ГОРЕ” има за цел да ги прикаже најдобрите природни и географски знаменитости на начин досега несоодветен и спектакуларен. Ова спектакуларно воздушно патување низ областите од Вардар до Галичица, како и езера, реки и водопади ќе ја прикажува граничната природа и географските знаменитости на начин кој досега не е претставен. Создавање и објавување на извонредни тајмлапс видеа кои ќе се снимаат во текот на четири различни сезони, што ќе овозможат визуелно да се прикаже промената на годишните времиња во секунди. Од 12ти до 14ти февруари природните убавини, националните паркови, активните форми на туристичка понуда се претставуваат преку видео материјали, виртуелно реални видеа во 360 степени кои го привлекуваат вниманието на голем број на посетители. На заедничкиот изложбен простор се одржуваат Б2Б средби со туроператори кои имаат предлози за нови кружни патувања и посета на двете земји од италијански туристи.
Силна порака за туризмот и туристичката дипломатија со заедничко претствување на македонските и грчките туристички потенцијали како една туристичка дестинација, комплементарна со атракции овозможувајки голема конкурентност и можност за поголем број туристи и ноќевања во следните неколку години. Ова ја потврдува мојата заложба за поголема соработка и искористување на можностите кои се отвораат со аплицирање на туристички проекти поддржани од европските фондови за градење на нова инфраструктура во туристичката индустрија во повеќе полиња”- изјави директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски.

The post Претставување на македонските и грчките туристички потенцијали како една дестинација на саем за туризам во Милано appeared first on Република.

]]>
АППТ: Новите форми на туризам го поттикнува и локалниот економски развој на струмичкиот регион https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-novite-formi-na-turizam-go-pottiknuva-i-lokalniot-ekonomski-razvoj-na-strumichkiot-region/ Fri, 03 Feb 2023 12:51:17 +0000 https://republika.mk/?p=604321

Соработката помеѓу општина Струмица и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во периодот што следи ќе биде фокусирана на зголемена видливост на туристичките манифестации кои се традиција во струмичкиот регион.
Директорт на АППТ д-р Љупчо Јаневски на средбата со градоначалникот на Струмица г-дин Костадин Костадинов ја потенцираше важноста од зголемување на туристичките содржини и зајакнета промоција на алтернативните и руралните форми на туризам. Струмица е културен и трговски центар на Југоисточниот регион и “градот на ѕвездите под Царевите кули” треба да блеска со својот сјај, истакна Јаневски. Иднината за зајакнување на струмичкиот регион во туристички центар е преку аплицирање на европските ИПА проекти за преку-гранична соработка, следење на туристичките трендови, создавање на туристичко биро, интегрирана промоција преку различни форми на медиумска застапеност.

Струмичкиот Карневал е туристички бренд на градот и еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во државава. Главната карневалска вечер на годинешното издание на Интернационалниот струмички карневал ќе се одржи на 25 февруари и се очекуваат гости од земјава и странство. Уште една манифестација која привлекува домашни и странски гости е фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој се одржува од 1992 година во чест на великанот на македонската глума, Ристо Шишков во Струмица.
Интересите на туристите се менуваат, потребно е прилагодување на понудите, но она што не се менува во регионот е природна убавина. Смоларските водопади на планината Беласица и Колешински водопади на реката Баба за посетителите имаат туристичко-рекреативна функција, пристапни патеки и уредени локалитети за туристите и локалците. Истите ќе се промовираат преку виртуелна реалност, Струмица е дел од прекуграничниот проект „ABOVE”. Проектот „ОД ГОРЕ“ има за цел да ги прикаже најдобрите природни и географски знаменитости на начин досега несоодветен и спектакуларен. Ова спектакуларно воздушно патување низ областа ќе открие како традицијата, атракциите и природните чуда ги сочинуваат овие региони и ќе ги прикаже луѓето кои ги одржуваат своите традиции во живо.

