антон попов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anton-popov/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Jul 2022 15:42:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png антон попов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anton-popov/ 32 32 „Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира“, пееле Вапцаров и Попов во стројот за отстрел на стрелиштето во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toj-shto-kje-padne-v-boj-za-sloboda-toj-ne-umira-peele-vapcarov-i-popov-vo-strojot-za-otstrel-na-strelishteto-vo-sofija/ Sat, 23 Jul 2022 15:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=532462

На денешен ден пред 80 години, на 23 jули 1942 година во 21 часот и 10 минути, од страна на бугарските фашисти на гарнизонското стрелиште во Софија се стрелани двајца видни Македонци, Никола Вапцаров и Антон Попов, револуционери од Пиринскиот дел на Македонија.

Вапцаров и Попов се основачи и меѓу најистакнатите членови на МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК, кој бил формиран 1938 година во Софија. И двајцата Македонци до коска.

Нивна наjсвета мечта беше да ја видат својата таковина Македониjа слободна и независна. Изгореа во борбата за остварувањето на оваа цел.
Ќе остане вечно запаметен, македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров, по зборовите “Ние сме Македонци, затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза!“ искажани во рефератот напишан за основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок во Софија во 1938 година.

„На нас, како Македонци што пишуваат, ни е неопходна една правична емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени... Зошто ако последните години македонската револуционерна борба тапка во место, ми се чини дека причината е во недостигот на жива творечка сила... Се случи така што во српска и грчка Македонија (Вардарска и Егејска) великобугарските утопии се оладуваат и јакне едно поколение инспирирано од лозунгот - Слободна и независна Македонија.

Тоа е најважната етапа од македонското прашање кое навреме не го забележавме и за чие преспивање носиме одговорност...Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха...Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме...

- Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.“

Антон Попов во својот дневник во 1938 година, во текстот „Млада Македонија“ ќе напише:

„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари... Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа.
Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух - не беше признат.
Историјата на човештвото е полна со неправди.
Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?... Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа?...“

Од бугарските власти е фатен и Како учесник во илегалната организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III фатен е и затворен. Осуден е на смрт... На 23 јули 1942 година, Никола Јонков Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов

НИКОЛА ЈОНКОВ ВАЦАРОВ (1909-1942)

[caption id="attachment_532466" align="alignnone" width="640"] Фотографиja направена непосредно пред стрелањето[/caption]

Никола Јонков Вапцаров е роден во Банско, Пиринскиот дел на Македонија, на 24 ноември 1909 година, во протестантско семејство кое било посветено на македонското ослободително движење. За време на турското владеење, неговите родители активно се вклучуваат во борбата на Македонскиот народ за самостојност и за Македонска држава. Таткото Јонко бил комита, а мајката Елена, родена Везјова, учителка која се школувала во американскиот колеџ во Самоков. Израснат во патриотско семејство, кај Никола се развива љубовта кон татковината, македонскиот народ и книгата.

Никола се стекнал со основно образование и шести клас гимназија во Банско и Разлог, а потоа се запишал на Воено-морнарското училиште во Варна. Во Варна, Никола за првпат се сретнал со комунистичкото движење и станал член на марксистичко-ленинистички кружок. Во Варна го публикувал и своето прво поетско дело, стихозбирката “Кон светлите идеали“. По завршувањето на Воено-морнарското училиште во 1932 година, Никола како машински техничар плови со брод за Северна Африка.

Меѓутоа, поморската кариера која е поврзана со долги отсуства од копното и партиските другари не го привлекува и тој се вработува како машинист во фабрика за хартија во селото Кочериново. Таму ја сретнал својата идна сопруга Бојка Димитрова, дете на доселени Македонци од Егејскиот дел на Македонија и пред женидбата преминал во православие.

