антикризни мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antikrizni-merki/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Dec 2023 12:28:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png антикризни мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antikrizni-merki/ 32 32 Фајнанс тинк: Ризични владини мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fajnans-tink-rizichni-vladini-merki/ Sat, 02 Dec 2023 13:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=718670

Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance Think) смета дека владиниот пакет антикризни мерки е со зајакната компонента на таргетираност кон граѓани, домаќинства и компании кои се ранливи или имаат оправдана потреба од тековна и структурна поддршка, пишува МКД.мк

Сепак, одредени мерки по својот обем, како и одредени мерки кои не се директно поврзани со кризата, но помагаат во поглед на нејзините последици, се донесени во време кога земјата влегува во изборен циклус и во време кога инфлациските очекувања остануваат подигнати. Во таа смисла, проценуваме дека таквите мерки носат значајни ризици, анализира Фајнанс тинк.

Анализата на ФТ ја пренесуваме во целост:

По обем, најновиот антикризен пакет е сличен со претходниот (за 2022 година) кој изнесуваше 760 милиони евра. Сепак, јачината на кризата и фазата во која беше економијата во 2022 споредено со денес се драстично различни. Во текот на 2022 година, енергетската криза го имаше својот врв, како резултат на рекордните цени на примарните производи од храна и енергија. Додека, денес, цената на енергентите и производите од храна на глобалните пазари е стабилизирана или намалена, а домашната понуда на електрична енергија се зголеми. Оттука, ако минатата година имавме акутна состојба и постоеше реално оправдување за обемен пакет антикризни мерки, оваа година се наоѓаме во излезна фаза од кризата. Оттука, вкупниот планиран буџет е несоодветен на моменталната потреба. Истовремено, иако пакетот е наречен антикризен, мерките опфаќаат и цели кои не се директно поврзани со кризата, што може да предизвика погрешна перцепција, особено имајќи предвид дека државата влегува во предизборен период. Во тој поглед, клучната препорака е наместо постојан кризен фокус, во оваа фаза тој да се префрли на градење отпорност и одржливост на економијата.

Од вкупно 26 мерки, 13 се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година, од кои шест се картактеризираат како антикризни мерки, а останатите седум како мерки кои придонесуваат за ублажување на ефектите од кризата, но постоеја или веројатно би постоеле и доколку криза немаше. Потоа, шест се нови мерки кои пружаат времена поддршка на доходот на ранливи категории граѓани и, оттука имаат карактер на нови антикризни мерки; додека, преостанатите четири се нови мерки кои не се директно поврзани со кризата. Забележливо е дека, барем кај мерките кои се директно сврзани со кризата, поединечните буџети се намалени во однос на претходниот пакет, што во голема мера се должи и на постепеното напуштање на линеарните мерки за сметка на таргетираните мерки, што беше поранешна препорака од, но и услов кој земјата го презеде за стекнување на Аранжманот за претпазливост и ликвидност од Меѓународниот монетарен фонд, порано годинава.

Табела 1. Пакет владини мерки од ноември 2023

 

 

Претходни антикризни пакети

Нов антикризен пакет

Мерки што се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година

Субвенционирање на цената на електрична енергија на регулиран пазар

222.7 милиони евра

35 милиони евра

Субвенционирање на цената на топлинска енергија

17.4 милиони евра

7.4 милиони евра

Програма за енергетска сиромаштија за корисници за ГМП и приматели на социјална пензија

40 милиони евра

5.9 милиони евра

Финансиска поддршка за енергетска сиромаштија преку оглас (МЕ)

~1 милион евра

1 милион евра

Финансиска поддршка на најранливите категории граѓани

8 милиони евра

2.7 милиони евра

Финансиска поддршка на приматели на пониска пензија

12.2 милиони евра

35 милиони евра

Поволни заеми за зголемување на енергетска ефикасност на општините

10.5 милиони евра

10 милиони евра

Поддршка на домаќинствата за инвестиции во обновливи извори и енергетска ефикасност

~1 милион евра

1.1 милион евра

Поволни заеми за мали и средни претпријатија за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

10 милиони евра

10 милиони евра

Поволна кредитна линија за зелена транзиција во соработка со ЕИБ

100 милиони евра

100 милиони евра

Зелено финансирање на мали и средни претпријатија и домаќинства за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

45 милиони евра

790.000 евра

Проширување на опсег на компании корисници на гарантна шема од Гарантен фонд на Развојна банка

15 милиони евра

39 милиони евра

МојДДВ

/

42.2 милиони евра

Нови антикризни мерки

Финансиска поддршка за зголемување на платите во приватниот сектор во опсегот 3.000 – 9.000 денари

/

Изгубен фискален приход по основ на придонеси (не е проценет)

Финансиска поддршка за ученици во основно и средно образование

/

14.3 милиони евра

Ваучери за превоз на студенти

/

2 милиони евра

Ограничување на затезната камата до висина на долгот

/

/

Намалување на висината на стапката на казнената камата за 3 п.п. за граѓаните со низок доход

/

/

Намалување на цената на млекото и млечните производи

/

/

Нови мерки што не се директно поврзани со тековната криза

Авансна исплата на субвенции на 40.000 земјоделци (ИПАРД)

/

8.1 милиони евра

Поволна кредитна линија за поддршка на женско претприемништво, дигитализација и проекти со позититивен придонес за животната средина, во соработка со Француска агенција за развој

/

50 милиони евра

Поволни заеми за мали и средни претпријатија, создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претприемништво и зелени инвестиции, во соработка со Банка за развој на Советот на Европа

/

50 милиони евра

Фонд за енергетска ефикасност за приватниот и јавниот сектор, во соработка со Светска Банка

/

5 милиони евра

Извор: Проценка на Finance Think врз основа на соопштенија на vlada.mk

 

Од аспект на структурата, поддршката само за домаќинствата зафаќа 17% од вкупниот буџет (невклучувајќи ги субвенциите на цената на електрична и топлинска енергија), додека за компаниите изнесува 74% (Табела 2). Сепак, поддршката за домаќинствата во 2023/24 година е зголемена, што повторно се должи на зајакнување на таргетираната компонента на пакетот. Таргетираните мерки во новиот антикризен пакет за категориите граѓани: ученици, студенти и пензионери кои се ранливи се оправдани. Вкупниот планиран буџет за овие мерки е 70.1 милиони евра и нивното учество во вкупниот пакет е 10.5%.

Вкупниот планиран буџет за компании е зголемен трипати. Сепак, половина од мерките опфаќаат поволни кредитни линии за поддршка на компаниите во износ од вкупно 249.8 милиони евра или 37.7% од буџетот. Овие кредитни линии се најчесто обезбедени од Развојната банка или во соработка со меѓународните финансиски иституции (ЕБОР, ЕИБ, Банка за развој на Советот на Европа, Светска Банка и Француската агенција за развој).

Една од клучните мерки за компаниите, а посредно и за вработените, е мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите на работниците во распон од 3.000 до 9.000 денари. Фајнанс тинк укажува дека оваа мерка носи ризици од манипулација на основната плата која ќе биде земена како споредбена основа за зголемување на платата. Притоа, неопходно е како споредбена основа да се земат месеци за кои платите се веќе исплатени, односно тоа би биле месеците август, септември и октомври 2023.

 

Табела 2. Пакети владини мерки во 2022 и 2023/24 година

 

Претходни антикризни пакети

Нов антикризен пакет

Поддршка за домаќинства и земјоделци

80 милиони евра

112.3 милиони евра

Поддршка за компании

155.8 милиони евра

492 милиони евра

Поддршка за компании и домаќинства

385.1 милиони евра*

42.4 милиони евра*

Поддршка за јавен сектор

14.9 милиони евра

14.9 милиони евра

Системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза

/

516.2 милиони евра

Покрај пакетот антикризни мерки, дополнително беа објавени „системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза“ за 2023 и 2024 година, во износ од 516 милиони евра. Овие мерки се состојат од зголемување и усогласување на пензии и на плати во јавниот сектор. За зголемени пензии за над 338,000 пензионери планирани се 278 милиони евра (100 милиони евра за зголемување и 178 милиони евра за усогласување со новата методологија).  ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од август 2023, Фајнанс тинк укажува дека порастот на пензиите кој е поголем од законската рамка за усогласување го доведува под ризик трендот на стабилизација на пензискиот систем и долгорочната самоодржливост.

За платите во јавниот сектор се предвидени средства и за зголемување од 10% согласно Општиот колективен договор и за регрес за годишен одмор (52 милиони денари), како и за зголемување на платите во 2024 година од 150 милиони евра. Иако овие мерки се важни за поддршка на животниот стандард на примателите, нивното невнимателно ставање во функција е спротивно на процесот на стабилизација на инфлациските очекувања и може да влијае инфлаторно, со тоа смалувајќи ги напорите на носителите на политиките за поскоро постигнување ниска и одржлива инфлациска стапка. Дополнително, овие мерки се промовираат во време кога земјата влегува во изборен циклус“.

The post Фајнанс тинк: Ризични владини мерки appeared first on Република.

