антиковид вакцинација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antikovid-vakcinacija/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 18:32:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png антиковид вакцинација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antikovid-vakcinacija/ 32 32 САД набави нови надградени вакцини за Ковид-19 по зголемениот број на случаи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sad-nabavi-novi-nadgradeni-vaktsini-za-kovid-19-po-zgolemeniot-broj-na-sluchai/ Thu, 22 Aug 2024 18:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=809191

Модерна и Фајзер соопштија дека новите вакцини ќе бидат достапни по аптеките и клиниките во следниот период.

„Вакцинирањето продолжува да биде камен-темелник на превенцијата од СОВИД-19“, рече д-р Питер Маркс, директор на Центарот за евалуација и истражување на биолошки производи на ФДА.

„Овие ажурирани вакцини ги исполнуваат ригорозните, научни стандарди на агенцијата за безбедност, ефективност и квалитет на производството. Со оглед на слабеењето на имунитетот на населението од претходна изложеност на вирусот и од претходна вакцинација, силно ги охрабруваме оние кои ги исполнуваат условите да размислат за примање ажурирана вакцина за COVID-19 за да обезбедат подобра заштита од варијантите кои тековно циркулираат“, вели Маркс.

Тешката болест, која вклучува и стапки на хосптализација и смрт се зголемуваат, но тие засега се далеку од нивоата забележани претходните години.

The post САД набави нови надградени вакцини за Ковид-19 по зголемениот број на случаи appeared first on Република.

]]>

Модерна и Фајзер соопштија дека новите вакцини ќе бидат достапни по аптеките и клиниките во следниот период.
„Вакцинирањето продолжува да биде камен-темелник на превенцијата од СОВИД-19“, рече д-р Питер Маркс, директор на Центарот за евалуација и истражување на биолошки производи на ФДА.
„Овие ажурирани вакцини ги исполнуваат ригорозните, научни стандарди на агенцијата за безбедност, ефективност и квалитет на производството. Со оглед на слабеењето на имунитетот на населението од претходна изложеност на вирусот и од претходна вакцинација, силно ги охрабруваме оние кои ги исполнуваат условите да размислат за примање ажурирана вакцина за COVID-19 за да обезбедат подобра заштита од варијантите кои тековно циркулираат“, вели Маркс. Тешката болест, која вклучува и стапки на хосптализација и смрт се зголемуваат, но тие засега се далеку од нивоата забележани претходните години.

The post САД набави нови надградени вакцини за Ковид-19 по зголемениот број на случаи appeared first on Република.

]]>
Германец бил вакциниран против корона 217 пати https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/germanets-bil-vaktsiniran-protiv-korona-217-pati/ Tue, 05 Mar 2024 19:51:34 +0000 https://republika.mk/?p=751666

62-годишен маж од Германија, против лекарски совет, бил вакциниран 217 пати против Ковид, според лекарите. Сето тоа се одвиваше во период од 29 месеци. Бизарниот случај е документиран во списанието The Lancet Infectious Diseases, пишува „Би-би-си“.

Изгледа дека човекот не претрпел никакви лоши последици, велат истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг.

„За неговиот случај дознавме преку написи во весниците. Потоа го контактиравме и го поканивме да направи различни тестови во Ерланген. Тој беше многу заинтересиран за тоа“, рече д-р Килијан Шобер од одделот за микробиологија на универзитетот.

Човекот дал примероци од свежа крв и плунка. Истражувачите тестирале и некои од неговите замрзнати примероци на крв кои биле складирани во претходните години.

„Успеавме сами да земеме примероци од крв кога еден човек прими дополнителна вакцина за време на студијата на негово инсистирање“, рече д-р Шобер.

The post Германец бил вакциниран против корона 217 пати appeared first on Република.

]]>

62-годишен маж од Германија, против лекарски совет, бил вакциниран 217 пати против Ковид, според лекарите. Сето тоа се одвиваше во период од 29 месеци. Бизарниот случај е документиран во списанието The Lancet Infectious Diseases, пишува „Би-би-си“. Изгледа дека човекот не претрпел никакви лоши последици, велат истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг.
„За неговиот случај дознавме преку написи во весниците. Потоа го контактиравме и го поканивме да направи различни тестови во Ерланген. Тој беше многу заинтересиран за тоа“, рече д-р Килијан Шобер од одделот за микробиологија на универзитетот.
Човекот дал примероци од свежа крв и плунка. Истражувачите тестирале и некои од неговите замрзнати примероци на крв кои биле складирани во претходните години.
„Успеавме сами да земеме примероци од крв кога еден човек прими дополнителна вакцина за време на студијата на негово инсистирање“, рече д-р Шобер.