Продолжувајќи со своите партиски активности, Никола ја пропагирал идејата за класен преврат, со што го навлекол вниманието на бугарските власти. Во 1933 година поради неговата политичка дејност, повеќепати бил претепан, притворен и распрашуван. Набргу потоа, на враќање од Горна Џумаја за Кочериново врз него бил извршен неуспешен обид за негова ликвидација. Валканата работа, власта му ја наложила на Ванчо Михајлов и неговите соработници, па Никола со писмо му се обратил, прашувајќи го зошто сакаат да го убијат? Подоцна овие случувања ќе го инспирираат да ја напише стихотворбата “Песна“.

Во 1935 година, економската криза ја затвара фабриката во која работел Никола. Успеал со работниците да издејствува фабриката да продолжи со работа, но заради неговите револуционерни идеи тој станал непожелен. Во периодот 1936-1937 година неговото семејство поминува низ тешки искушенија. Никола бил без работа, болен, детето му починало, а семејството го зафаќа тешка сиромаштија. Но, и покрај сите тешкотии, Никола не се предава. Заедно со другарите кои го помагаат и поддржуваат, Никола се бори да ја надмине кризата.

По долго време, Никола добил работа како машинист во мелница во Софија. Работел во тешки услови по 12 часа дневно. Сепак и покрај уморот, тој не се откажал од пишувањето, а неговите стихови биле објавувани во тогашните прогресивни весници. Иритирани од неговата дејност, бугарската власт му вршела опструкции, а Никола не можел да најде постојана работа. Меѓутоа, другарите му помагаат да се вработи во кланица.

Во овој период и неговата жена Бојка наоѓа работа, така семејството има доволно средства да се издржува. Иако работата во кланица била тешка, Никола таму работи помалку часови. Тоа ќе му овозможи повеќе време за да се посвети на пишувањето.

Во 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок, во чиј состав како членови се вклучуваат литерати од лева ориентација, од сите три дела на распарчена Македонија. Јадрото на програмски обновениот Македонски литературен кружок го сочинуваат Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), Кирил Николов, Асен Шурдов, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Митрев и други. Подоцна се вклучуваат Венко Марковски, Коле Неделковски и новинарот Митко Зафировски. Македонскиот литературен кружок претставува еден од најзначајните настани кои придонесоа во развојот на македонската национална свест.

Во кружокот особено значајни биле рефератите на Никола Вапцаров и Антон Попов. Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), член на ВМРО-Обединета и познат македонски општественик и поет меѓу двете светски војни во Бугарија, осврнувајќи се на рефератот на Вапцарев, кој бил подготвен за обновување на кружокот во октомври 1938 година, ќе забележи:

“Од корен се разликуваше од дотогаш слушнатите од нас реферати на тајните собири, конференции и заседанија... Тоа не беше обичен реферат, ами една искрена исповед, една другарска покана за исполнување на светиот долг кон нашиот народ...“ Цитирајќи го Вапцаров, Ангел Жаров ќе ги забележи насоките кон кои треба да се насочи кружокот, а во кои се вели: “Треба да се собереме, да се организираме, да ги дадеме своите сили за слобoдата на нашиот измачен Македонски народ. Нашата македонска историја е полна со ликови, славни подвизи, големи револуционерни, настани, легендарни борци. Нашата народна песна е чудно мелодична и возбудлива. Но, сето тоа уште не го нашло својот одраз во литературата...“ Подоцна, Никола Вапцаров ја напишал стихотворбата “Доклад" (своевиден реферат) во која овие основни идеи се изразени во прекрасна уметничка форма.

Никола Јонков Вапцаров бил еден од оснивачите на списанието “Литературен критик“, кое претрпело голем број на цензури и набрзо било забрането. Пишувал главно поезија, на бугарски јазик, и станува познат како автор на две поетски збирки: “Моторни песни“ која е објавена во Софија во 1940 година и “Антологија“, објавена посмртно во Софија, во 1946 година. Автор е на драмата “Деветтиот бран“, на книга со песни за деца и на серија критички записи и прозно-публицистички текстови.