Сегментираните форми на туризам, како што е религиозниот овозможуваат посета на Манастирот Св. Леонтиј, с. Водоча (ХI век) Струмица, чии возобновените конаци повторно станаа резиденцијален комплекс на Струмичката епархија. Манастирот Св. Богородица Елеуса, с. Вељуса (ХI век) една од најстарите македонски цркви, која никогаш не била уривана, ниту обновувана како што е изградена, таква е и денес, со отпечатоци од забот на времето. Манастирот се наоѓа над селото Вељуса кај Струмица, прекрасна панорамска глетка на Струмичкото Поле.
Директорот Јаневски и градоначалникот Костадинов согласни се дека новите форми на туризам и растот на оваа стопанска гранка го поттикнува и локалниот економски развој на струмичкиот регион, и следните активности ќе значат заедничко учество на интернационалните саеми за туризам. Струмичкиот регион се карактеризира со туристичко географска положба која претставува одредена туристичка вредност и важен фактор за туристичкиот развој на еко-туризам, промоција на планинско велосипедски патеки на Беласица, како и валоризација на историско-културениот туризам во регионот.

The post АППТ: Новите форми на туризам го поттикнува и локалниот економски развој на струмичкиот регион appeared first on Република.

]]>

Соработката помеѓу општина Струмица и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во периодот што следи ќе биде фокусирана на зголемена видливост на туристичките манифестации кои се традиција во струмичкиот регион. Директорт на АППТ д-р Љупчо Јаневски на средбата со градоначалникот на Струмица г-дин Костадин Костадинов ја потенцираше важноста од зголемување на туристичките содржини и зајакнета промоција на алтернативните и руралните форми на туризам. Струмица е културен и трговски центар на Југоисточниот регион и “градот на ѕвездите под Царевите кули” треба да блеска со својот сјај, истакна Јаневски. Иднината за зајакнување на струмичкиот регион во туристички центар е преку аплицирање на европските ИПА проекти за преку-гранична соработка, следење на туристичките трендови, создавање на туристичко биро, интегрирана промоција преку различни форми на медиумска застапеност. Струмичкиот Карневал е туристички бренд на градот и еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во државава. Главната карневалска вечер на годинешното издание на Интернационалниот струмички карневал ќе се одржи на 25 февруари и се очекуваат гости од земјава и странство. Уште една манифестација која привлекува домашни и странски гости е фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој се одржува од 1992 година во чест на великанот на македонската глума, Ристо Шишков во Струмица. Интересите на туристите се менуваат, потребно е прилагодување на понудите, но она што не се менува во регионот е природна убавина. Смоларските водопади на планината Беласица и Колешински водопади на реката Баба за посетителите имаат туристичко-рекреативна функција, пристапни патеки и уредени локалитети за туристите и локалците. Истите ќе се промовираат преку виртуелна реалност, Струмица е дел од прекуграничниот проект „ABOVE”. Проектот „ОД ГОРЕ“ има за цел да ги прикаже најдобрите природни и географски знаменитости на начин досега несоодветен и спектакуларен. Ова спектакуларно воздушно патување низ областа ќе открие како традицијата, атракциите и природните чуда ги сочинуваат овие региони и ќе ги прикаже луѓето кои ги одржуваат своите традиции во живо. Сегментираните форми на туризам, како што е религиозниот овозможуваат посета на Манастирот Св. Леонтиј, с. Водоча (ХI век) Струмица, чии возобновените конаци повторно станаа резиденцијален комплекс на Струмичката епархија. Манастирот Св. Богородица Елеуса, с. Вељуса (ХI век) една од најстарите македонски цркви, која никогаш не била уривана, ниту обновувана како што е изградена, таква е и денес, со отпечатоци од забот на времето. Манастирот се наоѓа над селото Вељуса кај Струмица, прекрасна панорамска глетка на Струмичкото Поле. Директорот Јаневски и градоначалникот Костадинов согласни се дека новите форми на туризам и растот на оваа стопанска гранка го поттикнува и локалниот економски развој на струмичкиот регион, и следните активности ќе значат заедничко учество на интернационалните саеми за туризам. Струмичкиот регион се карактеризира со туристичко географска положба која претставува одредена туристичка вредност и важен фактор за туристичкиот развој на еко-туризам, промоција на планинско велосипедски патеки на Беласица, како и валоризација на историско-културениот туризам во регионот.  

The post АППТ: Новите форми на туризам го поттикнува и локалниот економски развој на струмичкиот регион appeared first on Република.