The post Германец бил вакциниран против корона 217 пати appeared first on Република.

]]>
Учениците ќе носат маски и в понеделник и во вторник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenicite-kje-nosat-maski-i-v-ponedelnik-i-vo-vtornik/ Sun, 27 Mar 2022 07:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=479148

На плоштадот во Куманово денеска продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против КОВИД, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.

Во меѓувреме, се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос на препораката за неносење маски за учениците.

Секоја препорака од Комисијата е добредојдена. Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни јас ја прифаќам таа препорака. Секој вторник има седница на Влада. Ако е донесена, ќе треба да се почитува. Ја немам моментално таа информација, изјави Шаќири.

Инаку, од ресорното Министерство остануваат на ставот дека вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата. Сепак, во Здравствениот дом во Липково се намалува интересот за вакцинација против КОВИД-19 и тоа за прва и втора доза, додека за трета доза, има интерес помеѓу повозрасните граѓани.

Најголем процент на дневно вакцинирани лица во Липково се токму граѓаните над 60 години.

Вакцинацијата тече непречено, но во последно време, намален е интересот. Најмногу интерес има кај постарите лица. Прва доза примаат само оние граѓани кои планираат патување, изјави вчера координаторот на вакциналниот пункт, Хамид Фетау.

Карванот на Министерството за здравство денеска е во Куманово, додека утре е во Липково, на паркинг во село Матејче.

Инаку, вчера беа регистрирани нови 232 случаја на КОВИД-19, од направени 2.787 тестови. Починале тројца, а оздравен е 221 пациент, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Според Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, вчера дополнително беа пријавени уште три лица кои починале меѓу 14 и 23 март. Од нив, двајца се од Скопје и еден од Прилеп, на возраст од 74 години до 91 години. Двајца починале во домашни, а едно лице во болнички услови.

Од новите случаи, во Скопје се 139, Битола 19, Кавадарци 14, Охрид 10, Прилеп 8, Кичево 5, Гостивар и Неготино по 4, Куманово, Тетово и Кочани по 3, Велес, Струмица, Штип, Струга, Радовиш, Делчево и Дебар по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Валандово, Виница и Дојран по 1.

Вчера беа регистрирани 221 оздравен пациент.

Во однос на состојбата со КОВИД-19 во Балканот, Грција се стреми, како што се приближува летниот период, така постепено да ги укинува рестриктивните мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од Министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во изминатите денови потенцираше дека намерата е чекор по чекор деескалација на мерките, а Владата има изготвено целокупен план што ѝ беше презентиран на надлежната комисија на епидемиолози, која излегува со препораки, по што и се носат политичките одлуки.

The post Учениците ќе носат маски и в понеделник и во вторник appeared first on Република.

]]>

На плоштадот во Куманово денеска продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против КОВИД, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ. Во меѓувреме, се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос на препораката за неносење маски за учениците.
Секоја препорака од Комисијата е добредојдена. Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни јас ја прифаќам таа препорака. Секој вторник има седница на Влада. Ако е донесена, ќе треба да се почитува. Ја немам моментално таа информација, изјави Шаќири.
Инаку, од ресорното Министерство остануваат на ставот дека вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата. Сепак, во Здравствениот дом во Липково се намалува интересот за вакцинација против КОВИД-19 и тоа за прва и втора доза, додека за трета доза, има интерес помеѓу повозрасните граѓани. Најголем процент на дневно вакцинирани лица во Липково се токму граѓаните над 60 години.
Вакцинацијата тече непречено, но во последно време, намален е интересот. Најмногу интерес има кај постарите лица. Прва доза примаат само оние граѓани кои планираат патување, изјави вчера координаторот на вакциналниот пункт, Хамид Фетау.
Карванот на Министерството за здравство денеска е во Куманово, додека утре е во Липково, на паркинг во село Матејче. Инаку, вчера беа регистрирани нови 232 случаја на КОВИД-19, од направени 2.787 тестови. Починале тројца, а оздравен е 221 пациент, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Според Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, вчера дополнително беа пријавени уште три лица кои починале меѓу 14 и 23 март. Од нив, двајца се од Скопје и еден од Прилеп, на возраст од 74 години до 91 години. Двајца починале во домашни, а едно лице во болнички услови. Од новите случаи, во Скопје се 139, Битола 19, Кавадарци 14, Охрид 10, Прилеп 8, Кичево 5, Гостивар и Неготино по 4, Куманово, Тетово и Кочани по 3, Велес, Струмица, Штип, Струга, Радовиш, Делчево и Дебар по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Валандово, Виница и Дојран по 1. Вчера беа регистрирани 221 оздравен пациент. Во однос на состојбата со КОВИД-19 во Балканот, Грција се стреми, како што се приближува летниот период, така постепено да ги укинува рестриктивните мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од Министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во изминатите денови потенцираше дека намерата е чекор по чекор деескалација на мерките, а Владата има изготвено целокупен план што ѝ беше презентиран на надлежната комисија на епидемиолози, која излегува со препораки, по што и се носат политичките одлуки.

