апачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apachi/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Aug 2024 17:05:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png апачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/apachi/ 32 32 Полска почнува набавка на американски воени хеликоптери „АХ-64Е Апачи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-pochnuva-nabavka-na-amerikanski-voeni-helikopteri-ah-64e-apachi/ Mon, 05 Aug 2024 18:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=803649

Полското Министерство за одбрана потпиша офсет договори со „Боинг“ и „Џенерал Електрик“ во вредност од околу 255 милиони долари, со што е поблиску до финализирање на договорот вреден 12 милијарди долари за купување 96 воени борбени хеликоптери „АХ-64Е Апачи“.

Полската армија наскоро ќе ги набави овие хеликоптери, кои навистина ќе ја зајакнат нашата подготвеност и безбедност во однос на она што се случува надвор од границите на Полска, односно во контекст на војната во Украина“, изјави заменик-министерот за одбрана Павел Бејда.

Офсет договорите се посебен вид договори што и овозможуваат на владата на една земја да купува оружје произведено од странски компании. Договорот со „Боинг“ од 102 милиони долари е за поддршка за одржување на хеликоптерите „AХ-64E“ како и обука за одржување, додека договорот од 135 милиони американски долари за „Џенерал Електрик“ е за поддршка за моторите за „Апачи“ и погонските единици во други полски воени хеликоптери.

Во август 2023 година, САД одобрија продажба на 96 хеликоптери „AХ-64E Апачи“ и поврзана опрема на Полска за околу 12 милијарди долари, а подоцна истата година Полска ги склучи своите први офсет договори со „Локид Мартин“.

The post Полска почнува набавка на американски воени хеликоптери „АХ-64Е Апачи“ appeared first on Република.

]]>

Полското Министерство за одбрана потпиша офсет договори со „Боинг“ и „Џенерал Електрик“ во вредност од околу 255 милиони долари, со што е поблиску до финализирање на договорот вреден 12 милијарди долари за купување 96 воени борбени хеликоптери „АХ-64Е Апачи“.
Полската армија наскоро ќе ги набави овие хеликоптери, кои навистина ќе ја зајакнат нашата подготвеност и безбедност во однос на она што се случува надвор од границите на Полска, односно во контекст на војната во Украина“, изјави заменик-министерот за одбрана Павел Бејда.
Офсет договорите се посебен вид договори што и овозможуваат на владата на една земја да купува оружје произведено од странски компании. Договорот со „Боинг“ од 102 милиони долари е за поддршка за одржување на хеликоптерите „AХ-64E“ како и обука за одржување, додека договорот од 135 милиони американски долари за „Џенерал Електрик“ е за поддршка за моторите за „Апачи“ и погонските единици во други полски воени хеликоптери. Во август 2023 година, САД одобрија продажба на 96 хеликоптери „AХ-64E Апачи“ и поврзана опрема на Полска за околу 12 милијарди долари, а подоцна истата година Полска ги склучи своите први офсет договори со „Локид Мартин“.

The post Полска почнува набавка на американски воени хеликоптери „АХ-64Е Апачи“ appeared first on Република.

]]>
„Блек хоук“, „Апачи“, „Чинук“: На аеродромот Стенковец има отворен ден за приказ на врвни воени воздухоплови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blek-houk-apachi-chinuk-na-aerodromot-stenkovec-ima-otvoren-den-za-prikaz-na-vrvni-voeni-vozduhoplovi/ Sun, 08 May 2022 06:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=499311

На спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“.

Граѓаните ќе може да го посетат отворениот ден за воздухоплови, што ќе трае од 10 до 16 часот.

Дел од отворениот ден за воздухоплови ќе бидат хеликоптерите „АХ-64 Апачи“, „УХ-60 Блек Хоук“, „ЦХ-47 Чинук“, „ХХ-60“, „Ми-17“ и „Бел“, авионите „Злин“.

Министерството за одбрана организира превоз од спортската сала „Борис Трајковски“ (голем паркинг на салата) до спортскиот аеродром „Стенковец“ и обратно. Тргнувањето од салата „Борис Трајковски“ ќе биде во 9.30, 10.30 и 11.30 часот, а тргнувањето од „Стенковец“ во 13.30, 14.30 и 15.30 часот.

За време на отворениот ден во периодот од 10 до 16 часот, граѓаните ќе можат одблиску да видат дел од воздухопловите кои се активни за време на вежбата, а прелет ќе направат и авионите од тимот „A-10 Тандерболт“ и „Ф-16“.

Дополнително, на отворениот ден присутните граѓани ќе можат да се запознаат со воената професија, начините за вработување во Армијата, ќе можат да се фотографираат со војници на Армијата, како и да се запознаат со содржините на магазинот на Министерството, „Штит“.

The post „Блек хоук“, „Апачи“, „Чинук“: На аеродромот Стенковец има отворен ден за приказ на врвни воени воздухоплови appeared first on Република.

]]>

На спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“. Граѓаните ќе може да го посетат отворениот ден за воздухоплови, што ќе трае од 10 до 16 часот. Дел од отворениот ден за воздухоплови ќе бидат хеликоптерите „АХ-64 Апачи“, „УХ-60 Блек Хоук“, „ЦХ-47 Чинук“, „ХХ-60“, „Ми-17“ и „Бел“, авионите „Злин“. Министерството за одбрана организира превоз од спортската сала „Борис Трајковски“ (голем паркинг на салата) до спортскиот аеродром „Стенковец“ и обратно. Тргнувањето од салата „Борис Трајковски“ ќе биде во 9.30, 10.30 и 11.30 часот, а тргнувањето од „Стенковец“ во 13.30, 14.30 и 15.30 часот. За време на отворениот ден во периодот од 10 до 16 часот, граѓаните ќе можат одблиску да видат дел од воздухопловите кои се активни за време на вежбата, а прелет ќе направат и авионите од тимот „A-10 Тандерболт“ и „Ф-16“. Дополнително, на отворениот ден присутните граѓани ќе можат да се запознаат со воената професија, начините за вработување во Армијата, ќе можат да се фотографираат со војници на Армијата, како и да се запознаат со содржините на магазинот на Министерството, „Штит“.

The post „Блек хоук“, „Апачи“, „Чинук“: На аеродромот Стенковец има отворен ден за приказ на врвни воени воздухоплови appeared first on Република.

]]>