]]>
Љупчо Јаневски: Туроператорите годинава не го нудат Скопје како атрактивно место за дочек на Новата година, оти нема ниту програма, а ниту пак соодветен декор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ljupcho-janevski-turoperatorite-godinava-ne-go-nudat-skopje-kako-atraktivno-mesto-za-dochek-na-novata-godina-oti-nema-nitu-programa-a-nitu-pak-soodveten-dekor/ Thu, 22 Dec 2022 13:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=588890

Туроператорите годинава не го нудат Скопје како атрактивно место за дочек на Новата година, оти нема ниту програма, а ниту пак соодветен декор, дециден е директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски. Тој е сигурен дека дури и повеќето градови во внатрешноста се подобро организирани и украсени, а тоа дава лоша слика за туристичката понуда на една метропола.

Сите градови во соседството знаеја што ќе им понудат на посетителите уште на почетокот на ноември, а тоа придонесе нивните капацитети да бидат распродадени на крајот од минатиот месец, како на пример во Ниш, Србија. Нема настани, нема манифестации кои може да ја збогат понудата, а тоа значи дека голем број македонски граѓани ќе се забавуваат надвор од земјава – вели директорот на АПТ.

The post Љупчо Јаневски: Туроператорите годинава не го нудат Скопје како атрактивно место за дочек на Новата година, оти нема ниту програма, а ниту пак соодветен декор appeared first on Република.

Фокус на активниот туризам во насока на локален економски развој https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fokus-na-aktivniot-turizam-vo-nasoka-na-lokalen-ekonomski-razvoj/ Tue, 25 Oct 2022 11:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=565409

АППТ во рамки на проектот од ИПА 2, добиен при апликација на повик за прекугранична соработка со Република Грција во Струга ја одржа првата од сетот работилници во коишто се претставува самиот проект, а предвидени се и обуки за активни форми на туризам и како тие влијаат врз локалниот економски развој. Следни вакви работилници ќе се одржат во Битола и Струмица. Во самиот проект дополнително се предвидени и десет стартапи и инволвирање на младите луѓе до 29 години да размислуваат за туризмот, активните форми на туристичката понуда и да се мотивираат што повеќе да основаат свои компании, но и да отпочнат бизниси токму во оваа сфера.
Директорот на АППТ Љупчо Јаневски на работилница од ИПА 2 проектот во рамките на Интеррег ИПА ЦБЦ програмата за меѓународна соработка „Грција – Република Македонија 2014-2022“ одговарајќи на новинарски прашања во однос на туристичкиот сектор и енергетската криза најави дека треба да сe помогне во туристичката индустрија на оние кои работеле и прометно влеале поголем данок.

Не се откажуваме од оние кои на некој начин се обидуват да опстојат, но се уште не се вратиле од шокот од пандемијата, тоа не треба да ни биде изговор за можеби нашите недостатоци кои овие две години не успеавме да ги надминеме. Треба да дадеме на тие што сакаат да работат и да вратат во самиот буџет. И во 2022 година покажавме дека имаме голема сива зона во туристичката индустрија. Таа не може да помогне на никого”, изјави Јаневски.

Јаневски потенцира дека пандемијата го направила своето во однос на кризата во туристичкиот сектор, но се надева идната година да се надминат резултатите од 2019 година. Очекува бизнисот да предложи потребни мерки, кои преку Советот и Агенцијата за туризам ќе бидат проследени до Владата за да се помогне во туристичката индустрија.

Тоа што можеби требаше да го правиме пред неколку години сега ни се врати како бумеранг. На Охрид и на Струга повеќе нема да им недостасуваат зелени хотели. Соларните панели веќе се местат, но тие можеа да се наместат и малку порано, но можеа и малку подоцна”, истакна Јаневски.

Подвлече и дека на брегот на охридското езеро овој период во поголем дел од хотелите се одржуваат семинари и конгреси, но и дека некои капацитети се целосно закупени за новогодишните празници со странски и тур оператори од регионот.

The post Фокус на активниот туризам во насока на локален економски развој appeared first on Република.

