Антологија на српски филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antologija-na-srpski-film/ За подобро да се разбереме Wed, 11 May 2022 13:05:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Антологија на српски филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antologija-na-srpski-film/ 32 32 Со проекција на „Давител против давителот“ во режија на Слободан Шијан завршува „Антологија на српскиот филм“ во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-proekcija-na-davitel-protiv-davitelot-vo-rezija-na-slobodan-shijan-zavrshuva-antologija-na-srpskiot-film-vo-kinoteka/ Wed, 11 May 2022 12:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=501052

На 11 мај (СРЕДА), со почеток во 21 часот во рамките на „Антологија на српскиот филм“ во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан култниот „Давител против давителот“ (Davitelj protiv davitelja / Strangler vs. Strangler), со што и официјално се заокружува програмата на оваа манифестација.

Главниот лик во филмот, Пера Митиќ (Начиќ) е уличен продавач на цвеќе. Живее беден и неисполнет живот во запуштениот стан со неговата стара мајка (Ферари). Пера започнува да убива млади девојки, давејќи ги со раце. Полицијата предводена од инспекторот Страхињиќ (Симиќ) започнува истрага за злосторствата, гонејќи го серискиот убиец. Самобендисаниот рок-музичар Спиридон (Шапер), припадник на „старобелградска“ граѓанска класа, мисли дека е телепатски поврзан со полицијата, а во приказната е вплетена и темпераментната радио-водителка Софија (Савиќ)…

Ташко Начиќ во улогата на давителот Пера стекна статус меѓу филмофилите. Делува како куриозитет што ова е неговата прва главна улога на филм, иако Начиќ е еден од најблагородните епизодисти во српската кинематографија. Тој има забележителна епизода и во македонската црна комедија ВИКЕНД НА МРТОВЦИ (1988) на Коле Ангеловски и една од култните реплики: „Сите ќе умрете!“.

Со ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ режисерот му се враќа на жанрот црна комедија како во неговите прва два филма КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ (Ko to tamo peva) и МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug). Сценариото за овој филм Шијан го работи со Небојша Пајкиќ (Nebojša Pajkić), филмски критичар и сценарист, подоцна професор по монтажа на филмската академија во Белград.

Во секој случај, и овој четврти наслов во филмографијата на Шијан е полн со омажи на саканите жанрови, автори и филмови од светската кинематографија, со референци на насловите за сериски убијци од класичната и современата ера, како ПСИХО (Psiho) на Алфред Хичкок (Alfred Hitchcock). Но, и со автореференци: ликот Спиридон е фронтмен на бендот ВИС „Симболи“, што несомнено асоцира на самиот Шапер и ВИС „Идоли“. Токму „Идоли“ ја компонирале песната „Бејби“ за филмот.

На филмскиот фестивал во Пула филмот на Шијан освои „Златни арени“ за најдобра сценографија и звук, а филмот беше дел од натпреварувачката конкуренција на филмскиот фестивал во Чикаго (САД).

Игран филм, Србија

1984, 93 мин., колор, ДЦП

Режија: Слободан Шијан (Slobodan Šijan)

Сценарио: Небојша Пајкиќ, Слободан Шијан (Nebojša Pajkić, Slobodan Šijan)

Улоги: Ташко Начиќ, Никола Симиќ, Срѓан Шапер, Рахела Ферари, Соња Савиќ (Taško NačićNikola SimićSrđan SaperRahela FerariSonja Savić)

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

The post Со проекција на „Давител против давителот“ во режија на Слободан Шијан завршува „Антологија на српскиот филм“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>

