Антологија на српскиот филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antologija-na-srpskiot-film/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Apr 2022 06:49:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Антологија на српскиот филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antologija-na-srpskiot-film/ 32 32 Избор од стоте антологиски наслови од српската кинематографија од 5-11 мај во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izbor-od-stote-antologiski-naslovi-od-srpskata-kinematografija-od-5-11-maj-vo-kinoteka/ Wed, 27 Apr 2022 06:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=494061

Од 5 мај (четврток) до 11 мај (среда) 2022 година во Кинотеката на Р.Македонија ќе бидат прикажани 11 класични наслови од српската кинематографија, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век.

Се работи за насловите КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? (Ko to tamo peva? / Who is Singing There?), МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug / The Marathon Family), ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 (Varljivo leto '68 / The Elusive Summer of '68), БАЛКАНСКИ ШПИОН (Balkanski špijun / Balkan Spy), НАЦИОНАЛНА КЛАСА (Nacionalna klasa / National Class Category Up to 785 Ccm), ПЛАСТИЧЕН ИСУС (Plastični Isus / Plastic Jesus), КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ (Kad budem mrtav i beo / When I Am Dead and Gone), ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ (Ljubavni slucaj ili tragedija sluzbenice P.T.T. / Love Affair, or The Case of the Missing Switchboard Operator), ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА (Petrijin venac / Petria's Wreath), ЉУБОВ И МОДА (Ljubav i moda / Love and fashion) и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ (Davitelj protiv davitelja / Strangler vs. Strangler).

Автори на филмовите се Слободан Шијан (Slobodan Šijan)Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević)Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević), Божидар Николиќ (Božidar Nikolić), Горан Марковиќ (Goran Marković), Лазар Стојановиќ (Lazar Stojanović), Живоин Павловиќ (Živojin Pavlović), Душан Макавеев (Dušan Makavejev), Срѓан Карановиќ (Srđan Karanović ) и Љубомир Радичевиќ (Ljubomir Radičević).

Филмовите во овој избор се дел од стоте антологиски наслови снимени од српски режисери во периодот од 1911 до 1999, а кои во 2016-та беа прогласени за национално добро од големо значење во Србија. Тие се дел од проектот „VIP Кинотека“ чија цел е да се сочуваат и заштитат филмовите кои ја одбележале српската кинематографија; процесот на дигитална реставрација на српското филмско наследство е реализирано во Одделението за дигитализација и дигитална реставрација при архивот на Југословенската Кинотека во Белград.

ЉУБОВ И МОДА е генерациски „исписник“ со веќе етаблираниот модернизам во литературата, театарот, џез и поп музиката. КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ, ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ и ПЛАСТИЧЕН ИСУС како фиданки на „црното семе“ на реализмот кореспондираат со мрачните тонови во литературата, сликарството и другите уметности.

Насловите: ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА, НАЦИОНАЛНА КЛАСА, ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’68, КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ?МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ, БАЛКАНСКИ ШПИОН и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ – се продуцирани во почетокот на 1980-тите години. Не може, а да не се повлече паралела со вистинската експлозија на новите трендови во рокенролот („новиот бран“ на бендовите од Белград, Загреб и Љубљана) и театарот (врвот на БИТЕФ-Белградски интернационален театарски фестивал, ЕУРОКАЗ-Загреб) меѓу останатите уметности, но и мултимедијалноста како израз.

Овој златен пресек на српската кинематографија секако не може да мине и без потенцирањето на филмовите на некогашните студенти на прочуената филмска академија ФАМУ од Прага, Чешка. Филмовите на Срѓан Карановиќ, Горан Марковиќ и Горан Паскаљевиќ се дел од таа неформална „чешка школа“ во ексјугословенската кинематографија, иако се понекогаш сосем различни според авторските интереси.

Југословенската Кинотека, основана во 1949 годинаденес спаѓа во петте најзначајни филмски архиви во светот. Покрај богатата збирка филмови од југословенската и српската национална кинематографија, оваа Кинотека располага и со огромен фонд странски филмови, добиени како размена со другите странски архиви, депонирани од физички и правни лица, како и преземени од широката киноприкажувачка мрежа.

Настанот е во организација на: Кинотеката, Југословенска Кинотека, Српската Амбасада во Скопје, и СПОНА.

Целосна програма ТУКА

The post Избор од стоте антологиски наслови од српската кинематографија од 5-11 мај во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Од 5 мај (четврток) до 11 мај (среда) 2022 година во Кинотеката на Р.Македонија ќе бидат прикажани 11 класични наслови од српската кинематографија, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век.

Се работи за насловите КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? (Ko to tamo peva? / Who is Singing There?), МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug / The Marathon Family), ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 (Varljivo leto '68 / The Elusive Summer of '68), БАЛКАНСКИ ШПИОН (Balkanski špijun / Balkan Spy), НАЦИОНАЛНА КЛАСА (Nacionalna klasa / National Class Category Up to 785 Ccm), ПЛАСТИЧЕН ИСУС (Plastični Isus / Plastic Jesus), КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ (Kad budem mrtav i beo / When I Am Dead and Gone), ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ (Ljubavni slucaj ili tragedija sluzbenice P.T.T. / Love Affair, or The Case of the Missing Switchboard Operator), ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА (Petrijin venac / Petria's Wreath), ЉУБОВ И МОДА (Ljubav i moda / Love and fashion) и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ (Davitelj protiv davitelja / Strangler vs. Strangler).

Автори на филмовите се Слободан Шијан (Slobodan Šijan)Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević)Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević), Божидар Николиќ (Božidar Nikolić), Горан Марковиќ (Goran Marković), Лазар Стојановиќ (Lazar Stojanović), Живоин Павловиќ (Živojin Pavlović), Душан Макавеев (Dušan Makavejev), Срѓан Карановиќ (Srđan Karanović ) и Љубомир Радичевиќ (Ljubomir Radičević).

Филмовите во овој избор се дел од стоте антологиски наслови снимени од српски режисери во периодот од 1911 до 1999, а кои во 2016-та беа прогласени за национално добро од големо значење во Србија. Тие се дел од проектот „VIP Кинотека“ чија цел е да се сочуваат и заштитат филмовите кои ја одбележале српската кинематографија; процесот на дигитална реставрација на српското филмско наследство е реализирано во Одделението за дигитализација и дигитална реставрација при архивот на Југословенската Кинотека во Белград.

ЉУБОВ И МОДА е генерациски „исписник“ со веќе етаблираниот модернизам во литературата, театарот, џез и поп музиката. КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ, ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ и ПЛАСТИЧЕН ИСУС како фиданки на „црното семе“ на реализмот кореспондираат со мрачните тонови во литературата, сликарството и другите уметности.

Насловите: ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА, НАЦИОНАЛНА КЛАСА, ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’68, КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ?МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ, БАЛКАНСКИ ШПИОН и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ – се продуцирани во почетокот на 1980-тите години. Не може, а да не се повлече паралела со вистинската експлозија на новите трендови во рокенролот („новиот бран“ на бендовите од Белград, Загреб и Љубљана) и театарот (врвот на БИТЕФ-Белградски интернационален театарски фестивал, ЕУРОКАЗ-Загреб) меѓу останатите уметности, но и мултимедијалноста како израз.

Овој златен пресек на српската кинематографија секако не може да мине и без потенцирањето на филмовите на некогашните студенти на прочуената филмска академија ФАМУ од Прага, Чешка. Филмовите на Срѓан Карановиќ, Горан Марковиќ и Горан Паскаљевиќ се дел од таа неформална „чешка школа“ во ексјугословенската кинематографија, иако се понекогаш сосем различни според авторските интереси.

Југословенската Кинотека, основана во 1949 годинаденес спаѓа во петте најзначајни филмски архиви во светот. Покрај богатата збирка филмови од југословенската и српската национална кинематографија, оваа Кинотека располага и со огромен фонд странски филмови, добиени како размена со другите странски архиви, депонирани од физички и правни лица, како и преземени од широката киноприкажувачка мрежа.

Настанот е во организација на: Кинотеката, Југословенска Кинотека, Српската Амбасада во Скопје, и СПОНА.

Целосна програма ТУКА

The post Избор од стоте антологиски наслови од српската кинематографија од 5-11 мај во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Од 5 до 11 мај антологија на српски филм во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/od-5-do-11-maj-antologija-na-srpski-film-vo-kinoteka/ Sun, 24 Apr 2022 15:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=493136

Една кинематографија е онолку добра колку што може да „свари“ различни жанрови, родови и стилови. А еден генерациски или стилски бран во некоја кинематографија е успешен онолку колку што е преплетен со другите уметности – театарот, музиката, сликарството… – бидејќи филмот не е „пуст остров“ во океанот на естетиката.

Токму филмовите во овој избор на дигитално реставрирани класици на српската кинематографија од втората полoвина на 20-тиот век го покажуваат тоа.

Филмовите во овој избор се дел од стоте антологиски наслови снимени од српски режисери во периодот од 1911 до 1999, а кои во 2016-та беа прогласени за национално добро од големо значење. Тие се дел од проектот „VIP Кинотека“ чија цел е да се сочуваат и заштитат филмовите кои ја одбележале српската кинематографија; процесот на дигитална реставрација на српското филмско наследство реализирано во Одделението за дигитализација и дигитална реставрација при архивот на Југословенската Кинотека во Белград.

Југословенската Кинотека, основана во 1949 година, денес спаѓа во петте најзначајни филмски архиви во светот. Покрај богатата збирка филмови од југословенската и српската национална кинематографија, оваа Кинотека располага и со огромен фонд странски филмови, добиени како размена со другите странски архиви, депонирани од физички и правни лица, како и преземени од широката киноприкажувачка мрежа.

