Антонио Милошоки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antonio-miloshoki/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Mar 2023 14:50:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Антонио Милошоки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antonio-miloshoki/ 32 32 Виктор Димовски е минато, Милошоски очекува нов предлог за амбасадор во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/viktor-dimovski-e-minato-miloshoski-ochekuva-nov-predlog-za-ambasador-vo-frantsija/ Thu, 02 Mar 2023 14:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=615182

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски не очекува поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, кој е кандидат за амбасадор во Франција, да остане предлог на власта и на претседателот Стево Пендаровски за иден амбасадор во оваа земја членка на ЕУ.

- Ние како Комисија за надворешна политика закажавме седница која е, да кажам на одредена пауза, и на која што седница свое излагање требаше да има и кандидатот за амбасадор Виктор Димовски за Париз, Француската Република. Но, чекавме сигнал од Владата и од министерот за надворешни работи и од претседателот, дали по скандалот е останат на своето убедување и одлука дека тој треба да биде амбасадор во Франција. Тоа што го имаме како информација, неофицијално од МНР, е дека претседателот Пендаровски и министерот за надворешни работи веќе се усогласиле Виктор Димовски да не биде амбасадор на Македонија во Париз. Но, дали имаат донесено одлука кој треба да биде следен амбасадор, за тоа немаме информации иако мое лично мислење е дека во самото МНР има доби кандидати кои што би можеле да бидат сериозни амбасадори на Македонија во Париз, изјави Милошоски во одговор на новинарско прашање.

Тој самиот очекува дека како кандидат би требало да биде предложен кариерен дипломат од МНР.

Прашан во однос на мошне бавното пополнување на испразнетите амбасадорски места во за нас клучни политички центри, Милошоски оцени дека тоа се должи на, како што вели, „немањето капацитет кај власта, односно на проблеми во коалицијата“.

- Мислам дека две места, веќе ги набројав како важни дипломатски места – Вашингтон, како дипломатска дестинација која што 4,5 години не беше пополнета и во моментов Пекинг, која што три и пол години не е пополнета, покажуваат дека власта нема капацитет, има внатрешни меѓукоалициски проблеми по однос на делегирањето на амбасадори. Собранието не е проблем за хендикепот кој што го имаат МНР, Владата и претседателот, рече Милошоски, по денешната седница на Комисијата на која тезите за дипломатската активност ги бранеа новите амбасадори на земјава во Шпанија и Словенија, Едмонд Адеми и Горан Милевски.

Заминување на Виктор Димовски за амбасадор во Франција е доведено во прашање по случајот со доделувањето на македонско државјанство на контроверзниот украински бизнисмен Олександр Онишченко, по добиено позитивно мислење од страна на АНБ, во период кога нејзин директор беше Димовски.

The post Виктор Димовски е минато, Милошоски очекува нов предлог за амбасадор во Франција appeared first on Република.

]]>

Милошоски: Уверението за положен правосуден испит на синот на Џафери има основ да се поништи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-uverenieto-za-polozhen-pravosuden-ispit-na-sinot-na-dhaferi-ima-osnov-da-se-ponishti/ Fri, 24 Feb 2023 08:40:06 +0000 https://republika.mk/?p=612629

Незаконското уверение за положен правосуден испит на Б. Џафери е ништовен акт и има основ да се поништи согласно член 124 од Законот за општата управна постапка!
Вовед, што кажа Б. Ивановска, вели Антонио Милошоски.

Претседателката на Антикорупциската комисија г-ѓа Ивановска, вчера на Телма за синот на Талат Џафери, кој положил правосуден испит пред да заврши факултет, а сега ќе биде обвинител, изјави дека “државата нема правни или други механизми со кои би се санкционирале овие случаи”. Оваа изјава на Ивановска можеби се должи на недоволно познавање на управното право или пак на фактот што таткото на Б. Џафери е претседател на Собрание, а неговиот роднина е член во Антикорупциската комисија.

Законски основ за решавање на скандалот со Б. Џафери:

Во правниот систем на Македонија има законски одредби кои и денес може да спречат јавни обвинители да станат лица кои без завршен факултет положиле правосуден испит. Полагањето на правосудниот испит е управна постапка, која се поведува со поднесување на барање на кандидатот до Министерството за правда и која завршува со издавање на Уверение за положен правосуден испит како управен акт издаден од министерот за правда.
Неспорно утврден факт од Антикорупциската комисија е дека кандидатот за обвинител Барлет Џафери се стекнал со уверение за положен правосуден испит, иако не ги исполнувал двата кумулативни услови за полагање правосуден испит, т.е немал завршен правен факултет и бил без работен стаж.

