Антонио Тајани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antonio-tajani/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 12:09:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Антонио Тајани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antonio-tajani/ 32 32 Тајани: Оружјето што и се испорачува на Украина може да се користи само на нејзина територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajani-oruzhjeto-shto-i-se-isporachuva-na-ukraina-mozhe-da-se-koristi-samo-na-nejzina-teritorija/ Mon, 18 Nov 2024 12:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=839156

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска во Брисел го потврди ставот на Италија за оружјето што и се испорачува на Украина, а кое може да се користи „само на украинска територија“.

Нашиот став за употребата на оружјето на Украина не се менува, тоа може да се користи само на украинска територија, рече Тајани на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Изјавата доаѓа откако Вашингтон и дозволи на Украина да ја нападне руската територија со ракети со долг дострел доставени од САД, што е голема стратешка промена околу два месеца пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата.

Тие ракети, со максимален дострел од неколку стотици километри, би ѝ овозможиле на Украина да стигне до логистичките локации на руската армија и аеродромите од кои полетуваат нејзините бомбардери.

Тајани се заложи „за мировна конференција во присуство на Русите, Кинезите, Индијците и Бразилците“.

Се надевам дека Пекинг може да одигра позитивна улога во тоа Москва да сфати дека оваа бесмислена војна мора да се прекине. Секако, присуството на севернокорејски војници не е добар сигнал, додаде Тајани.

The post Тајани: Оружјето што и се испорачува на Украина може да се користи само на нејзина територија appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска во Брисел го потврди ставот на Италија за оружјето што и се испорачува на Украина, а кое може да се користи „само на украинска територија“. Нашиот став за употребата на оружјето на Украина не се менува, тоа може да се користи само на украинска територија, рече Тајани на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Изјавата доаѓа откако Вашингтон и дозволи на Украина да ја нападне руската територија со ракети со долг дострел доставени од САД, што е голема стратешка промена околу два месеца пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата. Тие ракети, со максимален дострел од неколку стотици километри, би ѝ овозможиле на Украина да стигне до логистичките локации на руската армија и аеродромите од кои полетуваат нејзините бомбардери. Тајани се заложи „за мировна конференција во присуство на Русите, Кинезите, Индијците и Бразилците“. Се надевам дека Пекинг може да одигра позитивна улога во тоа Москва да сфати дека оваа бесмислена војна мора да се прекине. Секако, присуството на севернокорејски војници не е добар сигнал, додаде Тајани.

The post Тајани: Оружјето што и се испорачува на Украина може да се користи само на нејзина територија appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот шеф на дипломатијата: Се уште постои можност да се избегне војна која би го зафатила целиот Блиски Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italijanskiot-shef-na-diplomatijata-se-ushte-postoi-mozhnost-da-se-izbegne-vojna-koja-bi-go-zafatila-tseliot-bliski-istok/ Wed, 02 Oct 2024 16:39:59 +0000 https://republika.mk/?p=821863

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека се уште постои можност да се избегне војна која би го зафатила целиот Блиски Исток.

Создавањето на либанскиот фронт и директната интервенција на Иран го зголемија ризикот од регионален конфликт од големи размери, но ескалацијата уште повеќе не турка кон тоа да работиме на мирот и дијалогот. Апелираме на одговорност на сите регионални актери, изјави Тајани на состанокот на Комисијата за надворешни работи и одбрана, а пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Италијанскиот министер, исто така, ја истакна важноста од „одржување на дијалогот со Иран“, повикувајќи ги „сите, вклучително и Израел“ да работат на деескалација и да избегнат судир што може да предизвика нови жртви, особено меѓу цивилите.

The post Италијанскиот шеф на дипломатијата: Се уште постои можност да се избегне војна која би го зафатила целиот Блиски Исток appeared first on Република.

Сиљановска Давкова – Тајани: Италија е наш важен политички и економски партнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-tajani-italija-e-nash-vazhen-politichki-i-ekonomski-partner/ Tue, 10 Sep 2024 18:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=815084

Можностите за унапредување на соработката на билатерален и меѓународен план, тековните состојби во однос на македонскиот пристапен процес за членство во Европската Унија, како и актуелните случувања во регионот, биле теми на разговор на средбата на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани.

Соговорниците, како што информираат од Кабинетот на претседателката, изразиле задоволство од активниот и континуиран политички дијалог, којшто е потврда на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји.

Истакнувајќи дека членството во Европската Унија е наш стратешки приоритет, Сиљановска Давкова изразила благодарност за континуираната поддршка од Италија на македонските евроинтеграции и доследното застапување на политиката на проширување на Европската Унија.

Во интерес на стабилноста, просперитетот и економскиот раст, претседателката Сиљановска Давкова ја потенцираше неопходноста од забрзување на пристапувањето кон ЕУ и изрази очекување дека со помош и силна поддршка од нашите вистински пријатели, земјава ќе успее полесно да го изоди европскиот пат.