Никола Вапцаров активно се вклучува во антифашистичкиот отпар. Во 1940 година поради активности во Пиринскиот дел на Макаедонија бил уапсен и интерниран во Годеч. По враќањето во септември 1941 година, зел учество во саботажи против германската војска, набавувал документи и ги криел илегалците. Набргу, бил фатен од бугарските власти и како учесник во илегална организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III е затворен и осуден на смрт. На 23 јули 1942 година, Никола Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов.
Поезија пишувал главно на бугарски јазик. Посмртно доживува вистинска литературна слава, извишувајќи се како големо име на новата бугарска литература.

Веднаш по Втората светска војна славата му се простира и во Македонија. Како дводомен автор (бугарски и македонски), чии стихови и други творби за Македонија претставуваат висок уметнички дострел. Никола Вапцаров станува легенда на младата македонска книжевност, доживува литературна слава во Македонија.

За време на Информбирото во 1948 година, по заострувањето на односите меѓу двете Југославија и Бугарија, Софија започнува вистинска хајка против “македонското присвојување“ на Вапцаровото книжевно дело, која кулминира во 1979 година со бојкот на Струшките вечери на поезијата. Односот кон делото на Вапцаров се менува по 2000 година и тоа повторно станува мост меѓу двете блиски литератури.

АНТОН ПОПОВ (1915-1942)

[caption id="attachment_532465" align="alignnone" width="621"] Фотографиja направена непосредно пред стрелањето[/caption]

Антон Попов е роден во с. Игуменец, Петричко, Пиринскиот дел на Македонија, на 23 јули 1915 година, во револуционерно семејство. Дедо му Константин Попстојанов, бил убиен од заседа од Турците. Во таква заседа погинал и вујкото на татко му Митре Стојанов. Татко му кој ги бранел интересите на селаните, бил обесен од врховистите на 22 октомври 1923 година.

Своето основно образование Антон Попов го добил во своето родно село Игуменец, петричко. Потоа учел во Петрич, се преместил во Самоков, од каде што го исклучиле поради учество во ученички антифашистички кружок. Образованието го продолжува во Неврокоп каде што го завршува средно образование во 1933 година. Истата година Антон станува учител во своето родно село. Наредната учебна година учителствува во село Скрт, а потоа повторно се враќа во родното село. Попов како учител се труди да создаде подобри услови за своите ученици и да ги воспита како достојни граѓани: горди и справедливи, смели и самостојни, што ја сакаат својата родна македонска земја и што ги почитуваат сите луѓе на планетата земја. Тој се зазема и организира интернат и кујна за сиромашните ученици, каде што се сместуваат повеќе од 100 деца. Во исто време Антон продолжува како и татко му да ги брани своите соселани од разни банди.
Антон Попов е македонски поет, раскажувач, новинар, национален деец. Основоположник и член е на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Учествува во националното и антифашистичкото движење... Антон Попов е меѓу првите публицисти кои ја проследија и афирмираа македонската национална мисла! Љубовта кон татковината Македонија, нејзината историја и традиција, нејзината слобода и иднина се тема во севкупното негово книжевно и публицистичко дело.

Антон Попов се обидува да издаде македонски весник, но неговите заложби пропаѓаат поради решителниот отпор на власта. Разочаран, тој мечтае да замине во Софија каде очекува да најде сродни лица, “луѓе со душа, умови...“ Набргу желбите му се исполнуваат. Во 1936 година Антон Попов се запишал во Државното високо училиште за финансии и административни науки во Софија, а есента 1937 година станува чиновник во Софиската општина.

