Антонио Јолевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antonio-jolevski/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jan 2024 20:34:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Антонио Јолевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antonio-jolevski/ 32 32 Советот на јавни обвинители не ѝ се извини на Ленче Ристоска, Јолевски ќе ја тужи Антидискриминациската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-javni-obviniteli-ne-se-izvini-na-lenche-ristoska-jolevski-ke-ja-tuzhi-antidiskriminatsiskata-komisija/ Sun, 14 Jan 2024 20:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=733049

Членот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, кому Комисијата за спречување и заштита од дискриминација му препорача јавно да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска зашто ја дискриминирал и ја ставил во понеповолен статус од останатите обвинители, нема намера да го стори тоа, пренесе СДК.

Во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД)за СДК изјавиле дека во рокот од 30 дена кој истече, не стигнало известување од Јолевски дека постапил по препораката.

Според законот за заштита и спречување од дискриминација, непостапување по препораките на Комисијата, повлекува последица пријава пред надлежен суд против тој што не постапил, и парична казна.

The post Советот на јавни обвинители не ѝ се извини на Ленче Ристоска, Јолевски ќе ја тужи Антидискриминациската комисија appeared first on Република.

]]>

Членот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, кому Комисијата за спречување и заштита од дискриминација му препорача јавно да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска зашто ја дискриминирал и ја ставил во понеповолен статус од останатите обвинители, нема намера да го стори тоа, пренесе СДК. Во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД)за СДК изјавиле дека во рокот од 30 дена кој истече, не стигнало известување од Јолевски дека постапил по препораката. Според законот за заштита и спречување од дискриминација, непостапување по препораките на Комисијата, повлекува последица пријава пред надлежен суд против тој што не постапил, и парична казна.

The post Советот на јавни обвинители не ѝ се извини на Ленче Ристоска, Јолевски ќе ја тужи Антидискриминациската комисија appeared first on Република.

]]>
Лога го прими претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-go-primi-pretsedatelot-na-sovetot-na-javni-obviniteli-antonio-jolevski/ Wed, 10 May 2023 12:21:23 +0000 https://republika.mk/?p=639292

Министерот за правда Кренар Лога одржа работна средба со претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски на која се разговараше за актуелните состојби во јавнообвинителскиот и судскиот систем.

Јолевски побара во Стратегијата за реформи во правосудниот систем 2023-2027 година да се зголеми надлежноста на Советот на јавни обвинители во делот на одговорноста и во упатувањето на јавните обвинители. Се предлага Советот да има можност да поднесува предлог за поведување на дисциплинска постапка.

Министерот Лога посочи дека ваквите предлози ќе бидат разгледани при изготвувањето на Стратегијата. На состанокот се дискутираше и за подобрување на АКМИС и Кејс менаџмент системот.

The post Лога го прими претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога одржа работна средба со претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски на која се разговараше за актуелните состојби во јавнообвинителскиот и судскиот систем. Јолевски побара во Стратегијата за реформи во правосудниот систем 2023-2027 година да се зголеми надлежноста на Советот на јавни обвинители во делот на одговорноста и во упатувањето на јавните обвинители. Се предлага Советот да има можност да поднесува предлог за поведување на дисциплинска постапка. Министерот Лога посочи дека ваквите предлози ќе бидат разгледани при изготвувањето на Стратегијата. На состанокот се дискутираше и за подобрување на АКМИС и Кејс менаџмент системот.

The post Лога го прими претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски appeared first on Република.

]]>
Јолевски: Нашата фела е мала, треба да му се остави простор на Абази да се докаже https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jolevski-nashata-fela-e-mala-treba-da-mu-se-ostavi-prostor-na-abazi-da-se-dokaze/ Tue, 08 Nov 2022 20:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=571608

По изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за огранизиран криминал и корпуција, за кој јавноста реагираше дека е непознат и дека е близок со ДУИ, претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во ТОП Тема на ТВ Телма изјави треба да му се даде простор на Абази да се докаже, особено затоа што неговите резултати како раководител на гостиварското обвинителство се неспорни.

Нашата фела е мала, и иако сите се изолирани едни од други, во смислам дека секој работи во својот регион, сепак многумина се познаваат. Во моментов сме 163 од потребните 244 обвинители. Никогаш не сме дошле до таа бројка 244, да речеме дека таа бројка е оптимална или треба повеќе. Во моментов три обвинителства немаат ниту еден обвинител. Во случајот треба да му се даде простор на Абази, да се докаже како што се докажа во гостиварското обвинителство. Овој обвинител таму ќе треба да менаџира како што менаџираше со гостиварското обвинителство и од неажурно да го направи ажурно, во кое ќе постапуваат обвинителите, нормално со негово учество.Затоа велам дека треба да му се даде простор, да видиме како ќе се покаже, бидејќи во гостиварското обвинителство имаше илјадници предмети, па дојдоа до ситуација да го исчистат остатокот во неговиот период од 4 години, вели Јолевски за ТОП Тема.

https://republika.mk/vesti/makedonija/za-pozicii-se-lizat-dokazi-se-nizat-nema-kontakti-so-dui-no-ima-fotki-so-topli-pregratki-so-bejta-bekteshi-i-bratot-na-ali-ahmeti/

The post Јолевски: Нашата фела е мала, треба да му се остави простор на Абази да се докаже appeared first on Република.

