антиковид мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antikovid-merki/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Apr 2023 13:51:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png антиковид мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antikovid-merki/ 32 32 Во Германија веќе нема никакви антиковид-мерки, сите се укинати https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-germanija-veke-nema-nikakvi-antikovid-merki-site-se-ukinati/ Sat, 08 Apr 2023 13:51:06 +0000 https://republika.mk/?p=628730

Во Германија денеска, по повеќе од три години, завршуваат заштитните мерки против пандемијата на коронавирус, но политичарите предупредуваат дека коронавирусот сè уште претставува ризик по здравјето.

„Мерките се укинуваат, но тоа не значи дека коронавирусот исчезна. Внимателноста и набљудувањето на ситуацијата на терен сè уште остануваат инструменти на политиката на заштита од заразни болести“, рече Јанош Дахмен, портпарол на владејачката партија Зелени задолжен за здравствена политика.

Од денеска престануваат да важат последните мерки како што е обврската за носење FFP2 маска во здравствените установи и домовите за стари лица за посетителите. Овие институции можат сами да одлучуваат за правилата за носење маска. Од 8 април ќе престанат и ограничувањата за влез во Германија поради пандемијата на коронавирус. Мерките како обврската за носење маски во јавниот превоз беа укинати уште во февруари.

Правилата за вакцинација против коронавирусот се префрлаат од вонредна состојба на редовен здравствен систем. Во Германија секој ден сè уште се регистрираат неколку илјади нови случаи на инфекција со коронавирус. Во четвртокот, според Федералниот институт за заразни болести, Институтот Роберт Кох, во Германија се регистрирани 3.136 нови случаи на инфекција во споредба со претходниот ден.

И покрај тоа, министерот за здравство Карл Лаутербах минатата недела рече дека пандемијата во Германија е „успешно надмината“.

 

The post Во Германија веќе нема никакви антиковид-мерки, сите се укинати appeared first on Република.

]]>

Во Германија денеска, по повеќе од три години, завршуваат заштитните мерки против пандемијата на коронавирус, но политичарите предупредуваат дека коронавирусот сè уште претставува ризик по здравјето. „Мерките се укинуваат, но тоа не значи дека коронавирусот исчезна. Внимателноста и набљудувањето на ситуацијата на терен сè уште остануваат инструменти на политиката на заштита од заразни болести“, рече Јанош Дахмен, портпарол на владејачката партија Зелени задолжен за здравствена политика. Од денеска престануваат да важат последните мерки како што е обврската за носење FFP2 маска во здравствените установи и домовите за стари лица за посетителите. Овие институции можат сами да одлучуваат за правилата за носење маска. Од 8 април ќе престанат и ограничувањата за влез во Германија поради пандемијата на коронавирус. Мерките како обврската за носење маски во јавниот превоз беа укинати уште во февруари. Правилата за вакцинација против коронавирусот се префрлаат од вонредна состојба на редовен здравствен систем. Во Германија секој ден сè уште се регистрираат неколку илјади нови случаи на инфекција со коронавирус. Во четвртокот, според Федералниот институт за заразни болести, Институтот Роберт Кох, во Германија се регистрирани 3.136 нови случаи на инфекција во споредба со претходниот ден. И покрај тоа, министерот за здравство Карл Лаутербах минатата недела рече дека пандемијата во Германија е „успешно надмината“.  

The post Во Германија веќе нема никакви антиковид-мерки, сите се укинати appeared first on Република.

]]>
Германија ги заострува антиковид мерките https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-gi-zaostruva-antikovid-merkite/ Wed, 24 Aug 2022 13:45:14 +0000 https://republika.mk/?p=543658

Германскиот кабинет во текот на вчерашниот ден одобри поостри мерки за превенција пред новоочекуваниот бран на Ковид-19 есенва, јави ДПА.

Меѓу мерките се и задолжително носење маска тип ФФП2 во авиони и возови на подолги релации на национално ниво.

Медицински маски ќе може да носат и деца на возраст од шест до 14 години, како и персоналот.

Маските се задолжителни во клиники и домови за стари лица, а потребен е доказ за негативен тест на Ковид-19 пред да се влезе.

