Апликација Скај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aplikacija-skaj/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 07:41:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Апликација Скај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aplikacija-skaj/ 32 32 Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-imame-golem-broj-dokazi-za-kriminali-dobieni-preku-sky-aplikatsijata-aktsiite-veke-ne-protekuvaat-i-site-shto-treba-zavrshuvaat-zad-reshetki/ Fri, 08 Nov 2024 07:41:11 +0000 https://republika.mk/?p=835340

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за интервју на Алфа ТВ на прашање за акцијата во којашто паднаа двајца поранешни полициски службеници коишто издавале службени тајни на една од групите од подземјето, истакна дека преку ЕУРОЏАСТ, МВР и Обвинителството имаат добиено голем број докази поврзани со организиран криминал и корупција добиени преку апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи и нивните доушници за меѓусебна комуникација.

Ќе следат постапки и во иднина, коишто ќе бидат насочени кон сите оние кои сториле криминал, а за кои има докази во рамки на предметната апликација. Моите информации се дека доказите се доста обемни. Се работи континуирано и посветено на овој предмет, и од страна на Јавното обвинителство и од страна на МВР, така да очекувам и други постапки во иднина, се со цел оние коишто печалеле незаконито на грбот на македонските граѓани, отидат таму кај што им е местото, потенцираше министерот Тошковски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-koj-printsip-raboti-aplikatsijata-skaj-preku-koja-mvr-gi-fati-politsijtsite-shto-oddavale-tajni-na-klanot-grchets/

Министерот Тошковски изрази сомнеж во фактот што голем број полициски акции кои порано се реализирале често завршувале со неуспех да се обезбедат водачите на тие кланови и банди а зад решетки завршувале условно „поситните риби“.

Ќе направам паралела со две акции коишто беа спроведени овој месец со таа акција која беше спроведена на крај на мандатот на мојот претходник. Тогаш беа уапсени ако имало план за апсење на 10 луѓе беа уапсени од број 5, 6 па надоле. Овие првите, лидерите, не беа уапсени и информациите се дека тие не се ни на територијата на Македонија. Така се правеле акциите порано, не дека не можело да се случи такво нешто, но сомнително е малку зошто баш првите по ранг во криминалните групи или ги снемуваше или случајно се наоѓале во рамки на друга држава за време на акцијата. Двете акции коишто ги спроведовме во рамките на овој месец, првата беше фокусирана на најголем дел цариници во југоисточна Македонија каде што беа уапсени сите претходно таргетирани луѓе, сите за кои Обвинителството ќе води итна постапка. Истото се случи и со втората акција поврзана со трговија со дрога, луѓе итн., во западна Македонија. Овие две акции се спроведоа во една недела. Кога имате координирани акции, кога нема да „протечат“ одредени информации до оние кои се предмет на самата истрага, тие нема да се најдат токму во тој момент на апсењето во друга држава, туку ќе се најдат како што се најдоа, зад решетки. Тоа е разликата како претходно биле спроведувани акциите а ако сега се спроведуваат. Не дека и сега не би можело да се случи нешто такво, но претходно во континуитет им се случуваше. Во овие две обемни акции коишто ги направивме, сите оние коишто беа предмет на истрагата, беа пронајдени, соодветно лишени од слобода и процесуирани пред органите на прогонот, дециден беше министерот Тошковски.

Тошковски нагласи дека МВР во иднина ќе ги презема сите можни чекори во рамките на своите надлежности, за секој еден за којшто е издадена соодветна наредба од страна на надлежни институции да се најде таму каде што му е местото

