Антоан Еберле Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antoan-eberle/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Aug 2022 15:03:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Антоан Еберле Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antoan-eberle/ 32 32 Сум снимал на многу места во светот, но Чад е една од најсиромашните држави, вели кинематограферот на „Григрис“, Антоан Еберле https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sum-snimal-na-mnogu-mesta-vo-svetot-no-chad-e-edna-od-najsiromashnite-drzavi-veli-kinematograferot-na-grigris-antoan-eberle/ Wed, 24 Aug 2022 15:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=543731

Антоан Еберле е француски кинематографер и режисер, гостин на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ со филмот „Григрис“, две епизоди од втората сезона на популарната и наградувана ТВ серија „Хипократ“ и член на жирито што одлучува за најдобриот филм во документарната натпреварувачка програма. Модератор на мастер класот беше Томасо Вергало, key acount manager на компанијата за филмска техника „Лајц“, кој заедно со менаџерот Рајнер Хершер го промовираат овој бренд и се спонзори на годинешното фестивалско издание.

Антоан Еберле со филмот „Paradise Now“ на палестинско-данскиот режисер Хани Абу-Асад бил дел од натпреварувачката селекција на „Браќа Манаки“ во 2005 година. Овој филм го снимал во тешки услови, за време на втората „Интифада“ (востание) во Палестина.

Еберле на почетокот на „Leitz“ мастер класот во исполнетата сала на киното „Манаки“ ги запозна филмските професионалци, студенти и филмофили со неговите почетоци во светот на фотографијата и филмот. Роден во Гренобл, на францускиот дел од Алпите, Еберле ги направил првите фотограафии на 14-годишна возраст и тогаш сфатил дека не сака професијата да му биде врзана за канцеларија. Студирал камера на филмската школа „Лимиер“ во Париз, започнал да работи како оператор на камера, потоа грип мајстор, и чекор по чекор, минувајќи ги сите скалила во одделот за камера во филмската, но и телевизиска и музичко-видео продукција (спотови), го снимил првиот филм како директор на фотографија на 28-годишна возраст.

Еберле работел и го учел занаетот од многу мајстори на камерата и филмот, меѓу нив и од славниот Тјери Арбогаст, но сепак ја издвојува Летисија Масон, режисерка, сценаристка, кинематограферка и актерка родена токму во Епинал, Франција, град збратимен со Битола. За неа вели дека е голем експериментатор со светлото и кадрирањето и за првпат снимил филм со дигитална техника во нејзина режија. Од неа научил дека не е потребно огромно количество светлосна техника на филмскиот сет, туку дека природната светлина е поспектакуларна; дека најдобро се снима филм во кус временски рок и со малубројна екипа, но со претходна детална подготовка и анализа на теренот каде што се снима филмот...

Еберле говореше за дел од неговите многубројни искуства со различни режисери и филмски професионалци, како и за минуциозните технички детали кои на крајот го обликуваат финалниот визуелен продукт. Еберле откри и интересни детали за техничките финеси при снимањето на ТВ серијата „Хипократ“ во режија на Томас Лилти. Тематската сторија на ТВ серијата е светот на ургентната медицина и интересно е што режисерот Лилти најпрвин завршил медицина и работел како доктор, а животниот интерес потоа го однел во филмот.

Еберле ги сподели и искуствата при снимањето на споменатиот филм „Paradise Now“, реализиран во многу тешки услови на територија што практично била воена зона. За „Григрис“ во режија на Махамат-Салех Харун, пак, Еберле ни откри дека е сниман на локации во африканската држава Чад, претежно со непрофесионални актери, од кои многумина никогаш не биле в кино пред да бидат дел од овој филм. Филмот бил дел од официјалната натпреварувачка програма на Канскиот филмски фестивал во 2013 година и ја добил наградата „Vulcain“, која ги вреднува техничките достигнувања во филмската уметност.

Еберле говореше и за неговиот пристап во осветлувањето на филмскиот свет и користењето на различни објективи, како и за различните пристапи на снимање на играни наспроти документарни проекти.

На денешната прес конференција, пак, Еберле проговори за филмот „Григрис“ кој вчера беше прикажан во киното „Манаки“ благодарение на „Лајтс“. Филмот е француско-чадска копродукција, раскажува една социјална приказна на еден млад човек кој се соочува со повеќе предизвици, меѓу кои и физички хендикеп кој се обидува да го сврти во сопствена корист, а во 2013 година доби една од главните награди за технички достигнувања на фестивалот во Кан.

Сум снимал на многу места во светот, но Чад е една од најсиромашните држави. Воопшто немаат кинематографска култура, постои само едно кино, немаше инфраструктура, од други држави носевме екипа и опрема, бидејќи таму едноставно немаше ништо, раскажа Антоан Еберле и се заблагодари на фестивалот „Браќа Манаки“ и на „Лајтс“ за престојот во Битола.