Решението на овој правен и политички скандал со Б. Џафери лежи во примената на членот 124 од Законот за општата управна постапка, каде утврдено е дека за ништовен се огласува управниот акт кој со своето извршување би можел да предизвика некое дело казниво според Кривичниот законик и во други закони и што содржи неправилност, која според некоја изречна законска одредба е предвидена како причина за ништовност. Во конкреткиов случај уверението за положен правосуден испит издадено на Б. Џафери е управен акт.

Во членот 125 став 3 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Органот (во случајов Антикорупциска) кој ќе дознае за управен акт со кој е повреден законот, а повредата може да биде причина за поништување на управниот акт, должен е без одлагање за тоа да го извести јавниот орган надлежен за поведување постапка и за донесување на управниот акт. Согласно чл.125 Антикорупциската комисија е должна да го извести

Министерството за правда дека дошла до сознанија за ништовен управен акт издаден од ова министерство.
Дополнително, претседателката на Антикорупциската нема изговор за застареност на скандалот, бидејќи во ставот 2 од чл.124 од ЗОУП е определено дека управниот акт (уверението за положен правосуден испит на Б. Џафери) може во секое време да се огласи за ништовен по службена должност.
Врз основа на овие законски одредби Антикорупциската може уште денес да го извести Министерството за правда, а ова министерство може уште утре да го поништи Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери, затоа што за овој управен акт нема застарување и нема рок за поништување на незаконски управни акти.

Во членот 125 од Законот за општата управна постапка е уредено дека со поништувањето на управниот акт и со огласувањето за ништовен се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт. Односно откако Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери ќе се огласи за ништовно, ќе се поништат и правните последици што истото ги произвело во правниот промет ex tunc, односно истото ќе се смета дека и воопшто и не било издадено. Со тоа de facto и de jure ќе се утври дека Барлет Џафери во моментот на аплицирање не ги имал исполнето условите за влез во Академијата за судии и јавни обвинители.

Значи правни механизми за разрешување на скандалот има, но прашање е дали има волја кај Ивановска и нејзините колеги во ДКСК да постапуваат по словото на законот?!

The post Милошоски: Уверението за положен правосуден испит на синот на Џафери има основ да се поништи appeared first on Република.

]]>

Незаконското уверение за положен правосуден испит на Б. Џафери е ништовен акт и има основ да се поништи согласно член 124 од Законот за општата управна постапка! Вовед, што кажа Б. Ивановска, вели Антонио Милошоски.
Претседателката на Антикорупциската комисија г-ѓа Ивановска, вчера на Телма за синот на Талат Џафери, кој положил правосуден испит пред да заврши факултет, а сега ќе биде обвинител, изјави дека “државата нема правни или други механизми со кои би се санкционирале овие случаи”. Оваа изјава на Ивановска можеби се должи на недоволно познавање на управното право или пак на фактот што таткото на Б. Џафери е претседател на Собрание, а неговиот роднина е член во Антикорупциската комисија.
Законски основ за решавање на скандалот со Б. Џафери: Во правниот систем на Македонија има законски одредби кои и денес може да спречат јавни обвинители да станат лица кои без завршен факултет положиле правосуден испит. Полагањето на правосудниот испит е управна постапка, која се поведува со поднесување на барање на кандидатот до Министерството за правда и која завршува со издавање на Уверение за положен правосуден испит како управен акт издаден од министерот за правда. Неспорно утврден факт од Антикорупциската комисија е дека кандидатот за обвинител Барлет Џафери се стекнал со уверение за положен правосуден испит, иако не ги исполнувал двата кумулативни услови за полагање правосуден испит, т.е немал завршен правен факултет и бил без работен стаж. Решението на овој правен и политички скандал со Б. Џафери лежи во примената на членот 124 од Законот за општата управна постапка, каде утврдено е дека за ништовен се огласува управниот акт кој со своето извршување би можел да предизвика некое дело казниво според Кривичниот законик и во други закони и што содржи неправилност, која според некоја изречна законска одредба е предвидена како причина за ништовност. Во конкреткиов случај уверението за положен правосуден испит издадено на Б. Џафери е управен акт. Во членот 125 став 3 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Органот (во случајов Антикорупциска) кој ќе дознае за управен акт со кој е повреден законот, а повредата може да биде причина за поништување на управниот акт, должен е без одлагање за тоа да го извести јавниот орган надлежен за поведување постапка и за донесување на управниот акт. Согласно чл.125 Антикорупциската комисија е должна да го извести Министерството за правда дека дошла до сознанија за ништовен управен акт издаден од ова министерство. Дополнително, претседателката на Антикорупциската нема изговор за застареност на скандалот, бидејќи во ставот 2 од чл.124 од ЗОУП е определено дека управниот акт (уверението за положен правосуден испит на Б. Џафери) може во секое време да се огласи за ништовен по службена должност. Врз основа на овие законски одредби Антикорупциската може уште денес да го извести Министерството за правда, а ова министерство може уште утре да го поништи Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери, затоа што за овој управен акт нема застарување и нема рок за поништување на незаконски управни акти. Во членот 125 од Законот за општата управна постапка е уредено дека со поништувањето на управниот акт и со огласувањето за ништовен се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт. Односно откако Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери ќе се огласи за ништовно, ќе се поништат и правните последици што истото ги произвело во правниот промет ex tunc, односно истото ќе се смета дека и воопшто и не било издадено. Со тоа de facto и de jure ќе се утври дека Барлет Џафери во моментот на аплицирање не ги имал исполнето условите за влез во Академијата за судии и јавни обвинители. Значи правни механизми за разрешување на скандалот има, но прашање е дали има волја кај Ивановска и нејзините колеги во ДКСК да постапуваат по словото на законот?!

