АПИС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apis/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jan 2024 14:44:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АПИС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apis/ 32 32 АСОМ и АПИС најавуваат серија протести против измените на Законот за игри на среќа и забавни игри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/asom-i-apis-najavuvaat-serija-protesti-protiv-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-i-zabavni-igri/ Wed, 10 Jan 2024 14:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=731659

Членови на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС) денеска на протест пред Собранието повторно изразија револт од предложените измени и дополнувања на Законот за игрите на среќа и забавните игри, кој, пак, истовремено, се разгледуваше во второ читање во собраниската Комисија за европски прашања.

Со измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии, како и да бидат оддалечени од училиштата најмалку 500 метри.

Горан Стојменов, претставник на АПИС, изјави дека евентуалното усвојување на измените во ваква верзија ќе остави 10 000 вработени без егзистенција, а Буџетот ќе загуби 280 милиони евра годишен приход.

Измените во ваква верзија ќе ја вратат земјава во 1990-та година, кога имаше покер апарати зад завеси во кафулиња и диви играчници по подруми во секое мало. Државата ќе нема никаква контрола, тогаш младината ќе биде навистина загрозена. Ќе водиме правни битки, ќе следи иницијатива пред Уставниот суд, ќе следат тужби за астрономски штети кои ќе се прекршат преку грбот на народот. Без егзистенција ќе останат 10 000 вработени, од 54 до 100 илјади други работни места кои се поддржуваат преку легалните игри на среќа ќе доживеат сериозен економски удар. Сопствениците на објектите ќе останат без закупнина, а банките ќе активираат хипотеки и други гаранции. Буџетот ќе загуби 280 милиони евра годишен приход, што е најмалку 5 отсто од предвидените државни приходи за 2024 година, рече Стојменов.

Доколку не ги прифатат предупредувањата, Стојменов вели ќе следат серија масовни протести и други демократски форми за изразување незадоволство.

Претседателот на АСОМ, Васко Илиевски истакна дека блокирањето на улицата пред Собранието е само прва од блокадите што ќе следуават сѐ додека не се слушне нивниот глас. Целта на овој закон, според Илиевски, „е да се затворат легалните домашни компании, за да може Владата преку онлајн страници со странски компании од Бугарија да го преземе бизнисот“.

Илиевски оцени дека „личните апетити се поголеми од европскиот пат на земјата“, бидејќи, како што рече, и покрај укажувањата за злоупотреба на европското знаменце од страна на евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателот на земјава Стево Пендаровски, Владата продолжува да го турка овој закон.

Безобразно е што извештајот на ЕУ нотира дека се злоупотребува европското знаменце, а Владата продолжува да го турка овој неевропски закон. Иако и евроамбасадорот Гир, и претседателот и повеќе стручни лица коментираа дека со европско знаме насила се форсира закон за кој што е јасно дека не постои европска директива. Личните апетити се очигледно поголеми од европскиот пат на земјата, изјави Илиевски.

The post АСОМ и АПИС најавуваат серија протести против измените на Законот за игри на среќа и забавни игри appeared first on Република.