Јолевски: Од новиот шеф на ОЈО ГОКК очекуваме повеќе завршени предмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jolevski-od-noviot-shef-na-ojo-gokk-ochekuvame-povekje-zavrsheni-predmeti/ Mon, 07 Nov 2022 18:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=571084

Очекуваме дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе си ја завршува работата онака како што треба и оти новиот шеф ќе си ги преземе сите мерки за да функционира според оние задачи и задолженија кои ги има. Дека ќе се гони криминалот, односно ќе се завршуваат повеќе предмети кои се во надлежност на тоа Обвинителство, изјави вечерва претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, откако беа соопштени разултатите од гласањето за нов шеф на ОЈОГОКК, според кои Ислам Абази доби најмногу гласови.

Комисијата за избори при ОЈО, соопшти дека најмногу гласови, 66, добил Ислам Абази. Втор, од четворицата кандидати по број на гласови е Ермон Незири со 64 гласови. Деса Пауновска има добиено 10 гласови, а Вилма Русковска 14.

По објавувањето на резултатите претседателот на Комисијата Влатко Ѓеоргиев, за Абази кажа дека е исклучително добар човек и исклучително добар професионалец.

Од Комисијата наведоа дека во рок од седум дена Ислам Абази треба да биде именуван за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Согласно Законот, како што укажаа од Комисијата, четворицата кандидати, како и избирачите имаат право на приговор во однос на резултатите од гласањето.

Комисијата информираше дека на Изборно место 1 – Вишо јавно обвинителство Битола гласале 20 обвинители. Ислам добил 13 гласови, Незири Ермон – четири гласови, Пауновска Деса нема ниту еден глас, Вилма Рускоска – еден глас. Наважечки ливчиња има две.

Изборно место број 2 – Вишо јавно обвинителство Гостивар, 18 гласачи. Ислам 16 гласови, Незири нема добиено ниту еден глас, Пауновска два гласови и Рускоска ниту еден глас.

Изборно место број 3, Вишо ЈО Скопје, гласале 91 обвинител. Ислам 24 гласови, Незири 47 гласови, Пауновска пет гласови и Рускоска 12 гласови. Едно неважечко ливче, двајца обвинители не гласале.

Изборно место број 4 – Вишо ЈО Штип – 21 гласач гласале, од 23. Ислам доби седум гласови, Незири 12 гласови, Пауновска два гласа, Рускоска нема добиено гласови.

Изборно место број 5 – ЈО на РСМ – 11 гласачи, Ислам шест гласови, Незири еден глас, Пауновска еден глас, Рускоска еден глас. Едно ливче е неважечко, еден обвинител не излегол на гласање.

The post Јолевски: Од новиот шеф на ОЈО ГОКК очекуваме повеќе завршени предмети appeared first on Република.

]]>

Очекуваме дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе си ја завршува работата онака како што треба и оти новиот шеф ќе си ги преземе сите мерки за да функционира според оние задачи и задолженија кои ги има. Дека ќе се гони криминалот, односно ќе се завршуваат повеќе предмети кои се во надлежност на тоа Обвинителство, изјави вечерва претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, откако беа соопштени разултатите од гласањето за нов шеф на ОЈОГОКК, според кои Ислам Абази доби најмногу гласови. Комисијата за избори при ОЈО, соопшти дека најмногу гласови, 66, добил Ислам Абази. Втор, од четворицата кандидати по број на гласови е Ермон Незири со 64 гласови. Деса Пауновска има добиено 10 гласови, а Вилма Русковска 14. По објавувањето на резултатите претседателот на Комисијата Влатко Ѓеоргиев, за Абази кажа дека е исклучително добар човек и исклучително добар професионалец. Од Комисијата наведоа дека во рок од седум дена Ислам Абази треба да биде именуван за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Согласно Законот, како што укажаа од Комисијата, четворицата кандидати, како и избирачите имаат право на приговор во однос на резултатите од гласањето. Комисијата информираше дека на Изборно место 1 – Вишо јавно обвинителство Битола гласале 20 обвинители. Ислам добил 13 гласови, Незири Ермон – четири гласови, Пауновска Деса нема ниту еден глас, Вилма Рускоска – еден глас. Наважечки ливчиња има две. Изборно место број 2 – Вишо јавно обвинителство Гостивар, 18 гласачи. Ислам 16 гласови, Незири нема добиено ниту еден глас, Пауновска два гласови и Рускоска ниту еден глас. Изборно место број 3, Вишо ЈО Скопје, гласале 91 обвинител. Ислам 24 гласови, Незири 47 гласови, Пауновска пет гласови и Рускоска 12 гласови. Едно неважечко ливче, двајца обвинители не гласале. Изборно место број 4 – Вишо ЈО Штип – 21 гласач гласале, од 23. Ислам доби седум гласови, Незири 12 гласови, Пауновска два гласа, Рускоска нема добиено гласови. Изборно место број 5 – ЈО на РСМ – 11 гласачи, Ислам шест гласови, Незири еден глас, Пауновска еден глас, Рускоска еден глас. Едно ливче е неважечко, еден обвинител не излегол на гласање.