]]>

Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance Think) смета дека владиниот пакет антикризни мерки е со зајакната компонента на таргетираност кон граѓани, домаќинства и компании кои се ранливи или имаат оправдана потреба од тековна и структурна поддршка, пишува МКД.мк Сепак, одредени мерки по својот обем, како и одредени мерки кои не се директно поврзани со кризата, но помагаат во поглед на нејзините последици, се донесени во време кога земјата влегува во изборен циклус и во време кога инфлациските очекувања остануваат подигнати. Во таа смисла, проценуваме дека таквите мерки носат значајни ризици, анализира Фајнанс тинк. Анализата на ФТ ја пренесуваме во целост:
По обем, најновиот антикризен пакет е сличен со претходниот (за 2022 година) кој изнесуваше 760 милиони евра. Сепак, јачината на кризата и фазата во која беше економијата во 2022 споредено со денес се драстично различни. Во текот на 2022 година, енергетската криза го имаше својот врв, како резултат на рекордните цени на примарните производи од храна и енергија. Додека, денес, цената на енергентите и производите од храна на глобалните пазари е стабилизирана или намалена, а домашната понуда на електрична енергија се зголеми. Оттука, ако минатата година имавме акутна состојба и постоеше реално оправдување за обемен пакет антикризни мерки, оваа година се наоѓаме во излезна фаза од кризата. Оттука, вкупниот планиран буџет е несоодветен на моменталната потреба. Истовремено, иако пакетот е наречен антикризен, мерките опфаќаат и цели кои не се директно поврзани со кризата, што може да предизвика погрешна перцепција, особено имајќи предвид дека државата влегува во предизборен период. Во тој поглед, клучната препорака е наместо постојан кризен фокус, во оваа фаза тој да се префрли на градење отпорност и одржливост на економијата. Од вкупно 26 мерки, 13 се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година, од кои шест се картактеризираат како антикризни мерки, а останатите седум како мерки кои придонесуваат за ублажување на ефектите од кризата, но постоеја или веројатно би постоеле и доколку криза немаше. Потоа, шест се нови мерки кои пружаат времена поддршка на доходот на ранливи категории граѓани и, оттука имаат карактер на нови антикризни мерки; додека, преостанатите четири се нови мерки кои не се директно поврзани со кризата. Забележливо е дека, барем кај мерките кои се директно сврзани со кризата, поединечните буџети се намалени во однос на претходниот пакет, што во голема мера се должи и на постепеното напуштање на линеарните мерки за сметка на таргетираните мерки, што беше поранешна препорака од, но и услов кој земјата го презеде за стекнување на Аранжманот за претпазливост и ликвидност од Меѓународниот монетарен фонд, порано годинава. Табела 1. Пакет владини мерки од ноември 2023     Претходни антикризни пакети Нов антикризен пакет Мерки што се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година Субвенционирање на цената на електрична енергија на регулиран пазар 222.7 милиони евра 35 милиони евра Субвенционирање на цената на топлинска енергија 17.4 милиони евра 7.4 милиони евра Програма за енергетска сиромаштија за корисници за ГМП и приматели на социјална пензија 40 милиони евра 5.9 милиони евра Финансиска поддршка за енергетска сиромаштија преку оглас (МЕ) ~1 милион евра 1 милион евра Финансиска поддршка на најранливите категории граѓани 8 милиони евра 2.7 милиони евра Финансиска поддршка на приматели на пониска пензија 12.2 милиони евра 35 милиони евра Поволни заеми за зголемување на енергетска ефикасност на општините 10.5 милиони евра 10 милиони евра Поддршка на домаќинствата за инвестиции во обновливи извори и енергетска ефикасност ~1 милион евра 1.1 милион евра Поволни заеми за мали и средни претпријатија за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија 10 милиони евра 10 милиони евра Поволна кредитна линија за зелена транзиција во соработка со ЕИБ 100 милиони евра 100 милиони евра Зелено финансирање на мали и средни претпријатија и домаќинства за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност 45 милиони евра 790.000 евра Проширување на опсег на компании корисници на гарантна шема од Гарантен фонд на Развојна банка 15 милиони евра 39 милиони евра МојДДВ / 42.2 милиони евра Нови антикризни мерки Финансиска поддршка за зголемување на платите во приватниот сектор во опсегот 3.000 – 9.000 денари / Изгубен фискален приход по основ на придонеси (не е проценет) Финансиска поддршка за ученици во основно и средно образование / 14.3 милиони евра Ваучери за превоз на студенти / 2 милиони евра Ограничување на затезната камата до висина на долгот / / Намалување на висината на стапката на казнената камата за 3 п.п. за граѓаните со низок доход / / Намалување на цената на млекото и млечните производи / / Нови мерки што не се директно поврзани со тековната криза Авансна исплата на субвенции на 40.000 земјоделци (ИПАРД) / 8.1 милиони евра Поволна кредитна линија за поддршка на женско претприемништво, дигитализација и проекти со позититивен придонес за животната средина, во соработка со Француска агенција за развој / 50 милиони евра Поволни заеми за мали и средни претпријатија, создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претприемништво и зелени инвестиции, во соработка со Банка за развој на Советот на Европа / 50 милиони евра Фонд за енергетска ефикасност за приватниот и јавниот сектор, во соработка со Светска Банка / 5 милиони евра Извор: Проценка на Finance Think врз основа на соопштенија на vlada.mk   Од аспект на структурата, поддршката само за домаќинствата зафаќа 17% од вкупниот буџет (невклучувајќи ги субвенциите на цената на електрична и топлинска енергија), додека за компаниите изнесува 74% (Табела 2). Сепак, поддршката за домаќинствата во 2023/24 година е зголемена, што повторно се должи на зајакнување на таргетираната компонента на пакетот. Таргетираните мерки во новиот антикризен пакет за категориите граѓани: ученици, студенти и пензионери кои се ранливи се оправдани. Вкупниот планиран буџет за овие мерки е 70.1 милиони евра и нивното учество во вкупниот пакет е 10.5%. Вкупниот планиран буџет за компании е зголемен трипати. Сепак, половина од мерките опфаќаат поволни кредитни линии за поддршка на компаниите во износ од вкупно 249.8 милиони евра или 37.7% од буџетот. Овие кредитни линии се најчесто обезбедени од Развојната банка или во соработка со меѓународните финансиски иституции (ЕБОР, ЕИБ, Банка за развој на Советот на Европа, Светска Банка и Француската агенција за развој). Една од клучните мерки за компаниите, а посредно и за вработените, е мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите на работниците во распон од 3.000 до 9.000 денари. Фајнанс тинк укажува дека оваа мерка носи ризици од манипулација на основната плата која ќе биде земена како споредбена основа за зголемување на платата. Притоа, неопходно е како споредбена основа да се земат месеци за кои платите се веќе исплатени, односно тоа би биле месеците август, септември и октомври 2023.   Табела 2. Пакети владини мерки во 2022 и 2023/24 година   Претходни антикризни пакети Нов антикризен пакет Поддршка за домаќинства и земјоделци 80 милиони евра 112.3 милиони евра Поддршка за компании 155.8 милиони евра 492 милиони евра Поддршка за компании и домаќинства 385.1 милиони евра* 42.4 милиони евра* Поддршка за јавен сектор 14.9 милиони евра 14.9 милиони евра Системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза / 516.2 милиони евра Покрај пакетот антикризни мерки, дополнително беа објавени „системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза“ за 2023 и 2024 година, во износ од 516 милиони евра. Овие мерки се состојат од зголемување и усогласување на пензии и на плати во јавниот сектор. За зголемени пензии за над 338,000 пензионери планирани се 278 милиони евра (100 милиони евра за зголемување и 178 милиони евра за усогласување со новата методологија).  ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од август 2023, Фајнанс тинк укажува дека порастот на пензиите кој е поголем од законската рамка за усогласување го доведува под ризик трендот на стабилизација на пензискиот систем и долгорочната самоодржливост. За платите во јавниот сектор се предвидени средства и за зголемување од 10% согласно Општиот колективен договор и за регрес за годишен одмор (52 милиони денари), како и за зголемување на платите во 2024 година од 150 милиони евра. Иако овие мерки се важни за поддршка на животниот стандард на примателите, нивното невнимателно ставање во функција е спротивно на процесот на стабилизација на инфлациските очекувања и може да влијае инфлаторно, со тоа смалувајќи ги напорите на носителите на политиките за поскоро постигнување ниска и одржлива инфлациска стапка. Дополнително, овие мерки се промовираат во време кога земјата влегува во изборен циклус“.

The post Фајнанс тинк: Ризични владини мерки appeared first on Република.

]]>
Владата ги залажува граѓаните со наводни антикризни мерки од 1.000 денари со кои можат да купат два килограми кашкавал https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-gi-zalazhuva-graganite-so-navodni-antikrizni-merki-od-1-000-denari-so-koi-mozhat-da-kupat-dva-kilogrami-kashkaval/ Fri, 01 Dec 2023 08:01:05 +0000 https://republika.mk/?p=718188

Владата ги залажува граѓаните со наводни антикризни мерки од 1.000 денари, со кои едвај може да се купат 2 килограми кашкавал.

Власта се однесува безобразно, затоа што додека на народот му фрла трошки, Ковачевски зема за 1.100 евра поголема плата, Пендаровски 1.200 евра, а Џафери 1.000 евра.Со еден збор кажано, Ковачевски, Пендаровски и Џафери за секој работен ден земаат по 50 евра повеќе плата од до сега, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

И сега Ковачевски кој зема илјадници евра годишно, народот го залажува со 1.000 денари, и тоа во време кога 600.000 наши сограѓани живеат во сиромаштија.

Народот не се залажува со 1.000 денари. Народот сака подобар живот. Со Ковачевски и СДС и ДУИ тоа не е можно

СДСМ смета дека антикризните мерки даваат мерки.Како пример ги наведуваа пензионерите кои за пет месеци ќе добијат 15.000 денари помош.

Новиот пакет антикризни мерки, креиран од Владата предводена од СДСМ предводува 36 милиони евра за финансиска поддршка за 187.000 пензионери со пониски пензии.Пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки, по 3.000 секој месец.Тие што имаат пензии до 14.001 до 16.000 денари ќе добиваат по 2.000 денари, а оние со пензија од 16.001 до 19.000 денари по 1.500 денари-велат од владејачката партија.

 

The post Владата ги залажува граѓаните со наводни антикризни мерки од 1.000 денари со кои можат да купат два килограми кашкавал appeared first on Република.

]]>

Владата ги залажува граѓаните со наводни антикризни мерки од 1.000 денари, со кои едвај може да се купат 2 килограми кашкавал.
Власта се однесува безобразно, затоа што додека на народот му фрла трошки, Ковачевски зема за 1.100 евра поголема плата, Пендаровски 1.200 евра, а Џафери 1.000 евра.Со еден збор кажано, Ковачевски, Пендаровски и Џафери за секој работен ден земаат по 50 евра повеќе плата од до сега, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
И сега Ковачевски кој зема илјадници евра годишно, народот го залажува со 1.000 денари, и тоа во време кога 600.000 наши сограѓани живеат во сиромаштија. Народот не се залажува со 1.000 денари. Народот сака подобар живот. Со Ковачевски и СДС и ДУИ тоа не е можно СДСМ смета дека антикризните мерки даваат мерки.Како пример ги наведуваа пензионерите кои за пет месеци ќе добијат 15.000 денари помош.
Новиот пакет антикризни мерки, креиран од Владата предводена од СДСМ предводува 36 милиони евра за финансиска поддршка за 187.000 пензионери со пониски пензии.Пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки, по 3.000 секој месец.Тие што имаат пензии до 14.001 до 16.000 денари ќе добиваат по 2.000 денари, а оние со пензија од 16.001 до 19.000 денари по 1.500 денари-велат од владејачката партија.
 

The post Владата ги залажува граѓаните со наводни антикризни мерки од 1.000 денари со кои можат да купат два килограми кашкавал appeared first on Република.

]]>
За основците и средношколците по 1.200 и 1.800 денари во следните шест месеци, ваучери за студентите, по 3.000 денари за пензионерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-osnovtsite-i-srednoshkoltsite-po-1-200-i-1-800-denari-vo-slednite-shest-mesetsi-vaucheri-za-studentite-po-3-000-denari-za-penzionerite/ Tue, 28 Nov 2023 13:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=717226

На денешната владина седница е усогласен деветиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра. Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност насочени кон ранливите категории на граѓани и компании.

Со мерките се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „МојДДВ“, 600 илјади домаќинства, како и над 70 илјади компании.

Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека над 105 илјади основци и средношколци во наредните шест месеци ќе добиваат по 1,200 и 1.800 денари месечно.

15 илјади студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер во износ од 600 до 1200 денари за превоз. Во наредните пет месеци, по 1000 денари ќе добијат корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители и родители на деца со попреченост до 26 години, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Во наредните пет месеци, пензионерите со пензија до 14 илјади денари, ќе добиваат по 3000 денари месечно, оние со пензија од 14 до 16 илјади – 2000 денари месечно, додека оние со пензии од 16 до 19 илјади денари, ќе имаат поддршка од 1500 денари, истакна меѓу другото претседателот на Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот рече дека мерките ќе важат од 1-ви декември и финансиските средства се предвидени според Буџетот.

The post За основците и средношколците по 1.200 и 1.800 денари во следните шест месеци, ваучери за студентите, по 3.000 денари за пензионерите appeared first on Република.

]]>

На денешната владина седница е усогласен деветиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра. Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност насочени кон ранливите категории на граѓани и компании. Со мерките се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „МојДДВ“, 600 илјади домаќинства, како и над 70 илјади компании. Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека над 105 илјади основци и средношколци во наредните шест месеци ќе добиваат по 1,200 и 1.800 денари месечно.
15 илјади студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер во износ од 600 до 1200 денари за превоз. Во наредните пет месеци, по 1000 денари ќе добијат корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители и родители на деца со попреченост до 26 години, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Во наредните пет месеци, пензионерите со пензија до 14 илјади денари, ќе добиваат по 3000 денари месечно, оние со пензија од 14 до 16 илјади – 2000 денари месечно, додека оние со пензии од 16 до 19 илјади денари, ќе имаат поддршка од 1500 денари, истакна меѓу другото претседателот на Владата. Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот рече дека мерките ќе важат од 1-ви декември и финансиските средства се предвидени според Буџетот.

The post За основците и средношколците по 1.200 и 1.800 денари во следните шест месеци, ваучери за студентите, по 3.000 денари за пензионерите appeared first on Република.

]]>
Над 400 000 граѓани ќе бидат опфатени со антикризните мерки, се очекува Владата да ги усвои утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nad-400-000-gragani-ke-bidat-opfateni-so-antikriznite-merki-se-ochekuva-vladata-da-gi-usvoi-utre/ Mon, 27 Nov 2023 11:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=716671

Над 400 000 граѓани, пензионери,  ученици, студенти, самохрани родители, ќе бидат опфатени со антикризните мерки треба да бидат усвоени утре на седница на Владата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Одговарајќи на новинарско прашање колку компании се блокирани поради неплатен данок на солидарност Битиќи рече дека според последните податоци бројот е мал, под 20. Уште не се блокирани  сите компании  и секојдневно се менува бројот.

-Средствата ќе бидат искористени за антикризни мерки што очекуваме утре да бидат на седница на Владата и се насочени најранливите категории граѓани, тука спаѓа најголемата група граѓани, пензионерите, кои ќе добијат одреден надомест неколку месеци,  како и ученици, студенти, самохрани родители, итн...Буквално, најранливите категории, опфатот ќе биде навистина голем, над 400 илиајди граѓани ќе бидат опфатени со мерките, за тоа се користат средствата од солидарниот данок, рече  Битиќи.

The post Над 400 000 граѓани ќе бидат опфатени со антикризните мерки, се очекува Владата да ги усвои утре appeared first on Република.

]]>

Над 400 000 граѓани, пензионери,  ученици, студенти, самохрани родители, ќе бидат опфатени со антикризните мерки треба да бидат усвоени утре на седница на Владата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Одговарајќи на новинарско прашање колку компании се блокирани поради неплатен данок на солидарност Битиќи рече дека според последните податоци бројот е мал, под 20. Уште не се блокирани  сите компании  и секојдневно се менува бројот.
-Средствата ќе бидат искористени за антикризни мерки што очекуваме утре да бидат на седница на Владата и се насочени најранливите категории граѓани, тука спаѓа најголемата група граѓани, пензионерите, кои ќе добијат одреден надомест неколку месеци,  како и ученици, студенти, самохрани родители, итн...Буквално, најранливите категории, опфатот ќе биде навистина голем, над 400 илиајди граѓани ќе бидат опфатени со мерките, за тоа се користат средствата од солидарниот данок, рече  Битиќи.

The post Над 400 000 граѓани ќе бидат опфатени со антикризните мерки, се очекува Владата да ги усвои утре appeared first on Република.

]]>
Ќе има нов пакет антикризни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-ima-nov-paket-antikrizni-merki/ Tue, 07 Nov 2023 11:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=699132

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека новиот пакет антикризни мерки може да се очекува кон средината или кон крајот на идната недела.