Во почетокот на месец ноември 1938 година се формира Македонскиот литературен кружок, во чие основање Антон зел активно учество. Три години Антон работел неуморно во кружокот. Мошне често тој држел реферати за стихови или раскази, учествувал во организирањето литературни читања, екскурзии, вечеринки и во собранија на емиграцијата. Освен тоа, тој ги придобил истакнатите писатели за борба против војната, учествувал во работата на македонската партиска група, пишувал репортажи, стихови и статии и во слободно време покрај другото читал македонска историска литература.

Во Македонскиот литературен кружок, Антон Попов се оформи наполно како македонски патриот, како верен син на својот поробен народ и во исто време како пламенен борец за среќата на сите луѓе. Антон Попов ја сакаше Македонија и Македонскиот народ со љубов чиста, нежна, неизмерна по сила и ширина. Тоа беше љубов готова за жртва. Низ сопствениот пример покажува како се сака и се брани татковината! И не случајно во своето последно писмо пред стрелањето во затворот тој напишал: “Умирам горд со името на мојот татко! Умирам горд со името на мојот народ, за чие добро работев до последниот миг, за чија добра иднина умирам! Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку светлина, со толку убавина, така што мојата жртва за него не е ништо!“

Во својот возбудлив патепис “Патни белешки и размислувања" тој пишува: “...Таму е мојата родна земја... Таму е мојот ајдучки Пирин, од први детски години запишан со песни, приказни и легенди во мојата душа, што извишил снежно-сини рамења во висините, што ги заковал очите далеку во просторот, цртајќи ги со остар поглед границите на татковината моја - до Шара, до Егејот, до Родопите и Рила." Во исто време, пак, во своето последно писмо Антон Попов пишува: “Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со таква силна светлина, со таква убавина, што мојата жртва за него ќе биде ништо!"

Антон Попов во своите стихотворби изразува нежна љубов спрема својата татковина, спрема својот народ: ја искажува својата вера во блиското ослободување и обединување на Македонија. Во своите репортажи тој ги открива страдањата, маките на работниците, црта потресни слики од експлоатацијата на тутунските производители, на жените и на децата. Од самите наслови на неговите репортажи се гледа нивната содржина. Еве некои од нив: “Болките на нашите јужнаци“, “Така работат и страдаат тутунопроизводителите“, “Тој откраднува недосонувани детски соништа“, “Над Пирин облаците се згуснуваат“ и други.

Во есента 1941 година, заедно со својот неразделен другар Никола Јонков Вапцаров се вклучува во партиска работа во воениот центар на БКП. Антон Попов го започнува илегалниот живот исполнетиот со опасности и ризици. Тој пренесува луѓе од составот на ЦК од стан на стан, купува и им приготвува храна, пренесува оружје и парични средства касно во ноќта, вешто ги уништува трагите од будното око на полицијата... Во својата илегална работа Антон ја вовлекува својата мајка и сестра. Станува раководител на борбени групи.

Но, и непријателот не спие. Во групата е вовлечен провокатор и по само неколку месеци настанува провала. На 4 март е фатен Никола Јонков Вапцаров. Антон Попов иако има извесна можност да се скрие, сепак тој не превзема ништо. Смета дека треба да ја продолжи работата, особено по таквата провала. Но, полицијата е по неговите траги и на 24 април 1942 година го апси.

На 22 јули 1942 година воениот суд му изрече смртна пресуда со стрелање. Заедно со него на смрт беа осудени и Антон Иванов, Атанас Романов, Никола Вапцаров, Антон Попов, Петар Богданов и Георги Минчев. Во судската сала настапува неверување. После се слушаат стенкања и плач на блиските. Истиот ден Антон Попов се венчава со свршеницата Росица Манолова. Стрелан е на 20 октомври 1942 година заедно со Антон Иванов, Атанас Романов, Никола Вапцаров, Петар Богданов и Георги Минчев.

Пред да се чујат истрлите на смртта, се слуша друга, позната, убава песна, којашто излегува од градите на нескршливите бестрашни борци: “Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира!“

Во стројот за отстрел, со пламнато лице, со поглед во иднината, претставувајќи си го Македонскиот народ слободен и обединет и светлата иднина на целото човештво, пее со силен глас и непрежалениот Антон Попов...