The post Јолевски: Од новиот шеф на ОЈО ГОКК очекуваме повеќе завршени предмети appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Советот на јавни обвинители образложува за жалбата на Русковска: Тоа беше тешка одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-sovetot-na-javni-obviniteli-obrazlozuva-za-zalbata-na-ruskovska-toa-beshe-teshka-odluka/ Wed, 24 Aug 2022 11:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=543642

Претседателот на Советот на јавни обвинтиели Антонио Јолевски изјави дека врз основа на фактите и околностите, Советот одлучил дека додека се води кривичната постапка за постапувањето при претресот во Управата за финансиска полиција и по предметот отворен по анонимната пријава, јавната обвинителка Вилма Русковска би требало да биде оддалечена од работа со цел да не влијае со своето присуство врз текот на постапката по предметот, како и за да се утврди фактичката состојба по кривичниот предмет.

Според Јолевски, постапката во ОЈО Скопје ќе заврши брзо и ова оддалечување нема да трае долго време.

– Тоа беше тешка одлука. Сепак, доаѓа од една страна Основен јавен обвинител кој треба да гони организиран криминал и корупција, а од друга страна имаме Јавен обвинител, изјави Јолевски.

Несоработката меѓу двајцата обвинители – Русковска и Љубомир Јовески, според Јолевски, доведе до овие „непријатни состојби“.  Јавниот обвинител на РСМ, според тоа што е доставено до Советот на ЈО, Јолевски рече дека не добил информација во врска со претресот, ниту за доказите, иако согласно задолжителното упатство, сите Основни јавни обвинителства се должни да го информираат јавниот обвинител со цел координација во работењето, што овде не било случај.

Во оваа фаза, како што рече Јолевски, бидејќи не се работи за дисциплински предмет туку оддалечување од работа, тие не решаваат за одговорноста. Тука, како што посочи, имаме кривична постапка по која се утврдува дали имало некакви незаконитости во постапката. Надлежна за дисциплинската постапка е дисциплинската Комисија во ОЈО.

Прашан за содржината на жалбата на обвинителката Русковска, Јолевски рече дека таа повеќе се осврнува на дисциплинската постапка, која, како што вели, не е предмет на оценка.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-sovetot-na-javni-obviniteli-ja-drzi-stranata-na-joveski-odbiena-zalbata-na-ruskovska-suspenzijata-ostanuva/

– Овде се ценеше само дали треба да биде оддалечена од работа додека трае кривичната постапка за да се заврши успешно. Доказите треба да ги доставува пред дисциплинската комисија, а овде сосема е исклучена дисциплинската, тука е само за кривичната, рече Јолевски.

На прашањето, дали како Совет на ЈО ценеле што се случува со истрагата што ја иницираше Русковска, односно кој обвинител ќе има храброст да се зафати со оваа истрага и ќе ја истера до крај, Јолевски рече дека таа постапка продолжува.

– Да, од јавен интерес е, и затоа мислиме дека ќе биде водена таа постапка и ќе продолжи понатаму. Не може да се запре постапката по пријава ако има некакво сомневање дека од страна на финансиска полиција или поединци таму е извршено кривично дело. Мора да се заврши таа постапка и да заврши со одлука, со претходно испитување и прибавување на сите докази. Не значи дека ако Русковска е отстранета дека другите не треба да продолжат и дека врз нив ќе се врши влијание, изјави Јолевски.

Советот, посочи Јолевски, е тука да ги заштити јавните обвинители, доколку има влијанија и притисоци но досега до Советот, Русковска не се има обратено да ја заштити, ако имало некакви влијанија.

– До нас можат да се обратат обвинителите во случај кога врз нив се врши притисок или бараат заштита. Советот ќе застане на страната на обвинителите, тоа е наша работа, но со конкретни укажувања и податоци. Медиумите не се местото каде што треба да се каже, треба нас да не известат, рече Јолевски.

