антверпен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antverpen/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 08:15:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png антверпен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antverpen/ 32 32 Пет тони кокаин запленети во Белгија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pet-toni-kokain-zapleneti-vo-belgija/ Sat, 23 Nov 2024 08:15:34 +0000 https://republika.mk/?p=841015

Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин во транспортни контејнери во пристаништето Антверпен, и приведе осум лица кои се товарат за кривични дела шверц на дрога и учество во криминална организација, соопшти обвинителството.

Се наведува дека истрагата за случајот е во тек.

Јавното обвинителство на Брисел истражува криминална организација, наводно вмешана во шверц на кокаин во Белгија од Јужна Америка, Централна Америка и Канада, објави „Брисел тајмс“.

The post Пет тони кокаин запленети во Белгија appeared first on Република.

]]>

Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин во транспортни контејнери во пристаништето Антверпен, и приведе осум лица кои се товарат за кривични дела шверц на дрога и учество во криминална организација, соопшти обвинителството. Се наведува дека истрагата за случајот е во тек. Јавното обвинителство на Брисел истражува криминална организација, наводно вмешана во шверц на кокаин во Белгија од Јужна Америка, Централна Америка и Канада, објави „Брисел тајмс“.

The post Пет тони кокаин запленети во Белгија appeared first on Република.

]]>
Сопруга си го бара сопругот кој од српска банда во Белгија украл кокаин вреден 25 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sopruga-si-go-bara-soprugot-koj-od-srpska-banda-vo-belgija-ukral-kokain-vreden-25-milioni-evra/ Wed, 29 Mar 2023 19:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=624915

Во тек е интензивната потрага на белгиската полиција по членовите на криминалната група од Србија која го киднапирала Мохамед Азаи (49) од Антверпен, познат како Лобањ, а неговата сопруга Џамила се огласи со објава на социјалните мрежи и моли да се врати жив!

Азаи беше киднапиран под сомнение дека е вмешан во кражба на тон кокаин вреден околу 25 милиони евра!

Сакам само мојот човек да биде тука, да се појави. Ни недостигаш, многу боли. Кога ќе дојдеш, те молам? Дали си сеуште тука? Само сакаме да се вратиш дома – напиша Џамила

Таа е позната инфлуенсерка во Холандија со милиони следбеници.

The post Сопруга си го бара сопругот кој од српска банда во Белгија украл кокаин вреден 25 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Во тек е интензивната потрага на белгиската полиција по членовите на криминалната група од Србија која го киднапирала Мохамед Азаи (49) од Антверпен, познат како Лобањ, а неговата сопруга Џамила се огласи со објава на социјалните мрежи и моли да се врати жив! Азаи беше киднапиран под сомнение дека е вмешан во кражба на тон кокаин вреден околу 25 милиони евра!
Сакам само мојот човек да биде тука, да се појави. Ни недостигаш, многу боли. Кога ќе дојдеш, те молам? Дали си сеуште тука? Само сакаме да се вратиш дома – напиша Џамила
Таа е позната инфлуенсерка во Холандија со милиони следбеници.

The post Сопруга си го бара сопругот кој од српска банда во Белгија украл кокаин вреден 25 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Овој град е европска престолнина на кокаинот, бизнисот го водат Балканци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ovoj-grad-e-evropska-prestolnina-na-kokainot-biznisot-go-vodat-balkanci/ Sat, 12 Nov 2022 19:11:01 +0000 https://republika.mk/?p=573128

Белгија стана европски центар на шверцот на кокаин. Антверпен учествува со 40 отсто од сите заплени кокаин во Европа, бидејќи ова белгиско пристаниште стана влезна точка за јужноамериканскиот кокаин.

Но, клучна улога во овој нелегален бизнис имаат криминалните организации од Западен Балкан, претежно од Хрватска и Албанија, тврди Економист, кој направи извештај за тоа.

