антикризни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antikrizni/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Oct 2023 12:18:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png антикризни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antikrizni/ 32 32 Бектеши: Дополнителни мерки од ноември, поевтинуваат и други категории производи покрај оние со „гарантирана цена“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-dopolnitelni-merki-od-noemvri-poevtinuvaat-i-drugi-kategorii-proizvodi-pokraj-onie-so-garantirana-tsena/ Thu, 19 Oct 2023 12:18:24 +0000 https://republika.mk/?p=692859

Дополнителните антикризни мерки може да се очекуваат од ноември, а до крајот на овој месец би требало да бидат и дефинирани, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што информира Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања, на креирање на мерките се работи интензивно. Тој е запознаен, рече, со некои од предлозите, но кои мерки ќе се донесат, ќе биде договорено во рамки на разговорите, заедно со стопанските комори и со сите останати засегнати страни.

Бектеши изрази благодарност до стопанството, посебно до домашните производители, „кои доброволно, во одредени моменти, ги намалуваат цените“.

Според министерот, сите податоци покажуваат дека цените во малопродажбата се намалуваат, особено оние опфатени со владината одлука, а има податоци и дека и се намалуваат цени и од другите категории производи.

Во однос на новите, дополнителни мерки, драфтовите се веќе речиси при крај. Разговараме заедно со стопанските комори и со сите други засегнати страни и најверојатно до крајот на месецот јавноста ќе биде известена во делот на тоа како би изгледале сите антикризни мерки до крајот на оваа година. Јас секогаш се обидувам да бидам многу внимателен, не сакам лично на тие луѓе што се експерти, што работат таму да им влијаам на тоа како мислам дека би требало да изгледаат мерките. Ние како Влада сме воспоставиле принцип на јавно-приватни разговори со сите засегнати страни, со стопанските комори согласно анализите, предлозите, нивните сугестии и потребите, вклучувајќи ги тука и синдикатите. Така се дизајнираат мерките во рамки на буџетските можности. Моја желба би можела да биде да земат што повеќе луѓе, но согласно можностите кои се и предлозите на стопанските комори и синдикатите во таа насока ќе се носат мерките. Јас знам предлози, а за конкретни мерки, за тоа ќе одлучат Владата и министерствата, секако во рамки на нивните сектори - напомена министерот.

На прашањето дали можеби ќе има некаква прераспределба на буџетските средства за реализација на дополнителните антикризни мерки, тој потсети дека антикризните мерки ќе се реализираат со средства од П1 програмата.

Колку што знам, а и вие треба да знаете, распределбата на Буџетот помина во Собранието и веќе имаме Буџет кој е во сила и кој не може да се менува. Во делот на П1 програмата има предвидено одредени средства за реализација на антикризните мерки и во рамки на тие средства се реализираат антикризните мерки. Буџетот моментално не може да се менува, бидејќи треба да се менува во Собрание - објасни Бектеши.

The post Бектеши: Дополнителни мерки од ноември, поевтинуваат и други категории производи покрај оние со „гарантирана цена“ appeared first on Република.

]]>

Дополнителните антикризни мерки може да се очекуваат од ноември, а до крајот на овој месец би требало да бидат и дефинирани, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што информира Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања, на креирање на мерките се работи интензивно. Тој е запознаен, рече, со некои од предлозите, но кои мерки ќе се донесат, ќе биде договорено во рамки на разговорите, заедно со стопанските комори и со сите останати засегнати страни. Бектеши изрази благодарност до стопанството, посебно до домашните производители, „кои доброволно, во одредени моменти, ги намалуваат цените“. Според министерот, сите податоци покажуваат дека цените во малопродажбата се намалуваат, особено оние опфатени со владината одлука, а има податоци и дека и се намалуваат цени и од другите категории производи.