Сојузните држави ќе може да воведат дополнителни заштитни барања од 1 октомври до 7 април, зависно од нивото на инфекција.

Тука е вклучено задолжителното носење маски во локални автобуси и возови, како и во други јавно достапни затворени простории.

Исклучок за носењето маска е доколку лицето може да покаже негативен тест ако сака да присуствува на културни, рекреациски или спортски настани, но и за влез во ресторани. Исто така, барањето да се носи маска може да не важи, во случај лицето да докаже оти е целосно вакцинирано или закрепнато.

Овие планирани правила произлегуваат од концепт предложен од министрите за здравство и правда, Карл Лаутербах и Марко Бушмен, на почетокот од август.

Како што појасни Лаутербах, целта е да се избегне висока стапка на починати лица, изгубени работни денови и сериозни долгорочни последици.

Откако Кабинетот ги одобри мерките, тие сега се пред Бундестагот, каде може да поминат на 8 септември.

The post Германија ги заострува антиковид мерките appeared first on Република.

]]>

Германскиот кабинет во текот на вчерашниот ден одобри поостри мерки за превенција пред новоочекуваниот бран на Ковид-19 есенва, јави ДПА. Меѓу мерките се и задолжително носење маска тип ФФП2 во авиони и возови на подолги релации на национално ниво. Медицински маски ќе може да носат и деца на возраст од шест до 14 години, како и персоналот. Маските се задолжителни во клиники и домови за стари лица, а потребен е доказ за негативен тест на Ковид-19 пред да се влезе. Сојузните држави ќе може да воведат дополнителни заштитни барања од 1 октомври до 7 април, зависно од нивото на инфекција. Тука е вклучено задолжителното носење маски во локални автобуси и возови, како и во други јавно достапни затворени простории. Исклучок за носењето маска е доколку лицето може да покаже негативен тест ако сака да присуствува на културни, рекреациски или спортски настани, но и за влез во ресторани. Исто така, барањето да се носи маска може да не важи, во случај лицето да докаже оти е целосно вакцинирано или закрепнато. Овие планирани правила произлегуваат од концепт предложен од министрите за здравство и правда, Карл Лаутербах и Марко Бушмен, на почетокот од август. Како што појасни Лаутербах, целта е да се избегне висока стапка на починати лица, изгубени работни денови и сериозни долгорочни последици. Откако Кабинетот ги одобри мерките, тие сега се пред Бундестагот, каде може да поминат на 8 септември.

The post Германија ги заострува антиковид мерките appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заразни болести со препораки за маски во канцеларии и дезинфекција https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-so-preporaki-za-maski-vo-kancelarii-i-dezinfekcija/ Sat, 16 Jul 2022 10:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=529782

Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од заразни болести активно ја следи состојбата со Ковид-19 во земјата, но и активно ги следи состојбите и на европско и светско ниво.

Неспорно е дека во нашата држава се забележува зголемување на трансмисија на коронавирус, но и дека ова е општ тренд што не може да се очекува да не одбегне.

Затоа, иако во моментот состојбата е релативно мирна, со цел да остане таква Министерството за здравство препорачува внимание и преземање мерки за лична заштита. Ова особено се однесува, но не исклучиво, на постарите лица, лицата кои имаат една или повеќе хронични болести, и сите кои имаат намален имунитет поради која било причина.

Во овој период препорачливо е при престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории (наведни погоре) маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3.

Просториите во кои се престојува подолго(канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично), како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат.

Да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра.

Редовна хигиена и дезинфекција на раце, особено ако кивате и кашлате, а устата ја покривате со дланката наместо со внатрешноста од лактот, како што е препорачано.

Доколку почувствувате некои од стандардните симптоми (сува кашлица, температура, болки во грло, болки во мускулите и слично) веднаш побарајте помош од вашиот матичен лекар и задолжително носете маска.

Во Здравствените домови ширум државата веќе е зголемен бројот на термини за тестирање на пациенти, а само во ЗД Скопје тестирање се врши во пет пункта.