Пакетот антикризни мерки вчера беше споделен од Министерството за финансии со Кабинетот на премиерот, со нас и со другите институции вклучени во неговото креирање. Најверојатно мерките ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација кон средината или кон крајот на наредна недела, истакна министерот Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Скопската пиварница.

Претходно, премиерот Димитар Ковачевски кој беше заедно со Бектеши во посета на фабриката, потсети дека Владата одлучи да ја прошири листата на производи со „гарантирана цена“, како и оваа мерка да важи до крајот на годината, а не до 30 ноември како што првично беше најавено.

Од 20 септември годинава, со одлука на Владата, почна да важи мерката за „гарантирана цена“ на вкупно 24 категории прехранбени производи. Цените на производите, согласно одлуката, треба да се најмалку 10 отсто пониски од цените регистрирани на 1 август. Листата на производи со „гарантирана цена“ од 27 септември се прошири и со пијалаците: безалкохолните, газираната и негазираната вода, како и пивото.

The post Ќе има нов пакет антикризни мерки appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека новиот пакет антикризни мерки може да се очекува кон средината или кон крајот на идната недела.
Пакетот антикризни мерки вчера беше споделен од Министерството за финансии со Кабинетот на премиерот, со нас и со другите институции вклучени во неговото креирање. Најверојатно мерките ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација кон средината или кон крајот на наредна недела, истакна министерот Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Скопската пиварница.
Претходно, премиерот Димитар Ковачевски кој беше заедно со Бектеши во посета на фабриката, потсети дека Владата одлучи да ја прошири листата на производи со „гарантирана цена“, како и оваа мерка да важи до крајот на годината, а не до 30 ноември како што првично беше најавено. Од 20 септември годинава, со одлука на Владата, почна да важи мерката за „гарантирана цена“ на вкупно 24 категории прехранбени производи. Цените на производите, согласно одлуката, треба да се најмалку 10 отсто пониски од цените регистрирани на 1 август. Листата на производи со „гарантирана цена“ од 27 септември се прошири и со пијалаците: безалкохолните, газираната и негазираната вода, како и пивото.

The post Ќе има нов пакет антикризни мерки appeared first on Република.

]]>
Бесими: Нивото на инфлација продолжува да се намалува, наскоро и нов пакет антикризни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-nivoto-na-inflatsija-prodolzhuva-da-se-namaluva-naskoro-i-nov-paket-antikrizni-merki/ Mon, 09 Oct 2023 11:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=689529

Нивото на инфлација во септември 2023 продолжува да се намалува на 6,6 проценти, (од 8,3 проценти август) и е намалена трикратно во споредба со пикот на кризата во октомври од 19,8 проценти, напиша денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на „Фејсбук“.

Во објавата, Бесими најавува дека наскоро ќе биде објавен новиот пакет антикризни мерки.

- Владините мерки за справување со инфлацијата досега се проценуваат на над 700 милиони евра, а наскоро ќе биде објавен и нов пакет на антикризни мерки за поддршка на ранливите категории граѓани и фирми. Нашата заложба е целосно надминување на глобалните инфлаторни предизвици и донесување на инфлацијата на историските ниски нивоа од околу 2 проценти, вели Бесими.

The post Бесими: Нивото на инфлација продолжува да се намалува, наскоро и нов пакет антикризни мерки appeared first on Република.

]]>

Нивото на инфлација во септември 2023 продолжува да се намалува на 6,6 проценти, (од 8,3 проценти август) и е намалена трикратно во споредба со пикот на кризата во октомври од 19,8 проценти, напиша денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на „Фејсбук“. Во објавата, Бесими најавува дека наскоро ќе биде објавен новиот пакет антикризни мерки. - Владините мерки за справување со инфлацијата досега се проценуваат на над 700 милиони евра, а наскоро ќе биде објавен и нов пакет на антикризни мерки за поддршка на ранливите категории граѓани и фирми. Нашата заложба е целосно надминување на глобалните инфлаторни предизвици и донесување на инфлацијата на историските ниски нивоа од околу 2 проценти, вели Бесими.

The post Бесими: Нивото на инфлација продолжува да се намалува, наскоро и нов пакет антикризни мерки appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Со антикризните мерки ги помагаме компаниите, се бориме за секое работно место https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-so-antikriznite-merki-gi-pomagame-kompaniite-se-borime-za-sekoe-rabotno-mesto/ Thu, 09 Feb 2023 17:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=606999

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска беше во посета на фармацевтската компанија „Бионика Фармацеутикалс“.

 

За време на посетата, на премиерот Ковачевски му беше презентиран производствениот процес на компанијата, чија главна дејност е производство на лекови, медицински средства, додатоци на исхрана и козметика.

 

Премиерот се сретна и со менаџерскиот тим на компанијата, која брои 77 вработени и освен во државава е и извозно ориентирана.

„За секоја пофалба е она што оваа компанија успеала во изминативе дваесетина години да го постигне на македонскиот пазар, а тоа е континуирано производство и продажба на лекови, медицински средства, додатоци на исхрана и козметика. И не само во границите на државата, туку и во над 10 други држави каде ги извезува своите производи.

Како производствена компанија, „Бионика Фармацеутикалс“ успеа овој свој бизнис модел да го развие со прекугранични партнерства. Уверени сме дека на компаниите сета оваа државна помош им значи бидејќи додека во светот се случуваат затворања на фирми и масовни отпуштања, ние се бориме за секое работно место, за одржување ликвидност на компаниите, за раст на домашното производство и за секаков вид на поддршка на бизнис секторот со цел да бидеме конкурентни и на регионалните и светските пазари“, истакна премиерот Ковачевски, при посетата на компанијата „Бионика Фармацеутикалс“, каде му беше презентирана и работата на стик-пек машината, набавена со државна помош.

Тој потсети на помошта која Владата ја обезбедува за потребите на бизнис секторот.

„Со цел ние како држава да ги помогнеме компаниите, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во 2022 година исплативме рекордна државна помош во вредност од 23 милиони евра, кон 410 компании кои вработуваат над 27.000 работници. Минатата година се потпишани нови 277 договори, што е најголем број потпишани договори, од донесувањето на законот.

Навреме го донесовме и пакетот антикризни мерки во висина од над 760 милиони евра, кој е оценет како најголема државна помош во регионот, според податоците на Светската Банка“, подвлече премиерот.

Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека компанијата „Бионика Фармацеутикалс“, како и стотици други компании биле директно поддржани и во време на ковид кризата, со цел да се обезбеди континуитет во нивното работење.

Тој појасни дека со досегашните мерки се помогнати голем број компании.

„Креираме нови мерки се со цел да излеземе во пресрет на нашата индустрија, на нашите стопанственици, а со тоа да го зголеми бројот на вработените, а секако да имаат можност да инвестираат во нови технологии. Повеќе од 400 компании биле поддржани со мерката што ја реализиравме за зголемување на конкурентноста и дополнително над 400 компании се поддржани согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

 

Ова значи дека повеќе од 30 милиони евра од страна на државата, Фондот за иновативност и технолошки развој и од Министерството за економија преку Македонската банка за развој, преку различни мерки се слеани во нашата индустрија, каде што се креирани нови работни места, а дополнително на таков начин е зголемен извозот“, рече министерот Бектеши, најавувајќи дека се работи на ревидирање на законската регулатива за финансиска поддршка на инвестиции, преку широк консултативен процес со сите засегнати.

Сопственикот на „Бионика Фармацеутикалс“, Марко Нововиќ, за време на настанот, ја искажа важноста на финансиската поддршка која ја добиле од државата, односно 100.000 евра преку мерката за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост КОВИД -19.

„ Мерката ја искористивме за набавка на технологија за производство на цврсти фармацевтски форми, односно прашак во стикови и имплементација на софтвер согласно последните барања на добрата производствена пракса за производство на фармацевтски производи.

Овој проект нас ни овозможи да ја покачиме конкурентноста на нашите производи на сите пазари каде што сме присутни, да го зголемиме портфолиото на нашите производи и да го подобриме обезбедувањето на квалитет при производството на нашите производи“, рече сопственикот на “Бионика Фармацеутикалс“, Марко Нововиќ.

Бионика поседува сертификат за производство на лекови (ГМП) од Република Словенија, којшто е валиден за целата територија на ЕУ, што овозможува извоз на производи во земјите членки и пошироко.

 

Компанијата има договори со партнери за производство за различни производи од државава, Данска, Србија и Романија, како и со дистрибутери на нивните производи во регионот и пошироко.

 

The post Ковачевски: Со антикризните мерки ги помагаме компаниите, се бориме за секое работно место appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска беше во посета на фармацевтската компанија „Бионика Фармацеутикалс“.   За време на посетата, на премиерот Ковачевски му беше презентиран производствениот процес на компанијата, чија главна дејност е производство на лекови, медицински средства, додатоци на исхрана и козметика.   Премиерот се сретна и со менаџерскиот тим на компанијата, која брои 77 вработени и освен во државава е и извозно ориентирана. „За секоја пофалба е она што оваа компанија успеала во изминативе дваесетина години да го постигне на македонскиот пазар, а тоа е континуирано производство и продажба на лекови, медицински средства, додатоци на исхрана и козметика. И не само во границите на државата, туку и во над 10 други држави каде ги извезува своите производи. Како производствена компанија, „Бионика Фармацеутикалс“ успеа овој свој бизнис модел да го развие со прекугранични партнерства. Уверени сме дека на компаниите сета оваа државна помош им значи бидејќи додека во светот се случуваат затворања на фирми и масовни отпуштања, ние се бориме за секое работно место, за одржување ликвидност на компаниите, за раст на домашното производство и за секаков вид на поддршка на бизнис секторот со цел да бидеме конкурентни и на регионалните и светските пазари“, истакна премиерот Ковачевски, при посетата на компанијата „Бионика Фармацеутикалс“, каде му беше презентирана и работата на стик-пек машината, набавена со државна помош. Тој потсети на помошта која Владата ја обезбедува за потребите на бизнис секторот. „Со цел ние како држава да ги помогнеме компаниите, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во 2022 година исплативме рекордна државна помош во вредност од 23 милиони евра, кон 410 компании кои вработуваат над 27.000 работници. Минатата година се потпишани нови 277 договори, што е најголем број потпишани договори, од донесувањето на законот. Навреме го донесовме и пакетот антикризни мерки во висина од над 760 милиони евра, кој е оценет како најголема државна помош во регионот, според податоците на Светската Банка“, подвлече премиерот. Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека компанијата „Бионика Фармацеутикалс“, како и стотици други компании биле директно поддржани и во време на ковид кризата, со цел да се обезбеди континуитет во нивното работење. Тој појасни дека со досегашните мерки се помогнати голем број компании. „Креираме нови мерки се со цел да излеземе во пресрет на нашата индустрија, на нашите стопанственици, а со тоа да го зголеми бројот на вработените, а секако да имаат можност да инвестираат во нови технологии. Повеќе од 400 компании биле поддржани со мерката што ја реализиравме за зголемување на конкурентноста и дополнително над 400 компании се поддржани согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.   Ова значи дека повеќе од 30 милиони евра од страна на државата, Фондот за иновативност и технолошки развој и од Министерството за економија преку Македонската банка за развој, преку различни мерки се слеани во нашата индустрија, каде што се креирани нови работни места, а дополнително на таков начин е зголемен извозот“, рече министерот Бектеши, најавувајќи дека се работи на ревидирање на законската регулатива за финансиска поддршка на инвестиции, преку широк консултативен процес со сите засегнати. Сопственикот на „Бионика Фармацеутикалс“, Марко Нововиќ, за време на настанот, ја искажа важноста на финансиската поддршка која ја добиле од државата, односно 100.000 евра преку мерката за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост КОВИД -19. „ Мерката ја искористивме за набавка на технологија за производство на цврсти фармацевтски форми, односно прашак во стикови и имплементација на софтвер согласно последните барања на добрата производствена пракса за производство на фармацевтски производи. Овој проект нас ни овозможи да ја покачиме конкурентноста на нашите производи на сите пазари каде што сме присутни, да го зголемиме портфолиото на нашите производи и да го подобриме обезбедувањето на квалитет при производството на нашите производи“, рече сопственикот на “Бионика Фармацеутикалс“, Марко Нововиќ. Бионика поседува сертификат за производство на лекови (ГМП) од Република Словенија, којшто е валиден за целата територија на ЕУ, што овозможува извоз на производи во земјите членки и пошироко.   Компанијата има договори со партнери за производство за различни производи од државава, Данска, Србија и Романија, како и со дистрибутери на нивните производи во регионот и пошироко.  

The post Ковачевски: Со антикризните мерки ги помагаме компаниите, се бориме за секое работно место appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Со мерките ја спасивме економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-so-merkite-ja-spasivme-ekonomijata/ Sat, 12 Nov 2022 08:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=572969

За време на најтешката светска економска криза, преку навремени и ефикасни мерки и политики Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски успеа да ја спаси македонската економија. Само со последниот пакет мерки им помагаме на околу 200.000 граѓани, доминантно од ранливите категории граѓани. Претходно, уште во првите 100 дена од мандатот на оваа Влада минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари. Двојно повеќе отколку во времето на ВМРО-ДПМНЕ, велат од владејачката партија.