На 11 мај (СРЕДА), со почеток во 21 часот во рамките на „Антологија на српскиот филм“ во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан култниот „Давител против давителот“ (Davitelj protiv davitelja / Strangler vs. Strangler), со што и официјално се заокружува програмата на оваа манифестација. Главниот лик во филмот, Пера Митиќ (Начиќ) е уличен продавач на цвеќе. Живее беден и неисполнет живот во запуштениот стан со неговата стара мајка (Ферари). Пера започнува да убива млади девојки, давејќи ги со раце. Полицијата предводена од инспекторот Страхињиќ (Симиќ) започнува истрага за злосторствата, гонејќи го серискиот убиец. Самобендисаниот рок-музичар Спиридон (Шапер), припадник на „старобелградска“ граѓанска класа, мисли дека е телепатски поврзан со полицијата, а во приказната е вплетена и темпераментната радио-водителка Софија (Савиќ)… Ташко Начиќ во улогата на давителот Пера стекна статус меѓу филмофилите. Делува како куриозитет што ова е неговата прва главна улога на филм, иако Начиќ е еден од најблагородните епизодисти во српската кинематографија. Тој има забележителна епизода и во македонската црна комедија ВИКЕНД НА МРТОВЦИ (1988) на Коле Ангеловски и една од култните реплики: „Сите ќе умрете!“. Со ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ режисерот му се враќа на жанрот црна комедија како во неговите прва два филма КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ (Ko to tamo peva) и МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug). Сценариото за овој филм Шијан го работи со Небојша Пајкиќ (Nebojša Pajkić), филмски критичар и сценарист, подоцна професор по монтажа на филмската академија во Белград. Во секој случај, и овој четврти наслов во филмографијата на Шијан е полн со омажи на саканите жанрови, автори и филмови од светската кинематографија, со референци на насловите за сериски убијци од класичната и современата ера, како ПСИХО (Psiho) на Алфред Хичкок (Alfred Hitchcock). Но, и со автореференци: ликот Спиридон е фронтмен на бендот ВИС „Симболи“, што несомнено асоцира на самиот Шапер и ВИС „Идоли“. Токму „Идоли“ ја компонирале песната „Бејби“ за филмот. На филмскиот фестивал во Пула филмот на Шијан освои „Златни арени“ за најдобра сценографија и звук, а филмот беше дел од натпреварувачката конкуренција на филмскиот фестивал во Чикаго (САД). Игран филм, Србија 1984, 93 мин., колор, ДЦП Режија: Слободан Шијан (Slobodan Šijan) Сценарио: Небојша Пајкиќ, Слободан Шијан (Nebojša Pajkić, Slobodan Šijan) Улоги: Ташко Начиќ, Никола Симиќ, Срѓан Шапер, Рахела Ферари, Соња Савиќ (Taško NačićNikola SimićSrđan SaperRahela FerariSonja Savić) Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари

The post Со проекција на „Давител против давителот“ во режија на Слободан Шијан завршува „Антологија на српскиот филм“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Маратонците го трчаат почесниот круг“, чии реплики се живи и денес го означи почетокот на Антологија на српскиот филм во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/maratoncite-go-trchaat-pochesniot-krug-chii-repliki-se-zivi-i-denes-go-oznachi-pochetokot-na-antologija-na-srpskiot-film-vo-kinoteka/ Thu, 05 May 2022 21:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=498337

Со проекција на неповторливиот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“ , во присуство на амбасадорката на Република Србија Н.Е. Невена Јовановиќ, управникот на Архивот на Југословенска кинотека Александар Ердељановиќ, како и неговите соработници Бранислав Ердељановиќ и Дејан Ковачевиќ, во Кинотеката стартуваше манифестацијата „Антологија на српскиот филм“, организирана од Кинотеката на Македонија, Југословенската кинотека во Белград, Српскиот културно-информативен центар СПОНА во Скопје и Скопје филм фестивал класик, со поддршка на амбасадата на Република Србија во Р.Македонија.

Директорот на Кинотеката Владимир Ангелов го отвори настанот поздравувајќи ги присутните и изрази задоволство што оваа манифестација се отвора со култниот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“, чии реплики се живи и денес.

Амбасадорката на Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ, ги потенцираше придобивките од културната дипломатија, која уште повеќе ги зближува народите и земјите кои имаат одлична соработка, изразувајќи задоволство што македонската публика ќе има можност да ужива во овие култни српски филмови.

Александар Ердељановиќ потсети на почетоците на Југословенската кинотека од нејзиното основање во 1949 година како централна Југословенска кинотека, која во 1965 година станува една од петте најбогати филмски архиви во светот според филмскиот фонд со кој располага, а кој е сочинет од над 100.000 филмови и стотици илјади филмски плакати и останата филмска граѓа. Ердељановиќ ги запозна присутните и со активностите на Југословенската кинотека во доменот на дигитализацијата и дигиталната реставрација на филмовите. Во нивниот центар од 2009 година се дигитално реставрирани 25 филмови од кинематографиите од регионот, во кој спаѓаат 11-те наслови од Антологијата на српскиот фил, но и три македонски наслови: „Татко (Колнати сме Ирина) на Коле Ангеловски, „Жед“ на Димитрие Османли и „Хај-фај“ на Владимир Блажевски. Управникот на Архивот Ердељановиќ потоа во едно кратко и сеопфатно излагање се осврна на филмовите и нивните автори од оваа антологија, запознавајќи ги присутните гости и гледачи со најбитните поенти.