The post „Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира“, пееле Вапцаров и Попов во стројот за отстрел на стрелиштето во Софија appeared first on Република.

]]>

На денешен ден пред 80 години, на 23 jули 1942 година во 21 часот и 10 минути, од страна на бугарските фашисти на гарнизонското стрелиште во Софија се стрелани двајца видни Македонци, Никола Вапцаров и Антон Попов, револуционери од Пиринскиот дел на Македонија. Вапцаров и Попов се основачи и меѓу најистакнатите членови на МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК, кој бил формиран 1938 година во Софија. И двајцата Македонци до коска. Нивна наjсвета мечта беше да ја видат својата таковина Македониjа слободна и независна. Изгореа во борбата за остварувањето на оваа цел. Ќе остане вечно запаметен, македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров, по зборовите “Ние сме Македонци, затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза!“ искажани во рефератот напишан за основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок во Софија во 1938 година.
„На нас, како Македонци што пишуваат, ни е неопходна една правична емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени... Зошто ако последните години македонската револуционерна борба тапка во место, ми се чини дека причината е во недостигот на жива творечка сила... Се случи така што во српска и грчка Македонија (Вардарска и Егејска) великобугарските утопии се оладуваат и јакне едно поколение инспирирано од лозунгот - Слободна и независна Македонија. Тоа е најважната етапа од македонското прашање кое навреме не го забележавме и за чие преспивање носиме одговорност...Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха...Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме... - Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.“
Антон Попов во својот дневник во 1938 година, во текстот „Млада Македонија“ ќе напише:
„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари... Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух - не беше признат. Историјата на човештвото е полна со неправди. Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?... Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа?...“
Од бугарските власти е фатен и Како учесник во илегалната организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III фатен е и затворен. Осуден е на смрт... На 23 јули 1942 година, Никола Јонков Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов НИКОЛА ЈОНКОВ ВАЦАРОВ (1909-1942) [caption id="attachment_532466" align="alignnone" width="640"] Фотографиja направена непосредно пред стрелањето[/caption] Никола Јонков Вапцаров е роден во Банско, Пиринскиот дел на Македонија, на 24 ноември 1909 година, во протестантско семејство кое било посветено на македонското ослободително движење. За време на турското владеење, неговите родители активно се вклучуваат во борбата на Македонскиот народ за самостојност и за Македонска држава. Таткото Јонко бил комита, а мајката Елена, родена Везјова, учителка која се школувала во американскиот колеџ во Самоков. Израснат во патриотско семејство, кај Никола се развива љубовта кон татковината, македонскиот народ и книгата. Никола се стекнал со основно образование и шести клас гимназија во Банско и Разлог, а потоа се запишал на Воено-морнарското училиште во Варна. Во Варна, Никола за првпат се сретнал со комунистичкото движење и станал член на марксистичко-ленинистички кружок. Во Варна го публикувал и своето прво поетско дело, стихозбирката “Кон светлите идеали“. По завршувањето на Воено-морнарското училиште во 1932 година, Никола како машински техничар плови со брод за Северна Африка. Меѓутоа, поморската кариера која е поврзана со долги отсуства од копното и партиските другари не го привлекува и тој се вработува како машинист во фабрика за хартија во селото Кочериново. Таму ја сретнал својата идна сопруга Бојка Димитрова, дете на доселени Македонци од Егејскиот дел на Македонија и пред женидбата преминал во православие. Продолжувајќи со своите партиски активности, Никола ја