апчиња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apchinja/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Sep 2023 08:56:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png апчиња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apchinja/ 32 32 Македонците останаа без гел за потенција и заменска „вијагра“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-ostanaa-bez-gel-za-potentsija-i-zamenska-vijagra/ Thu, 07 Sep 2023 08:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=679602

Спречена е нелегална трговија на четири тона апчиња и гел за орална употреба за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните, откако царински инспектори од Секторот за контрола и истраги при детален преглед на стоката утврдиле дека фирмата што ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински средства, соопштија денеска од Царинската управа.

Воедно, додаваат оттаму, стоката е лек кој не е регистриран во Регистарот на лекови што го води Агенцијата за лекови и медицински средства и е различно декларирана.

Поради постоење сомневање дека пријавениот сторил кривично дело за нелегална трговија, што е казниво по член 277 од Кривичниот законик, стоката е запленета, а против правното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје, соопштија од Царина.

Запленети се 48 илјади кутии Орал Џели односно 100 мл гел за орална употреба Камагра, 10.530 ленти со 100 мг таблети Камагра и 7.000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети Ценфорце.

Царинската управа го штити здравјето на граѓаните преку обезбедување сигурен и безбеден трговски синџир на лекови, спречувајќи трговија со лекови во државата коишто не се одобрени од Агенцијата за лекови. Во оваа насока, ќе продолжиме да дејствуваме против нелегална трговија која претставува опасност за нашите граѓани. Притоа, работиме во тесна соработка со Агенцијата за лекови и медициски средства, како и со останатите гранични институции со цел зајакнување на граничната безбедност, се наведува во соопштението.

The post Македонците останаа без гел за потенција и заменска „вијагра“ appeared first on Република.

]]>

Спречена е нелегална трговија на четири тона апчиња и гел за орална употреба за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните, откако царински инспектори од Секторот за контрола и истраги при детален преглед на стоката утврдиле дека фирмата што ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински средства, соопштија денеска од Царинската управа. Воедно, додаваат оттаму, стоката е лек кој не е регистриран во Регистарот на лекови што го води Агенцијата за лекови и медицински средства и е различно декларирана.
Поради постоење сомневање дека пријавениот сторил кривично дело за нелегална трговија, што е казниво по член 277 од Кривичниот законик, стоката е запленета, а против правното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје, соопштија од Царина.
Запленети се 48 илјади кутии Орал Џели односно 100 мл гел за орална употреба Камагра, 10.530 ленти со 100 мг таблети Камагра и 7.000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети Ценфорце.
Царинската управа го штити здравјето на граѓаните преку обезбедување сигурен и безбеден трговски синџир на лекови, спречувајќи трговија со лекови во државата коишто не се одобрени од Агенцијата за лекови. Во оваа насока, ќе продолжиме да дејствуваме против нелегална трговија која претставува опасност за нашите граѓани. Притоа, работиме во тесна соработка со Агенцијата за лекови и медициски средства, како и со останатите гранични институции со цел зајакнување на граничната безбедност, се наведува во соопштението.

The post Македонците останаа без гел за потенција и заменска „вијагра“ appeared first on Република.

]]>
Четиригодишно девојче во болница откако испило пет апчиња оставени на маса https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetirigodishno-devojche-vo-bolnitsa-otkako-ispilo-pet-apchina-ostaveni-na-masa/ Tue, 25 Jul 2023 11:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=665078

Вчера во 11.10 часот во СВР Тетово, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно дете.

Според пријавата од мајката Б.Џ. (33) од Куманово, нејзината малолетна ќерка била оставена сама дома, а откако се вратила забележала дека испила пет апчиња кои биле оставени на масата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Четиригодишно девојче во болница откако испило пет апчиња оставени на маса appeared first on Република.

]]>

Вчера во 11.10 часот во СВР Тетово, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно дете. Според пријавата од мајката Б.Џ. (33) од Куманово, нејзината малолетна ќерка била оставена сама дома, а откако се вратила забележала дека испила пет апчиња кои биле оставени на масата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Четиригодишно девојче во болница откако испило пет апчиња оставени на маса appeared first on Република.