The post Милошоски: Уверението за положен правосуден испит на синот на Џафери има основ да се поништи appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Македонија прави преседан, нема прва и втора фаза, има започнување и незапочнување на преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-makedonija-pravi-presedan-nema-prva-i-vtora-faza-ima-zapochnuvanje-i-nezapochnuvanje-na-pregovori/ Fri, 15 Jul 2022 11:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=529306

Пратеникот Антонио Милошоски во своето обраќање во Собранието а по однос на францускиот предлог, рече дека во моментов нема никакви гаранции дека и покрај направените концесии, државата Македонија ќе стане членка на Европската унија. Помеѓу државите членки во ЕУ нема реален консензус за зачленување на шесте држави од Западниот Балкан и нивно полноправно членство.

- Недозволиво е внесување на механизам за следење или спроведување на преговорите поврзани со протоколот, со заедничката историја, преговарачката рамка или заедничките извештаи. Во ваков случај, тој механизам би станал услов за текот на преговорите и процесот во диктат од едната страна, за нејзини важни политички или историски прашања и би го засенил процесот на европеизација и стандарди за кои вие тврдите дека се залагате.
Вашето фотографирање во Брисел, ќе биде слично на фотографирањето што го имавте со вашиот колега Никола Димитров, Зоран Заев и Кочо Анѓушев. Тоа фотографирање дека сме добиле датум испадна една илузија и исто така ќе биде илузија дека се отвораат преговорите. Понатаму, Македонија, македонскиот јазик не смеат да се дозволат никакви измени на предложениот текст на преговарачката рамка во која стои македонскиот јазик, ниту дополнителни појаснувани изјави.
Зошто ова го говорам?
Македонија е веќе членка во ОН, таму никој нема ставено дополнителна изјава. Македонија веќе е членка во Советот на Европа одамна, таму никој нема дадено дополнителна изјава зошто Македонија би прифатила да има дополнителна изјава во однос на Европската унија.
Затоа сметам, дека ова е една замка која ќе биде чекор напред кон продолжување на остварувањето на она што е зацртано во бугарската декларација за која што ве предупредивме ние во 2020 година, но вие тврдевте дека не постои, а потоа тврдевте дека е незначаен дел од нивниот записник во Европската унија. – рече Милошоски.

На крајот од своето обраќање, Милошоски рече дека Македонија прави преседан. Рече дека во воведната изјава на ЕУ за преговорите за пристапување, јасно стои започнување на првата фаза од преговорите за пристапување и ниедна друга држава, ниту Албанија, ниту Србија, ниту Бугарија, ниту Хрватска итн, немале прва и втора фаза. Има почеток или непочеток на преговорите.