Пензиите за 6 месеци ги зголемивме за 10 отсто, односно за шест месеци за 1.500 денари ја зголемивме просечната пензија. Пензиите и минималната плата ќе продолжат да растат, обезбедени се пари со буџетот за 2023 година и веќе в март идната година ќе следува ново зголемување на пензиите и минималната плата. Покрај антикризните мерки Владата презема системски решенија за зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, но и за поддршка на нови странски инвестиции и отворање нови работни места. Само во последните месец дена неколку фабрики отворија нови погони или започнаа постапка на изградба на нови фабрики, каде ќе се вработат најмалку 3.000 лица. Истовремено, преку Оперативниот план кој годинава е со рекорден буџет, поддржуваме самовработување и отворање сопствени бизниси со што директно влијаеме на намалување на стапката на невработеност. Сето ова се само дел од мерките и политиките што на дело го покажуваат одговорниот пристап на СДСМ. Грижата за сите продолжува, велат од СДСМ.

The post СДСМ: Со мерките ја спасивме економијата appeared first on Република.

]]>

За време на најтешката светска економска криза, преку навремени и ефикасни мерки и политики Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски успеа да ја спаси македонската економија. Само со последниот пакет мерки им помагаме на околу 200.000 граѓани, доминантно од ранливите категории граѓани. Претходно, уште во првите 100 дена од мандатот на оваа Влада минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари. Двојно повеќе отколку во времето на ВМРО-ДПМНЕ, велат од владејачката партија.
Пензиите за 6 месеци ги зголемивме за 10 отсто, односно за шест месеци за 1.500 денари ја зголемивме просечната пензија. Пензиите и минималната плата ќе продолжат да растат, обезбедени се пари со буџетот за 2023 година и веќе в март идната година ќе следува ново зголемување на пензиите и минималната плата. Покрај антикризните мерки Владата презема системски решенија за зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, но и за поддршка на нови странски инвестиции и отворање нови работни места. Само во последните месец дена неколку фабрики отворија нови погони или започнаа постапка на изградба на нови фабрики, каде ќе се вработат најмалку 3.000 лица. Истовремено, преку Оперативниот план кој годинава е со рекорден буџет, поддржуваме самовработување и отворање сопствени бизниси со што директно влијаеме на намалување на стапката на невработеност. Сето ова се само дел од мерките и политиките што на дело го покажуваат одговорниот пристап на СДСМ. Грижата за сите продолжува, велат од СДСМ.

The post СДСМ: Со мерките ја спасивме економијата appeared first on Република.

]]>
Мерките за помош идната недела на комисиска расправа, ВМРО-ДПМНЕ предлага повеќе пари за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/merkite-za-pomosh-idnata-nedela-na-komisiska-rasprava-vmro-dpmne-predlaga-povekje-pari-za-gragjanite/ Fri, 04 Nov 2022 17:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=569649

Антикризните мерки наредната недела треба да се најдат на Комисиска расправа во Собранието. Пензионерите и ранливите групи на граѓани во исчекување на ветената помош, компаниите за поевтина струја. Но бидејќи за некои од планираните мерки е потребно да се направат законски измени, обвинувања пристигнаа на адреса на ВМРО-ДПМНЕ, дека претседателот на Комисијата за финансирање и буџет упорно не закажува седница, за да се расправа за законските решенија за финансиска помош на ранливите групи граѓани. Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека чекале нивните предлог мерки за граѓаните да бидат прифатени и да се закаже Комисиска расправа. Сметаат дека во антикризните мерки се испуштени повеќе групи на граѓани на кои им е потребна финансиска помош.

Антикризниот пакет ќе тежи околу 360 милиони евра. Околу 330.000 пензионери треба да добијат месечна помош од 750 до 1.500 денари, додека во наредните четири месеци по 3.000 денари еднократна помош треба да добиваат и ранливите групи на граѓани. Според ВМРО-ДПМНЕ овие антикризни мерки се само козметика и е срамно од толкав буџет да се одвојуваат по 750 денари за пензионерите. Според нивните предлог мерки, оние кои земаат пензија до 14.000 денари треба да земаат месечна помош во износ од 3.000 денари, додека оние кои имаат пензија до 30.000 денари да добиваат по 2.000, а останатите пензионери по 1.000 месечно дури трае кризната состојба. Предлагаат да се врати субвенционираниот оброк за студентите, но да биде по 160 денари дневно, да се намалат акцизите на горивата, да се укине ДДВ-то на прехранбените производи за време на викенд до 30 април следната година.

The post Мерките за помош идната недела на комисиска расправа, ВМРО-ДПМНЕ предлага повеќе пари за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Антикризните мерки наредната недела треба да се најдат на Комисиска расправа во Собранието. Пензионерите и ранливите групи на граѓани во исчекување на ветената помош, компаниите за поевтина струја. Но бидејќи за некои од планираните мерки е потребно да се направат законски измени, обвинувања пристигнаа на адреса на ВМРО-ДПМНЕ, дека претседателот на Комисијата за финансирање и буџет упорно не закажува седница, за да се расправа за законските решенија за финансиска помош на ранливите групи граѓани. Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека чекале нивните предлог мерки за граѓаните да бидат прифатени и да се закаже Комисиска расправа. Сметаат дека во антикризните мерки се испуштени повеќе групи на граѓани на кои им е потребна финансиска помош. Антикризниот пакет ќе тежи околу 360 милиони евра. Околу 330.000 пензионери треба да добијат месечна помош од 750 до 1.500 денари, додека во наредните четири месеци по 3.000 денари еднократна помош треба да добиваат и ранливите групи на граѓани. Според ВМРО-ДПМНЕ овие антикризни мерки се само козметика и е срамно од толкав буџет да се одвојуваат по 750 денари за пензионерите. Според нивните предлог мерки, оние кои земаат пензија до 14.000 денари треба да земаат месечна помош во износ од 3.000 денари, додека оние кои имаат пензија до 30.000 денари да добиваат по 2.000, а останатите пензионери по 1.000 месечно дури трае кризната состојба. Предлагаат да се врати субвенционираниот оброк за студентите, но да биде по 160 денари дневно, да се намалат акцизите на горивата, да се укине ДДВ-то на прехранбените производи за време на викенд до 30 април следната година.

The post Мерките за помош идната недела на комисиска расправа, ВМРО-ДПМНЕ предлага повеќе пари за граѓаните appeared first on Република.

]]>
Власта доколку престане да краде ќе има пари да им помогне на граѓаните и стопанството https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-dokolku-prestane-da-krade-kje-ima-pari-da-im-pomogne-na-gragjanite-i-stopanstvoto/ Wed, 12 Oct 2022 07:04:03 +0000 https://republika.mk/?p=559892

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека мерките кои ги нуди владата се гол маркетиншки трик. Сметаат дека тие ниту се навремени, ниту се таргетирани, ниту се решение за проблемите. Тие се само купување на време, додека кризата метастазира.

-Овие идеи на владата не даваат одговор на енергетската криза која веќе создава економска и социјална криза, и е клучниот фактор за инфлацијата и пропаѓањето на стандардот и економската активност. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија нуди пакет од 5 конкретни мерки кои треба да им помогнат и на граѓаните и на компаниите. Прво, предлагаме ноќните вишоци и вишоците на произведена струја од ЕЛЕМ во текот на викендите да се понуди на домашното стопанство. Досега владата го продаваше преку матни зделки на трговци при што таквите трговци ги полнеа џебовите на сметка на македонските компании и граѓани. Второ, Владата да покрие половина од разликата меѓу цената на струјата која ја плаќаат компаниите и цената на регулираниот пазар. На овој начин со отприлика 50 милиони евра ќе се заштитат илјадници работни места кои висат заради неликвидноста на компаниите, се наведува во соопштението на партијата.

Третата мерка која ја предлагаат е за граѓаните да се воведе викенд без ДДВ за основните прехранбени производи.

-Претпоставуваме дека Ковачевски знае што се основните прехранбени производи и знае дека нив граѓаните најмногу ги купуваат и тие се покачени од 50 до 100%. Со оваа мерка директно ќе се заштити стандардот на граѓаните. Четврто, одложување на воведувањето на скалесто оданочување кое го планира власта. На овој начин ќе се заштити не само стандардот на населението, туку и ќе влијае врз ликвидноста на фирмите. Петто, да се обезбедат повеќе свежи пари за стопанството преку дестерилизација на благајничките записи во Народна Банка. Со ова ќе се помогне да се зачуваат многу работни места и нема да се дозволи затворање на фирми. Да потсетиме дека за година дена се затворени 12 илјади компании што преставува црн рекорд за Македонија. Очекуваме власта да ги земе предвид овие конкретни мерки кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ. Самобендисаноста на владата досега само произведуваше кризи. Заради нивната неспособност Македонија има најниско ниво на раст на БДП, најголема стапка на инфлација и забрзан раст на сиромаштијата, се наведува во соопштението на партијата.

Власта само треба да престане да краде и ќе има доволно средства да ги менаџира предизвиците и проблемите на граѓаните и стопанството.

The post Власта доколку престане да краде ќе има пари да им помогне на граѓаните и стопанството appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека мерките кои ги нуди владата се гол маркетиншки трик. Сметаат дека тие ниту се навремени, ниту се таргетирани, ниту се решение за проблемите. Тие се само купување на време, додека кризата метастазира.
-Овие идеи на владата не даваат одговор на енергетската криза која веќе создава економска и социјална криза, и е клучниот фактор за инфлацијата и пропаѓањето на стандардот и економската активност. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија нуди пакет од 5 конкретни мерки кои треба да им помогнат и на граѓаните и на компаниите. Прво, предлагаме ноќните вишоци и вишоците на произведена струја од ЕЛЕМ во текот на викендите да се понуди на домашното стопанство. Досега владата го продаваше преку матни зделки на трговци при што таквите трговци ги полнеа џебовите на сметка на македонските компании и граѓани. Второ, Владата да покрие половина од разликата меѓу цената на струјата која ја плаќаат компаниите и цената на регулираниот пазар. На овој начин со отприлика 50 милиони евра ќе се заштитат илјадници работни места кои висат заради неликвидноста на компаниите, се наведува во соопштението на партијата.
Третата мерка која ја предлагаат е за граѓаните да се воведе викенд без ДДВ за основните прехранбени производи.
-Претпоставуваме дека Ковачевски знае што се основните прехранбени производи и знае дека нив граѓаните најмногу ги купуваат и тие се покачени од 50 до 100%. Со оваа мерка директно ќе се заштити стандардот на граѓаните. Четврто, одложување на воведувањето на скалесто оданочување кое го планира власта. На овој начин ќе се заштити не само стандардот на населението, туку и ќе влијае врз ликвидноста на фирмите. Петто, да се обезбедат повеќе свежи пари за стопанството преку дестерилизација на благајничките записи во Народна Банка. Со ова ќе се помогне да се зачуваат многу работни места и нема да се дозволи затворање на фирми. Да потсетиме дека за година дена се затворени 12 илјади компании што преставува црн рекорд за Македонија. Очекуваме власта да ги земе предвид овие конкретни мерки кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ. Самобендисаноста на владата досега само произведуваше кризи. Заради нивната неспособност Македонија има најниско ниво на раст на БДП, најголема стапка на инфлација и забрзан раст на сиромаштијата, се наведува во соопштението на партијата.
Власта само треба да престане да краде и ќе има доволно средства да ги менаџира предизвиците и проблемите на граѓаните и стопанството.

The post Власта доколку престане да краде ќе има пари да им помогне на граѓаните и стопанството appeared first on Република.

]]>
Нов пакет мерки за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, пензионери и компании https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nov-paket-merki-za-finansiska-poddrshka-na-ranlivi-kategorii-gragjani-penzioneri-i-kompanii/ Sun, 09 Oct 2022 17:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=558893

Владата на Република Македонија, на денешната, 88-ма седница, донесе повеќе предлог мерки за поддршка на граѓаните и компаниите, во време на економско-енергетска криза.

Новиот пакет антикризни мерки, содржи таргетирани мерки насочени кон најранливите категории граѓани; таргетирана поддршка за јавни и здравствени установи; поддршка на ликвидноста на компаниите; инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Мерките се насочени кон таргетирана поддршка за граѓаните и за фирмите, како и за стабилизирање на цената на храната. А, со нив, како што е посочено од страна на Министерството за финансии, е осигурано одржувањето на макроекономската и фискалната стабилност.

Владата го предлага новиот сет мерки за справување со енергетската и ценовната криза, имајќи ја предвид пролонгираната енергетска криза како и ценовните притисоци, особено за ранливите категории граѓани. Вкупниот фискален ефект од новиот сет мерки е проценет на 22,2 милијарди денари, односно 360,2 милиони евра. Овој сет мерки претставува продолжување на напорите коишто Владата во континуитет ги презема од почетокот на енергетската и ценовна криза.