 

5 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 19:00 ч.

КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ?

(Ko to tamo peva? / Who is Singing There?)

Игран филм, Србија

1980, 86 мин., колор, ДЦП

Режија: Слободан Шијан (Slobodan Šijan)

Сценарио: Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević)

Улоги: Павле Вуисиќ, Александар Берчек, Данило Бата Стојковиќ, Бора Тодоровиќ, Драган Николиќ (Pavle Vuisić,Aleksandar Berček, Danilo Bata Stojković, Bora Todorović, Dragan Nikolić)

 

Во едно село во Србија група патници се качуваат во стариот автобус на фирмата „Крстиќ“ кој вози кон Белград. Таткото Крстиќ (Вуисиќ) е кондуктер, а синот Мишко (Берчек) е возач. Составот на патници е повеќе од шаренолик: пејач на шлагери без слух кој оди на аудиција (Николиќ), господинот Брко, прототип на поклоник на нацистичка Германија (Стојковиќ), воен ветеран од Солунскиот фронт (Миливоје Миќа Томиќ), туберколозен патник (Боро Стјепановиќ), штотуку венчан пар кој оди на меден месец (Неда Арнериќ и Славко Штимац), ловец-аматер (Ташко Начиќ), двајца Роми музичари (Миодраг и Ненад Костиќ)…

По пат наидуваат на безброј пречки кои предизвикуваат урнебесни случки кои го одолговлекуваат патувањето, реализирани низ легендарни дијалошки сцени и во манир на расна комедија на ситуации. Иако патниците постојано се расправаат меѓу себе, ќе се обединат кога ромските музичари ќе треба лажно да бидат обвинети за кражба. Сето тоа низ креациите на веројатно најдобрата актерска постава некогаш собрана во ексјугословенската кинематографија, која може да се споредува со онаа во вториот игран филм на тандемот Шијан-Ковачевиќ, МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ.

Српска комедија која има култен статус меѓу филмофилите од поранешна Југославија и е прогласен за најдобар филм на 20-от век во некогашната заедничка кинематографија. Првобитното сценарио за КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? Било наменето за ТВ филм во траење од 50-тина минути. Филмот се „чита“ како алегорија на малограѓанштината и распадот на Кралството Југославија во априлската војна 1941 година (се случува ден пред нападот на нацистичка Германија), но e и универзална слика на распад на една епоха кој постојано се повторува на просторот на поранешна Југославија. Во духот на филмот, за време на неговото снимање почина Јосип Броз-Тито, па екипата неколку денови останала без камерата која била одземена заради „повисоки државни интереси“, односно документирање на грандиозниот погреб на некогашниот претседател.

Филмот освои дузина награди на фестивалите низ поранешна Југославија и низ светот (награда на публиката во Кан, Гран при во Монтреал, Панама, Саламанка и Ротердам). КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? е веројатно филм кој изнедрил најмногу култни реплики кои се цитираат и ден денес. Статусот на „филм на векот“ го заслужи и заради оригиналната музика на Воислав „Воки“ Костиќ (Vojislav „Voki” Kostić) и плакатот на загрепскиот дизајнер Мирко Илиќ (Mirko Ilić), кој подоцна стекна и слава како илустратор за водечките светски весници и магазини.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

5 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 21:00 ч.

МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ

(Maratonci trče počasni krug / The Marathon Family)

Игран филм, Србија

1982, 92 мин., колор, ДЦП

Режија: Слободан Шијан (Slobodan Šijan)

Сценарио: Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević)

Улоги: Богдан Диклиќ, Данило Бата Стојковиќ, Павле Вуисиќ, Мија Алексиќ, Јелисавета Сека Сабљиќ, Бора Тодоровиќ, Зоран Радмиловиќ (Bogdan Diklić, Danilo Bata Stojković, Pavle Vuisić, Mija Aleksić, Jelisaveta Seka Sabljić, Bora Todorović, Zoran Radmilović)

 

Дејството на филмот се одвива во 1935 година во провинциски град во Србија, една година по убиството на кралот Александар Караѓорѓевиќ во атентатот во Марсеј (егзекутор е Владо Черноземски; филмот ги користи документарните снимки од тој настан). Пет генерации на семејството Топаловиќ се занимаваат со погребни услуги во нивното претпријатие. Кај Топаловиќи нема ниту една жена: штом жената ќе се породела со машки наследник, венеела и умирала.

Топаловиќи постојано се караат околу наследството што го оставил штотуку починатиот Пантелие Топаловиќ. Најмладиот член на семејството, Мирко (Диклиќ), не сака веќе да биде погребник, туку сака со неговиот дел од наследството да си замине што подалеку. Со него би ја повел и Кристина (Саблиќ), ќерката на „деловниот партнер“ на семејството Топаловиќ, Били Питон (Радмиловиќ), чија банда ги ископува сандаците од гробиштата и им ги продава на Топаловиќи. Фирмата на семејството Топаловиќ, практично, за неколку децении има направено само два-три сандаци и постојано „ги врти“ низ бизнисот со Били Питон.

Кристина, пак, е пијанист-почетник, свири на кино-проекциите што ги организира Ѓенка „Ѓаволот“ (Тодоровиќ), пријател и иден кум на Мирко. И Кристина сонува за бегство од провинцијата и гламурозна кариера во светот, но не со Мирко, туку со слаткоречивиот Ѓенка. Сестраниот Ѓенка, кој меѓу другото е и филмски снимател, ги наговорува Мирко и Кристина да глумат во неговиот „либерален“ филм со многу еротика, но филмот ќе остане неснимен бидејќи Мирко ќе ги затекне како ги „вежбаат“ сцените во природа.

Во меѓувреме се заоструваат должничко-доверителските односи меѓу Топаловиќи и Били Питон, па и двете страни се подготвуваат за вистинска војна. Разбеснет заради неверството на Кристина, Мирко од слабак станува жесток насилник и лидер на семејството Топаловиќ: кај нив воопшто не се знае кој е чиј син, татко, дедо…

За својот втор филм, режисерот ја доби наградата на жирито во Монтреал, Ковачевиќ награда за сценарио на фестивалот во Марсеј, а Јелисавета Сека Саблиќ „Златната арена“ во Пула за најдобра главна женска улога. Музиката е на Зоран Симјановиќ, а кинематографер на двата филма на тандемот Шијан-Ковачевиќ е Божидар Николиќ (меѓу останатите признанија и награда за животно дело на фестивалот „Браќа Манаки“).

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

6 МАЈ (ПЕТОК), 19:00 ч.

ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68

(Varljivo leto ’68 / The Elusive Summer of ’68)

Игран филм, Србија

1984, 91 мин., колор, ДЦП

Режија: Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević)

Сценарио: Гордан Михиќ (Gordan Mihić)

Улоги: Славко Штимац, Данило Бата Стојковиќ, Милосав Мија Алексиќ, Мира Бањац, Ивана Михиќ, Сања Вејновиќ, Неда Арнериќ, Драгана Варагиќ (Slavko Štimac, Danilo Bata Stojković, Milosav Mija Aleksić, Mira Banjac, Ivana Mihić, Sanja Vejnović, Neda Arnerić, Dragana Varagić)

 

Во летото 1968 година матурантот Петар (Штимац), наспроти очекувањата на неговиот татко Веселин (Стојковиќ), судија во градот, паѓа на матурскиот испит. Него повеќе го интересираат жените, постојано се вљубува, но никако да се случи „вистинската“ љубов. Аптекарката, библиотекарката, пекарката, ќерките на претседателот на судот, професорката по социологија… списокот е долг, но не и трпението на татко му, кој го затвора дома сè додека не го положи испитот.

На страната на Петар е неговиот дедо, пензиониран геометар и чешки студент, вљубеник во животот и жените, за разлика од конзервативниот татко загрижен за угледот и позицијата во општеството. Во малото место пристигнува женски оркестар од тогашна Чехословачка. Петар со помош на комарџиските врски на дедо му го полага матурскиот испит, а една симпатична девојка од чешкиот оркестар го плени неговото срце….

ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 е една од најпопуларните и најцитирани комедии во ексјугословенската кинематографија, полна со духовити реплики на еден од најплодните сценаристи Михиќ. Некои од нив се антологиски: „Туѓ леб јаде, а мојот свет ќе го менува“, „Меси сине, меси, нема да ти штети“… се дел од нив.

ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 е дел од т.н. „Чешка школа“ во југословенската кинематографија (Паскаљевиќ е дипломец на легендарната ФАМУ од Прага) и освои награди на фестивалите во Бастоја и Орлеан, а учествуваше и во Монтреал, Монпелје, Бергамо, Ваљадолид…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

6 МАЈ (ПЕТОК), 21:00 ч.

БАЛКАНСКИ ШПИОН

(Balkanski špijun / Balkan Spy)

Игран филм, Србија

1984, 95 мин., колор, ДЦП

Режија: Душан Ковачевиќ, Божидар Николиќ (Dušan Kovačević, Božidar Nikolić)

Сценарио: Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević)

Улоги: Данило Бата Стојковиќ, Мира Бањац, Бора Тодоровиќ, Соња Савиќ, Звонимир Звонко Лепетиќ (Danilo Bata Stojković, Mira Banjac, Bora Todorović, Sonja Savić, Zvonimir Zvonko Lepetić)

 

Илија Чворовиќ (Стојковиќ) е средовечен маж кој во младоста минал две години на Голи Оток (1948-1950) како приврзаник на сталинизмот. Еден ден е повикан во полициска станица на рутински разговор: инспекторот се интересира за неговиот потстанар, Петар Јаковљевиќ (Тодоровиќ), кројач кој по две децении поминати во Париз се вратил во татковината за да отвори бизнис.