]]>
Финска ги пoвика помладите од 40 години да купат таблети со јод, за неколку часа аптеките останаа празни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/finska-gi-povika-pomladite-od-40-godini-da-kupat-tableti-so-jod-za-nekolku-chasa-aptekite-ostanaa-prazni/ Wed, 12 Oct 2022 08:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=559974

Граѓаните на Финска ги опустошија аптеките после пораката на Министерството: „Подгответе се!“ иако инструкциите се многу јасни и таблетите со јод не се за секого.

По објавувањето на соопштението за печатот на финското министерство, речиси сите залихи на јод во таа земја беа распродадени.

Во вторникот, Министерството за здравство во Финска им препорача на граѓаните да купат една доза таблети со јод за сите луѓе на возраст меѓу три и 40 години за да бидат подготвени во случај на опасност од радијација.

Насоките на Министерството за ова прашање последен пат беа ажурирани во 2002 година, се вели во соопштението, додавајќи дека новите препораки се засноваат на ревидирани упатства издадени од Светската здравствена организација (СЗО) во 2017 година.

Несреќа во нуклеарна централа може да ослободи радиоактивен јод во животната средина, кој би можел да се акумулира во тироидната жлезда. Ова најмногу им штети на децата, кои се изложени на поголем ризик од развој на рак на тироидната жлезда поради високи дози на зрачење“, соопшти Министерството.

Исто така, се вели дека во случај на таква вонредна состојба, засолништето е главниот начин за заштита на луѓето од опасното зрачење.

Министерството, исто така, истакна дека единечна доза таблети со јод обично обезбедува доволна заштита. Додадено е дека јодот ретко предизвикува несакани ефекти, но дека луѓето со болести на тироидната жлезда треба да ја користат супстанцијата со претпазливост.
„Возрасните не се изложени на ист ризик, а упатствата повеќе не препорачуваат лицата постари од 40 години да земаат таблети со јод во случај на опасност од радијација“, додаваат од финското Министерство.

Препорачаната единечна доза за популацијата на возраст од 12 до 40 години која е во опасна ситуација со зрачење е 130 милиграми калиум јодид. На децата постари од три години им се препорачува да земаат половина од таа доза.

Експерт за опасностите од земање калиум јодид: „Ако некој реши сам да зема јод, компликациите можат да бидат моментални, повеќекратни и долготрајни“
Министерството соопшти дека нема достапни производи кои се особено погодни за деца под три години. Сепак, препорачаната доза за деца до три години е 32,5 милиграми калиум јодид, а половина од таа за новороденчиња.

Министерството предупредува дека и трудниците над 40 години треба да имаат таблети со јод дома, со оглед на тоа што се многу почувствителни.

Од Министерството реагираа на брзањето со купувањето на јод: „Загриженоста е разбирлива, но нема причина за самоиницијативно внесување“.

Најголемиот фински синџир на аптеки во вторникот попладне објави дека залихите на таблети со јод се практично распродадени низ целата земја по најавата на Министерството и дека прават напори да ги обноват резервите, но не знаат кога точно ќе се случи тоа.