Во таа насока, претседателката ја потврди посветеноста на исполнување на реформската агенда, одржување на добрососедските односи и активна регионална соработка.

Потенцирајќи дека Италија е наш важен политички и економски партнер, претседателката Сиљановска Давкова, се вели во соопштението, изразила очекување за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји и натамошно дополнително јакнење на безбедносната соработка во рамки на НАТО Алијансата.

Сиљановска Давкова ја истакна подготвеноста и за унапредување на соработката преку културната и јавната дипломатија и ја посочи можноста за соработка со италијанските региони во областите на туризмот, младите и спортот, како и во областа на креативните индустрии.

The post Сиљановска Давкова – Тајани: Италија е наш важен политички и економски партнер appeared first on Република.

]]>

Можностите за унапредување на соработката на билатерален и меѓународен план, тековните состојби во однос на македонскиот пристапен процес за членство во Европската Унија, како и актуелните случувања во регионот, биле теми на разговор на средбата на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани. Соговорниците, како што информираат од Кабинетот на претседателката, изразиле задоволство од активниот и континуиран политички дијалог, којшто е потврда на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји. Истакнувајќи дека членството во Европската Унија е наш стратешки приоритет, Сиљановска Давкова изразила благодарност за континуираната поддршка од Италија на македонските евроинтеграции и доследното застапување на политиката на проширување на Европската Унија. Во интерес на стабилноста, просперитетот и економскиот раст, претседателката Сиљановска Давкова ја потенцираше неопходноста од забрзување на пристапувањето кон ЕУ и изрази очекување дека со помош и силна поддршка од нашите вистински пријатели, земјава ќе успее полесно да го изоди европскиот пат. Во таа насока, претседателката ја потврди посветеноста на исполнување на реформската агенда, одржување на добрососедските односи и активна регионална соработка. Потенцирајќи дека Италија е наш важен политички и економски партнер, претседателката Сиљановска Давкова, се вели во соопштението, изразила очекување за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји и натамошно дополнително јакнење на безбедносната соработка во рамки на НАТО Алијансата. Сиљановска Давкова ја истакна подготвеноста и за унапредување на соработката преку културната и јавната дипломатија и ја посочи можноста за соработка со италијанските региони во областите на туризмот, младите и спортот, како и во областа на креативните индустрии.

The post Сиљановска Давкова – Тајани: Италија е наш важен политички и економски партнер appeared first on Република.

]]>
Тајани: Не треба ја направиме грешката да исчезне сонот на илјадници млади од Балканот, кои што гледаат во Европа како нивна втора татковина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tajani-ne-treba-ja-napravime-greshkata-da-ischezne-sonot-na-iljadnitsi-mladi-od-balkanot-koi-shto-gledaat-vo-evropa-kako-nivna-vtora-tatkovina/ Tue, 10 Sep 2024 17:02:09 +0000 https://republika.mk/?p=815079

Италија се вложува во пристапувањето на Македонија во ЕУ, земја која сметаме дека е многу важна и земја пријател на Италија, порача италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.

Прашан дали Италија ќе поддржи промена на преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, Тајани, на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, рече дека се дискутира на оваа тема и дека ќе ги причека предлозите и информациите на Република Македонија.

-Дискусиите се во тек, треба да се најде и договор со Брисел. Ние секако го поддржуваме дијалогот и од стратешки аспект ќе продолжиме да го поддржуваме пристапувањето на Република Македонија во што поскоро време. Секако, договарањето е помеѓу двајца. Македонија испрати важни пораки за да одговори на барањата на Европа, така што, Република Македонија ќе одлучи како да продолжи во дијалог со Брисел, бидејќи ние секогаш сме за дијалог и дијалог на секој можен начин. Меѓутоа, одредени барања треба да бидат почитувани, меѓутоа и технички-правно да има конфронтација помеѓу Република Македонија и ЕУ сигурно ќе се најде одредено решение. Добро кажа министерот, дека пред секоја пречка има решавање, а тоа е пристапување на Република Македонија во ЕУ, изјави Тајани.

Прашан за „неговата мисија“ во Западен Балкан и која е неговата идеја како МНР по посетите на Црна Гора и Македонија, за тоа колку земјите од Западен Балкан сакаат да се дел од ЕУ, Тајани рече дека ова се европски земји, така што „тие не може да ги гледаат Кина и другите земји како нивни соговорници“, туку како Европејци, секако дека гледаат кон ЕУ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-za-odlozhna-primena-na-ustavnite-izmeni-ne-e-potrebna-promena-na-pregovarachkata-ramka/

-Јасно е дека гледаат кон ЕУ, меѓутоа не треба ја направиме грешката да исчезне сонот на илјадници млади од Балканот, кои што гледаат, во Европа како нивна втора татковина, бидејќи, ако ние не покажеме дека сакаме да ја подадеме раката на оние што ни ја бараат, ако кажеме не ве сакаме, оди од друга страна, тоа не е прифатливо, изјави Тајани.