Илија си оди дома, но сомнежот дека неговиот потстанар можеби е странски шпион не му дава мир. Неговата параноја предизвикана од политичкиот грев во младоста – засилена од помислата дека безбедносните служби (УДБА) можеби повторно го тестираат колку е лојален граѓанин – ќе биде истурена врз сопругата Даница (Бањац) која, пак, се грижи за нивната ќерка Соња (Савиќ), дипломиран стоматолог која веќе неколку години не може да се вработи.

Илија постојано го следи Петар, ги документира неговите средби со разни луѓе и го известува инспекторот кој  не го сфаќа сериозно. Илија смета дека државата „зарибала“ и решава со помош на неговиот брат Ѓуро (Лепетиќ), исто затвореник во младоста заради сталинистички уверувања, да ја разбијат „странската терористичка организација“ предводена од неговиот потстанар.

Соња сфаќа дека паранојата на татко ѝ станува патолошка, па ја напушта куќата. Илија и Ѓуро решаваат да ги заробат луѓето со кои се среќава Петар и од нив да изнудат признанија за нивните терористички намери. Петар наминува во куќата за да си го земе куферот бидејќи патува во странство, но Илија и Ѓуро го „апсат“ и го мачат да признае. Всушност, испитувањето на Петар за Илија е прилика да си ги каже неговите идеолошки уверувања, па во наплив на возбуда доживува инфаркт. Петар се обидува да избега, но Илија и така болен не се откажува од неговиот политички плен…

По успехот со КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ и МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ тандемот Шијан-Ковачевиќ се раздвои, но беше создаден нов авторски тандем: Ковачевиќ е корежисер со Божидар Николиќ, кинематограферот на овој и претходните два наслови. На фестивалот во Пула 1984 БАЛКАНСКИ ШПИОН ја освои „Златната арена“ за најдобар филм, а Бата Стојковиќ за најдобра машка улога.

Од интернационалните успеси треба да се издвојат наградите за Стојковиќ на фестивалот во Фаро (познат и како „Островот на Ингмар Бергман“) и за сценаристот Ковачевиќ на фестивалот во Монтреал.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

7 МАЈ (САБОТА), 19:00 ч.

НАЦИОНАЛНА КЛАСА

(Nacionalna klasa / National Class Category Up to 785 Ccm)

Игран филм, Србија

1979, 105 мин., колор, ДЦП

Режија: Горан Марковиќ (Goran Marković)

Сценарио: Горан Марковиќ (Goran Marković)

Улоги: Драган Николиќ, Богдан Диклиќ, Горица Поповиќ, Раде Марковиќ, Оливера Марковиќ (Dragan Nikolić, Bogdan Diklić, Gorica Popović, Rade Marković, Olivera Marković)

 

Бранимир Митровиќ (Николиќ) е автомобилски тркач од Белград, кој со својата „Застава 750“ (популарното фиќо) се натпреварува во „националната класа“ во која учествуваат автомобили со запремнина на моторот до 785 кубни центиметри. Го носи прекарот Флојд според неговиот идол  во „Формула 1“ и избегнува секаква одговорност во животот, иако има 27 години.

Флојд е во долга врска со девојката Шилја (Поповиќ). Но, Флојд има други грижи: како да го освои последниот шампионат во категоријата на „фиќовците“ и како повторно да го избегне одењето во Југословенската народна армија. Пред последната трка во сезоната, тој се наоѓа на второто место и мора да победи за да биде шампион.

За да ја избегне воената обврска, Флојд се обидува да се запише на глума на Академијата, при што запознава една убава девојка. Истовремено, еден негов пријател го запознава со младото момче Миле (Диклиќ) кој има болни бубрези: познајниците го викаат „рент-а-бубрег“ бидејќи тој дава урина на медицинскиот преглед наместо регрутите кои сакаат да го одбегнат служењето на воениот рок. Меѓутоа, урината покажува дека Миле во меѓувреме оздравел, така што Флојд мора да се јави во касарната. Истовремено, по објавувањето на Шилја дека е бремена и настојувањата на нејзините родители и родителите на Флојд набрзина да се организира свадба, сега Флојд сака што порано да замине во војска за да ја избегне. Не му успева, и свадбата е закажана ден по финалната трка…

Сторијата на НАЦИОНАЛНА КЛАСА е инспирирана од светот на белградските автомобилски тркачи, а меѓу нив и од познатиот режисер Бранко Балетиќ, кој учествувал на трки пред професионалното занимавање со филм. Неговиот прекар бил Фојт, па бил инспирација и за името на ликот Флојд на Николиќ.

Во филмот биле ангажирани двајца дублери во атрактивните сцени со тркачките „фиќовци“. Павле Комненовиќ, тогаш водечки југословенски автомобилски ас со интернационални успеси, го дублирал Флојд, но и неговиот најголем ривал во филмот. Комненовиќ на филмската екипа им ги позајмил атрактивната возачка кацига, професионалните противпожарни ракавици и комбинезони. Другиот дублер е Милорад Јакшиќ-Фанѓо, познат српски директор на фотографија и расен автомобилски тркач, кој учествува во градските сцени со лудите маневри на Флојд.

Музиката на Симјановиќ доживеа и успешен дискографски албум: текстовите за песните ги напишала Марина Туцаковиќ, а учествуваат пејачите Дадо Топиќ, Оливер Мандиќ, Слаѓана Милошевиќ, Оливер Драгоевиќ, Зумрета Миџиќ-Зузи, бендот „Лабораторија звука“ (Пеѓа Вранешевиќ)…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

7 МАЈ (САБОТА), 21:00 ч.

ПЛАСТИЧЕН ИСУС

(Plastični Isus / Plastic Jesus)

Игран филм, Србија

1971, 74 мин., колор/црно-бел, ДЦП

Режија: Лазар Стојановиќ (Lazar Stojanović)

Сценарио: Лазар Стојановиќ (Lazar Stojanović)

Улоги: Томислав Готовац, Вукица Ѓилас, Светлана Глигоријевиќ (Tomislav Gotovac, Vukica Đilas, Svetlana Gligorijević)

 

ПЛАСТИЧЕН ИСУС е еден од најконтроверзните југословенски филмови, снимен како дипломски труд на авторот Стојановиќ. Пред премиера бил забранет и ставен во бункер. Ова е единствениот филм во југословенската кинематографија чиј режисер бил обвинет за непријателска „пропаганда“ и во 1973 година бил осуден на затворска казна во траење од три години, а неговите професори, филмските режисери Александар Петровиќ и Живоин Павловиќ биле избркани од белградската филмска академија.

Том (го игра Готовац) е млад уметник од Загреб без средства за живот и се обидува да се занимава со филм во Белград. Успева некако да преживува, а притоа има врски со повеќе жени. Том не верува во ништо, не почитува режим, сила, водач и идеологија и затоа постојано е во конфликт со власта, а едно време живее како бездомник, поради што е приведен од милицијата. Откако го напушта една згодна Американка, Том започнува врска со жена чиј маж работи во странство. Кога и таа ќе го исфрли од станот, Том се сели кај сестрата на мажот, но таа љубовна врска ќе му создаде најголеми неволји…

Паралелно со главното дејство, во филмот се монтирани и бројни архивски снимки поврзани со студентските демонстрации 1968 во Југославија, четниците, усташите, Хитлер и Тито со кои се прави споредба меѓу различните режими. Во филмот е снимена реалната венчавка на режисерот Љубиша Ристиќ, тогаш близок пријател на авторот, на која присуствувале бројни претставници од Комунистичката партија, ЈНА и државната безбедност. Според толкувањата на некои историчари на филмот, токму таа сцена била причината за забранувањето на филмот и затворската казна за Стојановиќ.

Во ПЛАСТИЧЕН ИСУС за првпат во југословенскиот филм се тематизираат хомосексуалноста и промискуитетот: загрепскиот концептуелен уметник Готовац за првпат се појавува гол во кадар и се бакнува со други мажи. ПЛАСТИЧЕН ИСУС спаѓа во т.н. „црн бран“ на југословенскиот филм и кога по две децении од неговото снимање е прикажан повторно е забранет, а Стојановиќ по втор пат осуден на затворска казна.

ПЛАСТИЧЕН ИСУС во 1991 година ја доби наградата на ФИПРЕСЦИ на фестивалот во Монтреал.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

9 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 19:00 ч.

КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ

(Kad budem mrtav i beo / When I Am Dead and Gone)

Игран филм,  Србија

1967, 79 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Живоин Павловиќ (Živojin Pavlović)

Сценарио: Гордан Михиќ, Љубиша Козомара (Ljubiša Kozomara, Gordan Mihić)

Улоги: Драган Николиќ, Слободан Алигрудиќ, Миодраг Андриќ, Северин Бијелиќ, Неда Спасојевиќ, Ружица Сокиќ (Dragan Nikolić, Slobodan Aligrudić, Miodrag Andrić, Severin Bijelić, Neda Spasojević, Ružica Sokić)

 

Јанко Бугарски, познат како Џими Барка (Николиќ), заедно со својата девојка Лилица (Спасоевиќ), мора да ја напушти привремената работа као сезонски работник. Неговата мајка е сиромашна перачка и не може да му помогне, а тој не може да најде работа во фабриките.

Џими ќе ги ограби работниците на едно градилиште и, бегајќи, останува без Лилица. Ја среќава кафанската пејачка Душка (Сокиќ), станува нејзин љубовник и самиот учи да пее. Иако пее лошо, тој патува по малите места, пеејќи на панаѓурите и на приредбите во воените касарни. Во едно место ја среќава младата заботехничарка Бојана и со неа оди во Белград на натпреварот на младите пејачи. Таму, наместо аплаузи и афирмација, него го дочекуваат со свирежи и со навреди.