The post Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за интервју на Алфа ТВ на прашање за акцијата во којашто паднаа двајца поранешни полициски службеници коишто издавале службени тајни на една од групите од подземјето, истакна дека преку ЕУРОЏАСТ, МВР и Обвинителството имаат добиено голем број докази поврзани со организиран криминал и корупција добиени преку апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи и нивните доушници за меѓусебна комуникација.
Ќе следат постапки и во иднина, коишто ќе бидат насочени кон сите оние кои сториле криминал, а за кои има докази во рамки на предметната апликација. Моите информации се дека доказите се доста обемни. Се работи континуирано и посветено на овој предмет, и од страна на Јавното обвинителство и од страна на МВР, така да очекувам и други постапки во иднина, се со цел оние коишто печалеле незаконито на грбот на македонските граѓани, отидат таму кај што им е местото, потенцираше министерот Тошковски.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-koj-printsip-raboti-aplikatsijata-skaj-preku-koja-mvr-gi-fati-politsijtsite-shto-oddavale-tajni-na-klanot-grchets/ Министерот Тошковски изрази сомнеж во фактот што голем број полициски акции кои порано се реализирале често завршувале со неуспех да се обезбедат водачите на тие кланови и банди а зад решетки завршувале условно „поситните риби“.
Ќе направам паралела со две акции коишто беа спроведени овој месец со таа акција која беше спроведена на крај на мандатот на мојот претходник. Тогаш беа уапсени ако имало план за апсење на 10 луѓе беа уапсени од број 5, 6 па надоле. Овие првите, лидерите, не беа уапсени и информациите се дека тие не се ни на територијата на Македонија. Така се правеле акциите порано, не дека не можело да се случи такво нешто, но сомнително е малку зошто баш првите по ранг во криминалните групи или ги снемуваше или случајно се наоѓале во рамки на друга држава за време на акцијата. Двете акции коишто ги спроведовме во рамките на овој месец, првата беше фокусирана на најголем дел цариници во југоисточна Македонија каде што беа уапсени сите претходно таргетирани луѓе, сите за кои Обвинителството ќе води итна постапка. Истото се случи и со втората акција поврзана со трговија со дрога, луѓе итн., во западна Македонија. Овие две акции се спроведоа во една недела. Кога имате координирани акции, кога нема да „протечат“ одредени информации до оние кои се предмет на самата истрага, тие нема да се најдат токму во тој момент на апсењето во друга држава, туку ќе се најдат како што се најдоа, зад решетки. Тоа е разликата како претходно биле спроведувани акциите а ако сега се спроведуваат. Не дека и сега не би можело да се случи нешто такво, но претходно во континуитет им се случуваше. Во овие две обемни акции коишто ги направивме, сите оние коишто беа предмет на истрагата, беа пронајдени, соодветно лишени од слобода и процесуирани пред органите на прогонот, дециден беше министерот Тошковски.
Тошковски нагласи дека МВР во иднина ќе ги презема сите можни чекори во рамките на своите надлежности, за секој еден за којшто е издадена соодветна наредба од страна на надлежни институции да се најде таму каде што му е местото

The post Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки appeared first on Република.

]]>
Поранешни вработени во МВР им продавале тајни од истрагата на криминалната група Грчец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshni-vraboteni-vo-mvr-im-prodavale-tajni-od-istragata-na-kriminalnata-grupa-grchets/ Mon, 04 Nov 2024 13:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=834031

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за корупција, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.Г.(58), Е.А.(58) и О.П.(44), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „оддавање службена тајна“, „попречување на правдата“ и „противправно стекнување и прикривање имот“.

Пријавените Д.Г. и Е.А., во периодот кога биле вработени во Министерството за внатрешни работи, заедно со О.П., се приклучиле на организирана криминална група за која прибавувале, соопштување, пренесување или на друг начин овозможувале достапност на податоци што претставуваат службена тајна, соопшти денеска МВР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubivale-za-odmazda-i-po-porachka-obvinenie-za-del-od-klanot-grchets/

Во периодот од декември 2019 година до март 2021 година, знаејќи за постоење на интерес на поголем број на личности за добивање на вакви податоци и службени информации за актуелни криминалистички истражувања, планирани мерки и активности за лишување од слобода, со посебен акцент за податоци дали и против кои личности и од кои причини се спроведуваат оперативни и истражни дејствија, како и дека таквите податоци и информации можат да се прибават со давање на парични награди, се поврзале со оваа криминална група во која имале посебна улога за пренесување службени информации, поврзани со организирани криминални групи инволвирани во извршување на криминални активности од повеќе области, особено на тешки кривични дела, од кои за некои е предвидена и казна доживотен затвор.