]]>

АППТ во рамки на проектот од ИПА 2, добиен при апликација на повик за прекугранична соработка со Република Грција во Струга ја одржа првата од сетот работилници во коишто се претставува самиот проект, а предвидени се и обуки за активни форми на туризам и како тие влијаат врз локалниот економски развој. Следни вакви работилници ќе се одржат во Битола и Струмица. Во самиот проект дополнително се предвидени и десет стартапи и инволвирање на младите луѓе до 29 години да размислуваат за туризмот, активните форми на туристичката понуда и да се мотивираат што повеќе да основаат свои компании, но и да отпочнат бизниси токму во оваа сфера. Директорот на АППТ Љупчо Јаневски на работилница од ИПА 2 проектот во рамките на Интеррег ИПА ЦБЦ програмата за меѓународна соработка „Грција – Република Македонија 2014-2022“ одговарајќи на новинарски прашања во однос на туристичкиот сектор и енергетската криза најави дека треба да сe помогне во туристичката индустрија на оние кои работеле и прометно влеале поголем данок.
Не се откажуваме од оние кои на некој начин се обидуват да опстојат, но се уште не се вратиле од шокот од пандемијата, тоа не треба да ни биде изговор за можеби нашите недостатоци кои овие две години не успеавме да ги надминеме. Треба да дадеме на тие што сакаат да работат и да вратат во самиот буџет. И во 2022 година покажавме дека имаме голема сива зона во туристичката индустрија. Таа не може да помогне на никого”, изјави Јаневски.
Јаневски потенцира дека пандемијата го направила своето во однос на кризата во туристичкиот сектор, но се надева идната година да се надминат резултатите од 2019 година. Очекува бизнисот да предложи потребни мерки, кои преку Советот и Агенцијата за туризам ќе бидат проследени до Владата за да се помогне во туристичката индустрија.
Тоа што можеби требаше да го правиме пред неколку години сега ни се врати како бумеранг. На Охрид и на Струга повеќе нема да им недостасуваат зелени хотели. Соларните панели веќе се местат, но тие можеа да се наместат и малку порано, но можеа и малку подоцна”, истакна Јаневски.
Подвлече и дека на брегот на охридското езеро овој период во поголем дел од хотелите се одржуваат семинари и конгреси, но и дека некои капацитети се целосно закупени за новогодишните празници со странски и тур оператори од регионот.

The post Фокус на активниот туризам во насока на локален економски развој appeared first on Република.

]]>
АППТ организира инфо тури за странски новинари и блогери за промоција на македонските туристички атракции и дестинации https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-organizira-info-turi-za-stranski-novinari-i-blogeri-za-promocija-na-makedonskite-turistichki-atrakcii-i-destinacii/ Tue, 07 Jun 2022 12:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=512215

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја зајакна промоцијата на туристичките капацитети и можности на Македонија, водејќи се од заложбите и програмските активности, а кои ќе донесат бенефит во секој туристички регион во нашата земја.

Една од алатките која овозможува таргетирана, комплетна, сеопфатна и посуштинска промоција е организација на информативни патувања за странски туристички делегации.

Зголемениот интерес за посета на една од последните неоткриени туристички дестинации-Македонија од страна на новинари, инфлуенсери, блогери, влогери, тур оператори и претставници од туристичкиот сектор на странска земја е се поголем. Креативноста, ресурсите и капацитетите ќе бидат искористени за професионално и туристичко претставување на земјава, а целта е промоција на локалитетите, туристичките производи, атракции, авантуристичките форми на туризам, гастрономија, винските патишта, руралните дестинации и региони, велат оттаму.

Агенцијата за туризам ќе биде домаќин на претставници на Шибенско -Книнска Жупанија. Во хрватската делегација од градот Шибеник на информативното патување ќе дојдат, Ирис Укиќ Которац –заменик жупан шибенско – книнска жупанија, Грго Сожа – прочелник на општина Примоштен, Сашо Георгиевски – претседател на Хрватско-македонска тангента и Милена Георгиевска – секретар на Хрватско-македонска тангента.
Инфо Тура ќе се реализира и за ТВ Романија, со цел преставниците Тити Динка и Елена Дину од романската телевизија, кои се уредници на емисијата “кап компас” да снимаат документарен филм на тема културни наследства на Македонија, која ќе биде емитувана на програмата на ТВР.

Почесен гостин ќе ни биде г-ѓа Марјам Али Бин Тани Алфаласи која е СЕО на туристичката агенција Алабра Интернатионал и член на кабинетот на премиерот на ОАЕ. Ова информативно патување се организира со цел Македонија да биде овозможена како дестинација за туристите од Обединетите Арапски Емирати.