Исто така, се уште најефикасна заштита од развој на потешки форми на ковид и хоспитализација останува вакцинацијата против ковид. Така што, за целосно заштитени се сметаат тиeкои имаат примени две дози вакцини и дополнителна, т.е. бустер доза. Сите оние кои не се вакцинирале или не го завршиле целиот вакцинален циклус, се препорачува истото веднаш да го направат, а кај оние кои поминале четири месеци од бустер дозата им се препорачува и второ бустирање.

Потсетуваме дека на сила е се уште обврската за носење маски во јавен превоз, здравствени установи, аптеки и домови за стари лица.

На крајот, а во услови на регионална и светска експанзија на вирусот, колку поголема лична одговорност покажеме, толку поголеми се шансите овој бран и поединечно и колективно полесно да го поминеме, односно да не дојдеме во состојба да мора повторно да се активираат некои мерки, а што е веќе случај во некои држави.

The post Комисијата за заразни болести со препораки за маски во канцеларии и дезинфекција appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од заразни болести активно ја следи состојбата со Ковид-19 во земјата, но и активно ги следи состојбите и на европско и светско ниво. Неспорно е дека во нашата држава се забележува зголемување на трансмисија на коронавирус, но и дека ова е општ тренд што не може да се очекува да не одбегне. Затоа, иако во моментот состојбата е релативно мирна, со цел да остане таква Министерството за здравство препорачува внимание и преземање мерки за лична заштита. Ова особено се однесува, но не исклучиво, на постарите лица, лицата кои имаат една или повеќе хронични болести, и сите кои имаат намален имунитет поради која било причина. Во овој период препорачливо е при престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории (наведни погоре) маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3. Просториите во кои се престојува подолго(канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично), како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат. Да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра. Редовна хигиена и дезинфекција на раце, особено ако кивате и кашлате, а устата ја покривате со дланката наместо со внатрешноста од лактот, како што е препорачано. Доколку почувствувате некои од стандардните симптоми (сува кашлица, температура, болки во грло, болки во мускулите и слично) веднаш побарајте помош од вашиот матичен лекар и задолжително носете маска. Во Здравствените домови ширум државата веќе е зголемен бројот на термини за тестирање на пациенти, а само во ЗД Скопје тестирање се врши во пет пункта. Исто така, се уште најефикасна заштита од развој на потешки форми на ковид и хоспитализација останува вакцинацијата против ковид. Така што, за целосно заштитени се сметаат тиeкои имаат примени две дози вакцини и дополнителна, т.е. бустер доза. Сите оние кои не се вакцинирале или не го завршиле целиот вакцинален циклус, се препорачува истото веднаш да го направат, а кај оние кои поминале четири месеци од бустер дозата им се препорачува и второ бустирање. Потсетуваме дека на сила е се уште обврската за носење маски во јавен превоз, здравствени установи, аптеки и домови за стари лица. На крајот, а во услови на регионална и светска експанзија на вирусот, колку поголема лична одговорност покажеме, толку поголеми се шансите овој бран и поединечно и колективно полесно да го поминеме, односно да не дојдеме во состојба да мора повторно да се активираат некои мерки, а што е веќе случај во некои држави.

The post Комисијата за заразни болести со препораки за маски во канцеларии и дезинфекција appeared first on Република.

]]>
Учениците ќе носат маски и в понеделник и во вторник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenicite-kje-nosat-maski-i-v-ponedelnik-i-vo-vtornik/ Sun, 27 Mar 2022 07:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=479148

На плоштадот во Куманово денеска продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против КОВИД, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.

Во меѓувреме, се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос на препораката за неносење маски за учениците.

Секоја препорака од Комисијата е добредојдена. Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни јас ја прифаќам таа препорака. Секој вторник има седница на Влада. Ако е донесена, ќе треба да се почитува. Ја немам моментално таа информација, изјави Шаќири.

Инаку, од ресорното Министерство остануваат на ставот дека вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата. Сепак, во Здравствениот дом во Липково се намалува интересот за вакцинација против КОВИД-19 и тоа за прва и втора доза, додека за трета доза, има интерес помеѓу повозрасните граѓани.

Најголем процент на дневно вакцинирани лица во Липково се токму граѓаните над 60 години.