Италија, појасни Тајани, секогаш имала многу силен однос со земјите од Балканот и тоа вложување го покажува на сите свои посети на земјите од Балканот.

-Сакаме да го забрзаме темпото за пристапување и ние се залагаме пред институциите во Брисел, и се надевам дека нашиот глас е авторитетен и верувам дека нашето залагање во корист на Балканот не е само политичко залагање, туку и квалитативно и квантитативно залагање кое што има свој товар. Ако Италија го бара тоа, мислам дека нашата гаранција е голема. Тоа не значи дека не треба ништо да се направи и да не се заврши започнатиот процес, туку треба сепак да се подаде рака кон оние народи кои што сакаат да бидат со Европејците, особено нашите пријатели од Балканот.  Треба да се решат проблемите што не се решени, за да се почитуваат европските права за пристапување. Секако, ако не го направиме ние ова ќе има некој друг што ќе сака да не замени. Мислам на Русија, на Кина и друго делови од светот. Мислам на Турција, меѓутоа во политиката не треба ништо да се остави недовршено, појасни Тајани.

Ние, нагласи Тајани, политички сме убедени дека Балканот е интегративен дел на ЕУ. Не е само економско прашање ова, туку и тоа да се реконструира и да се создаде Европа, која што по Втората светска војна беше поделена на две. - Целите кои ги даде Роберт Шуман беа да се создаде мир и со пристапувањето на земјите од Балканот практично помагаме во остварување на сонот на овие основоположници, меѓутоа и на младите кои што се дел од Европа, изјави Тајани

The post Тајани: Не треба ја направиме грешката да исчезне сонот на илјадници млади од Балканот, кои што гледаат во Европа како нивна втора татковина appeared first on Република.

]]>

Италија се вложува во пристапувањето на Македонија во ЕУ, земја која сметаме дека е многу важна и земја пријател на Италија, порача италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани. Прашан дали Италија ќе поддржи промена на преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, Тајани, на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, рече дека се дискутира на оваа тема и дека ќе ги причека предлозите и информациите на Република Македонија.
-Дискусиите се во тек, треба да се најде и договор со Брисел. Ние секако го поддржуваме дијалогот и од стратешки аспект ќе продолжиме да го поддржуваме пристапувањето на Република Македонија во што поскоро време. Секако, договарањето е помеѓу двајца. Македонија испрати важни пораки за да одговори на барањата на Европа, така што, Република Македонија ќе одлучи како да продолжи во дијалог со Брисел, бидејќи ние секогаш сме за дијалог и дијалог на секој можен начин. Меѓутоа, одредени барања треба да бидат почитувани, меѓутоа и технички-правно да има конфронтација помеѓу Република Македонија и ЕУ сигурно ќе се најде одредено решение. Добро кажа министерот, дека пред секоја пречка има решавање, а тоа е пристапување на Република Македонија во ЕУ, изјави Тајани.
Прашан за „неговата мисија“ во Западен Балкан и која е неговата идеја како МНР по посетите на Црна Гора и Македонија, за тоа колку земјите од Западен Балкан сакаат да се дел од ЕУ, Тајани рече дека ова се европски земји, така што „тие не може да ги гледаат Кина и другите земји како нивни соговорници“, туку како Европејци, секако дека гледаат кон ЕУ. https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-za-odlozhna-primena-na-ustavnite-izmeni-ne-e-potrebna-promena-na-pregovarachkata-ramka/
-Јасно е дека гледаат кон ЕУ, меѓутоа не треба ја направиме грешката да исчезне сонот на илјадници млади од Балканот, кои што гледаат, во Европа како нивна втора татковина, бидејќи, ако ние не покажеме дека сакаме да ја подадеме раката на оние што ни ја бараат, ако кажеме не ве сакаме, оди од друга страна, тоа не е прифатливо, изјави Тајани.
Италија, појасни Тајани, секогаш имала многу силен однос со земјите од Балканот и тоа вложување го покажува на сите свои посети на земјите од Балканот.
-Сакаме да го забрзаме темпото за пристапување и ние се залагаме пред институциите во Брисел, и се надевам дека нашиот глас е авторитетен и верувам дека нашето залагање во корист на Балканот не е само политичко залагање, туку и квалитативно и квантитативно залагање кое што има свој товар. Ако Италија го бара тоа, мислам дека нашата гаранција е голема. Тоа не значи дека не треба ништо да се направи и да не се заврши започнатиот процес, туку треба сепак да се подаде рака кон оние народи кои што сакаат да бидат со Европејците, особено нашите пријатели од Балканот.  Треба да се решат проблемите што не се решени, за да се почитуваат европските права за пристапување. Секако, ако не го направиме ние ова ќе има некој друг што ќе сака да не замени. Мислам на Русија, на Кина и друго делови од светот. Мислам на Турција, меѓутоа во политиката не треба ништо да се остави недовршено, појасни Тајани.
Ние, нагласи Тајани, политички сме убедени дека Балканот е интегративен дел на ЕУ. Не е само економско прашање ова, туку и тоа да се реконструира и да се создаде Европа, која што по Втората светска војна беше поделена на две. - Целите кои ги даде Роберт Шуман беа да се создаде мир и со пристапувањето на земјите од Балканот практично помагаме во остварување на сонот на овие основоположници, меѓутоа и на младите кои што се дел од Европа, изјави Тајани