]]>

Членови на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС) денеска на протест пред Собранието повторно изразија револт од предложените измени и дополнувања на Законот за игрите на среќа и забавните игри, кој, пак, истовремено, се разгледуваше во второ читање во собраниската Комисија за европски прашања. Со измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии, како и да бидат оддалечени од училиштата најмалку 500 метри. Горан Стојменов, претставник на АПИС, изјави дека евентуалното усвојување на измените во ваква верзија ќе остави 10 000 вработени без егзистенција, а Буџетот ќе загуби 280 милиони евра годишен приход.
Измените во ваква верзија ќе ја вратат земјава во 1990-та година, кога имаше покер апарати зад завеси во кафулиња и диви играчници по подруми во секое мало. Државата ќе нема никаква контрола, тогаш младината ќе биде навистина загрозена. Ќе водиме правни битки, ќе следи иницијатива пред Уставниот суд, ќе следат тужби за астрономски штети кои ќе се прекршат преку грбот на народот. Без егзистенција ќе останат 10 000 вработени, од 54 до 100 илјади други работни места кои се поддржуваат преку легалните игри на среќа ќе доживеат сериозен економски удар. Сопствениците на објектите ќе останат без закупнина, а банките ќе активираат хипотеки и други гаранции. Буџетот ќе загуби 280 милиони евра годишен приход, што е најмалку 5 отсто од предвидените државни приходи за 2024 година, рече Стојменов.
Доколку не ги прифатат предупредувањата, Стојменов вели ќе следат серија масовни протести и други демократски форми за изразување незадоволство. Претседателот на АСОМ, Васко Илиевски истакна дека блокирањето на улицата пред Собранието е само прва од блокадите што ќе следуават сѐ додека не се слушне нивниот глас. Целта на овој закон, според Илиевски, „е да се затворат легалните домашни компании, за да може Владата преку онлајн страници со странски компании од Бугарија да го преземе бизнисот“. Илиевски оцени дека „личните апетити се поголеми од европскиот пат на земјата“, бидејќи, како што рече, и покрај укажувањата за злоупотреба на европското знаменце од страна на евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателот на земјава Стево Пендаровски, Владата продолжува да го турка овој закон.
Безобразно е што извештајот на ЕУ нотира дека се злоупотребува европското знаменце, а Владата продолжува да го турка овој неевропски закон. Иако и евроамбасадорот Гир, и претседателот и повеќе стручни лица коментираа дека со европско знаме насила се форсира закон за кој што е јасно дека не постои европска директива. Личните апетити се очигледно поголеми од европскиот пат на земјата, изјави Илиевски.

The post АСОМ и АПИС најавуваат серија протести против измените на Законот за игри на среќа и забавни игри appeared first on Република.

]]>
Власта планира 10.000 семејства да остави без приходи за да му создаде бизнис клима за казина на бугарскиот партнер на Груби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-planira-10-000-semejstva-da-ostavi-bez-prihodi-za-da-mu-sozdade-biznis-klima-za-kazina-na-bugarskiot-partner-na-grubi/ Wed, 04 Oct 2023 08:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=687731

Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина предупредува дека на денешната седница на Комисијата за европски прашања  ќе биде дополнет дневниот ред со Предлогот на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри, кој беше пуштен во Собраниска процедура со ЕУ знаме на 16 март оваа година.

Дали упадот на Државна лотарија во досегашниот систем на игри на среќа со одлуката капитално да учествува во формирањето три нови трговски друштва за организирање игри на среќа преку интернет, е всушност вовед во ставање клуч на врата на обложувалниците и автомат клубовите? Дали некој лажно верува дека приходите од досегашниот систем на организирање игри на среќа можат да се заменат со приходи од игри на среќа преку интернет? Или можеби се работи исклучиво за задоволување лични бизнис апетити во кои ќе се жртвува цела економска гранка за во Македонија да царуваат фирми на кои ќе им се дозволи да организираат игри на среќа без ниту еден вработен-прашуваат од Асоцијацијата.

Оттаму додаваат дека власта свесно или несвесно ризикува 10.000 граѓани да останат без работа.

Со сличен став е и ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека од власта нема демант дека со потпис на Артан Груби игри на среќа ќе приредува контроверзниот бугарски тајкун Васил Бошков-Черепот.

Овој лик кој Артан Груби се обидува да го востоличи како бизнис партнер на државата во игрите на среќа е ставен на црната листа на САД со актот Магнитски. Токму со овој акт Черепот и неговите компании се санкционирани како дел од борбата на САД против криминалот, корупцијата, ширењето на руски влијанија кај нашиот источен сосед. Американскиот департмент за финансии кажува дека Черепот подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ако тоа го правел во Бугарија за да ја шири својата коцкарска империја, тогаш веројатно истото го правел и во други земји за да ги прошири своите бизниси.

https://republika.mk/vesti/makedonija/molk-od-vladata-shto-so-potpis-na-grubi-cherepot-od-bugarija-ke-prireduva-kazino-igri/

The post Власта планира 10.000 семејства да остави без приходи за да му создаде бизнис клима за казина на бугарскиот партнер на Груби appeared first on Република.