Вакцинацијата тече непречено, но во последно време, намален е интересот. Најмногу интерес има кај постарите лица. Прва доза примаат само оние граѓани кои планираат патување, изјави вчера координаторот на вакциналниот пункт, Хамид Фетау.

Карванот на Министерството за здравство денеска е во Куманово, додека утре е во Липково, на паркинг во село Матејче.

Инаку, вчера беа регистрирани нови 232 случаја на КОВИД-19, од направени 2.787 тестови. Починале тројца, а оздравен е 221 пациент, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Според Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, вчера дополнително беа пријавени уште три лица кои починале меѓу 14 и 23 март. Од нив, двајца се од Скопје и еден од Прилеп, на возраст од 74 години до 91 години. Двајца починале во домашни, а едно лице во болнички услови.

Од новите случаи, во Скопје се 139, Битола 19, Кавадарци 14, Охрид 10, Прилеп 8, Кичево 5, Гостивар и Неготино по 4, Куманово, Тетово и Кочани по 3, Велес, Струмица, Штип, Струга, Радовиш, Делчево и Дебар по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Валандово, Виница и Дојран по 1.

Вчера беа регистрирани 221 оздравен пациент.

Во однос на состојбата со КОВИД-19 во Балканот, Грција се стреми, како што се приближува летниот период, така постепено да ги укинува рестриктивните мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од Министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во изминатите денови потенцираше дека намерата е чекор по чекор деескалација на мерките, а Владата има изготвено целокупен план што ѝ беше презентиран на надлежната комисија на епидемиолози, која излегува со препораки, по што и се носат политичките одлуки.

The post Учениците ќе носат маски и в понеделник и во вторник appeared first on Република.

]]>

На плоштадот во Куманово денеска продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против КОВИД, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ. Во меѓувреме, се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос на препораката за неносење маски за учениците.
Секоја препорака од Комисијата е добредојдена. Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни јас ја прифаќам таа препорака. Секој вторник има седница на Влада. Ако е донесена, ќе треба да се почитува. Ја немам моментално таа информација, изјави Шаќири.
Инаку, од ресорното Министерство остануваат на ставот дека вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата. Сепак, во Здравствениот дом во Липково се намалува интересот за вакцинација против КОВИД-19 и тоа за прва и втора доза, додека за трета доза, има интерес помеѓу повозрасните граѓани. Најголем процент на дневно вакцинирани лица во Липково се токму граѓаните над 60 години.
Вакцинацијата тече непречено, но во последно време, намален е интересот. Најмногу интерес има кај постарите лица. Прва доза примаат само оние граѓани кои планираат патување, изјави вчера координаторот на вакциналниот пункт, Хамид Фетау.
Карванот на Министерството за здравство денеска е во Куманово, додека утре е во Липково, на паркинг во село Матејче. Инаку, вчера беа регистрирани нови 232 случаја на КОВИД-19, од направени 2.787 тестови. Починале тројца, а оздравен е 221 пациент, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Според Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, вчера дополнително беа пријавени уште три лица кои починале меѓу 14 и 23 март. Од нив, двајца се од Скопје и еден од Прилеп, на возраст од 74 години до 91 години. Двајца починале во домашни, а едно лице во болнички услови. Од новите случаи, во Скопје се 139, Битола 19, Кавадарци 14, Охрид 10, Прилеп 8, Кичево 5, Гостивар и Неготино по 4, Куманово, Тетово и Кочани по 3, Велес, Струмица, Штип, Струга, Радовиш, Делчево и Дебар по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Валандово, Виница и Дојран по 1. Вчера беа регистрирани 221 оздравен пациент. Во однос на состојбата со КОВИД-19 во Балканот, Грција се стреми, како што се приближува летниот период, така постепено да ги укинува рестриктивните мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од Министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во изминатите денови потенцираше дека намерата е чекор по чекор деескалација на мерките, а Владата има изготвено целокупен план што ѝ беше презентиран на надлежната комисија на епидемиолози, која излегува со препораки, по што и се носат политичките одлуки.

The post Учениците ќе носат маски и в понеделник и во вторник appeared first on Република.

