Анвар Азимов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anvar-azimov/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Apr 2022 12:48:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анвар Азимов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anvar-azimov/ 32 32 Руски амбасадор: Бркањето дипломати е драматична одлука на Хрватска, жалам https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ruski-ambasador-brkanjeto-diplomati-e-dramatichna-odluka-na-hrvatska-zalam/ Tue, 12 Apr 2022 12:48:34 +0000 https://republika.mk/?p=487365

Поранешниот руски амбасадор во Хрватска, Анвар Азимов, вели дека жали за одлуката на хрватската влада со која осумнаесет руски дипломати и шестмина администратори во амбасадата на Руската Федерација во Загреб имаат два дена да ја напуштат Хрватска

Азимов го нарече таквиот хрватски потег „драматична одлука“.

Сигурен сум дека одлуката е донесена под притисок на Брисел, бидејќи Хрватска е една од последните земји во Европската унија што донесе таква одлука. Тоа покажува дека не било лесно да се одлучи така - изјави Азимов за хрватската РТЛ.

Тој вели дека Русија ќе возврати со иста мерка, а во Москва има само пет хрватски дипломати и седум административци.

Жал ми е, но повеќето хрватски дипломати ќе мора да ја напуштат мојата земја. Но, не, нема да ја затвориме амбасадата - вели Азимов.

Тој додаде дека очекува „Хрватска да ја поддржи Русија во борбата против нацистите“.

Верувам во мудроста на вашата влада и на вашиот почитуван министер за надворешни работи Радман, кого многу го почитувам, кој е голем професионалец и голем пријател на Руската Федерација - изјави Азимов.

The post Руски амбасадор: Бркањето дипломати е драматична одлука на Хрватска, жалам appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски амбасадор во Хрватска, Анвар Азимов, вели дека жали за одлуката на хрватската влада со која осумнаесет руски дипломати и шестмина администратори во амбасадата на Руската Федерација во Загреб имаат два дена да ја напуштат Хрватска Азимов го нарече таквиот хрватски потег „драматична одлука“.