апелационен суд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apelacionen-sud/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 16:09:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png апелационен суд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apelacionen-sud/ 32 32 Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorgi-andonov-i-todor-pop-panev-izbrani-za-sudii-vo-apelatsioniot-sud-shtip/ Tue, 13 Feb 2024 16:06:35 +0000 https://republika.mk/?p=743728

Судскиот совет денеска на итна седница ги избра судиите Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев за судии во Апелациониот суд во Штип.

Судијата Ѓорѓи Андонов од Основниот суд во Штип доби најмногу гласови од Советот и покрај тоа што беше втор на ранг листата, на која прва беше судијката Цона Каламерникова, а останати кандидати беа судиите Сузана Милевска, Јулијана Невкова и Невена Перица.

Како што се изјаснија најголем дел од членовите на Советот, својот глас за Андонов го дадоа поради тоа што, и покрај тоа што има еден бод помалку од Каламерникова, пресуден бил неговиот придонес во судството со бројните ангажмани надвор од неговото работно место.

Судијата Панев од Основниот суд Штип беше избран за судија од граѓанска област каде кандидати беа и судиите Сузана Милевска и Александар Цацков.

The post Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет денеска на итна седница ги избра судиите Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев за судии во Апелациониот суд во Штип. Судијата Ѓорѓи Андонов од Основниот суд во Штип доби најмногу гласови од Советот и покрај тоа што беше втор на ранг листата, на која прва беше судијката Цона Каламерникова, а останати кандидати беа судиите Сузана Милевска, Јулијана Невкова и Невена Перица. Како што се изјаснија најголем дел од членовите на Советот, својот глас за Андонов го дадоа поради тоа што, и покрај тоа што има еден бод помалку од Каламерникова, пресуден бил неговиот придонес во судството со бројните ангажмани надвор од неговото работно место. Судијата Панев од Основниот суд Штип беше избран за судија од граѓанска област каде кандидати беа и судиите Сузана Милевска и Александар Цацков.

The post Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип appeared first on Република.

]]>
Укината првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“, предметот вратен на повторно постапување https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukinata-prvostepenata-presuda-za-toplik-sonchev-grad-predmetot-vraten-na-povtorno-postapuvane/ Tue, 17 Oct 2023 14:53:17 +0000 https://republika.mk/?p=692195

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за „Tоплик- Сончев град“, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување.

– Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-137/22, во јавноста познат како „Tоплик- Сончев град“, по одржана јавна седница на 08.06.2023 година, по советување и гласање на нејавен дел од седницата на 06.09.2023 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите М.Ј од С., Т.Ѓ од С., Д.Д. од С., М.Т. од С., Д.Ѓ.од С. И В.Т. од С., изјавени преку нивните бранители, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, се вели во соопштението од Апелационен суд Скопје.

Од Апелација, посочуваат дека вака донесената неправосилна одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот, согласно Начелниот став на Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија од 21.12.2022 година.

Основниот кривичен суд во Скопје во април 2022 година го осуди на казна затвор од 3 години и 6 месеци првоосомничениот за случајот „Топлик“, поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. За злоупотреба на службената положба и овластувања, обвинети се уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања. Претседателот на Комисијата Томе Ѓурчиловски доби затворска казна во траење од три години, додека останатите членови на комисијата добија условни казни затвор од две години.

Според обвинението за предметот, кој беше отворен од поранешното СЈО, првоосомничен е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. (МИА)

The post Укината првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“, предметот вратен на повторно постапување appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за „Tоплик- Сончев град“, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување.
– Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-137/22, во јавноста познат како „Tоплик- Сончев град“, по одржана јавна седница на 08.06.2023 година, по советување и гласање на нејавен дел од седницата на 06.09.2023 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите М.Ј од С., Т.Ѓ од С., Д.Д. од С., М.Т. од С., Д.Ѓ.од С. И В.Т. од С., изјавени преку нивните бранители, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, се вели во соопштението од Апелационен суд Скопје.
Од Апелација, посочуваат дека вака донесената неправосилна одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот, согласно Начелниот став на Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија од 21.12.2022 година. Основниот кривичен суд во Скопје во април 2022 година го осуди на казна затвор од 3 години и 6 месеци првоосомничениот за случајот „Топлик“, поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. За злоупотреба на службената положба и овластувања, обвинети се уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања. Претседателот на Комисијата Томе Ѓурчиловски доби затворска казна во траење од три години, додека останатите членови на комисијата добија условни казни затвор од две години. Според обвинението за предметот, кој беше отворен од поранешното СЈО, првоосомничен е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. (МИА)

The post Укината првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“, предметот вратен на повторно постапување appeared first on Република.