]]>
Австрија го одложи воведувањето нови антиковид мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstrija-go-odlozi-voveduvanjeto-novi-antikovid-merki/ Wed, 23 Mar 2022 10:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=477047

Новата регулатива, која треба да стапи на сила за новите епидемиолошки мерки во Австрија, а која треба да се применува од полноќ, беше одложена за четврток.

Новата регулатива предвидува враќање на обврската за носење маски во сите затворени простори.

Конкретните детали од регулативата не можеа да се договорат, бидејќи има несогласувања околу тоа дали документите „3G“ можат да ги „заменат“ маските, односно онаму каде што властите го контролираат поседувањето сертификати за вакцинација, сертификати за Ковид-19 или негативен тест, тие го прават тоа и не мора да носат маски.

Тие мерки, како што посочуваат од Министерството за здравство, ќе дојдат, но допрва треба да се разгледаат некои детали.

Австрија беше принудена да ги врати мерките, откако на 5 март укина речиси сè.

Од укинувањето на мерките, бројот на новозаразени драстично скокна, достигнувајќи речиси 60.000 дневно минатата недела, а моментално е нешто под 40.000.

The post Австрија го одложи воведувањето нови антиковид мерки appeared first on Република.

]]>

Новата регулатива, која треба да стапи на сила за новите епидемиолошки мерки во Австрија, а која треба да се применува од полноќ, беше одложена за четврток. Новата регулатива предвидува враќање на обврската за носење маски во сите затворени простори. Конкретните детали од регулативата не можеа да се договорат, бидејќи има несогласувања околу тоа дали документите „3G“ можат да ги „заменат“ маските, односно онаму каде што властите го контролираат поседувањето сертификати за вакцинација, сертификати за Ковид-19 или негативен тест, тие го прават тоа и не мора да носат маски. Тие мерки, како што посочуваат од Министерството за здравство, ќе дојдат, но допрва треба да се разгледаат некои детали. Австрија беше принудена да ги врати мерките, откако на 5 март укина речиси сè. Од укинувањето на мерките, бројот на новозаразени драстично скокна, достигнувајќи речиси 60.000 дневно минатата недела, а моментално е нешто под 40.000.

The post Австрија го одложи воведувањето нови антиковид мерки appeared first on Република.

]]>
Белгија ги укина речиси сите антиковид мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/belgija-gi-ukina-rechisi-site-antikovid-merki/ Mon, 07 Mar 2022 10:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=468879

Две години по прогласувањето на вонредната состојба и влегувањето во карантин, Белгија од денеска ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки, вклучително и обврската за носење маски и ковид пропусници.

Во Белгија од денеска престанува да важи обврската за носење маски на јавни места, вклучувајќи продавници и училишта, со исклучок на здравствените установи и јавниот превоз.

Белгиските власти забележуваат дека иако обврската за носење маски е укината, тие се препорачуваат на места каде што не може да се одржува безбедно растојание.

Од денеска престанува да се користат пропусниците за ковид, како доказ за вакцинација или негативен тест, кои беа неопходни за влез во сите угостителски и спортски објекти, како и во културните институции.

Укинати се ограничувањата на работното време на угостителските објекти, а повторно се дозволени максималните капацитети на театрите, кината и концертните сали.

Белгија ги ублажува и ограничувањата за патување, па од 11 март ќе можете да влегувате во земјата без задолжителен патен лист во случај да сте целосно вакцинирани.

Образецот останува задолжителен за оние кои доаѓаат во Белгија од трета земја што не е на списокот на ЕУ на епидемиолошки безбедни земји, а забраната за влез останува на сила за несуштинските патувања на државјани на трети земји кои немаат потврда за вакцинација или закрепнување. и за патници од земји со висок ризик за кои е идентификувана нова варијанта на вирусот.

Укинувањето на епидемиолошките мерки во Белгија доаѓа по верижното подобрување на епидемиолошката состојба во земјата.

На почетокот на март, бројот на новозаразени лица на дневна основа падна под 6.000, а помалку од 2.000 лица се во болница поради последиците од инфекцијата со корона вирусот.

Просечниот број на луѓе кои умираат секој ден од вирусот се намали за 37 проценти на 20, со што вкупниот број на смртни случаи од пандемијата во Белгија достигна 30.000.