пропагирал идејата за класен преврат, со што го навлекол вниманието на бугарските власти. Во 1933 година поради неговата политичка дејност, повеќепати бил претепан, притворен и распрашуван. Набргу потоа, на враќање од Горна Џумаја за Кочериново врз него бил извршен неуспешен обид за негова ликвидација. Валканата работа, власта му ја наложила на Ванчо Михајлов и неговите соработници, па Никола со писмо му се обратил, прашувајќи го зошто сакаат да го убијат? Подоцна овие случувања ќе го инспирираат да ја напише стихотворбата “Песна“. Во 1935 година, економската криза ја затвара фабриката во која работел Никола. Успеал со работниците да издејствува фабриката да продолжи со работа, но заради неговите револуционерни идеи тој станал непожелен. Во периодот 1936-1937 година неговото семејство поминува низ тешки искушенија. Никола бил без работа, болен, детето му починало, а семејството го зафаќа тешка сиромаштија. Но, и покрај сите тешкотии, Никола не се предава. Заедно со другарите кои го помагаат и поддржуваат, Никола се бори да ја надмине кризата. По долго време, Никола добил работа како машинист во мелница во Софија. Работел во тешки услови по 12 часа дневно. Сепак и покрај уморот, тој не се откажал од пишувањето, а неговите стихови биле објавувани во тогашните прогресивни весници. Иритирани од неговата дејност, бугарската власт му вршела опструкции, а Никола не можел да најде постојана работа. Меѓутоа, другарите му помагаат да се вработи во кланица. Во овој период и неговата жена Бојка наоѓа работа, така семејството има доволно средства да се издржува. Иако работата во кланица била тешка, Никола таму работи помалку часови. Тоа ќе му овозможи повеќе време за да се посвети на пишувањето. Во 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок, во чиј состав како членови се вклучуваат литерати од лева ориентација, од сите три дела на распарчена Македонија. Јадрото на програмски обновениот Македонски литературен кружок го сочинуваат Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), Кирил Николов, Асен Шурдов, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Митрев и други. Подоцна се вклучуваат Венко Марковски, Коле Неделковски и новинарот Митко Зафировски. Македонскиот литературен кружок претставува еден од најзначајните настани кои придонесоа во развојот на македонската национална свест. Во кружокот особено значајни биле рефератите на Никола Вапцаров и Антон Попов. Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), член на ВМРО-Обединета и познат македонски општественик и поет меѓу двете светски војни во Бугарија, осврнувајќи се на рефератот на Вапцарев, кој бил подготвен за обновување на кружокот во октомври 1938 година, ќе забележи:
“Од корен се разликуваше од дотогаш слушнатите од нас реферати на тајните собири, конференции и заседанија... Тоа не беше обичен реферат, ами една искрена исповед, една другарска покана за исполнување на светиот долг кон нашиот народ...“ Цитирајќи го Вапцаров, Ангел Жаров ќе ги забележи насоките кон кои треба да се насочи кружокот, а во кои се вели: “Треба да се собереме, да се организираме, да ги дадеме своите сили за слобoдата на нашиот измачен Македонски народ. Нашата македонска историја е полна со ликови, славни подвизи, големи револуционерни, настани, легендарни борци. Нашата народна песна е чудно мелодична и возбудлива. Но, сето тоа уште не го нашло својот одраз во литературата...“ Подоцна, Никола Вапцаров ја напишал стихотворбата “Доклад" (своевиден реферат) во која овие основни идеи се изразени во прекрасна уметничка форма.