Џими бега и на еден брод повторно ја среќава Лилица, која живее од ситни кражби и од симулирање дека е бремена. Тие одат кај Милутин (Алигрудиќ), управникот на поранешното градилиште и го уценуваат со приказната дека Лилица го носи неговото дете. Милутин открива дека е измамен и ја напаѓа Лилица, но Џими го спречува, а потоа го исмева пред работниците. Понижен и изнервиран, директорот ја грабнува пушката со намера да го убие Џими…

КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ се смета за еден од најзначајните филмови на југословенскиот „црн бран“. На Пулскиот филмски фестивал филмот ја освоил „Златната арена“, а Павловиќ ја добил наградата за најдобар режисер во Пула и на фестивалот во Карлови Вари, Чешка.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

9 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 21:00 ч.

ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ

(Ljubavni slucaj ili tragedija sluzbenice P.T.T. / Love Affair, or The Case of the Missing Switchboard Operator)

Игран филм, Србија

1967, 70 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Душан Макавеев (Dušan Makavejev)

Сценарио: Душан Макавеев, Бранко Вучиќевиќ (Dušan Makavejev, Branko Vučićević)

Улоги: Ева Рас, Слободан Алигрудиќ, Миодраг Андриќ, Ружица Сокиќ (Eva Ras, Slobodan Aligrudić, Ružica Sokić; Miodrag Andrić)

 

Младата службеничка во ПТТ ќе започне љубовна врска со сериозно момче. Но, за време на неговото отсуство, таа ќе се впушти во сексуална врска со нејзин колега од работа. Девојката ќе остане бремена и по враќањето на нејзиното момче од службен пат ќе дојде до судир меѓу нив…

ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ е уште еден филм од „црниот бран“, снимен 1967 година, која се смета за најплодна и најлиберална година во ексјугословенската кинематографија. Макавеев во овој филм продолжува со користењето метафори и асоцијации за тогашната политичка ситуација во земјата, па станува еден од авторите од „црниот бран“ што стигнуваат на „црната листа“ на политички неподобни филмаџии.

Во филмот учествува и првиот српски сексолог и научник со светско реноме, д-р Александар Костиќ, кој се игра себеси и говори за сексуалноста на човекот. Д-р Костиќ е татко на познатиот и успешен композитор на филмска музика Воислав Воки Костиќ, автор на музиката во повеќе од 100 филмски и телевизиски проекти, меѓу кои и КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ.

Филмот на Макавеев не поминал без неволји ниту во светот: дистрибутерот во Велика Британија барал да се исечат некои сцени, а британските гледачи ја виделе интегралната верзија на овој филм во видео изданието објавено 1996 година.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

10 МАЈ (ВТОРНИК), 19:00 ч.

ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА

(Petrijin venac / Petria’s Wreath)

Игран филм, Србија

1980, 99 мин., колор, ДЦП

Режија: Срѓан Карановиќ ( Srđan Karanović)

Сценарио: Срѓан Карановиќ, Рајко Грлиќ ( Srđan Karanović, Rajko Grlić)

Улоги: Мирјана Карановиќ, Драган Максимовиќ, Павле Вуисиќ, Марко Николиќ, Оливера Марковиќ (Mirjana Karanović,Dragan Maksimović,Pavle Vujisić,Marko Nikolić, Olivera Marković)

 

Во малото рударско гратче во Србија ја следиме животната приказна на старицата Петрија, од периодот пред Втората светска војна, воениот и повоениот период. Петрија е неписмена и скромна селанка, а нејзиниот живот трагичен и полн со самотија, тага и разочарувања. Петрија раскажува за нејзините тројца мажи кои ги сакала. Но, дали и тие ја сакале неа?

Во улогата на Петрија блеска дебитантката Мирјана Карановиќ, тогаш 23-годишна студентка по глума на белградската Академија за време на реализација на филмот. Истото презиме со режисерот е чиста случајност. Режисерот Карановиќ, како и во неколку претходни и подоцнежни филмови, како косценарист го има својот колега и пријател од прашката академија ФМУ, Рајко Грлиќ (Rajko Grlić), секако еднакво познато име во хрватската и ексјугословенската кинематографија.

Филмот е снимен според истоимениот роман на Драгослав Михајловиќ (Dragoslav Mihajlović), автор на неколку исклучителни дела од жанрот на документарната проза. Доследен на веристичкиот стил во овој филм, Карановиќ во екранизацијата ја користи натуршчикот Даринка Живковиќ во ликот на старата Петрија како наратор.

На филмскиот фестивал во Пула ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА се закити со наградата за најдобар филм, а Мирјана Карановиќ беше најдобра актерка. Можеби вреди да се спомене како куриозитет изјавата на Карановиќ дека по добиената „Златна арена“ главно добивала пораки со сочуства наместо честитки од колегите. Ја уверувале дека најголемата награда за тогашната студентка по глума е проклетство, и дека веќе нема да добива понуди да снима главни улоги. Делумно биле во право бидејќи следната главна улога ја добила дури по пет години, во ТАТКО НА СЛУЖБЕН ПАТ (Otac na službenom putu, 1985) на Емир Кустурица (Emir Kusturica).

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

10 МАЈ (ВТОРНИК), 21:00 ч.

ЉУБОВ И МОДА

(Ljubav i moda / Love and fashion)

Игран филм, Србија

1960, 105 мин., колор, ДЦП

Режија: Љубомир Радичевиќ (Ljubomir Radičević)

Сценарио: Ненад Јовичиќ, Љубомир Радичевиќ (Nenad Jovičić, Ljubomir Radičević)

Улоги: Беба Лончар, Душан Булаиќ, Мија Алексиќ, Миодраг Петровиќ-Чкаља, Северин Бијелиќ, Милош Жутиќ (Beba Lončar, Dušan Bulajić, Mija Aleksić, Miodrag Petrović Čkalja, Severin Bijelić, Miloš Žutić)

 

Група студенти сакаат да заработат пари за одржување на аеро-митинг, па организираат модна ревија за претпријатието „Југошик“. Иако се служат со ситни измами, нивната цел е благородна: ревијата е успешно реализирана и никој нема да претрпи штета. Во центарот на приказната се студентката Соња (Лончар) и модниот креатор Бора (Булаиќ) кои се постојано во кавга, но на крајот ќе ги решат меѓусебните несогласувања…

Убавата Беба (Десанка) Лончар е еден од примерите на „девојка од соседството“ (слично како Неда Арнериќ) која ја користи шансата како тинејџерка да направи актерска кариера во југословенскиот филм, подоцна и интернационална кариера. Музиката од филмот станала мега популарна во 1960-тите и ја исполнуваат тогашните ѕвезди во подем Иво Робиќ, Габи Новак (Ivo Robić, Gabi Novak), а епизодна улога има и кантавторот Арсен Дедиќ (Arsen Dedić)…

Евергрин песната „Девојко мала“ ја изведува актерот Властимир Ѓуза Стоиљковиќ (Vlastimir Đuza Stojiljković), а во 1980-тите ја препеја групата „Идоли“. Каверот на „Идоли“ има грешка во текстот. Членовите на бендот ја снимале песната во загрепски „Југотон“, но не го знаеле точно текстот, а термините за снимање ги притискале; Срѓан Шапер се познавал со актерот Ѓуза, и му телефонирал да го замоли да им го изрецирира текстот; било рано наутро, Ѓуза се уште бил сонлив, па два стиха не се идентични како оригиналот…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

11 МАЈ (СРЕДА), 19:00 ч.

МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ

(Maratonci trče počasni krug / The Marathon Family)

Игран филм, Србија

1982, 92 мин., колор, ДЦП

Режија: Слободан Шијан (Slobodan Šijan)

Сценарио: Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević)

Улоги: Богдан Диклиќ, Данило Бата Стојковиќ, Павле Вуисиќ, Мија Алексиќ, Јелисавета Сека Сабљиќ, Бора Тодоровиќ, Зоран Радмиловиќ (Bogdan Diklić, Danilo Bata Stojković, Pavle Vuisić, Mija Aleksić, Jelisaveta Seka Sabljić, Bora Todorović, Zoran Radmilović)

 

Дејството на филмот се одвива во 1935 година во провинциски град во Србија, една година по убиството на кралот Александар Караѓорѓевиќ во атентатот во Марсеј (егзекутор е Владо Черноземски; филмот ги користи документарните снимки од тој настан). Пет генерации на семејството Топаловиќ се занимаваат со погребни услуги во нивното претпријатие. Кај Топаловиќи нема ниту една жена: штом жената ќе се породела со машки наследник, венеела и умирала.

Топаловиќи постојано се караат околу наследството што го оставил штотуку починатиот Пантелие Топаловиќ. Најмладиот член на семејството, Мирко (Диклиќ), не сака веќе да биде погребник, туку сака со неговиот дел од наследството да си замине што подалеку. Со него би ја повел и Кристина (Саблиќ), ќерката на „деловниот партнер“ на семејството Топаловиќ, Били Питон (Радмиловиќ), чија банда ги ископува сандаците од гробиштата и им ги продава на Топаловиќи. Фирмата на семејството Топаловиќ, практично, за неколку децении има направено само два-три сандаци и постојано „ги врти“ низ бизнисот со Били Питон.

