Антоанета Димовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antoaneta-dimovska/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 08:22:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Антоанета Димовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antoaneta-dimovska/ 32 32 ВМРО ДПМНЕ: Потребна е оставка од Антоанета Димовска и колективна одговорност од Судски совет за незаконското назначување во УО на Академијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-potrebna-e-ostavka-od-antoaneta-dimovska-i-kolektivna-odgovornost-od-sudski-sovet-za-nezakonskoto-naznachuvane-vo-uo-na-akademijata/ Sun, 03 Nov 2024 08:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=833628

На Судскиот совет и Советот на јавни обвинители како да не им е грижа за ниската доверба на граѓаните, па со свои постапки продолжуваат да ја поткопуваат и така ниската доверба во правосудните органи од само 2%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со последниот дрзок упад кој што Судскиот совет го направи во Академијата на судии и јавни обвинители, дополнително ќе ја намали довербата на граѓаните во правосудството.

Пред недела дена, на 24 октомври, спротивно на закон, Судскиот совет за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, наместо судии, ја назначи Антоанета Димовска, која истовремено е член на Судскиот совет.

Според Членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, се забранува избрано или именувано лице истовремено да врши функција на член на орган на управување во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал.

А, токму членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се избрани и именувани лица и не можат да вршат функција во органи на управување како што е Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Тоа е флагрантно кршење на законските прописи, потенцираат од партијата и додаваат-

„Антоанета Димовска, освен што спротивно на закон е назначена за член на УО на Академијата, треба да се напомене дека е и сестра на пратеничката на СДС, Снежана Калеска Ванчева.

Дали роднинските врски со членови на СДС бил мотивот на Судскиот совет да го прекрши законот и Антоанета Димовска да ја назначи за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители?

Одговор треба да дадат и од СДС и да кажат, која е нивната улога и дали се вмешани во овој избор?

Освен одговори, потребно е Димовска да си поднесе оставка од незаконски добиената функција, а Судскиот совет да понесе колективна одговорност за противзаконскиот упад во системот“.

The post ВМРО ДПМНЕ: Потребна е оставка од Антоанета Димовска и колективна одговорност од Судски совет за незаконското назначување во УО на Академијата appeared first on Република.

]]>

Антоанета Димовска и Наке Георгиев нови членови на Судски совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antoaneta-dimovska-i-nake-georgiev-novi-chlenovi-na-sudski-sovet/ Thu, 13 Jul 2023 16:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=661029

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев и судијката од Граѓанскиот суд, Антоанета Димовска се нови членови на Судски совет, објави Фокус.

Георгиев, за кого Судски совет непосредно пред кандидатурата ја запре постапката што се водеше против него, беше единствен кандидат од редовите на Врховните судии.

За него гласале шестмина од вкупно 16 судии во Врховен.

Антоанета Димовска пак е новиот член од апелационото скопско подрачје. Тас добила 110 гласови наспроти претседателот на Судот во Кавадарци, Лазар Нанев, за кого гласале 49 судии.

Претседател на Комисијата за избори беше судијата од Управен суд и поранешен член на ДИК, Субхи Јакупи.

Сега течат рокови за приговори на кандидатите, а утре ќе бидат соопштени конечните резултати.

Георгиев и Димовска доаѓаат на местото на двајцата членови од Судски совет кои си дадоа оставка.

The post Антоанета Димовска и Наке Георгиев нови членови на Судски совет appeared first on Република.

]]>

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев и судијката од Граѓанскиот суд, Антоанета Димовска се нови членови на Судски совет, објави Фокус. Георгиев, за кого Судски совет непосредно пред кандидатурата ја запре постапката што се водеше против него, беше единствен кандидат од редовите на Врховните судии. За него гласале шестмина од вкупно 16 судии во Врховен. Антоанета Димовска пак е новиот член од апелационото скопско подрачје. Тас добила 110 гласови наспроти претседателот на Судот во Кавадарци, Лазар Нанев, за кого гласале 49 судии. Претседател на Комисијата за избори беше судијата од Управен суд и поранешен член на ДИК, Субхи Јакупи. Сега течат рокови за приговори на кандидатите, а утре ќе бидат соопштени конечните резултати. Георгиев и Димовска доаѓаат на местото на двајцата членови од Судски совет кои си дадоа оставка.