The post Финска ги пoвика помладите од 40 години да купат таблети со јод, за неколку часа аптеките останаа празни appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Финска ги опустошија аптеките после пораката на Министерството: „Подгответе се!“ иако инструкциите се многу јасни и таблетите со јод не се за секого. По објавувањето на соопштението за печатот на финското министерство, речиси сите залихи на јод во таа земја беа распродадени. Во вторникот, Министерството за здравство во Финска им препорача на граѓаните да купат една доза таблети со јод за сите луѓе на возраст меѓу три и 40 години за да бидат подготвени во случај на опасност од радијација. Насоките на Министерството за ова прашање последен пат беа ажурирани во 2002 година, се вели во соопштението, додавајќи дека новите препораки се засноваат на ревидирани упатства издадени од Светската здравствена организација (СЗО) во 2017 година.
Несреќа во нуклеарна централа може да ослободи радиоактивен јод во животната средина, кој би можел да се акумулира во тироидната жлезда. Ова најмногу им штети на децата, кои се изложени на поголем ризик од развој на рак на тироидната жлезда поради високи дози на зрачење“, соопшти Министерството.
Исто така, се вели дека во случај на таква вонредна состојба, засолништето е главниот начин за заштита на луѓето од опасното зрачење. Министерството, исто така, истакна дека единечна доза таблети со јод обично обезбедува доволна заштита. Додадено е дека јодот ретко предизвикува несакани ефекти, но дека луѓето со болести на тироидната жлезда треба да ја користат супстанцијата со претпазливост. „Возрасните не се изложени на ист ризик, а упатствата повеќе не препорачуваат лицата постари од 40 години да земаат таблети со јод во случај на опасност од радијација“, додаваат од финското Министерство. Препорачаната единечна доза за популацијата на возраст од 12 до 40 години која е во опасна ситуација со зрачење е 130 милиграми калиум јодид. На децата постари од три години им се препорачува да земаат половина од таа доза. Експерт за опасностите од земање калиум јодид: „Ако некој реши сам да зема јод, компликациите можат да бидат моментални, повеќекратни и долготрајни“ Министерството соопшти дека нема достапни производи кои се особено погодни за деца под три години. Сепак, препорачаната доза за деца до три години е 32,5 милиграми калиум јодид, а половина од таа за новороденчиња. Министерството предупредува дека и трудниците над 40 години треба да имаат таблети со јод дома, со оглед на тоа што се многу почувствителни. Од Министерството реагираа на брзањето со купувањето на јод: „Загриженоста е разбирлива, но нема причина за самоиницијативно внесување“. Најголемиот фински синџир на аптеки во вторникот попладне објави дека залихите на таблети со јод се практично распродадени низ целата земја по најавата на Министерството и дека прават напори да ги обноват резервите, но не знаат кога точно ќе се случи тоа.

The post Финска ги пoвика помладите од 40 години да купат таблети со јод, за неколку часа аптеките останаа празни appeared first on Република.

]]>
Полска почна да дели апчиња јод на граѓаните во случај на радијација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-pochna-da-deli-apchinja-jod-na-gragjanite-vo-sluchaj-na-radijacija/ Fri, 23 Sep 2022 11:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=553512

Загрижена поради конфликтот во украинската нуклеарна централа Запорожје, Полска дистрибуираше апчиња јод до регионалните противпожарни служби за да им ги дадат на граѓаните во случај на изложеност на радијација. Јодот се смета за начин да се заштити телото од состојби како што е ракот на тироидната жлезда поради изложеност на радијација.

По пишувањето на медиумите за судирите во близина на нуклеарната централа Запорожје, решивме да ја преземеме заштитната мерка за дистрибуција на апчиња со јод“, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Блажеј Побож. „Сакам да ги уверам граѓаните дека тоа се рутински, превентивни процедури, кои треба да нѐ заштитат во случај на ситуација што се надевам дека нема да се случи, додаде тој.

Во ракетните напади врз комплексот на електраната Запорожје, зградите лоцирани во близина на шест реактори беа оштетени, а каблите за напојување беа исечени, ризикувајќи да избие нуклеарна катастрофа што ќе ги погоди соседните земји.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за нападите во близина на електраната.

 

The post Полска почна да дели апчиња јод на граѓаните во случај на радијација appeared first on Република.

]]>

Загрижена поради конфликтот во украинската нуклеарна централа Запорожје, Полска дистрибуираше апчиња јод до регионалните противпожарни служби за да им ги дадат на граѓаните во случај на изложеност на радијација. Јодот се смета за начин да се заштити телото од состојби како што е ракот на тироидната жлезда поради изложеност на радијација.
По пишувањето на медиумите за судирите во близина на нуклеарната централа Запорожје, решивме да ја преземеме заштитната мерка за дистрибуција на апчиња со јод“, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Блажеј Побож. „Сакам да ги уверам граѓаните дека тоа се рутински, превентивни процедури, кои треба да нѐ заштитат во случај на ситуација што се надевам дека нема да се случи, додаде тој.
Во ракетните напади врз комплексот на електраната Запорожје, зградите лоцирани во близина на шест реактори беа оштетени, а каблите за напојување беа исечени, ризикувајќи да избие нуклеарна катастрофа што ќе ги погоди соседните земји. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за нападите во близина на електраната.  

The post Полска почна да дели апчиња јод на граѓаните во случај на радијација appeared first on Република.

]]>