The post Тајани: Не треба ја направиме грешката да исчезне сонот на илјадници млади од Балканот, кои што гледаат во Европа како нивна втора татковина appeared first on Република.

]]>
Шефот на италијанската дипломатија денеска во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shefot-na-italijanskata-diplomatija-deneska-vo-skopje/ Tue, 10 Sep 2024 05:34:33 +0000 https://republika.mk/?p=814780

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани.

Како што е наведено во соопштението од Министерството за надворешни работи, за време на разговорот се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји и продлабочување на економската соработка, регионалната и мултилатералната соработка, како и за иднината на процесот на проширување на Европската Унија и поддршката од Италијанската Република за нашата земја.

Ќе се разговара и за можностите за дополнително зајакнување и интензивирање на секторската соработка во различни области.

Тајанани во Скопје ќе допатува од Црна Гора, а посетата на двете држави, како што соопшти италијанската Амбасада во Скопје, е потврда на континуираната посветеност на Италија за развој, стабилност и стремеж за европската интеграција на регионот на Западен Балкан.

Западен Балкан е приоритет на нашата надворешна политика на која посветуваме постојано внимание, исто така и на мултилатерално ниво, претседавајќи со групата „Пријатели на Западниот Балкан“, со која повторно ќе се сретнам во Њујорк за неколку дена, изјавил Тајани пред посетата на двете држави, додавајќи дека со мисиите и бизнис форумите што се одржуваат со сите земји од регионот се отвораат нови патишта за зајакнување на извозот и инвестициите на италијанските компании.

Покрај средбата со неговиот колега Муцунски, Тајани ќе се сретне и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и со премиерот Христијан Мицкоски.

- Македонија е клучен партнер во обезбедувањето просперитетна иднина и стабилност за целиот регион на Западен Балкан. Работиме на надминување на секоја пречка на патот на Скопје за пристапување кон ЕУ. Има многу голем потенцијал за дополнително зајакнување на нашите билатерални односи почнувајќи од соработката во стратешките и секторите со висока додадена вредност, изјавил Тајани, стои во соопштението италијанската Амбасада.

The post Шефот на италијанската дипломатија денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани. Како што е наведено во соопштението од Министерството за надворешни работи, за време на разговорот се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји и продлабочување на економската соработка, регионалната и мултилатералната соработка, како и за иднината на процесот на проширување на Европската Унија и поддршката од Италијанската Република за нашата земја. Ќе се разговара и за можностите за дополнително зајакнување и интензивирање на секторската соработка во различни области. Тајанани во Скопје ќе допатува од Црна Гора, а посетата на двете држави, како што соопшти италијанската Амбасада во Скопје, е потврда на континуираната посветеност на Италија за развој, стабилност и стремеж за европската интеграција на регионот на Западен Балкан.
Западен Балкан е приоритет на нашата надворешна политика на која посветуваме постојано внимание, исто така и на мултилатерално ниво, претседавајќи со групата „Пријатели на Западниот Балкан“, со која повторно ќе се сретнам во Њујорк за неколку дена, изјавил Тајани пред посетата на двете држави, додавајќи дека со мисиите и бизнис форумите што се одржуваат со сите земји од регионот се отвораат нови патишта за зајакнување на извозот и инвестициите на италијанските компании.
Покрај средбата со неговиот колега Муцунски, Тајани ќе се сретне и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и со премиерот Христијан Мицкоски.
- Македонија е клучен партнер во обезбедувањето просперитетна иднина и стабилност за целиот регион на Западен Балкан. Работиме на надминување на секоја пречка на патот на Скопје за пристапување кон ЕУ. Има многу голем потенцијал за дополнително зајакнување на нашите билатерални односи почнувајќи од соработката во стратешките и секторите со висока додадена вредност, изјавил Тајани, стои во соопштението италијанската Амбасада.

The post Шефот на италијанската дипломатија денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот министер за надворешни работи Тајани утре во официјална посета https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/italijanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-tajani-utre-vo-ofitsijalna-poseta/ Mon, 09 Sep 2024 13:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=814684

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Антонио Тајани, утре ќе биде во официјална посета на Република Македонија.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираше дека домаќин на Тајани ќе биде Муцунски, со кој се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји и продлабочување на економската соработка, регионалната и мултилатерална соработка, заедничкиот придонес кон мирот, како и иднината на процесот на проширување на Европската Унија и поддршката од Италијанската Република за нашата земја.