Кристина, пак, е пијанист-почетник, свири на кино-проекциите што ги организира Ѓенка „Ѓаволот“ (Тодоровиќ), пријател и иден кум на Мирко. И Кристина сонува за бегство од провинцијата и гламурозна кариера во светот, но не со Мирко, туку со слаткоречивиот Ѓенка. Сестраниот Ѓенка, кој меѓу другото е и филмски снимател, ги наговорува Мирко и Кристина да глумат во неговиот „либерален“ филм со многу еротика, но филмот ќе остане неснимен бидејќи Мирко ќе ги затекне како ги „вежбаат“ сцените во природа.

Во меѓувреме се заоструваат должничко-доверителските односи меѓу Топаловиќи и Били Питон, па и двете страни се подготвуваат за вистинска војна. Разбеснет заради неверството на Кристина, Мирко од слабак станува жесток насилник и лидер на семејството Топаловиќ: кај нив воопшто не се знае кој е чиј син, татко, дедо…

За својот втор филм, режисерот ја доби наградата на жирито во Монтреал, Ковачевиќ награда за сценарио на фестивалот во Марсеј, а Јелисавета Сека Саблиќ „Златната арена“ во Пула за најдобра главна женска улога. Музиката е на Зоран Симјановиќ, а кинематографер на двата филма на тандемот Шијан-Ковачевиќ е Божидар Николиќ (меѓу останатите признанија и награда за животно дело на фестивалот „Браќа Манаки“).

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

11 МАЈ (СРЕДА), 21:00 ч.

ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ

(Davitelj protiv davitelja / Strangler vs. Strangler)

Игран филм, Србија

1984, 93 мин., колор, ДЦП

Режија: Слободан Шијан (Slobodan Šijan)

Сценарио: Небојша Пајкиќ, Слободан Шијан (Nebojša Pajkić, Slobodan Šijan)

Улоги: Ташко Начиќ, Никола Симиќ, Срѓан Шапер, Рахела Ферари, Соња Савиќ (Taško Načić, Nikola Simić, Srđan Saper, Rahela Ferari, Sonja Savić )

 

Главниот лик во филмот, Пера Митиќ (Начиќ) е уличен продавач на цвеќе. Живее беден и неисполнет живот во запуштениот стан со неговата стара мајка (Ферари). Пера започнува да убива млади девојки, давејќи ги со раце. Полицијата предводена од инспекторот Страхињиќ (Симиќ) започнува истрага за злосторствата, гонејќи го серискиот убиец. Самобендисаниот рок-музичар Спиридон (Шапер), припадник на „старобелградска“ граѓанска класа, мисли дека е телепатски поврзан со полицијата, а во приказната е вплетена и темпераментната радио-водителка Софија (Савиќ)…

Ташко Начиќ во улогата на давителот Пера стекна статус меѓу филмофилите. Делува како куриозитет што ова е неговата прва главна улога на филм, иако Начиќ е еден од најблагородните епизодисти во српската кинематографија. Тој има забележителна епизода и во македонската црна комедија ВИКЕНД НА МРТОВЦИ (1988) на Коле Ангеловски и една од култните реплики: „Сите ќе умрете!“.

Со ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ режисерот му се враќа на жанрот црна комедија како во неговите прва два филма КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ (Ko to tamo peva) и МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug). Сценариото за овој филм Шијан го работи со Небојша Пајкиќ (Nebojša Pajkić), филмски критичар и сценарист, подоцна професор по монтажа на филмската академија во Белград.

Во секој случај, и овој четврти наслов во филмографијата на Шијан е полн со омажи на саканите жанрови, автори и филмови од светската кинематографија, со референци на насловите за сериски убијци од класичната и современата ера, како ПСИХО (Psiho) на Алфред Хичкок (Alfred Hitchcock). Но, и со автореференци: ликот Спиридон е фронтмен на бендот ВИС „Симболи“, што несомнено асоцира на самиот Шапер и ВИС „Идоли“. Токму „Идоли“ ја компонирале песната „Бејби“ за филмот. Самата кратенка ВИС пред името на бендот „Идоли“ (вокално-инстументален состав) е еден вид омаж на музичките групи кои ги прават пионерските чекори во српската (и ексјугословенската) поп-рок музика во 60-тите години од минатиот век, и често ја имале пред името на бендот.

На филмскиот фестивал во Пула филмот на Шијан освои „Златни арени“ за најдобра сценографија и звук, а филмот беше дел од натпреварувачката конкуренција на филмскиот фестивал во Чикаго (САД).

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

The post Од 5 до 11 мај антологија на српски филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Една кинематографија е онолку добра колку што може да „свари“ различни жанрови, родови и стилови. А еден генерациски или стилски бран во некоја кинематографија е успешен онолку колку што е преплетен со другите уметности – театарот, музиката, сликарството… – бидејќи филмот не е „пуст остров“ во океанот на естетиката.