The post Милошоски: Македонија прави преседан, нема прва и втора фаза, има започнување и незапочнување на преговори appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Антонио Милошоски во своето обраќање во Собранието а по однос на францускиот предлог, рече дека во моментов нема никакви гаранции дека и покрај направените концесии, државата Македонија ќе стане членка на Европската унија. Помеѓу државите членки во ЕУ нема реален консензус за зачленување на шесте држави од Западниот Балкан и нивно полноправно членство.
- Недозволиво е внесување на механизам за следење или спроведување на преговорите поврзани со протоколот, со заедничката историја, преговарачката рамка или заедничките извештаи. Во ваков случај, тој механизам би станал услов за текот на преговорите и процесот во диктат од едната страна, за нејзини важни политички или историски прашања и би го засенил процесот на европеизација и стандарди за кои вие тврдите дека се залагате. Вашето фотографирање во Брисел, ќе биде слично на фотографирањето што го имавте со вашиот колега Никола Димитров, Зоран Заев и Кочо Анѓушев. Тоа фотографирање дека сме добиле датум испадна една илузија и исто така ќе биде илузија дека се отвораат преговорите. Понатаму, Македонија, македонскиот јазик не смеат да се дозволат никакви измени на предложениот текст на преговарачката рамка во која стои македонскиот јазик, ниту дополнителни појаснувани изјави. Зошто ова го говорам? Македонија е веќе членка во ОН, таму никој нема ставено дополнителна изјава. Македонија веќе е членка во Советот на Европа одамна, таму никој нема дадено дополнителна изјава зошто Македонија би прифатила да има дополнителна изјава во однос на Европската унија. Затоа сметам, дека ова е една замка која ќе биде чекор напред кон продолжување на остварувањето на она што е зацртано во бугарската декларација за која што ве предупредивме ние во 2020 година, но вие тврдевте дека не постои, а потоа тврдевте дека е незначаен дел од нивниот записник во Европската унија. – рече Милошоски.
На крајот од своето обраќање, Милошоски рече дека Македонија прави преседан. Рече дека во воведната изјава на ЕУ за преговорите за пристапување, јасно стои започнување на првата фаза од преговорите за пристапување и ниедна друга држава, ниту Албанија, ниту Србија, ниту Бугарија, ниту Хрватска итн, немале прва и втора фаза. Има почеток или непочеток на преговорите.

The post Милошоски: Македонија прави преседан, нема прва и втора фаза, има започнување и незапочнување на преговори appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Францускиот предлог го има во кабинетите на Османи и Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-francuskiot-predlog-go-ima-vo-kabinetite-na-osmani-i-kovachevski/ Tue, 21 Jun 2022 18:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=518200

Пратеникот Антонијо Милошоски, во гостувањето во тема на денот во дневникот на Сител телевизија, се осврна на францускиот предлог и одбивањето од страна на власта во Македонија тој да биде претставен на јавноста и рече дека е потценување на јавноста а со самото тоа и на пратениците, кога еден министер за надворешни работи тврди дека го нема францускиот предлог за преговарачката рамка, а другиот министер, член на неговата влада, Горан Милевски, јавно го одбива истиот тој предлог.

-Денес имавме и пресконференцја на Бон Клеман, тој е француски министер за европски прашања, кој одржа конференција по однос на средбите во Брисел за француското претседателство и самиот тој, кажа дека францускиот предлог се темели меѓу другото и на заедничките консултации и преговори помеѓу Скопје и Софија. Што значи дека предлогот го има и кабинетот на Ковачевски и кабинетот на Бујар Османи, како што го имаат и сите претседатели на држави, влади, министри на соседна Бугарија и земјите членки на ЕУ, рече Милошоски.

Милошоски додаде дека  француската дипломатија е прилично темелна во делот на пристап кон овие европски прашања и рече дека е сигурен дека на 18-ти мај, кога имало телефонски разговор помеѓу премиерот Ковачевски и претседателот на Франција Макрон, дека една од темите на разговор било токму овој француски предлог.