Имено, Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, од октомври 2023 година до јануари 2024 година спроведуваше истрага за македонски државјани, кои како членови на меѓународна криминална група, користејќи ја енкриптираната SKY/ECC апликација договарале и преземале активности за организирање на набавка и пренесување на кокаин од земјите на Јужна Америка до земјите на ЕУ и РС Македонија и учествувале во извршување на други кривични дела, а која заврши со кривична пријава против 16 лица.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kovachevski-da-odgovori-dali-nekoj-im-dojavil-na-10-te-litsa-od-klanot-grchets-da-izbegaat-od-pravdata/

По поднесување на кривичната пријава, Одделот за криминалистичка полиција продолжи со анализа на податоците добиени од Еуропол и Еуроџаст и во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК обезбедени се докази врз основа на кои е дојдено до сознание дека пријавените ги сториле делата.

Начинот на кој пријавените ги извршувале делата предизвикало штета врз работењето на државните органи во постапките за кривичен прогон на лица, кои се од значење за јавната безбедност, безбедносните и разузнавачките активности на органите, како и прибирање и пренесување на информации кои не се наменети за јавна употреба, а со чие откривање се намалила ефикасноста на работењето на државните органи.

На 03.11.2024, по преземени оперативно - тактички мерки и активности, како и врз основа на наредби од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домовите на лицата, при што се пронајдени и одземени повеќе мобилни телефони, лап - топ компјутер и разновидна документација. Лицата се лишени од слобода.

The post Поранешни вработени во МВР им продавале тајни од истрагата на криминалната група Грчец appeared first on Република.

]]>

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за корупција, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.Г.(58), Е.А.(58) и О.П.(44), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „оддавање службена тајна“, „попречување на правдата“ и „противправно стекнување и прикривање имот“. Пријавените Д.Г. и Е.А., во периодот кога биле вработени во Министерството за внатрешни работи, заедно со О.П., се приклучиле на организирана криминална група за која прибавувале, соопштување, пренесување или на друг начин овозможувале достапност на податоци што претставуваат службена тајна, соопшти денеска МВР. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubivale-za-odmazda-i-po-porachka-obvinenie-za-del-od-klanot-grchets/ Во периодот од декември 2019 година до март 2021 година, знаејќи за постоење на интерес на поголем број на личности за добивање на вакви податоци и службени информации за актуелни криминалистички истражувања, планирани мерки и активности за лишување од слобода, со посебен акцент за податоци дали и против кои личности и од кои причини се спроведуваат оперативни и истражни дејствија, како и дека таквите податоци и информации можат да се прибават со давање на парични награди, се поврзале со оваа криминална група во која имале посебна улога за пренесување службени информации, поврзани со организирани криминални групи инволвирани во извршување на криминални активности од повеќе области, особено на тешки кривични дела, од кои за некои е предвидена и казна доживотен затвор. Имено, Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, од октомври 2023 година до јануари 2024 година спроведуваше истрага за македонски државјани, кои како членови на меѓународна криминална група, користејќи ја енкриптираната SKY/ECC апликација договарале и преземале активности за организирање на набавка и пренесување на кокаин од земјите на Јужна Америка до земјите на ЕУ и РС Македонија и учествувале во извршување на други кривични дела, а која заврши со кривична пријава против 16 лица. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kovachevski-da-odgovori-dali-nekoj-im-dojavil-na-10-te-litsa-od-klanot-grchets-da-izbegaat-od-pravdata/ По поднесување на кривичната пријава, Одделот за криминалистичка полиција продолжи со анализа на податоците добиени од Еуропол и Еуроџаст и во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК обезбедени се докази врз основа на кои е дојдено до сознание дека пријавените ги сториле делата. Начинот на кој пријавените ги извршувале делата предизвикало штета врз работењето на државните органи во постапките за кривичен прогон на лица, кои се од значење за јавната безбедност, безбедносните и разузнавачките активности на органите, како и прибирање и пренесување на информации кои не се наменети за јавна употреба, а со чие откривање се намалила ефикасноста на работењето на државните органи. На 03.11.2024, по преземени оперативно - тактички мерки и активности, како и врз основа на наредби од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домовите на лицата, при што се пронајдени и одземени повеќе мобилни телефони, лап - топ компјутер и разновидна документација. Лицата се лишени од слобода.