]]>

Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина предупредува дека на денешната седница на Комисијата за европски прашања  ќе биде дополнет дневниот ред со Предлогот на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри, кој беше пуштен во Собраниска процедура со ЕУ знаме на 16 март оваа година.
Дали упадот на Државна лотарија во досегашниот систем на игри на среќа со одлуката капитално да учествува во формирањето три нови трговски друштва за организирање игри на среќа преку интернет, е всушност вовед во ставање клуч на врата на обложувалниците и автомат клубовите? Дали некој лажно верува дека приходите од досегашниот систем на организирање игри на среќа можат да се заменат со приходи од игри на среќа преку интернет? Или можеби се работи исклучиво за задоволување лични бизнис апетити во кои ќе се жртвува цела економска гранка за во Македонија да царуваат фирми на кои ќе им се дозволи да организираат игри на среќа без ниту еден вработен-прашуваат од Асоцијацијата.
Оттаму додаваат дека власта свесно или несвесно ризикува 10.000 граѓани да останат без работа. Со сличен став е и ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека од власта нема демант дека со потпис на Артан Груби игри на среќа ќе приредува контроверзниот бугарски тајкун Васил Бошков-Черепот.
Овој лик кој Артан Груби се обидува да го востоличи како бизнис партнер на државата во игрите на среќа е ставен на црната листа на САД со актот Магнитски. Токму со овој акт Черепот и неговите компании се санкционирани како дел од борбата на САД против криминалот, корупцијата, ширењето на руски влијанија кај нашиот источен сосед. Американскиот департмент за финансии кажува дека Черепот подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ако тоа го правел во Бугарија за да ја шири својата коцкарска империја, тогаш веројатно истото го правел и во други земји за да ги прошири своите бизниси.
https://republika.mk/vesti/makedonija/molk-od-vladata-shto-so-potpis-na-grubi-cherepot-od-bugarija-ke-prireduva-kazino-igri/

The post Власта планира 10.000 семејства да остави без приходи за да му создаде бизнис клима за казина на бугарскиот партнер на Груби appeared first on Република.

]]>
Приредувачите на игри на среќа прашуваат: Зошто Македонија која тежнее да стане дел од ЕУ би била исклучок од европските земји и западните цивилизации каде има легални игри на среќа? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prireduvachite-na-igri-na-sreka-prashuvaat-zoshto-makedonija-koja-tezhnee-da-stane-del-od-eu-bi-bila-iskluchok-od-evropskite-zemji-i-zapadnite-tsivilizatsii-kade-ima-legalni-igri-na-sreka/ Mon, 13 Mar 2023 13:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=619174

На барање на двете асоцијации, денес претставници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) остваривме средба со Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Г-дин Горан Мисовски и Координаторот на Коалицијата „МОЖЕМЕ“, предводена од политичката партија СДСМ, Г-дин Јован Митрески.

На претставниците на владејачкото мнозинство им понудивме аргументи дека постоечката регулатива во Македонија е најстрога на Балканот, бидејќи ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Наведовме дека не постои записник на надлежните државни органи каде е евидентирано присуство на малолетник во автомат клубовите и казината кои се под надлежност на Групацијата Новоматик и Апекс Македонија, што е потврда дека станува збор за исклучителни професионалци, општествено одговорни компании кои максимално го штитат јавниот интерес и неселективно ги спроведуваат законските норми.

Изразивме загриженост што нема никакво издржано објаснување зошто е одлучено токму на овие законски измени да им се стави Европско знаме, што никогаш претходно не било законодавна пракса, земајќи предвид дека измените предизвикуваат драматични финансиски импликации. Особено што во предложените измени има серија одредби кои не се во согласност со Уставот.