Македонскиот туристички сектор ќе реализира инфо тура за турски блогер Мелих Дасгин и Озлем Дасгин. Ова информативно патување ќе биде од големо значење за Македонија, блогерот Мелих ќе ја претстави земјава на турскиот пазар на неговиот фејсбук и инстаграм профил како и на неговата веб страна “inzinthegit.com”.
Andrea Quero и Daniele Fuccini при посетата на Македонија ќе снимаат два документарни филмови на тема културно наследство, кои ќе бидат емитувани на емисиите “Geo” и “Kilimangaro” на италијанските национални телевизии “RAI 1” и “RAI3”.
Деновиве во посета на Охрид и регионот се претставници на интернационалниот туроператор ТУИ-Обединето Кралство, чија цел е промоција на дестинацијата и привлекување на што поголем број на туристи од Англија.

Директорот на Агенцијата за туризам, д-р Љупчо Јаневски потенцира дека се е во насока за враќање на туризмот и зголемување на бројот на туристи на локално и државно ниво. Можеби ќе бидат потребни уште две години македонскиот туристички сектор да се врати на статистичките бројки од туристи и остварени ноќевања, доколку се задржи оваа позитивна прогресија во 2022 година приливот од туристичкиот сектор во македонската економија се очекува да ја надмине 2019 година. Девизниот прилив од ставка туризам во првиот квартал за 2022 година е 78.52 милиони долари што е за 8,45% поголем споредбено со истиот период 2019. Со ова темпо се очекува 400 милиони долари девизен прилив во БДП од туризмот за 2022, со што ќе ја надминеме одличната 2019г.

Директорот Јаневски во овој контекст ја коментираше и иницијативата “Отворен Балкан” која гледано од туристички аспект ќе овозможии поголема координација и соработка на меѓусебните активности поврзани со промоција и поттикнување на туристичките групи да ги посетат земјите, со цел зголемување на туризмот во овој дел на Европа. Лидерите од земјите на иницијативата „Отворен Балкан“ го видоа економскиот бенефит од туризмот како стопанска гранка, па така фокусот на самитот во Охрид на 7 и 8 јуни ќе биде насочен на туризмот и културата. На настанот ќе присуствуваат повеќе од сто новинари од регионот и Европа, што е одлична можност за туристичка промоција на земјите од Западен Балкан. Би сакал да надополнам дека “Отворениот Балкан” создава дестинација од 12 милиони домашни туристи доволно конкурентна и во самата дестинација, овозможувајки многу подобри конекции, делење позитивни практики, едукација и градење на стручен кадар, зголемена промоција со што се очекува на уделот од туризмот во БДП на секоја земја.