]]>
Клиника Жан Митрев: Одбивањето на жалбата за одблокирање на сметките ја потврдува инструираноста на процесот и организираната хајка против клиниката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klinika-zhan-mitrev-odbivaneto-na-zhalbata-za-odblokirane-na-smetkite-ja-potvrduva-instruiranosta-na-protsesot-i-organiziranata-hajka-protiv-klinikata/ Wed, 26 Apr 2023 17:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=634367

Tоа што Советот на Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата за деблокирање на сметките е свесно и намерно спречување на работата на Клиника Жан Митрев и натамошна реализација на намерата Клиниката да се доведе во позиција на неодржлива криза и да се спречи работата без ни малку одговорност за јавниот интерес што го има клиниката како здравствена организација, коментираат од Клиниката Жан Митрев, на денешната одлука на судот.

Оттаму реагираат дека токму заради јавниот интерес за пациентите и сите оние што имаат потреба од врвна медицинска нега, било побарано деблокирање на сметката за клиниката да може да работи без притисокот во секојдневните обврски кон банките и добавувачите.

Одбивањето на барањето за деблокирање на сметката зборува за организирана хајка и систематско инструираниот процес против клиниката и д-р Митрев со неосновано обвинение. Во постапката против врвниот македонски кардиохирург и Клиниката Жан Митрев посветени на спасување животи не постои пресумпција на невиност, туку организиран и систематски инструиран процес.

Се надеваме дека во фокусот на сите што се посветени на мониторирање на нашиот правосуден систем ќе дојде на ред и врвниот јавен интерес, а тоа е оневозможување на конструирање на судски процеси со цел да се уништат успешни стручњаци и правни субјекти.

Сепак и покрај блокираните сметки Клиника Жан Митрев секојдневно работи, прави сложени хируршки зафати и спасува животи на наши граѓани“ велат од клиниката.

The post Клиника Жан Митрев: Одбивањето на жалбата за одблокирање на сметките ја потврдува инструираноста на процесот и организираната хајка против клиниката appeared first on Република.

]]>

Tоа што Советот на Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата за деблокирање на сметките е свесно и намерно спречување на работата на Клиника Жан Митрев и натамошна реализација на намерата Клиниката да се доведе во позиција на неодржлива криза и да се спречи работата без ни малку одговорност за јавниот интерес што го има клиниката како здравствена организација, коментираат од Клиниката Жан Митрев, на денешната одлука на судот. Оттаму реагираат дека токму заради јавниот интерес за пациентите и сите оние што имаат потреба од врвна медицинска нега, било побарано деблокирање на сметката за клиниката да може да работи без притисокот во секојдневните обврски кон банките и добавувачите.
Одбивањето на барањето за деблокирање на сметката зборува за организирана хајка и систематско инструираниот процес против клиниката и д-р Митрев со неосновано обвинение. Во постапката против врвниот македонски кардиохирург и Клиниката Жан Митрев посветени на спасување животи не постои пресумпција на невиност, туку организиран и систематски инструиран процес. Се надеваме дека во фокусот на сите што се посветени на мониторирање на нашиот правосуден систем ќе дојде на ред и врвниот јавен интерес, а тоа е оневозможување на конструирање на судски процеси со цел да се уништат успешни стручњаци и правни субјекти. Сепак и покрај блокираните сметки Клиника Жан Митрев секојдневно работи, прави сложени хируршки зафати и спасува животи на наши граѓани“ велат од клиниката.

The post Клиника Жан Митрев: Одбивањето на жалбата за одблокирање на сметките ја потврдува инструираноста на процесот и организираната хајка против клиниката appeared first on Република.

]]>
27-годишник пробал да го ограби Аплелациониот суд во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/27-godishnik-probal-da-go-ograbi-aplelacioniot-sud-vo-bitola/ Wed, 19 Oct 2022 13:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=563171

Синоќа во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица го привеле 27-годишниот С.Б. од Битола.

Тој се сомничи дека околу 18.10 часот, со употреба на физичка сила, влегол во подрумскиот дел во зградата на Апелационен суд Битола на бул.„1 Мај“ и одзел повеќе предмети.

Одземеното било пронајдeно и вратено на сопственикот. Исто така, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

The post 27-годишник пробал да го ограби Аплелациониот суд во Битола appeared first on Република.