Количината на запленета дрога во Европа постојано се зголемува. Само во Антверпен минатата година биле запрени 80 тони кокаин, а во 2016 година бил само 30 тони. Последиците од ова се корупцијата на локалните и националните функционери и насилството на улиците

The post Овој град е европска престолнина на кокаинот, бизнисот го водат Балканци appeared first on Република.

]]>

Белгија стана европски центар на шверцот на кокаин. Антверпен учествува со 40 отсто од сите заплени кокаин во Европа, бидејќи ова белгиско пристаниште стана влезна точка за јужноамериканскиот кокаин. Но, клучна улога во овој нелегален бизнис имаат криминалните организации од Западен Балкан, претежно од Хрватска и Албанија, тврди Економист, кој направи извештај за тоа. Количината на запленета дрога во Европа постојано се зголемува. Само во Антверпен минатата година биле запрени 80 тони кокаин, а во 2016 година бил само 30 тони. Последиците од ова се корупцијата на локалните и националните функционери и насилството на улиците

The post Овој град е европска престолнина на кокаинот, бизнисот го водат Балканци appeared first on Република.

]]>
Албанската и мароканската мафија водат кокаинска војна за превласт во Антверпен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanskata-i-marokanskata-mafija-vodat-kokainska-vojna-za-prevlast-vo-antverpen/ Sun, 24 Apr 2022 08:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=492974

Според податоци на Европол, белгиските и холандските пристаништа се главните порти кон Европа за дистрибуција на кокаин на европскиот пазар. Меѓу нив, пристаништето во Антверпен е најтешко погодено во Белгија, а властите минатата година заплениле рекордни 90 тони дрога.

Како што објави дописникот на РТВ Словенија од Брисел, борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога била тема на разговор меѓу белгискиот и холандскиот премиер Александар Де Кро и Марк Руте, кои се сретнал во белгискиот град Гент.

Не само пристаништето Авр во Франција или Хамбург во Германија, туку и Ротердам во Холандија повеќе не е се наоѓа на врвот на листата на главни влезни точки на европскиот пазар за јужноамерикански кокаин по заострената владина контрола во последните години.

Една третина од пратките што европските агенции за спроведување на законот успеале да ги запленат во последните години беа наменети или пристигнале во Антверпен, Белгија.

Пристаништето во Антверпен е едно од најголемите во светот, со површина од 11.246 хектари, на кое може да се сместат повеќе од 20.000 фудбалски игралишта.

Директно или индиректно вработува повеќе од 144.000 луѓе, е дом на повеќе од 900 компании и обработува повеќе од 231 милион тони поморски товарен сообраќај годишно.

Антверпен е и најголемата влезна точка во Европа за свежо овошје, има директни контејнерски врски со Колумбија и Гватемала, а царинските процедури мора да бидат многу брзи поради расипливоста на товарот.

Според тоа, властите можат да проверат само еден процент од контејнерите за кои постои сомневање дека содржат дрога.

Во 2019 година, во Антверпен беа запленети 60 тони дрога, во споредба со 90 тони минатата година, но големиот обем, според истражувачите, не е толку резултат на поефикасна контрола отколку зголемената употреба на кокаин во Европа и, следствено, зголемените испораки.

Според неофицијални податоци, органите на редот заплениле само десет проценти од дрогата што во пристаништето пристигнува со контејнерски бродови.

Доходовниот бизнис е контролиран од криминални организации, според истражителите, организирани по националност, а доминираат Мароканци и Албанци. Тие меѓусебно соработуваат во индивидуални работи, но борбата за контрола на трговијата со дрога се интензивира во последните години, а во Антверпен сега се води вистинска мафијашка војна со напади и пукотници низ градските улици.

Од февруари минатата година, белгиските власти спровеле повеќе од 41 операција во кои беа вклучени повеќе од 600 лица во различни случаи кои вклучуваат успешен упад во шифрирана телефонска мрежа „SKI ECC“ што ја користат организираните криминални групи.

Но, ова е само капка во океанот. Полицијата и обвинителството предупредуваат дека им снемува средства за справување со криминални групи кои имаат на располагање огромни суми пари.

