Анук Еме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anuk-eme/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jun 2024 10:42:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анук Еме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anuk-eme/ 32 32 Почина славната француска актерка Анук Еме https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pochina-slavnata-frantsuska-akterka-anuk-eme/ Wed, 19 Jun 2024 10:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=789013

Вчера, на 92 годишна возраст почина славната француска актерка Анук Еме, позната по својата елеганција и софистицираност во филмовите „Еден маж и една жена“ (1966) на Клод Лелуш, класиците на Фелини „Сладок живот“ (1960), 8½ (1963), „Лола“ (1961) на Жак Деми и „Трагедија на смешниот човек“ од Бертолучи.

Тажната вест ја потврди нејзината ќерка со објава на Инстаграм во која наведува дека ѕвездата починала во својот дом во Париз.

Родена како Жудит Дрејфус, Анук Еме имала само 14 години кога била забележана од режисерот Анри Калеф, кој ѝ ја дал улогата на Анук во неговата драма La maison sous la mer во 1947. На предлог на поетот Жак Превер, Еме потоа одлучила да го задржи името Анук.

Зад себе има 92 филмски и ТВ-проекти, номинација за „Оскар“ за главна женска улога во „Еден маж и една жена“, како и 20-на други номинации. Последен филм каде што таа глуми е „Најдобрите години од еден живот“ од 2019 година.

 

The post Почина славната француска актерка Анук Еме appeared first on Република.

]]>

Вчера, на 92 годишна возраст почина славната француска актерка Анук Еме, позната по својата елеганција и софистицираност во филмовите „Еден маж и една жена“ (1966) на Клод Лелуш, класиците на Фелини „Сладок живот“ (1960), 8½ (1963), „Лола“ (1961) на Жак Деми и „Трагедија на смешниот човек“ од Бертолучи. Тажната вест ја потврди нејзината ќерка со објава на Инстаграм во која наведува дека ѕвездата починала во својот дом во Париз. Родена како Жудит Дрејфус, Анук Еме имала само 14 години кога била забележана од режисерот Анри Калеф, кој ѝ ја дал улогата на Анук во неговата драма La maison sous la mer во 1947. На предлог на поетот Жак Превер, Еме потоа одлучила да го задржи името Анук. Зад себе има 92 филмски и ТВ-проекти, номинација за „Оскар“ за главна женска улога во „Еден маж и една жена“, како и 20-на други номинации. Последен филм каде што таа глуми е „Најдобрите години од еден живот“ од 2019 година.  

The post Почина славната француска актерка Анук Еме appeared first on Република.

]]>