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за финансии за економските мерки за справување со енергетската и ценовната криза во државава – Октомври 2022 година.

Предвидени се:

А. Мерки за поддршка на социјални ранливи категории на граѓаните и за поддршка на ранливата категорија – корисници на пензија

Финансиска поддршка од државата ќе добијат ранливи категории на граѓани кои користат право на:

-Социјална сигурност;
-Лицата кои го користат правото за попреченост;
-Родителите на децата со попреченост до 26 годишна возраст, кои користат право на посебен додаток;
-Лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, а не користат право заради попреченост;
-Лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, а не користат право заради попреченост;
-Самохрани родители корисници на Гарантиран минимален приход и
-Невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок (стечајни работници), согласно Законот за материјално обезбедување.

Со мерката е предвидено да се додели финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани, односно 41.878 лица, согласно погоренаведените категории. Тие ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари, односно ќе добиваат по 3.000 денари месечно, во период од 4 месеци, како поддршка во услови на енергетската и ценовната криза. Вкупните фискални импликации за оваа мерка се проценети на 502.536.000 денари или 8.171.317 евра.

Финансиска поддршка од државата се предвидува да добијат и корисници на пензија, како мерка за заштита од прагот на сиромаштија во услови на енергетската и ценовната криза, и тоа:

-Приматели на пензија до 11.500 денари, е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 6.000 денари, односно по 1.500 денари месечно, во период од 4 месеци и
-Приматели на пензија од 11.500 денари до 14.000 денари, кои е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 3.000 денари, односно по 750 денари месечно, во период од 4 месеци.

Со оваа мерка, според проценките, државна финансиска поддршка ќе добијат околу 153.000 пензионери или околу 45 проценти од вкупниот број пензионери во државава. Фискалните импликации се 12,2 милиони евра.

Б. Мерки за поддршка на јавни, образовни и здравствени установи

Мерките предвидуваат:

-Одлука за вклучување на основните и средните училишта на регулиран пазар за снабдување со електрична енергија;
-Снабдување на јавните здравствени установи со електрична енергија, преку продажба од ЕСМ по поволна цена од пазарната цена;
-Снабдување со електрична енергија на мерни станици за водни пумпи, преку продажба од ЕСМ по поволна цена од берзанската цена, односно субвенционирање на разлика во цена на електрична енергија.

В. Мерки за поддршка на приватниот сектор, коишто ги таргетираат микро, малите и средни компании

Овие мерки имаат за цел:

-Проширување на опсегот на компании коишто се корисници на кредитно - гарантната шема, од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање;
-Директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба) како и трговци поединци: занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход);
-Забрзан и зголемен поврат на ДДВ;
-Обезбедување поволна консултантска поддршка за изработка на проекти / студии за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел полесен пристап до капитал;
-Продолжување на Mерката 25 преку Развојната банка на Македонија и комерцијалните банки, односно овозможување кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Г. Мерки за субвенционирање на цената на електрична и топлинска енергија за домаќинства и мали потрошувачи

Целта на овие мерки е:

-Директно субвенционирање на енергетските компании, планирано до крајот на годината (средства обезбедени со Предлог - Одлуката за прераспределба);
-Поддршка на ликвидноста на ЕСМ со кредит од ЕБРД.

По усвојувањето на овие мерки, ќе се пристапи кон соодветни законски измени, за што на владината седница, беше изразено очекување дека ќе бидат поддржани во Парламентот, за да може во најбрзо време да бидат достапни за корисниците.

На седницата, беше констатирано и дека се во тек и мерки, предвидени со претходниот пакет мерки, коишто, според наведеното во Информацијата од Министерството за финансии, продолжуваат да важат до крајот на 2022 година, што е овозможено со Ребалансот на Буџетот за 2022 година.

Станува збор за:

-Продолжување на примената на повластена даночната стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата, што се однесува на сите домаќинства, корисници на електрична енергија;
-Директна финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на електрична енергија;
-Финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините, преку користење поволен кредит од Светска банка, спроведен од Министерството за финансии;
-Пролонгирање на воведувањето на зелените давачки за деривати, односно еколошката такса за енергенти, што се однесува на сите домаќинства и компании, кои се корисници на енергенти;
-Ослободување од плаќање ДДВ, при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување - на увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување
- Кредитната линија за зелена транзиција од ЕИБ, со поволни услови на кредитирање на компаниите за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел стимулирање на инвестиции на компаниите во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и долгорочна заштеда на средства преку намалена потрошувачка на електрична енергија;
-Продолжување на мерката за субвенционирање на цената на електричната енергија за регулираниот пазар (домаќинствата и малите потрошувачи).

Исто така, со Ребалансот на Буџетот за 2022 година се предвидени и програми и средства како одговор на кризата, за раст на пензиите, ранливите категории на граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната.

Станува збор за:

-Зголемување на гарантирана минимална помош за права од социјална заштита, за социјално загрозени лица;
-Зголемување на пензиите согласно новата методологија на пресметка на пензиите;
-Субвенционирање на придонеси за поддршка на плати на вработените во приватниот сектор;
-Субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор: субвенционирање за говеда за сточарство, за овци, кози, за продадени градинарски и овошни производи, производство на семенски и саден материјал, за млекопроизводство, живинарство, пчеларство, авансна исплата на овоштарство, помош за вршење земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство и дополнителна поддршка за регистрирани земјоделски стопанства, осигурување посеви; средства предвидени со Интервентниот фонд, за: произведено и продадено млеко, интервентна мерка за вино, интервентна мерка за производство за саден материјал, интервентна мерка за есенска сеидба; средства предвидени со нова Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук и млеко и млечни производи;
-Поврат на средства преку мерката Мој ДДВ, за што се обезбедени дополнителни 1.100.000.000 денари за поврат на ДДВ.

Како што е познато, со цел да се забави преносниот ефект од увезената инфлација врз домашните производи, во март 2022 година, беше донесен Пакет од 26 мерки, којшто беше насочен кон: мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите, како и мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка, проценет на околу 400 милиони евра. Дополнително, беа предвидени мерки насочени кон мобилизирање капитал од приватниот сектор, односно комерцијалните банки, со очекувани севкупни ефекти околу 500-тини милиони евра. Воедно, со антикризните мерки од март 2022 предвидена е пролонгирана примена на повластена даночна стапка на ДДВ од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата до 31.12.2022 година. А, Владата на Република Македонија и во текот на 2020 и 2021 година спроведе шест пакети на антикризни мерки, со цел да ги поддржи стопанството и граѓаните погодени од пандемијата со Ковид-19 и справување со последиците од неа.

Проценетата поддршка досега, според информацијата од Министерството за финансии, е највисока во регионот на Западен Балкан.

Владата на Република Македонија, на денешната седница, го разгледа и усвои и Предлог планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори.

Се задолжуваат буџетските корисници да ги спроведуваат и почитуваат мерките и препораките предвидени со овој План.

При тоа, се задолжуваат сите буџетски корисници, а им се препорачува на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, во рок од две недели, да достават пополнет акциски план за консолидација на расходите согласно Планот за фискална одржливост.

Предвидени се, како што е образложено од страна на Министерството за финансии, политики, мерки и препораки за намалување на расходите, за зголемување на приходите, за единиците на локалната самоуправа и за јавните претпријатија и трговски друштва во државна сопственост.

Политиката за намалување на расходите, опфаќа:

А. Консолидација на расходите за плати и надоместоци, преку намалување за 10% во однос на планираните средства за 2023-та година. Очекуван е фискален ефект (заштеда) околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи;

Б. Консолидација на расходите за стоки и услуги и нивно намалување за 20% во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуваниот фискален ефект е околу 3 милијарди денари во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи;

В. Консолидација на расходите за субвенции, трансфери, дотации и социјални надоместоци и нивно намалување за 20% во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуван фискален ефект е околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи и

Г. Политика за подобрена структура на капиталните расходи, со цел меѓу другото, квалитетно и навремено реализирање на капиталните проекти.

Во делот на политиките за зголемување на приходите предвидено е, меѓу другото, оптимизација на даночниот систем, преку консолидирање и проширување на даночната основа кај директните и индиректните даноци и акцизите, намалување на даночната евазија и даночната арбитража и зголемување на даночната транспарентност.

И во делот на политиките за единиците на локалната самоуправа се препорачува намалување на тековните расходи. А, во услови на нарушено снабдување на пазарот на електрична енергија, општините да ја разгледаат можноста за спроведување на централизирана набавка на електрична енергија за институциите под нејзина надлежност, со цел постигнување пониска цена во снабдувањето со електрична енергија, како и буџетските единки основани од општината, да пристапат кон заеднички набавки за електрична енергија.

На денешната владина седница, задолжено е Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

The post Нов пакет мерки за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, пензионери и компании appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија, на денешната, 88-ма седница, донесе повеќе предлог мерки за поддршка на граѓаните и компаниите, во време на економско-енергетска криза. Новиот пакет антикризни мерки, содржи таргетирани мерки насочени кон најранливите категории граѓани; таргетирана поддршка за јавни и здравствени установи; поддршка на ликвидноста на компаниите; инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Мерките се насочени кон таргетирана поддршка за граѓаните и за фирмите, како и за стабилизирање на цената на храната. А, со нив, како што е посочено од страна на Министерството за финансии, е осигурано одржувањето на макроекономската и фискалната стабилност. Владата го предлага новиот сет мерки за справување со енергетската и ценовната криза, имајќи ја предвид пролонгираната енергетска криза како и ценовните притисоци, особено за ранливите категории граѓани. Вкупниот фискален ефект од новиот сет мерки е проценет на 22,2 милијарди денари, односно 360,2 милиони евра. Овој сет мерки претставува продолжување на напорите коишто Владата во континуитет ги презема од почетокот на енергетската и ценовна криза. На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за финансии за економските мерки за справување со енергетската и ценовната криза во државава – Октомври 2022 година. Предвидени се:

А. Мерки за поддршка на социјални ранливи категории на граѓаните и за поддршка на ранливата категорија – корисници на пензија

Финансиска поддршка од државата ќе добијат ранливи категории на граѓани кои користат право на: -Социјална сигурност; -Лицата кои го користат правото за попреченост; -Родителите на децата со попреченост до 26 годишна возраст, кои користат право на посебен додаток; -Лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, а не користат право заради попреченост; -Лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, а не користат право заради попреченост; -Самохрани родители корисници на Гарантиран минимален приход и -Невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок (стечајни работници), согласно Законот за материјално обезбедување. Со мерката е предвидено да се додели финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани, односно 41.878 лица, согласно погоренаведените категории. Тие ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари, односно ќе добиваат по 3.000 денари месечно, во период од 4 месеци, како поддршка во услови на енергетската и ценовната криза. Вкупните фискални импликации за оваа мерка се проценети на 502.536.000 денари или 8.171.317 евра. Финансиска поддршка од државата се предвидува да добијат и корисници на пензија, како мерка за заштита од прагот на сиромаштија во услови на енергетската и ценовната криза, и тоа: -Приматели на пензија до 11.500 денари, е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 6.000 денари, односно по 1.500 денари месечно, во период од 4 месеци и -Приматели на пензија од 11.500 денари до 14.000 денари, кои е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 3.000 денари, односно по 750 денари месечно, во период од 4 месеци. Со оваа мерка, според проценките, државна финансиска поддршка ќе добијат околу 153.000 пензионери или околу 45 проценти од вкупниот број пензионери во државава. Фискалните импликации се 12,2 милиони евра.

Б. Мерки за поддршка на јавни, образовни и здравствени установи

Мерките предвидуваат: -Одлука за вклучување на основните и средните училишта на регулиран пазар за снабдување со електрична енергија; -Снабдување на јавните здравствени установи со електрична енергија, преку продажба од ЕСМ по поволна цена од пазарната цена; -Снабдување со електрична енергија на мерни станици за водни пумпи, преку продажба од ЕСМ по поволна цена од берзанската цена, односно субвенционирање на разлика во цена на електрична енергија.