The post Белгија ги укина речиси сите антиковид мерки appeared first on Република.

]]>

Две години по прогласувањето на вонредната состојба и влегувањето во карантин, Белгија од денеска ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки, вклучително и обврската за носење маски и ковид пропусници. Во Белгија од денеска престанува да важи обврската за носење маски на јавни места, вклучувајќи продавници и училишта, со исклучок на здравствените установи и јавниот превоз. Белгиските власти забележуваат дека иако обврската за носење маски е укината, тие се препорачуваат на места каде што не може да се одржува безбедно растојание. Од денеска престанува да се користат пропусниците за ковид, како доказ за вакцинација или негативен тест, кои беа неопходни за влез во сите угостителски и спортски објекти, како и во културните институции. Укинати се ограничувањата на работното време на угостителските објекти, а повторно се дозволени максималните капацитети на театрите, кината и концертните сали. Белгија ги ублажува и ограничувањата за патување, па од 11 март ќе можете да влегувате во земјата без задолжителен патен лист во случај да сте целосно вакцинирани. Образецот останува задолжителен за оние кои доаѓаат во Белгија од трета земја што не е на списокот на ЕУ на епидемиолошки безбедни земји, а забраната за влез останува на сила за несуштинските патувања на државјани на трети земји кои немаат потврда за вакцинација или закрепнување. и за патници од земји со висок ризик за кои е идентификувана нова варијанта на вирусот. Укинувањето на епидемиолошките мерки во Белгија доаѓа по верижното подобрување на епидемиолошката состојба во земјата. На почетокот на март, бројот на новозаразени лица на дневна основа падна под 6.000, а помалку од 2.000 лица се во болница поради последиците од инфекцијата со корона вирусот. Просечниот број на луѓе кои умираат секој ден од вирусот се намали за 37 проценти на 20, со што вкупниот број на смртни случаи од пандемијата во Белгија достигна 30.000.

The post Белгија ги укина речиси сите антиковид мерки appeared first on Република.

]]>
Финска започна со укинување на сите антиковид мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/finska-zapochna-so-ukinuvanje-na-site-antikovid-merki/ Wed, 02 Feb 2022 14:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=453090

Финска ќе започне да ги укинува антиковид рестриктивните мерки воведени со цел да се потисне ширењето на соевите на омикрон, така што сите мерки треба да престанат да важат на почетокот на март, изјави денеска премиерот Сана Марин.

Силните рестриктивни мерки воведени по Божиќ принудија многу ресторани, како и културни и спортски објекти да бидат привремено затворени или намалено работно време, а настаните да бидат откажани, објави Ројтерс.

Владата сега планира да дозволи рестораните да бидат отворени до полноќ и да ја укине забраната за јавни собири од 14 март, рече Марин, додавајќи дека целта е да се отстранат сите рестриктивни мерки на почетокот на следниот месец.

Таа рече и дека е намален бројот на нови хоспитализации, а на места има дури и пад. Марин рече дека мерките мора да останат во сила уште две недели, со цел владата да следи како се одвива епидемијата во соседните земји, Норвешка и Данска.

 

The post Финска започна со укинување на сите антиковид мерки appeared first on Република.

]]>

Финска ќе започне да ги укинува антиковид рестриктивните мерки воведени со цел да се потисне ширењето на соевите на омикрон, така што сите мерки треба да престанат да важат на почетокот на март, изјави денеска премиерот Сана Марин. Силните рестриктивни мерки воведени по Божиќ принудија многу ресторани, како и културни и спортски објекти да бидат привремено затворени или намалено работно време, а настаните да бидат откажани, објави Ројтерс. Владата сега планира да дозволи рестораните да бидат отворени до полноќ и да ја укине забраната за јавни собири од 14 март, рече Марин, додавајќи дека целта е да се отстранат сите рестриктивни мерки на почетокот на следниот месец. Таа рече и дека е намален бројот на нови хоспитализации, а на места има дури и пад. Марин рече дека мерките мора да останат во сила уште две недели, со цел владата да следи како се одвива епидемијата во соседните земји, Норвешка и Данска.  

The post Финска започна со укинување на сите антиковид мерки appeared first on Република.

]]>