Советот на јавни обвинители на Република Македонија на денешната 63-та седница, едногласно одлучи жалбата за суспензијата на обвинителката Вилма Русковска да се отфрли како неоснована, со што го потврди решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава за оддалечување од работното место на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Вилма Русковска.

Седницата на Советот на ЈО, за време на дискусијата по жалбата на Русковска, беше затворена за јавноста, за, како што појасни претседателот на Советот Јолевски, заштита на интегритетот на сите јавни обвинители и предметите, кои се дел од списите.

Советот на ЈО работи со осум од 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани и се уште нема избрано нови, а обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси

The post Претседателот на Советот на јавни обвинители образложува за жалбата на Русковска: Тоа беше тешка одлука appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Советот на јавни обвинтиели Антонио Јолевски изјави дека врз основа на фактите и околностите, Советот одлучил дека додека се води кривичната постапка за постапувањето при претресот во Управата за финансиска полиција и по предметот отворен по анонимната пријава, јавната обвинителка Вилма Русковска би требало да биде оддалечена од работа со цел да не влијае со своето присуство врз текот на постапката по предметот, како и за да се утврди фактичката состојба по кривичниот предмет. Според Јолевски, постапката во ОЈО Скопје ќе заврши брзо и ова оддалечување нема да трае долго време.
– Тоа беше тешка одлука. Сепак, доаѓа од една страна Основен јавен обвинител кој треба да гони организиран криминал и корупција, а од друга страна имаме Јавен обвинител, изјави Јолевски.
Несоработката меѓу двајцата обвинители – Русковска и Љубомир Јовески, според Јолевски, доведе до овие „непријатни состојби“.  Јавниот обвинител на РСМ, според тоа што е доставено до Советот на ЈО, Јолевски рече дека не добил информација во врска со претресот, ниту за доказите, иако согласно задолжителното упатство, сите Основни јавни обвинителства се должни да го информираат јавниот обвинител со цел координација во работењето, што овде не било случај. Во оваа фаза, како што рече Јолевски, бидејќи не се работи за дисциплински предмет туку оддалечување од работа, тие не решаваат за одговорноста. Тука, како што посочи, имаме кривична постапка по која се утврдува дали имало некакви незаконитости во постапката. Надлежна за дисциплинската постапка е дисциплинската Комисија во ОЈО. Прашан за содржината на жалбата на обвинителката Русковска, Јолевски рече дека таа повеќе се осврнува на дисциплинската постапка, која, како што вели, не е предмет на оценка. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-sovetot-na-javni-obviniteli-ja-drzi-stranata-na-joveski-odbiena-zalbata-na-ruskovska-suspenzijata-ostanuva/
– Овде се ценеше само дали треба да биде оддалечена од работа додека трае кривичната постапка за да се заврши успешно. Доказите треба да ги доставува пред дисциплинската комисија, а овде сосема е исклучена дисциплинската, тука е само за кривичната, рече Јолевски.
На прашањето, дали како Совет на ЈО ценеле што се случува со истрагата што ја иницираше Русковска, односно кој обвинител ќе има храброст да се зафати со оваа истрага и ќе ја истера до крај, Јолевски рече дека таа постапка продолжува.
– Да, од јавен интерес е, и затоа мислиме дека ќе биде водена таа постапка и ќе продолжи понатаму. Не може да се запре постапката по пријава ако има некакво сомневање дека од страна на финансиска полиција или поединци таму е извршено кривично дело. Мора да се заврши таа постапка и да заврши со одлука, со претходно испитување и прибавување на сите докази. Не значи дека ако Русковска е отстранета дека другите не треба да продолжат и дека врз нив ќе се врши влијание, изјави Јолевски.
Советот, посочи Јолевски, е тука да ги заштити јавните обвинители, доколку има влијанија и притисоци но досега до Советот, Русковска не се има обратено да ја заштити, ако имало некакви влијанија.
– До нас можат да се обратат обвинителите во случај кога врз нив се врши притисок или бараат заштита. Советот ќе застане на страната на обвинителите, тоа е наша работа, но со конкретни укажувања и податоци. Медиумите не се местото каде што треба да се каже, треба нас да не известат, рече Јолевски.
Советот на јавни обвинители на Република Македонија на денешната 63-та седница, едногласно одлучи жалбата за суспензијата на обвинителката Вилма Русковска да се отфрли како неоснована, со што го потврди решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава за оддалечување од работното место на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Вилма Русковска. Седницата на Советот на ЈО, за време на дискусијата по жалбата на Русковска, беше затворена за јавноста, за, како што појасни претседателот на Советот Јолевски, заштита на интегритетот на сите јавни обвинители и предметите, кои се дел од списите. Советот на ЈО работи со осум од 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани и се уште нема избрано нови, а обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси

The post Претседателот на Советот на јавни обвинители образложува за жалбата на Русковска: Тоа беше тешка одлука appeared first on Република.

]]>