Како што информираат од Амбасадата на Италија во Скопје, се очекува Тајани да оствари средби со претседателката на земјава Гордана Силјановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, како и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

– Македонија е клучен партнер во обезбедувањето просперитетна иднина и стабилност за целиот регион на Западен Балкан. Работиме на надминување на секоја пречка на патот на Скопје за пристапување кон Европската Унија. Има многу голем потенцијал за дополнително зајакнување на нашите билатерални односи почнувајќи од соработката во стратешките и секторите со висока додадена вредност, вели Тајани пред посетата на Скопје.

The post Италијанскиот министер за надворешни работи Тајани утре во официјална посета appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Антонио Тајани, утре ќе биде во официјална посета на Република Македонија. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираше дека домаќин на Тајани ќе биде Муцунски, со кој се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји и продлабочување на економската соработка, регионалната и мултилатерална соработка, заедничкиот придонес кон мирот, како и иднината на процесот на проширување на Европската Унија и поддршката од Италијанската Република за нашата земја. Како што информираат од Амбасадата на Италија во Скопје, се очекува Тајани да оствари средби со претседателката на земјава Гордана Силјановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, како и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
– Македонија е клучен партнер во обезбедувањето просперитетна иднина и стабилност за целиот регион на Западен Балкан. Работиме на надминување на секоја пречка на патот на Скопје за пристапување кон Европската Унија. Има многу голем потенцијал за дополнително зајакнување на нашите билатерални односи почнувајќи од соработката во стратешките и секторите со висока додадена вредност, вели Тајани пред посетата на Скопје.

The post Италијанскиот министер за надворешни работи Тајани утре во официјална посета appeared first on Република.

]]>
Тајани: Ако сака реизбор Фон дер Лајен ќе мора да се договори со блокот на Мелони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajani-ako-saka-reizbor-fon-der-lajen-ke-mora-da-se-dogovori-so-blokot-na-meloni/ Tue, 02 Jul 2024 09:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=792673

Единствен начин Урсула фон дер Лајен да биде реизбрана за претседателка на Европската комисија во Европарламентот, е коалицијата што застана зад нејзината кандидатура да се договори за поддршка со групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), смета италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани.

Несомнено е дека Фон дер Лајен ќе го помине гласањето, но ќе биде принудена да побара поддршка од конзервативците и верувам дека ќе го стори тоа, изјави Тајани во интервју за весникот „Кориере дела Сера“.

Тајани е лидер на партијата Форца Италија (ФИ), која е дел од Европската народна партија (ЕПП) на Фон дер Лајен. Форца Италија е дел од италијанската владина коалиција предводена од премиерката Џорџа Мелони, која е лидерка на Браќата на Италија (ФДИ), најбројната партија во десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР).

До 18-ти ќе работам на тоа. Треба да се отвориме за конзервативците предводени од Мелони, ако сакаме да се осигуриме дека Фон дер Лајен ќе ги добие потребните гласови. Заради стабилност, важно е мнозинството да биде широко и сигурно, додаде Тајани, кој е и еден од потпретседателите на ЕПП.

Според него, ваквата „проширена“ коалиција за поддршка на Фон дер Лајен е неопходна, бидејќи некои европратеници од т.н. „проевропски“ блок на ЕПП, социјалдемократите и либералите, што застанаа зад нејзината кандидатура, би можеле да гласаат против неа и таа да не го добие потребниот број гласови за нејзиниот реизбор.

За да биде реизбрани на Фон дер Лајен и е потребно мнозинство од вкупниот број пратеници или 361 глас. ЕПП, социјалдемократите и либералите заедно имаат 399 пратеници или 38 повеќе од потребните за реизбор, но не е сигурно дека сите тие ќе ја поддржат нејзината кандидатура, имајќи пред вид дека гласањето е тајно што им овозможува на европратениците да не ги почитуваат насоките на групите на кои им припаѓаат. При нејзиниот прв избор за претседателка на Европската комисија во 2019 година Фон дер Лајен доби 383 гласа, иако во тоа време трите групи што застанаа зад нејзината кандидатура имаа 442 пратеници.

Тајани додаде и дека преговорите меѓу Мелони и фон дер Лајен „напредуваат“, истакнувајќи дека на претседателката на Европската комисија и требаат гласовите на ФДИ за да биде сигурна во нејзиниот реизбор.

Фон дер Лајен уште во текот на кампањата за Евроизборите не ја исклучи можноста за соработка со некои од „поумерените партии“ од ЕЦР, на што се спротивставија социјалдемократите и либералите. Социјалдемократите уште посочија и дека „нема да седнат на иста маса за преговори со Мелони“.

Претходно дипломатски извори брифираа дека Мелони ја условила поддршката за Фон дер Лајен со добивање на „важно“ еврокомесарко место поврзано со економските ресори за Италија и именување на кадар на ЕЦР за извршен потпретседател или потпретседател на Европската комисија.

