Анже Логар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anze-logar/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Oct 2022 06:46:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анже Логар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anze-logar/ 32 32 Анже Логар, од партијата на Јанша, со предност оди во вториот круг од претседателските избори во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/anze-logar-od-partijata-na-jansha-so-prednost-odi-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-slovenija/ Mon, 24 Oct 2022 06:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=564779

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Анже Логар освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори.

Според речиси конечните резултати кои покриваат 99,9 отсто од преброените гласови, Логар (46) доби речиси 34 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка од левиот центар Наташа Пирц Мусар (54) нешто помалку од 27 отсто од гласовите.

Околу 1,7 милиони гласачи ќе одлучуваат за новиот претседател во вториот круг од изборите закажан за 13 ноември.

Логар е член на Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој беше разрешен пролетта по контроверзниот мандат проследен со бројни демонстрации.

Неговата противкандидатка, адвокатката Наташа Пирц Мусар, синоќа изрази надеж дека ќе стане првата жена што ќе ја предводи Словенија.

Премиерот Роберт Голоб, чиј кандидат Милан Брглез освои 15,4 отсто од гласовите, навести своја поддршка за Наташа Пирц Мусар.

Новиот претседател ќе го наследи Борут Пахор (58), кој беше во два мандати од пет години.

The post Анже Логар, од партијата на Јанша, со предност оди во вториот круг од претседателските избори во Словенија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Анже Логар освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори. Според речиси конечните резултати кои покриваат 99,9 отсто од преброените гласови, Логар (46) доби речиси 34 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка од левиот центар Наташа Пирц Мусар (54) нешто помалку од 27 отсто од гласовите. Околу 1,7 милиони гласачи ќе одлучуваат за новиот претседател во вториот круг од изборите закажан за 13 ноември. Логар е член на Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој беше разрешен пролетта по контроверзниот мандат проследен со бројни демонстрации. Неговата противкандидатка, адвокатката Наташа Пирц Мусар, синоќа изрази надеж дека ќе стане првата жена што ќе ја предводи Словенија. Премиерот Роберт Голоб, чиј кандидат Милан Брглез освои 15,4 отсто од гласовите, навести своја поддршка за Наташа Пирц Мусар. Новиот претседател ќе го наследи Борут Пахор (58), кој беше во два мандати од пет години.

The post Анже Логар, од партијата на Јанша, со предност оди во вториот круг од претседателските избори во Словенија appeared first on Република.

]]>
Логар: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ ќе отвори одлична можност за словенечките компании https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/logar-integracijata-na-zemjite-od-zapaden-balkan-vo-eu-kje-otvori-odlichna-moznost-za-slovenechkite-kompanii/ Wed, 19 Jan 2022 20:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=446831

Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, порача дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е важна за стратешката позиција на Унијата во светот, а тоа е и можност за словенечките компании.

Додека регионот не е вклучен во ЕУ, тој ќе биде отворен за различни стратешки закани кои произлегуваат од активности кои не се усогласени со ЕУ во однос на вредностите и геополитичките аспекти - изјави Логар на настанот организиран од Институт за стратешки решенија по повод разговорите за интеграција и економски врски со Западен Балкан.

Логар истакна дека економијата е важен сегмент од интеграцијата, а Европската комисија издвоила повеќе од девет милијарди евра инвестициски фондови за инфраструктурни проекти во Западен Балкан, кои ќе го доближат регионот до ЕУ во економската инфраструктура.

Ова е истовремено и можност словенечката економија да учествува во реализацијата на овие проекти и да привлече дел од девет милијарди евра. Одлична можност за Словенија е планот на САД да донесат некои големи инвеститори на Западен Балкан за да реализираат проекти кои ќе бидат во конкуренција со кинеските проекти - изјави Логар.

The post Логар: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ ќе отвори одлична можност за словенечките компании appeared first on Република.