Антологијата на српскиот филм ќе биде на програмата на Кинотеката до 11 мај.

Од 5 мај (четврток) до 11 мај (среда) 2022 година на кинотечната програма се 11 наслови, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век: КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? (Ko to tamo peva? / Who is Singing There?), МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug / The Marathon Family), ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 (Varljivo leto ’68 / The Elusive Summer of ’68), БАЛКАНСКИ ШПИОН (Balkanski špijun / Balkan Spy), НАЦИОНАЛНА КЛАСА (Nacionalna klasa / National Class Category Up to 785 Ccm), ПЛАСТИЧЕН ИСУС (Plastični Isus / Plastic Jesus), КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ (Kad budem mrtav i beo / When I Am Dead and Gone), ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ (Ljubavni slucaj ili tragedija sluzbenice P.T.T. / Love Affair, or The Case of the Missing Switchboard Operator), ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА (Petrijin venac / Petria’s Wreath), ЉУБОВ И МОДА (Ljubav i moda / Love and fashion) и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ (Davitelj protiv davitelja / Strangler vs. Strangler).

 

 

 

The post „Маратонците го трчаат почесниот круг“, чии реплики се живи и денес го означи почетокот на Антологија на српскиот филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Со проекција на неповторливиот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“ , во присуство на амбасадорката на Република Србија Н.Е. Невена Јовановиќ, управникот на Архивот на Југословенска кинотека Александар Ердељановиќ, како и неговите соработници Бранислав Ердељановиќ и Дејан Ковачевиќ, во Кинотеката стартуваше манифестацијата „Антологија на српскиот филм“, организирана од Кинотеката на Македонија, Југословенската кинотека во Белград, Српскиот културно-информативен центар СПОНА во Скопје и Скопје филм фестивал класик, со поддршка на амбасадата на Република Србија во Р.Македонија. Директорот на Кинотеката Владимир Ангелов го отвори настанот поздравувајќи ги присутните и изрази задоволство што оваа манифестација се отвора со култниот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“, чии реплики се живи и денес. Амбасадорката на Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ, ги потенцираше придобивките од културната дипломатија, која уште повеќе ги зближува народите и земјите кои имаат одлична соработка, изразувајќи задоволство што македонската публика ќе има можност да ужива во овие култни српски филмови. Александар Ердељановиќ потсети на почетоците на Југословенската кинотека од нејзиното основање во 1949 година како централна Југословенска кинотека, која во 1965 година станува една од петте најбогати филмски архиви во светот според филмскиот фонд со кој располага, а кој е сочинет од над 100.000 филмови и стотици илјади филмски плакати и останата филмска граѓа. Ердељановиќ ги запозна присутните и со активностите на Југословенската кинотека во доменот на дигитализацијата и дигиталната реставрација на филмовите. Во нивниот центар од 2009 година се дигитално реставрирани 25 филмови од кинематографиите од регионот, во кој спаѓаат 11-те наслови од Антологијата на српскиот фил, но и три македонски наслови: „Татко (Колнати сме Ирина) на Коле Ангеловски, „Жед“ на Димитрие Османли и „Хај-фај“ на Владимир Блажевски. Управникот на Архивот Ердељановиќ потоа во едно кратко и сеопфатно излагање се осврна на филмовите и нивните автори од оваа антологија, запознавајќи ги присутните гости и гледачи со најбитните поенти. Антологијата на српскиот филм ќе биде на програмата на Кинотеката до 11 мај. Од 5 мај (четврток) до 11 мај (среда) 2022 година на кинотечната програма се 11 наслови, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век: КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? (Ko to tamo peva? / Who is Singing There?), МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug / The Marathon Family), ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 (Varljivo leto ’68 / The Elusive Summer of ’68), БАЛКАНСКИ ШПИОН (Balkanski špijun / Balkan Spy), НАЦИОНАЛНА КЛАСА (Nacionalna klasa / National Class Category Up to 785 Ccm), ПЛАСТИЧЕН ИСУС (Plastični Isus / Plastic Jesus), КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ (Kad budem mrtav i beo / When I Am Dead and Gone), ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ (Ljubavni slucaj ili tragedija sluzbenice P.T.T. / Love Affair, or The Case of the Missing Switchboard Operator), ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА (Petrijin venac / Petria’s Wreath), ЉУБОВ И МОДА (Ljubav i moda / Love and fashion) и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ (Davitelj protiv davitelja / Strangler vs. Strangler).      