Никола Јонков Вапцаров бил еден од оснивачите на списанието “Литературен критик“, кое претрпело голем број на цензури и набрзо било забрането. Пишувал главно поезија, на бугарски јазик, и станува познат како автор на две поетски збирки: “Моторни песни“ која е објавена во Софија во 1940 година и “Антологија“, објавена посмртно во Софија, во 1946 година. Автор е на драмата “Деветтиот бран“, на книга со песни за деца и на серија критички записи и прозно-публицистички текстови. Никола Вапцаров активно се вклучува во антифашистичкиот отпар. Во 1940 година поради активности во Пиринскиот дел на Макаедонија бил уапсен и интерниран во Годеч. По враќањето во септември 1941 година, зел учество во саботажи против германската војска, набавувал документи и ги криел илегалците. Набргу, бил фатен од бугарските власти и како учесник во илегална организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III е затворен и осуден на смрт. На 23 јули 1942 година, Никола Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов. Поезија пишувал главно на бугарски јазик. Посмртно доживува вистинска литературна слава, извишувајќи се како големо име на новата бугарска литература. Веднаш по Втората светска војна славата му се простира и во Македонија. Како дводомен автор (бугарски и македонски), чии стихови и други творби за Македонија претставуваат висок уметнички дострел. Никола Вапцаров станува легенда на младата македонска книжевност, доживува литературна слава во Македонија. За време на Информбирото во 1948 година, по заострувањето на односите меѓу двете Југославија и Бугарија, Софија започнува вистинска хајка против “македонското присвојување“ на Вапцаровото книжевно дело, која кулминира во 1979 година со бојкот на Струшките вечери на поезијата. Односот кон делото на Вапцаров се менува по 2000 година и тоа повторно станува мост меѓу двете блиски литератури. АНТОН ПОПОВ (1915-1942) [caption id="attachment_532465" align="alignnone" width="621"] Фотографиja направена непосредно пред стрелањето[/caption] Антон Попов е роден во с. Игуменец, Петричко, Пиринскиот дел на Македонија, на 23 јули 1915 година, во револуционерно семејство. Дедо му Константин Попстојанов, бил убиен од заседа од Турците. Во таква заседа погинал и вујкото на татко му Митре Стојанов. Татко му кој ги бранел интересите на селаните, бил обесен од врховистите на 22 октомври 1923 година. Своето основно образование Антон Попов го добил во своето родно село Игуменец, петричко. Потоа учел во Петрич, се преместил во Самоков, од каде што го исклучиле поради учество во ученички антифашистички кружок. Образованието го продолжува во Неврокоп каде што го завршува средно образование во 1933 година. Истата година Антон станува учител во своето родно село. Наредната учебна година учителствува во село Скрт, а потоа повторно се враќа во родното село. Попов како учител се труди да создаде подобри услови за своите ученици и да ги воспита како достојни граѓани: горди и справедливи, смели и самостојни, што ја сакаат својата родна македонска земја и што ги почитуваат сите луѓе на планетата земја. Тој се зазема и организира интернат и кујна за сиромашните ученици, каде што се сместуваат повеќе од 100 деца. Во исто време Антон продолжува како и татко му да ги брани своите соселани од разни банди. Антон Попов е македонски поет, раскажувач, новинар, национален деец. Основоположник и член е на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Учествува во националното и антифашистичкото движење... Антон Попов е меѓу првите публицисти кои ја проследија и афирмираа македонската национална мисла! Љубовта кон татковината Македонија, нејзината историја и традиција, нејзината слобода и иднина се тема во севкупното негово книжевно и публицистичко дело. Антон Попов се обидува да издаде македонски весник, но неговите заложби пропаѓаат поради решителниот отпор на власта. Разочаран, тој мечтае да замине во Софија каде очекува да најде сродни лица, “луѓе со душа, умови...“ Набргу желбите му се исполнуваат. Во 1936 година Антон Попов се запишал во Државното високо училиште за финансии и административни науки во Софија, а есента 1937 година станува чиновник во Софиската општина. Во почетокот на месец ноември 1938 година се формира Македонскиот литературен кружок, во чие основање Антон зел активно учество. Три години Антон работел неуморно во кружокот. Мошне често тој држел реферати за стихови или раскази, учествувал во организирањето литературни читања, екскурзии, вечеринки и во собранија на емиграцијата. Освен тоа, тој ги придобил истакнатите писатели за борба против