Ја искористивме приликата да упатиме генерален апел до сите пратеници, без разлика на нивната политичката и етничка припадност, пред да се изјаснуваат за овој Предлог на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри да си го постават следното прашање: Зошто Македонија која тежнее да стане дел од ЕУ би била исклучок од европските земји и западните цивилизации каде има легални игри на среќа?

Повикавме да не се потпаѓа под влијание на црната кампања на оние критичари на игрите на среќа кои никогаш не одговорија за чии бизнис интереси одработуваат. Треба да се земе предвид дека токму тие никогаш нема да преземат одговорност за штетните последици кои ќе следат доколку овие законските измени стапат на сила. Трагично е што прават притисок врз политичките партии и суптилно се обидуваат да ги инволвираат и верските заедници. Ова е недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа. Искушувањето на среќата е дел од човечкиот карактер, затоа игрите на среќа ги имало и ќе ги има секогаш, се’ додека постои цивилизацијата. Никој во Европа не ја прифаќа тезата дека потенцијалната зависност од игрите на среќа се решава со затворање на казината, автомат клубовите и обложувалниците, како што ни потенцијалната зависност од алкохол и никотин никаде не се решава со затворање на кафулињата, тобаката и продавниците на алкохол. Подигнувањето на општествената свест се прави со јавни кампањи и организиран пристап за насочување на младите генерации кон наука, култура и спорт.

Предупредивме дека доколку овие законски измени не се повлечат и низ една широка општествена, јавна дебата со вклучување на сите засегнати страни не се пристапи кон изработка на одржливо законско решение кое ќе ги следи сите светски стандарди за игри на среќа, ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести. Ќе се бориме до крај против неправдата со сите демократски средства. Доколку надлежните институции не сакаат да ги прифатат нашите аргументи ќе немаме друг избор. Наша должност е да ги заштитиме вработените и огромните инвестиции кои ја придвижуваат македонската економија напред. Станува збор за 10 илјади семејства кои доколку се изгласаат овие законски измени ќе бидат принудени, во најголем број да си ја бараат среќата во западните земји, членки на ЕУ, каде повторно ќе работат во истата економска дејност.

The post Приредувачите на игри на среќа прашуваат: Зошто Македонија која тежнее да стане дел од ЕУ би била исклучок од европските земји и западните цивилизации каде има легални игри на среќа? appeared first on Република.

]]>

На барање на двете асоцијации, денес претставници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) остваривме средба со Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Г-дин Горан Мисовски и Координаторот на Коалицијата „МОЖЕМЕ“, предводена од политичката партија СДСМ, Г-дин Јован Митрески.
На претставниците на владејачкото мнозинство им понудивме аргументи дека постоечката регулатива во Македонија е најстрога на Балканот, бидејќи ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Наведовме дека не постои записник на надлежните државни органи каде е евидентирано присуство на малолетник во автомат клубовите и казината кои се под надлежност на Групацијата Новоматик и Апекс Македонија, што е потврда дека станува збор за исклучителни професионалци, општествено одговорни компании кои максимално го штитат јавниот интерес и неселективно ги спроведуваат законските норми.
Изразивме загриженост што нема никакво издржано објаснување зошто е одлучено токму на овие законски измени да им се стави Европско знаме, што никогаш претходно не било законодавна пракса, земајќи предвид дека измените предизвикуваат драматични финансиски импликации. Особено што во предложените измени има серија одредби кои не се во согласност со Уставот. Ја искористивме приликата да упатиме генерален апел до сите пратеници, без разлика на нивната политичката и етничка припадност, пред да се изјаснуваат за овој Предлог на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри да си го постават следното прашање: Зошто Македонија која тежнее да стане дел од ЕУ би била исклучок од европските земји и западните цивилизации каде има легални игри на среќа?