антивоен протест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antivoen-protest/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Jun 2022 20:33:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png антивоен протест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antivoen-protest/ 32 32 Анти-НАТО и антивоен протест пред Герника, сликата на Пикасо во музеј во Мадрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/anti-nato-i-antivoen-protest-pred-gernika-slikata-na-pikaso-vo-muzej-vo-madrid/ Mon, 27 Jun 2022 21:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=520461

Неколку часа пред почетокот на Самитот на НАТО во Мадрид, околу 30 антивоени активисти протестираа во Музејот на кралицата Софија пред познатата слика на Пабло Пикасо, Герника.

Демонстрантите ја обвинуваат воената алијанса за поттикнување на војната во Украина и тврдат дека безбедноста не се постигнува со големи количини оружје - се наведува во заедничкото соопштение на организаторите на протестот.

На сликите и видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат десетина активисти кои лежат на подот пред сликата Герника, која е инспирирана од крвавиот воздушен напад врз градот Герника за време на Шпанската граѓанска војна.

https://twitter.com/xrmadrid_/status/1541368988797730821

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Војната е смрт за луѓето“ и „Војната е смрт за уметноста“.

Протестот во еден од најпознатите европски музеи траеше околу 10 минути пред да интервенира персоналот на музејот и да ги исфрли демонстрантите, но управата на музејот се уште не го коментирала инцидентот.

За време на Самитот планирано е лидерите на земјите-членки на НАТО да го посетат Музејот на Кралицата Софија.

The post Анти-НАТО и антивоен протест пред Герника, сликата на Пикасо во музеј во Мадрид appeared first on Република.

]]>

Неколку часа пред почетокот на Самитот на НАТО во Мадрид, околу 30 антивоени активисти протестираа во Музејот на кралицата Софија пред познатата слика на Пабло Пикасо, Герника.
Демонстрантите ја обвинуваат воената алијанса за поттикнување на војната во Украина и тврдат дека безбедноста не се постигнува со големи количини оружје - се наведува во заедничкото соопштение на организаторите на протестот.
На сликите и видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат десетина активисти кои лежат на подот пред сликата Герника, која е инспирирана од крвавиот воздушен напад врз градот Герника за време на Шпанската граѓанска војна. https://twitter.com/xrmadrid_/status/1541368988797730821 Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Војната е смрт за луѓето“ и „Војната е смрт за уметноста“. Протестот во еден од најпознатите европски музеи траеше околу 10 минути пред да интервенира персоналот на музејот и да ги исфрли демонстрантите, но управата на музејот се уште не го коментирала инцидентот. За време на Самитот планирано е лидерите на земјите-членки на НАТО да го посетат Музејот на Кралицата Софија.

The post Анти-НАТО и антивоен протест пред Герника, сликата на Пикасо во музеј во Мадрид appeared first on Република.

]]>
Во Белград одржан антивоен собир, побарано Русија да повлече од Србија 4.036 разузнавачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-belgrad-odrzan-antivoen-sobir-pobarano-rusija-da-povleche-od-srbija-4-036-razuznavachi/ Sat, 28 May 2022 20:32:48 +0000 https://republika.mk/?p=508141

Неформалната група „Руси, Украинци, Белоруси и Срби заедно против војната“денеска одржа нов антивоен протест во центарот на Белград, чиј координатор Пјотр Никитин поарача дека „вистината е на страната на Украина и дека таа ќе победи“. По митингот, активистите отидоа до Руската амбасада, каде поднесоа список со барања, вклучувајќи го и барањето Русија да ги повлече своите 4.036 разузнавачи од Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

На Плоштадот на Републиката во Белград се собраа триесетина членови на здружението, кои истакнаа транспарент во украински бои со натпис „Заедно против војната“. Никитин ги повика Србите „да ги отворат очите и да не веруваат во лагите“ кои, како што рече, се шират на некои национални телевизии и таблоиди, наведувајќи дека во Украина нема нацисти.

По митингот, активистите се упатија кон Руската амбасада, каде што поднесоа список со барања: војниците на Руската Федерација веднаш да се повлечат од сите територии на суверена Украина и сите извршители на воени злосторства во кои има настрадано десетици илјади цивили веднаш да бидат изведени пред украинската правда заради судења за воени злосторства.

Од Русија беше побарано и веднаш да ги повлече „сите свои 4.036 разузнавачи“ од Србија, особено „27 агенти во српската влада, седум агенти во Претседателството на Србија, 86 агенти во Министерството за одбрана, 64 агенти во МВР, сите 113 агенти во Безбедносно информативната агенција (БИА) и бројни агенти во верски организации во Србија“.

The post Во Белград одржан антивоен собир, побарано Русија да повлече од Србија 4.036 разузнавачи appeared first on Република.

]]>

Неформалната група „Руси, Украинци, Белоруси и Срби заедно против војната“денеска одржа нов антивоен протест во центарот на Белград, чиј координатор Пјотр Никитин поарача дека „вистината е на страната на Украина и дека таа ќе победи“. По митингот, активистите отидоа до Руската амбасада, каде поднесоа список со барања, вклучувајќи го и барањето Русија да ги повлече своите 4.036 разузнавачи од Србија, јави дописникот на МИА од Белград. На Плоштадот на Републиката во Белград се собраа триесетина членови на здружението, кои истакнаа транспарент во украински бои со натпис „Заедно против војната“. Никитин ги повика Србите „да ги отворат очите и да не веруваат во лагите“ кои, како што рече, се шират на некои национални телевизии и таблоиди, наведувајќи дека во Украина нема нацисти. По митингот, активистите се упатија кон Руската амбасада, каде што поднесоа список со барања: војниците на Руската Федерација веднаш да се повлечат од сите територии на суверена Украина и сите извршители на воени злосторства во кои има настрадано десетици илјади цивили веднаш да бидат изведени пред украинската правда заради судења за воени злосторства. Од Русија беше побарано и веднаш да ги повлече „сите свои 4.036 разузнавачи“ од Србија, особено „27 агенти во српската влада, седум агенти во Претседателството на Србија, 86 агенти во Министерството за одбрана, 64 агенти во МВР, сите 113 агенти во Безбедносно информативната агенција (БИА) и бројни агенти во верски организации во Србија“.

The post Во Белград одржан антивоен собир, побарано Русија да повлече од Србија 4.036 разузнавачи appeared first on Република.

]]>