војната, учествувал во работата на македонската партиска група, пишувал репортажи, стихови и статии и во слободно време покрај другото читал македонска историска литература. Во Македонскиот литературен кружок, Антон Попов се оформи наполно како македонски патриот, како верен син на својот поробен народ и во исто време како пламенен борец за среќата на сите луѓе. Антон Попов ја сакаше Македонија и Македонскиот народ со љубов чиста, нежна, неизмерна по сила и ширина. Тоа беше љубов готова за жртва. Низ сопствениот пример покажува како се сака и се брани татковината! И не случајно во своето последно писмо пред стрелањето во затворот тој напишал: “Умирам горд со името на мојот татко! Умирам горд со името на мојот народ, за чие добро работев до последниот миг, за чија добра иднина умирам! Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку светлина, со толку убавина, така што мојата жртва за него не е ништо!“ Во својот возбудлив патепис “Патни белешки и размислувања" тој пишува: “...Таму е мојата родна земја... Таму е мојот ајдучки Пирин, од први детски години запишан со песни, приказни и легенди во мојата душа, што извишил снежно-сини рамења во висините, што ги заковал очите далеку во просторот, цртајќи ги со остар поглед границите на татковината моја - до Шара, до Егејот, до Родопите и Рила." Во исто време, пак, во своето последно писмо Антон Попов пишува: “Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со таква силна светлина, со таква убавина, што мојата жртва за него ќе биде ништо!" Антон Попов во своите стихотворби изразува нежна љубов спрема својата татковина, спрема својот народ: ја искажува својата вера во блиското ослободување и обединување на Македонија. Во своите репортажи тој ги открива страдањата, маките на работниците, црта потресни слики од експлоатацијата на тутунските производители, на жените и на децата. Од самите наслови на неговите репортажи се гледа нивната содржина. Еве некои од нив: “Болките на нашите јужнаци“, “Така работат и страдаат тутунопроизводителите“, “Тој откраднува недосонувани детски соништа“, “Над Пирин облаците се згуснуваат“ и други. Во есента 1941 година, заедно со својот неразделен другар Никола Јонков Вапцаров се вклучува во партиска работа во воениот центар на БКП. Антон Попов го започнува илегалниот живот исполнетиот со опасности и ризици. Тој пренесува луѓе од составот на ЦК од стан на стан, купува и им приготвува храна, пренесува оружје и парични средства касно во ноќта, вешто ги уништува трагите од будното око на полицијата... Во својата илегална работа Антон ја вовлекува својата мајка и сестра. Станува раководител на борбени групи. Но, и непријателот не спие. Во групата е вовлечен провокатор и по само неколку месеци настанува провала. На 4 март е фатен Никола Јонков Вапцаров. Антон Попов иако има извесна можност да се скрие, сепак тој не превзема ништо. Смета дека треба да ја продолжи работата, особено по таквата провала. Но, полицијата е по неговите траги и на 24 април 1942 година го апси. На 22 јули 1942 година воениот суд му изрече смртна пресуда со стрелање. Заедно со него на смрт беа осудени и Антон Иванов, Атанас Романов, Никола Вапцаров, Антон Попов, Петар Богданов и Георги Минчев. Во судската сала настапува неверување. После се слушаат стенкања и плач на блиските. Истиот ден Антон Попов се венчава со свршеницата Росица Манолова. Стрелан е на 20 октомври 1942 година заедно со Антон Иванов, Атанас Романов, Никола Вапцаров, Петар Богданов и Георги Минчев. Пред да се чујат истрлите на смртта, се слуша друга, позната, убава песна, којашто излегува од градите на нескршливите бестрашни борци: “Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира!“ Во стројот за отстрел, со пламнато лице, со поглед во иднината, претставувајќи си го Македонскиот народ слободен и обединет и светлата иднина на целото човештво, пее со силен глас и непрежалениот Антон Попов...

The post „Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира“, пееле Вапцаров и Попов во стројот за отстрел на стрелиштето во Софија appeared first on Република.

]]>