Токму филмовите во овој избор на дигитално реставрирани класици на српската кинематографија од втората полoвина на 20-тиот век го покажуваат тоа. Филмовите во овој избор се дел од стоте антологиски наслови снимени од српски режисери во периодот од 1911 до 1999, а кои во 2016-та беа прогласени за национално добро од големо значење. Тие се дел од проектот „VIP Кинотека“ чија цел е да се сочуваат и заштитат филмовите кои ја одбележале српската кинематографија; процесот на дигитална реставрација на српското филмско наследство реализирано во Одделението за дигитализација и дигитална реставрација при архивот на Југословенската Кинотека во Белград. Југословенската Кинотека, основана во 1949 година, денес спаѓа во петте најзначајни филмски архиви во светот. Покрај богатата збирка филмови од југословенската и српската национална кинематографија, оваа Кинотека располага и со огромен фонд странски филмови, добиени како размена со другите странски архиви, депонирани од физички и правни лица, како и преземени од широката киноприкажувачка мрежа.  
5 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 19:00 ч. КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? (Ko to tamo peva? / Who is Singing There?) Игран филм, Србија 1980, 86 мин., колор, ДЦП Режија: Слободан Шијан (Slobodan Šijan) Сценарио: Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević) Улоги: Павле Вуисиќ, Александар Берчек, Данило Бата Стојковиќ, Бора Тодоровиќ, Драган Николиќ (Pavle Vuisić,Aleksandar Berček, Danilo Bata Stojković, Bora Todorović, Dragan Nikolić)   Во едно село во Србија група патници се качуваат во стариот автобус на фирмата „Крстиќ“ кој вози кон Белград. Таткото Крстиќ (Вуисиќ) е кондуктер, а синот Мишко (Берчек) е возач. Составот на патници е повеќе од шаренолик: пејач на шлагери без слух кој оди на аудиција (Николиќ), господинот Брко, прототип на поклоник на нацистичка Германија (Стојковиќ), воен ветеран од Солунскиот фронт (Миливоје Миќа Томиќ), туберколозен патник (Боро Стјепановиќ), штотуку венчан пар кој оди на меден месец (Неда Арнериќ и Славко Штимац), ловец-аматер (Ташко Начиќ), двајца Роми музичари (Миодраг и Ненад Костиќ)… По пат наидуваат на безброј пречки кои предизвикуваат урнебесни случки кои го одолговлекуваат патувањето, реализирани низ легендарни дијалошки сцени и во манир на расна комедија на ситуации. Иако патниците постојано се расправаат меѓу себе, ќе се обединат кога ромските музичари ќе треба лажно да бидат обвинети за кражба. Сето тоа низ креациите на веројатно најдобрата актерска постава некогаш собрана во ексјугословенската кинематографија, која може да се споредува со онаа во вториот игран филм на тандемот Шијан-Ковачевиќ, МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ. Српска комедија која има култен статус меѓу филмофилите од поранешна Југославија и е прогласен за најдобар филм на 20-от век во некогашната заедничка кинематографија. Првобитното сценарио за КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? Било наменето за ТВ филм во траење од 50-тина минути. Филмот се „чита“ како алегорија на малограѓанштината и распадот на Кралството Југославија во априлската војна 1941 година (се случува ден пред нападот на нацистичка Германија), но e и универзална слика на распад на една епоха кој постојано се повторува на просторот на поранешна Југославија. Во духот на филмот, за време на неговото снимање почина Јосип Броз-Тито, па екипата неколку денови останала без камерата која била одземена заради „повисоки државни интереси“, односно документирање на грандиозниот погреб на некогашниот претседател. Филмот освои дузина награди на фестивалите низ поранешна Југославија и низ светот (награда на публиката во Кан, Гран при во Монтреал, Панама, Саламанка и Ротердам). КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? е веројатно филм кој изнедрил најмногу култни реплики кои се цитираат и ден денес. Статусот на „филм на векот“ го заслужи и заради оригиналната музика на Воислав „Воки“ Костиќ (Vojislav „Voki” Kostić) и плакатот на загрепскиот дизајнер Мирко Илиќ (Mirko Ilić), кој подоцна стекна и слава како илустратор за водечките светски весници и магазини.   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари   5 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 21:00 ч. МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug / The Marathon Family) Игран филм, Србија 1982, 92 мин., колор, ДЦП Режија: Слободан Шијан (Slobodan Šijan) Сценарио: Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević) Улоги: Богдан Диклиќ, Данило Бата Стојковиќ, Павле Вуисиќ, Мија Алексиќ, Јелисавета Сека Сабљиќ, Бора Тодоровиќ, Зоран Радмиловиќ (Bogdan Diklić, Danilo Bata Stojković, Pavle Vuisić, Mija Aleksić, Jelisaveta Seka Sabljić, Bora Todorović, Zoran Radmilović)   Дејството на филмот се одвива во 1935 година во провинциски град во Србија, една година по убиството на кралот Александар Караѓорѓевиќ во атентатот во Марсеј (егзекутор е Владо Черноземски; филмот ги користи документарните снимки од тој настан). Пет генерации на семејството Топаловиќ се занимаваат со погребни услуги во нивното претпријатие. Кај Топаловиќи нема ниту една жена: штом жената ќе се породела со машки наследник, венеела и умирала. Топаловиќи постојано се караат околу наследството што го оставил штотуку починатиот Пантелие Топаловиќ. Најмладиот член на семејството, Мирко (Диклиќ), не сака веќе да биде погребник, туку сака со неговиот дел од наследството да си замине што подалеку. Со него би ја повел и Кристина (Саблиќ), ќерката на „деловниот партнер“ на семејството Топаловиќ, Били Питон (Радмиловиќ), чија банда ги ископува сандаците од гробиштата и им ги продава на Топаловиќи. Фирмата на семејството Топаловиќ, практично, за неколку децении има направено само два-три сандаци и постојано „ги врти“ низ бизнисот со Били Питон. Кристина, пак, е пијанист-почетник, свири на кино-проекциите што ги организира Ѓенка „Ѓаволот“ (Тодоровиќ), пријател и иден кум на Мирко. И Кристина сонува за бегство од провинцијата и гламурозна кариера во светот, но не со Мирко, туку со слаткоречивиот Ѓенка. Сестраниот Ѓенка, кој меѓу другото е и филмски снимател, ги наговорува Мирко и Кристина да глумат во неговиот „либерален“ филм со многу еротика, но филмот ќе остане неснимен бидејќи Мирко ќе ги затекне како ги „вежбаат“ сцените во природа. Во меѓувреме се заоструваат должничко-доверителските односи меѓу Топаловиќи и Били Питон, па и двете страни се подготвуваат за вистинска војна. Разбеснет заради неверството на Кристина, Мирко од слабак станува жесток насилник и лидер на семејството Топаловиќ: кај нив воопшто не се знае кој е чиј син, татко, дедо… За својот втор филм, режисерот ја доби наградата на жирито во Монтреал, Ковачевиќ награда за сценарио на фестивалот во Марсеј, а Јелисавета Сека Саблиќ „Златната арена“ во Пула за најдобра главна женска улога. Музиката е на Зоран Симјановиќ, а кинематографер на двата филма на тандемот Шијан-Ковачевиќ е Божидар Николиќ (меѓу останатите признанија и награда за животно дело на фестивалот „Браќа Манаки“).   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари     6 МАЈ (ПЕТОК), 19:00 ч. ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 (Varljivo leto ’68 / The Elusive Summer of ’68) Игран филм, Србија 1984, 91 мин., колор, ДЦП Режија: Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević) Сценарио: Гордан Михиќ (Gordan Mihić) Улоги: Славко Штимац, Данило Бата Стојковиќ, Милосав Мија Алексиќ, Мира Бањац, Ивана Михиќ, Сања Вејновиќ, Неда Арнериќ, Драгана Варагиќ (Slavko Štimac, Danilo Bata Stojković, Milosav Mija Aleksić, Mira Banjac, Ivana Mihić, Sanja Vejnović, Neda Arnerić, Dragana Varagić)   Во летото 1968 година матурантот Петар (Штимац), наспроти очекувањата на неговиот татко Веселин (Стојковиќ), судија во градот, паѓа на матурскиот испит. Него повеќе го интересираат жените, постојано се вљубува, но никако да се случи „вистинската“ љубов. Аптекарката, библиотекарката, пекарката, ќерките на претседателот на судот, професорката по социологија… списокот е долг, но не и трпението на татко му, кој го затвора дома сè додека не го положи испитот. На страната на Петар е неговиот дедо, пензиониран геометар и чешки студент, вљубеник во животот и жените, за разлика од конзервативниот татко загрижен за угледот и позицијата во општеството. Во малото место пристигнува женски оркестар од тогашна Чехословачка. Петар со помош на комарџиските врски на дедо му го полага матурскиот испит, а една симпатична девојка од чешкиот оркестар го плени неговото срце…. ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 е една од најпопуларните и најцитирани комедии во ексјугословенската кинематографија, полна со духовити реплики на еден од најплодните сценаристи Михиќ. Некои од нив се антологиски: „Туѓ леб јаде, а мојот свет ќе го менува“, „Меси сине, меси, нема да ти штети“… се дел од нив. ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 е дел од т.н. „Чешка школа“ во југословенската кинематографија (Паскаљевиќ е дипломец на легендарната ФАМУ од Прага) и освои награди на фестивалите во Бастоја и Орлеан, а учествуваше и во Монтреал, Монпелје, Бергамо, Ваљадолид…   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари       6 МАЈ (ПЕТОК), 21:00 ч. БАЛКАНСКИ ШПИОН (Balkanski špijun / Balkan Spy) Игран филм, Србија 1984, 95 мин., колор, ДЦП Режија: Душан Ковачевиќ, Божидар Николиќ (Dušan Kovačević, Božidar Nikolić) Сценарио: Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević) Улоги: Данило Бата Стојковиќ, Мира Бањац, Бора Тодоровиќ, Соња Савиќ, Звонимир Звонко Лепетиќ (Danilo Bata Stojković, Mira Banjac, Bora Todorović, Sonja Savić, Zvonimir Zvonko Lepetić)   Илија Чворовиќ (Стојковиќ) е средовечен маж кој во младоста минал две години на Голи Оток (1948-1950) како приврзаник на сталинизмот. Еден ден е повикан во полициска станица на рутински разговор: инспекторот се интересира за неговиот потстанар, Петар Јаковљевиќ (Тодоровиќ), кројач кој по две децении поминати во Париз се вратил во татковината за да отвори бизнис. Илија си оди дома, но сомнежот дека неговиот потстанар можеби е странски шпион не му дава мир. Неговата параноја предизвикана од политичкиот грев во младоста – засилена од помислата дека безбедносните служби (УДБА) можеби повторно го тестираат колку е лојален граѓанин – ќе биде истурена врз сопругата Даница (Бањац) која, пак, се грижи за нивната ќерка Соња (Савиќ), дипломиран стоматолог која веќе неколку години не може да се вработи. Илија постојано го следи Петар, ги документира неговите средби со разни луѓе и го известува инспекторот кој  не го сфаќа сериозно. Илија смета дека државата „зарибала“ и решава со помош на неговиот брат Ѓуро (Лепетиќ), исто затвореник во младоста заради сталинистички уверувања, да ја разбијат „странската терористичка организација“ предводена од неговиот потстанар. Соња сфаќа дека паранојата на татко ѝ станува патолошка, па ја напушта куќата. Илија и Ѓуро решаваат да ги заробат луѓето со кои се среќава Петар и од нив да изнудат признанија за нивните терористички намери. Петар наминува во куќата за да си го земе куферот бидејќи патува во странство, но Илија и Ѓуро го „апсат“ и го мачат да признае. Всушност, испитувањето на Петар за Илија е прилика да си ги каже неговите идеолошки уверувања, па во наплив на возбуда доживува инфаркт. Петар се обидува да избега, но Илија и така болен не се откажува од неговиот политички плен… По успехот со КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ и МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ тандемот Шијан-Ковачевиќ се раздвои, но беше создаден нов авторски тандем: Ковачевиќ е корежисер со Божидар Николиќ, кинематограферот на овој и претходните два наслови. На фестивалот во Пула 1984 БАЛКАНСКИ ШПИОН ја освои „Златната арена“ за најдобар филм, а Бата Стојковиќ за најдобра машка улога. Од интернационалните успеси треба да се издвојат наградите за Стојковиќ на фестивалот во Фаро (познат и како „Островот на Ингмар Бергман“) и за сценаристот Ковачевиќ на фестивалот во Монтреал.   