В. Мерки за поддршка на приватниот сектор, коишто ги таргетираат микро, малите и средни компании

Овие мерки имаат за цел: -Проширување на опсегот на компании коишто се корисници на кредитно - гарантната шема, од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање; -Директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба) како и трговци поединци: занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход); -Забрзан и зголемен поврат на ДДВ; -Обезбедување поволна консултантска поддршка за изработка на проекти / студии за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел полесен пристап до капитал; -Продолжување на Mерката 25 преку Развојната банка на Македонија и комерцијалните банки, односно овозможување кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Г. Мерки за субвенционирање на цената на електрична и топлинска енергија за домаќинства и мали потрошувачи

Целта на овие мерки е: -Директно субвенционирање на енергетските компании, планирано до крајот на годината (средства обезбедени со Предлог - Одлуката за прераспределба); -Поддршка на ликвидноста на ЕСМ со кредит од ЕБРД. По усвојувањето на овие мерки, ќе се пристапи кон соодветни законски измени, за што на владината седница, беше изразено очекување дека ќе бидат поддржани во Парламентот, за да може во најбрзо време да бидат достапни за корисниците. На седницата, беше констатирано и дека се во тек и мерки, предвидени со претходниот пакет мерки, коишто, според наведеното во Информацијата од Министерството за финансии, продолжуваат да важат до крајот на 2022 година, што е овозможено со Ребалансот на Буџетот за 2022 година. Станува збор за: -Продолжување на примената на повластена даночната стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата, што се однесува на сите домаќинства, корисници на електрична енергија; -Директна финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на електрична енергија; -Финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините, преку користење поволен кредит од Светска банка, спроведен од Министерството за финансии; -Пролонгирање на воведувањето на зелените давачки за деривати, односно еколошката такса за енергенти, што се однесува на сите домаќинства и компании, кои се корисници на енергенти; -Ослободување од плаќање ДДВ, при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување - на увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување - Кредитната линија за зелена транзиција од ЕИБ, со поволни услови на кредитирање на компаниите за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел стимулирање на инвестиции на компаниите во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и долгорочна заштеда на средства преку намалена потрошувачка на електрична енергија; -Продолжување на мерката за субвенционирање на цената на електричната енергија за регулираниот пазар (домаќинствата и малите потрошувачи). Исто така, со Ребалансот на Буџетот за 2022 година се предвидени и програми и средства како одговор на кризата, за раст на пензиите, ранливите категории на граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната. Станува збор за: -Зголемување на гарантирана минимална помош за права од социјална заштита, за социјално загрозени лица; -Зголемување на пензиите согласно новата методологија на пресметка на пензиите; -Субвенционирање на придонеси за поддршка на плати на вработените во приватниот сектор; -Субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор: субвенционирање за говеда за сточарство, за овци, кози, за продадени градинарски и овошни производи, производство на семенски и саден материјал, за млекопроизводство, живинарство, пчеларство, авансна исплата на овоштарство, помош за вршење земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство и дополнителна поддршка за регистрирани земјоделски стопанства, осигурување посеви; средства предвидени со Интервентниот фонд, за: произведено и продадено млеко, интервентна мерка за вино, интервентна мерка за производство за саден материјал, интервентна мерка за есенска сеидба; средства предвидени со нова Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук и млеко и млечни производи; -Поврат на средства преку мерката Мој ДДВ, за што се обезбедени дополнителни 1.100.000.000 денари за поврат на ДДВ. Како што е познато, со цел да се забави преносниот ефект од увезената инфлација врз домашните производи, во март 2022 година, беше донесен Пакет од 26 мерки, којшто беше насочен кон: мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите, како и мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка, проценет на околу 400 милиони евра. Дополнително, беа предвидени мерки насочени кон мобилизирање капитал од приватниот сектор, односно комерцијалните банки, со очекувани севкупни ефекти околу 500-тини милиони евра. Воедно, со антикризните мерки од март 2022 предвидена е пролонгирана примена на повластена даночна стапка на ДДВ од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата до 31.12.2022 година. А, Владата на Република Македонија и во текот на 2020 и 2021 година спроведе шест пакети на антикризни мерки, со цел да ги поддржи стопанството и граѓаните погодени од пандемијата со Ковид-19 и справување со последиците од неа. Проценетата поддршка досега, според информацијата од Министерството за финансии, е највисока во регионот на Западен Балкан. Владата на Република Македонија, на денешната седница, го разгледа и усвои и Предлог планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори. Се задолжуваат буџетските корисници да ги спроведуваат и почитуваат мерките и препораките предвидени со овој План. При тоа, се задолжуваат сите буџетски корисници, а им се препорачува на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, во рок од две недели, да достават пополнет акциски план за консолидација на расходите согласно Планот за фискална одржливост. Предвидени се, како што е образложено од страна на Министерството за финансии, политики, мерки и препораки за намалување на расходите, за зголемување на приходите, за единиците на локалната самоуправа и за јавните претпријатија и трговски друштва во државна сопственост.

Политиката за намалување на расходите, опфаќа:

А. Консолидација на расходите за плати и надоместоци, преку намалување за 10% во однос на планираните средства за 2023-та година. Очекуван е фискален ефект (заштеда) околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи; Б. Консолидација на расходите за стоки и услуги и нивно намалување за 20% во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуваниот фискален ефект е околу 3 милијарди денари во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи; В. Консолидација на расходите за субвенции, трансфери, дотации и социјални надоместоци и нивно намалување за 20% во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуван фискален ефект е околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи и Г. Политика за подобрена структура на капиталните расходи, со цел меѓу другото, квалитетно и навремено реализирање на капиталните проекти. Во делот на политиките за зголемување на приходите предвидено е, меѓу другото, оптимизација на даночниот систем, преку консолидирање и проширување на даночната основа кај директните и индиректните даноци и акцизите, намалување на даночната евазија и даночната арбитража и зголемување на даночната транспарентност. И во делот на политиките за единиците на локалната самоуправа се препорачува намалување на тековните расходи. А, во услови на нарушено снабдување на пазарот на електрична енергија, општините да ја разгледаат можноста за спроведување на централизирана набавка на електрична енергија за институциите под нејзина надлежност, со цел постигнување пониска цена во снабдувањето со електрична енергија, како и буџетските единки основани од општината, да пристапат кон заеднички набавки за електрична енергија. На денешната владина седница, задолжено е Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

The post Нов пакет мерки за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, пензионери и компании appeared first on Република.

]]>
Ранливи категории граѓани и пензионери со ниски пензии ќе добијат финансиска помош во наредните четири месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ranlivi-kategorii-gragjani-i-penzioneri-so-niski-penzii-kje-dobijat-finansiska-pomosh-vo-narednite-chetiri-meseci/ Sun, 09 Oct 2022 15:13:59 +0000 https://republika.mk/?p=559112

По 3.000 денари месечно во наредните четири месеци, или вкупно 12.000 денари, ќе примаат 42 000 граѓани од ранливи категории, предвидува пакетот антикризни мерки за справување со кризата кои денеска на прес-конференција ги соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

Тука спаѓаат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26-годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на гарантирана минимална плата и невработени лица. За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра, рече Ковачевски.

Директна финансиска поддршка ќе има и за пензионерите приматели на најниски пензии: над 91 600 пензионери кои примаат до 11.525 пензија ќе бидат помогнати со по 1.500 денари месечно односно вкупно 6.000 денари за четири месеци.

Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525 до 14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра, рече Ковачевски соопштувајќи ги сетот нови мерки за справување со економската и енергетска криза, усвоени денеска на 88-та седница на Владата.

Дел од сетот мерки што беа соопштени треба да поминат во процедура во Собрание зашто за нив се потребни законски измени, а дел, согласно Уредбата за кризна состојба ќе може да се операционализираат со одлука на Владата или на одделни министетства.

Од идниот месец пензионерите може да ја очекуваат најновата владина поддршка доколку Собранието ги изгласа потребните законски измени, соопшти Ковачевски.

И Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши очекуваат дека сите пратеници ќе ги усвојат измените што ќе овозможат помош за пензиоенрите и за ранливите категории граѓани, но и реализирање на сите останати мерки за справување со енергетската и ценовната криза.

Очекувам и верувам дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што значат помош за пензиоенрите и ранливите категории граѓани, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека е усвоен нов пакет мерки тежок преку 350 милиони евра.

 

The post Ранливи категории граѓани и пензионери со ниски пензии ќе добијат финансиска помош во наредните четири месеци appeared first on Република.

]]>

По 3.000 денари месечно во наредните четири месеци, или вкупно 12.000 денари, ќе примаат 42 000 граѓани од ранливи категории, предвидува пакетот антикризни мерки за справување со кризата кои денеска на прес-конференција ги соопшти премиерот Димитар Ковачевски.
Тука спаѓаат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26-годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на гарантирана минимална плата и невработени лица. За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра, рече Ковачевски.
Директна финансиска поддршка ќе има и за пензионерите приматели на најниски пензии: над 91 600 пензионери кои примаат до 11.525 пензија ќе бидат помогнати со по 1.500 денари месечно односно вкупно 6.000 денари за четири месеци.
Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525 до 14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра, рече Ковачевски соопштувајќи ги сетот нови мерки за справување со економската и енергетска криза, усвоени денеска на 88-та седница на Владата.
Дел од сетот мерки што беа соопштени треба да поминат во процедура во Собрание зашто за нив се потребни законски измени, а дел, согласно Уредбата за кризна состојба ќе може да се операционализираат со одлука на Владата или на одделни министетства.
Од идниот месец пензионерите може да ја очекуваат најновата владина поддршка доколку Собранието ги изгласа потребните законски измени, соопшти Ковачевски.
И Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши очекуваат дека сите пратеници ќе ги усвојат измените што ќе овозможат помош за пензиоенрите и за ранливите категории граѓани, но и реализирање на сите останати мерки за справување со енергетската и ценовната криза.
Очекувам и верувам дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што значат помош за пензиоенрите и ранливите категории граѓани, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека е усвоен нов пакет мерки тежок преку 350 милиони евра.
 

The post Ранливи категории граѓани и пензионери со ниски пензии ќе добијат финансиска помош во наредните четири месеци appeared first on Република.

]]>
Ковачевски и Бектеши очекуваат сите пратеници да ги поддржат законските измени за спроведување на антикризните мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-bekteshi-ochekuvaat-site-pratenici-da-gi-poddrzat-zakonskite-izmeni-za-sproveduvanje-na-antikriznite-merki/ Sun, 09 Oct 2022 14:10:08 +0000 https://republika.mk/?p=559096

Од идниот месец пензионерите може да ја очекуваат најновата владина поддршка доколку Собранието ги изгласа потребните законски измени, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.

И Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши очекуваат дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што ќе овозможат помош за пензиоенрите и за ранливите категории граѓани, но и реализирање на сите останати мерки за справување со енергетската и ценовната криза.

Очекувам и верувам дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што значат помош за пензиоенрите и ранливите категории граѓани. За Левица не можам да потврдам, не сум сигурен, зашто ним соседните земји и ЕУ не им се партнери, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека е усвоен нов пакет мерки тежок преку 350 милиони евра.

И Бектеши очекува пратениците да дадат поддршка на законите за справување со кризата.

Моите очекувања се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и сите други пратеници наредната недела да ги изгласаат сите закони за справување со кризата зашто законите се во интерес на граѓаните – да не се зголеми цената на водата, струјата и на топлинската енергија, подвлече Бектеши.

 

The post Ковачевски и Бектеши очекуваат сите пратеници да ги поддржат законските измени за спроведување на антикризните мерки appeared first on Република.

]]>

Од идниот месец пензионерите може да ја очекуваат најновата владина поддршка доколку Собранието ги изгласа потребните законски измени, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски. И Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши очекуваат дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што ќе овозможат помош за пензиоенрите и за ранливите категории граѓани, но и реализирање на сите останати мерки за справување со енергетската и ценовната криза.
Очекувам и верувам дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што значат помош за пензиоенрите и ранливите категории граѓани. За Левица не можам да потврдам, не сум сигурен, зашто ним соседните земји и ЕУ не им се партнери, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека е усвоен нов пакет мерки тежок преку 350 милиони евра. И Бектеши очекува пратениците да дадат поддршка на законите за справување со кризата. Моите очекувања се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и сите други пратеници наредната недела да ги изгласаат сите закони за справување со кризата зашто законите се во интерес на граѓаните – да не се зголеми цената на водата, струјата и на топлинската енергија, подвлече Бектеши.
 

The post Ковачевски и Бектеши очекуваат сите пратеници да ги поддржат законските измени за спроведување на антикризните мерки appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Струјата за граѓаните е 80% субвенционирана, следат антикризни мерки за најранливите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-strujata-za-gragjanite-e-80-subvencionirana-sledat-antikrizni-merki-za-najranlivite/ Fri, 07 Oct 2022 21:16:08 +0000 https://republika.mk/?p=558611

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во интервју за „КликПлус“ на ТВ21 истакна дека Владата прави се за да обезбеди дополнителни антикризни мерки за граѓаните и стопанството во услови кога светот се соочува со една од најголемите економски и енергетски кризи после Втората светска војна. Претходните антикризни мерки дадоа одличен резултат, го намалија ценовниот шок и оптеретеноста на граѓаните и компаниите. Сега се работи на нови антикризни мерки.

„Тоа се мерки кои ги бара Стопанската комора за кои што разговараме низ еден многу отворен дијалог и сите сме свесни за ситуацијата во која што се наоѓа економијата. Значи таму се разговараше отворено. Покрај стопанските комори беа и претставници на академската заедница, претставници на најголемите компании од електроенергетскиот сектор значи и претставници на ЕВН, на ЕСМ, МЕПСО, „Макпетрол“ и така натаму, каде што на маса се отворија најтранспарентно сите податоци со кои што располагаат и компаниите и државата и стопанските комори, врз основа на сите тие информации со кои што таму се споделија. Врз основа на очекувањата но не само на компаниите туку и очекувањата на работниците, на синдикатите веќе во Министерството за труд и социјална политика се подготвуваат мерките за најранливите категории заедно со Министерството за финансии, а за компаниите како што веќе ви кажав се прават калкулации прво на можност на субвенционирање на цената на електричната енергија и второ ние не се откажуваме за набавка преку директни договори со други држави на пониска цена на електрична енергија. Добро е што активностите кои што ги презема ЕК и воопшто ЕУ.“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека електричната енергија која што граѓаните ја плаќаат на регулираниот пазар е 80% субвенционирана од страна на државата, што значи доколку не е таа субвенција за електрична енергија граѓаните би платиле 5 пати повисока цена на електрична енергија.