The post Поранешни вработени во МВР им продавале тајни од истрагата на криминалната група Грчец appeared first on Република.

]]>
Нова „Скај“ преписка: Звицер најавува дека ќе „одере“ некој јак, дали тоа е Вучиќ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nova-skaj-prepiska-zvitser-najavuva-deka-ke-odere-nekoj-jak-dali-toa-e-vuchik/ Thu, 18 Jul 2024 09:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=797995

Шефот на криминалниот Кавачки клан, Радоје Звицер, се заканувал дека ќе „одере“ некој силен. доколку Вељко Беливук и Марко Миљковиќ бидат сместени во Србија што и се случи, се открива во новата „Скај“ преписка .

-Ако не наместат ќе убиеме некој силен. Не престануваат да пумпаат - му одговара потоа Звицер на што српските медиуми прашуваат дали може станува збор за претседателот Вучиќ.

The post Нова „Скај“ преписка: Звицер најавува дека ќе „одере“ некој јак, дали тоа е Вучиќ? appeared first on Република.

Kланот на Звицер планирал дрогата од Дубаи да ја пренесува преку Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/klanot-na-zvitser-planiral-drogata-od-dubai-da-ja-prenesuva-preku-makedonija/ Fri, 01 Mar 2024 11:12:32 +0000 https://republika.mk/?p=749980

адоје Звицер, водачот на Кавачкиот клан преку апликацијата „Скај“ го информирал поранешниот црногорски полицаец Љубо Миловиќ за плановите за шверц на кокаин од Дубаи.

Во преписката го споменува и Александар Ацо Мијајловиќ, кој на 19 февруари годинава беше уапсен под сомнение дека е еден од организаторите на „Гранд Клан“. Тој наводно бил ангажиран за да види што може да направи во врска со плановите за шверц на кокаин од Дубаи.

Преку апликацијата Скај, Лазовиќ, еден од учесниците во преписката, го информира Миловиќ за деталите за плановите за шверц на кокаин, вклучувајќи информации за пристаништата во Бугарија, Грција, па дури и во Македонија.

Грција и Бугарија треба да можат. Не знам дали ни е интересно... Дали е валидна линијата Еквадор-Грција, никогаш не сум разговарал за тоа со моите. Бидејќи има фирма, може да ја однесе во Македонија за да ја преземе - му пишува Миловиќ на Звицер.

Миловиќ е еден од најбогатите полицајци во Црна Гора чие богатство се проценува на 50 милиони евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ke-bidat-provereni-site-pasoshi-dadeni-na-svetski-kriminaltsi/

The post Kланот на Звицер планирал дрогата од Дубаи да ја пренесува преку Македонија appeared first on Република.

]]>

адоје Звицер, водачот на Кавачкиот клан преку апликацијата „Скај“ го информирал поранешниот црногорски полицаец Љубо Миловиќ за плановите за шверц на кокаин од Дубаи. Во преписката го споменува и Александар Ацо Мијајловиќ, кој на 19 февруари годинава беше уапсен под сомнение дека е еден од организаторите на „Гранд Клан“. Тој наводно бил ангажиран за да види што може да направи во врска со плановите за шверц на кокаин од Дубаи. Преку апликацијата Скај, Лазовиќ, еден од учесниците во преписката, го информира Миловиќ за деталите за плановите за шверц на кокаин, вклучувајќи информации за пристаништата во Бугарија, Грција, па дури и во Македонија.
Грција и Бугарија треба да можат. Не знам дали ни е интересно... Дали е валидна линијата Еквадор-Грција, никогаш не сум разговарал за тоа со моите. Бидејќи има фирма, може да ја однесе во Македонија за да ја преземе - му пишува Миловиќ на Звицер.
Миловиќ е еден од најбогатите полицајци во Црна Гора чие богатство се проценува на 50 милиони евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ke-bidat-provereni-site-pasoshi-dadeni-na-svetski-kriminaltsi/

The post Kланот на Звицер планирал дрогата од Дубаи да ја пренесува преку Македонија appeared first on Република.

]]>