Тајани во интервјуто за „Кориере дела Сера“ посочи дека верува оти Италија „има право на важна позиција“ во новата Европска комисија и дека „не може да остане без важен комесар и потпретседател“.

Според Тајани, актуелниот италијански министер за европски прашања Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на ФДИ на Мелони, би бил соодветен кандидат за еврокомесар.

Комесарот мора да има одредени карактеристики, како познавање на бриселската машинерија, да е познат и да може да ги помине сослушувањата. Фито ги исполнува сите овие барања, додаде Тајани.

Инаку, Тајани од 1994 до 2008 и од 2014 до 2022 беше европратеник, а во периодот од 2008 до 2014 еврокомесар за транспорт и за индустрија и претприемништво. Од 2014 до 2017 беше потпретседател, а од 2017 до 2019 и претседател на Европскиот парламент.

The post Тајани: Ако сака реизбор Фон дер Лајен ќе мора да се договори со блокот на Мелони appeared first on Република.

]]>

Единствен начин Урсула фон дер Лајен да биде реизбрана за претседателка на Европската комисија во Европарламентот, е коалицијата што застана зад нејзината кандидатура да се договори за поддршка со групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), смета италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани. Несомнено е дека Фон дер Лајен ќе го помине гласањето, но ќе биде принудена да побара поддршка од конзервативците и верувам дека ќе го стори тоа, изјави Тајани во интервју за весникот „Кориере дела Сера“. Тајани е лидер на партијата Форца Италија (ФИ), која е дел од Европската народна партија (ЕПП) на Фон дер Лајен. Форца Италија е дел од италијанската владина коалиција предводена од премиерката Џорџа Мелони, која е лидерка на Браќата на Италија (ФДИ), најбројната партија во десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР). До 18-ти ќе работам на тоа. Треба да се отвориме за конзервативците предводени од Мелони, ако сакаме да се осигуриме дека Фон дер Лајен ќе ги добие потребните гласови. Заради стабилност, важно е мнозинството да биде широко и сигурно, додаде Тајани, кој е и еден од потпретседателите на ЕПП. Според него, ваквата „проширена“ коалиција за поддршка на Фон дер Лајен е неопходна, бидејќи некои европратеници од т.н. „проевропски“ блок на ЕПП, социјалдемократите и либералите, што застанаа зад нејзината кандидатура, би можеле да гласаат против неа и таа да не го добие потребниот број гласови за нејзиниот реизбор. За да биде реизбрани на Фон дер Лајен и е потребно мнозинство од вкупниот број пратеници или 361 глас. ЕПП, социјалдемократите и либералите заедно имаат 399 пратеници или 38 повеќе од потребните за реизбор, но не е сигурно дека сите тие ќе ја поддржат нејзината кандидатура, имајќи пред вид дека гласањето е тајно што им овозможува на европратениците да не ги почитуваат насоките на групите на кои им припаѓаат. При нејзиниот прв избор за претседателка на Европската комисија во 2019 година Фон дер Лајен доби 383 гласа, иако во тоа време трите групи што застанаа зад нејзината кандидатура имаа 442 пратеници. Тајани додаде и дека преговорите меѓу Мелони и фон дер Лајен „напредуваат“, истакнувајќи дека на претседателката на Европската комисија и требаат гласовите на ФДИ за да биде сигурна во нејзиниот реизбор. Фон дер Лајен уште во текот на кампањата за Евроизборите не ја исклучи можноста за соработка со некои од „поумерените партии“ од ЕЦР, на што се спротивставија социјалдемократите и либералите. Социјалдемократите уште посочија и дека „нема да седнат на иста маса за преговори со Мелони“. Претходно дипломатски извори брифираа дека Мелони ја условила поддршката за Фон дер Лајен со добивање на „важно“ еврокомесарко место поврзано со економските ресори за Италија и именување на кадар на ЕЦР за извршен потпретседател или потпретседател на Европската комисија. Тајани во интервјуто за „Кориере дела Сера“ посочи дека верува оти Италија „има право на важна позиција“ во новата Европска комисија и дека „не може да остане без важен комесар и потпретседател“. Според Тајани, актуелниот италијански министер за европски прашања Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на ФДИ на Мелони, би бил соодветен кандидат за еврокомесар. Комесарот мора да има одредени карактеристики, како познавање на бриселската машинерија, да е познат и да може да ги помине сослушувањата. Фито ги исполнува сите овие барања, додаде Тајани. Инаку, Тајани од 1994 до 2008 и од 2014 до 2022 беше европратеник, а во периодот од 2008 до 2014 еврокомесар за транспорт и за индустрија и претприемништво. Од 2014 до 2017 беше потпретседател, а од 2017 до 2019 и претседател на Европскиот парламент.