„За компаниите кои што се на регулираниот пазар тоа се 72 илјади мали и средни претпријатија во државата кои што имаат до 50 вработени и обрат до 2 милиони евра. Тие се исто така на регулираниот пазар и нивните сметки се дупло поевтини и од тоа што би го плаќале доколку одат на либерализиран пазар, она што останува е либерализираниот пазар на кој што важат цените на светските берзи, за нас е референтна унгарската берза и некоја што цените достигнуваат и до 600 евра за мегават час, ако ги споредиме со нормалните цени пред војната кои се 50-60 евра за мегават час можете да замислите за колку зголемување се работи, за 10 пати зголемување на електричната енергија. Она што го разговараме со Стопанската комора и за што во моментов во Министерството за економија и во Министерството за финансии се прават калкулации на кој начин државата може да помогне со електрична енергија, прво по пониска цена, и второ дали можеме да интервенираме преку буџетот со субвенционирање на електрична енергија која што преку снабдувачите ја плаќаат компаниите“, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Струјата за граѓаните е 80% субвенционирана, следат антикризни мерки за најранливите appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во интервју за „КликПлус“ на ТВ21 истакна дека Владата прави се за да обезбеди дополнителни антикризни мерки за граѓаните и стопанството во услови кога светот се соочува со една од најголемите економски и енергетски кризи после Втората светска војна. Претходните антикризни мерки дадоа одличен резултат, го намалија ценовниот шок и оптеретеноста на граѓаните и компаниите. Сега се работи на нови антикризни мерки. „Тоа се мерки кои ги бара Стопанската комора за кои што разговараме низ еден многу отворен дијалог и сите сме свесни за ситуацијата во која што се наоѓа економијата. Значи таму се разговараше отворено. Покрај стопанските комори беа и претставници на академската заедница, претставници на најголемите компании од електроенергетскиот сектор значи и претставници на ЕВН, на ЕСМ, МЕПСО, „Макпетрол“ и така натаму, каде што на маса се отворија најтранспарентно сите податоци со кои што располагаат и компаниите и државата и стопанските комори, врз основа на сите тие информации со кои што таму се споделија. Врз основа на очекувањата но не само на компаниите туку и очекувањата на работниците, на синдикатите веќе во Министерството за труд и социјална политика се подготвуваат мерките за најранливите категории заедно со Министерството за финансии, а за компаниите како што веќе ви кажав се прават калкулации прво на можност на субвенционирање на цената на електричната енергија и второ ние не се откажуваме за набавка преку директни договори со други држави на пониска цена на електрична енергија. Добро е што активностите кои што ги презема ЕК и воопшто ЕУ.“, рече Ковачевски. Премиерот истакна дека електричната енергија која што граѓаните ја плаќаат на регулираниот пазар е 80% субвенционирана од страна на државата, што значи доколку не е таа субвенција за електрична енергија граѓаните би платиле 5 пати повисока цена на електрична енергија. „За компаниите кои што се на регулираниот пазар тоа се 72 илјади мали и средни претпријатија во државата кои што имаат до 50 вработени и обрат до 2 милиони евра. Тие се исто така на регулираниот пазар и нивните сметки се дупло поевтини и од тоа што би го плаќале доколку одат на либерализиран пазар, она што останува е либерализираниот пазар на кој што важат цените на светските берзи, за нас е референтна унгарската берза и некоја што цените достигнуваат и до 600 евра за мегават час, ако ги споредиме со нормалните цени пред војната кои се 50-60 евра за мегават час можете да замислите за колку зголемување се работи, за 10 пати зголемување на електричната енергија. Она што го разговараме со Стопанската комора и за што во моментов во Министерството за економија и во Министерството за финансии се прават калкулации на кој начин државата може да помогне со електрична енергија, прво по пониска цена, и второ дали можеме да интервенираме преку буџетот со субвенционирање на електрична енергија која што преку снабдувачите ја плаќаат компаниите“, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Струјата за граѓаните е 80% субвенционирана, следат антикризни мерки за најранливите appeared first on Република.

]]>
Денеска е дед лајнот на повикот за помош од стопанствениците: Економскиот совет ќе расправа за нови антикризни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-e-ded-lajnot-na-povikot-za-pomosh-od-stopanstvenicite-ekonomskiot-sovet-kje-rasprava-za-novi-antikrizni-merki/ Wed, 05 Oct 2022 07:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=557470

Владата за денеска во 12 часот ја закажа седницата на Економскиот совет. Една од темите се очекува да бидат дополнителните антикризни мерки со кои би се ублажил ценовниот удар.

Како што рече премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот, замрзнувањето на маржите функционира, но инпутите, енергенсите и суровините што ги добиваат производителите на основните прехранбени производи, ги влечат цените нагоре.

Сите сме свесни за растечките цени на храната, особено на основните прехранбени производи. Владата направи првични мерки за замрзнување на цените, но со оглед дека сме отворена економија која разменува со странство, предолгото замрзнување не е можно. Ќе се јават недостатоци, па затоа преминавме како што преминаа и други држави, кон замрзнување на маржите - истакна Ковачевски.

Тој рече и дека за многу скоро време ќе бидат објавени и конкретни антикризни мерки за најранливите категории граѓани.

Веќе се подготвуваат листите и категориите на граѓани кои ќе бидат поддржани со дополнителни финансиски средства од Буџетот за да можат полесно да ја пребродат кризата која што ја имаме, изјави Ковачевски.

Во меѓувреме реагираше Стопанската комора, упатувајќи јавно барање до Владата најдоцна до денеска, 5 октомври 2022, за кога е закажана седницата на Економскиот совет, да донесе мерки кои ќе го ублажат, како што наведе, силниот ценовен удар.

Комората предупреди дека бизнисот има само една алтернатива – или државата ќе помогне или ќе се затворат капацитетите. Почнат е процесот на намалување на вработените, редуцирање на производството и на затворање на капацитетите. Ескалацијата ќе биде во наредните два месеца кога се склучуваат договорите за снабдување со струја за наредната година,

Ова е критичен момент. Брзината на реакцијата е пресуден фактор за зачувување на макроекономската и на буџетската стабилност на државата. Ситуацијата во која се наоѓа стопанството е сериозна со оглед на високите сметки за електрична енергија, зголемени до шест пати, за што ниту една компанија не е виновна. Повеќе од 1 600 правни субјекти кои се наоѓаат на слободниот пазар на 30.9.2022 година беа анкетирани и рекоа дека се наоѓаат во исклучително тешка состојба, наведува Комората во денешното соопштение и додава дека нема регистрирано ниту една земја во регионот и пошироко која не им помогнала на своите компании, наведе Стопанската комора.

The post Денеска е дед лајнот на повикот за помош од стопанствениците: Економскиот совет ќе расправа за нови антикризни мерки appeared first on Република.

]]>

Владата за денеска во 12 часот ја закажа седницата на Економскиот совет. Една од темите се очекува да бидат дополнителните антикризни мерки со кои би се ублажил ценовниот удар. Како што рече премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот, замрзнувањето на маржите функционира, но инпутите, енергенсите и суровините што ги добиваат производителите на основните прехранбени производи, ги влечат цените нагоре.
Сите сме свесни за растечките цени на храната, особено на основните прехранбени производи. Владата направи првични мерки за замрзнување на цените, но со оглед дека сме отворена економија која разменува со странство, предолгото замрзнување не е можно. Ќе се јават недостатоци, па затоа преминавме како што преминаа и други држави, кон замрзнување на маржите - истакна Ковачевски.
Тој рече и дека за многу скоро време ќе бидат објавени и конкретни антикризни мерки за најранливите категории граѓани. Веќе се подготвуваат листите и категориите на граѓани кои ќе бидат поддржани со дополнителни финансиски средства од Буџетот за да можат полесно да ја пребродат кризата која што ја имаме, изјави Ковачевски. Во меѓувреме реагираше Стопанската комора, упатувајќи јавно барање до Владата најдоцна до денеска, 5 октомври 2022, за кога е закажана седницата на Економскиот совет, да донесе мерки кои ќе го ублажат, како што наведе, силниот ценовен удар. Комората предупреди дека бизнисот има само една алтернатива – или државата ќе помогне или ќе се затворат капацитетите. Почнат е процесот на намалување на вработените, редуцирање на производството и на затворање на капацитетите. Ескалацијата ќе биде во наредните два месеца кога се склучуваат договорите за снабдување со струја за наредната година, Ова е критичен момент. Брзината на реакцијата е пресуден фактор за зачувување на макроекономската и на буџетската стабилност на државата. Ситуацијата во која се наоѓа стопанството е сериозна со оглед на високите сметки за електрична енергија, зголемени до шест пати, за што ниту една компанија не е виновна. Повеќе од 1 600 правни субјекти кои се наоѓаат на слободниот пазар на 30.9.2022 година беа анкетирани и рекоа дека се наоѓаат во исклучително тешка состојба, наведува Комората во денешното соопштение и додава дека нема регистрирано ниту една земја во регионот и пошироко која не им помогнала на своите компании, наведе Стопанската комора.

The post Денеска е дед лајнот на повикот за помош од стопанствениците: Економскиот совет ќе расправа за нови антикризни мерки appeared first on Република.

]]>
Антикризни мерки ќе има, но само за ранливите категории https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/antikrizni-merki-kje-ima-no-samo-za-ranlivite-kategorii/ Mon, 01 Aug 2022 08:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=535613

Владата и Министерството за финансии подготвуваат нови антикризни мерки за компаниите и граѓаните и штом ќе бидат изготвени тие ќе бидат презентирани на јавноста, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на Тетово.

Во веќе донесениот ребаланс на Буџетот се предвидени 76 милиони евра за помош на граѓаните, но само на најранливите категории на граѓани.

Како што рече Ковачевски, антикризни мерки ќе бидат насочени кон најранливите во државата, како што беше и досега.

-Затоа граѓаните кои се со ниски примања и кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први. Исто така главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата, изјави Ковачевски.

The post Антикризни мерки ќе има, но само за ранливите категории appeared first on Република.

]]>

Владата и Министерството за финансии подготвуваат нови антикризни мерки за компаниите и граѓаните и штом ќе бидат изготвени тие ќе бидат презентирани на јавноста, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на Тетово. Во веќе донесениот ребаланс на Буџетот се предвидени 76 милиони евра за помош на граѓаните, но само на најранливите категории на граѓани.
Како што рече Ковачевски, антикризни мерки ќе бидат насочени кон најранливите во државата, како што беше и досега. -Затоа граѓаните кои се со ниски примања и кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први. Исто така главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата, изјави Ковачевски.

The post Антикризни мерки ќе има, но само за ранливите категории appeared first on Република.

]]>
Ковачевски се пофали дека Владата подготвува нови антикризни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-se-pofali-deka-vladata-podgotvuva-novi-antikrizni-merki/ Sun, 31 Jul 2022 16:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=535402

Владата и Министерството за финансии подготвуваат нови антикризни мерки за компаниите и граѓаните и штом ќе бидат изготвени тие ќе бидат презентирани на јавноста, најави премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на Тетово.

Тој потсети дека во веќе донесениот ребаланс на Буџетот се предвидени 76 милиони евра, како и дека веќе почнал дијалогот со стопанските комори и компаниите за обезедување на електрична енергија.

И кога го конципиравме ребалансот на Буџетот многу јасно кажавме и тоа е веќе ставено во ребалансираниот Буџет. Предвидени се 76 милиони евра. Започна дијалогот со стопанските комори во однос на дефинирање на мерките, пред се, во однос на снабдувањето со електрична енергија. Исто така првите одлуки се донесоа и во однос на обезбедувањето на топлинска енергија за Градот Скопје, како и на електрична енергија за сите граѓани и компании во државата. Пред нас претстои најтешката зима во повоена Европа. Тоа јас го кажував уште во мај, но сите се уверивте и со изјавите на сите премиери од регионот, но и од Европа. Тие антикризни мерки ќе бидат насочени кон најранливите во државата, како што беше и досега. Затоа граѓаните кои се со ниски примања и кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први. Исто така главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата - изјави Ковачевски.

Тој потсети дека Македонија стопроцентно се обезбедува со гас од Русија и затоа ќе мора да се обезбеди непречено снабдување и преку алтернативни извори.

Затоа ресорните министри веќе работат заедно со соседните држави за тоа. Доколку се јават недостатоци на електрична енергија на европскиот континент исто така вече сме во разговори и со ЕК за обезбедување на електрична енергија. Компаниите од електроенергетскиот сектор веќе работат на обезбеудвање на потребната ликвидност како и на потребните суровини за непречено производство на електрична енергија - изјави премиерот Ковачевски, кој беше на почетокот на кампањата за изборите за членови на совет на Тетово.