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари     7 МАЈ (САБОТА), 19:00 ч. НАЦИОНАЛНА КЛАСА (Nacionalna klasa / National Class Category Up to 785 Ccm) Игран филм, Србија 1979, 105 мин., колор, ДЦП Режија: Горан Марковиќ (Goran Marković) Сценарио: Горан Марковиќ (Goran Marković) Улоги: Драган Николиќ, Богдан Диклиќ, Горица Поповиќ, Раде Марковиќ, Оливера Марковиќ (Dragan Nikolić, Bogdan Diklić, Gorica Popović, Rade Marković, Olivera Marković)   Бранимир Митровиќ (Николиќ) е автомобилски тркач од Белград, кој со својата „Застава 750“ (популарното фиќо) се натпреварува во „националната класа“ во која учествуваат автомобили со запремнина на моторот до 785 кубни центиметри. Го носи прекарот Флојд според неговиот идол  во „Формула 1“ и избегнува секаква одговорност во животот, иако има 27 години. Флојд е во долга врска со девојката Шилја (Поповиќ). Но, Флојд има други грижи: како да го освои последниот шампионат во категоријата на „фиќовците“ и како повторно да го избегне одењето во Југословенската народна армија. Пред последната трка во сезоната, тој се наоѓа на второто место и мора да победи за да биде шампион. За да ја избегне воената обврска, Флојд се обидува да се запише на глума на Академијата, при што запознава една убава девојка. Истовремено, еден негов пријател го запознава со младото момче Миле (Диклиќ) кој има болни бубрези: познајниците го викаат „рент-а-бубрег“ бидејќи тој дава урина на медицинскиот преглед наместо регрутите кои сакаат да го одбегнат служењето на воениот рок. Меѓутоа, урината покажува дека Миле во меѓувреме оздравел, така што Флојд мора да се јави во касарната. Истовремено, по објавувањето на Шилја дека е бремена и настојувањата на нејзините родители и родителите на Флојд набрзина да се организира свадба, сега Флојд сака што порано да замине во војска за да ја избегне. Не му успева, и свадбата е закажана ден по финалната трка… Сторијата на НАЦИОНАЛНА КЛАСА е инспирирана од светот на белградските автомобилски тркачи, а меѓу нив и од познатиот режисер Бранко Балетиќ, кој учествувал на трки пред професионалното занимавање со филм. Неговиот прекар бил Фојт, па бил инспирација и за името на ликот Флојд на Николиќ. Во филмот биле ангажирани двајца дублери во атрактивните сцени со тркачките „фиќовци“. Павле Комненовиќ, тогаш водечки југословенски автомобилски ас со интернационални успеси, го дублирал Флојд, но и неговиот најголем ривал во филмот. Комненовиќ на филмската екипа им ги позајмил атрактивната возачка кацига, професионалните противпожарни ракавици и комбинезони. Другиот дублер е Милорад Јакшиќ-Фанѓо, познат српски директор на фотографија и расен автомобилски тркач, кој учествува во градските сцени со лудите маневри на Флојд. Музиката на Симјановиќ доживеа и успешен дискографски албум: текстовите за песните ги напишала Марина Туцаковиќ, а учествуваат пејачите Дадо Топиќ, Оливер Мандиќ, Слаѓана Милошевиќ, Оливер Драгоевиќ, Зумрета Миџиќ-Зузи, бендот „Лабораторија звука“ (Пеѓа Вранешевиќ)…   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари     7 МАЈ (САБОТА), 21:00 ч. ПЛАСТИЧЕН ИСУС (Plastični Isus / Plastic Jesus) Игран филм, Србија 1971, 74 мин., колор/црно-бел, ДЦП Режија: Лазар Стојановиќ (Lazar Stojanović) Сценарио: Лазар Стојановиќ (Lazar Stojanović) Улоги: Томислав Готовац, Вукица Ѓилас, Светлана Глигоријевиќ (Tomislav Gotovac, Vukica Đilas, Svetlana Gligorijević)   ПЛАСТИЧЕН ИСУС е еден од најконтроверзните југословенски филмови, снимен како дипломски труд на авторот Стојановиќ. Пред премиера бил забранет и ставен во бункер. Ова е единствениот филм во југословенската кинематографија чиј режисер бил обвинет за непријателска „пропаганда“ и во 1973 година бил осуден на затворска казна во траење од три години, а неговите професори, филмските режисери Александар Петровиќ и Живоин Павловиќ биле избркани од белградската филмска академија. Том (го игра Готовац) е млад уметник од Загреб без средства за живот и се обидува да се занимава со филм во Белград. Успева некако да преживува, а притоа има врски со повеќе жени. Том не верува во ништо, не почитува режим, сила, водач и идеологија и затоа постојано е во конфликт со власта, а едно време живее како бездомник, поради што е приведен од милицијата. Откако го напушта една згодна Американка, Том започнува врска со жена чиј маж работи во странство. Кога и таа ќе го исфрли од станот, Том се сели кај сестрата на мажот, но таа љубовна врска ќе му создаде најголеми неволји… Паралелно со главното дејство, во филмот се монтирани и бројни архивски снимки поврзани со студентските демонстрации 1968 во Југославија, четниците, усташите, Хитлер и Тито со кои се прави споредба меѓу различните режими. Во филмот е снимена реалната венчавка на режисерот Љубиша Ристиќ, тогаш близок пријател на авторот, на која присуствувале бројни претставници од Комунистичката партија, ЈНА и државната безбедност. Според толкувањата на некои историчари на филмот, токму таа сцена била причината за забранувањето на филмот и затворската казна за Стојановиќ. Во ПЛАСТИЧЕН ИСУС за првпат во југословенскиот филм се тематизираат хомосексуалноста и промискуитетот: загрепскиот концептуелен уметник Готовац за првпат се појавува гол во кадар и се бакнува со други мажи. ПЛАСТИЧЕН ИСУС спаѓа во т.н. „црн бран“ на југословенскиот филм и кога по две децении од неговото снимање е прикажан повторно е забранет, а Стојановиќ по втор пат осуден на затворска казна. ПЛАСТИЧЕН ИСУС во 1991 година ја доби наградата на ФИПРЕСЦИ на фестивалот во Монтреал.   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари       9 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 19:00 ч. КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ (Kad budem mrtav i beo / When I Am Dead and Gone) Игран филм,  Србија 1967, 79 мин., црно-бел, ДЦП Режија: Живоин Павловиќ (Živojin Pavlović) Сценарио: Гордан Михиќ, Љубиша Козомара (Ljubiša Kozomara, Gordan Mihić) Улоги: Драган Николиќ, Слободан Алигрудиќ, Миодраг Андриќ, Северин Бијелиќ, Неда Спасојевиќ, Ружица Сокиќ (Dragan Nikolić, Slobodan Aligrudić, Miodrag Andrić, Severin Bijelić, Neda Spasojević, Ružica Sokić)   Јанко Бугарски, познат како Џими Барка (Николиќ), заедно со својата девојка Лилица (Спасоевиќ), мора да ја напушти привремената работа као сезонски работник. Неговата мајка е сиромашна перачка и не може да му помогне, а тој не може да најде работа во фабриките. Џими ќе ги ограби работниците на едно градилиште и, бегајќи, останува без Лилица. Ја среќава кафанската пејачка Душка (Сокиќ), станува нејзин љубовник и самиот учи да пее. Иако пее лошо, тој патува по малите места, пеејќи на панаѓурите и на приредбите во воените касарни. Во едно место ја среќава младата заботехничарка Бојана и со неа оди во Белград на натпреварот на младите пејачи. Таму, наместо аплаузи и афирмација, него го дочекуваат со свирежи и со навреди. Џими бега и на еден брод повторно ја среќава Лилица, која живее од ситни кражби и од симулирање дека е бремена. Тие одат кај Милутин (Алигрудиќ), управникот на поранешното градилиште и го уценуваат со приказната дека Лилица го носи неговото дете. Милутин открива дека е измамен и ја напаѓа Лилица, но Џими го спречува, а потоа го исмева пред работниците. Понижен и изнервиран, директорот ја грабнува пушката со намера да го убие Џими… КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ се смета за еден од најзначајните филмови на југословенскиот „црн бран“. На Пулскиот филмски фестивал филмот ја освоил „Златната арена“, а Павловиќ ја добил наградата за најдобар режисер во Пула и на фестивалот во Карлови Вари, Чешка.   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари     9 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 21:00 ч. ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ (Ljubavni slucaj ili tragedija sluzbenice P.T.T. / Love Affair, or The Case of the Missing Switchboard Operator) Игран филм, Србија 1967, 70 мин., црно-бел, ДЦП Режија: Душан Макавеев (Dušan Makavejev) Сценарио: Душан Макавеев, Бранко Вучиќевиќ (Dušan Makavejev, Branko Vučićević) Улоги: Ева Рас, Слободан Алигрудиќ, Миодраг Андриќ, Ружица Сокиќ (Eva Ras, Slobodan Aligrudić, Ružica Sokić; Miodrag Andrić)   Младата службеничка во ПТТ ќе започне љубовна врска со сериозно момче. Но, за време на неговото отсуство, таа ќе се впушти во сексуална врска со нејзин колега од работа. Девојката ќе остане бремена и по враќањето на нејзиното момче од службен пат ќе дојде до судир меѓу нив… ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ е уште еден филм од „црниот бран“, снимен 1967 година, која се смета за најплодна и најлиберална година во ексјугословенската кинематографија. Макавеев во овој филм продолжува со користењето метафори и асоцијации за тогашната политичка ситуација во земјата, па станува еден од авторите од „црниот бран“ што стигнуваат на „црната листа“ на политички неподобни филмаџии. Во филмот учествува и првиот српски сексолог и научник со светско реноме, д-р Александар Костиќ, кој се игра себеси и говори за сексуалноста на човекот. Д-р Костиќ е татко на познатиот и успешен композитор на филмска музика Воислав Воки Костиќ, автор на музиката во повеќе од 100 филмски и телевизиски проекти, меѓу кои и КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ. Филмот на Макавеев не поминал без неволји ниту во светот: дистрибутерот во Велика Британија барал да се исечат некои сцени, а британските гледачи ја виделе интегралната верзија на овој филм во видео изданието објавено 1996 година.   