-Од тој момент, од средината на мај до средината на јуни се изготвува овој предлог кој што потоа се доставува до сите земји членки со знаење на владата во Скопје, во Македонија и за истото тоа македонската има дадено согласност. Но, она што е според мене незрело во целата оваа ситуација и недемократски, нетраспарентно е што бугарската влада покрај целата поларизација во бугарското општество, сепак носи одлука да се дискутира за предлозите поврзани со Македонија во бугарското Собрание, а македонската влада не сака пратениците и јавноста, новинарите и граѓаните да бидат известени и да се дискутира за овој предлог во македонското собрание. Не се запознаени ниту пратениците на ДОМ, ниту пратениците на ЛДП, ДС, ни на ВМРО, Алијанса, БЕСА или било кои други пратенички групи и сметам дека голем хендикеп кој што асоцира, дава до знаење дека предлогот веројатно е неповолен и штетен за Република Македонија и како таков се обидуваат до последен момент да го кријат. Можеби предлогот е корисен за минимално продолжување на кариерите на Бујар Османи и Димитар Ковачевски, бидејќи и двајцата 3,4 или 5 години ветуваат датуми секое полугодие а истите ги нема, па сега се обидуваат ова како пследна сламка за спас, да го испазарат за некакво импровизирано решение кое би било на штета на граѓаните, додаде Милошоски.

The post Милошоски: Францускиот предлог го има во кабинетите на Османи и Ковачевски appeared first on Република.

Милошоски за Фрчковски: Да именувате амбасадор во Њујорк кој што претходно е одбиен од Вашингтон, е еклатантно кршење на дипломатскиот кодекс https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-za-frchkovski-da-imenuvate-ambasador-vo-njujork-koj-shto-prethodno-e-odbien-od-vashington-e-eklatantno-krshenje-na-diplomatskiot-kodeks/ Fri, 04 Mar 2022 19:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=467970

Антонијо Милошоски, пратеник во македонското собрание и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител ги отфрли обвинувањата дека тој го блокирал процесот на испраќање на сега именуваниот амбасадор во Њујорк Љубомир Фрчковски, бидејќи 8 месеци не дозволувал во собраниската комисија за надворешна политика да се свика комисијата каде што Фрчковски би ги презентирал своите приоритети како амбасадор, нагласувајќи дека ваквиот избор всушност покажува еклатантно кршење на дипломатскиот кодекс, односно како што рече тој Собранието како контролен механизам има уставна надлежност одредени погрешни потези или чекори на извршната власт да ги корегира, додавајќи дека сметам дека ќе беше многу подобро ако владата најдеше посоодветен кадар за амбасадор во ОН.

Собранието е контролен механизам. Во собранието поминале многу амбасадори. Помина амбасадорот за Виена, Рим, ОБСЕ, за Совет за Европа, Австралија итн, и тоа се избори на владата, на министерството и ние гледаме да упатиме, некоја критика или пофалба, но во секој случај процесот да тече. Но кога имате еклатантно кршење на дипломатскиот кодекс и кандидат за Обединети Нации ви е човек кој што е официјално одбиен од Вашингтон, како неподобна личност да биде амбасадор, и претседателот Пендаровски и поранешниот премиер Заев знаат дека Фрчковски е одбиен од официјален Вашингтон - потенцираше Милошоски.

Во која фаза од постапката бил одбиен Милошоски рече:

Откако е донесена одлука на затворена седница на влада да биде кандидат за амбасадор во Вашингтон, за што Фрчковски веќе и примаше честитки во јавноста, потоа е одбиен од висок претставник на Стејт Департментот и тој разговор многу добро го знае и претседателот Пендаровски и поранешниот премиер, и сегашниот министер за надворешни работи. И кога имате човек кој што е одбиен од официјален Вашингтон со многу сериозни причини, а Пендаровски исто ги знае причините тогаш е невкусно таквиот човек да го испраќате за амбасадор во Обединети Нации, повторно на територија на државата која што веќе еднаш го одбила и каде што членуваат петте земји во Советот за безбедност, Америка, Русија, Кина, Велика Британија, и Франција.

Тој амбасадор ќе биде хендикепиран, Македонија нема да ги добива сите информации, за него во кулоарите ќе зборат дека амбасадор кој што Америка го одбила да биде претставник во Вашингтон и затоа сметам дека Собранието како контролен механизам има уставна надлежност одредени погрешни потези или чекори на извршната власт да ги корегира и сметам дека владата ќе беше многу подобро ако најдеше посоодветен кадар за амбасадор во ОН. И мислам дека и во само МНР, и во самото СДСМ или ДУИ кои и да се политички фигури има многу поспособни луѓе и подостоинствени за да бидат амбасадори во ОН - вели Милошоски.