The post „Маратонците го трчаат почесниот круг“, чии реплики се живи и денес го означи почетокот на Антологија на српскиот филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Од 5 мај Aнтологија на српскиот филм во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/od-5-maj-antologija-na-srpskiot-film-vo-kinoteka/ Mon, 02 May 2022 13:28:03 +0000 https://republika.mk/?p=496363

Од 5 мај (четврток) до 11 мај (среда) 2022 година во Кинотеката на Р.Македонија ќе бидат прикажани 11 класични наслови од српската кинематографија, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век.

Се работи за насловите КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? (Ko to tamo peva? / Who is Singing There?), МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug / The Marathon Family), ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 (Varljivo leto ’68 / The Elusive Summer of ’68), БАЛКАНСКИ ШПИОН (Balkanski špijun / Balkan Spy), НАЦИОНАЛНА КЛАСА (Nacionalna klasa / National Class Category Up to 785 Ccm), ПЛАСТИЧЕН ИСУС (Plastični Isus / Plastic Jesus), КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ (Kad budem mrtav i beo / When I Am Dead and Gone), ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ (Ljubavni slucaj ili tragedija sluzbenice P.T.T. / Love Affair, or The Case of the Missing Switchboard Operator), ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА (Petrijin venac / Petria’s Wreath), ЉУБОВ И МОДА (Ljubav i moda / Love and fashion) и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ (Davitelj protiv davitelja / Strangler vs. Strangler).

Автори на филмовите се Слободан Шијан (Slobodan Šijan), Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević), Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević), Божидар Николиќ (Božidar Nikolić), Горан Марковиќ (Goran Marković), Лазар Стојановиќ (Lazar Stojanović), Живоин Павловиќ (Živojin Pavlović), Душан Макавеев (Dušan Makavejev), Срѓан Карановиќ (Srđan Karanović ) и Љубомир Радичевиќ (Ljubomir Radičević).

Филмовите во овој избор се дел од стоте антологиски наслови снимени од српски режисери во периодот од 1911 до 1999, а кои во 2016-та беа прогласени за национално добро од големо значење во Србија. Тие се дел од проектот „VIP Кинотека“ чија цел е да се сочуваат и заштитат филмовите кои ја одбележале српската кинематографија; процесот на дигитална реставрација на српското филмско наследство е реализирано во Одделението за дигитализација и дигитална реставрација при архивот на Југословенската Кинотека во Белград.

ЉУБОВ И МОДА е генерациски „исписник“ со веќе етаблираниот модернизам во литературата, театарот, џез и поп музиката. КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ, ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ и ПЛАСТИЧЕН ИСУС како фиданки на „црното семе“ на реализмот кореспондираат со мрачните тонови во литературата, сликарството и другите уметности.

Насловите: ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА, НАЦИОНАЛНА КЛАСА, ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’68, КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ?, МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ, БАЛКАНСКИ ШПИОН и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ – се продуцирани во почетокот на 1980-тите години. Не може, а да не се повлече паралела со вистинската експлозија на новите трендови во рокенролот („новиот бран“ на бендовите од Белград, Загреб и Љубљана) и театарот (врвот на БИТЕФ-Белградски интернационален театарски фестивал, ЕУРОКАЗ-Загреб) меѓу останатите уметности, но и мултимедијалноста како израз.

Овој златен пресек на српската кинематографија секако не може да мине и без потенцирањето на филмовите на некогашните студенти на прочуената филмска академија ФАМУ од Прага, Чешка. Филмовите на Срѓан Карановиќ, Горан Марковиќ и Горан Паскаљевиќ се дел од таа неформална „чешка школа“ во ексјугословенската кинематографија, иако се понекогаш сосем различни според авторските интереси.