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари     10 МАЈ (ВТОРНИК), 19:00 ч. ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА (Petrijin venac / Petria’s Wreath) Игран филм, Србија 1980, 99 мин., колор, ДЦП Режија: Срѓан Карановиќ ( Srđan Karanović) Сценарио: Срѓан Карановиќ, Рајко Грлиќ ( Srđan Karanović, Rajko Grlić) Улоги: Мирјана Карановиќ, Драган Максимовиќ, Павле Вуисиќ, Марко Николиќ, Оливера Марковиќ (Mirjana Karanović,Dragan Maksimović,Pavle Vujisić,Marko Nikolić, Olivera Marković)   Во малото рударско гратче во Србија ја следиме животната приказна на старицата Петрија, од периодот пред Втората светска војна, воениот и повоениот период. Петрија е неписмена и скромна селанка, а нејзиниот живот трагичен и полн со самотија, тага и разочарувања. Петрија раскажува за нејзините тројца мажи кои ги сакала. Но, дали и тие ја сакале неа? Во улогата на Петрија блеска дебитантката Мирјана Карановиќ, тогаш 23-годишна студентка по глума на белградската Академија за време на реализација на филмот. Истото презиме со режисерот е чиста случајност. Режисерот Карановиќ, како и во неколку претходни и подоцнежни филмови, како косценарист го има својот колега и пријател од прашката академија ФМУ, Рајко Грлиќ (Rajko Grlić), секако еднакво познато име во хрватската и ексјугословенската кинематографија. Филмот е снимен според истоимениот роман на Драгослав Михајловиќ (Dragoslav Mihajlović), автор на неколку исклучителни дела од жанрот на документарната проза. Доследен на веристичкиот стил во овој филм, Карановиќ во екранизацијата ја користи натуршчикот Даринка Живковиќ во ликот на старата Петрија како наратор. На филмскиот фестивал во Пула ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА се закити со наградата за најдобар филм, а Мирјана Карановиќ беше најдобра актерка. Можеби вреди да се спомене како куриозитет изјавата на Карановиќ дека по добиената „Златна арена“ главно добивала пораки со сочуства наместо честитки од колегите. Ја уверувале дека најголемата награда за тогашната студентка по глума е проклетство, и дека веќе нема да добива понуди да снима главни улоги. Делумно биле во право бидејќи следната главна улога ја добила дури по пет години, во ТАТКО НА СЛУЖБЕН ПАТ (Otac na službenom putu, 1985) на Емир Кустурица (Emir Kusturica).   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари     10 МАЈ (ВТОРНИК), 21:00 ч. ЉУБОВ И МОДА (Ljubav i moda / Love and fashion) Игран филм, Србија 1960, 105 мин., колор, ДЦП Режија: Љубомир Радичевиќ (Ljubomir Radičević) Сценарио: Ненад Јовичиќ, Љубомир Радичевиќ (Nenad Jovičić, Ljubomir Radičević) Улоги: Беба Лончар, Душан Булаиќ, Мија Алексиќ, Миодраг Петровиќ-Чкаља, Северин Бијелиќ, Милош Жутиќ (Beba Lončar, Dušan Bulajić, Mija Aleksić, Miodrag Petrović Čkalja, Severin Bijelić, Miloš Žutić)   Група студенти сакаат да заработат пари за одржување на аеро-митинг, па организираат модна ревија за претпријатието „Југошик“. Иако се служат со ситни измами, нивната цел е благородна: ревијата е успешно реализирана и никој нема да претрпи штета. Во центарот на приказната се студентката Соња (Лончар) и модниот креатор Бора (Булаиќ) кои се постојано во кавга, но на крајот ќе ги решат меѓусебните несогласувања… Убавата Беба (Десанка) Лончар е еден од примерите на „девојка од соседството“ (слично како Неда Арнериќ) која ја користи шансата како тинејџерка да направи актерска кариера во југословенскиот филм, подоцна и интернационална кариера. Музиката од филмот станала мега популарна во 1960-тите и ја исполнуваат тогашните ѕвезди во подем Иво Робиќ, Габи Новак (Ivo Robić, Gabi Novak), а епизодна улога има и кантавторот Арсен Дедиќ (Arsen Dedić)… Евергрин песната „Девојко мала“ ја изведува актерот Властимир Ѓуза Стоиљковиќ (Vlastimir Đuza Stojiljković), а во 1980-тите ја препеја групата „Идоли“. Каверот на „Идоли“ има грешка во текстот. Членовите на бендот ја снимале песната во загрепски „Југотон“, но не го знаеле точно текстот, а термините за снимање ги притискале; Срѓан Шапер се познавал со актерот Ѓуза, и му телефонирал да го замоли да им го изрецирира текстот; било рано наутро, Ѓуза се уште бил сонлив, па два стиха не се идентични како оригиналот…   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари     11 МАЈ (СРЕДА), 19:00 ч. МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug / The Marathon Family) Игран филм, Србија 1982, 92 мин., колор, ДЦП Режија: Слободан Шијан (Slobodan Šijan) Сценарио: Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević) Улоги: Богдан Диклиќ, Данило Бата Стојковиќ, Павле Вуисиќ, Мија Алексиќ, Јелисавета Сека Сабљиќ, Бора Тодоровиќ, Зоран Радмиловиќ (Bogdan Diklić, Danilo Bata Stojković, Pavle Vuisić, Mija Aleksić, Jelisaveta Seka Sabljić, Bora Todorović, Zoran Radmilović)   Дејството на филмот се одвива во 1935 година во провинциски град во Србија, една година по убиството на кралот Александар Караѓорѓевиќ во атентатот во Марсеј (егзекутор е Владо Черноземски; филмот ги користи документарните снимки од тој настан). Пет генерации на семејството Топаловиќ се занимаваат со погребни услуги во нивното претпријатие. Кај Топаловиќи нема ниту една жена: штом жената ќе се породела со машки наследник, венеела и умирала. Топаловиќи постојано се караат околу наследството што го оставил штотуку починатиот Пантелие Топаловиќ. Најмладиот член на семејството, Мирко (Диклиќ), не сака веќе да биде погребник, туку сака со неговиот дел од наследството да си замине што подалеку. Со него би ја повел и Кристина (Саблиќ), ќерката на „деловниот партнер“ на семејството Топаловиќ, Били Питон (Радмиловиќ), чија банда ги ископува сандаците од гробиштата и им ги продава на Топаловиќи. Фирмата на семејството Топаловиќ, практично, за неколку децении има направено само два-три сандаци и постојано „ги врти“ низ бизнисот со Били Питон. Кристина, пак, е пијанист-почетник, свири на кино-проекциите што ги организира Ѓенка „Ѓаволот“ (Тодоровиќ), пријател и иден кум на Мирко. И Кристина сонува за бегство од провинцијата и гламурозна кариера во светот, но не со Мирко, туку со слаткоречивиот Ѓенка. Сестраниот Ѓенка, кој меѓу другото е и филмски снимател, ги наговорува Мирко и Кристина да глумат во неговиот „либерален“ филм со многу еротика, но филмот ќе остане неснимен бидејќи Мирко ќе ги затекне како ги „вежбаат“ сцените во природа. Во меѓувреме се заоструваат должничко-доверителските односи меѓу Топаловиќи и Били Питон, па и двете страни се подготвуваат за вистинска војна. Разбеснет заради неверството на Кристина, Мирко од слабак станува жесток насилник и лидер на семејството Топаловиќ: кај нив воопшто не се знае кој е чиј син, татко, дедо… За својот втор филм, режисерот ја доби наградата на жирито во Монтреал, Ковачевиќ награда за сценарио на фестивалот во Марсеј, а Јелисавета Сека Саблиќ „Златната арена“ во Пула за најдобра главна женска улога. Музиката е на Зоран Симјановиќ, а кинематографер на двата филма на тандемот Шијан-Ковачевиќ е Божидар Николиќ (меѓу останатите признанија и награда за животно дело на фестивалот „Браќа Манаки“).   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари       11 МАЈ (СРЕДА), 21:00 ч. ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ (Davitelj protiv davitelja / Strangler vs. Strangler) Игран филм, Србија 1984, 93 мин., колор, ДЦП Режија: Слободан Шијан (Slobodan Šijan) Сценарио: Небојша Пајкиќ, Слободан Шијан (Nebojša Pajkić, Slobodan Šijan) Улоги: Ташко Начиќ, Никола Симиќ, Срѓан Шапер, Рахела Ферари, Соња Савиќ (Taško Načić, Nikola Simić, Srđan Saper, Rahela Ferari, Sonja Savić )   Главниот лик во филмот, Пера Митиќ (Начиќ) е уличен продавач на цвеќе. Живее беден и неисполнет живот во запуштениот стан со неговата стара мајка (Ферари). Пера започнува да убива млади девојки, давејќи ги со раце. Полицијата предводена од инспекторот Страхињиќ (Симиќ) започнува истрага за злосторствата, гонејќи го серискиот убиец. Самобендисаниот рок-музичар Спиридон (Шапер), припадник на „старобелградска“ граѓанска класа, мисли дека е телепатски поврзан со полицијата, а во приказната е вплетена и темпераментната радио-водителка Софија (Савиќ)… Ташко Начиќ во улогата на давителот Пера стекна статус меѓу филмофилите. Делува како куриозитет што ова е неговата прва главна улога на филм, иако Начиќ е еден од најблагородните епизодисти во српската кинематографија. Тој има забележителна епизода и во македонската црна комедија ВИКЕНД НА МРТОВЦИ (1988) на Коле Ангеловски и една од култните реплики: „Сите ќе умрете!“. Со ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ режисерот му се враќа на жанрот црна комедија како во неговите прва два филма КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ (Ko to tamo peva) и МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug). Сценариото за овој филм Шијан го работи со Небојша Пајкиќ (Nebojša Pajkić), филмски критичар и сценарист, подоцна професор по монтажа на филмската академија во Белград. Во секој случај, и овој четврти наслов во филмографијата на Шијан е полн со омажи на саканите жанрови, автори и филмови од светската кинематографија, со референци на насловите за сериски убијци од класичната и современата ера, како ПСИХО (Psiho) на Алфред Хичкок (Alfred Hitchcock). Но, и со автореференци: ликот Спиридон е фронтмен на бендот ВИС „Симболи“, што несомнено асоцира на самиот Шапер и ВИС „Идоли“. Токму „Идоли“ ја компонирале песната „Бејби“ за филмот. Самата кратенка ВИС пред името на бендот „Идоли“ (вокално-инстументален состав) е еден вид омаж на музичките групи кои ги прават пионерските чекори во српската (и ексјугословенската) поп-рок музика во 60-тите години од минатиот век, и често ја имале пред името на бендот. На филмскиот фестивал во Пула филмот на Шијан освои „Златни арени“ за најдобра сценографија и звук, а филмот беше дел од натпреварувачката конкуренција на филмскиот фестивал во Чикаго (САД).   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари      

The post Од 5 до 11 мај антологија на српски филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>