The post Ковачевски се пофали дека Владата подготвува нови антикризни мерки appeared first on Република.

]]>

Владата и Министерството за финансии подготвуваат нови антикризни мерки за компаниите и граѓаните и штом ќе бидат изготвени тие ќе бидат презентирани на јавноста, најави премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на Тетово. Тој потсети дека во веќе донесениот ребаланс на Буџетот се предвидени 76 милиони евра, како и дека веќе почнал дијалогот со стопанските комори и компаниите за обезедување на електрична енергија.
И кога го конципиравме ребалансот на Буџетот многу јасно кажавме и тоа е веќе ставено во ребалансираниот Буџет. Предвидени се 76 милиони евра. Започна дијалогот со стопанските комори во однос на дефинирање на мерките, пред се, во однос на снабдувањето со електрична енергија. Исто така првите одлуки се донесоа и во однос на обезбедувањето на топлинска енергија за Градот Скопје, како и на електрична енергија за сите граѓани и компании во државата. Пред нас претстои најтешката зима во повоена Европа. Тоа јас го кажував уште во мај, но сите се уверивте и со изјавите на сите премиери од регионот, но и од Европа. Тие антикризни мерки ќе бидат насочени кон најранливите во државата, како што беше и досега. Затоа граѓаните кои се со ниски примања и кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први. Исто така главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата - изјави Ковачевски.
Тој потсети дека Македонија стопроцентно се обезбедува со гас од Русија и затоа ќе мора да се обезбеди непречено снабдување и преку алтернативни извори.
Затоа ресорните министри веќе работат заедно со соседните држави за тоа. Доколку се јават недостатоци на електрична енергија на европскиот континент исто така вече сме во разговори и со ЕК за обезбедување на електрична енергија. Компаниите од електроенергетскиот сектор веќе работат на обезбеудвање на потребната ликвидност како и на потребните суровини за непречено производство на електрична енергија - изјави премиерот Ковачевски, кој беше на почетокот на кампањата за изборите за членови на совет на Тетово.

The post Ковачевски се пофали дека Владата подготвува нови антикризни мерки appeared first on Република.

]]>
Министерството за финансии работи денес на неработен ден за да подготви нови антикризни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvoto-za-finansii-raboti-denes-na-neraboten-den-za-da-podgotvi-novi-antikrizni-merki/ Sun, 31 Jul 2022 12:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=535338

Владата и Министерството за финансии подготвуваат нови антикризни мерки за компаниите и граѓаните и штом ќе бидат изготвени тие ќе бидат презентирани на јавноста, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на Тетово.

– Министерството за финансии и во моментов, на неработен ден, работи на дефинирање на конкретни мерки и штом ќе бидат готови ќе бидат презентирани пред јавноста, изјави Ковачевски.

Потсети дека во веќе донесениот ребаланс на Буџетот се предвидени 76 милиони евра, како и дека веќе започна дијалогот со стопанските комори и компаниите за обезедување на електрична енергија.

И кога го конципиравме ребалансот на Буџетот многу јасно кажавме и тоа е веќе ставено во ребалансираниот Буџет. Предвидени се 76 милиони евра. Започна дијалогот со стопанските комори во однос на дефинирање на мерките, пред се, во однос на снабдувањето со електрична енергија. Исто така првите одлуки се донесоа и во однос на обезбедувањето на топлинска енергија за Градот Скопје, како и на електрична енергија за сите граѓани и компании во државата. Пред нас претстои најтешката зима во повоена Европа. Тоа јас го кажував уште во мај, но сите се уверивте и со изјавите на сите премиери од регионот, но и од Европа. Тие антикризни мерки ќе бидат насочени кон најранливите во државата, како што беше и досега. Затоа граѓаните кои се со ниски примања и кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први. Исто така главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата, изјави Ковачевски.

Премиерот потсети дека Македонија стопроцентно се обезбедува со гас од Русија и затоа ќе мора да се обезбеди непречено снабдување и преку алтернативни извори.

Затоа ресорните министри веќе работат заедно со соседните држави за тоа. Доколку се јават недостатоци на електрична енергија на европскиот континент исто така вече сме во разговори и со ЕК за обезбедување на електрична енергија. Компаниите од електроенергетскиот сектор веќе работат на обезбеудвање на потребната ликвидност како и на потребните суровини за непречено производство на електрична енергија, рече премиерот Ковачевски, кој беше на почетокот на кампањата за изборите за членови на совет на Тетово.

The post Министерството за финансии работи денес на неработен ден за да подготви нови антикризни мерки appeared first on Република.

]]>

Владата и Министерството за финансии подготвуваат нови антикризни мерки за компаниите и граѓаните и штом ќе бидат изготвени тие ќе бидат презентирани на јавноста, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на Тетово.
– Министерството за финансии и во моментов, на неработен ден, работи на дефинирање на конкретни мерки и штом ќе бидат готови ќе бидат презентирани пред јавноста, изјави Ковачевски.
Потсети дека во веќе донесениот ребаланс на Буџетот се предвидени 76 милиони евра, како и дека веќе започна дијалогот со стопанските комори и компаниите за обезедување на електрична енергија.
И кога го конципиравме ребалансот на Буџетот многу јасно кажавме и тоа е веќе ставено во ребалансираниот Буџет. Предвидени се 76 милиони евра. Започна дијалогот со стопанските комори во однос на дефинирање на мерките, пред се, во однос на снабдувањето со електрична енергија. Исто така првите одлуки се донесоа и во однос на обезбедувањето на топлинска енергија за Градот Скопје, како и на електрична енергија за сите граѓани и компании во државата. Пред нас претстои најтешката зима во повоена Европа. Тоа јас го кажував уште во мај, но сите се уверивте и со изјавите на сите премиери од регионот, но и од Европа. Тие антикризни мерки ќе бидат насочени кон најранливите во државата, како што беше и досега. Затоа граѓаните кои се со ниски примања и кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први. Исто така главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата, изјави Ковачевски.
Премиерот потсети дека Македонија стопроцентно се обезбедува со гас од Русија и затоа ќе мора да се обезбеди непречено снабдување и преку алтернативни извори.
Затоа ресорните министри веќе работат заедно со соседните држави за тоа. Доколку се јават недостатоци на електрична енергија на европскиот континент исто така вече сме во разговори и со ЕК за обезбедување на електрична енергија. Компаниите од електроенергетскиот сектор веќе работат на обезбеудвање на потребната ликвидност како и на потребните суровини за непречено производство на електрична енергија, рече премиерот Ковачевски, кој беше на почетокот на кампањата за изборите за членови на совет на Тетово.

The post Министерството за финансии работи денес на неработен ден за да подготви нови антикризни мерки appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Ја поддржуваме домашната економија, нови 280 договори за поддршка со компании https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ja-poddrzuvame-domashnata-ekonomija-novi-280-dogovori-za-poddrshka-so-kompanii/ Sat, 30 Jul 2022 11:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=535059

И во време на светска економска криза, Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со поддршка на домашната економија.

Следува потпишување на нови 280 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра.

Истите ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори.

Претходно, само во 2021 година истите овие 280 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и создале над 1.500 нови работни места.

Со овој Закон за финансиска поддршка, во изминатите четири години на домашните компании им се дадени над 50 милиони евра. Станува збор за над 600 компании од кои 80 отсто имаат домашен капитал.

На овој начин се реализира заложбата на Владата предовдена од СДСМ, домашните компании да бидат третирани исто како и странските компании во Македонија.

Секоја финансиска поддршка од државата кон компаниите, вклучително и последнава, придонесува за зголемено производство, поголем извоз, но и отворање на нови работни места и повисоки плати за работниците.

СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи продолжува да ја помага домашната економија, да инвестира во човечкиот капитал и во отворањето на нови добро платени работни места.

The post СДСМ: Ја поддржуваме домашната економија, нови 280 договори за поддршка со компании appeared first on Република.

]]>

И во време на светска економска криза, Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со поддршка на домашната економија. Следува потпишување на нови 280 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра. Истите ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори. Претходно, само во 2021 година истите овие 280 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и создале над 1.500 нови работни места. Со овој Закон за финансиска поддршка, во изминатите четири години на домашните компании им се дадени над 50 милиони евра. Станува збор за над 600 компании од кои 80 отсто имаат домашен капитал. На овој начин се реализира заложбата на Владата предовдена од СДСМ, домашните компании да бидат третирани исто како и странските компании во Македонија. Секоја финансиска поддршка од државата кон компаниите, вклучително и последнава, придонесува за зголемено производство, поголем извоз, но и отворање на нови работни места и повисоки плати за работниците. СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи продолжува да ја помага домашната економија, да инвестира во човечкиот капитал и во отворањето на нови добро платени работни места.

The post СДСМ: Ја поддржуваме домашната економија, нови 280 договори за поддршка со компании appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-navremenite-antikrizni-merki-gi-sprechija-cenovnite-shokovi-i-go-zashtitija-standardot-na-gragjanite/ Wed, 29 Jun 2022 14:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=521168

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање истакна дека навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните.

Како одговорна Влада уште од почетокот на својот мандат носеше антикризни пакети  и мерки кои беа оценети како позитивни и успешни надвор од меѓународните институции и затоа стои во извештајот. Само да ве потсетам во време на ковид кризата беа донесени 6 пакета антикризни мерки од 1,2 милијарди евра, а сега за време на војната во Украина нови пакети антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, дополнително не дозволивме ценовен шок за граѓаните во однос на електричната енергија со оглед на тоа што електричната енергија за сите граѓани беше субвенционирана со 80 проценти од страна на државата, државата треба да им се најде на граѓаните тогаш кога им е најтешко, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски истакна дека се презедоа мерки и во однос на ограничувањето на цените и во однос на ригорозни и неселективни контроли во малопродажбата и големопродажбата.

Имаше уште една многу значајна работа, а тоа е зголемувањето на пензиите, порано пензионерите беа користени пред избори за еднократно зголемување на нивните пензии. Она што го ветив кога станав премиер е дека пензионерите нема да бидат ставени во позиција пред избори да им се зголемуваат пензиите туку ќе воведеме методологија која ќе даде вистинско зголемување тогаш кога податоците од Државниот завод за статистика за зголемување на просечната плата и за зголемување на инфлацијата и затоа оваа година која не е и нема да биде изборна година имаме историски најголеми зголемувања на пензиите. Тоа се работи кои време на најголема криза, со домаќинско работење овозможија прво да обезбедиме зголемена минимална плата, зголемена просечна плата, зголемени социјални додатоци и зголемени додатоци за електрична енергија и зголемени субвенции за инвестиции, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека и во услови на криза продолжуваат странските инвестиции а младинската невработеност која беше 48%, сега е сведена на 28% затоа што сите активности кои се направени и во однос на гаранции и во однос на вработување и обуки на младите се во таа насока и тоа сега го гледаме.

The post Ковачевски: Навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање истакна дека навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните.
Како одговорна Влада уште од почетокот на својот мандат носеше антикризни пакети  и мерки кои беа оценети како позитивни и успешни надвор од меѓународните институции и затоа стои во извештајот. Само да ве потсетам во време на ковид кризата беа донесени 6 пакета антикризни мерки од 1,2 милијарди евра, а сега за време на војната во Украина нови пакети антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, дополнително не дозволивме ценовен шок за граѓаните во однос на електричната енергија со оглед на тоа што електричната енергија за сите граѓани беше субвенционирана со 80 проценти од страна на државата, државата треба да им се најде на граѓаните тогаш кога им е најтешко, рече премиерот Ковачевски.
Премиерот Ковачевски истакна дека се презедоа мерки и во однос на ограничувањето на цените и во однос на ригорозни и неселективни контроли во малопродажбата и големопродажбата.
Имаше уште една многу значајна работа, а тоа е зголемувањето на пензиите, порано пензионерите беа користени пред избори за еднократно зголемување на нивните пензии. Она што го ветив кога станав премиер е дека пензионерите нема да бидат ставени во позиција пред избори да им се зголемуваат пензиите туку ќе воведеме методологија која ќе даде вистинско зголемување тогаш кога податоците од Државниот завод за статистика за зголемување на просечната плата и за зголемување на инфлацијата и затоа оваа година која не е и нема да биде изборна година имаме историски најголеми зголемувања на пензиите. Тоа се работи кои време на најголема криза, со домаќинско работење овозможија прво да обезбедиме зголемена минимална плата, зголемена просечна плата, зголемени социјални додатоци и зголемени додатоци за електрична енергија и зголемени субвенции за инвестиции, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека и во услови на криза продолжуваат странските инвестиции а младинската невработеност која беше 48%, сега е сведена на 28% затоа што сите активности кои се направени и во однос на гаранции и во однос на вработување и обуки на младите се во таа насока и тоа сега го гледаме.

The post Ковачевски: Навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните appeared first on Република.

]]>