The post Тајани: Ако сака реизбор Фон дер Лајен ќе мора да се договори со блокот на Мелони appeared first on Република.

]]>
Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajani-odlukata-na-sholts-za-upotreba-na-oruzhjeto-na-ruska-teritorija-mozhe-da-dovede-do-treta-svetska-vojna/ Sat, 01 Jun 2024 19:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=783974

Шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, денеска предупреди дека одлуката на германскиот канцелар Олаф Шолц да и дозволи на Украина да користи германско оружје во напади на цели на руска територија може да доведе до Трета светска војна.

-Само една мала грешка може да има катастрофални последици Тоа мора да биде јасно, рече Тајани на националната конвенција на млади претприемачи.

Тој посочи дека Италија не се согласува со изборот на германскиот канцелар и повтори дека Рим ја поддржува Украина, но италијанското оружје нема да се користи врз цели на територијата на Русија, пренесе Анса.

Тајани го поздрави и планот на американскиот претседател Џо Бајден за примирје во Појасот Газа и додаде дека е важно да се ослободат израелските заложници за што поскоро да се достави помош до палестинското население во енклавата.

Тој нагласи дека Италија сака да ја признае државата Палестина, но прво е неопходно да се воспостават граници и меѓусебно да се признаат Израел и Палестина заради долготраен мир.

Извор: МИА

The post Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна appeared first on Република.

]]>

Шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, денеска предупреди дека одлуката на германскиот канцелар Олаф Шолц да и дозволи на Украина да користи германско оружје во напади на цели на руска територија може да доведе до Трета светска војна.
-Само една мала грешка може да има катастрофални последици Тоа мора да биде јасно, рече Тајани на националната конвенција на млади претприемачи.
Тој посочи дека Италија не се согласува со изборот на германскиот канцелар и повтори дека Рим ја поддржува Украина, но италијанското оружје нема да се користи врз цели на територијата на Русија, пренесе Анса. Тајани го поздрави и планот на американскиот претседател Џо Бајден за примирје во Појасот Газа и додаде дека е важно да се ослободат израелските заложници за што поскоро да се достави помош до палестинското население во енклавата. Тој нагласи дека Италија сака да ја признае државата Палестина, но прво е неопходно да се воспостават граници и меѓусебно да се признаат Израел и Палестина заради долготраен мир.
Извор: МИА

The post Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна appeared first on Република.

]]>
Тајани: Влез на војска на НАТО во Украина може да предизвика трета светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajani-vlez-na-vojska-na-nato-vo-ukraina-mozhe-da-predizvika-treta-svetska-vojna/ Fri, 15 Mar 2024 16:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=755213

Опцијата за испраќање војници на НАТО во Украина би била потенцијален ризик за избувнување на трета светска војна, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, пренесува АНСА.

Не верувам дека НАТО ќе влезе во Украина. Се надевам дека тоа нема да се случи, рече Тајани на прашањето да ги коментира зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој не ја исклучи таа опција.

Тајани додаде дека влегувањето во војна со Русија значи ризик од трета светска војна, отфрлајќи ја можноста италијанската армија да оди во Украина за да се бори против рускиот напад.

Ние сме за одбрана на меѓународното право и украинските слободи, но не сме за војна со Русија. На Киев му даваме воена, економска и техничка помош од различен вид, меѓутоа, влегувањето во војна ми се чини грешка, а сите Италијанци, како и сите разумни луѓе, не го сакаат ова, истакна Тајани.

Тој изјави дека италијанските војници вршат добра работа во Црвеното Море за да ги заштитат трговските бродови од нападите на Хутите.

Италијанските војници прават добра работа во Либан, Африка и Ирак, тие се носители на мирот и слободата, а Италија не е во војна со Русија, потенцираше Тајани.

The post Тајани: Влез на војска на НАТО во Украина може да предизвика трета светска војна appeared first on Република.

]]>

Опцијата за испраќање војници на НАТО во Украина би била потенцијален ризик за избувнување на трета светска војна, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, пренесува АНСА. Не верувам дека НАТО ќе влезе во Украина. Се надевам дека тоа нема да се случи, рече Тајани на прашањето да ги коментира зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој не ја исклучи таа опција. Тајани додаде дека влегувањето во војна со Русија значи ризик од трета светска војна, отфрлајќи ја можноста италијанската армија да оди во Украина за да се бори против рускиот напад. Ние сме за одбрана на меѓународното право и украинските слободи, но не сме за војна со Русија. На Киев му даваме воена, економска и техничка помош од различен вид, меѓутоа, влегувањето во војна ми се чини грешка, а сите Италијанци, како и сите разумни луѓе, не го сакаат ова, истакна Тајани. Тој изјави дека италијанските војници вршат добра работа во Црвеното Море за да ги заштитат трговските бродови од нападите на Хутите. Италијанските војници прават добра работа во Либан, Африка и Ирак, тие се носители на мирот и слободата, а Италија не е во војна со Русија, потенцираше Тајани.