The post АППТ организира инфо тури за странски новинари и блогери за промоција на македонските туристички атракции и дестинации appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја зајакна промоцијата на туристичките капацитети и можности на Македонија, водејќи се од заложбите и програмските активности, а кои ќе донесат бенефит во секој туристички регион во нашата земја.
Една од алатките која овозможува таргетирана, комплетна, сеопфатна и посуштинска промоција е организација на информативни патувања за странски туристички делегации. Зголемениот интерес за посета на една од последните неоткриени туристички дестинации-Македонија од страна на новинари, инфлуенсери, блогери, влогери, тур оператори и претставници од туристичкиот сектор на странска земја е се поголем. Креативноста, ресурсите и капацитетите ќе бидат искористени за професионално и туристичко претставување на земјава, а целта е промоција на локалитетите, туристичките производи, атракции, авантуристичките форми на туризам, гастрономија, винските патишта, руралните дестинации и региони, велат оттаму.
  Агенцијата за туризам ќе биде домаќин на претставници на Шибенско -Книнска Жупанија. Во хрватската делегација од градот Шибеник на информативното патување ќе дојдат, Ирис Укиќ Которац –заменик жупан шибенско – книнска жупанија, Грго Сожа – прочелник на општина Примоштен, Сашо Георгиевски – претседател на Хрватско-македонска тангента и Милена Георгиевска – секретар на Хрватско-македонска тангента. Инфо Тура ќе се реализира и за ТВ Романија, со цел преставниците Тити Динка и Елена Дину од романската телевизија, кои се уредници на емисијата “кап компас” да снимаат документарен филм на тема културни наследства на Македонија, која ќе биде емитувана на програмата на ТВР. Почесен гостин ќе ни биде г-ѓа Марјам Али Бин Тани Алфаласи која е СЕО на туристичката агенција Алабра Интернатионал и член на кабинетот на премиерот на ОАЕ. Ова информативно патување се организира со цел Македонија да биде овозможена како дестинација за туристите од Обединетите Арапски Емирати. Македонскиот туристички сектор ќе реализира инфо тура за турски блогер Мелих Дасгин и Озлем Дасгин. Ова информативно патување ќе биде од големо значење за Македонија, блогерот Мелих ќе ја претстави земјава на турскиот пазар на неговиот фејсбук и инстаграм профил како и на неговата веб страна “inzinthegit.com”. Andrea Quero и Daniele Fuccini при посетата на Македонија ќе снимаат два документарни филмови на тема културно наследство, кои ќе бидат емитувани на емисиите “Geo” и “Kilimangaro” на италијанските национални телевизии “RAI 1” и “RAI3”. Деновиве во посета на Охрид и регионот се претставници на интернационалниот туроператор ТУИ-Обединето Кралство, чија цел е промоција на дестинацијата и привлекување на што поголем број на туристи од Англија. Директорот на Агенцијата за туризам, д-р Љупчо Јаневски потенцира дека се е во насока за враќање на туризмот и зголемување на бројот на туристи на локално и државно ниво. Можеби ќе бидат потребни уште две години македонскиот туристички сектор да се врати на статистичките бројки од туристи и остварени ноќевања, доколку се задржи оваа позитивна прогресија во 2022 година приливот од туристичкиот сектор во македонската економија се очекува да ја надмине 2019 година. Девизниот прилив од ставка туризам во првиот квартал за 2022 година е 78.52 милиони долари што е за 8,45% поголем споредбено со истиот период 2019. Со ова темпо се очекува 400 милиони долари девизен прилив во БДП од туризмот за 2022, со што ќе ја надминеме одличната 2019г. Директорот Јаневски во овој контекст ја коментираше и иницијативата “Отворен Балкан” која гледано од туристички аспект ќе овозможии поголема координација и соработка на меѓусебните активности поврзани со промоција и поттикнување на туристичките групи да ги посетат земјите, со цел зголемување на туризмот во овој дел на Европа. Лидерите од земјите на иницијативата „Отворен Балкан“ го видоа економскиот бенефит од туризмот како стопанска гранка, па така фокусот на самитот во Охрид на 7 и 8 јуни ќе биде насочен на туризмот и културата. На настанот ќе присуствуваат повеќе од сто новинари од регионот и Европа, што е одлична можност за туристичка промоција на земјите од Западен Балкан. Би сакал да надополнам дека “Отворениот Балкан” создава дестинација од 12 милиони домашни туристи доволно конкурентна и во самата дестинација, овозможувајки многу подобри конекции, делење позитивни практики, едукација и градење на стручен кадар, зголемена промоција со што се очекува на уделот од туризмот во БДП на секоја земја.

The post АППТ организира инфо тури за странски новинари и блогери за промоција на македонските туристички атракции и дестинации appeared first on Република.

]]>
АППТ: Македонската туристичка понуда на промоција во медиуми во Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција и Полска https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-makedonskata-turistichka-ponuda-na-promocija-vo-mediumi-vo-srbija-bugarija-albanija-kosovo-turcija-i-polska/ Wed, 11 May 2022 11:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=501008

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија согласно програмските активности за 2022г започна со прв дел медиумска кампања. Туристичката промоција на земјава ќе се реализира во земјите од регионот Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција, како и Полска поради зголемениот интерес на полски туристи за дестинацијата.

Ова се традиционални пазари кои континуирано се во првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања веќе е активна на најчитаните онлајн медиуми во регионот и истата се реализира преку промотивни банери, ПР текстови, туристички видеа, вклучително и промоција на социјалните мрежи. Медиумската кампања се реализира со цел задржување и зголемување на бројот на странските патувачи, за да се побуди нивниот интерес да ја одберат РС Македонија како безбедна дестинација во која ќе го поминат нивниот годишен одмор, велат од АППТ.

Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури, параглајдеринг, кајакинг, искачување по карпи, нуркање, јавање на коњ. А, за сите гурмани ено-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи продукти.

Би сакале да потенцираме дека тука не завршуваат активностите на АППТ, од септември ќе се реализира и втор дел на промоција, како медиумска така и преку учество на интернационални саеми за туризам, додека пак релизацијата на информативни патувања за странски новинари и инфлуенсери се одвива тековно преку цела година, велат оттаму.

The post АППТ: Македонската туристичка понуда на промоција во медиуми во Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција и Полска appeared first on Република.