 

The post Сум снимал на многу места во светот, но Чад е една од најсиромашните држави, вели кинематограферот на „Григрис“, Антоан Еберле appeared first on Република.

]]>

Антоан Еберле е француски кинематографер и режисер, гостин на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ со филмот „Григрис“, две епизоди од втората сезона на популарната и наградувана ТВ серија „Хипократ“ и член на жирито што одлучува за најдобриот филм во документарната натпреварувачка програма. Модератор на мастер класот беше Томасо Вергало, key acount manager на компанијата за филмска техника „Лајц“, кој заедно со менаџерот Рајнер Хершер го промовираат овој бренд и се спонзори на годинешното фестивалско издание. Антоан Еберле со филмот „Paradise Now“ на палестинско-данскиот режисер Хани Абу-Асад бил дел од натпреварувачката селекција на „Браќа Манаки“ во 2005 година. Овој филм го снимал во тешки услови, за време на втората „Интифада“ (востание) во Палестина. Еберле на почетокот на „Leitz“ мастер класот во исполнетата сала на киното „Манаки“ ги запозна филмските професионалци, студенти и филмофили со неговите почетоци во светот на фотографијата и филмот. Роден во Гренобл, на францускиот дел од Алпите, Еберле ги направил првите фотограафии на 14-годишна возраст и тогаш сфатил дека не сака професијата да му биде врзана за канцеларија. Студирал камера на филмската школа „Лимиер“ во Париз, започнал да работи како оператор на камера, потоа грип мајстор, и чекор по чекор, минувајќи ги сите скалила во одделот за камера во филмската, но и телевизиска и музичко-видео продукција (спотови), го снимил првиот филм како директор на фотографија на 28-годишна возраст. Еберле работел и го учел занаетот од многу мајстори на камерата и филмот, меѓу нив и од славниот Тјери Арбогаст, но сепак ја издвојува Летисија Масон, режисерка, сценаристка, кинематограферка и актерка родена токму во Епинал, Франција, град збратимен со Битола. За неа вели дека е голем експериментатор со светлото и кадрирањето и за првпат снимил филм со дигитална техника во нејзина режија. Од неа научил дека не е потребно огромно количество светлосна техника на филмскиот сет, туку дека природната светлина е поспектакуларна; дека најдобро се снима филм во кус временски рок и со малубројна екипа, но со претходна детална подготовка и анализа на теренот каде што се снима филмот... Еберле говореше за дел од неговите многубројни искуства со различни режисери и филмски професионалци, како и за минуциозните технички детали кои на крајот го обликуваат финалниот визуелен продукт. Еберле откри и интересни детали за техничките финеси при снимањето на ТВ серијата „Хипократ“ во режија на Томас Лилти. Тематската сторија на ТВ серијата е светот на ургентната медицина и интересно е што режисерот Лилти најпрвин завршил медицина и работел како доктор, а животниот интерес потоа го однел во филмот. Еберле ги сподели и искуствата при снимањето на споменатиот филм „Paradise Now“, реализиран во многу тешки услови на територија што практично била воена зона. За „Григрис“ во режија на Махамат-Салех Харун, пак, Еберле ни откри дека е сниман на локации во африканската држава Чад, претежно со непрофесионални актери, од кои многумина никогаш не биле в кино пред да бидат дел од овој филм. Филмот бил дел од официјалната натпреварувачка програма на Канскиот филмски фестивал во 2013 година и ја добил наградата „Vulcain“, која ги вреднува техничките достигнувања во филмската уметност. Еберле говореше и за неговиот пристап во осветлувањето на филмскиот свет и користењето на различни објективи, како и за различните пристапи на снимање на играни наспроти документарни проекти. На денешната прес конференција, пак, Еберле проговори за филмот „Григрис“ кој вчера беше прикажан во киното „Манаки“ благодарение на „Лајтс“. Филмот е француско-чадска копродукција, раскажува една социјална приказна на еден млад човек кој се соочува со повеќе предизвици, меѓу кои и физички хендикеп кој се обидува да го сврти во сопствена корист, а во 2013 година доби една од главните награди за технички достигнувања на фестивалот во Кан.
Сум снимал на многу места во светот, но Чад е една од најсиромашните држави. Воопшто немаат кинематографска култура, постои само едно кино, немаше инфраструктура, од други држави носевме екипа и опрема, бидејќи таму едноставно немаше ништо, раскажа Антоан Еберле и се заблагодари на фестивалот „Браќа Манаки“ и на „Лајтс“ за престојот во Битола.
 

The post Сум снимал на многу места во светот, но Чад е една од најсиромашните држави, вели кинематограферот на „Григрис“, Антоан Еберле appeared first on Република.

]]>