Милошоски додаде дека владата нема испратено предлог имиња за амбасадори во Србија, Турција, Софија, а во Вашингтон како што кажа тој, нема амбасадор веќе четири години што претставува голем дипломатски пропуст.

За жал владата до сега не испратила ниту еден кандидат и Македонија во моментот е без амбасадори во Србија, Турција, Софија, Вашингтон цели четири години што за прв пат ни се случува да имаме толку голем дипломатски пропуст и со самото тоа не искористуваме економски, трговски и безбедносни прилики со нашето не присуство во Америка, изјави Милошоски.

The post Милошоски за Фрчковски: Да именувате амбасадор во Њујорк кој што претходно е одбиен од Вашингтон, е еклатантно кршење на дипломатскиот кодекс appeared first on Република.

]]>

Антонијо Милошоски, пратеник во македонското собрание и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител ги отфрли обвинувањата дека тој го блокирал процесот на испраќање на сега именуваниот амбасадор во Њујорк Љубомир Фрчковски, бидејќи 8 месеци не дозволувал во собраниската комисија за надворешна политика да се свика комисијата каде што Фрчковски би ги презентирал своите приоритети како амбасадор, нагласувајќи дека ваквиот избор всушност покажува еклатантно кршење на дипломатскиот кодекс, односно како што рече тој Собранието како контролен механизам има уставна надлежност одредени погрешни потези или чекори на извршната власт да ги корегира, додавајќи дека сметам дека ќе беше многу подобро ако владата најдеше посоодветен кадар за амбасадор во ОН.
Собранието е контролен механизам. Во собранието поминале многу амбасадори. Помина амбасадорот за Виена, Рим, ОБСЕ, за Совет за Европа, Австралија итн, и тоа се избори на владата, на министерството и ние гледаме да упатиме, некоја критика или пофалба, но во секој случај процесот да тече. Но кога имате еклатантно кршење на дипломатскиот кодекс и кандидат за Обединети Нации ви е човек кој што е официјално одбиен од Вашингтон, како неподобна личност да биде амбасадор, и претседателот Пендаровски и поранешниот премиер Заев знаат дека Фрчковски е одбиен од официјален Вашингтон - потенцираше Милошоски.
Во која фаза од постапката бил одбиен Милошоски рече: Откако е донесена одлука на затворена седница на влада да биде кандидат за амбасадор во Вашингтон, за што Фрчковски веќе и примаше честитки во јавноста, потоа е одбиен од висок претставник на Стејт Департментот и тој разговор многу добро го знае и претседателот Пендаровски и поранешниот премиер, и сегашниот министер за надворешни работи. И кога имате човек кој што е одбиен од официјален Вашингтон со многу сериозни причини, а Пендаровски исто ги знае причините тогаш е невкусно таквиот човек да го испраќате за амбасадор во Обединети Нации, повторно на територија на државата која што веќе еднаш го одбила и каде што членуваат петте земји во Советот за безбедност, Америка, Русија, Кина, Велика Британија, и Франција.
Тој амбасадор ќе биде хендикепиран, Македонија нема да ги добива сите информации, за него во кулоарите ќе зборат дека амбасадор кој што Америка го одбила да биде претставник во Вашингтон и затоа сметам дека Собранието како контролен механизам има уставна надлежност одредени погрешни потези или чекори на извршната власт да ги корегира и сметам дека владата ќе беше многу подобро ако најдеше посоодветен кадар за амбасадор во ОН. И мислам дека и во само МНР, и во самото СДСМ или ДУИ кои и да се политички фигури има многу поспособни луѓе и подостоинствени за да бидат амбасадори во ОН - вели Милошоски.
Милошоски додаде дека владата нема испратено предлог имиња за амбасадори во Србија, Турција, Софија, а во Вашингтон како што кажа тој, нема амбасадор веќе четири години што претставува голем дипломатски пропуст. За жал владата до сега не испратила ниту еден кандидат и Македонија во моментот е без амбасадори во Србија, Турција, Софија, Вашингтон цели четири години што за прв пат ни се случува да имаме толку голем дипломатски пропуст и со самото тоа не искористуваме економски, трговски и безбедносни прилики со нашето не присуство во Америка, изјави Милошоски.

The post Милошоски за Фрчковски: Да именувате амбасадор во Њујорк кој што претходно е одбиен од Вашингтон, е еклатантно кршење на дипломатскиот кодекс appeared first on Република.

]]>