The post Тајани: Влез на војска на НАТО во Украина може да предизвика трета светска војна appeared first on Република.

]]>
Тајани: Не се плашиме од заканите на Хутите, никого не напаѓаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajani-ne-se-plashime-od-zakanite-na-hutite-nikogo-ne-napagame/ Mon, 05 Feb 2024 14:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=740581

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека Италија не е исплашена од заканите на Хутите дека ќе го нападнат Рим доколку Италија учествува во воздушните напади врз позициите на милитантите во Јемен.

„Не се плашиме од заканите на Хутите, кои се терористичка организација“, изјави Тајани на Италијанската Република, пренесува АНСА.

Тој нагласи дека Италија нема да нападне никого како дел од мисијата на Европската унија во Црвеното Море, за која нагласува дека е исклучиво од одбранбен карактер.

„Не се плашиме од заканите на Хутите. Ние го браниме бродскиот сообраќај. Не напаѓаме никого и не сакаме некој да не нападне“, рече Тајани.

Тој нагласи дека мора да има слободен поморски сообраќај, додавајќи дека Италија ќе одговори на евентуалните напади на нејзините трговски бродови. Повтори дека Хутите се „терористичка организација“.

Шефот на Врховниот револуционерен комитет на Хутите, Мохамед Али ал-Хути, претходно денеска изјави дека Италија ќе стане цел доколку учествува во нападите врз Јемен.

The post Тајани: Не се плашиме од заканите на Хутите, никого не напаѓаме appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека Италија не е исплашена од заканите на Хутите дека ќе го нападнат Рим доколку Италија учествува во воздушните напади врз позициите на милитантите во Јемен. „Не се плашиме од заканите на Хутите, кои се терористичка организација“, изјави Тајани на Италијанската Република, пренесува АНСА. Тој нагласи дека Италија нема да нападне никого како дел од мисијата на Европската унија во Црвеното Море, за која нагласува дека е исклучиво од одбранбен карактер. „Не се плашиме од заканите на Хутите. Ние го браниме бродскиот сообраќај. Не напаѓаме никого и не сакаме некој да не нападне“, рече Тајани. Тој нагласи дека мора да има слободен поморски сообраќај, додавајќи дека Италија ќе одговори на евентуалните напади на нејзините трговски бродови. Повтори дека Хутите се „терористичка организација“. Шефот на Врховниот револуционерен комитет на Хутите, Мохамед Али ал-Хути, претходно денеска изјави дека Италија ќе стане цел доколку учествува во нападите врз Јемен.

The post Тајани: Не се плашиме од заканите на Хутите, никого не напаѓаме appeared first on Република.

]]>
Тајани: ЕУ треба да има своја војска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajani-eu-treba-da-ima-svoja-vojska/ Sun, 07 Jan 2024 10:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=730631

Европската унија треба да формира своја армија која би можела да игра улога во одржувањето мир и спречување конфликти, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

Во интервју за италијанскиот весник Ла Стампа, Тајани рече дека поблиската европска соработка во одбраната е приоритет за партијата Форца Италија што тој ја предводи.

„Ако сакаме да бидеме мировници во светот, потребна ни е европска војска. И ова е основен предуслов за да можеме да имаме ефикасна европска надворешна политика“, рече тој во интервјуто објавено денеска.

„Во свет со моќни играчи како САД, Кина, Индија, Русија - со кризи од Блискиот Исток до Индо-Пацификот - италијанските, германските, француските или словенечките граѓани можат да бидат заштитени само со нешто што веќе постои, имено Европската унија“, додаде тој.

Тајани искажа став дека 27-члената ЕУ треба да го рационализира своето лидерство и да има единствено претседателство, наместо сегашната структура на претседател на Европскиот совет и претседател на Европската комисија.

The post Тајани: ЕУ треба да има своја војска appeared first on Република.

]]>

Европската унија треба да формира своја армија која би можела да игра улога во одржувањето мир и спречување конфликти, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани. Во интервју за италијанскиот весник Ла Стампа, Тајани рече дека поблиската европска соработка во одбраната е приоритет за партијата Форца Италија што тој ја предводи. „Ако сакаме да бидеме мировници во светот, потребна ни е европска војска. И ова е основен предуслов за да можеме да имаме ефикасна европска надворешна политика“, рече тој во интервјуто објавено денеска. „Во свет со моќни играчи како САД, Кина, Индија, Русија - со кризи од Блискиот Исток до Индо-Пацификот - италијанските, германските, француските или словенечките граѓани можат да бидат заштитени само со нешто што веќе постои, имено Европската унија“, додаде тој. Тајани искажа став дека 27-члената ЕУ треба да го рационализира своето лидерство и да има единствено претседателство, наместо сегашната структура на претседател на Европскиот совет и претседател на Европската комисија.

The post Тајани: ЕУ треба да има своја војска appeared first on Република.

]]>