Југословенската Кинотека, основана во 1949 година, денес спаѓа во петте најзначајни филмски архиви во светот. Покрај богатата збирка филмови од југословенската и српската национална кинематографија, оваа Кинотека располага и со огромен фонд странски филмови, добиени како размена со другите странски архиви, депонирани од физички и правни лица, како и преземени од широката киноприкажувачка мрежа.

Настанот е во организација на: Кинотеката, Југословенска Кинотека, Српската Амбасада во Скопје, и СПОНА.

The post Од 5 мај Aнтологија на српскиот филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Од 5 мај (четврток) до 11 мај (среда) 2022 година во Кинотеката на Р.Македонија ќе бидат прикажани 11 класични наслови од српската кинематографија, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век. Се работи за насловите КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? (Ko to tamo peva? / Who is Singing There?), МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug / The Marathon Family), ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 (Varljivo leto ’68 / The Elusive Summer of ’68), БАЛКАНСКИ ШПИОН (Balkanski špijun / Balkan Spy), НАЦИОНАЛНА КЛАСА (Nacionalna klasa / National Class Category Up to 785 Ccm), ПЛАСТИЧЕН ИСУС (Plastični Isus / Plastic Jesus), КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ (Kad budem mrtav i beo / When I Am Dead and Gone), ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ (Ljubavni slucaj ili tragedija sluzbenice P.T.T. / Love Affair, or The Case of the Missing Switchboard Operator), ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА (Petrijin venac / Petria’s Wreath), ЉУБОВ И МОДА (Ljubav i moda / Love and fashion) и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ (Davitelj protiv davitelja / Strangler vs. Strangler). Автори на филмовите се Слободан Шијан (Slobodan Šijan), Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević), Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević), Божидар Николиќ (Božidar Nikolić), Горан Марковиќ (Goran Marković), Лазар Стојановиќ (Lazar Stojanović), Живоин Павловиќ (Živojin Pavlović), Душан Макавеев (Dušan Makavejev), Срѓан Карановиќ (Srđan Karanović ) и Љубомир Радичевиќ (Ljubomir Radičević). Филмовите во овој избор се дел од стоте антологиски наслови снимени од српски режисери во периодот од 1911 до 1999, а кои во 2016-та беа прогласени за национално добро од големо значење во Србија. Тие се дел од проектот „VIP Кинотека“ чија цел е да се сочуваат и заштитат филмовите кои ја одбележале српската кинематографија; процесот на дигитална реставрација на српското филмско наследство е реализирано во Одделението за дигитализација и дигитална реставрација при архивот на Југословенската Кинотека во Белград. ЉУБОВ И МОДА е генерациски „исписник“ со веќе етаблираниот модернизам во литературата, театарот, џез и поп музиката. КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ, ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ и ПЛАСТИЧЕН ИСУС како фиданки на „црното семе“ на реализмот кореспондираат со мрачните тонови во литературата, сликарството и другите уметности. Насловите: ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА, НАЦИОНАЛНА КЛАСА, ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’68, КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ?, МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ, БАЛКАНСКИ ШПИОН и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ – се продуцирани во почетокот на 1980-тите години. Не може, а да не се повлече паралела со вистинската експлозија на новите трендови во рокенролот („новиот бран“ на бендовите од Белград, Загреб и Љубљана) и театарот (врвот на БИТЕФ-Белградски интернационален театарски фестивал, ЕУРОКАЗ-Загреб) меѓу останатите уметности, но и мултимедијалноста како израз. Овој златен пресек на српската кинематографија секако не може да мине и без потенцирањето на филмовите на некогашните студенти на прочуената филмска академија ФАМУ од Прага, Чешка. Филмовите на Срѓан Карановиќ, Горан Марковиќ и Горан Паскаљевиќ се дел од таа неформална „чешка школа“ во ексјугословенската кинематографија, иако се понекогаш сосем различни според авторските интереси. Југословенската Кинотека, основана во 1949 година, денес спаѓа во петте најзначајни филмски архиви во светот. Покрај богатата збирка филмови од југословенската и српската национална кинематографија, оваа Кинотека располага и со огромен фонд странски филмови, добиени како размена со другите странски архиви, депонирани од физички и правни лица, како и преземени од широката киноприкажувачка мрежа. Настанот е во организација на: Кинотеката, Југословенска Кинотека, Српската Амбасада во Скопје, и СПОНА.

The post Од 5 мај Aнтологија на српскиот филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>