The post Учениците ќе носат маски и в понеделник и во вторник appeared first on Република.

]]>
Tргнува карванот низ 14 општини и населени мести за вакцинација против ковид низ државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trgnuva-karvanot-niz-14-opshtini-i-naseleni-mesti-za-vakcinacija-protiv-kovid-niz-drzavata/ Mon, 21 Mar 2022 07:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=475882

Од денеска почнува карванот за антиковид-вакцинација кој до 3 април ќе помине во 14 општини и населени места: Шуто Оризари, Кратово, Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга.

Карванот го организира Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.

Четири часа во денот (од 11 до 15 часот или од 12 до 16 часот) на плоштади, пазари, домови на културата во овие локални заедници граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против КОВИД-19. Оние што се вакцинирани во странство, пак, на локациите ќе може да се евидентираат во системот „МојТермин“.

Покрај карванот за вакцинација, кој ќе биде активен во наредните две недели, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат во здравствените домови низ државава. Министерството за здравство соопшти дека располагаат со доволно количини вакцини и нагласува дека тие се безбедни и се најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 214 случаи на Ковид-19 од направени 2.133 тестови или 10 отсто, 93 оздравени пациенти, и вкупно осум починати, пет лица во последното деноноќие и три преку системот „Мој термин“ во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од вкупниот број на починати лица (8), кај 7 се регистрирани коморбидитети. Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 303 354, на оздравени пациенти е 292 048, а на починати е 9 180. Активни се 2.126 Ковид случаи.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни има во Скопје – 1155, Прилеп – 154, Битола – 144. Во другите градови има под 100 активни а во Македонски Брод и Дојран ниту еден активен случај.

The post Tргнува карванот низ 14 општини и населени мести за вакцинација против ковид низ државата appeared first on Република.

]]>

Од денеска почнува карванот за антиковид-вакцинација кој до 3 април ќе помине во 14 општини и населени места: Шуто Оризари, Кратово, Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга. Карванот го организира Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ. Четири часа во денот (од 11 до 15 часот или од 12 до 16 часот) на плоштади, пазари, домови на културата во овие локални заедници граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против КОВИД-19. Оние што се вакцинирани во странство, пак, на локациите ќе може да се евидентираат во системот „МојТермин“. Покрај карванот за вакцинација, кој ќе биде активен во наредните две недели, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат во здравствените домови низ државава. Министерството за здравство соопшти дека располагаат со доволно количини вакцини и нагласува дека тие се безбедни и се најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт. Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 214 случаи на Ковид-19 од направени 2.133 тестови или 10 отсто, 93 оздравени пациенти, и вкупно осум починати, пет лица во последното деноноќие и три преку системот „Мој термин“ во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од вкупниот број на починати лица (8), кај 7 се регистрирани коморбидитети. Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 303 354, на оздравени пациенти е 292 048, а на починати е 9 180. Активни се 2.126 Ковид случаи. Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни има во Скопје – 1155, Прилеп – 154, Битола – 144. Во другите градови има под 100 активни а во Македонски Брод и Дојран ниту еден активен случај.

The post Tргнува карванот низ 14 општини и населени мести за вакцинација против ковид низ државата appeared first on Република.

]]>