Градоначалникот на Антверпен, Барт Де Вевер, кој исто така е еден од највлијателните белгиски политичари, ја стави борбата против организираниот криминал на чело на својата политика - тој сега има полициска заштита поради смртни закани.

Неговата партија „Н-ВА“, десничарската Нова фламанска алијанса, која се залага за постепено отцепување на Фландрија од Белгија, не е само најголемата партија во Фландрија, туку и во целата земја и не учествува во владата на премиерот Де Кру.

The post Албанската и мароканската мафија водат кокаинска војна за превласт во Антверпен appeared first on Република.

]]>

Според податоци на Европол, белгиските и холандските пристаништа се главните порти кон Европа за дистрибуција на кокаин на европскиот пазар. Меѓу нив, пристаништето во Антверпен е најтешко погодено во Белгија, а властите минатата година заплениле рекордни 90 тони дрога. Како што објави дописникот на РТВ Словенија од Брисел, борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога била тема на разговор меѓу белгискиот и холандскиот премиер Александар Де Кро и Марк Руте, кои се сретнал во белгискиот град Гент. Не само пристаништето Авр во Франција или Хамбург во Германија, туку и Ротердам во Холандија повеќе не е се наоѓа на врвот на листата на главни влезни точки на европскиот пазар за јужноамерикански кокаин по заострената владина контрола во последните години. Една третина од пратките што европските агенции за спроведување на законот успеале да ги запленат во последните години беа наменети или пристигнале во Антверпен, Белгија. Пристаништето во Антверпен е едно од најголемите во светот, со површина од 11.246 хектари, на кое може да се сместат повеќе од 20.000 фудбалски игралишта. Директно или индиректно вработува повеќе од 144.000 луѓе, е дом на повеќе од 900 компании и обработува повеќе од 231 милион тони поморски товарен сообраќај годишно. Антверпен е и најголемата влезна точка во Европа за свежо овошје, има директни контејнерски врски со Колумбија и Гватемала, а царинските процедури мора да бидат многу брзи поради расипливоста на товарот. Според тоа, властите можат да проверат само еден процент од контејнерите за кои постои сомневање дека содржат дрога. Во 2019 година, во Антверпен беа запленети 60 тони дрога, во споредба со 90 тони минатата година, но големиот обем, според истражувачите, не е толку резултат на поефикасна контрола отколку зголемената употреба на кокаин во Европа и, следствено, зголемените испораки. Според неофицијални податоци, органите на редот заплениле само десет проценти од дрогата што во пристаништето пристигнува со контејнерски бродови. Доходовниот бизнис е контролиран од криминални организации, според истражителите, организирани по националност, а доминираат Мароканци и Албанци. Тие меѓусебно соработуваат во индивидуални работи, но борбата за контрола на трговијата со дрога се интензивира во последните години, а во Антверпен сега се води вистинска мафијашка војна со напади и пукотници низ градските улици. Од февруари минатата година, белгиските власти спровеле повеќе од 41 операција во кои беа вклучени повеќе од 600 лица во различни случаи кои вклучуваат успешен упад во шифрирана телефонска мрежа „SKI ECC“ што ја користат организираните криминални групи. Но, ова е само капка во океанот. Полицијата и обвинителството предупредуваат дека им снемува средства за справување со криминални групи кои имаат на располагање огромни суми пари. Градоначалникот на Антверпен, Барт Де Вевер, кој исто така е еден од највлијателните белгиски политичари, ја стави борбата против организираниот криминал на чело на својата политика - тој сега има полициска заштита поради смртни закани. Неговата партија „Н-ВА“, десничарската Нова фламанска алијанса, која се залага за постепено отцепување на Фландрија од Белгија, не е само најголемата партија во Фландрија, туку и во целата земја и не учествува во владата на премиерот Де Кру.

The post Албанската и мароканската мафија водат кокаинска војна за превласт во Антверпен appeared first on Република.

]]>