апчиња за алергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apchina-za-alergija/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Apr 2023 09:52:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png апчиња за алергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apchina-za-alergija/ 32 32 Почина 13-годишно дете кое испи 14 апчиња „бенадрил“ како Тик ток предизвик https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-13-godishno-dete-koe-ispi-14-apchina-benadril-kako-tik-tok-predizvik/ Tue, 18 Apr 2023 09:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=631685

Тринаесетгодишно момче почина откако испи 14 таблети од лекот против алергија „бенадрил“ поради предизвик на Тик ток. Трагедијата се случила во американската сојузна држава Охајо.

Таканаречениот „Бенадрил предизвик“ на Тик ток ги повикува тинејџерите да голтаат таблети „бенадрил“, кој предизвикува халуцинации, а потоа објавуваат видеа од нивното искуство на социјалните мрежи.

Телото на Џејкоб Стивенс почнало да се грчи откако тинејџерот голтнал големо количество од лекот за алергија, а во меѓувреме неговите пријатели снимале за да видат што ќе се случи. Џејкоб итно бил префрлен во болница бидејќи неговото тело почнало да откажува, а неговото семејство се согласило да биде исклучен од апаратите за одржување откако поминал шест дена во кличичка смрт, без мозочна активност.

Тоа беше премногу за неговото тело. По скенирањето на мозокот немаше ништо. Тие рекоа дека можеме да го држиме на машина, може да лежи – но никогаш нема да ги отвори очите, никогаш нема да дише, да се смее, да оди или да зборува, изјави таткото Џастин Стивенс за Еј-би-си 6.

Таткото вели дека ќе се посвети на предупредување на младите и нивните родители за опасностите што се шират на социјалните мрежи. Тој самиот објави фотографии од Џејкоб на апарати за одржување во живот во болницата, за да ја прошири свеста.

Ќе направам сè што можам за да не се случува некои други деца и родители да поминуваат низ истото, вели таткото на Џејкоб.

The post Почина 13-годишно дете кое испи 14 апчиња „бенадрил“ како Тик ток предизвик appeared first on Република.

]]>

Тринаесетгодишно момче почина откако испи 14 таблети од лекот против алергија „бенадрил“ поради предизвик на Тик ток. Трагедијата се случила во американската сојузна држава Охајо. Таканаречениот „Бенадрил предизвик“ на Тик ток ги повикува тинејџерите да голтаат таблети „бенадрил“, кој предизвикува халуцинации, а потоа објавуваат видеа од нивното искуство на социјалните мрежи. Телото на Џејкоб Стивенс почнало да се грчи откако тинејџерот голтнал големо количество од лекот за алергија, а во меѓувреме неговите пријатели снимале за да видат што ќе се случи. Џејкоб итно бил префрлен во болница бидејќи неговото тело почнало да откажува, а неговото семејство се согласило да биде исклучен од апаратите за одржување откако поминал шест дена во кличичка смрт, без мозочна активност.